Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Screenshot-2025-05-05-at-09.25.03

Тамара Тодевска сподели информација за состојбата на Панчо

Пејачката Тамара Тодевска одговарајќи на прашања од фановите откри каква е здравствената состојба на Панчо од ДНК.Откако беше прашана за нејзиниот колега и близок пријател кој е на болничко лекување по трагедијата во Кочани, а таа рече: „Панчо е, фала му на Бога, подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати”.Истовремено, Тодевска ја преработи есната „Време за плачење“ чија оригинална изведба е на Игор Џамбазов.Новата интерпретација е посветена на жртвите од трагедијата што се случи на 16 март во Кочани, и претставува трогателен музички омаж на загинатите.Со цел за поддршка и помош на семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани, Тамара Тодевска реши да организира хуманитарен солистички концерт.Музички настан кој ќе се одржи на 08 мај (четврток), од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во трагедијата.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-taravari-1

Денот „Д“ за Таравари: Ќе остане во Влада или ќе му се придружи на Ахмети

Денес ќе се знае дали Алијанса за Албанците на Арбен Таравари останува во Владата или ќе замине во опозиција. На долгоочекуваната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот Таравари, ќе бидат отворени клучните прашања од кои зависи и опстојувањето на сегашната владина коалиција во овој состав.Средбата вчера ја потврди премиерот Христијан Мицкоски.„Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Второ, дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене е неприфатливо како претседател на Владата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Претходно, ВЛЕН се откажа од Таравари и неговата партија повеќе не е дел од оваа коалиција на власт.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Познат идентитетот на загинатиот кај Дебар, во сообраќајка со мотоцикл

Триесет и тригодишен кичевчанец е загинат во сообраќајката што попладнево околу 14:30 часот се случила на патот Дебар-Струга, во близина на дебарското село Отишани, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.Сообраќајката се случила меѓу патничко моторно возило „пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот скопјанец Б.Г. и мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки кој бил управуван од 33-годишниот Б.Р..Како што додаваат од СВР Охрид на местото на сообраќајната незгода, животот го загубил мотоциклистот, а неговата смрт била констатираана од екипа на Итната медицинска помош од Дебар.

Македонија | пред 9 месеци

vatikan

Извештаите за сексуална злоупотреба на калуѓерки во Католичката црква се во пораст

Сексуалната злоупотреба на калуѓерки е едно од последните табуа во Католичката црква, но извештаите за злоупотреба се во пораст и тоа е скандал што идниот папа ќе има тешкотии да го игнорира, пишува Франс Прес.„Во минатото, калуѓерките многу страдаа и не можеа да зборуваат за тоа со никого, беше како тајна“, изјави сестра Кристина Шорк (41) за АФП додека шеташе низ плоштадот Свети Петар во Ватикан со своите родители. Бразилката, која работи за Ќерките на Марија Помошничка на христијаните во Рим, рече дека папата Франциск ја отворил „првата врата“ за жените да проговорат.По состанокот во Ватикан за злоупотребувачките свештеници во 2019 година, беа преземени низа мерки, вклучително и обврска за пријавување на вакви случаи кај претпоставените.„Сè уште е табу, но е постигнат напредок бидејќи никогаш не се зборувало за тоа како сега“, изјави за АФП сестра Вероник Маргрон, претседателка на Француската конференција на религиозни.Бавната промена на ставовите е јасно видлива во случајот со влијателниот словенечки свештеник и уметник Марко Рупник, кој беше обвинет од калуѓерки за сексуално и психолошко насилство врз нив во раните 1990-ти. Папата Франциск го укина застарувањето во тој случај дури во 2023 година за да може да се покрене кривична постапка против свештеникот.Лаура Сгро, италијанската адвокатка на петте обвинителки, за АФП изјави дека калуѓерките би можеле подобро да бидат заштитени „и со националното и со канонскиот закон“, првенствено со продолжување на застарувањето, и нагласи дека новиот папа мора да дејствува „веднаш“. Здруженијата на жртвите изјавија дека Ватикан не прави доволно, особено со одбивањето да ја укине тајната на исповедта.„Работите се движат напред чекор по чекор“, изјави за АФП висок црковен службеник, зборувајќи под услов на анонимност, истакнувајќи дека Франциск „ги осудил сите форми на злоупотреба“.Секој ден на плоштадот „Свети Петар“ може да се видат разни калуѓерки кои дошле во Рим за да учат, работат или да ги придружуваат аџиите, далеку од медиумската возбуда што ги придружува кардиналите. Меѓу нив е и сестра Марта, калуѓерка од Камерун во четириесеттите години, која рече дека сака Црквата „да знае како“ да одговори на „сексуалната злоупотреба и злоупотребата на моќ“.Папата Франциск во јануари назначи жена да раководи со ватиканска служба, прва во 2.000-годишната историја на црквата. Но, многумина бараат повеќе простор за жените, кои во црквата имаат далеку поголем број од мажите. Според бројките на Ватикан, во светот има 559.228 калуѓерки, во споредба со 128.559 католички свештеници.Тоа е наследство на „пирамидална“ и „машка“ визија, рече Марта Гадалета, генерален секретар на августинските сестри. Во Рим, сестра Евгенија, 67, изјави за АФП дека е убедена дека со „борбата против клерикализмот“, идејата дека свештениците се елита, „ние се бориме и против сите форми на злоупотреба“.

Свет | пред 9 месеци

filipce1

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на белосветски криминалци, како и на бандити од Шкаљарски и Кавачки клан, имаше кражби и убиства за кои немаше разврска ниту одговорност.Дали Филипче кога вели дека треба да се учи од Заев, мисли на тоа да шурува и да ги штити криминалните кланови како што тоа го правеше Заев.Дали Филипче кога вели нема друг како Заев, мисли на соработка со криминални кланови и бандити кога улиците во Скопје за време на СДС беа како дивиот Запад, убиства и мафијашки престрелки имаше на сред ден.Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?Криминалните кланови и нарко босови од регионот со години прават криминал благодарение на СДС и Заев кои им давале македонски пасоши. Се вршат убиства, се тргува со дрога и се врши организиран криминал со македонски пасоши на штета на угледот на државата.215 нарко босови хараат по светот и прават криминал благодарение на Заев и СДС.Заев и Спасовски тргуваа со туѓи идентитети и издаваа фалсификувани македонски пасоши на странци, кланови, нарко босови, убијци, дали и Филипче учи од Заев како да тргува со идентитети. Заев и Филипче се трговци со идентитети.СДС и Заев ја понижија државата и го нарушија достоинството на македонските граѓани, а сега Филипче сака истото да го прави. На Филипче идол му е Заев само поради огромните лукративни интереси.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните.СДС е синоним на предавства, неспособност и криминал.

Македонија | пред 9 месеци

alkatraz

Трамп нареди повторно да се отвори озлогласениот затвор „Алкатраз“

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша дека ѝ наредил на Владата, повторно да го отвори, обнови и прошири некогашниот озлогласен затвор Алкатраз.,,Обновете го и отворете го Алкатраз! Кога бевме посериозна нација, во минатото, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого би можеле да му наштетат“, напиша Трамп на платформата Трут сошл.Овој затвор кој не работи од 1963 година е сместен на остров близу познатиот мост Голден гејт во Сан Франциско.Трапм кажа дека Америка премногу долго е преплавена со злобни и насилни престапници кои ги повторуваат своите дела.„Повторното отворање на Алкатраз ќе служи како симбол на закон, ред и правда“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.Затворот кој беше со максимално обезбедување е познат како Карпа и беше затворен во 1963, одтогаш е туристичка атракција.„Денеска му наредив на Бирото за затвори, заедно со министерството за правда и ФБИ, повторно да го отвори Алкатраз, да го обнови и прошири. Затворот ќе стане дом на најбезмилосните и најнасилни американски престапници“, напиша Трамп.„Во постојните федерални затвори има многу слободни места, па нема потреба од нов затвор. Алкатраз имал репутација на строг затвор и Трамп сака да испрати порака дека неговата влада ќе биде цврста со криминалот“, изјави Габриел Џек Џин, професор по право на Универзитетот Калифорнија.Никогаш официјално не е регистрирано успешно бегство од Алкатраз, иако петмина затвореници се наведени како исчезнати и се претпоставува дека се удавени.Алкатраз беше затворен бидејќи било премногу скапо да продолжи да работи, претежно поради неговата островска локација. Неговото работење било речиси три пати поскапо од кој било друг федерален затвор.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-19-at-16.17.04

Тошковски наместо да шиканира треба да одговори дали има пропусти при рацијата, вели Левица

„Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата за дискотеката „Пулс”, тој посегнува по евтини политички манипулации, обвинувајќи ја опозицијата за настани што се резултат на длабока човечка болка и барање за правда“, вели Левица и додава:Имено, едно од клучните прашања кое остана неодговорено е зошто оперативната акција кобната вечер започнала дури во 2:30 часот?! Дел од информациите се дека таа вечер имало насока од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) за оперативна акција низ повеќе дискотеки во Македонија од 1 часот. Но, одговорните лица за територијата на Кочани одлучиле прво да вршат рација во кафич во населбата Оризари, наместо веднаш да се упатат кон дискотеката каде имало високофреквентен настан, со присутни млади од повеќе градови во Македонија.Надвор од сите безбедносни процедури и проценки е оперативната акција да започне пред самиот крај на настанот. Дел од дежурните на смена кобната вечер во ОВР-Кочани важат и за партиски активисти на актуелната влада, што фрла одредени сомнежи врз селективноста на истрагата. Сведоци говорат и дека рацијата пристигнала пред дискотеката „Пулс” во 1:30 часот, но дури еден час подоцна влегла во дискотеката.Јавноста оправдано бара одговори за огромната трагедија која настана поради низа системски пропусти, но министерот Тошковски наместо професионално известување, шири лажни тези за манипулација, со цел да го угуши оправданиот револт.Скандалозни, навредувачи и дегутантни се изјавите на Тошковски дека и протестите на семејствата биле организирани од опозицијата. Министерот Тошковски треба да се запраша: зошто овие луѓе немаат доверба во институциите? Обидите за дискредитација на родителите и нивната болка се врв на политичка безобразност.Неселективна истрага за оваа трагедија мора да има и затоа не смее да се штитат и актуелните началници и полициски службеници кои биле одговорни за спроведувањето на оперативната акција кобната вечер. И покрај сите обиди на власта да ја угуши секоја критика, Левица ќе продолжува да бара одговори, со цел ниту еден одговорен да не биде заштитен заради неговата партиска припадност.

Македонија | пред 9 месеци

DSC_0052

Детали за грозоморното убиство во Скопје: си ја убил партнерката бодејќи ја со нож по врат, пред ќерката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Истрага е поведена и против уште едно лице за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 од Кривичниот законик.Првиот осомничен, вчера при вршење семејно насилство во домот во Шуто Оризари, ја лишил од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Делото го извршил во присуство на 5-годишната ќерка. На жртвата и нанел повреди и убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои таа починала на лице место.Веднаш потоа избегал од домот, во што му помогнал вториот осомничен кој му дал друга облека и му овозможил превоз со автомобил до граничниот премин Табановце. Во непосредна близина на границата го оставил и се вратил во Скопје каде се обидел да ги прикрие трагите на своите помагачки дејствија.Осомничениот за убиство продолжил кон границата каде бил запрен и уапсен.Во текот на денешниот ден, по наредба на јавен обвинител беа преземени повеќе дејствија со кои беше пронајдено оружјето со кое е извршено убиството, облеката на сторителот и други материјални докази кои се обидел да ги прикрие и кои ќе бидат предмет на вештачење.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор и за осомничениот за убиството и за неговиот помагач.

Скопје | пред 9 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски до Ахмети: Ако е мудар ќе сфати зошто е во опозиција, сѐ уште живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски го советува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да не живее во минатото, туку да гледа во иднината. Ако е мудар Ахмети, вели, ќе сфати зошто е во опозиција.„За жал господинот Ахмети сѐ уште живее во минатото, затоа што ако живее во сегашноста ќе може да направи огромна материјална разлика помеѓу минатото и луѓето од минатото и сегашноста во која тој е во опозиција, а околу него има многу милионери кои што се збогатиле врз грбот на граѓаните во Македонија. Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата”, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-02-at-12.12.56

За Мицкоски е неприфатливо Таравари да има тивок договор со ДУИ за соработка на локалните избори

Утре ќе седнат на маса премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и министерот за здравство и доскорешен член на коалициската Вреди, Таравари.Се очекува да се отвори темата за понатамошното функционирање на Арбен Таравари во Владата. Средбата денеска ја потврди премиерот Христијан Мицкоски.„Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Второ, дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене е неприфатливо како претседател на Владата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

soobrakajka

(Видео) Шема преку која се избегнала одговорност за сообраќајка во Тетово: обвинет е ослободен оти не возел, но не е гонето лицето кое признало дека возело

Сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски, посочува дека системот е трул до тој степен, што остава простор дел да „падне“ и при најмало „тресење“. Трпевски посочи и конкретен пример во правосудството, односно предмет кој се судел во Тетово.Обвинителството гонело лице за предизвикување на сообраќајна несреќа. Во текот на постапката, обвинетиот кажал дека тој не го управувал возилото, туку патник во автомобилот. Медицински вештак рекол дека тоа е точно, поради типот на повредите. Судот го ослободил обинетиот, но патникот никогаш не бил гонет.Тој раскажа многу вакви примери на селективност и неказвиност, а зборуваше и за низа сообраќајки во Македонија.Гледајте тука:

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-04-at-10.44.38

(Видео) Се преврте автобус на автопат во Хрватска: има загинати и повредени

Две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во страшна сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот А3 помеѓу клучките Поповача и Криж.Полицијата соопшти дека несреќата во која бил вклучен автобус со босански национални ознаки се случила помеѓу 82-ри и 83-ти километар од јужната и северната страна на автопатот и дека сообраќајот е прекинат и се пренасочува по државни, окружни и локални патишта.– Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 03:10 часот. Според првичните информации, две лица се починати, додека неколку други се повредени и префрлени во блиските болници – изјави за HRT Маја Филиповиќ , службеник за односи со јавноста во полициската управа Сисак-Мославина.Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности на трагедијата, на која се наоѓаат сите служби за итни случаи.

Свет | пред 9 месеци

Tito

Пред 45 години почина претседателот на СФР Југославија, Јосип Броз Тито

Пред 45 години на денешен ден, на 4 мај 1980 година, почина Јосип Броз Тито (88), претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), врховен командант на вооружените сили на Југословенската народна армија (ЈНА) и еден од основачите на Движењето на неврзаните.Тито е роден во Кумровец, место на словенечко-хрватската граница, во мај 1892 година, а 25 мај е одбележан како датум на неговото раѓање, кој е прогласен за Ден на младоста и за време на кој штафетна екипа доаѓа во Белград, на стадионот на ЈНА, кој привремено ја обиколува цела Југославија.Тој беше на чело на федералната држава, составена од шест републики, помалку од 35 години, од ослободувањето на земјата по Втората светска војна во 1945 година, па сè до неговата смрт.Тој ја изведе Југославија од Источниот (Советски) блок и спроведе реформи, по што опустошената и сиромашна земја стана средно развиена, со современ образовен и социјален систем.Сепак, конфискацијата и национализацијата на речиси целиот приватен имот, како и отсуството на демократски систем, слободни медиуми и слободни избори, доведоа до строга државна и партиска контрола врз целиот повоен живот, а идеолошката ексклузивност на владата ги чинеше слободата, па дури и животите на многумина кои не беа подготвени или не можеа да се прилагодат.И покрај ова, тој уживаше огромна популарност меѓу народот, што пониските лидери на социјалистичкиот систем го искористија за да изградат култ на личноста, со надеж дека ова ќе им биде корисно за нивното понатамошно владеење дури и по смртта на Тито.Движењето на неврзаните, во чие основање одигра огромна улога, ја зајакна неговата позиција на меѓународната сцена и ја доближи Југославија до жителите и пазарите на земјите од Африка и Азија, што имаше позитивен политички и економски ефект.Како државник од релативно мала земја со 20 милиони жители, тој стана непропорционално важна фигура во светската политика, влијателен, популарен и добредојден гостин во речиси сите светски центри, од Лондон и Вашингтон, до Москва и Њу Делхи.Системот на самоуправување во економијата, кој беше воведен во средината на седумдесеттите години од минатиот век, сепак, не го издржа тестот на времето, економијата не стана доволно конкурентна, ниту способна да вработи соодветен дел од населението.Во последните години од неговиот живот, можеби без неговото одлучувачко влијание врз донесувањето одлуки, задолженоста на земјата нагло се зголеми со зајакнувањето на социјалните, а подоцна и националните тензии, што десет години подоцна во 1990 година ќе доведе до крвав распад на Југославија и формирање на мали национални држави, слабо влијание и минијатурна политичка моќ.Тито почина на 4 мај 1980 година, во 15:05 часот, во Клиничкиот центар во Љубљана, по компликации по ампутација на ногата и други акумулирани здравствени проблеми.Неговото тело беше транспортирано со „Синиот воз“ до Белград, а по патот беше придружено со цвеќе и солзи од стотици илјади граѓани кои го посетија починатиот лидер, изложен на ковчег во зградата на собранието, во следните неколку дена.На погребот на Јосип Броз Тито присуствуваа повеќе од 200 истакнати личности од целиот свет, претседатели, премиери, кралеви, владетели и партиски лидери од 107 земји. Меѓу нив беа Индира Ганди, Маргарет Тачер, Леонид Брежњев и многу други.Речиси половина век по неговата смрт, Тито остана контроверзна и историски исклучително интересна личност. Неговиот гроб, како и Музејот на Југославија во непосредна близина, секоја година го посетуваат илјадници луѓе од поранешна Југославија.Денес, на годишнината од неговата смрт, Музејот на Југославија ќе биде отворен од 10 до 18 часот, а влезот ќе биде бесплатен за посетителите.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-04-at-09.25.57

(Видео) Шекеринска одговори што ќе биде со НАТО ако САД се откаже членството, но и кога Украина ќе стане членка

Познатиот тиктокер Макс Клименко, кој е роден во Украина а живее во Обединетото кралство, е втор кој изминативе денови прави интервју со заменик генералната секретарка на НАТО Радмила Шенернска. Тој прво ја праша кога Украина ќе се приклучи на НАТО, на што таа одговори „Јас го немам одговорот“.Кога тиктокерот и посочи дека за Украина да се приклучи, треба само да се гласа, Шекеринска рече дека за тоа се потребни 32 гласа. На крајот беше прашана што ќе биде со НАТО ако САД се откажат од членството во НАТО.„Го прашав НАТО повторно за Украина. За целиот свет е очигледно дека Русија не сака мир. Тие го покажаа ова со отфрлање на секој продолжен предлог за прекин на огнот или мировен план. Нивната основна цел да ја избришат независна Украина од картата не се променила и нема да се промени. На Украина ѝ се потребни сојузници, а на сојузниците им е потребна Украина за да победат. Патот на Украина кон НАТО е неповратен, а приклучувањето на Украина кон Алијансата е од суштинско значење за европската и глобалната безбедност“, напиша тиктокерот Клименко.

Македонија | пред 9 месеци

ukraina41424

Неколку згради во Киев беа оштетени во ноќен напад со беспилотни летала

Во ноќен руски напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев, оштетени се неколку станбени згради, а бројни автомобили се запалени, објавија украинските власти.Фрагменти од уништени беспилотни летала предизвикаа пожари на станбени згради во киевските области Оболонски и Свјатошински, како и на бројни автомобили, објави Тимур Ткаченко, првиот човек на воената администрација во Киев.Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку пораки на Телеграм, ги повика своите сограѓани да останат во засолништа, додавајќи дека медицински екипи се повикани и во Свјатошински округ.

Свет | пред 9 месеци

goce-delcev624523

Годишнина од смртта на Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите

Денеска се одбележуваат 122 година од смртта на револуционерот Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од османлиската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница, Серско.Неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_4638

Таравари се ракуваше со Мицковски, но не и со Меџити и Касами

Иако беа на исто место и исто време бившите коалициски партнери од Вреди, Таравари, Меџити и Касами, буквално се однесуваа како да не се познаваат. Дури ни учтиво не се ракуваа иако до пред месец ,, цветаше” коалициската љубов.Но, Таравари на официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар се поздрави само со премиерот Христијан Мицкоски.Од понеделник по празничниот викенд, како што најави премиерот ќе се сретне со Таравари по што ќе се знае дали тој ќе остане дел од Владата или ќе замине во опозиција.Таравари вчера во Слупчане се поздрави со Али Ахмети.

Македонија | пред 9 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Жена убиена во Скопје, сопругот се дал во бегство - уапсен на граница

Денеска (03.05.2025) околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници од РЦГР Север го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело “убиство”.Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Н.А. се дал во бегство, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода и во координација до јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-03-at-11.07.39

(Видео) Шекеринска се качи на скала и даваше интервју: Ако работата беше храна, мојата ќе беше мусака

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, се качи на скала и учествуваше во шоуто „Career Ladder“, каде одговараше на прашања поврзани со нејзината работа.Во најавната шпица на ова претпознатливо шоу, оди тонско парче во кое низ шега се вели „Се надевам нема да ти се мочка, зошто е време за напредување во кариерата“.На прашањето „Ако работата ти беше храна, која храна ќе беше?“, Шекеринска рече: „Мусака, сѐ во едно тавче“:Инаку, ова шоу има милионска публика.

Магазин | пред 9 месеци

Нема фотографија

Вучиќ итно хоспитализиран на ВМА во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше примен на Военомедицинската академија.Претседателот бил пречекан од министерот за здравство Златибор Лончар и од д-р Драган Динчиќ, поранешен лекар на Борис Тадиќ, објавија Телеграф и Блиц.Вучиќ ја прекина посетата на САД, каде што требаше да се сретне со претседателот Доналд Трамп, бидејќи му се слошило.Јавноста за здравствената состојба на српскиот претседател ќе биде подетално информирана во наредните денови.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски зборуваше за маршот во Скопје, на родителите чии деца загинаа во трагедијата во Кочани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, смета дека тоа што родителите на загинатите во трагедијата во Кочани не дошле случајно да протестираат во Скопје на денот на кој Собранието расправаше за интерпелацијата за неговата работа.Тошковски вели дека луѓето биле организирани да одржат протест во Скопје тој ден, од страна на опозицијата, пренесува Слободен печат.Министерот вчеравечер во гостување на „Алфа“ рече дека „се срами што е дел од општество во кое опозиција сака на сметка на солзи на родители кои изгубиле чедо, да добие лајк на Фејсбук“.„Навистина, јасно е сето на коешто го направија. Па, гледаат луѓето. Секој еден Македонец кој што го следеше оној ден со интерпелацијата… Што сакаат, да веруваат дека не случајно ги организираа луѓето да дојдат на денот на интерпелацијата, а дел од тие луѓе не знаеа дека има интерпелација за министер за внатрешни работи? Не случајно имаше списоци кај одредени луѓе коишто поставуваа одредени прашања, кои беа поставувани како што беа поставувани. Јас не знам каде ќе им оди душата на овие… ништо не можам да кажам друго освен политички лешинари со овие дејства кои очигледно ги преземаа?“, рече Тошковски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-02-28-at-17.04.00

Вработен во казино во Бурел, договорил грабеж: го спровел со двајца скопјани

Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение спрема три лица како извршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 2 од Кривичниот законик, сторено на 11 април во казино во Бутел.Јавниот обвинител поведе истрага, бидејќи постои сомнение дека тројцата се дружиле за да извршат кражба и од казиното одзеле 1.460.856 денари.Претходниот ден, осомничените – двајца браќа на возраст од 20 и 22 години, како и 29-годишник вработен во казиното, седеле во кафе бар и се договориле како да ја извршат кражбата.Според договорот, на критичниот ден, осомничениот вработен во казиното им дал знак кога е погодно време за реализација на кражбата. Браќата дошле со автомобил пред казиното, при што едниот останал во возилото, а другиот маскиран насилно влегол во објектот, се упатил кај касата и првично му покажал пиштол на вработениот – осомничен како да му се заканува. Потоа пиштолот го оставил на пултот и заедно ја наполниле торбицата со парични средства од вкупниот промет од претходниот ден, со намера противправно да ги присвојат. Веднаш потоа двајцата браќа избегале од местото на настанот.Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности и исполнетоста на законските основи, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за двајца осомничени кои се лишени од слобода. Се предлага забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице во Судот, привремено одземање на патните исправи, забрана за посетување на казиното и забрана за приближување, воспоставување или одржување контакти со останатите осомничени.За третиот осомничен кој е во бегство предложено е определување мерка притвор која ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Скопје | пред 9 месеци

evropski-sud

Ристовска, Ристова, Габер Дамјановска, Даштевски, Менкиновски-со аспирации за судија во ЕСЧП

Ристовска, Ристова, Габер Дамјановска, Даштевски, Менкиновски-со аспирации за судија во ЕСЧПНа конкурсот на МНР за нов македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур се пријавиле 21 лице.Според информациите, меѓи нив има судии, обвинители, адвокати.Од јавноста не сокрија дека амбиции имаат обвинителката Ленче Ристовска и судијката Оља Ристова.Неофицијално на списокот се наоѓаат и Наташа Габер-Дамјановска, поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, но и членот и експретседател на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, а во некои кругови се споменува и името на обвинителката Фатиме Фетаи. Желба има и заменик-директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, Илир Исени, разрешената претседателка на Врховниот суд Лидија Неделкова, владиниот агент за застапување на земјава пред ЕСЧП Даница Џонова, како и повеќе адвокати, меѓу кои и Тони Менкиновски, судии и обвинители.Апликациите ќе ги разгледува Меѓуресорската комисија формирана со владина одлука која треба да изврши селекција на тројца кандидати, а конечната одлука ќе ја донесе Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа. Селекцијата и проверка на тоа кој од кандидатите ги исполнува условите почнува од понеделник.Деветгодишниот мандат на новиот судија ќе почне на почетокот на 2026 година.

Македонија | пред 9 месеци

darko-kostadinovski

Костадиновски : На 19 јуни ќе се одржи Подготвителната седница за Законот за јазиците

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски во интервју за ТВ магазинот „Трилинг” емитувано на 2 мај 2025 година, изјави дека Подготвителната седница за Законот за јазиците е закажана за 19 јуни 2025 година. Претседателот на Уставниот суд објасни дека поради трагедијата во Кочани, Судот еднаш ја одложи седницата, а неговите проценки се дека после локалните избори наесен веќе ќе има одлука на Судот.„На 19 јуни ќе организираме подготвителната седница, по неа ќе ни требаат до два месеци да се подготви нов реферат и да се сублимираат сите мислења на сите учесници. Моја проценка е дека конечната улога ќе биде донесена после изборите, рече тој„Да не се случеше трагедијата, подготвителната седница ќе беше веќе завршена, и за во јуни некаде природно би дошло носењето на одлуката. После подготвителната седница ќе ни требаат месец, месец и пол, два, за да се подготви нов реферат, за да се сублимираат сите мислења на сите учесници…Не знам за кога ќе бидат распишани изборите, пореални се шансите и пообјективно би било, затоа што ние за самата седница кога беше само најавена видовме, тешки политички манипулации, политизација, етнизација, тешки критики за уставниот суд”, рече претседателот.Костадиновски оценува дека во државата нема проблем со меѓуетничките односи, туку со нивната злоупотреба.„Постојат теми во нашето општество што се неподобни за политичка експлоатација. Такви се меѓуетничките односи. Тие се многу важни за општество какво што е македонското. Но, мојот длабоко уверување е дека ние во овој стадиум на развој на нашето општество немаме проблем во меѓуетничките односи. Имаме друг тип на проблем,а тоа е злоупотреба на меѓуетничките односи за политички цели. Ете тоа го сведочевме целиот изминат период и по постапувањето за „Балансерот” и Законот за јазиците. Ние имаме една понасушна потреба. Jас се согласувам дека меѓуетничките односи се еден од столбовите за стабилност на нашата држава. Но во овој момент, мое лично убедување, има еден уште поважен темел за стабилноста на нашата држава. Тоа е владењето на правото. Реално и вистинско, не лажно и не деклараторно. Никој не треба да стравува од нашето постапување. Ниту едно право што секој еден граѓанин го ужива од нашиот Устав, нема да биде ускратено. Нашите правни стојалишта за кој било закон ќе го натераат законодавецот да направи подобар закон, потенцираше Koстадиновски.Претседателот на Уставниот суд се обрати до граѓаните и порача да бидат спокојни и да не веруваат на политичките манипулации, бидејќи Уставниот суд е тој кој го штити Уставот.„На што се темели историската недоверба во институциите на системот? На недостатокот на владење на правото. А што е владењето на правото? Тоа е состојба на уставност. А состојбата на уставност која штити? Уставниот суд. Затоа од нашето постапување никој, ама баш никој не треба да стравува, не треба да трепери општеството какво одлука ќе донесеме. И еве не сакам да полемизирам со политичките фактори, политичката култура ми е добро позната. Нема да го сменам тоа нешто, но сакам да се обратам до граѓаните. И континуирано тоа го правам. Да си бидат спокојни. Ништо страшно нема да се случи. Еве „Балансерот” го укинавме, се случи ли нешто страшно? Не. Законот за iазиците? Ниедно право што секој еден граѓанин го ужива по нашиот Устав, нема да биде ускратено. Граѓаните можат да бидат среќни со постапувањето на Уставниот суд. Зашто? Затоа што нашите наоди, правни стојалишта за било кој закон, ќе го натераат Законодавецот да направи подобар закон од тој што го направиле”, истакна Костадиновски.Соочен со фактот дека на 14 април истече рокот од шест месеци кој Уставниот суд му го предложи на Собранието за да се направат интервенции во Законот за електронски комуникации, Костадиновски кажа дека е во комуникација со претседателот на Собранието, Африм Гаши и добил информација дека се бара решение во однос на спорните одредби за мета податоците на сите граѓани кои ги чуваат операторите, а кои потоа ги користат безбедносните служби. Костадиновски објасни дека станува збор за мета податоци од секој граѓанин кои ги чуваат телефонските оператори, како што се комуникациите преку апликации, повици, локации итн. а потоа во случај на кривични дела може да ги користат истражните органи.„Во комуникација сум со спикерот на Парламентот- Гаши, јас очекувам многу брзо да добијам одговор, најавен ми е одговор, во која фаза е Собранието, зашто ние му одредивме рок од шест месеци, поминаа шест месеци, ние не би сакале и не случајно јавно имам кажано, доколку Собранието не постапи во согласност со нашите правни стојалишта, ние немаме избор. Ние мораме да интервенираме во тој закон. Но последиците, ако настапат, не дај Боже, тогаш ние не сносиме никаква одговорност. Собранието имало доволно временски период да се усогласи со нашите стојалишта, кажа Костадиновски.Претседателот на Уставниот суд, д-р Костадиновски изјави дека според него, овој состав од судии донел најреволуционерни промени, во споредба со било кој состав на Судот од неговото основање по прогласување на независноста на државата.„Овој состав на Уставниот суд е далеку пореволуционерен и од првиот, наречан најугледен состав. Еве ќе ви кажам зашто. Моите колеги во првиот состав не ги виделе слабостите на деловникот што самите го донеле? Манипулативен, подобен за политички инфилтрации. Без рокови може судија, известител да држи предмет 9 години, председател на суд може 3 години додека му трае мандатот, некојпредмет да не го изнесе на седница на Судот. Ева сега ја ќе ви кажам што е разликата меѓу тој, кој сите го викаат за најеминентен состав, го квалификуваат првиот состав на Уставниот суд, компарирано со овој. Новиот Акт на Судот ги адресира сите слабости на Уставниот суд. Нема веке чување на предмети од судија-известител. Шест месеци има да го сработи предметот и да го достави до претседателот на Судот. Ако не го направи тоа, Судот му го одзема правото. На председателот на Судот одземено му е правото да биде манипулативен, 3 години да го чува предметот, додека му трае мандатот. Ако за еден месец не го извадам предметот на седница на Судот, може да ми се одземе правото. И тоа не е една револуционерна промена, има и други. Затоа, ако јас зборувам, било кој да е експерт, ама било кој и да е еминентен, но еминентен не само по статус, туку по завршена работа. Да видиме што сработиле. Дали ја обезбедиле независноста и самостојноста на Уставниот суд? Дали обезбедиле Закон за Уставен суд? Ништо не направиле. Еве јас ќе ви кажам. Уживале во комфорноста на функцијата. Ето тоа е моето мислење. И може да бидам критикуван за ова, но, кога зборуваме за нешто, треба да зборуваме со факти. Што оставиле зад себе? Дали оставиле подобар Уставен суд? Дали успеале да донесат закон?затоа сега организиравме и јавна дебата на таа тема, изјави претседателот Дарко Костадиновски.

Македонија | пред 9 месеци

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

На Вучиќ му се слошило, ја прекина посетата на САД и се враќа во Белград

На српскиот претседател Александар Вучиќ нагло му се слошило. Затоа ја прекинал посетата на САД и е на пат кон Белград.Синоќа побарал медицинска помош. По ова, донесена е одлука тој да се врати во Србија, јавија српските медиуми.По ова, Вучиќ нема да се појави на највените настани кои беа цел на посетата на САД:куса средба со американскиот претседател Доналд Трамп, средби со конгресменката Клаудија Тени, Род Благојевиќ и српски претприемачи од САД.За негивата здравствена состојба, кабинетот на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста во наредните денови.Вучиќ претходно изјави дека во никој случај нема да ја откаже посетата на Москва на 9 мај, но сега и присуството на парадата е доведена во прашање.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања