Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

IMG_6897

59-годишник полово нападнал малолетник во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник, согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.„На 24.08.2024 година, во парк во населбата Чаир, обвинетиот извршил други полови дејствија врз дете кое во тој момент имало наполнети 15 години. Започнал да го допира детето, но тоа му ја фатило раката и се заканило дека ќе повика полиција. Во тој момент обвинетиот се обидел да избега и да се скрие во влез од зграда. Детето ја затворило вратата од влезот и повикало полиција која го привела обвинетиот.За обезбедување на обвинетиот во текот на постапката на сила се мерки на претпазливост определени од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот“. велат од Обвинителството.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-06-at-11.01.34

Неочекуван исход: Германија не успеа да избере канцелар

Лидерот на германските христијански демократи, Фридрих Мерц, не успеа да го освои потребното мнозинство во Бундестагот за да биде избран за германски канцелар во првиот круг од гласањето, што е неочекуван удар за неговата нова коалиција со социјалдемократите.Мерц (69), кој на чело на Христијанско-демократската унија CDU/CSU победи на федерално ниво во февруари и договори коалиција со социјалдемократите (SPD), доби само 310 гласови во Долниот дом на парламентот, објави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. Му беа потребни најмалку 316 гласови за да биде избран во првиот круг.Клокнер ја прекина седницата за да можат парламентарните групи да одржат консултации за понатамошните чекори.Бундестагот сега има 14 дена да го избере Мерц или друг кандидат за канцелар со апсолутно мнозинство, а нов круг гласање би можел да се одржи уште денес.Христијанските демократи на Мерц ги добија изборите во февруари со 28,5 проценти од гласовите, но им треба барем еден коалициски партнер за да формираат мнозинска влада.Вчера тие потпишаа договор за коалиција со социјалдемократите, кои освоија само 16,4 проценти од гласовите на изборите, што е најлошиот резултат на партијата од крајот на Втората светска војна.„Резултатот од гласањето е огромен и срамен удар за Фридрих Мерц“, пишува Јакуб Крупа од „Гардијан“.„Неговата коалиција на ЦДУ/ЦСУ и СПД теоретски има 328 места во Бундестагот, но Мерц доби само 310 гласови. Тоа е 18 помалку отколку што би се очекувало и шест помалку од апсолутното мнозинство потребно за да се потврди за канцелар. Тајното гласање, се чини, не помина во негова корист.Како што истакнуваат германските медиуми, овој исход никогаш порано не се случил во историјата на Сојузна Република Германија“, додава тој.

Свет | пред 9 месеци

rusija2

Русија: Соборивме 105 украински дронови

Руската воздушна одбрана собори 105 украински дронови преку ноќ, според воените извештаи во руските државни медиуми.Градоначалникот на Москва објави дека најмалку 19 украински дронови биле уништени на пат кон руската престолнина.

Свет | пред 9 месеци

rabotnik-gradezen-

Три нови инвестиции во зоната во Штип со повеќе од 1000 нови вработувања, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток на мандатот работи на стабилизирање на економијата и реализирање на стратешки инвестиции“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Најавена е инвестиција од неколку милиони евра, во индустриската зона во Скопје, којашто ќе овозможи повеќе од 200 работни места, а ќе биде во делот на производство за извоз на бела техника.Се работи и на три инвестиции во зоната на Штип кои ќе донесат повеќе од 1000 нови вработувања.Стратешките цели се исполнуваат преку долгорочни планови што гарантираат одржлив економски развој и социјална стабилност.Средствата се насочуваат кон клучните сектори и се создава можности за раст и развој и отворање на нови работни места.Јавниот долг е намален и процентуално и во апсолутна бројка и ова е најниско ниво во последните пет години. Јавниот долг е намален 36 милиони евра во апсолутен износ или 4,7 отсто во првиот квартал од 2025 година.Државниот долг во првиот квартал од 2025 година е намален за 3,7% во споредба со тој објавен на 31 декември 2024 година.Се зголемува индустриското производство, реализацијата на инвестициите ќе донесе повисок раст и намалување на долгот.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ прави постојани напори за унапредување на економијата, зголемување на продуктивноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните.Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на креирање услови за стабилен раст и инклузивна економија за сите граѓани.

Македонија | пред 9 месеци

skopski-aerodrom

Се очекуваат најмалку десет нови авио дестинации, се преговара за линија од Охрид за Будимпешта, вели Николоски

Преговараме со Визер да ја отвори линијата Будимешта -Охрид. Сметаме дека таа е поатрактивна бидејќи има што да понуди охридското крајбрежје за туристите. Во меѓувреме развиваме нов модел на привлекување на нови авиолинии и сметаме дека тој модел ќе донесе најмалку десет, а потенцијaлно и дваесет нови дестинации, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во утринското интервју на Радио Лидер.Тој потенцира дека сегашниот модел на субвенции на патници во доаѓање ги дава резултатите, а тоа се десет нови линии за неколку месеци.“Со луѓето од министерството работам на нов модел, не сакам да ветувам но мислам дека ќе донесе најмалку десет, а потенцијално и до дваесет нови дестинации за краток временски период. Моделот е сакаме да ги зголемиме субвенциите. Во моментов плаќаме по патник во доаѓање за некој што би слетал во Скопје по 9 евра, а некој што би слетал во Охрид плаќаме по 12 евра. Подготвени сме да одиме нагоре под услов компанијата да отвори најмалку 10 дестинации во исто време, но да го довршиме па ќе зборуваме за ова”- рече вицепремиерот Николоски.Во однос на поврзување на Будимпешта со Охрид, тој истакна дека во моментов се преговара со Визер за воспоставување на оваа линија, како поатрактивна во однос на скопскиот аеродром.“Будимпешта – Скопје, беше единствената линија за која Визер добивале субвенции од унгарската влада, субвенциите завршија, за жал бројот на патници е мал и затоа таа линија се укина. Ние разговараме со компанијата Визер, бидејќи најголемата база им се наоѓа во Будимпешта, да отворат линија за Охрид. Мислиме дека ќе биде поатрактивна бидејќи туристичкиот потенцијал е далеку поголем, а во однос на комерцијална смисла, Будимпешта не беше атрактивна за Скопје бидејќи има две поблиски дестинации Виена и Братислава кон кои што се лета од Скопје, а од Македнија нема толку патници да се опслужуваат во радиус од два часа на три аеродроми”-објасни вицепремиерот Николоски.Тој потенцира дека чартер летовите на “Фрибирд” се силен инпут за зголемување на авиосообраќајот, а со тоа и директно за туризмот бидејќи секојдневно на скопскиот аеродром слетуваат по најмалку 180 туристи. Амбицијата, според вицепремиерот Николоски е најмалку два чартери дневно на охридскиот аеродром.“Амбицијата е следната година да слетуваат најмалку два авиони и да слетуваат во Охрид, што значи дека секој ден ќе имаме по двесте нови туристи. Тие остануваат по најамлку 4 дена што значи имате по 800 туристи во охридското крајбрежје во неатрактивни месеци кои ги полнат хотелите, рестораните и чаршијата. Голем инпут е и Туркиш ерлајнс, број еден авиокомпанијата во светот, лета од најголемиот аеродорм во Европа за Охрид. Така што на охридскиот аеродром драстично се гледа разликата”- изјави вицепремиерот Николоски.Тој потенцира дека во моментов има конекции кон 64 дестинации, од кои 56 од скопскиот и 8 од охридскиот аеродром, што е сериозен успех на Владата и концесионерот ТАВ.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Од вчера цените на основните намирници вивнаа до небо, и одржувањето на лична хигиена стана луксуз, објави Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека цените на основните намирници се покачени од вчера. Според него, поскапи се производите за лична хигиена.„Од вчера, цените на основните намирници повторно вивнаа до небо (којзнае кој пат досега). Буквално се е поскапено! Јајца, млеко, сирење, паста за заби, сокови, кечап, зејтин, шампони, сапуни.. Влажните марамици од 60 рипнаа на 100 денари. Тоалетната - од 95 на 140 денари! Покрај менталната, и оджувањето лична хигиена веќе ќе стане луксуз. Сите ќе бидеме "небањати" (коо права неутро-вмраана). Само Мицика и корумпираната свита околу него ќе си уживкаат. Ќе си тркнат пак до Јапонија на изложба, па на опера у Брисел и на концертче у Вашингтон (со приватен авион)... А ви "душмани" - бурек и јогурт (ако има).И пак да си ги гласате "патриотиве". Оти ја вработија балд'ската тука у градинката. Ќути, чоек, има и бетер“, објави Апасиев.

Македонија | пред 9 месеци

sednica-co-sdsm-1

СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и во време на власт и во време на опозиција секојдневно со скандали за криминал, дрога, корупција“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци.Партиските функционери на СДС блиски до Заев и Филипче повторно во скандал со користење на дрога. Што има заедничко Филипче со уживатели на дрга и криминалци и зошто постојано настојуваат да се опкружени со нив и на приватни настани и забави.Поранешниот претседател на СДММ Струмица, Андон Стојков и близок човек на Заев и Филипче пред три дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога.Дали за партиските функционери блиски на Заев и Филипче користењето на забранети психотропни супстанци е честа појава и пракса?Аздисаноста на партиските функционери на СДС нема крај.Додека народот нема леб да јаде партиските функционери на СДС користат психотропни супстанци, таков беше случајот и со ексдиректорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, кога во јавност излегоа фотографии на кои се гледа тој со бела прашкаста материја пред него на работно биро.На виделина излезе вистинското лица на СДС и нивните партиски функционери.Пред очите на јавноста со факти и докази излезе вистина за СДС и нивните функционери кои постојано се опкружени со криминалци и корисници на дрога.СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-06-at-08.55.22

Koи се се најспомнуваните кандидати за папа?

Двајца кардинали, Италијанецот Пјетро Паролин и Филипинецот Луис Антонио Тагле, се најверојатните кандидати за следниот поглавар на Римокатоличката црква пред конклавата што започнува во среда, веруваат аналитичарите и обложувалниците.Кардиналот Пјетро Паролин, искусен дипломат кој соработувал со папата Франциск 12 години, е добро познат во Рим и во странство и е сериозен кандидат да биде следниот папа.70-годишниот Италијанец служеше како државен секретар, втора највисока позиција во Ватикан, во поголемиот дел од понтификатот на Франциск и беше негов највидлив претставник на светската сцена.Паролин е смирен и вешт дипломат со суптилно чувство за хумор и полиглот со искуство во Азија, Блискиот Исток и Латинска Америка.Тој одигра клучна улога во затоплувањето на односите меѓу САД и Куба и постигнувањето значаен договор со Кина за назначување на епископи.Тој е добро познат на светските лидери и дипломати. Тој е исто така запознаен со деталите на Римската курија, централната влада на Светата столица, и беше дел од група кардинали кои го советуваа Франциск.Неговата улога и умерените ставови за многу општествени прашања сугерираат дека доколку биде избран за папа, тој ќе ги продолжи политиките на својот претходник. Во исто време, изворите велат дека би можел да ги помири различните фракции во Црквата.„Тој е најпознатиот кардинал споредено со другите. Но, прашањето е дали неговиот профил ќе помогне да се создаде консензус околу него. Тоа би можело да биде и негов пад“, изјавил за АФП црковен извор во Рим, зборувајќи под услов на анонимност.Изворот забележал дека Паролин „никогаш немал пастирски одговорности и зазел малку ставови за општествените прашања“.„Тој останал во многу институционална улога. Тешко е да се знае што мисли, што би можело да биде неговата слаба точка“.Кога Франциск го назначи за државен секретар во 2014 година, Паролин, на 58 години, беше најмладиот што ја извршуваше функцијата од 1929 година, кога тогашниот 53-годишен Еугенио Пачели, подоцна Папа Пиј XII, беше назначен на позицијата.Течно зборува француски, англиски и шпански јазик, Паролин е пристапен, но претпазлив во јавноста, избегнувајќи изјави што би можеле да бидат погрешно протолкувани, за разлика од честопати „гласниот“ Франциск.Тој често мораше да ги смирува работите по одредени коментари од покојниот папа, како на пример за војната во Украина, во која Франциск ги навреди и Киев и Москва.Паролин беше вклучен во посредништвото на Ватикан што доведе до обновување на дипломатските односи меѓу САД и Куба во 2014 година.Тој исто така беше клучен во потпишувањето на договор меѓу Светата столица и Кина за назначување епископи во 2018 година, кој оттогаш е обновен.Договорот им даде на страните право да учествуваат во назначувањата и се покажа како клучен за подобрување на односите меѓу нив.Сепак, договорот беше критикуван од некои конзервативци, кои го обвинија Паролин дека ги жртвува кинеските католици принудени да влезат во илегалната црква.Паролин се залагаше за сличен договор со Виетнам.Паролин е роден на 17 јануари 1955 година, во побожно католичко семејство во близина на Венеција, во северна Италија. Неговиот татко водел челичарница, а неговата мајка била учителка.Неговото детство беше обележано со трагичната загуба на неговиот татко во сообраќајна несреќа кога имал 10 години.Паролин влегол во семинаријата на 14 години, бил ракоположен за свештеник на 25 години, а потоа отишол во Рим за да студира канонско право. Тој исто така се обучил за дипломат, приклучувајќи се кон дипломатската служба на Светата столица во 1986 година, поминувајќи ги последните четири децении во различни делови од светот.Неговите мисии го одведоа во Нигерија до 1989 година, потоа во Мексико (1989-1992), во воено разорената Руанда, а потоа во Венецуела од 2009 до 2013 година.И покрај неговите резерви за многу општествени прашања, Паролин рече дека свештеничкиот целибат не е догма, а во 2023 година го нарече обидот за поврзување на сексуалната злоупотреба во Црквата со хомосексуалноста „неоправдан“.Тој, исто така, го опиша целибатот како „Божји дар за Црквата“, го отфрли абортусот и сурогат мајчинството како сериозни повреди на човековото достоинство и ја критикуваше идејата дека полот може да се разликува од полот.Фаворитот за следниот папа од Азија, филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле, е харизматичен умерен човек кој често се нарекува „азиски Франциск“.67-годишниот Тагле, кој ја дели историјата на Франциск за застапување на сиромашните, мигрантите и другите маргинализирани групи, е познат по својот мисионерски дух и пасторален фокус.Со своите очила и заразна насмевка, кардиналот со прекар „Чито“ е популарна фигура меѓу верниците во земјата со повеќе од 90 милиони католици.„Тој ќе продолжи она што го правеше папата Франциск“, рече преподобниот Емануел Алфонсо, поранешен ученик на Тагле кој го познава со децении.Роден во работничко семејство во близина на Манила, Тагле бил ракоположен за свештеник во 1982 година, а во 2011 година станал надбискуп на главниот град, политички влијателна позиција во една од најголемите епархии во Азија, каде што католицизмот расте.Тој беше назначен за кардинал од поранешниот папа Бенедикт XVI во 2012 година.Тагл, кој зборува течно англиски, беше споменат како можен кандидат за нов папа на последната конклава во 2013 година кога беше избран Франциск, а неговото име сè уште циркулира.Филипинскиот кардинал беше назначен за шеф на Дикастеријата за евангелизација на Ватикан во 2019 година, нагласувајќи ги блиските врски меѓу покојниот аргентински папа и најистакнатиот бискуп во Азија.Откако Франциск го реформираше одделот, тој го именуваше Тагл за „пропрефект“ во 2022 година со одговорност за новите епархии.Како бискуп, Тагл беше познат по разговорот со верниците по мисата, дури и поканувајќи просјаци да вечераат со него во неговата резиденција.Прилагодувањето на животот во Рим и формалностите на Ватикан не беше лесно. Кратко по пристигнувањето во 2020 година, тој им рече на дипломираните студенти по теологија дека „ги мачел Италијанците“ кога зборувал на нивниот јазик.Тој исто така еднаш заборавил да ја донесе огрлицата на состанок.Елоквентен говорник со смирувачки глас, Тагл се смее на сопствените шеги, кои ги кажува и на своја сметка во своите проповеди.Но, тој е познат и по својата отвореност.Како надбискуп на Манила, Тагл ја критикуваше крвавата војна против дрогата предводена од Родриго Дутерте, тогашниот филипински претседател.„Не смееме да дозволиме уништувањето на животот да стане нормално. Не можеме да владееме со земјата со убивање“, рече Тагл во пасторално писмо од 2017 година.Тагл повика на поскромна Црква која е поотворена за грижите на своите членови, а на самитот во Ватикан во 2019 година за борба против сексуалната злоупотреба на деца, тој покажа со прст кон највисоките рангови на Црквата.„Ние, епископите, им нанесевме рани на жртвите, а всушност и на целото тело Христово“, им рече тој на присутните.„Нашиот неуспех да одговориме на страдањето на жртвите, и да, до тој степен што ги отфрламе и го прикриваме скандалот за да ги заштитиме сторителите и институцијата, им наштети на нашите луѓе, остави длабока рана во нашите односи со оние на кои сме испратени да им служиме“, рече Тагле.Но, тој е обвинет и дека не направил доволно за да се справи со проблемот на Филипините.Покренати се прашања за неговото познавање на добротворната организација на Ватикан „Каритас Интернационалис“ која го вработува белгискиот свештеник Лук Делфт во Централноафриканската Република.Делфт претходно беше осуден за сексуална злоупотреба на деца и му беше забранет контакт со деца 10 години.Тагле беше претседател на добротворната организација од 2015 до 2022 година.Франциск ги отстрани Тагле и остатокот од раководството во 2022 година откако истрагата на Ватикан откри „недостатоци“ во управувањето и процедурите.Во јуни 2023 година, Папата назначи филипински кардинал за свој специјален пратеник на Националниот евхаристиски конгрес во Демократска Република Конго.Тој имаше слична улога за Папата на генералното собрание на Федерацијата на азиски бискуписки конференции (FABC) во Бангкок во октомври 2022 година.Кардиналот рече дека никогаш не се сметал себеси за високо рангиран свештеник.„Да бев Бог, немаше да се одберам себеси да бидам бискуп или кардинал“, рече тој во интервју од 2018 година.„Но, бидејќи не сум Бог, Бог гледа нешто во мене што јас не го гледам и морам да Му верувам.“

Свет | пред 9 месеци

zabrana

Премиерот на Нов Зеланд сака да ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години

Премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон, во вторник предложи забрана за пристап до социјалните медиуми за лицата под 16 години, неколку месеци откако слични ограничувања, едни од најстрогите во светот, беа воведени во Австралија.Законот, предложен од премиерот на Нов Зеланд и кој мора да им биде претставен и на неговите коалициски партнери, ќе бара од платформите да преземат мерки за да спречат пристап до нив за лицата под 16 години.Текстот на законот предвидува казни до еден милион евра за компаниите кои не ја почитуваат обврската. Сè уште не е познато на кои платформи ќе се однесува законот.Сличен закон беше усвоен од парламентот во Австралија во ноември, земја која го предводеше патот во регулирањето на социјалните медиуми за заштита на децата.Австралискиот закон беше критикуван од големите компании за социјални медиуми, велејќи дека може да ги турка децата и младите кон опасни алтернативни платформи.„Време е Нов Зеланд да признае дека социјалните медиуми, и покрај сите добрини што ги прават, не се секогаш безбедно место за нашите млади луѓе“, изјави Луксон за новинарите.„Време е одговорноста да се префрли на овие платформи за заштита на ранливите деца од штетна содржина“, додаде тој.Луксон не кажа кога законот ќе биде претставен во парламентот. „Станува збор за заштита на нашите деца. Станува збор за обезбедување компаниите за социјални медиуми да ја играат својата улога во безбедноста на нашите деца“, додаде тој.Законот е изготвен од неговата политичка партија, централно-десничарската Национална партија на Нов Зеланд, и ќе треба да добие поддршка од две партии во владејачката коалиција за да се усвои.„Како мајка на четири деца, верувам дека семејствата и родителите треба подобро да се поддржат во следењето на изложеноста на нивните деца на онлајн содржини“, рече заменик-претседателката на парламентот, Кетрин Вед, која го напиша законот.Користењето на социјалните медиуми од страна на децата и младите предизвика загриженост во последниве години, особено во врска со времето поминато пред екран и недостатокот на модерација на некои платформи.Спроведувањето на австралискиот закон со кој се забрануваат социјалните медиуми за лица под 16 години, кој треба да стапи на сила до декември, ќе биде внимателно следено во други земји бидејќи неколку размислуваат за слични ограничувања, вклучувајќи ги Нов Зеланд и Шпанија.Кина им забрани на малолетниците пристап до социјалните медиуми и бара документи за идентификација од 2021 година. На лицата под 14 години не им е дозволено да поминуваат повеќе од 40 минути на ден на Доуин, кинеската верзија на ТикТок, а на децата и младите им е строго ограничено времето што можат да го поминат играјќи онлајн игри.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-01-at-22.58.23

Судот го отфрли барањето на Трамп за одземање на статусот на илјадници мигранти

Американскиот федерален апелационен суд го отфрли барањето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ѝ дозволи да го поништи привремениот легален имиграциски статус на стотици илјади Кубанци, Хаиќани, Никарагванци и Венецуелци кои живеат во САД.Судот во Бостон одби да ја поништи претходната пресуда со која се запре обидот на Министерството за внатрешна безбедност да го скрати двегодишниот период на привремен легален имиграциски статус што го добија 400.000 луѓе за време на претходникот на Трамп, демократот Џо Бајден.Барањето на администрацијата на Трамп е продолжение на напорите на претседателот да ја запре имиграцијата и да го зголеми бројот на депортации, вклучително и оние на кои претходно им е доделено право да живеат и работат во Соединетите Држави.Администрацијата тврдеше дека министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноел имала овластување да го прекине статусот на мигрантите и дека судската одлука ја принудува американската влада да „притвори стотици илјади странци во земјата против нивна волја“.Пресудата дојде во тужба поднесена од застапници за правата на имигрантите со која се оспорува одлуката за прекинување на неколку програми од ерата на Бајден кои им дозволија на украински, авганистански, кубански, хаитски, никарагвански и венецуелски мигранти да влезат во САД.Администрацијата сега може да го покани Врховниот суд да интервенира.„Администрацијата на Трамп е посветена на враќање на владеењето на правото во нашиот имиграциски систем“, изјави портпаролката на Министерството за внатрешна безбедност, Триша Меклафлин. „Ниту оваа ниту која било друга пресуда нема да нè спречи да го сториме тоа“, додаде таа.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-06-at-08.45.23

Трамп за својот имиџ како папа: На медиумите за лажни вести не им се допаѓа, католиците ја сакаат сликата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли загриженостите дека сликата од него генерирана од вештачка интелигенција како следен папа е навредлива за католиците.Контроверзната слика беше објавена на профилот на Трамп на социјалната мрежа Truth Social во петокот. Не е познато дали ја објавил самиот Трамп или некој од неговите соработници. Сликата предизвика мешани реакции. Поранешниот италијански премиер Матео Ренци рече дека станува збор за „слика што ги навредува верниците, ги навредува институциите и покажува дека лидерот на глобалната десница ужива да биде кловн“.Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк кого Трамп го препорача за папа минатата недела, и Католичката конференција на државата Њујорк, исто така, изразија незадоволство.Кога беше прашан за негативната реакција на католиците на сликата, Трамп одговори: „Не размислувајте за католиците, размислувајте за медиумите со лажни вести... Католиците ја обожаваат (сликата).“Тој изјави дека не ја видел сликата, која беше споделена и на X од официјалниот профил на Белата куќа, до недела навечер.„Немам поим од каде потекнува. Можеби е вештачка интелигенција. Но, не знам ништо за тоа. Видов синоќа. Всушност, на жена ми ѝ се чинеше слатко. Рече: „Не е ли убаво?““, рече Трамп.Откако минатата недела се пошегува дека би сакал да биде следниот папа, сега рече дека таа позиција не е во неговите планови. „Всушност, не би се оженил. Колку што знам, папите не се големи обожаватели на свадбите, нели? Не, колку што знаеме, не се“, нагласи тој.

Свет | пред 9 месеци

0619bdba-1305-49ed-a9cc-3033af1e6828

Украина ја нападна Русија со над 100 дронови, цел беше и Москва

Русија соопшти дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз Москва во текот на ноќта. Сите четири главни аеродроми во Москва беа затворени неколку часа од безбедносни причини, но подоцна повторно беа отворени, соопшти руската агенција за надзор на воздухопловството „Росавијација“ на Телеграм.Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави на социјалните мрежи дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот „од различни насоки“. Тој додаде дека дел од остатоците од дронот паднале на клучен автопат, но немало жртви.Украина сè уште не дала коментар. Но, градоначалникот на Харков тврди дека Русија го нападнала и неговиот град со дронови во текот на ноќта. Во исто време, гувернерите на регионите Пенза и Воронеж во Русија велат дека биле цел на украински дронови.Непотврдени извештаи од руски воени блогери сугерираат дека прозорците на еден стан во јужна Москва биле скршени во нападот синоќа. Ова е втора ноќ по ред Русија известува за напади со украински беспилотни летала. Вчера, руското Министерство за одбрана објави дека 26 украински беспилотни летала биле уништени преку ноќ.Од целосната инвазија на Русија на Украина пред повеќе од три години, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала врз Москва. Најголемиот напад во март уби три лица.Најновите напади доаѓаат откако вчера се појавија извештаи за нови украински обиди за инвазија на Курската област. Киев вчера соопшти дека погодил команден пункт во близина на селото Тјоткино во Курската област.

Свет | пред 9 месеци

mickoski-taravari-1

Средбата Мицкоски-Таравари без епилог, позицијата на Алијанса ќе се знае до крај на мај

Средбата меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и министерот за здравство и лидер на едно од крилата на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, се одвивала и завршила во конструктивен дух.Разговорите без епилог продолжуваат а до крајот на мај ќе биде позната позицијата на Таравари во владината коалиција.Пред средбата Мицкоски и Таравари излегоа со поостри ставови.Немам намера никого да молам. Со или без Таравари, Владата е стабилна, цврста со големо мнозинство, останува на него и неговите сопартијци да одлучат. Ќе повторам дали ќе одиме по патот на реформи, владеење на право, борба за праведно општество, институции кои ќе функционираат, или ќе се придружат и ќе коалицираат со оние политички сили кои со години ја криминализираа и ја уништуваа државата. Изборот е нивен“, рече Мицкоски.,,Судбината на овој народ ја гледаме посериозно отколку само имињата и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се претворија во Едипов комплекс. Не правиме никаков потег за задоволство или гнев на никого! Дури и оние што прават пророштва во наше име, како да се Баба Ванѓа, треба да се занимаваат со пообјективни работи од „предвидување на иднината“. Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња. Ние сме Алијансата за Албанците, која работи само во интерес на народот!“, напиша Таравари на социјалните медиуми.

Македонија | пред 9 месеци

siljanovska-davkova-1-2

Сиљановска Давкова е против предвремени парламентарни избори

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните избори наесен доколку Алијанса за Албанците Арбен Таравари го напушти владејачкото мнозинство.„Предвремени избори треба да има тогаш кога се парализирани институциите, не можат да функционираат, кога мнозинството на власта е на границата на потребните 61. Далеку е од тоа. Впрочем, помина неполна една година. Да, имаме проблеми, дел од нив наследени, дел од нив нови, меѓутоа јас гледам дека институциите се справуваат со сиве овие проблеми“, изјави Сиљановска Давкова.Според претседателката, оние што сега повикуваат на предвремени парламентарни избори беа најголемите противници на предвремените избори кога за нив, вели, имало причина.Таа порача лидерот на ДУИ, Ахемти да не врши притисок врз судската власт бидејќи единствено е таа надлежна да одлучува кој ќе биде кривично гонет. Ваква порака испрати откако Ахемти се закани со протести ако екс министерот Крешник Бектшеи биде обвинет за пожарот во Кочани.Нејзин став е дека засега немало потреба од свикување на Советот за безбедност по трагедијата во Кочани, бидејќи, како што вели, полицијата и обвинителството работеле на решавање на безбедносните проблеми. Ги повика политичарите да се воздржат од создавање политичка криза и дестабилизација.

Македонија | пред 9 месеци

dijabetes

Дијабетичарите бараат современа терапија, Таравари се правда дека тендерот е завршен

Сите 3.500 лица со дијабет тип 1 бараат од државата да се обезбедат современи инсулински пумпи кои ќе значат автоматска испорака на инсулин или технологија која е најблиску до вештачкиот панкреас. Ова сега е овозможено само за 300 лица.За министерот за здравство Арбен Таравари јавната набавка за наредните две години е веќе завршена работа и договорот е потпишан.„Многу е порационално, да нема недостиг. На две години ќе се набавува, така веќе е завршена јавната набавка, потпишан е договорот со стандардниот добавувач, истиот скоро 10-15 години. Ова е рационализирање и мислам дека е подобро за сите граѓани посебно за тие со дијабет“, изјави Таравари.Сојузот на здруженијата на лица со дијабетес инсистираат ова да се предвиди со новата јавна набавка за 2025 и 2026 година.

Македонија | пред 9 месеци

puls-roditeli

(Видео) На дневно ниво решаваме проблеми, планирам и лична средба со родителите од Кочани, вели Мицкоски

Македонија болува и ќе болува, а болката нема да престане, рече премиерот Христијан Мицкоски најавувајќи средба со родителите на загинатите и повредените. Тој тврди дека постојано се помага и се решаваат проблеми.„Членови од мојот кабинет на неделно ниво разовараат со родителите на починатите, но и повредените. Планирам во наредниот период да се сретнам и лично и да разговарам. На дневно ниво решаваме проблеми. Еве на пример... Лично разговарав со еден од родителите на децата, но и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Се среди целата работа. Дечињата дојдоа тука. Организиравме транспорт од аеродромот до болницата ‘8 Септември‘. Иако лекарите препорачаа еднодневен мониторинг, сепак тие на своја одговорност бараа да бидат пуштени од болницата“, рече Мицкоски.Прашан за истрагата, како и дали таа е селективна, тој рече дека истата ја води Обвинителството.„Јас не се мешам во истрагата ниту, пак, сум се јавил или сум комуницирал со некој од Обвинителството. Не сакам да излезе дека премиерот врши притисоци. Брифиран сум од министерот за внатрешни работи за случувањата. Ова е прв приоритет за мене како премиер. Апелирам до сите политички чинители да ги остават Обвинителството и правосудните органи да си ја вршат работата“, рече тој.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-7410PM

Мртво новороденче донесено на Клинички во Скопје - се истражува случајот

На 04.05.2025 во 07.15 часот во СВР Скопје, од Детската клиника при Комплексот клиники „Мајка Tереза“ во Скопје било пријавено дека околу 06.20 часот кај нив било донесено мртво новороденче.Лекар констатирал смрт, а, според пријавеното, 25-годишната мајка од Скопје во раните утрински часови се породила во својот дом во Скопје, по што таа и бебето биле пренесена на клиниката.За настанот бил известен јавен обвинител, а телото на бебето било дадено на обдукција.

Скопје | пред 9 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски: За Таравари имам позитивно мислење, тој ќе одлучи која опција ќе ја одбере, дали Влада на реформи или коалиција која со години ја криминализираше државата

„Да средбата ќе биде денеска во 17 часот во Владата. Тоа ќе биде средба на која ќе поразговараме со Таравари околу актуелните политички случувања“, рече Христијан Мицкоски претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање.„Што се однесува до неговите тековни активности како дел од Владата, ние речиси секојдневно комуницираме. Се разбира тоа е неизбежен дел. Но, генерално би сакал да слушнам како размислува во делот на последните случувања кои се познати во јавноста. По мене има две опции за избор. Едната е оваа која што ја нуди оваа Влада на реформи, промени, испорака за граѓаните. И втората порака е онаа опција која што години наназад, би рекол повеќе од 2 децении ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. И тоа е изборот. Нема трета опција и би сакал од господинот Таравари да слушнам која опција е за него, бидејќи јас не гледам трета опција“, порача Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека како човек има позитивно мислење за Таравари.„Што се однесува до моите лични односи со Таравари, ние во политиката комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто кое што го имаш или немаш, тука нема флуидни варијанти, или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам конкретно во неговиот случај најмалку три пати сум покажал дека држам до зборот, и кога имало моменти кога можеби имало и дилема во рамките на раководството на партијата. Затоа заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат на оние кои што ги прават овие заткулисни игри“, вели тој.Мицкоски изјави дека Таравари и неговите сопартијци треба да одлучат дали ќе продолжат да се дел од Владата која оди по патот на реформи, владеење на правото или ќе одбере да коалицира со политички сили за кои рече дека изминатите години ја криминализираа државата.„Немам намера никој да молам, со или без Таравари Владата е стабилна, цврста со големо мнозинство, останува на него и неговите сопартијци да одлучат. Ќе повторам дали ќе одиме по патот на реформи, владеење на право, борба за праведно општество, институции кои ќе функционираат, или ќе се придружат и ќе коалицираат со оние политички сили кои со години ја криминализираа и ја уништуваа државата. Изборот е нивен“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vakcinacija-4

Во 17 часот ќе се сретнат, Мицкоски порача: Таравари има две опции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека средбата со министерот за здравство, Арбен Tаравари, ќе се одржи во Владата во 17 часот. Порача дека Владата е стабилна, дури и ако Таравари со Алијанса за Албанците одлучи да коалицира со ДУИ на локалните избори.- Сакам да слушнам генерално како размислува за последните случувања. Има две опции - едната е онаа на Владата на реформи и онаа опција која години наназад ја криминализираше државата и ги уништуваше институциите. Тоа е изборот - трета опција нема. Сакам да слушнам од Таравари која е неговата опција. Што се однесува кај личните односи, како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто што го имаш или немаш.Во неговиот случај најмалку три пати сум го одржал зборот дури и кога сум имал дилема, затоа заткулисни игри се провидни и лесно се идентификуваат и препознааат, а им се удираат од глава на крај на оние што ги прават. Никого не сум молел - со или без Таравари, Владата е цврста и стабилна, речеденеска Мицкоски при посетата на Штип.

Македонија | пред 9 месеци

VenkoFilipceSDSM

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик. Филипче порача дека македонскиот јазик е коренот на идентитетот и нашиот најсилен меѓународен промотор."Македонскиот јазик е нашиот код, коренот на нашиот идентитет. На овој ден им оддаваме должна почит на сите создатели на македонскиот литературен јазик.Денес, македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите нации и во Европската унија. Тоа е резултат на посветена државна политика и јасна визија.Владата на СДСМ, токму денешниот ден го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, македонскиот јазик е вграден во европското законодавство и поставен рамо до рамо со сите европски јазици.Наша обврска и на сите идни генерации е да го чуваме и негуваме нашиот македонски јазик. Не затоа што мораме, туку затоа што знаеме што значи да го имаш својот глас во светот.Како што велеше Блаже Конески:„Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината“.,порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_6897

Го запрел автомобилот и почнал да тепа велосипедист - насилство на автопатот Тетово-Скопје

Вчера во 17.00 часот во Полициското одделение Сарај, С.Е.(45) од Тетово, пријавил дека истиот ден околу 12.45 часот додека заедно со двајца свои пријатели возеле велосипеди по стариот пат Тетово – Скопје, во близина на село Ласкарци без повод и причина бил физички нападнат од едно машко лице кое управувало патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски таблички.Притоа лицето прво го удрил пријавителот со тупаница во пределот на главата, а потоа го нападнал и со остар предмет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња, вели Таравари

Министерот за здравство и предводник на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари реагираше на својот Фејсбук профил по повод вчерашните политички случувања.„Изјавуваме дека судбината на овој народ ја гледаме посериозно отколку само имињата и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се претворија во Едипов комплекс. Не правиме никаков потег за задоволство или гнев на никого! Дури и оние што прават пророштва во наше име, како да се Баба Ванѓа, треба да се занимаваат со пообјективни работи од „предвидување на иднината“. Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња. Ние сме Алијансата за Албанците, која работи само во интерес на народот!“, напиша тој.За денеска, најавена е средба Мицкоски-Таравари, каде ќе се разговара за иднината на Алијансата на Албанците кога во прашање е Владата.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-05-at-09.36.10

(Видео) Гнев во Нови Сад: Непознат маж уринирал врз свеќи и цвеќиња посветени за жртвите од несреќата кај Железничката станица

Жителите на Нови Сад по втор пат се во шок.Згрозени и револтирани се од несфатливиот инцидент кога непознат маж осквернави свеќи и цвеќиња пред Железничката станица, кои беа поставени во чест на 16-те жртви од трагичниот настан кога уривањето на настрешницата резултираше со нивната смрт. Тој се приближил до местото пред станицата и започнал да уринира по свеќите и цвеќињата што граѓаните ги оставиле како знак на почит.Граѓаните веднаш ги известиле надлежните органи. Видеото од настанот брзо се проширило на социјалните мрежи.Новосаѓани се собраа спроти Железничката станица за да го изразат своето незадоволство од грозомориот чин.Надлежните органи започнаа истрага за идентификување на лицето и преземање на соодветни мерки.

Свет | пред 9 месеци

klekovski2062023

Клековски: Зголемени плати и зголемени капитации за примарното здравство, Буџетот за здравство зголемен за 7 милијарди денари

На синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, гостуваше директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски. Тој говореше за ситуацијата во здравството, за лошото менаџирање на претходните власти и за предизвиците со кои сега се соочуваат. Клековски потенцираше дека новите апарати кои се купувале во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, во време на СДС стоеле во подрум и не се употребувале, додека во одредени градови се користат апарати од 1985 година.„Состојбата во здравството била во надолна линија и затоа за мене звучеше прилично вознемирувачки понудата на СДС да помагаат на состојбите во здравството, за да потоа не го ни спомнуваат здравството. Здравството ни е таму каде што ни е, поради лошо чинење или не чинење, на претходните власти’’, истакна Клековски.Клековски истакна дека финансирањето и долговите биле проблем во минатото, бидејќи од Буџетот не доволно се давало на здравството, а долговите се наталожувале. Долговите во ЈЗУ, биле околу 5 милијарди, за со ребалансот да се намалат за 2 милијарди.„Буџетот за 2025 година е зголемен за 7 милијарди денари и изнесува вкупно 53 милијарди денари. Ова зголемување во огромен дел оди за ЈЗУ, од кои над 2 милијарди денари или околу 17%, кумулативно оди за зголемување на платите. Околу милијарда денари одат за зголемување на капитациите во примарното здравство’’, потенцираше Клековски.Директорот на ФЗОМ, говореше и за Буџетот за лекување во странство, во однос на тоа кој го одобрува, како се финансира и која е процедурата за одреден пациент доколку има потреба да се лекува во странство.„Лекувањето во странство се врши доколку се исцрпени можностите за лекување во Македонија и ова се поминува во неколку фази. Прво, јавното здравство треба да декларира дека не постојат можности за лекување на тој пациент во Македонија, а тоа е Клиничкиот центар кој треба да даде конзилијарно мислење потпишано од неколку овластени лица. Во следната фаза, одиме кон приватното здравство дали има услови за вршење на услугата, доколку и таму нема можност, се оди кон следната фаза, барање на понуди од странство. Да потенцирам, доколку има конзилијарно мислење, Фондот не одбива лекување на пациент во странство’’, појасни Клековски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-05-at-09.28.29

Десничарскиот популист Симион води во првиот круг на претседателските избори во Романија

На повторените претседателски избори во Романија, ултрадесничарскиот кандидат Џорџ Симион освои најмногу гласови во првиот изборен круг.Тој е во убедливо водство со околу 40 отсто од гласовите.Симион, кој е претседател на Алијансата за обединување на Романците (AUR), освои 3.856.981 гласови.21%.„Ова не е само изборна победа, ова е победа за романското достоинство. Победа за оние што не изгубиле надеж, за оние што се уште веруваат во Романија како слободна, почитувана и суверена земја“, изјави Симион по објавувањето на резултатите.Неговиот противкандидат е 55-годишниот Никусор Дан, натпартискиот градоначалник на Букурешт со освоени 21 отсто од гласовите. За Дан гласаа 1.976.926 Романци.Кандидатот на владината коалиција, Крин Антонеску, доби 20 отсто. Дан се залага за либерални реформи, а важи за еден од ретките некорумпирани политичари.Се очекува многу од гласачите од другите девет кандидати во првиот да го поддржат Дан за да спречат десничарски радикален претседател.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања