Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

„Паднаа“ ексдиректорка од Куманово, вработени во Министерството за образование и фирми - МВР поднесе пријави

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т. - поранешна директорка ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманиво поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради постоење основи насомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в став 2 во врска со став 1 и став 4 и „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 став 1 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „злоупотреба на службена положба“ по член 353 став 4 и став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице поради постоење основи на сомнение за стрено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 став 2 и став 3 од Кривичниот законик.„Првопријавената В.Т., во текот на учебната 2022/2023 и во текот на учебната 2023/2024 година, додека траела реконструкцијата на училиштето и не се изведувала настава со физичко присуство на ученици, во два наврати спровела отворени постапки за доделување на договор за јавна набавка на услуга - превоз на ученици, во кои постапки било изберено пријавеното превозно претпријатие од Куманово, застапувано од пријавениот Д.П. од Кумнаово, како единствен понудувач и носител на набавката. Д.П., потоа заедно со пријавената В.Т. изготвиле лажни записници за квалитетно и навремено извршена услуга, кои ги потпишале двајцата, па врз основа на лажните записници Д.П. изготвил лажни фактури во кои биле внесени невистинити податоци и како такви биле доставени до Министерството за образование и наука.Доставените фактури биле одобрени и исплатени од четвртопријавената В.Д., петтoпријавената Д.Б, шестопријавената В.В., седмопријавената Ј.В., осмопријавената Д.Т. и деветтопријавената Н.К.. и покрај тоа што знаеле дека училиштето се реконструира и наставата се одвива без физичко присуство на ученици и наставници. Додека пак пријавената С.Б. - управител на правното лице за книговодствени услуги од Куманово, иако знаела дека изготвените фактури се со невистинита содржина и не се поткрепени со никаква друга задолжителна пропратна документација предвидена со закон, сепак ги книжела во финансиските книги на правното лице за превоз на патници.На тој начин, сите пријавени им овозможиле на пријавениот Д.П. и правно лице за превоз на патници од Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 32.620.123 денари на штета на буџетот на РСМ“, велат од МВР.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-09-at-13.38.08

(Видео) Човекот што висеше на бандера во Скопје: Толку брзо ли го заборавивте Кочани? Дојдоа деца без прсти, дај да им помогнеме!

Прво висеше на бандера за да го привлече вниманието, за потоа да ги праша „големците“ – „толку ли брзо го заборавивте Кочани?“. Ваква герила акција се случи на плоштадот „Македонија“ од „Support Kocani“, за да повикаат на свесност кај институциите.„Се обраќам до големите луѓе на оваа држава. Уште што треба да ни се случи на нас во Кочани за да се освестат дека тој град постои? Толку ли брзо не заборавија. Пред некој ден си дојдоа деца кои немаат прсти на рацете. Тие деца ќе немаат цел живот раце. Па ако ништо друго, дај на нив да им помогнеме. Толку ли брзо не заборавивте нас од Кочани. Зошто тој град во овие 30 години никогаш не бил битен? Дај да биде ова пример, да направиме нешто за овој град“, рече кочанчанецот Мартин Кировски кој претходно висеше на бандера, во центарот на Скопје.Тој кажа дека пет другари му загинале во пожарот во „Пулс“.„Ако ништо не се преземе, работата ќе оди на полошо. Мора нешто да се преземе, за тој народ да може да живее. Мене ми загинаа пет другари. Ме прашуваа: нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан? Јас секако сум духовно врзан. Немам ни јас што да правам, кај да живеам? Морам да живеам во тој град, морам да направам нешто за тој град“, додаде тој.

Скопје | пред 9 месеци

frosina-majka-

Мајката на Фросина Кулакова со потресен говор: Барам најстрога казна, свирепо го изгуби животот, ниту еден орган не и беше поштеден

Камелија Кулакова, мајка на загинатата Фросина, побара најстрога казна за возачот Васил Јованов. Таа во потресен говор, рече дека ова не е само обична сообраќајка. Кажа дека ова е грабеж на живот, на иднина.„Јас не сум само мајка која го изгубила своето дете, јас сум човек со откорната душа. Јас сум денес гласот на Фросина, зборувам за неа, затоа што таа повеќе не може да зборува. Фросина не беше само прегазена, таа беше згасната на начин што човечкиот ум не може да го прифати – без возачка дозвола, без положен возачки испит, пијан, на црвено светло, заобиколувајќи возила кои запреле, тој не запрел, не погледнал ниту почувствувал, ниту помислил. Ја удрил мојата Фросинче со толкава сила што ја исфрлил 15 метри. Со главата ја шофершајбната ја скршила, се качила на кровот. Од силината, го искршила семафорот од спротивната сала. Брзината не е двојна, бидејќи на црвено светло брзината е нула. Ниту еден орган не и беше поштеден, ниту срцето – се и беше оштетено. Градниот кош отворен. И така, мојата Фросинче убава, мила, ведра, насмеана, остана таму без здив, без иднина. Кој член од законот, кој став може да ја измери болката, која ја чувствувам секој миг. Ова не е судење за сообраќајка. Ова е судење за грабеж на живот, на иднина, за непопавлив грев, за убиство“, рече мајката на Фросина.Посочи дека само најстрогата казна, ќе и ја врати вербата дека смртта на нејзината ќерка не била залудна.„Барам највиска казна, барам правда. Не за одмазда, барам највисока казна за правда. За утре ниту едно дете да не се најде на местото на Фросина. Ве молам не дозволувајте животот на Фросина да заврши во празнина. Ве молам покажете дека правдата има душа, и дека злосторството не смее да помине како сенка. Правдата нема да ми ја врати Фросинче. Но ќе ми ја врати вербата дека нејзината смрт не била залудна“, рече Камелија Кулакова, мајка на загинатата девојка.

Македонија | пред 9 месеци

vasil-jovanov-1

Дуковски ја спори алкохолизираноста на Васил Јованов, а со медаљи и потврди бара поблага казна, па предложи снимка

Адвокатот Сашко Дуковски, до судот достави снимка, доказ дека тој е редовен студент, а со што, побара пониска казна за возачот Васил Јованов кој смртоносно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, со алкохол во крвта.„Доставувам потврда од боксерски клуб, со што сакам да се тргне една дамка од името на Васил Јованов дека тој е наркоман и зависник. Не, тој е спортист и ви доставувам потврда дека тој е член на овој боксерски клуб, како и две медаљи - каде што е вицешампион. Да тој го сторил тоа што го стирил и призна вина. Но има факти кои укажуваат на неговата личност. Доставувам благодарница од Националната боксерска федерација од бокс. Исто така уште една диплома за лицето Васил Јованов за другата медаља која ја освојува на натпреварот во Штип, каде го освојува второто место. Ви доставувам потврда од Ракометната федерација на Македонија каде што лицето, сега обвинетиот Васил Јованов е регистриран и лиценциран за ракометниот клуб Пролет. Суде, јас сите овие докази и уште една работа - јас оваа анализа на алкохол во крвта ја земав од Обвинителството. Го спориме присуството на алкохол во крвта“, рече Дуковски.Тој пред судот презентираше и видео снимка од вечерта кога е усмртена Фросина.„Овој ценет судски совет би утврдил дека кај обвинетиот има чувство на вина, екстремно каење и ве молам единствено тоа како судечки совет мора да го забележите и да видите за што ви зборувам“, рече Дуковски.

Македонија | пред 9 месеци

frosina-vasil-1414

(Видео) Васил Јованов призна вина за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачки премин

Обвинетиот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин кај Универзална сала, призна вина. Тој изрази каење на судењето.„Разбирам за што сум обвинет. Ќе се произнесам за мојата вина. Сакам да изразам најдлабоко сочувство кон целото семејство. Да се извинам за тоа што го сторив. Да суде, виновен сум“, рече Јованов.Судијката Снежана Марковска рече дека го прифаќа признанието на вина. Потоа, посочи дека ќе се изведуваат само доказите кои се однесуваат на висината на казната.Потоа, обвинителот Александар Марковски рече дека тоа се доказите дека тој и претходно е осудуван, како и дека има тековни прекршочни постапки од сообраќајна природа.Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 9 месеци

vasil-jovanov-tatko-na-frosina

Таткото на Фросина го праша Васил: Зошто наместо да возиш право, сврте кон нашето чедо?

Тодор Кулаков, татко на Фросина Кулакова, смета дека двајцата родители треба да одговараат што Васил Јованов имал пристап до автомобилот со кој ја усмртил нивната ќерка. Тој го праша Јованов зошто го свртел воланот, наместо да вози право и удрил во девојката која го загуби животот.„Кога правдата ја губи вредноста, тогаш државата ја губи душата. Денес не се бориме само за Фросина, туку за ниту едно дете повеќе да не заврши под тркала на безмилосен човек, кој потоа се обидува да избега од одговорност, а судската пракса го потврдува тоа. Фросинче светеше каде и да се појавеше, а нејзиниот живот згасна на најгнасен можен начин. Од ударот лета во воздух. Сите коски и беа искршени, градниот кош и беше отворен, срцето и распукало. Како клучен фактор прашувам: зошто Васил нагло свртува кон неа, зошто не продолжи право? Дали е тоа агресија? Барам одговор, овде пред сите. Зошто, наместо право, сврте кон нашето чедо“, рече Кулаков.

Македонија | пред 9 месеци

obvinitel-vasil

Пред трагедијата возел цик-цак, поминал на две полни ленти - со ова ќе се докажува дека возачот кој ја усмрти Кулакова тоа го сторил со умисла

Обвинителот Александар Марковски во воведниот збор рече дека ќе докаже возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја усмрти Фросина Кулакова која поминуваше на пешачки премин – тоа го сторил со умисла. На првото рочиште, обвинителот Марковски рече дека ова не е само несреќа во која навидум еден маж, прегазил жена. Обвинителот посочи дека сообраќајката е последица на низа сообраќајни пропусти. Затоа, рече обвинителот Марковски, возачот Васил Јованов, се гони за најтешката квалификација на кривичното дело.Обвинителот рече дека тие ќе се трудат да докажат дека, за нецела минута пред критичниот настан, сторил и други пропусти од сообраќајна природа.„Од типот на цик-цак возење, поминување на две полни ленти. Не се релевантни од кривична природа, но се докази за умислата за кривичното дело за кое се товари.“, рече обвинителот.Тој посочи дека за сѐ имаат докази.„Навидум еден маж, прегазил една жена. Но не е така. И ова не е така поради медиумската помпа или поради тоа што се случила на популарно место. Ова не е обична сообраќајка поради начинот на кој е сторена, односно големиот број на сообраќајни пропусти на строител, а највеќе поради загубата на животот на младата Фросина Кулакова. Овие околности придонесоа, правна квалификација, во нејзиниот најтежок квалифициран облик. За вакво нешто, за да се утврди, беа прибавени докази во поприличен број. Четири вештачења, од кои се издвојува сообраќајното вештачење кое е податливо. Беа испитани осум сведоци од кои најголем број се очевидци, има материјални докази. Обвинетиот е осудуван, иако тој не спомена дека бил осудуван кога ги даваше своите генералии“, рече обвинителот.

Македонија | пред 9 месеци

kesisov

(Видео) Кешишев му се восхитувал на Палевски на судењата, адвокатот сведочи: Имаше моменти кога ќе ми шепне дека е појак од обвинителите

Адвокатот Ефремов ексклузивно откри дека обвинетиот Влатко Кешишев на некое од судењата му се восхитувал на првообвинетиот Љупчо Палевски.Нечуенeни детали во “Претрес” за обвинетите за убиствата на Вања и Панче.

Македонија | пред 9 месеци

vasil-jovanov-i-roditeli

Семејството на загинатата Фросина дојде на судењето да бара правда, родителите на Васил чекаат кат подолу во судот

Денеска започнува судењето за смртоносното прегазување на пешачки премин, на Фросина Кулакова. Во судот дојде семејството на загинатата, како и пријатели со маички „Правда за Фросина”. Тие чекаат пред судницата, додека мајката и таткото на обвинетиот возач Васил Јованов, се кат подолу.Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Македонија | пред 9 месеци

orce-kiselavoda-1

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

„Она што Владата го вети, а се однесува за реалокација на средства, односно средства коишто ќе завршат во општините за реализација на капитални проекти тоа аполутно се реализира насекаде“, прецизираше во своето излагање градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на вчерашното гостување во дебатната емисија „24 анализа“ на 24ТВ.Ѓорѓиевски истакна дека во рамки на јавниот повик за финансирање за реализација на капитални проекти тоа апсолутно се реализира во сите општини. Тој додаде дека од првиот повик веќе во општина Кисела Вода има 3 проекти кои се во напредна фаза на реализација.„Од првиот повик јас имам 3 проекти коишто ми се во напредна фаза на реализација, и како што се завршуваат ситуациите така и навремено се исплаќаат. Ние по завршна ситуација добиваме веднаш во истиот момент средства од Владата и нема никаков застој. Во Кисела Вода од првиот повик градиме доградба на основно училиште“, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски е дециден дека опозицијата постојано бара начин како да го дискредитира целиот процес кој е поврзан со реализација на проектите, но реалноста и фактите го говорат спротивното. Тој подвлече дека во секоја фаза на реализација на проектот се вршат исплати.„Опозицијата содаваше балон во јавноста дека нема средства и проекти да се потпишуваат со општините, се потпишаа договорите. Подоцна се бараше начин како да се дискредитира целиот процес па се отиде кон тоа многу често поставувано прашање да биде дека фирми нема да има кои ќе одговорат на реализација на проектите, сега се оди кон тезата дека не се пуштени средствата. Не се пуштени средствата затоа што не се завршени проектите, односно во секоја фаза на реализација на проектот по завршена ситуација се вршат исплатите“, категоричен е Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 9 месеци

SAVA-Penzisko-Drustvo-1

Во друштво на добри луѓе: САВА осигурителна групација со неколку децениско работење, раст и посветеност во Македонија

Со долгогодишното работење богато со посветеност, стратешки инвестиции и континуиран напредок САВА Ре а.д. Љубљана одбележува значајно, повеќедецениско присуство на пазарот во Северна МакедонијаСАВА Ре а.д. Љубљана (SAVA Re d.d. Ljubljana) е составен дел од бизнис сцената повеќе од 30 години, успешно адаптирајќи се на пазарните случувања и динамика, со понуда на решенија креирани согласно потребите на сите свои клиенти. Високото ниво на корпоративна култура, базирана на транспарентност и тимска работа се една од препознатливите карактеристики кои Групацијата ги преточува во пракса преку компаниите и вработените на домашниот пазар.Со трансфер на знаење, ре-осигурителна поддршка, пристап до нови осигурителни продукти и трендови, сигурност, искуство и перспектива за воведување на новини, САВА Осигурителна Групација ги бележи своите први успеси на македонскиот пазар преку својата ќерка - компанија „САВА Осигурување“, етаблирана како сериозен и стабилен партнер на осигурениците и деловните соработници во сегментот на неживотно осигурување. После 30 години активна работа, денес “САВА Осигурување“ на домашниот пазар значи сила и сигурност. Во тој манир продолжува да инвестира во модерни технологии, развој на човечкиот капитал и подобрување на клиентското искуство, со јасна определба за одржлив раст и дигитална трансформација.Пред 20 години е формирано „САВА пензиско друштво“, како прво приватно пензиско друштво во Македонија. Препознавајќи ги трендовите и увидувајќи ги можностите за стратешки развој, во 2018 година Сава Осигурителна Групацијата го презема “САВА пензиско друштво“ под своја закрила. Со две децении активна и посветена работа базирана на постојано градење и надградување на издржлив и високо-отпорен втор пензиски столб, “САВА пензиско друштво“ станува сериозен партнер од доверба. Со стабилен раст и развој низ годините, Друштвото стратешки управува со средствата на своите членови и е препознаено по грижата, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.Оваа година, САВА Осигурителна Групација одбележува уште едно значајно достигнување – 10 години активна работа на „САВА Стејшн“, современа станица за технички преглед лоцирана во скопската општина Илинден. Прв и единствен проект во Македонија од ваков карактер со интегриран асистентски центар, „САВА Стејшн“ е симбол на иновативност и интеграција на осигурување со техничка поддршка на едно место.Следејќи ја групациската ориентираност и проширување и зајакнување на портфолиото услуги кои ги нуди, со цел развој во сеопфатен провајдер на услуги во различни животни фази на своите клиенти, САВА денес и официјално го одбележува отворањето на Поликлиниката „Вита С“, најновата партнерска инвестиција на словенечката компанија во земјата. Со овој потег, покрај проширувањето на делувањето на САВА Осигурителна Групација во здравствениот сектор на македонскиот пазар, групацијата во пракса го демонстрира холистички пристап кон своите клиенти.„Триесетте години активна работа во Северна Македонија се доказ за нашата посветеност и силните односи што ги изградивме со нашите клиенти и партнери во земјата. Горди сме на сите достигнувања кои ги одбележуваме - повеќе од 30 години „САВА Осигурување“, 20 години „САВА пензиско друштво“, 10 години „САВА Стејшн“, затоа што токму овие цифри се показатели за нашиот одржлив раст и позитивното влијание на пазарот. Нашата најнова инвестиција во Поликлиниката „Вита С“ дополнително ја нагласува нашата стратегија за диверзификација во интерес на клиентите. Продолжуваме и понатаму да работиме со јасна определба за одржлив раст и дигитална трансформација, фокусирани на транспарентноста, иновативноста и долгорочната стабилност. Остануваме посветени на понатамошно зајакнување на нашето присуство на македонскиот пазар и поширокиот регион преку континуирани инвестиции, иновации и фокус на задоволување на променливите потреби на нашите клиенти. Верувам дека предводени од искусните домашни тимови и понатаму ќе продолжиме да се развиваме и да придонесуваме кон локалната економија во државата.“ – изјави Марко Јазбец, Претседател на Управен Одбор на САВА Ре а.д. Љубљана.„Словенија и Северна Македонија делат силни економски врски, што е евидентно од бројните словенечки инвестиции во државата. Словенечките компании како САВА Осигурителна Групација играат витална улога во овој однос. Долгорочното присуство и континуираните инвестиции на САВА во Македонија се јасен показател за довербата во пазарот и значително придонесуваат за неговиот развој. Ваквата одржлива посветеност, која опфаќа над 30 години плодна работа во повеќе сфери, ја зајакнува билатералната економска соработка и го поттикнува просперитетот на двете држави.“ - изјави Неговата Екселенција, г-дин Грегор Прескер, Амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија.(ПР)

Македонија | пред 9 месеци

IMG_4872

(Видео) Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во Штип

Уапсен е турскиот државјанин кој вчера извади пиштол и уби друго лице во Штип. За ова извести Обвинителството кои додаваат дека е најден и пиштолот.„Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено од слобода. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка“, велат од Обвинитлството.Детали тука:Снимки тука:

Македонија | пред 9 месеци

a2271988-8afc-4de7-a814-6640bef6b28d

(Видео) Бајден: Јас сум одговорен за враќањето на Трамп во Белата куќа

Поранешниот американски претседател Џо Бајден изјави дека презема дел од одговорноста за реизборот на Доналд Трамп во Белата куќа.„Да, ја преземам одговорноста, бидејќи, погледнете, јас бев одговорен и тој победи. Значи, знаете, јас ја преземам одговорноста“, рече тој за време на интервју за американската телевизиска мрежа ABC.Бајден ги отфрли тврдењата за пад на сопствените когнитивни функции за време на неговата последна година на функцијата.„Тие грешат. Нема ништо што го поткрепува тоа. Мислам дека единствената причина зошто се повлеков од трката беше тоа што не сакав да имам поделена Демократска партија. Така е и затоа се повлеков од трката“, нагласи Бајден.„Мислев дека е подобро да ја ставам земјата пред моите интереси, моите лични интереси. Не се шегувам. Сериозен сум во врска со тоа“, додаде тој.На Бајден во интервјуто му се придружи и неговата сопруга Џил.

Свет | пред 9 месеци

ukraina-pozarnikari

Украински војници и цивили: Нема прекин на огнот

Неколку часа откако Русија прогласи прекин на огнот, новинарите на Би-Би-Си се упатија кон регионот Донецк во источна Украина за да видат дали тоа има некаков ефект на теренот. Украинската армија ги испрати до артилериска позиција југозападно од градот Покровск, местото на жестоките борби. Облачното небо и калливите патишта низ широките полиња донекаде ги заштитија од можни напади со беспилотни летала.Рускиот претседател Владимир Путин предложи тридневно примирје кое ќе започне на полноќ на 8 мај, по локално време, по повод годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа, празник кој во Русија се слави како Ден на победата. Сепак, од артилериската позиција можеа да се слушнат континуирани експлозии при размена на минофрлачки оган, што јасно покажува дека нема примирје на бојното поле и во рововите.Би-Би-Си го праша Сергеј, еден од војниците на Третата оперативна бригада на Украинската национална гарда, дали имало руски напади во текот на ноќта.„Да, нападнаа во текот на ноќта. Имаше едриличарски бомби и беспилотни летала. На Русија не може да ѝ се верува. Тие прогласуваат примирје навечер и напаѓаат наутро. Нема примирје. Ние сме секогаш подготвени за сè“, рече Серхиј.Неколку минути подоцна тие му ги испратија координатите на целта преку радио. Неколку војници се упатија низ длабоки калливи ровови кон чистина каде што хаубица беше скриена под гранки и лисја. Ја ископаа, ја насочија кон целта и испукаа граната. Се слушна оглушувачки звук, а одбивот крена лисја и прашина од земјата.Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли едностраното тридневно примирје на Русија. Наместо тоа, тој повика на подолго, 30-дневно примирје, како што предложија Соединетите Американски Држави, кое повторно беше поддржано синоќа од американскиот претседател Доналд Трамп на неговата платформа Truth Social.Трамп дури се закани дека Вашингтон и неговите сојузници ќе воведат дополнителни санкции ако примирјето не се почитува. Додека војната на исцрпување продолжува, при што двете страни се обидуваат да ја скршат другата, новинарите го прашаа 26-годишниот војник Макс како ги гледа меѓународните дипломатски напори за посредување во примирје.„Кога си тука, не размислуваш за такви работи. Мораш да бидеш целосно концентриран. Не можеш да дозволиш твоите емоции да ги одредат твоите постапки. Чекаш наредба и дејствуваш, а ако нема наредба, наоѓаш начин да го исполниш своето време. Но, не си дозволуваш такви мисли“, рече тој.Од артилериската позиција, новинарите се упатија кон север, кон градот Добропиље, кој се наоѓа на околу 19 километри од руските позиции. Илјадници луѓе сè уште живеат во тој град, меѓу кои многумина биле принудени да се преселат тука затоа што нивните родни места повеќе не се безбедни за живот.Тие се сретнаа со Свитлана, која е од Покровск, но се пресели во Добропиља. Ја прашаа дали мисли дека рускиот повик за прекин на огнот променил нешто на терен. „Ги слушате звуците овде“, рече таа, осврнувајќи се на постојаните експлозии што се слушаат на работ од градот, како непрестајни грмотевици. „Тоа е звукот на руско примирје. Затоа велам дека никогаш не треба да им верувате.“

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-09-at-08.42.36

(Видео) Преседан во Ватикан: Прво објавено видео од папата веднаш по изборот

Само неколку часа откако кардиналот Роберт Превост вчера беше именуван за нов поглавар на Католичката црква, Ватикан објави видео на кое се гледа како тој ги поздравува 133-те кардинали кои го избраа, пишува Њујорк пост. Папата роден во Чикаго изрази благодарност во Систинската капела неколку часа откако кардиналите го избраа на вториот ден од конклавата. Видеото го прикажува папата Лав XIV како рецитира молитва пред членовите на кардиналниот хор од олтарот на историската римска катедрала, по што се повлекува на колена, каде што се моли приватно. На крајот, може да се види како се ракува со кардиналите со насмевка.Лав XIV. Тој е првиот Американец што станал папа. Откако напредувал во рамките на Редот на Свети Августин, Превост прво бил назначен за администратор во Чикашката епархија, а следната година папата Франциск го назначил за епископ.Превостот бил близок соработник на папата Франциск и надгледувал многу од неговите најголеми реформи во Католичката црква. Тој е 14-тиот папа кој го избрал името Лав, а неговиот презименик бил познат по неговата вклученост во општествените учења на Црквата.

Свет | пред 9 месеци

IMG_4872

(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат

Лицето кое пукало и ранило едно лице во кафуле во Штип, по извршениот напад, се дало во бегство. Во меѓувреме, протекоа снимки од надзорните камери од објектот, каде се гледа како во еден момент, лицето пука од пиштол, а останатите гости панично бегаат. Сѐ се случува во неколку секудни. Потоа, лица кои случајно се нашле на местото, пробале да му дадат прва помош на повредениот кој бил во животна опасност.Брзо по пукањето, неколку полициски екипи, со најмалку десетина полицајци тргнале во потера по лицето кое пукаше, кое според неофицијалните информации, е турски државјанин. Неговиот автомобил бил забележан на патарината кај Миладиновци. Полицајците му дале знак да застане, но наместо тоа, тој, ја пробил патарината.„Стој, стој“ се слуша на снимката, покрај уклучените полициски сирени.Според неофицијалните информации, лицето кое пукало и бегало, возело возило марка „БМВ“.

Македонија | пред 9 месеци

photo_2025-05-09_08-28-17

Пукање во кафич во Штип додека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ туркаат закон за либерализација на трговијата со оружје, вели Левица

„Вчерашните страшни сцени со пукање во кафич во центарот на Штип дополнително ја вознемири јавноста, додека премиерот Мицкоски и министерот Тошковски на партиски настани говорат дека народот никогаш не бил побезбеден. Можеби владејачката елита се чувствува безбедно на нивните скапи патувања, додека граѓаните стравуваат од престрелки на јавни места, каде има висока френквенција на родители со деца“, вели Левица и додава:Премиерот Мицкоски додека дели благодарници на неговиот поранешен личен адвокат, а сега министер за внатрешни работи, Македонија колабира на безбедносно поле.Левица обелоденува уште еден скандалозен чекор на екстремно неспособната владејачка гарнитура - имено, до Собранието е доставен предлог од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за измени на Законот за оружје по скратена постапка, со кои дополнително се либерализира трговијата со оружје!Со скандалозните измени се предвидува физичко лице да набавува до 500 куршуми годишно, со што драстично се подигнува сегашната граница од 200 куршуми годишно по физичко лице.Дополнително, се овозможува физичко лице да врши неограничена набавка за сите видови оружје во Б и Ц категорија, наместо постоечките ограничувања кои се однесуваат само на набавка на пневматско оружје и нежлебени цевки.Додека министерот Тошковски молчи за тендерите доделени на фирмата „Дон Холдинг” и манипулира со фактите на интервјуа во провладини медиуми - власта сака да протне законски измени кои се директен напад по јавната безбедност!Левица јавно го прашува премиерот Мицкоски, кој очигледно продолжува да го штити катастрофалното работење на министерот за внатрешни работи: Дали паралелно се формира нова компанија за трговија со оружје (блиска до власта) која најмногу ќе има корист од либерализацијата на продажбата?!Ја повикуваме и експертската јавност да се одважи за најавените измени за трговијата со оружје, со цел да се спречи носење на уште еден штетен закон кој дополнително ќе ја загрози и онака кревката безбедност.

Македонија | пред 9 месеци

asdfasd

Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани.Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска.Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот кој е во бегство.

Македонија | пред 9 месеци

asdfasd

(Видео) Пукање во Штип, едно лице се бори за живот

Доцна вечерва имало пукање во центарот на Штип, а неофицијално едно лице се бори за живот. Според првичните информации, едното лице имало нож со себе, а другото пиштол. Целата драма се случувала пред очевидци, во кафе-бар лоциран на плоштадот.Местото е веќе оградено, има и полиција, а тешко повредениот со Брза помош е префрлен во болница.„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2023-10-31-at-16.55.18

Дупло поголеми казни за „Дурмо турс“: газдата од четири доби 10 години затвор од Апелација

Обвинетите во трагичниот случај „Ласкарци“ ќе одговараат со построги затворски казни, откако Апелациониот суд Скопје деновиве ја донесе второстепената пресуда со која делумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, а ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите.На Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“, скопска Апелација му изрече 10 години затвор додека првично доби казна од 4 години затвор.Одговорниот за транспорт во Дурмо, Ремзи Мифтари доби иста таква 10-годишна затворска казна додека во прв степен му беше изречена 6-годишна казна. На возачот Маноил Трифуноски му е потврдена казната затвор од 14 години, а во казната ќе му биде пресметан и домашниот притвор.На вработените во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски- казната им е зголемена од 5 години на 7 години затвор. Нивниот колега Јане Бовароски останува на првостепената казна од 5 години затвор.Шестмината се осудени на вкупно 53 години затвор. Роднините на загинатите и повредените се упатени на барање отштета во парница пред Граѓанскиот суд.Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, уште во Кривиечн суд побара најстрога казна, бидејќи, според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.Најстрога казна тогаш побараа и оштетените, родители и роднини на загинатите во сообраќајната несреќа.Процесот во Кривичен суд каде обвинетите добија пониски казни го водеше судијката Диана Груевска Илиевска.Во автобуската несреќа којашто се случи во 2019 година, животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.09

(Видео) Папата Лав XIV излезе на балконот: „Мир со вас!“

Американецот Роберт Франсис Превост е новиот папа.Тој го избра името Папа Лав XIV.Кардиналот Доминик Мамберти го објави тоa пред целата светска јавност.Роберт Превост, кој беше избран за нов папа под името Лав XIV, излезе на балконот на базиликата Света Петра.Првиот папа кој е Американец, беше пречекан со громогласни овации од илјадниците собрани граѓани.Тој го спомена и папата Франциск и рече дека Црквата мора да гради мостови и единство.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-18.24.01

(Видео) Пуштен бел чад, избран е нов папа

Во Ватикан беше пуштен бел чад.Папата е избран.Вечерва ќе знаеме кој е новиот папа.Откако беше пуштен белиот чад, на плоштадот „Свети Петар“ имаше аплаузи. Се слушаа и ѕвона.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-12.27.52

Апасиев со говор во Москва: Важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со членот на Президиумот на Партијата, Александар Симонов, се во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот.„Денес, во рамки на одбележувањето на јубилејните 80 години од победата над фашизмот, Апасиев одржа говор во Паркот на победата во Москва, каде што истакна дека Левица се бори против историскиот ревизионизам и ги брани вредностите на антифашистичката борба: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз против заедничкиот непријател. Во борбата против фашизмот бевме обединети и таа солидарност е основа на нашата историска поврзаност, која сме должни да ја зачуваме. Во контекст на современата меѓународна нестабилност, особено е важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам. Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина на идните генерации, да го зајакнеме мирот заснован на почит, еднаквост и солидарност меѓу народите” - потенцираше Апасиев во својот говор.Во рамките на посетата, претседателот на Левица Апасиев и Симонов ќе остварат средба со пратеници на КПРФ во Државната дума на Руската Федерација. Посетата ќе трае до сабота, а утре ќе присуствуваат на главната Воена парада во Москва, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот“.

Свет | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Нема енормно зголемување на цените во маркетите, а ако има, следуваат ригорозни мерки, најави министерот за економија

Мининистерот за економија и труд, Бесар Дурмиши рече дека во мај и април економијата е стабилна, а граѓаните немале зголемени цени во маркетите. Тој посочува дека следуваат редовни и вонредни контроли кај производителите, дистрибутерите и маркетите. Ако цените не бидат енормно зголемени, тогаш нема да има строги мерки. Во спротивно, повторно ќе има маржи.„Податоците покажуваат дека инфлацијата за април е 0, во споредба со март имаме само покачување од 0,6 проценти. Во споредба со април минатата година, инфланцијата е 2,6 проценти и дека таа е стабилна. Цените на храна се речиси непроменети, само 0,3 проценти за една година. Ако споредиме март со април 2024 година, имаме дефлација. Ова покажува дека економијата е стабилна, граѓаните не се соочуваат со енормно зголемување на прехрамбените производи“, рече мининистерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.Тој рече дека при девојантно однесување, ќе има ригорозни мерки - а на листите со ограничени маржи ќе се најдат и нови производи.„Тие во мај ќе имаат редовни и вонредни контроли, а на крајот од месецот ќе направат извештај. Ќе ги контролираат дисртибутерите, маркетите и ќе направат извештај. Врз основа на тој извештај, ако имаме девијантно однесување на трговците или енормно зголемување на цените без оправдување, ќе има ригорозни мерки. Ако биде во стабилна фаза, ќе бидеме во комуникација со Пазарна и ќе има редовни контроли. Ќе

Македонија | пред 9 месеци

putin-kina

Си: Кина ќе промовира правилен поглед на Втората светска војна со Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денес му се заблагодари на својот кинески колега Си Џинпинг за приклучувањето кон одбележувањето на 80-годишнината од „светата“ победа над Адолф Хитлер во Втората светска војна и додаде дека двете земји сега стојат заедно против „неонацизмот“.Присуството на Си на одбележувањето на крајот на војната е важно за рускиот лидер, кој ја прикажува агресијата врз Украина како „борба против неонацистите“ од самиот почеток. Украина и нејзините сојузници го отфрлаат ова како гротескна лага, обвинувајќи ја Москва за водење империјалистичка офанзива.„Победата над фашизмот, постигната со огромни загуби, е од трајно значење. Со нашите кинески пријатели, цврсто ја чуваме историската вистина, го заштитуваме сеќавањето на настаните од воените години и се спротивставуваме на современите феномени на неонацизмот и милитаризмот“, му рече Путин на Си.Си рече дека двете земји, како светски сили и постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, ќе соработуваат во спротивставувањето на унилатерализмот и хегемонијата, со што ќе се насочат кон САД.„Соочена со меѓународниот тренд на унилатерализам и хегемонистичко насилно однесување, Кина ќе соработува со Русија за да ги преземе посебните одговорности на големите светски сили“, му рече Си на својот руски колега.Кинескиот претседател рече дека Пекинг и Москва „заеднички ќе промовираат правилен поглед на историјата на Втората светска војна, ќе го зачуваат авторитетот и статусот на Обединетите нации, решително ќе ги бранат правата и интересите на Кина, Русија и огромното мнозинство земји во развој и ќе работат на промовирање на фер, уредна, мултиполарна и инклузивна економска глобализација“.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања