Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

premiera-fb

(🔴Видео - премиера) Да не се заборави Кочани: сведоштва за болката, трагедијата, солидарноста и надежта за правда

Ова не е само потсетник на еден црн ден — ова е повик за солидарност, за помош и за одговорност. Да не дозволиме трагедијата да избледи во тишина. Кочани не смее да биде заборавен. „Претрес“ се сретна со семејството на загинатиот Андреј Стојанов, во нивниот дом. Нема утеха за неговите мајка и татко. Очекуваат одговорност, за ова да не се повтори. Не знаат како ќе продолжат понатаму.https://youtube.com/live/bK4eLaervFU?feature=shareАна Вучева, посетителка на „Пулс“ и дел од „Support Kocani“, раскажа за критичните моменти кобната ноќ. Обидите за спасување, реакциите, сѐ што следувало по пожарот. Заклучи дека „Кочани е херој во целина“, мислејќи на семејствата на загинатите, повредените, граѓаните.Љубомир Игнатов, кој има само 18 години и е посетител на „Пулс“ и е дел од „Support Kocani“, по 40 дена се врати на работа. Свежи му се сеќавањата. Раскажа како за момент се откажал од животот кога избувнал пожарот, па вели: „Среќен бев само што нема да горам“, по што го спасиле и извлекле надвор. Бил заглавен во стампедото.Мартин Розин-Сопков кој исто бил во „Пулс“, а е дел од „Support Kocani“, посочува дека навреме излегол, но без зборови останал кога полицијата одбила да однесе повредено лице во болница. Посочува дека до ранитеу утрински часови се обидувал да помогне со сите сили.Кобната вечер во „Пулс“ бил и Дарио Трифунов, исто така волонтер во „Support Kocani“. Откако излегол од дискотеката, со другар, тргнал да носат повредено лице во болница. Тоа што таму го затекнал на почетокот биле 2-3 пациенти. Но потоа почнал хоророт. Сведочи дека недостасувале медицински средства, а немало ниту ножички кои ги барале за да му исечат маица на повреден.Мајките на загинатите деца, на протестот, просведочија како корумпирани поединци во институциите, се уште се на работните места, наместо да се под дисциплински постапки. Велат дека корупцијата им ги убила децата.

Македонија | пред 9 месеци

zelenski-51234

„Путин, те чекам во Турција, лично!“, му одговори Зеленски на Трамп и донесе историска одлука

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, зборуваше за мировните преговори со Русија и му се обрати на лидерот на таа земја, Владимир Путин, со порака дека ќе го чека во Турција во четврток бидејќи, како што додаде, „веќе нема смисла да се продолжува со убиства“.„Чекаме целосно и трајно примирје, почнувајќи од утре, со цел да се обезбеди потребната основа за дипломатија. Нема смисла да се продолжуваат убиствата. И ќе го чекам Путин во Турција во четврток. Лично. Се надевам дека Русите овој пат нема да бараат изговори“, напиша Володимир Зеленски на мрежата „Х“.Да потсетиме дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави примирје и го повика Зеленски да го прифати предлогот на Путин.„Рускиот претседател Путин не сака да склучи договор за прекин на огнот со Украина, но сака да се сретне во Турција во четврток за да преговара за евентуален крај на крвопролевањето. Украина треба да се согласи со ова сега. Барем тој ќе може да утврди дали е можен договор, а ако не, европските лидери и САД ќе знаат каде стојат и ќе можат да дејствуваат соодветно! Почнувам да се сомневам дека Украина ќе постигне договор со Путин, кој е премногу зафатен со прославување на Денот на победата во Втората светска војна - војна која немаше да биде добиена (дури ни приближно!) без Соединетите Американски Држави. ОДРЖЕТЕ ГО ТОЈ СОСТАНОК, СЕГА!!!“, напиша Трамп.Патем, Путин предложи одржување директни разговори со Украина, со цел постигнување траен мир и завршување на војната. Иницијативата беше поздравена од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Киев е подготвен за разговори, но дека Москва прво мора да се согласи на итен прекин на огнот.Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, им рече на новинарите по забелешките на Путин дека предложените разговори на Путин ќе го земат предвид и нацрт-договорот отфрлен во 2022 година и моменталната ситуација на терен.Неколку дена по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Русија и Украина започнаа преговори во Белорусија. Овие преговори подоцна продолжија во Истанбул. Нацртот договорен таму, кој ја постави рамката за можно решение на конфликтот, е познат како „Истанбулски договор“.

Свет | пред 9 месеци

496510455_10161671992933720_8032107300759074868_n

Саботирана струјата во штипската модуларна болница, постоело опасност да избие пожар, вели директорот Захариев

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев, објави дека во модуларниот објект, намерно се оштетува струјата во неколку наврати. Тој посочува дека случајот е загрижувачки и станува збор за сериозна закана.„Загрижувачки случаи на вандализам во модуларната болница во Штип! Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикаат краток спој и пожар. Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар. Дополнително, овие вандалски акти ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција и унапредување на модуларната болница, која треба да обезбеди подобри услови за згрижување на пациенти и работа на медицинскиот кадар. Станува збор за сериозна закана која бара итна и решителна реакција“, вели Захариев.Тој посочува дека има камери и обезбедување. Засега не е познато дали случајот е пријавен во МВР.„Не е муабетот каде е обезбедувањето, туку до каде оди човечката психа. Да споиш фаза и нула за да предизвикаш пожар не можам да си го објаснам“, додава Захариев коментирајќи на социјалните мрежи.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-10-at-10.16.45

Ги обвинија родителите дека протестот е политички, мајка одговори: Засрамете се, останавме без деца, ни ставате нови нервози!

Стојка Иванова-Антова, која во јавност е позната како единствена жена пожарникар во Кочани, а е мајка на загинатата Ивона Антова во „Пулс“ одговори на коментар на социјалните мрежи дека протестот на мајките е политички. Откако извесна Лидија напишала „Жално за децата, очигледно одбивањето да се сретнат со премиерот, протестот е во политички правец“, Антова напиша:„Да не си во наша кожа, па терај ја нашата политика, срамота, и вие сте жени, мајки, немате ли малку срце и друга работа, освен да коментирате. Нашите деца кои ги убија кои се закопани, сѐ од Македонија и од сите политики, и не ги прашаа од која партија се па да ги убијат. Засрамете се и вие нѐ замарате и ни ставате дополнителни стресови и нервози. Останавме без деца еј, без деца сме, сега нашите деца ќе бидат, утре вашите“, напиша Антова како одговор на коментарот.Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, пак ги праша: „Дали овде пишува политика или смрт“, објавувајќи фотографија од гробот на своето дете.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-ahmeti

Мицкоски со остра порака до Ахмети: Ако се идентификува со криминалците, тогаш треба да чека да му тропнат на врата и нему

Премиерот Христијан Мицкоски, упати порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој му рече дека гонење на криминалци не е задирање во правата на Албанците. Потоа му кажа дека ако се идентификува со овие лица, тогаш, треба да чека и нему да му тропнат на врата.„Ако мисли дека со тоа што дел од раководството на ДУИ, кое што во минатото е осомничено дека сторило кривични дела е задирање во правата на Албанците, не, тоа е борба со криминалците. Се надевам дека не се идентификува со нив. Ако се идентификува со нив,тогаш и тој треба да чека, еден ден, тие кои се борат против овие криминалци, да му тропнат на врата и нему. Јас би го советувал да не се идентификува со луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал. Истите обвинители и судии кои беа бирани од мнозинството на СДСМ и ДУИ, покренуваат обвиненија против лица од ДУИ. Знам дека има многумина кои се заштитени од истите овие обвинители, тоа ми е јасно“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski

(Видео) Мицкоски ќе оди во Кочани да разговара со семејствата на загинатите, откако тие ја одбија поканата за средба во Влада

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен да оди во Кочани да се сретне со родителите кои ги загубија своите чеда во трагедијата. Тој рече дека ја почитува нивната одлука да ја одбијат поканата средбата да биде во Владата. Посочи дека тој досега не добил покана за средба со нив, па додаде дека неколку пати бил таму.„Жалам што е таква одлуката, немам проблем да заминам во Кочани. Ќе сторам сѐ за да им помогнам колку што можам. Лага е дека сум имал покана. Но еве ако ова е покана, ќе појдам, ќе разговарам, ќе се организираме. Стојам на располагање, јас во Кочани неколку пати бев. И дента кога се случи тој хорор, бев кога посетвував некои од семејствата. Овој случај не треба да добие статус на естрада, а некои политички глодари и некрофили се обидоа тоа да го прават. Ја прифаќам поканата, немам проблем да појдам и да помогнам во било што што можам да помогнам, за да пробам таа болка, колку толку да ја намалам“, вели Мицкоски.Претходно, семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје.

Македонија | пред 9 месеци

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Ужас во кичевско: со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката е во неконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“.„Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите, а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба. Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од МВР.Од Обвинителството велат дека лицето е задржано.„Во врска со настанот во кичевско каде маж со секира ги нападна родителите, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево изврши увид на лице место во семејната куќа во селото Србјани, прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Лицето е задржано и текот на денот ќе следи постапка“, велат оттаму.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-11-at-13.49.04

(Видео) Мицкоски го испрати Таравари во опозиција: Најмалку што очекував е да се врати во прегратките на Ахмети

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека идната недела ќе го викне на средба министерот за здравство, Арбен Таравари, како завршна средба пред тој да замине од Владата. Мицкоски рече дека најмалку што очекувал е Таравари да се врати кај ДУИ.„Јас забележав, ги слушнав тие изјави. Мислам дека Таравари неколкумина околу него се одлучени да се вратат кај ДУИ и Али Ахмети. Се надевам дека ќе имаме следната недела завршна средба за да сумираме што имаме направено. И да му посакам добро здравје. Најмалку што очекував е да се врати во прегратките на Ахмети и малкумина околу него. Повеќе од сигурно е дека тој се враќа во прегратката на тие што ја опустошија Македонија изминатите две децении, повеќе од 20 години. Нивен избор е“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-11-at-13.22.33

(Видео) Кривична за лицето кое влечеше куче во Крива Паланка

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ.„На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка“, велат од МВР.Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_7454

Пет лица натепале 19-годишно момче во Чаир на бензиска

„Денеска (11.05.2025) во 01.50 часот во СВР Скопје, Н.А.(20) од с.Црешово, скопско, пријавил дека на бензинска пумпа на подрачјето на Чаир, бил физички нападнат од А.С.(19) од Скопје, 17-годишник и уште четири други лица“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-7410PM

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет

„На 10.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје малолетничка од виничко, која била згрижена во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, пријавила дека околу 21 часот во тоалетот на болницата била допирана по телото од страна на доктор во клиниката“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 9 месеци

DSC_0410

Пешак прегазен во Кочани

На 10.05.2025 во 13.30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани товарно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Кочани, удрилo во пешакот Ѓ.С.(66) од Кочани.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.С., констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Истрага за сообраќајката во Чаир: со автомобил преминал на лентата за возилата од спротивна насока, мотоцикл удрил во него

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.На 9 мај, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, осомничениот по улицата “Џон Кенеди” управувал автомобил “Рено модус”, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност луѓето.Непочитувајќи ги надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана удвоена бела полна линија, со возилото свртел во лево, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот или по имотот. Притоа, не водел сметка за положбата, правецот и за брзината на движењето на возилото, со што преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и во него удрил мотоцикл „БМВ“ кој се движел по левата сообраќајна лента.Од ударот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран.Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живелиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница, како и одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање.Categories

Скопје | пред 9 месеци

IMG_0107

„Не чекајте твоето дете да биде следно” - нов протест на родителите на загинатите од Кочани

Со молк и високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во ужасниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани побараа правда за трагичниот случај кој ја потресе македонската и светската јавност и во кој загинаа 62 млади лица, а околу 200 беа повредени.„Бараме правда“, „Не чекајте твоето дете да биде следно“, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“, „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“, „Каде да фатиме врски да ги вратиме другарите“, се пораките кои семејствата на загинатите млади во пожарот на 16 март во „Пулс“ во Кочани ги подигнаа пред полициската станица, општината и пред судот во Кочани, јасно порачувајќи дека се свесни за корупцијата и корупираните одговорни лица кои замижувале за сите недоследности и криминални дејства кои се случувале во дискотеката што доведоа до најголемата трагедија со 62 загубени млади животи.Утринава, родителите преку соопштение до медиумите кажаа дека ја одбиле поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Причината за одбивањето е доцнењето на поканата бидејќи тие уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани. Родителите велат дека дел од нив не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата. Во соопштението додаваат дека нивниот став не е израз на целосен консензус, туку одраз на мислењето на мнозинството меѓу нив.„Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 9 месеци

tizer.00_00_21_13.Still001

(Видео-најава) Не ја вртете главата: Семејствата, другарите, медицинарите - Кочани град херој

„Претрес“ во недела во 21 часот за болката и барањето правда и помош за повредените. Кочани, градот херој апелира: не не заборавајте, не ја вртете главата од нас.

Македонија | пред 9 месеци

PAKISTAN-POLICIJA-690-x-355-1

Индија и Пакистан прогласија целосно примирје

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе престанат со сите воени дејствија на копно, воздух и море“ од 17:00 часот по локално време.Претседателот на САД Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал рече дека прекинот на огнот е резултат на „долга ноќ на разговори со посредство на САД“, а државниот секретар Марко Рубио ги пофали Индија и Пакистан за нивната „мудрост“ и „разумност“.Претходно оваа недела, Индија погоди цели во Пакистан и Кашмир под Пакистан, како одговор на смртоносниот милитантен напад врз индиски туристи во Пахалгам минатиот месец – Исламабад негира вмешаност. Рубио рече дека Индија и Пакистан „се договориле за итен прекин на огнот и да започнат разговори за широк сет на прашања на неутрално место“.Двете земји се обвинуваат меѓусебно за прекугранично гранатирање и напади со ракети и беспилотни летала, откако изминатава недела Индија. Претходно оваа недела, Индија погоди цели во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир, како одговор на смртоносниот милитантен напад врз индиски туристи со 26 жртви во Пахалгам, индиски Кашмир минатиот месец за кој Исламабад негира вмешаност. И Индија и Пакистан и тврдат дека Кашмир е нивна територија во целост.

Свет | пред 9 месеци

IMG_4872

Пет странци го планирале убиството во Штип, пиштолот е купен во Скопје: убиецот има 21 година

Пет лица се осомничени за убиството кое се случи во центарот на Штип. Убиецот немал дозвола за престој во државата, а исто така и еден од помагачите. Но затоа, регуларен прстој имале тројцата други со кои се планирал крвавиот чин.Убиецот, има 21 година. Обвинителството се сомнева дека пиштолот го купил во Скопје, од непознато лице за 1.110 евра. Од оружјето е избршиан серискиот број и податокот кој требало да го покаже моделот. Потоа со тој пиштол, со умисла и од безобѕирна одмазда лишил од живот едно лице, исто така турски државјанин со престој во Штип.„Преку мобилни апликации се договориле со жртвата да се сретнат за наводно да ги надминат долготрајните недоразбирања меѓу нив. Но, по 15-минутен разговор во угостителскиот објект, осомничениот влегол во тоалетот и веднаш излегол, па на вратата која го дели отворениот од затворениот дел од кафулето го извадил пиштолот и испукал неколку куршуми во правец на оштетениот, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои подоцна починал“, велат од Обвинителството.Осомничените за планирање на убиството, меѓу кои има една жена, се навозраст од 22 до 28 години. За ова кривично дело, убиецот може да добие и доживотна казна затвор. Девојката, била задолжена да го вози автомобилот „БМВ“ со кое подоцна бегале.„На точно неутврдена локација во Штип го качиле во автомобил БМВ и сите заедно се упатиле кон Скопје. Кај наплатната станица Миладиновци на автопатот Штип-Скопје биле пресретнати и запрени од полициска патрола и се дале во бегство, но биле уапсени“, додава Обвинителството.Побаран е притвор за сите пет лица.

Македонија | пред 9 месеци

pukanje-cair

Уапсен возач од скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

На 10.05.2025 во 00.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(57) од с.Визбегово, скопско. На 09.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Скопје | пред 9 месеци

bitkoin

Историски раст на Биткоинот, пробиена границата од 103.000 долари

Биткоинот и етериумот бележат раст, трговскиот обем се зголемува, а индексот на доверба кај инвеститорите се движи нагоре.Според податоците од крипто-берзата Binance, првпат во историјата биткоинот ја надмина вредноста од 103.000 американски долари. Главната причина за овој историски скок е одлуката на САД да воспостават стратешки резерви на биткоин, што значи дека американската влада сега официјално чува дел од своите финансиски средства во биткоини, слично како што чува злато или девизи.Во последните седум дена, вредноста на биткоинот порасна за повеќе од 6 проценти, што аналитичарите го поврзуваат со напредокот во трговските преговори на САД со други економски сили.Во исто време расте и етериумот и другите крипто валути.

Свет | пред 9 месеци

semejstva-kocan

Нов марш за загинатите во „Пулс“: Ова е наш начин да ја одбележиме болката

Семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани.„Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата“, наведуваат во писмото.Од семејствата појаснуваат дека нивниот став не е израз на целосен консензус, туку одраз на мислењето на мнозинството меѓу нив. Повикуваат јавноста на солидарност и најавуваат мирен собир – „Марш на ангелите“, што ќе се одржи на 10 мај (сабота), со почеток во 16:05 часот во Кочани.„Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори“, се вели во соопштението.Пожарот во дискотеката „Пулс“ ја потресе јавноста и отвори сериозни прашања за безбедносните стандарди, инспекциските контроли и институционалната одговорност. Истрагата сѐ уште е во тек, а јавноста со внимание го следи исходот.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vredi-koalicija

ВЛЕН:Ќе ги исчистиме политичките отпадоци и фосилите на ДУИ

ВЛЕН се огласи со свој став за ,,Викендот за чистење”. Велат тоа не е само симболична акција таа е одраз на европските вредности во пракса.Во оваа корисна учествуваа и високи државни функционери, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, како и други претставници на ВЛЕН.„Но оваа акција не е крајот таа е само почетокот. Затоа што оваа година нема да се фокусираме само на чистење на јавниот простор, туку и на чистење на политичката сцена.Влегуваме во година на големо чистење, кога граѓаните конечно ќе имаат можност да ги отстранат политичките отпадоци што со години го попречуваат развојот. Фосилите на ДУИ, кои останаа вкоренети во локалната власт без никаква визија, ќе бидат испратени таму каде што им е местото, во историјата, покрај нивните сопартијци во опозиција, за конечно да се реформираат или рециклираат.ВЛЕН ќе биде гласот на промената во секоја општина со мнозинско албанско население. Ние нудиме конкретни и одржливи алтернативи за добрo управување – како на централно, така и на локално ниво. Не се бориме само за власт, туку за суштинско, вистинско и долгорочно прочистување”, стои во соопштението од ВЛЕН.

Македонија | пред 9 месеци

pari-evra-policija

Ѝ барале пари за да не ѝ го тепаат болниот брат: малолетничка од Скопје изнела 25.000 евра од домот, за да плати на соученици

Малолетничка од Скопје, од домот изнела 25.0000 евра, за да плати на соученици кои се заканувале дека ќе го натепаат нејзиниот помал брат со здравствени проблеми. Ваква пријава добила полицијата, а по која постапува.„Во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари. Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра“, соопшти МВР.Таткото на девојчето, настанот го пријавил на 09 мај, 30 минути пред полноќ.

Скопје | пред 9 месеци

frosina-4512513245

Поистоветувате затвор со гроб, извинете што не се распаднавме, фалеше само и упатство „Како да убиете и да бидете неказнети“, вели Кулакова за Дуковски

Росица Кулакова, сестра на Фросина Кулакова, ја искоментира вчерашната изјава на адвокатот Сашко Дуковски, кој рече дека некој им ги пишува говорите за во судница. Таа праша, дали треба болката да ја сервираат на тацна, па потоа се извини, за како што вели, „што не се распаднавме“.„Вчера адвокатот на обвинетиот, наместо достоинствено да го прокоментира судењето, реши да ни држи лекции по ораторство. Не било автентично што читаме говори - некој ни ги пишувал. Не може таков бездушен човек (во отсуство на посоодветен збор кажувам човек) да сфати дека со последни сили го читаме дури и тоа што претходно сме го напишале. Треба ли да паѓаме во несвест и болката да ја сервираме на тацна, без запирки туку со солзи, за да сме поверодостојни. Извинете што се обидуваме да не се распаднеме. Истиот тој бездушен човек во судницата ја поистоветува болката на нашето семејство со болката на семејството на убиецот на сестра ми. Поистоветува затворска ќелија со гроб. Па еве, ајде да разјасниме: во затвор луѓето се живи, и тие несовесни родители сеуште можат да си го прегрнат детето, што патем, по своја заслуга се нашло таму. Кого да го прегрнат моите родители освен ладната слика на сестра ми? Кој нормален овие две нешта би ги ставил на вага?!“, напиша Кулакова.Таа додаде: „И како шлаг на оваа негова срамна реторика следеше барање до судот да се води по пресудите од минатото. Оние срамните, понижувачките. Оние што ние, народот, најстрого ги осудуваме! Демек правдата е некаков шаблон за копирање, а не жив систем што мора конечно да профункционира. Ама, очигледно е дека во недостиг на вистински аргумент за одбрана се повикува на туѓи неправди. Фалеше само уште да добиеме и едно упатство 'Како да убиете, а да останете неказнети'“, објави Кулакова.Претходно:

Македонија | пред 9 месеци

indija-raketa

Индија: Пакистан ги нападна нашите воени бази со суперсонични ракети со долг дострел

Вечерва имаше нова ескалација меѓу Пакистан и Индија. Пакистан ја обвини Индија за напад врз нејзините воени бази и објави дека започнал голема одмаздничка операција против Индија.Индиските власти го обвинија Пакистан за употреба на суперсонични ракети за напад врз нивните воени бази, додека во исто време има извештаи за смртни случаи од индискиот дел на Кашмир, вклучувајќи и еден висок функционер.Портпаролката на индиската армија, полковник Софија Куреши, изјави на брифинг утрово дека Пакистан ги таргетирал индиските воздушни бази со овие ракети. Обвинувањето доаѓа неколку часа откако Исламабад објави дека Индија нападнала три пакистански воени бази со ракети, вклучувајќи една во близина на главниот град.Говореше и мајорот на индиските воздухопловни сили, Вјомика Сингх, велејќи дека Пакистан извршил „агресивни акции користејќи повеќекратни закани истовремено“ на западната граница на Индија.Според неа, Пакистан користел низа различни оружја, вклучувајќи беспилотни летала и оружје со долг дострел, за да ги таргетира цивилните области и воената инфраструктура.„Пакистанската армија, исто така, ги таргетирала воздушните институции со беспилотни летала и ракети со долг дострел по линијата на контрола“, додаде Сингх.Индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри изјави дека Пакистан редовно провоцира.„Веќе многу пати реков дека акциите на Пакистан претставуваат провокации и ескалации. Индија одговара на нив одговорно и умерено. И утрово бевме сведоци на продолжување на тој провокативен и ескалирачки модел“, рече Мисри.И мајорката Вјомика Сингх и индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри тврдат дека пакистанските напади не предизвикале никаква штета на индиската воена инфраструктура.„Пакистан се обиде да води континуирана злонамерна кампања за дезинформации, тврдејќи дека го уништиле индискиот систем С-400 во Адампур, уништиле воздухопловни бази во Сурат и Сирса, ракетно складиште БрахМос во Нагрота, артилериски позиции во Дерангијари и складиште за муниција во Чандигарх, и сериозно оштетиле други воени објекти. Сите овие тврдења се лажни и Индија недвосмислено ги отфрла“, рече Сингх.

Свет | пред 9 месеци

vasil-jovanov-1

(Видео) Некој им ги подготвува говорите на мајката и таткото, ова не е ни прва ни последна сообраќајка, вели Дуковски за предметот за усмртената Фросина

Адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Васил Јованов обвинет за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова, рече дека родителите на загинатата, во судница читале говори, кои „некој им ги подготвува“. Потоа, рече дека судот треба да го цени тоа што Јованов, признал вина и изразил каење, при одмерување на санкцијата.„Се надевам дека конечно видовте, дека сето она што беше орктетирано објавувано, дека Васил е убиец, наркоман, дека избегал, сето тоа е ноторна лага. Цело време, оштетените читаа од своите мобилни телефони, некој им ги подготвува тие говори, а така настапуваат од прв ден. Се работи за човек кој има 20 години, категорично ја призна својата вина. Ова не е ни прва ни последна сообраќајка во Македонија. Тоа покажува дека е личност со интегритет, имаше доблест да признае и да се сноси со сите последици по признанието. Да оставиме институциите да донесат одлука врз основа на законот, а не око за око-заб за заб. Смртна последица само по себе е страшна работа, но треба да се индивидуализира и цени секој потег. Особено мора да се цени фактот што Васил придонесе за ефикасно спроведување на постапката, соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење“, рече Дуковски.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања