Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Zaev-Filipce

Дали криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело за кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Во слободното време, кога не ги распродаваше националните и државни интереси, Заев тераше разработени криминални и рекет шеми.Потрагично од криминалот на Заев е што неговиот наследник во СДС, Венко Филипче се воодушевува од него, вели дека нема друг како него и смета дека народот треба да учи од него и од неговото работење.Една од криминалните афери на претходникот на Филипче, Зоран Заев, беше криминалната аферата Глобал, тешка осум милиони евра.Заев требаше да заврши зад решетки затоа што жив беше фатен во криминал од 8 милиони евра, но од затвор се спаси затоа што беше амнестиран од Бранко Црвенковски.Кога Филипче се воодушевува од Заев и вели дека народот треба да учи од него, дали мисли и на ова, како да се направи криминал тежок осум милиони евра и за тоа да не се одговара?Венко Филипче треба да каже дали се воодушевува на криминалот на Заев, кој му донесе милиони евра, а благодарение на СДС остана неказнет.Дали Филипче е воодушевен и од тоа и дали и на тоа мислеше кога го фалеше Заев? Или, пак, тој криминал и неказнивост можеби ќе го осуди?Но, како вика народот, во секое зло, добро. Па така, во се ова, добро е што Венко Филипче призна и кажа се. Сега народот нема простор за двоумење и знае што Венко Филипче сака. Тој сака да ги следи криминалните стапки на Зоран Заев, кој е и негов водич и учител.Со ова признание, Филипче уште еднаш се покажа СДС беше и останува симбол на криминал, корупција и предавства.

Македонија | пред 9 месеци

ukraina

Русите ги нападнаа Харков и Днепар со беспилотни летала: едно лице загина, 46 се повредени

Роеви руски беспилотни летала ги нападнаа украинските градови Харков и Дњепарк доцна синоќа, при што загинаа најмалку едно лице, а најмалку 46 беа повредени, соопштија официјални лица.Харков, кој се наоѓа на североисток во близина на руската граница и е втор по големина град во Украина, е цел на редовни руски напади со беспилотни летала и ракети откако Москва ја започна својата тотална инвазија пред повеќе од три години. Во нападот врз градот доцна синоќа беа повредени најмалку 46 лица, вклучувајќи две деца и една бремена жена, соопшти регионалниот гувернер Олех Синехубов.Нападите се случија откако САД, кои се обидоа да посредуваат во мировен договор меѓу Русија и Украина, изјавија дека ќе се повлечат како посредник доколку Москва и Киев не излезат со конкретни предлози.Рускиот претседател Владимир Путин прогласи тридневен прекин на огнот од 8 до 10 мај по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на итен прекин на огнот во траење од најмалку 30 дена.Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека вчера биле цел на напади неколку делови од градот, кој е опустошен од последователни напади. Харков е дом на околу 1,2 милиони луѓе, во споредба со речиси 2 милиони пред почетокот на инвазијата во февруари 2022 година. „Харков беше погоден од 16 напади. Беше погодена висока станбена зграда, како и приватни домови, медицински објект и цивилна инфраструктура“, напиша Терехов на Телеграм.Јавниот радиодифузен сервис Суспилне објави фотографии од пожарникари кои се борат со пожарите. Суспилне објави дека едно беспилотно летало го погодило осмиот кат од станбена зграда. Се вели дека биле погодени два медицински објекти. Во југоисточниот град Днепар, беспилотните летала предизвикале пожари, убиле 53-годишен маж и повредиле уште едно лице, изјави Серхиј Лисак, гувернер на регионот Днепар.„Тешка ноќ за Днепар. Приватни куќи беа оштетени“, напиша Лисак на Телеграм. Тој рече дека девет руски беспилотни летала биле уништени над регионот преку ноќ. Целосниот обем на ноќниот напад врз Украина не е познат. Двете страни негираат дека таргетирале цивили. Во масовен руски напад со беспилотни летала врз Днепар минатиот месец загинаа четири лица и предизвика голем пожар во хотелски и ресторански комплекс и други згради.

Свет | пред 9 месеци

lefkov-semejstva

Зошто единствениот пратеник од Кочани, не се појави пред семејствата на загинатите: Внимавам со средби во емоционално набиени моменти за да не се влијае на истрагата

Единствениот пратеник во Собранието кој е од Кочани, Миле Лефков, денеска не се појави пред законодавниот дом, каде беа семејствата на загинатите деца од „Пулс“, а негови сограѓани. Тие упатија остри критики, посочувајќи му нему и останатите негови колеги, да излезат надвор. Го потсетија дека тој е пратеник бидејќи тие го гласале. За време на маршот рекоа дека него го виделе само на „Фејсбук“, каде се пофалил дека се донира возило од приватна фирма за кочанската болница, како и на аукцијата. По ова, Лефков за „Скопје1“ посочува дека секој ден е со сограѓаните. Тој вели дека што и да се каже, кај и да се присуствува, според него, нема да биде доволно.„Јас секојдневно сум во Кочани, таму бев и првиот ден, на денот на погребот, на секоја акција, бев заедно со нив во храмот на комеморацијата на 40-дневницата- таму сум, со нив сум, но знам дека што и да се каже и каде и да се присуствува нема да биде доволно тоа го знам и сум свесен за тоа, потребно е време и правда. Лично сум против за политичките злоупотреби и злоупотребата на судбините на луѓето кои го загубиле најмилото а особено внимавам, со среби и изјави во емоционално набиени моменти да не се влијае на истрагата или да се остави впечаток за таков обид“, вели Лефков за „Скопје1“.Тој смета дека имало обид за политичка злоупотреба во текот на денот. Посочува дека болката на родителите била поврзана со интерпелацијата на Панче Ташковски.„Нема правда ако таа се обои со политичка злоупотреба, ништо нема  споредба со болката на родителите, особено не на ден кога  таа болка се обидуваат да ја поврзат со интерпелацијата на оној кој треба да се грижи за ефективноста на истрагата. Лично, им останувам отворен и достапен за секоја средба, разговор и поддршка што е во моја моќ — на соодветно место, на начин што ќе биде соодветен и на институционалните надлежности и со полно почитување на болката на семејствата“, додава пратеникот Лефков за „Скопје1“.Дел од семејствата реагираа и на тоа што Лефков не се појавил ниту на еден нивни марш, иако тие секоја сабота се на кочанските улици.

Македонија | пред 9 месеци

pandov-kukja

(Видео) Домот ми беше запален, имам сомневање дека зад ова стојат криминалците, објави директорот Пандов

Директорот на управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави снимка, во која поосчува дека му бил запален домот во Зелениково односно Орешани.„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да не запрат и нема да не поколебаат.Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува! Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“, напиша Пандов.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-18.57.22

Мојсоска: Ниту една оставка од морални причини додека во Србија цела влада се распушти

„Ние денес тука говориме за морална одговорност за најголемата трагедија која ја зацрни Македонија. Не знам дали им е јасно на колегите од ВМРО – ДПМНЕ но, морална одговорност е дури и кога немате лична вина да си поднесете оставка затоа што трагедијата се случила за време на вашиот мандат, па макар и да сте биле само еден месец на власт“ истакна пратеничката Јована Мојсоска од Левица, во говорот по интерпелацијата на министерот Тошковски.Во својот говор направи споредба со соседна Србија каде за слична трагедија цела влада се распушти, а „политичката одговорност, односно неодговорност“,како што рече кај нас е сведена на тоа дури ни актуелниот директор на Пазарниот инспекторат да не е разрешен. Притоа истакана дека дури и министерот Тошковски да е беспрекорен, тоа што една година неговите началници во Кочани дозволиле да работи „ова дувло на смртта,“ тоа што кадрите кои ги поставил не извршиле контрола цела година, е доволна причина за морална одговорност на министерот кој им ја дал довербата за овие кадри.„За беспрекорноста на акцијата и скапиот пиар на власта е доволно јасно што актуелните функционери кои се осомничени единствено се гонети поради јавен притисок. Токму премиерот Мицкоски два дена после трагедијата самоуверено изјави дека градоначалникот Папазов иако немал одговорност, се повлекол од морални причини. Дури откако јавноста бурно реагираше Папазов беше приведен. Истиот случај е и со актуелните дуректори на Дирекцијата за заштита за спасување, кои дури еден месец после трагедијата беа приведени, откако во неколку наврати и Левица реагираше“, истакна Мојсоска.Се осврна и на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, за кого исто така рече дека не смогнале храброст да го разрешат, а тој не се појави ниту еднаш на прес конференција да даде одговори за колапсот на системот со лиценците на дискотеките. „Не требаше да се случи трагедија од невидени размери за да се изврши вонреден инспекциски надзор и да се констатира дека од 80 дискотеки само 20 имале лиценци. Затоа што покрај вондредниот, инспекторатот е должен да врши и редовен инспекциски надзор“, рече Мојсоска и додаде дека само во Скопје има 28 пазарни инспектори, а 13 дискотеки. Само две дискотеки имале лиценци. „По двајца инспектори да влегувале во овие дискотеки еднаш во месецот, немало да има ваков башибозук и беззакаоние. Што правел вашиот директор на Пазарен иснпекторат цели пет месеци, кој и ден денес е на функција и не се повлече барем од моралнаа одговорност, додаде Мојсоска.Во излагањето посочи дека во изминатиов период доволно е кажано дека верижната реакција и каузалитетот на истрагата завшува кај МВР, односно под капата на министерот Тошковски се поставуваат правни преседани каде виновни се само оние од пред 12 години кои биле на функција, ама неговите соработници, кои во моментот на кривично правниот настан имале функција, поради партиската послушност се на слобода.Мојсоска посочи дека ќе се задржи само на два моменти и тоа за самите случувања на кобната вечер и на сето она што следеше после трагедијата.„Главната дилема за таа кобна вечер е зошто оперативната акција започнала во дискотеката на смртта дури во 2:30 часот по полноќ? Односно да разјаснам во детали. Таа вечер имало насока од Бирото за јавна безбедност низ повеќе дискотеки да се врши оперативна акција. Но во Кочани, наместо во еден часот да се пристигне во дискотеката Пулс, додека сменоводител е Драган Петрушев, иначе истакнат партиски активист на власта, полицијата оди прво да врши акција во друг кафич во Оризари?! Односно, наместо да се направи соодветна безбедносна проценка и акцијата да се одвива во дискотеката каде има над 500 млади од повеќе градови, одговорниот на смена одлучува прво да се оди во кафичот во Оризари, па во 1:30 часот да дојдат пред дискотеката Пулс. И пак полициските службеници не влегуваат веднаш туку кружат и вртат пред дискотеката Пулс уште еден час, затоа што најверојатно не смеело да биде попречено дилањето со наркотични средства. Ова не се мои тврдења, овие се тврдења на мајките кои ги закопаа своите деца“, рече Мојсоска и додаде дека полицијата влегла непосредно пред пожарот, речиси во 2:30 часот, пред завршување на концертот и „очигледно кога веќе нелегалната роба кај газда Деко е дистрибуирана“. Одговорниот на смена Драган Петрушев не е еден од осомничените полициски службеници, а нема ниту еден осомничен полициски службеник кој вечерта одлучил дека оперативната акција во дискотеката Пулс треба да почне во 2:30 часот.„Ќе ја цитирам една огорчена мајка: И врапчињата знаат дека тука во Кочани има огромен синџир на дрога и корупција! Каде е пресечен тој синџир кога во вашата истрага немате ниту еден актуелен началник? Како можевте експресно да најдете пораки во телефонот на претседателката на Антикорупциска со осомничени во истрага, претседателка која иначе вашата ВМРО - ДПМНЕ ја изгласа, но не најдовте со кого комуницирал газда Деко и кој наредувал таа кобна ноќ полицијата да не пристигне порано и да ја спроведе оперативната акција?!“, го заврши Мојсоска цитатот.За вториот момент рече дека се однесува на насилничката атмосфера за угушување на протести која ја диригирала власта, а МВР како главен орган на репресија пуштал кривични пријави против млади деца кои го демолираа кафичот на газда Деко. Рече дека се шиканирале млади деца, надвор од законските прописи се забранувале дронови на протестите и се повикувале новинарски екипи на сослушување.„Вашиот партиски директор во Штип ги кинеше хамерите на децата кои сакаа само да изразат сочуство за своите врсници, вашите партиски директорки во Прилеп и Ресен им се за закануваа на децата со дисциплиснки мерки ако излезат на протест, па дури имате и пратеничка од Битола тука чиј сопруг јавно се закануваше на деца во Битола дека ќе бидат апсени за организирање мирен собир. Каде се кривичните пријави министре Тошковски за овие ваши партиски пулени кои се закануваа и личнуваа на сите оние што ја криткиваат вашата пропаганда?!“, праша Мојсоска.За крај на својот говор посочи дека „полициските послушници“ се дрзнале да се закануваат на мајките кои ги закопаа своите деца. Истакна дека на последниот протест од една мајка јавно било посочено дека добиваат закани од полицијата дека тие ќе одгововаат. „И мајката додаде дека за тоа треба да се праша министерот Тошковски и директорор на БЈБ. Еве јас ве прашувам министре, дали на солзите на една мајка тренирате полициска дисциплина, затоа што очигледно цела година кадрите вие кои се ги избрале не тренирале дисциплина во криминалното дувло на смртта?!“, рече Мојсоска.На крај го потсети министерот Тошковски дека советничката од ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Кочани покажала морална одговорност и побарала прошка од сите оние кои ја гласале. „Таа жена во сиот свој мандат како советник имала помала политичка моќ и одговорност отколку вие во една година како министер за внатрешни. Вашата советничка имаше 100 легитимни причини да остане - а само една да си замине, чуството на лична одговорност. Таа ја одбра личната одговорност. И таа беше единствена светла точка која во оваа несразмерна трагедија покажа што значи чувството на морална одговорност“, истакна Мојсоска.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-18.46.16

(Видео) Не помина интерпелацијата на Панче Тошковски, тој останува министер: само 20 пратеници беа „за“

Не помина интерпелацијата на Панче Тошковски во Собранието, а тој останува министер за внатрешни работи. Само 20 пратеници гласаа „за“, а 72 гласаа „против, а немаше „воздржани“.„Собранието не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“, рече собранискиот спикер, Африм Гаши.Интерпелацијата, образложи пратеникот од Левица Сашко Јанчев, е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.Според Левица, МВР потфрлило со тоа што дало согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир, плус безбедноста на сообраќајот како во сопствените надлежности за проверка на работно време, на гласност и бучавост, на присуство на малолетници после полноќ, на точење алкохол и употреба на наркотички супстанции. -Ништо од ова не е завршено. Да беше завршено, дискотеката немаше да постои, рече Јанчев. Останатите пет основи за интерпелацијата се однесуваат на уапсени граѓани во гостиварско кои чистеле црква, на непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуана која ја чувала полицијата, за случајот со апсењето и притоворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни, и, како што велат, на катастрофалната кадровска политика во Министерството исполнета со ннепотизам и кронизам.Против министерот за внатрешни работи беше поднесена интерпелација и во јануари заедно со уште четири интерпелации на владини министри. Тогаш интерпелациите ги поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-18.19.40

„За три дена не дочека 25-ти роденден, поради корупцијата и парите, нашите деца ги нема“, рече таткото на загинатиот Андреј Стојанов

Таткото на Андреј Стојанов, голем херој кој пред да се случи пожарот тргнал да си оди дома, но кога видел дека гори се вратил да помага и спасува други, пред Собранието не ги криеше емоциите и разочараноста од државата, која ја смета за корумпирана. Андреј бил со неговиот имењак Андреј Лазаров.„Полни со живот. Во името на корупцијата и парата, нашите деца загинаа. Само пари, пари и ништо друго, а сега нашите деца сега ги нема. За три дена не дочека 25 роденден. Нашето е завршено со завршување на нивниот живот“, рече таткото на Андреј Стојанов.Мајката на Андреј Лазаров, покажувајќи ги сликите од двете деца, посочи - еве ги заедно, заедно дојдоа, заедно загинаа.„Заедно си дојдоа од Скопје и заедно загинаа, а никој нема одговори зошто“, рече мајката.

Македонија | пред 9 месеци

petrovska-krupen

Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња и презимиња и тоа токму на денот на трагедијата. На денот на трагедијата вие министер лично и дел од раководството на Министерството за внатрешни работи покажавте дека не се водите по правото и по законите, туку по основ на брат, братучед, партиски другар и партиска наредба, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при обраќање на собраниската седница, посветена на интерпелацијата на министерот за вантрешни работи Панче Тошковски.Петровска нагласи дека Тошковски, како искосен правник, долгогодишен адвокат ги познава законите, особено Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, но свесно на денот на трагедијата не посочи одговорност во Министерството за внатрешни работи.Напротив, ги заштитивте тие кои се прво повикани и кои во најмала рака го прекршиле ова што предмалку го прочитав, а го прочитав од закон, не од политички памфлет, не од партиско соопштение, туку од законот за полиција. Според вас полициски службеник кој е пензиониран пред две-три години е виновен за тоа што се случи во Кочани, ама актуелните началници, оние пред да ги разрешите тие не биле виновни. Не знаеле што им се случува на територијата на подрачјата за кои по закон се должни да знаат и истото да го спречат, нагласи Петровска, додавајќи дека на денот на трагедијата и деновите потоа Тошковски свесно оддавал службена тајна од истрагата на лице кое не е овластено и му ги направил достапни информациите од истрагата кои беа злоупотребени се злоупотребувала до денес за политички цели.Еве со ова вие ја контаминиравте и ја попречивте истрагата и затоа меѓу другото се и нашите тврдења дека истрагата е селективна Исто како што дозволивте од денот на трагедијата до отприлика седум дена подоцна раководните полициски службеници од СВР Штип и полициска станица Кочани да продолжат да доаѓаат на работните места и со тоа им овозможивте да кријат докази, да преправаат записници, се во нивен интерес и во интерес на тие кои треба да ги заштитите. Под притисок исклучиво на експертската јавност тие беа променети. Е затоа денес семејствата на починатите, загинатите и повредените дојдоа во Скопје и затоа побараа средба не само со вас, побараа средба и со нас и со сите пратеници овдека во Собранието, затоа што меѓу другото ние сме нивни избраници, нагласи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-18.02.03

(Видео) Полицаец почина вечерта во Пулс, татко му се вика Венко, прашајте го него зошто не поднесов оставка - не ги напаѓајте полицајците, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, повика да не се напаѓаат полициските службеници за трагедијата во Кочани. Тој се врати на седницата каде се расправа за негова интерпелација.„Кога повикувате на одговорност, ве замолувам да ги имате во предвид фактите дека 16 полициски службеници се обвинети, од кои едниот е актуелен полициски функционер. Второ, полицаец почина вечерта, Тоше се викаше. Татко му се вика чичко Винко. Прашајте го него зошто не поднесов оставка. Трето, ќерка на полициски службеник почина во несреќата. За мене зборете што сакате имате легитимно право на тоа, поставувајте прашања, но кога ќе поставите прашање, внимавајте дека претходно МВР немаше ниту една кривична пријава за загинатите во претходните трагедии, а сега има. Вие сте тие што предизвикувате болка дополнителна на овие семејства. Немојте да ги напаѓате полициските службеници. Полициски службеник загина во Кочани, еден го изгуби своето чедо во Кочани. Секој кој има одговорност, ќе одговара“, рече Тошковски.На ова врати Јована Мојосовска, пратеничка од Левица.„Не ја обвинив целата полиција туку тие корумпирани началници и полицајци, кои не виделе дека на диво работи таа дискотека, без опрема. Тие се срам на полицијата. Јас за нив поставив прашања. Секогаш ќе бидам гласна кога ќе ставате за командир, лице кое е братучед на пратеничка, ќе бидам гласна кога враќате да биде командир лице кое пукаше со пушка, а пратеникот Ковачки викаше дека тој е срам на полицијата“, рече Тошковски.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_5168

Хорор во Кичево: Дедо повеќе пати силувал дете

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 72-годишниот А.А. од Кичево поради сторено кривично дело силување на дете.Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Битола“.

Македонија | пред 9 месеци

toskovski-51235

(Видео) Имате право да не ми верувате, но и мене душава ми плаче и јас сум гневен и бесен, Тошковски седна со семејствата на загинатите

Семејствата и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со пашачење од Собранието до МВР, отидоа на средба со министерот Панче Тошковски, на која беше и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Тие побараа тој да излезе надвор, а по кусо време, тој тоа го направи. Потоа ги покани во седиштето на МВР, каде разговараа и им кажа за истрагата, но и дека има разбирање за нивната тага и гнев.„Толку голем пат минавме, од почит кон нас, нека дојде тука. Без душа сме, без сила, без деца останавме. Нека излезе овде“, рече една од мајките, а таткото на трагично загинатиот Андреј рече: „Немаа ли услови, едно литро нафта да дојдат пред Владата? Изгубени деца, изгубени ние, да доаѓа“.Надвор, излезе министерот Панче Тошковски. Тој им кажа на родителите дека се сочувствува со нивната болка.„Болката не се опишува со збор“, рече Тошковски, а таткото кој го изгуби синот единец, рече „Не знаете како е да го изгубите дете. Сум спечалил една куќа и кола да му дадам“.Потоа, беше побарана и морална одговорност од него.„Нели може да понесете барем морална одговорност?“, го праша кочанчанец кој изгуби посинок.Потоа се надворза и мајка со прашање: „Дали се безбедни нашите деца?“, а министерот рече: „Не сум човек како што побараа некои луѓе.. ве замолувам да седнеме да разговараме, да ја тргнеме политиката, да разговараме за сите работи кои ве интересираат, цел ден ако треба, цела недела, цела година. Ве замолувам“.Потоа, посочи дека по трагедијата, навистина сакал да даде оставка од морални причини и објасни зошто тоа не го сторил. Според минситерот, предомислувањето дошло по погребот на полицаецот кој исто така загина во трагедијата додека бил на должност критичната вечер.Им вети дека за два месеци ќе може да зборува и ќе им каже сѐ, а сега би ја загрозил истрагата. Посочи дека и тој е револтиран, дека и него му плаче душата, исто како што плачеле и неговите две деца по трагедијата.„Ве разбирам дека имате гнев и немате доверба. И јас немам доверба, и јас сум немал доверба. И јас сум гневен и јас сум бесен и мојава душа плаче, и моите деца плачат“, рече Тошковски.Потоа една од мајките кажа уште не добиле обдукциски извештаи.„Истрагата нема никого да поштеди, никого, а за кого има докази. Да ми верувате на зборот“, рече Тошковски, а кога некои од лицата рекоа дека не веруваат, тој рече „Имате право и на тоа“.Министерот Панче Тошковски им укажа на родителите на загинатите деца за истрагата, па настанаа тензии.„Актуелен министер е осомничен, актуелен командир на полициска станица е осомничен, актуелен директор на ДЗС е осомничен, актуелен градоначалник е осомничен, и претходните градоначалници. Јас се извинувам што морам да бидам на ниво на позицијата која ја имам, и не можам да споделам се што знам и да ја нарушам истрагата. Не можам сега, ама ќе можам. Правда од овој случај мора да имаме. Ако сакаме да имаме нормална држава, мора да има правда“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-124533

Започна протестот на родителите на загинатите деца од Кочани

Пет минути по 12 часот, симболично, започна протестот наречен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Маршот во моментов се одвива пред Oбвинителството во 12, а ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.Затворени очи, отворени гробови - ова е само една од праките испратена до обвинителите од семејствата на жртвите кои загинаа во дискотеката Пулс.

Македонија | пред 9 месеци

491466488_18026361107659085_4533786141217273944_n

Обвинителството за средбата со родителите на загинатите во Пулс

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и тимот обвинители кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се сретнаа со семејствата на жртвите и ги информираа за досегашниот тек на истражната постапка. Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_6605

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 предупреди на сериозни проблеми со јавните финансии и економската политика на Владата.„Реалноста е таа дека ние сме влезени во циклус од 6 до 9 месеци на невраќање на ДДВ и неплаќање на обврски кон стопанството, коешто Владата не го кажува, а што го кажуваат самите стопанствениците“, изјави Битиќи, притоа нагласувајќи дека кога Владата станува најголем должник, било по основ на поврат на ДДВ, било по основ на договорни обврски, тоа е сериозен проблем за економијата затоа што предизвикува неликвидност во стопанството и намалување на активноста.„Факт за ова е податокот за индустриското производство за февруари од минус 0,8%“, рече Битиќи и појаснувајќи дека доцнењето на повратот на ДДВ кон стопанството е незаконски.Битиќи истакна дека економскиот раст кој Владата го најавува не се заснова на индустрија и стопанство, туку на јавни инвестиции, кои исто така потфрлаат.„Нормално е проекциите на Светска банка да бидат такви какви што се, а тоа е да кажат дека годинава ако завршиме на ниво од 2,6% можеме да бидеме среќни како држава“, рече Битиќи, додавајќи дека проекциите се базираат на реалната можност за спроведување на инвестициите, а не на пропаганда.Во врска со доцнењето на исплатата на платите во дел од јавниот сектор, Битиќи рече: „Ако сакаме пред јавноста само да кажеме дека само се случил административен пропуст со доцнењето на исплатите на плати, реалноста е дека еден од инспекторатите, кој е под Министерство за економија, четири месеци нема земено плата.“Тој потсети дека законски рок за усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа е шест месеци и праша: „Не ли оваа Влада работи законски, како по 10 месеци уште ќе се усогласуваме и заради тоа не се исплатени платите?“Тој исто така нагласи дека кога се зборува за јавни финансии мора да се гледа што се случува во секој сегмент – платите, пензиите, социјалните давачки и функционирањето на стопанството.Во однос на задолжувањето, Битиќи посочи на зачестената динамика на задолжување на Владата кај домашните банки.„Да земеме еден сегмент кој никој не сака да го збори – од 8 октомври 2024 година кога е потпишан договорот во Будимпешта за една милијарда задолжување, од тој ден до денес се издаваат 17 државни обврзници, нивната вкупна вредност е 27,9 милијарди денари или 453 милиони евра. Дополнително, само во март од Шпаркасе банка земени се и 70 милиони евра,“ рече Битиќи.Битиќи заклучи дека буџетот се полни преку нови задолжувања, а не преку здрави приходи, предупредувајќи дека годинешниот дефицит според долгогодишната стратегија за управување со јавни финансии и фискалната консолидација не укажува, што е една од забелешките на ММФ, дека како земја доцниме во фискалната консолидација затоа што во суштина буџетскиот дефицит го надминува тоа што треба да го имаме.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-16.07.18

Осомничената антикорупционерка не поднела оставка - ќе остане ли Собранието со скрстени раце?

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровска, нема поднесено оставка до крајот на вчерашниот работен ден. И покрај јавните повици дека седењето со скрстени раце ќе донесе уште поголем удар на институцијата - досега нема потег ниту од Собранието кое може да покрене постапка за нејзино разрешување. Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна во случајот „Адитив“ и тоа информации од предмети на ДКСК.„Ве известуваме дека до Државната комисија од страна на претседателката не е доставено известување за евентуална оставка“, велат од ДКСК за „Скопје1“.Таа може да оди на работа, но не смее да има допир со предмети. По отворањето на случајот, нема информација дека се појавила. Реагираше и претходната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, која рече дека Димитровска треба да преземе одговорност.„Ова не е време за седење со скрстени раце. Собранието е на потег“, изјави Ивановска, повикувајќи на внатрешна проценка на ризици од корупција и зголемување на интегритетот во Комисијата.Од Кабинетот на Африм Гаши пак, суптилно најавуваат дека нема да ја разрешуваат Димитровска, се додека наводите за нејзина вина не се потврдат во судска постапка.„Доколку наводите се потврдат во судска постапка, ќе се иницира разрешување на Димитровска“, велат од Кабинетот на претседателот за неколку медиуми.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Живеете во свет на корупција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече?“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Дали станува збор за внатрепартиски договор, некаква транзиција или лична амбиција на Османи? Или можеби тој сега е само портпарол на партијата? Како и да е, треба да знае – а и сигурно знае – дека единствениот свет во кој треба да завршат корумпираните функционери на ДУИ е светот на правдата.Како во најмрачните времиња на српските кланови, денешната структура на Бујар Османи, прави се’ за да им нанесе штета на институциите, само за да не се обелодени нивното мрачно 20годишно досие. Дури и начинот на комуникација на ДУИ е сличен на озогласените „сурчински“ или „земунски“ кланови: со навреди и со закани, но всушност без никаква моќ да го сменат текот на правдата.Османи, поразениот министер кој беше симбол на молчењето пред сите скандали на ДУИ, денес повторно се обидува да влезе во политичката арена преку лажен патриотизам и заплашување на граѓаните.Наместо да одговори зошто за време на неговиот мандат се молчеше пред уцените од Бугарија, зошто се деградираше позицијата на државата на меѓународен план, и зошто ДУИ 20 години ја користеше власта исклучиво за лични и партиски цели, Османи се обидува да создаде нова поделба и тензија.Владата нема потреба да бара ничија дозвола за да ја води надворешната политика на Македонија. Тоа е уставна обврска и право, добиено директно од народот. Македонија е демократска држава, а не приватна територија на ДУИ која треба да се раскрчми - како во минатото.Доста е од политичари кои ја сведуваат државата на етничка апанажа.Сите сме еднакви граѓани на оваа држава.Доста е од лаги за „српски светови“, „големи Албании“ и други лаги со кои Османи и ДУИ ја одржуваа својата моќ.Ако Османи навистина сака да зборува за „прашање до Албанците“, нека им одговори на граѓаните:• Кој му го даде правото да го потпише Францускиот предлог без консензус?• Кој му го даде правото да молчи за криминалот во ДУИ?• Кој му го даде правото да ги дели Албанците на „вистински“ и „предавници“ според тоа дали го поддржуваат ДУИ?Секој што се чувствува Албанец, Македонец, Турчин, Србин, Влав, Бошњак или Ром има исти права и одговорности. Меѓутоа, никој нема право да ја приватизира надворешната политика, да ја дели државата и да ги лаже граѓаните.Тие што мислеа дека се вечни, нека се помират со реалноста: времето на ДУИ конечно заврши.

Македонија | пред 9 месеци

srbija-protesti-rts

Студентите ја прекинуваат блокадата на РТС, нов голем протест во Белград на 1 мај

Белградските студенти вчера вечерта ја прекинаа двонеделната блокада на две згради на Радио телевизија на Србија (РТС), откако парламентарниот одбор за култура и информации претходно усвои одлука за распишување нов конкурс за членови на советот на Регулаторната агенција за електронски медиуми (РЕМ).Блокадата започна на 14 април со барања за непристрасно известување од страна на јавниот сервис за студентското движење, социјалната и политичката криза во земјата и за избор на нови членови на одборот на државното регулаторно тело во околности кога повеќето печатени медиуми и телевизии со национален опсег се под влијание или контрола на владата.Студентското движење се појави на бран антивладини протести предизвикани од смртта на 16 лица при уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Тие бараат кривична и политичка одговорност од властите за оваа трагедија и бараат борба против корупцијата, слободно и уредно општество и независно работење на институциите.Од 22 ноември минатата година, студентите, со поддршка на голем дел од академската заедница и мноштво општествени групи, блокираат повеќе од 60 факултети на сите четири државни универзитети, а властите ги нарекуваат нивните протести „обоена револуција“.Блокадата на РТС заврши на денот кога полицијата претходно во понеделник употреби сила против студентите и демонстрантите во Нови Сад во обид да го внесе деканот во зградата на Факултетот за спорт и физичко образование, кој имаше намера да ги спречи студентите да го блокираат тој факултет.Во пресметка со полицијата, која употреби палки и бибер спреј, студентка доживеа потрес на мозокот откако беше погодена во главата со полициски штит.Властите ги обвинија студентите и демонстрантите за насилство, нарекувајќи ги фашисти, а протести се одржаа во неколку градови во понеделник вечерта поради зголемената репресија врз студентското движење, кое се обидува да ја прекине повеќемесечната блокада на факултетите.Во исто време, српските студенти продолжуваат со уште една своја акција во обид да го привлечат меѓународното внимание кон кризата во земјата. По неодамнешната повеќедневна велосипедска трка наречена „Тура до Стразбур“, во тек е штафетен ултрамаратон до Брисел.Студентските маратонци тргнаа од Нови Сад на 25 април, а во првите четири дена, со топли пречеци во Осиек, Вировитица и Вараждин, синоќа пристигнаа во Грац.Нивната намера е да трчаат до Брисел пред новата сесија на Европскиот парламент, а целта е дополнително да го привлечат вниманието на лидерите на Европската унија кон настаните во Србија и целите на студентското движење во борбата против корупцијата, за слободно и уредно општество, независно функционирање на институциите и слобода на медиумите.Европската комесарка за проширување Марта Кос ќе пристигне во Белград во вторник попладне, каде што ќе има одделни разговори со претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, новиот премиер Ѓуро Мацута и српскиот претседател Александар Вучиќ.Најавен е голем заеднички протест на студенти и синдикати за 1 мај во Белград, по повод Меѓународниот ден на трудот.

Свет | пред 9 месеци

semejstva-kocan

Во 12:05 пред Обвинителство ќе се родителите на загинатите во Кочани, повик до сите граѓани да им дадат поддршка

Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Организаторите најавуваат дека маршот ќе почне пред Oбвинителството во 12 часот и 5 минути, како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.– Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување, се истакнува во пишаното известување од семејствата.Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за смртта на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на државата.

Македонија | пред 9 месеци

Foto-3

Сиљановска-Давкова: Уставниот суд е најнереформираниот државен орган

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на тркалезната маса насловена како: „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, организирана од Уставниот суд и ЕУ.Во воведниот дел на тркалезната маса говореа претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, амбасадорот на ЕУ, Михаил Рокас, амбасадорката на Германија, Петра Дреклер и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.Наодите од анализата за тоа дали има или не потреба од донесување Закон за Уставен суд беа презентирани од проектниот тим, составен од Карстен Манке, раководител и Мартин Сопранов и Маргарита Цаца Николовска, правни експерти. Проектот е финансиран од Европската Унија.Свои ставови презентираа судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павлова Данева, како и универзитетските професори по уставно право: Рената Десковска- Тренеска, Тања Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари и Денис Прешова.Присутните го слушнаа и мислењето на невладиниот сектор, односно на претставниците на „Сите за правично судење" и „Млади правници".Според претседателката, прашањето: „Дали е потребна реформа на македонското уставното судство?“ е вистинското прашање. Истакнувајќи дека Уставниот суд е најнереформираната институција, со оглед на неколкуте неуспешни обиди за уставни измени, претседателката укажа на неодржливоста на сегашното правно решение и упати на препораките на Венецијанската комисија за донесување Закон за Уставниот суд. Таа констатираше дека нашиот Уставен суд не успеа да прерасне во четврта власт, коректор на односите меѓу трите власти и заштитник на слободите и правата на граѓаните.Сиљановска-Давкова укажа на важната улога во градењето уставна демократија на уставните судови на Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Словенија и на Хрватска.Таа се заложи за поширока надлежност на Уставниот суд: проширување на листата на заштитени слободи и права, оценка на меѓународните договори пред да бидат ратификувани од Собранието, давање финална оценка на изборите и референдумите, дислоцирање на автентичното толкување на законите од надлежност на Собранието во надлежност на Уставниот суд, воведување impeachment и за други носители на високи функции, конкретизирање на условите за „истакнат правник“ за да се оневозможи политизацијата и партизацијата, што доминирале во досегашното регрутирање на уставните судии.Претседателката се вклучи во бурната дебата што следеше, застапувајќи и бранејќи го ставот за нужноста од уставни промени заради создавање уставен основ за донесување Закон за Уставен суд по примерот на најголемиот број развиени демократии, како и во духот на препораките на Венецијанската комисија и научната мисла.Во продолжение е интегралниот говор на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова:Добро ве најдов сите, пријатно се чувствувам особено што ги гледам моите колешки и колеги овде.Ќе зборувам како професорка и веднаш ќе го проблематизирам насловот. Ни треба ли закон за Уставен суд? Езоповско е прашањето претпоставувам намерно. Инаку, можеби е нормативистичко, не велам Келзеновско иако ние секогаш кога предаваме за Уставниот суд се повикуваме на Ханс Келзен. Значи, за мене прашањето е одамна решено, уште во далечната 2005 година кога се постави прашањето дали заедно со судските реформи, уставни, треба да посегнеме и по реформа на уставното судство. И меѓу нас, на кои им е живот правото, па и уставното судство имаше неподелен став, ги гледам тука двете мои колешки кои беа оние кои ја изработија работната верзија на промените, сум разговарала со нив, знам дека и тогаш им беше ставот дека се потребни. Интересно, но мислам дека отпорот оттогаш, па низа потоа години доаѓаше од самата институција. И мене тоа ми беше неразбирливо бидејќи очекував иницијативата за промени да дојде од куќата на Уставниот суд, ама таа не доаѓаше. Значи, ако тргнеме од анализата на улогата на Уставниот суд во демократизацијата, ќе заклучиме дека имало светли мигови меѓутоа, факт е дека Уставниот суд не ја одигра можната улога каква што одиграа многу уставни судови и во земјите со развиена демократија, Уставниот суд на Германија или Уставниот совет на Франција, како власт што е надвор од редовното судство, како четврта власт, како своевиден креатор на уставната демократија и затоа потоа во многу трудови, докторати, расправи ние ја истакнувавме оваа дилема, па дури мислам дека и на ниво на Европската Унија тезата дека па не во сите земји има уставни судови, па во поглавјето 23 нема анализа или нема посветеност на уставното судство, исто така, не држи. Во земја која има долга традиција на уставно судство во далечната 63-та година, иако во еден сосема поинаков политички систем нели, во еден, во собраниски систем, а не во систем на поделба на власта, мислам дека Уставниот суд одамна требаше да се реформира. Второ, мило ми е што во домот на уставното судство се организира ваквата расправа, не мислам дека е случајно, туку е продолжение на неколкуте храбри одлуки и мене ме радува дека овој чекор покажува спремност, исто така, да се расправа критично и за најнереформираната институција, најнереформираниот државен орган како што го нарече во еден свој труд мојот колега Денис Прешова. И тоа е навистина така. Значи после неколкуте неуспешни обиди 2005, понатаму во Венецијанска комисија бев во 2014 година кога дојдоа амандманите и морам да кажам дека за разлика од критиката кон некои други амандмани, моите колеги, да не го бројам составот, тука имаше исто така излагање, гледам во материјалите, професорката Јасна Омејес, ја поддржаа реформата на уставното судство, особено кога се зборува за Actio Popularis, односно за потребата од поголема заштита на човековите права, зошто мене и денеска не ми е јасно по кој критериум е направен изборот на оние права што ќе имаат уставно-правна заштита. Веројатно била некоја правно политичка импровизација. Понатаму, и во стратегиите коишто ги гледавме и во онаа 2017 – 2022 година, исто така, беше многу жива дискусијата и заложбите за поголема заштита на слободите и правата односно за проширување на кругот, ама во финалната верзија некако, не знам, ја снема оваа дилема. Понатаму, во 2024-2028 година, исто така, во стратегијата се заговараше, па и акционен план беше предвиден, значи тогаш се заговараше и посебен закон за Уставен суд и еве, овде сме. Значи, ако ме прашате мене, јас ќе ви кажам дека сум за, и тоа сум го зборувала и пишувала, дека сум за поширока надлежност на Уставниот суд. Поширока надлежност не може да се регулира со закон бидејќи дури и да носиме ние закон за Уставен суд треба да интервенираме во Уставот бидејќи можеме ние да го читаме како сакаме членот 113, меѓутоа јасно е таму дека акт за Уставниот суд, не значи закон бидејќи Уставен суд не може да донесе закон, закони носи Парламентот. Впрочем, до 2024 година живеевме со деловник, тоа е за Уставниот суд. Значи, што мислам дека треба исто така да опфати една реформа по мене? Прво, да се прошири листата на заштитата на слободите и правата, не велам како Унгарија да одиме или како некои други држави да се повикуваме на Конвенцијата за човековите слободи и права, меѓутоа ни треба поширока заштита. Понатаму, да, треба да прецизираме дека од моментот на потпишувањето на меѓународните договори до ратификацијата на меѓународните договори Уставниот суд би можело да реагира, да има надлежност. Ние во целата историја сме имале засега само една интервенција помеѓу народен, по закон за меѓународен договор, не по самиот меѓународен договор и мислам дека, апсолутно тоа не е, не е релевантно. Понатаму, би сакала да се прошири надлежноста на, дури на финалниот збор да го има на изборите, на референдумите на пример, би сакала да го тргнеме од надлежноста на Собранието автентичното толкување на законите, бидејќи е остаток од комунизмот и доведува до директно кршење на уставноста и законитоста. Зошто? Со политички договор што се прави, се интерпретира, на нов начин, одредбата од законот, и така всушност ние правиме нешто што не смееме. Оваа надлежност треба да му припаѓа на Уставниот суд. Можеби треба да размислиме дали Импичментот каков што постои за шефот на државата, со право, треба да се прошири и на некои други високи носители на власта. Треба, исто така, наместо Уставниот суд само да кажува дека програмата на некоја партија, или на партијата е неуставна, исто така тоа да го спроведува, не тоа да го прави второстепен суд, редовен суд. Значи, ова се нешта што мене ми даваат за право, или ме водат кон заклучокот дека ни треба реформа на уставно судство. Е, сега тука можеме да го бираме моделот, некој ќе рече па Уставот ќе го смениме, ќе ги прошириме одредбите, да, ама ние имаме интересна историја со уставните измени, влегуваме со едни уставни измени, излегуваме со сосема други, што немаат понекогаш врска со предлогот за измена на Уставот. Затоа, велат Пандорина кутија е во прашање, повторно ќе се вратите на преамбулата, бидејќи нели, не она што е редок, редок, редок феномен во уставното право, да се менува преамбула, кај нас е чест феномен, па дури и за срам на уставното право и на правниците, тоа е направено на невозможен начин. Замислете преамбулата е сменета како да е дел од нормативниот текст, наместо целата промена да се напише бидејќи тоа е метафизичка приказна, таа е, се менува тоа и тоа, по зборот тој и тој, признавам не разбирам како гласи преамбулата. Ете тоа е парадоксот. И примерот со Индија, сега разговарав со еден индиски професор, примерот со Индија и со измената, па потоа одлуката на нивниот Врховен суд, мислам дека е релевантен да ме потсети. Понатаму, реков дека во годишните извештаи на ЕУ, тие што бев 4 години во Собрание, не видов никаков осврт на Уставниот суд, ама затоа видов, ќе речете дека сум цинична, да, затоа видов и во минатиот извештај 2024-та ама замислете и во 2025-та дека при инаугурацијата не сум го употребила уставното име. Значи јас не сум инаугурирана во 2025, во 2024. Е, тоа е важен елемент на извештајот многу интересен феномен, морам да кажам. Значи, реформите не ги правиме заради ЕУ, ова го зборувам заради коментар на една забелешка, реформите ги правиме заради ЕУ демократските стандарди и принципи, заради ЕУ филозофијата, ама најмногу заради македонската демократија. Значи, во функција на rule of law и затоа велам јас, мојот идол во уставното право, за жал почината, Lidija Basta Fleiner и Thomas ја напишаа брилијантната книга „Уставна демократија“ и ден денеска неверојатно инспиративна. Значи, од 63-та и во 63-та и во 74-та година, покрај уставните одредби имало и Закон за Уставен суд. Значи ние имаме една и ако сакате, правна традиција и мислам дека таа правна традиција нè охрабрува. При крајот сум, ме боли, тешко ми е, но денеска сум посреќна кога гледам дека, на некој начин пробива, не знам дали сè уште е така, општоприфатениот став во науката дека ни е потребен похрабар однос кон, активниот, кон Уставниот суд за да може тој да биде похрабар во односот кон трите власти, а исто така и похрабар во заштитата на човековите слободи и права. Toa е она што сакам да го потенцирам и сакам на крајот да кажам дека идеја имав да направам, првата работа да ми биде да составам една група од конституционалисти, зборувам од коституционалисти кои што ќе направат, ќе почнат да работат на нов Устав, меѓутоа ви кажувам зошто не го правам тоа, од стравот дека нема да се концентрираме на стандардните решенија, на пристојните, на досадните решенија, коишто ги среќаваме во сите европски устави, а не да градиме ние „Sui Generis“ решенија и оригинална демократија. Во демократија треба да се биде стандарден, не треба да се биде оригинерен и оригинален. Значи, ако сакаме темелна реформа на уставното судство, тогаш ни треба радикален пристап. Јас претпоставувам дека ова решение од 2024 година е обид да се надминат, или, како да се, привремено да се менаџираат проблемите со кои се соочил Уставниот суд, оти мене ми е јасно дека независноста не е уставна апстракција, не е, независноста треба да биде поткрепена со финансиска независност, со функционална независност, со можност за постапување токму во рамките на вака утврдените начела и дека затоа се посегнало, но знам дека ние ги учиме студентите - прашањата од материјален карактер може да се решат само со закон и со устав. Не може да се решаваат со подзаконски акти, тоа е нешто што сите знаеме. И заборавив, мораме да го конкретизираме статусот, квалификацијата истакнат правник. Ова што ни се случуваше во уставното судство сиве овие години не е толку резултат на недостиг на доволно одредби во Уставот, туку е резултат на партизацијата и политизацијата. Во Уставниот суд поминаа многу, многу фигури, кои не би можело да седат, и не би требало да седат, извинете ме, ама, како професорка зборувам, во Уставниот суд, чест на исклучоците. Тогаш ние ќе имаме уставно судство кое ќе служи на уставната демократија. Значи не можеме прашања како имунитет, дејство на закони Ex tunc - Ex nunc, финансиска независност, функционална, не можеме во подзаконски акт, јас знам дека вие сте морале тоа да го правите, меѓутоа мислам дека ни е потребно, ни е потребна похрабра одлука. Значи, прашањето дали треба закон е одамна решено. Се разбира, може тука да разговараме дали можеби стапицата да потргнеме со едни измени а добиеме со други, може да се реши со некаков Закон за Уставен суд, не знам иако досега ние во поновава историја имаме само закони за, уставните закони се закони за спроведување на уставните измени односно амандмани. За последната реченица ми е, нашиот Устав важи за цврст Устав, но јас кога се гледам со колегите особено со нашиот колега, не знам Рената дали го сретнала, значи англиски колега авторот на „The changing constitution”, Џефри Џоуел, велам Џефри, не е вашиот, англискиот устав во материјална смисла The changing constitution, нашиот е за 30 години 36 амандмани и морам да ги квалификувам најчесто тие амандмани се imposed значи наметнати амандмани, така што нема да се шокирам ако еден ден во преамбулата напишеме: ние граѓаните, ние граѓаните и ние граѓаните и меѓународната заедница.

Свет | пред 9 месеци

Нема фотографија

Би-Би-Си: „Путин разви нова специјалност, не е охрабрувачки знак!“

Кога прекинот на огнот е вистински обид за постигнување мир? А кога е само ПР потег?, пишува најновата анализа на Би-Би-Си.Ова е прашање кое во последно време се поставува сè почесто - особено кога станува збор за рускиот претседател.Краткорочните прекини на огнот стануваат нова специјалност на Кремљ.Прво, Владимир Путин прогласи 30-часовен прекин на непријателствата за Велигден, претставувајќи го како „хуманитарен“ гест.Сега тој најави тридневен едностран прекин на огнот на почетокот на мај - од 8 до 10 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.Во соопштението на Кремљ се вели дека воените операции ќе бидат суспендирани 72 часа. Повторно се повикува на „хуманитарни“ причини и јасно става до знаење дека Москва очекува Украина да го стори истото.Реагирајќи на предлогот, Украина праша зошто Русија не може веднаш да се согласи на прекин на огнот и побара прекинот на огнот да се спроведува најмалку 30 дена.„Ако Русија навистина сака мир, мора веднаш да го прекине огнот“, рече министерот за надворешни работи Андриј Сибиха, додавајќи: „Зошто да се чека до 8 мај?“Значи, три години по почетокот на инвазијата, се поставува прашањето: дали ова е искрен обид да се запре конфликтот? Или е само уште еден ПР трик на Кремљ, дизајниран да импресионира Доналд Трамп?За време на екстремно краткото таканаречено велигденско примирје, Украина ги обвини руските сили дека постојано го кршат.Потоа Москва го искористи објавувањето на 30-часовното затишје за да испрати порака до Белата куќа: дека во оваа војна, Русија е миротворец, а Киев е агресор. Ја обвини Украина дека го игнорира она што Москва го претстави како маслиново гранче и всушност ја продолжува војната. Но, неодамнешните коментари на Трамп сугерираат дека американскиот претседател не го „поверувал“ тој наратив.На својата платформа Truth Social, Трамп минатиот викенд напиша дека „воопшто нема причина“ зошто Путин „во последните неколку дена испукал ракети врз цивилни области, градови и села [во Украина]“.„Тоа ме наведува да мислам“, додаде тој, „дека можеби тој навистина не сака да ја заврши војната - само ме влече - и дека треба да се третира поинаку, преку „банкарство“ или „секундарни санкции“? Премногу луѓе умираат!!!“Најавено е ново примирје. Овој пат за подолг период: три дена. И, повторно, апел на „хуманитарни“ причини.Уште еден обид да се сигнализира до Вашингтон дека Кремљ има само најдобри намери? Дека Русија е „добриот човек“ во целата оваа работа?Ако е така, се чини дека не функционирало. Барем не веднаш, заклучува Би-Би-Си. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја забележа руската понуда за привремено примирје, но рече: „Претседателот [Доналд Трамп] јасно стави до знаење дека сака трајно примирје, за да се запре убивањето и крвопролевањето“.„Тој е сè повеќе фрустриран од лидерите на двете земји“, додаде Ливит.Тоа е знак дека американскиот претседател можеби губи трпение со Кремљ, и покрај тоа што поголемиот дел од своите јавни критики ги насочи кон претседателот Зеленски во последните месеци.Минатиот месец, администрацијата на Трамп ја промовираше идејата за 30-дневен сеопфатен, безусловно примирје. Украина се согласи со тоа. Русија - не е.Високи руски функционери веќе ја користат понудата на Путин за тридневно примирје за да ја прикажат Украина во негативно светло.„Тешко е да се поверува дека [претседателот] Зеленски ќе ја поддржи одлуката на нашиот претседател и ќе го прифати прекинот на огнот“, изјави претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, за државната телевизија.Би-Би-Си тврди дека тоа не е охрабрувачки знак.

Свет | пред 9 месеци

IMG_0961

По голем прекин, електричната енергија е вратена во речиси сите домаќинства во Шпанија и Португалија

Снабдувањето со електрична енергија е речиси целосно обновено низ цела Шпанија по голем прекин, при што околу 99,16 проценти од снабдувањето со електрична енергија е обновено до 6 часот наутро, соопшти операторот на електричната мрежа „Ред Електрика“ во вторник.Во соседна Португалија, електричната енергија е обновена и во повеќето домаќинства, објави РТП рано во вторник. Околу 95 проценти од 6,5 милиони корисници во земјата се вратија на електричната мрежа, објави РТП, повикувајќи се на операторот на електричната мрежа „Е-Редес“.Милиони луѓе во Шпанија и Португалија останаа во темница во понеделник, бидејќи струјата снема, комуникациските мрежи беа прекинати, семафорите престанаа да работат, а лифтовите беа блокирани.Шпанскиот премиер Педро Санчез, во телевизиско обраќање во понеделник вечерта, вети дека електричната енергија ќе биде обновена до вторник. Тој не ја прецизираше причината за прекинот, но рече дека не се исклучува ниедна можност.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-28-at-22.31.42

Шпанците испратија дури 30.000 полицајци на улиците, Скај њуз: Ова би можело да се претвори во кошмар, се случи нешто екстремно!

Министерството за внатрешни работи на Шпанија прогласи вонредна состојба по колапсот на електричната мрежа кој го погоди поголемиот дел од Иберискиот Полуостров. Министерството додаде дека вонредната состојба ќе се однесува на регионите што го побарале тоа. Досега, Мадрид, Андалузија и Екстремадура побараа од централната влада да ги преземе јавниот ред и други функции.Во меѓувреме, Ројтерс објави во понеделник вечерта, повикувајќи се на сведоци, дека снабдувањето со електрична енергија се обновува во различни делови од центарот на Мадрид. Министерството за внатрешни работи соопшти дека распоредува 30.000 полицајци за одржување на безбедноста. Тие ќе бидат распоредени низ целата земја, додаде министерството.Португалскиот мрежен оператор REN изјави дека „нема информации“ дека масовните прекини на електричната енергија што го погодија Иберискиот Полуостров се предизвикани од кибернапад. Членот на одборот на REN, Жоао Консеисао, рече дека колапост веројатно е предизвикан од „многу голема флуктуација на електричните напони, прво во шпанскиот систем, кој потоа се проширил на португалскиот“. $bp("TargetVideo_45846332", {"id":"26456","width":"647","height":"364","video":"2108667","autoplay":0,"shared":true});„Може да има илјада и една причина, прерано е да се процени“, рече тој, додавајќи дека REN е во постојан контакт со Шпанија. Консеисао рече дека REN се надева дека ќе го врати напојувањето со електрична енергија во вториот по големина град во земјата, Порто, во следните два часа, а во рок од пет или шест часа и во главниот град Лисабон.„Доколку беше до REN, земјата утре ќе се разбудеше со струја, но за жал не е важен само REN“, рече тој.Скај њуз објави дека шпанските и португалските инженери се соочуваат со голем предизвик и потенцијален кошмар - постепено обновување на мрежата дел по дел, додека се одржува рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката. Ако се дејствува премногу брзо, мрежата би можела повторно да падне. Ако трае предолго, некои електрани или трафостаници би можеле да бидат тешки за рестартирање - особено ако се потпираат на енергија од батерии.Скај нè потсетува дека локалните прекини на електричната енергија се доста чести, но она што се случи низ Шпанија и Португалија беше нешто многу поекстремно. Голем дел од шпанскиот и португалскиот систем за пренос на електрична енергија се распадна за неколку секунди, вклучувајќи ги и големите градови Лисабон, Мадрид, Барселона и Севиља.Денешниот колапс на електричната енергија веројатно ќе го надмине најголемото затемнување во Европа досега, кога 56 милиони луѓе во Италија и Швајцарија останаа без електрична енергија до 12 часа во 2003 година.

Свет | пред 9 месеци

brzo-vozenje-sdsm-obvinuvanje-brat-na-gradonaalnik-gazibaba-crop

(Видео) Братот на градоначалникот на Гази Баба куртулил од казна за кратко, по скандалот казнет и тој, и полицаецот кој го пуштил

Возел 88 km/h на место во Скопје каде максималната дозволена казна е 50 km/h, но по телефонско јавување од полициски началник, казната била пишана на друго име, бидејќи возачот бил брат на градоначалникот на Гази Баба, обвини денеска СДСМ на прес конференција.„Свиркачи од МВР ни доставија видео-снимка од радарот, на која јасно се гледа колку вози Стефковски среде Скопје. Полицајците го стопирале за да го казнат за пребрзо возење, но тогаш Д. С. (братот на градоначалникот Стефковски) телефонски контактира со некој во МВР. За само една минута, началник од МВР, кој според нашите информации тогаш дури и не бил во земјата, се јавува на полицајците и им дава наредба: братот на градоначалникот да не биде казнет и да биде ослободен. Полна му беше устата на Тошковски со празни ветувања дека „секој ќе одговара“. Денес, гледаме дека тоа биле само лаги. „Брат да ми е, ќе одговара“ е најголемата лага на Тошковски. Законот за нив не важи“, тврди портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави кривична одговорност за полицискиот службеник.„Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на Министерството за вантрешни работи со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од страна на Министерството за внатрешни работи“, изјави попладнево Тошковски за телевизија „Сител“.Братот на градоначалникот на Гази Баба кој возел со 88 километри на час, наместо дозволените 50 километри на час, според министерот Тошковски, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ и му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило.„Овој случај МВР го расветли веднаш по информациите во јавно достапните гласила. Да упатам порака дека секој полициски службеник мора да постапува согласно закон и согласно стандардно-оперативни процедури. Никој нема никого да има шанса да го спаси од дисциплинска или друга одговорност“, рече Тошковски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-28-at-18.15.21

(Видео) Такси возач во Скопје го бранеше автомобилот од пајакот

Денеска на Железничката станица во Скопје се случи несекојдневна сцена кога такси возач, поради непрописно паркирање, се качи на покривот од своето возило за да спречи службата за подигање на возила (пајак) да го однесе автомобилот.Неогвата реакција беше за некого храброст, за некого лудост, но на крајот наместо да плати сума за пајак службата и казна, тој плати само казна од 1.500 денари.

Скопје | пред 9 месеци

siljanovska

Има ли потреба од потребата од Закон за Уставниот суд?

Уставниот суд со поддршка на Европската Унија, се одржа експертска дебата за потребата од носење на Закон за Уставниот суд. Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, и претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, останаа присутни до крајот на експертската расправа, што ја потврди важноста на отворањето на ова значајно прашање. Присутни беа и студенти од правните факултети.Карстен Манке, тим лидер на проектот, нагласи:- „Целта на проектот е да понуди експертска анализа за постоечката уставна рамка и да идентификува можности за нејзино унапредување. Анализата не дава финални заклучоци, туку нуди основа за понатамошна јавна и стручна дебата, имајќи ги предвид европските компаративни искуства и препораките на меѓународните тела како Венецијанската комисија.“Мартин Сопронов, виш правен експерт на проектот:- „Во суштина, анализата дава осврт за и против Актот на Уставниот суд и за и против посебен Закон за Уставниот суд. Тоа го прави преку компаративни примери и пракса, како и преку мислењата на релевантните меѓународни организации, во прв ред - Венецијанската комисија. Врз основа на наоѓањата од двата модела, понудени се препораки и заклучоци кои даваат насока како би можеле да се решат предизвиците што се однесуваат на нормативното уредување на материјата поврзана со Уставниот суд, притоа оставајќи му на Уставниот суд и на останатите засегнати страни да одлучат кои од понудените решенија ќе бидат прифатени.“Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка на ЕСЧП и виша правна експертка на проектот:- „Експертската група не дава решение на проблемот, туку само ги детектираше елементите, одговарајќи на прашањето дали е потребен закон за Уставниот суд или не, имајќи ги предвид не само искуствата од дел од европските држави, туку и идејата да се обезбеди поголема независност во работењето на Уставниот суд преку примена и толкување на уставните одредби.“Проф. д-р Ана Павловска-Данева, судијка на Уставниот суд:- „Во долготрајниот процес на исчекување да се создадат правни основи за донесување Закон за Уставниот суд, најпрво да пробаме да се реформираме самите себеси во рамките на дозволеното со постојната правна регулатива, а уште повеќе да помогнеме кон подигање на политичката култура и правната традиција кај оние кои треба да го донесат законот и да го изменат Уставот - извршната власт и Собранието. Тоа може да го постигнеме само под силен притисок и мониторинг на јавноста, врз работењето како на Уставниот суд, така и на Владата и Собранието.“Татјана Васиќ-Бозаџиева, судијка на Уставниот суд:- „Не се реформира институција со носење закон. Закон е алатка, не е цел сама за себе. Само стабилни институции создаваат стабилна држава. Заштитата на институционалната независност на Уставниот суд мора да биде врвен приоритет, а секој чекор во правец на негово регулирање преку закон треба да биде добро промислен, внимателно подготвен и условен со постоење на широка политичка и стручна согласност.“Проф. д-р Осман Кадриу, судија на Уставниот суд (писмено излагање):- „Од прашањата кои, според моето мислење, треба да бидат законска материја, би ги издвоил следните: финансиската независност на Судот, уредувањето на постапката за заштита на човековите права пред Уставниот суд, регулирањето на можноста или неможноста за поништување на конкретни правни прописи, особено закони кои престанале да важат пред поведување уставна постапка, како и статусните прашања на судиите на Уставниот суд за време на вршењето на функцијата.“Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска:- „Добро е што Уставниот суд конечно се отвори за експертската јавност. Инсистирам на имплементација на европските стандарди, содржани во препораките на Венецијанската комисија, поврзани со владеењето на правото и уставната правда, бидејќи само на тој начин македонскиот Уставен суд ќе биде визибилен, препознатлив на европската сцена и ќе биде гарантор на Уставот и на уставниот поредок во земјата. Уставна демократија е невозможна без уставна правда, а уставна правда е невозможна без реформиран Уставен суд кој ќе одговори на сите предизвици со кои се соочува државата.“Проф. д-р Јетон Шасивари:- „Според моето мислење, Актот на Судот има уставна вредност и улога на закон во материјална смисла (никако не е подзаконски акт, бидејќи има само уставен, а не и законски основ), и како таков ги обврзува сите три гранки на власта. Промената на оваа богата уставна традиција со донесување на закон за Судот би го довела Уставниот суд во „клинч-ситуација“ под влијание на законодавачот, кој е и политички орган на државната власт.“Проф. д-р Денис Прешова:- „Неопходна е потребата од ревидирање на уставната рамка посветена на уставното судство, со цел овозможување уставна основа за донесување посебен закон за Уставниот суд или, во најмала рака, законско регулирање на дел од прашањата поврзани со уставното судство, со цел исполнување на меѓународните стандарди и усогласување со компаративната уставно-судска пракса во Европа.“Проф. д-р Рената Тренеска-Дескоска:- „Јас сум категорично против носењето закон без уставни измени, бидејќи кога би се носел таков закон, во сегашната констелација, би бил закон којшто се носи со 40 гласа во Собранието. Сметам дека во идни уставни измени треба да се разговара за измена на уставната рамка во насока на проширување и прецизирање на неговата надлежност и создавање уставен основ за носење Закон за Уставниот суд, кој би се носел со дво-третинско мнозинство во Собранието.“Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“:- „Без разлика на тоа дали ќе биде уредуван со закон или со друг акт, важно е дека Уставниот суд треба подобро да биде интегриран во склоп на системот и во релација со другите институции, особено имајќи ги предвид прашањата за суверенитетот, за во иднина кога ќе влеземе во ЕУ, а во релација со Судот на правдата на Европската Унија.“Бојан Трпевски од Македонското здружение на млади правници:- „Без разлика дали е со закон, со деловник или со измена на Уставот, она што е потребно за унапредување на конституционализмот во државата е конзистентен пристап во уставно-судската анализа, преку практиката на Судот, а пред сѐ низ призма на операционализирање на темелните вредности на уставниот поредок од членот 8 на Уставот.“

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања