Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Screenshot-2025-05-02-at-09.51.13

Избрани зетот и невеста за Галичката свадба: „Да се ќердосает, од небо да им врне од земја да им никне!“

Овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба се Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска!„Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – со срце полно љубов и почит кон традицијата“, велат од МЗ Галичник и додаваат:„Во срцето на Галичник, под сенката на Бистра, секое лето љубовта добива посебна форма. Зетот и невестата не се само млад пар – тие се симболот на вековната традиција, на непрекинатото предание што низ генерации се пренесува со чест и гордост. Тие чекорат низ Галичник не само како двајца вљубени, туку како чувари на обичајот. Секое движење, секој поглед, секоја песна – сè е длабоко вкоренето во духот на Галичник.Манукот ја носи гордоста на предците, додека мануката со раскошната носија ја раскажува приказната за момичките од овие планински височини – достоинствени, вредни, горди и полни со љубов. Заедно, тие не се само пар – тие се огледало на Галичник. Во нивниот поглед се препознаваат љубовта и ветувањето дека традицијата ќе продолжи. И токму затоа, секој што ќе ги види, не гледа само свадба – туку гледа историја што живее. Да се ќердосает, од небо да им врне од земја да им никне!“.

Магазин | пред 9 месеци

272643859_231847399072949_1916634926903834340_n

ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, медиумите мета на притисок, вели СДСМ

„Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“, е уште еден алармантен показател за погрешната насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ“, велат од СДСМ и додаваат:Репортери без граници оценуваат дека независните медиуми се изложени „на закани и напади“ и констатира дека владините функционери имаат тенденција да имаат “лоши и понижувачки ставови кон новинарите“.Наместо да работат на унапредување на демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ се враќа на старите методи на контрола, притисоци и страв.Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се ставаат под притисок, а медиумскиот простор се затвора. Оваа тенденција повторно се потврдува.Слободата на медиумите е темел на секое демократско општество и СДСМ ќе продолжи да се бори против оваа регресија што ја спроведува ДПМНЕ.Медиумските слободи не смеат да бидат жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции на ДПМНЕ.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп, Путин и Си. Кој друг може да го направи тоа?

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе отпатува во Москва на 8 мај за да го одбележи Денот на победата, и покрај критиките од Западот.„Му ветив на Путин пред осум месеци и си стојам на зборот. Мојот збор значи нешто. Не одам од каприц, туку од почит и личен интегритет. Одам, освен ако не се случи нешто драстично или не добиеме сериозни закани“, рече Вучиќ.Тој додаде дека следните 15 до 20 дена се клучни за Србија, не само поради посетата на САД, туку и поради најавените пристигнувања на европски претставници во Белград. „Ќе ми кажат да не одам во Москва, но нема да ме убедат. Тврдоглав сум“, рече тој со насмевка.Вучиќ се осврна и на наводните најави за санкции од Брисел за лидерите кои ќе присуствуваат на церемонијата во Москва: „Сите во Брисел само мене ме споменуваат. Фицо, Си Џинпинг, Лула, никој не е тема. Само што ќе правиме со Вучиќ? Тоа е веќе опсесивно.“Вучиќ нагласи дека останува посветен на европскиот пат на Србија и покрај сите притисоци. „Мојот мандат наскоро завршува. Со или без мене – Србија ќе остане на европскиот пат. Тоа им го ветивме на граѓаните“, рече тој.Тој исто така рече дека нема да ја напушти политиката под притисок однадвор: „Ако заминам, тоа ќе биде по моја слободна волја. Ако некој ме отстрани од странство – тоа би бил најголем срам“.Вучиќ рече дека планира да му го врачи орденот на рускиот патријарх Кирил на 8 мај и дека се надева на кратка средба со кинескиот претседател Си Џинпинг. „Замислете, билатерална средба со американскиот претседател, потоа со рускиот и кинескиот. Кој друг може да го направи тоа?“, рече Вучиќ, додавајќи дека тоа „го подигнало меѓународниот углед на Србија“.Тој, исто така, коментираше за можните обвинувања од домашната јавност за тоа: „Премногу е доцна за обоена револуција. Тој воз помина – веќе во февруари. Во март, протестите веќе стивнуваа, дури и во Белград“.Вучиќ рече дека ќе ги штити интересите на Република Српска (РС) во секое време, но почитувајќи го територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.„Во разговорите со американските претставници, ги истакнав двојните стандарди, тие нè бомбардираа кршејќи ја Повелбата на ОН, а сега се огорчени од истите работи на друго место“, рече тој.Тој, исто така, го критикуваше ставот на меѓународната заедница кон Косово и РС: „Некои во Сараево велат дека Косово е независно, а кога Додик не прифаќа нелегална одлука, тој веднаш е криминалец. Ова се двојни стандарди“.

Свет | пред 9 месеци

krim

(Видео) Масовен украински напад врз Крим

Руското Министерство за одбрана објави дека синоќа системите за противвоздушна одбрана собориле вкупно 121 украински дрон над окупираниот украински полуостров Крим и неколку руски региони. Според локалните канали на Телеграм, експлозиите одекнале во неколку населени места на полуостровот.Според руското Министерство за одбрана, над Крим биле соборени 89 дронови, додека над Црното Море биле уништени 23. Дополнително, тврдат тие, четири дронови биле соборени над Краснодарската област, два над Орјолската област, по едно над Брјанската и Белгородската област и уште едно над Азовското Море. Каналот на Телеграм за кримски ветер објави експлозии во Севастопол, Џанкој, Саким, Новофедоровка и Кача, каде што се наоѓаат воени воздухопловни бази. Тие објавија и неколку видеа на кои се прикажани детонации и фотографија од пожар во селото Ухлове, во близина на базата во Кача. Каналот наведува дека „нешто почнало да гори по дејството на руската противвоздушна одбрана“.Информацијата за експлозиите ја потврди и Михаил Развожаев, гувернерот на Севастопол, кој беше назначен од Москва. „Гласните звуци што ги слушаат жителите се резултат на одбивањето на нападот со беспилотни летала од страна на нашите сили. Според првичните информации, седум беспилотни летала се соборени над морето, далеку од брегот“, објави Развожаев кратко по 2 часот наутро.Околу еден час подоцна, во 3 часот наутро, тој објави дека „руската флота во соработка со воздушната одбрана одбива голема комбинирана офанзива врз Севастопол од морскиот правец на ’ртот Херсонес, Севастополскиот залив, Каја и Балаклава“.„Досега не е оштетен ниту еден објект во градот или во водите на Севастопол“, тврди тој.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Трамп го намалува финансирањето на јавните медиуми

Белата куќа соопшти дека Доналд Трамп потпишал извршна наредба со која се намалува финансирањето за NPR и PBS, што е најнов обид на американскиот претседател да го користи федералното финансирање како средство за влијание врз институциите што ги не одобрува.Наредбата ѝ наложува на Корпорацијата за јавно радиодифузија (CPB), која ги распределува средствата на PBS и NPR, да „прекине со директното финансирање“ за нив, според текстот на наредбата објавена од Белата куќа во четврток навечер. Медиумите се означени како партиски и пристрасни.„Управниот одбор на CPB ќе го прекине постојното директно финансирање во најголема можна мера дозволена со закон и ќе одбие да обезбеди идно финансирање“, се вели во наредбата.И NPR и PBS претходно предупредија дека обидот на Трамп да го намали нивното финансирање ќе ги наруши основните медиумски услуги и ќе има „разорно влијание“ врз Американците кои се потпираат на нив за веродостојни локални и национални вести, вклучително и за време на вонредни состојби.Администрацијата на Трамп ги етикетираше повеќе институции во академијата и медиумската индустрија, од Харвард и Колумбија до NPR и PBS, како левичарски, марксистички, пристрасни и „разбудени“ и се закани дека ќе го намали финансирањето. Активистите за човекови права изразија загриженост за заканите врз слободата на говорот и академската слобода.Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамп и неговиот сојузник, милијардерот Илон Маск, започнаа кампања за намалување на трошоците што резултираше со распуштање и обид за распуштање на разни агенции и отпуштање на повеќе од 200.000 федерални вработени.Администрацијата на Трамп се обидува да ги затвори „Гласот на Америка“, „Радио Слободна Азија“ и радио и телевизиските мрежи MBN кои емитуваат вести од Блискиот Исток, чии вести се финансирани од владата. Федерален судија ѝ наложи на администрацијата на Трамп кон крајот на април да ги запре тие напори.Извршната наредба на Трамп од четврток има за цел да го запре индиректното финансирање за NPR и PBS со тоа што бара од CPB да обезбеди „дека носителите на лиценци и дозволи на јавните радио и телевизиски станици, како и сите други приматели на средства од CPB, не користат федерални средства за NPR и PBS“.CPB ја тужеше Белата куќа во понеделник откако Трамп се обиде да отпушти тројца од петте членови на одборот. Непрофитната корпорација е создадена од Конгресот во 1967 година и финансира повеќе од 1.500 локално управувани јавни радио и телевизиски станици.Неколку медиуми објавија дека Белата куќа планира да побара од Конгресот да намали за 1,1 милијарда долари финансирање за CPB, износ што би бил еквивалентен на двегодишно финансирање.NPR има повеќе од 900 вработени, според нејзината веб-страница. Точниот број на вработени во PBS е нејасен, иако еден медиумски извештај вели дека имало повеќе од 550 вработени на крајот на 2022 година.

Свет | пред 9 месеци

ljutkov-zoo-popov

Вработените во ЗОО последно земале плата во февруари: директорот Попов вика дека се изработени, министерот Љутков: Ја немаат ни доставено до нас!

Вработените од Зоолошка градина немаат земено плата од февруари, а менаџментот вика дека навремено ги изработиле за Министерството за култура да ги исплати. Министерот за култура, Зоран Љутков вели дека до нив уште не е доставена пресметка, која потоа оди на исплата во Министерството за финансии. За тоа време, вработената Тина Мицковска посочува дека од денеска нема да имаат ни здравствено.Едно празнично хаику за 1 Мај, последна плата ни беше за февруари, од утре ни здравствено ќе немаме, платата за март не знаеме до кога ќе ја нема, а мене ми се пие едно ладно пивце“, пишува Мицковска.Директорот на ЗОО-Скопје, Зоран Попов, за „Скопје1“, вели дека „Платите за вработените се навремено изготвени и исратени во Министерството за култура и Министерството за финансии, платите за сите културни установи во град Скопје ги обезбедува Министерството за култура“.Истовремено, од ЗОО-Скопје ојбаснуваат дека: „Од страна на Министерството за култура до нашата институција беше испратен мејл, врз основа на кој бараа сите јавни установи од културата да направат незаконски измени на пресметките за мартовските плати, без правна основа, спротивно на Колективниот договор. Зоолошка градина Скопје, како и другите јавни установи испрати официјални забелешки и прашања до Министерството бидејќи насоките во мејлот беа нејасни, но до денеска немаме добиено никаков одговор. Согласно насоките од Министерството за култура кои беа дадени за директорите истите се принудуваат да ги поништат старите решенија за плата и да изготват нови. Оттука јасно произлегува дека вината за неисплатените плати не е во менаџментот на Зоолошка градина Скопје како што во јавноста пробаа да излажат и манипулираат одредени поединци, за што ќе побараме јавно извинување“.Министерот Љутков пак, во изјава за „Скопје1“ е дециден: „Се уште немаат доставено ништо до нас“.„Не е точно, платите не се стигнати до нас. Не е можно за 125 институции да сме изработиле, а само скопските за - не. Точно е дека ние ги обезбедуваме, но треба да стигнат до нас. Пред да стигнат до нас, треба да се одобрени и од градоначалник. Инаку уште вчера добив информација од вработените од Зоолошка дека не ни почнала да се изработува“, вели Љутков.

Скопје | пред 9 месеци

panco

Се подобрува состојбата на Панчо, преместен е од интензивна нега на оддел - има изгореници по телото и дишните патишта

Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на бендот ДНК, кој имаше тешки повреди и беше хоспитализиран во болницата „Систина“, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации, по повеќе од 40 дена на интензивна нега и под апарати, сега е преместен на оддел, каде и натаму ќе се третираат неговите повреди односно изгорениците по телото и на дишните патишта. Тој е веќе 46 дена на болничко лекување, првично беше сместен на Клиничкиот центар во Скопје, а потоа, преместен во приватната болница.Според последните соопштени информации, во македонските болници се уште се лекуваат тројца пациенти, меѓу кој е Блажев-Панчо. Од Бугарија, пред три дена, тројца пацинети беа вратени за македонија и тоа на возраст од 19, 21 и 48 години. Сите во стабилна состојба.Обвинителството на 21 март соопшти дека и Блажев-Панчо е осомничен за пожарот во дискотеката „Пулс“, а поради внесување на пиротехниката.„За внесување и употреба на пиротехничките средства е осомничен и еден член на музичката група. Постои сомнение дека членовите на бендот околу 02:32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената од кои веднаш се опожарил кровниот дел од објектот и пожарот се проширил по целиот објект“, изјави Коцевски.По несреќата, има 62 загинати лица и 197 лица беа повредени. Осум лица од тимот на „ДНК“ се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани. Загина вокалот Андреј Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.

Македонија | пред 9 месеци

policija-ubistvo-pishtol

Уапсен полицаец во Струмица: при проверка на пиштол кој требало да го врати, испукал куршум

На 30.04.2025 во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување опшгта опасност“ по чл. 288 од КЗ.„На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот. За настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал Скопје“, велат од МВР.По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-01-at-11.15.42

„Луксузот ваш е од трудот наш“, им рекоа работниците на пратениците, па им го свртеа грбот и ги поздравија со „уа“

Со извици „уа, уа“, дел од работениците ги поздравија пратениците од пред Собранието, иако тие не беа во зградата. Симболично се свртија со грб кон законодавниот дом, за да им покажат како е кога работникот ќе им го заврти грбот, макар и симболично. Им порачаа дека се лускузираат со парите од граѓаните и побараа поголеми плати, како и платен превоз и хранарина.„Во најважните моменти на работниците, најголем дел од овие позади мене (пратениците) се на одмор.УА! За жал, до денеска 1 мај, Денот кога ја одбележуваме работничката борба, дел од овие донесоа закон за да имаме 12 часовен работен ден, нешто што го снемало во светот во 1986 година. Жалосно е да уживаат привилегии, трошоци за превоз поголеми од минималната плата, собраниско бифе поевтино од работничка менза, 79 отсто зголемени плати, а да одбиваат да донесат измени на Законот на минимална плата, да имаат право работниците за превоз и храна, зголемување на платите. Бараме најбрзо што може да покажат дека се и со работниците. Денеска на оваа страна од барикадите сме ние кои бараме достоинствена плата за достинствена работа, а од другата страна се тие кои уживаат привилегии. Луксузот ваш е од трудот наш. Макар и симболично, да им го свртиме грбот како што им го вртам јас, за да почувствуваат како е кога работникот ќе им го заврти грбот“, рече Трендафилов, а присутните се свртија со грб кон Собранието.

Македонија | пред 9 месеци

guzva-51

(Видео) По последната патарина кај Гостивар, се стои во место: „Имам 41 година, ваква гужва немам видено“

Од утринава, големи гужви има и на автопатот Скопје-Гостивар. Најдолги задржувања има по последната патарина, каде колоната возила е споена од патарината до семафорите, пред да се тргне кон Стража. Граѓани посочуваат дека буквално се стои во место.„Имам 41 година, ваква гужва немам видено на патарината пред Маврово“, вели граѓанин заглавен во гужвата.Други возачи јавуваат дека колоната е од Гостивар до Маврово.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-30-at-22.15.21

(Видео) Гужви за влез во Грција, колони возила на граница

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција. Во четири ленти, стотици возачи се обидуваат побрзо да минат граница. Иако петок е работен ден, голем дел од граѓаните го земале за слободен, па си споиле од четврток до недела да поминат на море.Како што известуваат од АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Гужви се очекуваат и утре.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-01-at-11.25.51

Едни на протест, други на скара - синдикатите и на работничкиот празник се поделија

И на празникот на трудот, синдикатите си тргнаа, секој на своја страна. Едни ќе протестираат, други ќе празнуваат со скара.Mеѓународниот ден на трудот, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) повторно се судрија околу тоа, кој, како и колку ги штити правата на работниците.Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, како што најави вчера, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата, посочувајќи дека се бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра, почитување на колективните договори и зголемување на платите на вработените согласно придобивките од истите.„Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите кои ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега се најниски во регионот, а не зборуваме и за пошироко. Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите кои му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, 1 мај во 11 часот да ни се приклучат на работничкиот протест на рутата на движење-Собрание-Стопанска комора-Влада“, повика Трендафилов.Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на утрешниот протест во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), а по повод 1 Мај, рече денеска нејзиниот претседател Благоја Ралповски.„Утре ќе бидам дома со семејството. Сакаме да ги решаваме проблемите низ дијалог. Всушност, секогаш решавањето на проблемите на крајот доаѓа на маса, низ социјален дијалог. Сега сметаме дека имаме добар социјален дијалог и затоа на ваков начин го одбележуваме 1 Мај. Каде го гледаме добриот социјален дијалог? И без репрезентативни синдикати, на ниво на граѓански синдикати, разговаравме повторно со Владата и имаше подготвеност од нејзина страна на 1 мај да почне повторно и поголемо зголемување на платите во јавниот сектор. Но, сега ќе ги прашате оние што излегуваат утре на протест зошто одбиваат да се согласат и зошто вработените во министерствата, агенциите и управите нема да земат зголемување на платите од 1 мај“,рече тој.Меѓународниот ден на трудот е државен празник во над 80 земји во светот.

Македонија | пред 9 месеци

grcija

(Видео) Скара во Грција: илјадници граѓани со часови чекаат на граница

Гужвите за влез во Грција, на граничниот премин „Богородица“ ги имаше и во текот на ноќта, како и утринава. Чекаат автобуси и автомобили, во седум километарски колони. Според АМСМ чекањето на границата е 30 минути, но во пракса се чека и до два часа, јавуваат патници.„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето е на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, стои во известувањето од АМСМ.На границата голем дел од возилата се со српски регистарски ознаки, бидејќи кај нив, нереботни денови се 1 и 2 мај, за разлика од Македонија каде неработен е само 1 мај. Гужвите започнаа од вчера.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-30-at-17.30.02

Димитриевски и Дуковска станаа кривични судии, Маркова за граѓанска судијка во Врховен

Членовите на Судскиот совет денеска на седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Димитиревски и Дуковска се судии од Апелациониот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд, но не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и на Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар.Како што информираше на почетокот на седницата претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, Судскиот совет објави оглас за избор на шест судии на Врховниот суд, и тоа три судии за граѓанска област и три судии за кривична област, објавен во Службен весник. Како што рече, по спроведената постапка, од страна на Комисијата при Советот, поднесен е извештај со конечна ранг листа на кандидатите.Известителот и претседателот на Комисијата, Павлина Црвенковска рече дека листата кандидати за судии во кривичната област е составена од двајца кандидати Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска, судии на Апелационен суд Скопје.По однос на останатите кандидати за избор на судии, Маја Маркова, Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска и Рафиз Идризи, Весна Дамева побара да се поништи огласот и итно да се распише нов оглас.

Македонија | пред 9 месеци

darko-janevski

Државната агенција МИА доби нов директор

Десет месеци по промената на власта државната агенција МИА доби нов директор и претседател на Управниот одбор. Тоа е новинарот Дарко Јаневски, кој има работено во неделникот „Фокус“, во „Нова Македонија“, во „Вечер“. . Од 2018 до 2025 година е уредник на порталот „Денешен“.Јаневски работи како главен и одговорен урендик на дневниот весник „Дневник“ во периодот од 2013 до 2017 година. Од 2017 до 2018 година е уредник и водител на политичката ТВ емисија „Без ракавици“ на ТВ Алфа.Надзорниот одбор на денешната седница ја избра Пандорка Арсовска Гацова за член на Управниот одбор, задолжен за генерален сервис на вести. Арсовска Гацова е искусен долгогодишен новинар во МИА, која и претходно била член на Управниот одбор и уредник на Внатрешна редакција во периодот од 2006-2017 година.Надзорниот одбор на денешната седница го констатира престанокот на мандатот на досегашниот генерален директор и претседател на УО на МИА, Драган Антоновски.На седницата беше констатиран и престанокот на мандатот на членот на УО, задолжен за генерален сервис на вести, Ана Цветковска.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-30-at-12.44.23

(Видео) Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата, смета Камбовски, претседател на Судски совет

Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет, смета дека не може да се зборува за независно судство, ако се уште финансирањето оди преку извршната власт односно Владата. Според него, тоа е основата, бидејќи судовите не се само зградите, туку тие треба да се опремени, а работи персонал кој опслужува и треба да биде платен.„Моментално се соочуваме со катастрофален недостиг на кадри. И судиите, кои што се, прават вонредни напори да бидат ефикасни“, рече Камбвоски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-30-at-12.07.23

(Видео) Сѐ помалку судии и службеници, сѐ повеќе предмети - првиот човек на Кривичен тука го гледа проблемот со ефикасноста на судот

Претседателот на Здружението на судии и на Кривичниот суд, Иван Џолев, се пожали дека бројот на предмети кои доаѓаат е се поголем, но помал е бројот на човечки ресурси. Тој рече дека се кратат пари од судството, за да се вложат во други сектори како што е образованието. И затоа, ефикасноста е слабата страна, а тоа би значело дека предмети се судат со години.„Ефикасноста во моментов е проблем, меѓутоа не толку голем. Ефикасноста ја генерираат други структури. Недостаток на судии, судски служби, финансиската независност ствараат проблеми во смисла на кадровски решенија. Ние секоја година имаме се поголем број на предмети, а помал број на судии. Ако сакаме ефикасно судство мора да се инвестира“, рече Џолев и додаде:„Ако сакате да имате ефикасно судство, ако имате зголемен број на судски предмети, а што упатува на тоа дека државата има ефикасни системи, мора да обезбедите опрема, човечки и материјални ресурси“.

Македонија | пред 9 месеци

kazni-policija-policaec

(Видео) Кога МВР вика дека прави „акциска контрола“ тоа ми кажува „до сега не работевме, сега фативме да работиме“, вели вештакот Трпевски

Сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски, посочува дека не смеат да постојат т.н. акциски контроли, бидејќи тоа испраќа порака дека до тој момент МВР ништо не работело, а со таа акција, почнуваат да работат. Тој упати низа оправдани критики, а по сообраќајките кои се случија изминатиот период, каде десетина граѓани ни загинаа.„По сообраќајката каде загина Фросина започнаа засилени контроли. Каде беше МВР до сега? Или слушаме многу пати порано на телевизија, сега тоа го нема, велат 'во акциска контрола на МВР викендов се уловени толку и толку'. Акциска контрола, пази молимте.  Што е работа на МВР? Да го конролира сообраќајот, 24/7, 365 дена во годината. Кога ќе ми кажете акциска контрола, тоа ми кажува мене дека до сега ништо не работевме, е сега ќе фатиме да работиме. Тоа не смее да се случи. Акциска контрола не смее да постои, 24/7 мора да биде акциска контрола. Кој е епилогот на таа контрола која сега е зголемена? Има по 246 за еден викенд без возачка дозвола, 246 потенцијални убијци, 246 потенцијални мртви луѓе“, вели Трпевски.Тој посочува дека е залудни се сите мерки, бидејќи ова што се случува не запира.„Затоа што последицата (казната) е многу мала.Инаку, заслилени контроли, МВР кажа дека имале и изминативе два дена. Казнети биле 1410 возачи.Бруталниот поткаст со Трпевски, кој објасни и за тоа како се лажираат записници, но и за многу проблеми во МВР:

Скопје | пред 9 месеци

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Поради протестот на ССМ, утре дел од Скопје ќе биде блокирано

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р. Северна Македонија.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 9 месеци

policija

Казнети 1410 возачи и 15 пешаци за два дена, 333 лица возеле брзо

„Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава во текот на изминатите два дена (28/29.04.) полициските службеници издале вкупно 1425 платни налози за сторени прекшоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила“, велат од МВР и додаваат:Притоа, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, беа регистрирани 415, односно 333 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани биле 144 возачи, потоа 71 учесник во сообраќајот биле санкционирани за неносење сигурносен појас, 39 возачи на мотоцикл за неносење на заштитна кацига, а пак 64 за користење на мобилен телефон при возење.Исто така, според статистичките податоци, во шест случаи возачи минале на црвено светло, во 18 случаи кај возачи било утврдено недозволено количество алкохол во крвта, а санкционирани биле и 15 пешаци.По основ пак на Законот за возила 48 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 14 заради техничка неисправност а 34 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, особено за време на утрешниот празник возачите да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е предуслов за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 9 месеци

images-5

Осомничената Димитровска не поднесува оставка: Дел од споделените информации се јавни, престанав да контактирам откако му изрекоа мерка

Татјана Димитровска, претседателка на Комисијата за спречување корупција, нема да поднесе оставка. Ова и го соопшти по пет дена откако таа беше опфатена во предметот „Адитив“, каде се сомничи дека оддала службена тајна. Според Обвинителството, таа информациите ги давала на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, преку „Вибер“ и „Ватс ап“, за што се најдени докази во вештачените телефони. За него, Димитровска сега вели дека и е семеен пријател.„Како Претседател на Државната комисија за спречување на корупција, сакам да нагласам дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребно е да се почитуваат. Останатите 6 члена на институцијата која ја претставувам, немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена. Сакам да ја информирам јавноста дека мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот „Адитив“, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот „Адитив“. Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација“, вели Димитровска.„За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата. Ова го тврдам одговорно. Во Државната комисија за спречување на корупцијата во тек е постапка за проверка на имотната состојба на наведено лице. Со електронската распределба предметот не е доделен за постапување кај мене, а согласно утврдените правила немам никаква можност да влијаам врз текот на постапката или врз исходот. Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите. Целосно ќе соработувам со надлежните правосудни органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на настанот. Мерките на претпазливост ќе ги почитувам во целост. До конечно изјаснување на обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност. Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на моето семејство“, додава таа.

Македонија | пред 9 месеци

policacec-ohrid

Охриѓанка осомничена за лихварство: договарала камати, си земала пари и за себе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.Д.(39) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, казниво по чл.23 од Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, како и против Љ.Д.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело по член 24 од Кривичниот законик „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.Пријавената М.Д.Д. во временскиот период од 2020 до 2024 година, со умисла поттикнувала, примала и за себе договарала несразмерна противправна имотна корист од Б.Р. од Охрид, при што од него изнудила 44.976.415 денари, кои ги префрлала на сопствена, но и на сметка на Е.Д. и Љ.Д., двајцата од Охрид.Пријавениот Љ.Д. во периодот од 2020 до 2024 година, со умисла помагал, договарал, примал и посредувал за себе и за М.Д.Д. противправна имотна корист од лицето Б.Р. од Охрид, при што, од него биле изнудени 26.579.000 денари.

Охрид | пред 9 месеци

market-pari

Маржите се укинуваат, можни поскапувања во маркетите тропаат на врата

Од утре, маржите за над 1.000 прехрамбени производи истекуваат, а тоа би отворило простор за ново поскапување на производите во маркетите. До сега, власта во јавноста пласираше наратив дека оваа мерка била ефективна и допринела кон трговците да го стопираат злоемувањето на цените.Бесар Дурмиши, министер за економија, рече дека во споредба со февруари, во март има дефлација од 1,3 отсто во делот на храна и пијалаци, односно намалување на цените. Податоците за април, исто така, како што рече, укажуваат на намалување на цените на храната и пијалаците.Од утре, пазарните инспектори ќе вршат контрола за да утврдат дали ден по завршување на мерката, ќе има енормно поскапување. Доколку маркетите се однесуваат девијантно, ќе има поригорозни мерки, рече министерот.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-20.11.35

(Видео) Куќата која му изгорела на Пандов била викендица, се сомнева дека криминални банди му ја запалиле

Директорот за управување санкции, Александар Пандов, вчеравечер во 18:45 часот пријавил дека ја нашол неговата викенд куќа - изгорена. Од снимките може да се види дека таа е целосно пеплосана, а од нејзе не излегува ниту чад, ниту пак има присуство на Противпожарна бригада - што упатува на тоа дека истата била запалена можеби и денови претходно. Според пријавата, станува збор за објект кој не се користел цело време.„Денеска (29.04.2025) во 18.45 часот во СВР Скопје А.П.(54) од Скопје пријавил дека била опожарена неговата викенд куќа во с.Орешени, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.Пандов смета дека криминални банди му ја запалиле куќата, оти им го одзел комодитетот кој го имале пред тој да стане директор на Управата за извршување санкции.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.55.24

Трамп: Путин можеби си игра со мене

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп зборуваше за војната во Украина за време на интервју за ABC News кое се емитуваше синоќа.Во интервјуто, кое се фокусираше на првите 100 дена од новиот мандат на Трамп, водителот го праша за неговите спротивставени ставови за мировните преговори.Пред неколку дена, Трамп напиша на социјалната мрежа Truth Social дека Путин можеби „го влече за нос“ кога станува збор за преговори. Трамп го објави коментарот кратко по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан на 26 април.„Нема причина Путин да испукува ракети врз цивилни области, градови и села во последните денови“, напиша Трамп во тоа време.„Затоа мислам дека можеби воопшто не сака да ја заврши војната, туку само ме влече надвор и можеби треба да се изврши притисок врз него на поинаков начин, со банкарски или секундарни санкции?“, додаде Трамп во објавата.На прашањето од ABC News дали мисли дека Путин ги одложува разговорите, Трамп одговори: „Можно е. Можеби малку ме одложува, но би рекол дека сепак би сакал да ја запре војната“, рече Трамп за време на интервјуто.И покрај неговите сомнежи, подоцна во интервјуто рече: „Мислам дека сака мир, да. Мислам дека навистина го сака“.Трамп, кој претходно вети дека ќе посредува во мирот во Украина во рок од 100 дена од враќањето на власт, во последно време станува сè пофрустриран од она што тој го нарекува неподготвеност на Москва да ја заврши тригодишната војна.Американските претставници нагласија дека оваа недела ќе биде клучна во одлучувањето дали Соединетите Држави ќе продолжат да бидат вклучени во мировните напори, токму кога незадоволството на Трамп расте.На 28 април, Путин објави тридневен прекин на огнот од 8 до 11 мај по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, потег што специјалниот пратеник на Трамп, Кит Келог, го нарече „апсурден“.На прашањето дали му верува на Путин, Трамп избегна јасен одговор, велејќи во жестока размена со новинар: „Не им верувам на многу луѓе. Ниту вам не ви верувам“.„Путин сонуваше да ја преземе целата земја. Не мислам дека ќе му дозволам да го стори тоа“, заклучи Трамп.Додека преговорите се во тек, руските сили ги засилија нападите во последните недели, вклучително и во Сумската област. За време на претходното тридневно велигденско примирје во Русија, помеѓу 19 и 21 април, Зеленски ја обвини Москва за речиси 3.000 прекршувања на примирјето.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања