Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

levica-8123

Левица не го поддржува Законот за енергетика поради зголемената либерализација

Политичката партија Левица нема да го поддржи предложениот Закон за енергетика, пред сѐ, бидејќи со него, како целина, дополнително се продлабочува процесот на либерализација на пазарот во една од најкритичните стратешки области – енергетиката.,,Овој Предлог-закон јасно покажува дека државата нема ниту намера, ниту план да ги национализира енергетските капацитети и да ги стави во служба на јавниот интерес.Со либерализација, енергетскиот сектор и стратешките капацитети стануваат лесен плен за странскиот капитал, кој, мотивиран исклучиво од профитни интереси, нема да има никаква обврска да ги заштити националните интереси или да обезбеди пристапна цена за граѓаните.Сепак, во насока на активна заштита на интересите на потрошувачите, Левица поднесе сет амандмани со кои настојуваме да се ублажат најштетните аспекти на предложеното законско решение.Клучните области на нашите амандмани се:Зголемување на транспарентноста, одговорноста и контролата врз Регулаторната комисија за енергетика,Засилување на заштитата на потрошувачите во процесите на мерење, фактурирање и наплата на електричната енергија,Воведување на реални и пропорционални санкции за операторите што ги прекршуваат законските обврски.Левица ќе продолжи активно да се спротивставува на секој обид за приватизација на јавните добра, либерализација на стратешките сектори и отстапување на државниот суверенитет”, стои во ставот на Левица.

Македонија | пред 9 месеци

vlada-2024-mickoski

Никој не се пријави да прави софтвер кој ќе оценува позитивни и негативни вести, Владата објави нов оглас

Владата мораше да ја поништи набавката за софтвер што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални оцени.Причината, како што е наведено во известувањето за поништување објавено на Порталот за јавни набавки, е поради тоа што не била поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда за набавката​.Владата сакаше да ангажира компанија што ќе изработи софтвер кој ќе врши мониторинг на медиумите и тоа електронски, печатени, онлајн и објави на социјалните мрежи. Требаше да се оценуваат содржините како позитивни, негативни или неутрални. Се бараше и дневен извештај до 9 часот наредниот ден со детални податоци за медиумските објави, вклучително и име на медиумот, авторот, содржина и линк до оригиналниот извор​.Планираниот систем требаше да биде опремен со вештачка интелигенција, да биде достапен преку мобилна апликација, како и да функционира и offline за делот со транскрипција на говор во текст. Софтверот, според техничката спецификација, беше наменет за потребите на околу 30 државни институции и политички органи.Овој владин план за проект наиде на силни критики и во јавноста беше оценет како потенцијално опасен за медиумските слободи.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-03-at-09.28.26

Се бара притвор за зетот на Зоки Фаци, кој ги запали станот и викенд куќата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик, откако беа запалени станот и куќата на покојниот новинар Зоран Василевски-Фаци.“Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во викенд – куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени и со која водел бракоразводна постапка, со пожар предизвикал значителна опасност за животот на луѓето.Иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетната последица, се согласил со нејзиното настапување и откако еден ден претходно телефонски се заканувал на оштетената и на нивниот син, на критичниот ден со бензин предизвикал пожар најпрво пред влезната врата на викенд-куќата.Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата, а потоа осомничениот се упатил кон Скопје и на сличен начин предизвикал пожар пред влезната врата на станот.Откако ги сторил делата, ја известил оштетената дека ги опожарил двата објекти. Таа јавила на соседи во зградата кои почнале веднаш да го гасат и спречиле пожарот да се прошири кон другите станови од зградата.Ценејќи дека околностите под кои е извршено кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот се одликуваат со изразита пресметаност и висок степен на кривична одговорност, како и дека постои реална опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 9 месеци

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Ахмети не знае каде се кријат Груби и Бајрами: Сигурно се некаде во регионот

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не знае каде се кријат екс првиот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кои веќе неколку месеци се во бегство.Ахмети смета дека некогашниот негов човек од доверба се наоѓа некаде во регионот, пренесува ТВ Алсат.Истакнува дека нема комуникација со нив и дека не е истражен орган за да открива каде тие се наоѓаат.Груби и Бајрами се осомничени дека вршејќи ги своите посебни овластувања и должности, во 2023 година направиле штета на акционерското друштво со намера противправно да прибават буџетски средства на Лотарија во износ од над осум милиони евра. Обвинителството ги сомничи за кривичното дело проневера во службата.Груби е и на т.н. „црна листа“ на американскиот Стејт департмент.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Дали е на повидок свртувањето на Трамп кон Путин? Ројтерс открива што подготвуваат САД

Американските претставници го финализираа новиот пакет економски санкции против Русија, вклучувајќи мерки поврзани со банкарскиот сектор и енергетиката, за да го зголемат притисокот врз Москва да ги прифати мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс, повикувајќи се на тројца американски претставници и друг добро информиран извор.Цели на новите санкции се државниот руски енергетски гигант Газпром и други големи компании во секторите за природни ресурси и банкарство, изјави претставник на американската администрација. И тој и другите извори побараа анонимност поради чувствителноста на темата.Не се објавени дополнителни детали за предложените мерки.Сепак, не е јасно дали претседателот Трамп ќе го одобри пакетот, бидејќи неговото разбирање за позициите и потезите на Русија во последните недели отстапи место на фрустрација поради одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да ги прифати повиците за прекин на огнот и мировни преговори, според Ројтерс.„Советот за национална безбедност на САД се обидува да координира сет построги мерки против Русија“, рече извор запознаен со ова прашање, додавајќи: „Трамп мора да го одобри тоа“.„Конечната одлука е негова“, потврди друг американски претставник.„Од самиот почеток, претседателот беше јасен во врска со својата посветеност на постигнување целосен и сеопфатен прекин на огнот“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џејмс Хјуит. „Ние не коментираме за деталите од тековните преговори“.Министерството за финансии на САД, кое ги спроведува повеќето од санкциите, не одговори на прашањето на Ројтерс.Доколку Трамп ги одобри новите санкции, кои би дошле откако оваа недела потпиша договор со Украина за експлоатација на суровини, кој тој силно го промовираше како дел од мировна иницијатива, тоа би можело да значи заострување на неговиот однос со Кремљ.САД и нивните сојузници воведоа серија санкции врз Русија откако таа започна целосна инвазија на Украина во 2022 година. Иако овие мерки предизвикаа значителна штета на руската економија, Москва успеа да заобиколи дел од санкциите и да продолжи да ја финансира војната.„Трамп се труди најдобро што може да му даде на Путин секоја можност да каже: „Добро, прифаќаме прекин на огнот и крај на војната“, рече Курт Волкер, поранешен американски пратеник во НАТО и специјален претставник за Украина за време на првиот мандат на Трамп, додавајќи: „Ова е следната фаза од притисокот врз Русија“.„Путин ескалира“, рече Волкер Трамп и додаде: „Украина сега заеднички повикуваат на итно и целосно прекинување на огнот, а Путин е единствениот што одбива“.Откако повторно ја презеде функцијата во јануари, Трамп презеде низа чекори за кои се верува дека ги зголемиле шансите Москва да го прифати неговиот мировен план. Меѓу нив е распуштањето на работната група на Министерството за правда задолжена за спроведување санкции и таргетирање на олигарсите блиски до Кремљ.Тој, исто така, даде изјави во поддршка на Москва, вклучително и лажно тврдење дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е одговорен за конфликтот и дека тој е „диктатор“.Во исто време, специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, турка мировен план со кој би се предале четири украински региони на Русија и се сретна со Путин четири пати, најново минатата недела.Но, само три дена по таа средба, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повтори максималистичките барања на Кремљ за договор, додека руските сили продолжија со офанзивните операции и нападите со ракети и беспилотни летала врз украинските градови, со дополнителни цивилни жртви.Ројтерс објави во март дека САД подготвуваат план што би можел да ѝ овозможи на Русија да ги ублажи санкциите, но Трамп изрази незадоволство од двоумењето на Путин во последните недели и одржа она што го нарече „многу продуктивен“ состанок со Зеленски во Ватикан минатата сабота.Еден ден подоцна на неговата мрежа Truth Social, Трамп напиша дека „сериозно размислува за сеопфатни банкарски санкции, тарифи и други мерки против Русија“ кои ќе останат на сила сè додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор. „Можеби Путин не сака крај на војната, можеби само се задева со мене“, напиша Трамп.Волкер рече дека Русија сè уште заработува странска валута за финансирање на војната со продажба на нафта и гас на земји како Индија и Кина, и дека би било „многу значајно“ ако Трамп воведе секундарни санкции за вакви договори.Секундарните санкции се мерка со која една земја казнува трета земја за тргување со целен субјект, на пример, со тоа што ѝ го одзема пристапот до сопствениот пазар. Поради големината на американската економија, тоа е особено моќна алатка.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-03-at-09.28.26

(Фото) Запалени куќата и станот кои беа на Зоки Фаци

Куќата во Катланово и станов во Аеродром, кои беа сопственост на Зоран Василевски-Фаци, а во кои сега живее неговата сестра со внуците - биле запалени. За ова обзнани Стефан Лазаров, кој беше негов близок пријател. Сѐ се случило вчера утрината. За пожарот предизвикан во станот, изреагирале комшиите кои не дозволиле да се прошири на цел спрат. Од фотографиите може да се види дека на двете места изгореле само вратите.„Е сега се ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од таткото на внуците на Зоки (неговиот зет). Подолг период ги малтретира , им упатува закани по живот, е хроничен алкохоличар, пријавуван 100 пати до сега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие!. Вчера некој полицаец на Бети (сестрата на Зоки, сопруга на сторителот) на нејзина пријава дека сега поранешниот маж и најавил дека ќе ги запали, полицаецот и одговорил “аман секој втор ден ли ќе се расправаме со вас”??“, напиша Лазаров.Тој тврди: „Дополнително ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат , таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово. Веднаш се јавуваат во станицата во Аеродром и повторно го добиваат одговорот “Аман веќе од вас”. Откако го запалил ходникот , и колегите кои веќе се на увид во Катланово , интервенираат кај колегите во Аеродром и тек тогаш излегуваат на терен!! Замислете ситуацијата денес да ескалираше и да имаше поголеми последици!!!!!? Човекот е уапсен , вечерва во 21:00 е пред судија. Ги повекувам сите медиуми да извршат притисок за човекот да оди во затвор. Семејството на Зоки живее со месеци во страв и агонија. Човекот е неколку пати и пријавуван за семејно насилство!!!“.До овој момент, не успеавме да ги потврдиме овие информации од институциите, од каде очекуваме детали во текот на денот.[caption id="attachment_327937" align="alignnone" width="1364"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-03-at-09.32.27

(Фото) Ова навистина го објави Белата куќа!

Белата куќа сподели објава од американскиот претседател Доналд Трамп, кој објави фотографија генерирана од вештачка интелигенција од себе како папа.Пред неколку дена, Трамп, кога беше прашан од новинар кој треба да биде следниот папа, рече дека би сакал самиот да биде папа. Трамп се насмевна и се пошегува кога го слушна прашањето, одговарајќи: „Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор“. Тој продолжи да нагласува дека нема фаворит, но посочи дека Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк, би можел да биде добар избор. „Не знам. Немам фаворит. Но, морам да кажам дека имаме кардинал од Њујорк кој е многу добар, па ќе видиме што ќе се случи“, рече тој.Конклавата за избор на нов папа и поглавар на Католичката црква, која брои 1,4 милијарди членови, ќе започне на 7 мај, а бројот на кардинални електори кои ќе го изберат наследникот на починатиот папа Франциск се намали на 133 откако двајца кардинали изјавија дека не можат да дојдат во Рим поради здравствени проблеми.Претходните два конклава, одржани во 2005 и 2013 година, траеја само два дена. Бенедикт XVI беше избран во четвртиот круг од гласањето, а Франциск во петтиот.

Свет | пред 9 месеци

taravari-ahmeti

Ахмети: Чекорот на Таравари е храбар, разбра дека оваа Влада е антиалбанска

„Европски фронт, на чело со ДУИ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори“, изјави Али Ахмети.Тој посочи дека ќе бидат повикани сите партии од коалицијата, при што ќе се разгледа целата ситуација.Ахмети ја цени одлуката на Таравари да се одвои од ВЛЕН.„Секако, го цениме храбриот чекор на Таравари, кој многу порано разбра дека оваа Влада не е ништо повеќе од антиалбанска Влада, бидејќи дојде на власт со антиалбанска платформа. Сè уште не е изградена никаква стратегија. Господинот Таравари ми се чини дека рече: 'јас не сум роден во влада', и во моментот кога ќе стане неприфатливo, може да си замине. Но, ова се прашања на Таравари, тоа не се прашања на ДУИ, ниту на Европскиот фронт, тоа се внатрешни прашања што господинот Таравари треба да ги менаџира“, рече Ахмети.Таравари повеќе не е дел од ВРЕДИ, бидејќи другите лидери од оваа коалиција одбија да излезат со посебни листи за општински советници, како што побара тој.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

Дописникот на „Телеграф“ ја објави првата анализа за повлекувањето на САД

Ви ја пренесуваме во целост:„И тоа е тоа - САД преминуваат на пристап „рацете подалеку“ кога во прашање е завршување на војната во Украина.Преговарачите повеќе нема да летаат низ светот при првиот знак на потреба да се обидат да посредуваат во договор меѓу двете завојувани страни.Знаците дека Доналд Трамп се заморил од својата улога на миротворец се видливи со денови, бидејќи времето што го вети дека ќе го заврши конфликтот минува незапирливо.Тој ги вклучи своите најдобри луѓе во тоа во текот на првите 100 дена, изјави државниот секретар Марко Рубио минатата недела. Но, сега, додаде тој, мора да се фокусира на други приоритети.Всушност, ова е признание дека Русија не соработува. Украина веднаш го прифати предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот. Москва тапка во место.Трамп ги изрази своите сомнежи минатата недела - прашувајќи се дали Владимир Путин се меша во овие разговори. По таа позната, речиси интимна средба со Володимир Зеленски во Ватикан, тој стана поблаг кон Украина.Со договорот за минерали се признава дека Русија започнала целосна инвазија.Со повлекувањето од мировниот процес, претседателот го остава Кремљ во мала неволја. Според разузнавачките извори на CNN, Путин сега е фокусиран на зацврстување на позицијата на Русија на бојното поле, додека нејзината економија продолжува да се распаѓа.Дали ова значи дека Трамп се повлекува и од идејата за големо економско партнерство со Русија што го вети доколку се постигне договор? Тоа е една од главните цели на Путин - тој нема да сака да ја пропушти можноста.Дали рускиот диктатор ќе стане посериозен ако САД повторно заземат постуден став? Некои во Белата куќа се надеваат токму на тоа.Но, исто така е можно Путин едноставно да продолжи како и досега - да ја измачува Украина, да ги пополнува редовите на својата армија и да чека Западот да престане да го вооружува неговиот непријател.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

Америка се повлекува од мировните преговори

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откако Владимир Путин одби да се согласи на прекин на огнот, објави американскиот Стејт департмент.Стејт департментот соопшти дека ја менува својата „методологија на својот придонес“ во разговорите и повеќе нема да „лета околу светот при првиот повик“ за состаноци.„Секако, ние остануваме посветени на помагање и ќе направиме што можеме. Но, она што се промени е дека повеќе нема да летаме на половина пат околу светот кога некој ќе нè повика да посредуваме на состаноци; тоа сега е прашање меѓу двете страни. И сега е време тие да презентираат и развијат конкретни идеи за тоа како ќе заврши овој конфликт. Топката е на нивен терен“, изјави портпаролката на Стејт департментот за новинарите.Одлуката доаѓа веднаш откако САД и Украина потпишаа договор за минерали под услови поповолни за Украина отколку што се сметаше претходно, а американскиот претседател Доналд Трамп го одобри првиот круг испораки на оружје за Киев откако неговата администрација повторно ја презеде власта.Американскиот Стејт департмент соопшти дека Киев и Москва сега мора да презентираат „конкретни“ предлози за завршување на војната и да одржат директни состаноци за да постигнат договор.Доналд Трамп, според извори во Вашингтон, е сè повеќе фрустриран од однесувањето на Путин, а извештаите на американските разузнавачки служби објавени преку ноќ сугерираат дека рускиот претседател сега е ослабен и ги променил своите непосредни воени цели, фокусирајќи се на консолидирање на територијата што досега ја освоил.

Свет | пред 9 месеци

ukraina

(Видео) Руси нападнаа град во Украина: има мртви, десетици повредени

Најмалку 29 лица се повредени во руски напад со беспилотно летало врз украинскиот град Запорожје, а регионалниот гувернер Иван Федоров ги обвини руските сили дека гаѓаат цивилни цели.„Станбени згради, универзитет и инфраструктурен објект беа оштетени“, напиша Федоров на платформата за пораки Телеграм утрово.Украинските воздухопловни сили регистрираа дополнителни штети во ноќните напади со беспилотни летала во регионите Донецк и Дњепропетровск.Воздухопловните сили соопштија дека Русија лансирала околу 150 беспилотни летала, од кои повеќето биле пресретнати од украинската воздушна одбрана. Украина изврши голем напад со беспилотни летала на полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија.Руските медиуми и локалните жители објавија противвоздушен оган и експлозии во близина на воздухопловните бази, особено околу пристанишниот град Севастопол, каде што сирените за воздушен напад се слушале неколку пати во текот на ноќта.Детали за штетите не беа веднаш достапни. Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека пресретнало 121 украински беспилотни летала, вклучувајќи 89 над Крим.Иако овие бројки не можат да бидат независно потврдени, тие укажуваат на значителен интензитет на нападите од двете страни.

Свет | пред 9 месеци

05122024_MICKOSKI-4

Мицкоски: 80 општини поднеле околу 900 апликации за реализација на проекти

„Дозволете ми да споделам со вас една убава вест, а тоа е дека, ме информираше министерот за локална самоуправа дека заклучно со денеска, практично бидејќи имаше неколку денови оставени за по пошта да стигнат проекти, сите општини, 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека скоро 900 апликации од 80 општини се поднесени за реализација на проекти.„И можам да кажам дека сега имаме близу 900-тини само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот“, истакна тој.Мицкоски порача дека како Влада ќе продолжат да инвестираат во развој на општините.„Ние ќе продолжиме да реализираме и во периодот кој што следи и очекувајте многу убави вести, следниве неколку месеци, за граѓаните и за Македонија како држава, бидејќи ќе повторам добро е да се гради, тоа е она за кое што не избрале граѓаните“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_6897

Пијан возач бегал од полиција, тие го бркале низ Скопје

„На 01.05.2025 околу 20.40 часот на бул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски таблици, не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници од СВР Скопје и по кратко кратко време удрило во возило „голф“, сопственост на МВР. По преземени мерки, утврдено е дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Скопје | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

„Нема да дозволиме да се служат со трикови“, рече Мицкоски посочувајќи дека инспекторите ги контролираат цените во маркетите, по истекот на мерките

„Некој може да се обидува да се служи со трикови, ама тоа нема да се случи“, вели премиерот Христијан Мицкоски, а прашан, дали ќе има нови мерки за да не дозволи драстично зголемување на цените во маркетите, по истекот на мерките. Според него, изминатите два месеци имало дисциплинирано спроведување на мерката.„Лично разговарав со министерот и директорот на Пазарниот инспекторат, не само кај трговците туку и кај дистрибутерите и производителите. Да видиме да не има, при влезните фактури, трикови. А не само кај оние што ги продаваат во своите дуќани. Тоа нема да се дозволи“, рече Мицкоски.Тој додаде дека за еден месец наместо инфлација, има дефлација во економијата.„Нема да дозволиме да имаме стихијно однесување на пазарот“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-taravari-1

Состојбата во коалицијата е одлична, наскоро средба со Таравари, вели Мицкоски

Кусо и без објаснување, премиерот Христјан Мицкоски вели дека е состојбата во коалицијата е „одлична“, а потоа додава дека ќе има средба со колаициониот партнер и минситер за здравство, Арбен Таравари. Потребата од разговор доаѓа откако Таравари се скара со дел од структурите во ВЛЕН, кои го обвинија дека соработува со ДУИ.„Па ќе се случи наскоро“, рече премиерот Мицкоски.Претходно, во дел од медиумите беше пласирана информацијата дека средбата ќе биде до крај на оваа недела, но тоа не беше потврдено од ниту една од страните.“Досега нашата одлука е само една, а тоа е дека на листите за советници Алијанса за Албанците ќе настапи самостојно. За кандидатите за градоначалници имаме кажано дека сме отворени, пред сè со ВЛЕН, ако се расположени. Ако немаат, втората опција е самостојно, понатаму ќе видиме”, рече Арбен Таравари, министер за здравство.Во меѓувреме, вицепремиерот на Владата Александар Николоски во интервју за „360 степени“ изјави дека доколку Таравари соработува со ДУИ, тоа би претставувало политичко самоубиство.Оваа изјава на Николоски предизвика реакција од ДУИ. Од оваа партија прашуваат: „Зошто целата оваа омраза кон ДУИ и кон Албанците?“

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-3

Мицкоски: Јавниот и државниот долг е најнизок во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и државниот долг и очекувањата да продолжи нивното намалување, изјави:„Да, очекувам. Инаку имаме ниво на јавен и државен долг во однос на бруто домашниот производ којшто е најнизок во последниве пет години. Односно јавниот долг е некаде околу 57,7% од бруто домашниот производ, а додека пак државниот е 50,1%. Како Влада имаме јасна стратегија, до крајот на мандатот овие параметри да ги сведеме на следниве бројки и тоа јавниот да биде под 55%, зошто да не и под 50%, а државниот да биде под 45%, зошто да не и под 40%.Но, она коешто за мене е исто така важно е да номиналниот бруто домашниот производ биде 20 милијарди долари. Сега сме некаде на ниво од 17 милијарди долари за 2025 година. До крајот на овој мандат, очекувам Владата да ги исполни овие три стратешки цели, во делот на макроекономските показатели и мислам дека тоа ќе се случи. Да не речам сум сигурен, бидејќи како што кажав во месеците коишто следат ќе објавиме многу убави вести за македонската економија и за македонските граѓани.“

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-02-at-11.22.46

Вработени во ЗОО си ја бараат платата, велат дека немаат ни здравствено; Директорот не е ни на работа, рече Неделков од СОНК

Вработени во Зоолошката градина си ја бараат платата за изминатите два месеци. Тие велат дека немаат ништо против Зоолошката градина или Министерството за култура кои им исплаќаат плати, или пак против Град Скопје. Посочуваат дека никогаш не се случило 45 дена да немаат земено плата.„Овој протест е за да нѐ видат дека немаме земено плата за март месец. Плата имаме земено пред 45 дена. Вчера изгубивме и здравствено, бидејќи немаме плата на време. Имаме и колеги кои се на боледување. Кај без плата, па и без здравство. Замолувам тие кои се надлежни ова да го решат, за да ние поскоро земем плата. Си ја бараме заслужената плата која треба да ни ја дадат. Дали ќе исплаќаат по старо или ново - има синдикат, министерство. Ако ние не сме задоволни, ќе си поднесеме преставки до судот и ќе работиме според тоа што ќе ни кажат“, рече Миле Таневски, претседател на синдикална организација на ЗОО-Скопје.Тој порача дека ќе плаќаат камати ако не ги подмират долговите.„Банки, извршители почнаа, знаете како функционира оваа држава. Телефоните ни ги исклучија. Како понатаму, ќе треба да се договориме во Синдикатот. Ние го најавивме протестов, излеговме толку колку што сме. Велигден го пројдовме без плата, 1 Мај го поминавме без пари“, рече Таневски.Немаме луѓе, немаме работници по реони, порача зоо-негователот Мирослав Станковиќ. Апелираше да се донесат помлади работници.„Ова не е протест, туку за време на пауза, да испратиме порака дека ние секојдневно сме склони на повреди, а еве веќе немаме ниту здравствено. Зоолошка градина е подолго време е арена за политички пресметки. Нас тоа не нѐ интересира. Апелираме да ни се реши статусот. При крај ни се и финансиските средства“, додаде Мирослав Станковиќ, зоо-неговател.„Трпението е при крај. Со бирани зборови ја кажуваат нивната мака, нивната тага. Но факт е дека денеска немаат ни здравствено осигурвање. Секојдневно се изложени на повреди, а да останат без здравствено осугурвање е нехумано. Ако не се исплатат платите, веројатно и вратите на ЗОО да бидат затворени. За жал, добив информација дека директорот не е на работа, а мислев да се срентеме. Генерално директорот е задолжен за исплата на плата, а кој е надлежен по хиерархија, нас не нѐ интересира. Ние забелешките ќе ги упатиме до директорот. Според моите информации никој во Град Скопје нема земено плата“, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Скопје | пред 9 месеци

puls-35-1

Осум повредени од „Пулс“, се враќаат од лекувањето во странство

Денеска се враќаат осум пациенти од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациентиМинистерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти.Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија.Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-02-at-13.59.31

(Видео) Поставен оџакот на Сикстинската капела за избор на нов папа

Очите на светот свртени кон Ватикан.Течат подготовките за избор на нов папа. Членовите на противпожарните и спасувачките служби веќе го подготвуваат оџакот кој игра клучна улога во тоа.Со оглед на тоа што изборот за папа е затворен за јавноста и дека јавноста нема увид во случувањата во црквата во тие моменти, црковните службеници ќе ја информираат јавноста за резултатите од гласањето по секое гласање, преку бојата на чадот која излегува од оџакот.Ако се појави бел чад, тоа значи дека папата е избран.Во случај папата да не биде избран, гласачките ливчиња ќе бидат изгорени и на нив ќе се додаде „црна смеса“ што ќе го направи самиот чад црн. За граѓаните кои ќе се соберат на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, ова ќе значи дека папата не е избран.Конклавата за избор на 267-от папа ќе започне на 7 мај 2025 година, по завршувањето на мисите кои се одржуваат за покој на душата на починатиот папа Франциск.Се очекува 133 кардинали од целиот свет да го изберат новиот поглавар на Католичката црква. За валиден избор на нов папа се потребни две третини плус еден глас.

Свет | пред 9 месеци

znm

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

„Во најновиот извештај на Репортери без граници (RSF), Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година и се рангира на 42 место. ЗНМ го смета извештајот за реален и балансиран приказ на состојбите, кој јасно ги посочува постојните предизвици и потребата од суштински реформи“, велат од ЗНМ и додаваат:Во правниот дел, извештајот нотира дека националното законодавство сè уште не е усогласено со европските стандарди, а злоупотребата на т.н. SLAPP тужби (стратешки тужби против јавна партиципација) останува механизам за притисок врз критичките медиуми и новинари.Во делот за безбедност, и покрај позитивниот чекор со назначувањето на контакт точки во ЈО и МВР за случаи на напади врз новинари, извештајот бележи продолжени случаи на заплашување, притисоци и напади кои го нарушуваат чувството на сигурност кај новинарите, особено кај оние што известуваат за злоупотреба на моќ и корупција.Извештајот укажува на тенденцијата носители на јавни функции да имаат негативни и понижувачки ставови кон новинарите, а таквиот однос создава атмосфера на недоверба и недостоинство, која лесно се прелева и во јавниот дискурс, но и во реални закани и напади врз новинари.Во економскиот дел, се истакнува дека финансирањето на медиумите е ограничено и нетранспарентно, а редакциите често се подложни на економски влијанија.Извештајот се однесува на изборната 2024 година, во период на поларизирана политичка клима која резултираше со засилен партиски дискурс во јавната комуникација и медиумите.Овие наоди, според ЗНМ, претставуваат јасен сигнал до институциите дека се неопходни итни и координирани реформи за зајакнување на медиумскиот сектор и подобрување на положбата на новинарите. Клучните приоритети треба да бидат:Усогласување на националното медиумско законодавство со Европскиот акт за слобода на медиумите (EMFA), за да се обезбеди покохерентна и транспарентна правна рамка.Формирање на фонд за поддршка на медиумскиот плурализам, со цел зајакнување на независноста и одржливоста на професионалното новинарство.Ефикасно решавање на сите сериозни случаи на закани и напади врз новинари, вклучувајќи проширување на институционалните механизми и надвор од главниот град.Воведување на правни заштити против злоупотреба на SLAPP-тужбите, со цел заштита на новинарите кои известуваат во интерес на јавноста.Политичарите, особено оние на позиции на моќ, треба да преземат одговорност и да придонесат кон создавање на култура на почит, транспарентност и конструктивна комуникација со медиумите. Преку јавно признание на улогата на новинарите во демократското општество и воздржаност од навредлив говор, може значително да се подобри целокупната медиумска средина и да се зајакне довербата на јавноста.ЗНМ останува посветено на поддршка на реформите што ќе ја унапредат слободата на изразување, ќе ги подобрат условите за работа на новинарите и ќе придонесат кон зголемување на довербата на јавноста во медиумите.

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Целите на Путин се променија

Нovi разузнавачки информации собрани од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус во војната во Украина кон краткорочни цели. Фокусот е првенствено на консолидирање на контролата врз територијата што руските сили веќе ја зазедоа и зајакнување на економијата на Русија, која се бори со тешкотии, изјавија за CNN повеќе извори запознаени со разузнавачките извештаи.Ова е пресврт од претходните проценки на американските и западните разузнавачки агенции, кои сугерираа дека Путин верувал дека шансите се во негова корист и дека имал и моментум и човечки ресурси да води долготрајна војна против ослабената Украина со цел да ја преземе целата земја.Перцепцијата дека Путин можеби се предомислил се совпаѓа со верувањето на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите преговарачи дека рускиот претседател сега можеби е поподготвен да разгледа мировен договор отколку порано, изјавија за CNN два американски извори запознаени со дискусиите.Но, високи американски претставници остануваат скептични кон тврдењата на Путин за време на разговорите дека тој сака мировен договор, иако предлогот на САД е во голема мера поволен за Русија и вклучува признавање на поголемиот дел од територијата што ја зазела.Општо е прифатено дека дури и ако Москва се согласи со сегашната верзија на договорот, подоцна би можела да се обиде да ја обнови војната и да се обиде да заземе уште поголема украинска територија.„Мислам дека тој сега размислува - не би рекол поскромно - но во однос на поразумни, понепосредни цели“, рече еден висок западен разузнавачки службеник.Притисокот од администрацијата на Трамп, која сè повеќе се заканува со дополнителни санкции, и економската криза во Русија би можеле да го стават Путин во тешка позиција. Во исто време, можноста за големи американско-руски инвестиции ако војната заврши, што САД ја опишуваат како „историска можност“, исто така силно се нагласува во разговорите.„Сè зависи од тоа што САД ќе донесат на масата, така што не само што ќе ја прикажат победата дома, туку и навистина ќе почувствуваат дека постигнале нешто доволно големо за да оправдаат значајна пауза, а можеби и еден ден повторно да го започнат конфликтот“, рече истиот висок разузнавачки службеник.Изворот забележал дека Путин често се повикува на регионите од кои „потекнува рускиот народ“ и дека сè уште одржува „долгорочна цел“ за заземање на големи делови од Украина, која во својата идеологија ја гледа како „лулка на руската цивилизација“.Висок европски функционер се согласил дека Москва во моментов е подготвена да „ја игра играта“ и привремено да ги ограничи своите цели со цел да ги подобри односите со Вашингтон, но предупредил: „Јасно е дека тие не ги напуштиле своите максималистички воени цели“.„Кремљ се надева дека подобрените односи ќе го одвлечат вниманието од војната, по тактичка пауза, и дека потоа може да користи комбинација од воена сила, економски притисок, информативна пропаганда и политичко влијание за да ги постигне целите на Путин - не само во Украина, туку и пошироко“, рекол истиот европски функционер.Претходно оваа година, американските разузнавачки служби ги предупредија сегашните советници на Трамп дека контролата врз Украина останува главен приоритет на Путин, втор по опстанокот на неговиот сопствен режим. Тие, исто така, предупредија дека рускиот лидер ќе се обиде да го искористи секој знак дека новата администрација брза кон преговори, рекол извор запознаен со разговорите.„Путин се предомисли затоа што верува дека од другата страна е американски претседател кој не знае што прави и кој е фокусиран на брзи победи“, рече демократскиот конгресмен Џејсон Кроу, член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом.„Путин верува дека може да се постигне договор кој едноставно нема да се спроведе“, додаде Кроу.Дебатите за територијалните граници се фокусираа на пет области каде што Русија има најсилна контрола, вклучувајќи го и Крим, кој Путин го анектираше во 2014 година. Трамп рече дека Украина нема да врати голем дел од територијата што ја изгуби.Минатата недела, потпретседателот Џ.Д. Венс рече дека САД очекуваат конечно примирје „некаде блиску“ до сегашните бојни линии, со „некои територијални размени“.„Овој мировен договор се однесува на тие пет региони, но вклучува и многу повеќе“, рече Стив Виткоф, преговарачот на Трамп, кој се сретна со Путин четири пати оваа година, додавајќи: „Мислам дека можеби сме блиску до нешто што би можело да биде многу важно за целиот свет“.

Свет | пред 9 месеци

dpmne-ck

Падот на Индексот на Репортери без граници се должи главно на ширење на лажни вести, главната фабрика за тоа е СДС, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Падот на Индексот на Репортери без граници се должи главно на ширење на лажни вести и дезинформации. Главната фабрика за лажни вести и дезинформации, во отсуство на конструктивни политики се СДС и Венко Филипче, за што како партија имаат и осудителни пресуди за тоа“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Пример за лажна вест е последното соопштение и прес-конференција. Тие тврдат дека министри давале неколку илјади евра за ручеци, а во суштина и институциите демантираа кажувајќи дека се работи за исплати кон ресторански оператор за услуги за храна кои ги користат и плаќаат вработените од министерствата.Борбата против лажните вести е заедничка одговорност на сите општествени фактори. Потсетуваме дека СДС е главниот финансер и мецена на лажните вести и тој полусвет кој оваа партија го одржува. Тоа е последица и на отсуството на политики и предлози кои ќе бидат конструктивен фактор во општеството.СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал.

Македонија | пред 9 месеци

policija

На 1 мај се фатени 132 пијани возачи, а 114 без возачка дозвола

„Во текот на вчерашниот празничен ден (01.05.2025), а како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози дури 132 прекршоци се однесуваат за возачи кај кои после алкотестирање било утврдено недозволено количество на алкохол во крвта. Воедно биле откриени и 114 учесници во сообраќајот кои што немале возачка дозвола“, велат од МВР и додаваат:Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 115 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 42 мерки за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 37 лица кои не користеле сигурносен појас, изречени се 10 мерки за возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига како и седум санкции за возачи кои што говореле на мобилен телефон при возење.Исто така а согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а четири возила заради техничка неисправност.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-02-at-10.25.52

Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите, ситуацијата е „задоволителна“

Македонија е позиционирана на 42. место во светот според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници за 2025 година, што е пад од шест места во однос на лани кога беше 36-та.Земјава и покрај забалежаниот пад, сепак, по Словенија која е на 33 место и Црна Гора 37, е повисоко рангирана од останатите држави од регионот.Хрватска е 60-та, Бугарија 70-та, Албанија е на 80 место, Босна и Херцеговина на 86, Грција на 89, Србија на 96 и Косово на 99.Репортери без граници  ја оценува состојбата со слобода на медиумите во земјава како „задоволителна“.- Иако новинарите не работат во непријателска средина, широко распространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Исто така, владините претставници имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, се наведува во општата оценка за Македонија.Оценката на Репортери без граници за земјава се базира на неколу индикатори - Медиумски пејзаж, Политички контекст, Правна рамка, Социокултурен контекст, Безбедност.Медиумски пејзажИако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионалните онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина и индивидуалните портали кои плагираат и копираат и лепат содржина. Исто така, постои голем јаз помеѓу користењето и довербата: најгледаните телевизиски станици - Алсат, Сител, МТВ1, Канал 5 - имаат низок индекс на доверба.Политички контекстЦелокупната средина останува поволна за слободата на медиумите, но владините агенции не се многу транспарентни, а критичкото новинарство е сè повеќе предмет на напади. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок од властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност.Правна рамкаИако Уставот гарантира слобода на говор и забранува цензура, земјата бавно го хармонизира законодавството за медиуми со стандардите на Европската Унија, на која има намера да се приклучи. Процедурите на SLAPP тужбите служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во приватни медиуми предизвика загриженост за можно поврзано влијание.Економски контекстИако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, уредничкиот персонал на некои од главните телевизиски канали е изложен на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донатори. Странските грантови базирани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството е многу несигурна професија. Некои медиумски куќи се подложни на влијание од страна на маркетинг агенциите.Социокултурен контекстИако нема јасни ограничувања во социјалната и културната средина што влијаат на слободното новинарство, социјалните медиуми и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер закани. Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за намалување на јавната доверба во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка припадност или религија.БезбедностНеколку инциденти го намалија чувството на безбедност на новинарите, вклучувајќи палења на нивниот имот и случаите на полициско вознемирување. Од една страна, беше назначен специјален обвинител за да се занимава со случаи на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето слични канцеларии низ целата земја. Од друга страна, новинарите што известуваат за обвинителите се соочуваат со значителен притисок.Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници за 2025 година опфаќа 180 земји во светот.

Македонија | пред 9 месеци

ljupco

Девет месеци не е утврдено дали се исправни инсталациите на објектот каде загина младиот Љупчо Лешко

Девет месеци се испитува дали некој има вина за смртта на младиот диџеј Љупчо Лешко, кој загина од струен удар во приватен објект во Радишани, каде пуштал музика. Обвинителството и натаму без одговор на прашањето на „Скопје1“ - дали до овој момент има осомничени лица. Истовремено, и натаму се вршат вештачењата, по кои треба да се донесе јавнообвинителска одлука. Сомнежите се дека имало проблеми во инсталациите на објектот, каде исто така имало и базен. Токму тоа се испитува од почетокот на истрагата до сега, а се прават и распити.„Во конкретниот предмет, со цел испитување евентуална одговорност, по наредба на јавен обвинител извршени се повеќе вештачења, дополнувања на вештите наоди, мерења на заземјувањето и проверки на инсталациите на објектот. Во моментов се преземаат други дејствија на распити, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Претходно, адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е адвокат на родителите на загинатиот Љупчо, а кои очекуваат правда, рече дека истрагата треба да биде насочена кон сопственикот и менаџерот на објектот, бидејќи според него, го издавале без одобрение. Алармираше дека има крупни пропусти и од полицијата.„Во конкретниот случај како адвокат на оштетеното семејството сметам дека постои основано сомневање за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност и истражната постапка во оваа смисла треба и мора да биде насочена кон сопственикот на објектот како и кон лицето кое го менаџирало објектот преку позната инстаграм адреса со издавање за настани на кои биле собрани поголем број луѓе и со ставање на неисправна и неиспитана музичка опрема на располагање, без одобрение и согласност од надлежен орган“, рече Туфегџиќ за „Скопје1“, пред неколку месеци.Родителите пак, пред два месеци, посочија дека истрагата е претворена во турска серија.„Во случајот кој го водите во предистражната постапка која веќе премина во турска серија ние тврдиме дека нашиот син не е починат во несреќен случај туку во причинско-последичен случај заради неисправност на објектот“, вели во објавата Кети Лешко, мајка на загинатиот Љупчо дополнувајќи со: „Обвинителке, кабелот не е крив“.Љупчо Лешко работеше како ди-џеј. Критичната вечер кога загина, бил на приватен објект во Радишани. Таму имало две роденденски забави. Тој бил најмен од еден од славениците. Во текот на вечерта, кога се допрел на мискетата, го удрил струен удар, а починал на лице место.Семејството во два наврати зборуваше за ова во „Претрес“:?t=4877

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања