Промени тема
Контакт

Левица не го поддржува Законот за енергетика поради зголемената либерализација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
levica-8123

Политичката партија Левица нема да го поддржи предложениот Закон за енергетика, пред сѐ, бидејќи со него, како целина, дополнително се продлабочува процесот на либерализација на пазарот во една од најкритичните стратешки области – енергетиката.

— реклама —

,,Овој Предлог-закон јасно покажува дека државата нема ниту намера, ниту план да ги национализира енергетските капацитети и да ги стави во служба на јавниот интерес.Со либерализација, енергетскиот сектор и стратешките капацитети стануваат лесен плен за странскиот капитал, кој, мотивиран исклучиво од профитни интереси, нема да има никаква обврска да ги заштити националните интереси или да обезбеди пристапна цена за граѓаните.Сепак, во насока на активна заштита на интересите на потрошувачите, Левица поднесе сет амандмани со кои настојуваме да се ублажат најштетните аспекти на предложеното законско решение.

Клучните области на нашите амандмани се:

— реклама —

Зголемување на транспарентноста, одговорноста и контролата врз Регулаторната комисија за енергетика,

— реклама —

Засилување на заштитата на потрошувачите во процесите на мерење, фактурирање и наплата на електричната енергија,

Воведување на реални и пропорционални санкции за операторите што ги прекршуваат законските обврски.

— реклама —

Левица ќе продолжи активно да се спротивставува на секој обид за приватизација на јавните добра, либерализација на стратешките сектори и отстапување на државниот суверенитет”, стои во ставот на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања