Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

puls-kocevski

Откако им најавија протест, обвинителот Коцевски пројави желба да се сретне со семејствата на жртвите од Кочани

Јавното обвинителство се обрати со соопштение околу протестот на семејствата на жртвите:„Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека "Пулс", Јавното обвинителство поканува на средба со претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите“.

Македонија | пред 9 месеци

vanja-palco

Палевски одговори на прашањето: Си правите ли алиби со плаќањето во банката денот кога е Вања убиена?

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска продолжи со прашања за обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Според Обвинителството, Палевски дава само алиби за деновите кога се убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, но не нуди докзи,Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Дали си правевте алиби за 27.11.2023 со плаќањето на сметка во Банката?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Бев да плаќам кога ми стигнаа пари на сметка, ако сум убил - ќе правев алиби. Добив 1000 евра од ‘јутуб’ на сметка и отидов во ‘Халк Банка; на Буњаковец, има многу експозитури на Партизанска. Вие слушнавте дека сите биле под уцена од мене, се плашеле да не им ги убивам фамилиите и зошто имало потреба јас да одам во ‘Дупки’ туку едноставно ќе сум наредил, зошто би отишол од Скопје во Велес за ‘цитроен’ канта, што е поевтин од мојот Ајфон. Но според вашата логика сум морал да отидам и да го убијам Панче. И покрај тоа што сте ги обезбедиле доказите, некој пред 10 години имал кривична пријава, од Панче Жежовски кон него, пријава до Советот на јавни обвинители, жртвата тврди дека Велибро Манев е под заштита на ОЈО Велес. Но вие повторно тврдите дека јас сум отишол во Велес да го убивам.Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Вие тврдите дека криминален ум би ја убил Зорица Ѓорчевска, а не Вања.. Вам ви беше ли познато дека Зорица и Александар Ѓорчевски се разведени, и дека при убиство на Зорица, Александар не би наследил ништо, познато ви беше така?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Не ми беше познато. Прашањето навредува просечен човек, и ова го сметам за навреда и ќе објаснам зошто. Вашиот мотив во обвинението, е нелогичен и недокажан, затоа што не се приложиле ниту еден доказ. Моето компарирање на логики и кажување дека доколку постои користољубие ќе имаше засолниште, а не класично убиство, ќе имаше контакт со мајката или таткото за да се направи таа уцена, за да се принуди некој да даде пари, но не само што не се случило, вие не понудивте ниту еден доказ на таа многу важна околност - мотив зошто е сторено делото. Затоа дадов пример со еден криминален ум. Јас во списите прочитав дека Александар го поседува најскапиот имот во семејството, станот од каде е грабнато детето, преку 250 илјади евра, и доколку биде убиена мајката - законски старател ќе биде таткото. Мотивот не само што не е докажан, туку целосно нелогичен.Тој потоа говореше повторно за базните станици каде е регистриран неговиот телефон.Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Вие тврдите дека го поправате котелот, но од доказите произлегува дека немате никаква комуникација со Ерол, освен во попладневните часови неуспешен од негова страна. Така ли е?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Повикот на Ерол е точен, но зошто би ми вртел доколку јас сум кај него и поправам котел. Ерол треба да одговори. Токму на 22 шест полиња се избришани едно по друго за базните станици. А смртта на Жежовски не е утврдена во ниту еден доказ, туку само од двајца обвинети кои кажуваат различни аргументи за ист настан. Котелот е поправан на 22.11 како што кажа Ерол од 11.40 кога сум пратил порака па натака. А кога е убиен Панче јас не знам и јас не го разбирам ова во времето на кривично правниот настан, како што кажа обвинителката.Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска:  Му благодарам на забелешката, сведокот сведочеше дека на 28.11.2023 сте го поправале котелот а не на 22.11.2023, но нејсе, но за да одите на 22.11 кај Ерол претходно логично е да си искумуницирате со него, за да знае кога точно би дошле?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Јас сум одел кај Ерол и кога не бил тој дома, бидејќи заборави да каже дека котелот се наоѓа во сутерен дел од неговиот дом...

Македонија | пред 9 месеци

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Поскапуваат горивата, од полноќ ќе се плаќа повеќе за полни резервари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 22.04.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,713%, кај дизелот за 1,399%, кај екстра лесното масло за 1,293%  и кај мазутот зголемувањето е за 1,959%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3526%.Од 29.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 95                  73,50 (денари/литар)Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 98                             75,50 (денари/литар)Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            66,00 (денари/литар)Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               65,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС                                                                 37,155 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 ден/кг и сега ќе изнесува 37,155 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-28-at-12.04.51

(Видео) Несреќа во Аеродром: Автомобил се преврте на раскрсница, минувачи го вадеа возачот

Тешка сообраќајка утрово се случи во Аеродром, каде автомобил се преврте на раскрсницата помеѓу булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“. На местото, случајни минувачи им помагале на лицата во возилото.  Според фотографиите и видеата може да се види дека во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното марка „опел“ е превртено на страната каде што е возачкото место.Засега нема информации за повредени лица и за причините за сообраќајката.Инаку, пред две недели во близина на оваа крстосница, на булеварот „Јане Сандански“, се случи сообраќајка во која беше повредено едно лице.

Скопје | пред 9 месеци

palco

Утрото разговарав со сопартиец, име не му знам, рече Палевски одговарајќи каде бил кога е убиен Жежовски

И во одговорите на прашањата од Обвинителството, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо се обидува да ги дискредитира снимките од дворот на обвинетиот Велибор Манев, а кои се направени ден пред денот кога велешанецот Панче Жежовски бил грабнат. На нив се гледаа сите обвинети за грабнувањето и убиствата. Дел од нив со мотороли и слушалки на уши. Истовремено, Палевски рече дека денот кога Жежовски е грабнат и убиен зборувал со некого, ама не може да се сети со кого.„Во 2023 година најмалку 3-4-5 пати сум бил во дворот на Велибор Манев, сум бил и доцна навечер, сум бил и преку ден, кога сум се враќал од Прилеп, Битола сум застанувал сме пиеле кафе и сме разговарале. Го негирам видеото со докази, а не мои тврдења“, вели Палевски, без да приложи докази.Обвинителството праша: „За 22.11.2023 година (денот кога е грабнат и убиен Жежовски) кажавте сте станале 09:30-10:00, сте пиеле кафе, сте го шетале кучето и дека при тоа сте разговарале со некој член на партијата кој се плашел od кучето, но за чудо не се сеќавате кое е тоа лице, ниту пак до денес е предложено такво лице за да го потврди тоа што го кажувате, не постои такво лице нели?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Постои такво лице, претепано е во вашата истрага, има сериозни последици, јас и тогаш и денес не можам да се сетам на неговото име и презиме, мојата одбрана подготвува некакви чекори за што не сум должен да ви објаснувам. Додека ја шетам Хера среќавам многу луѓе, како што е примерот на професор Мартин, кој го предложив за сведок, кој не прифати да прими покана, за да нема опструкции на предметот јас го повлеков предлогот.Обвинителството: „На 22.11.2023 од телефонската анализа произлезе дека прв успешен реализиран повик е дури во 13 часот и 14 минути, а претходно сте користеле интернет, ова значи дека сигурно сте имале причина што не сте биле активни во однос на повиците до 13,14 часот, така ли беше на 22.11.2023 година?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Еве како беше на 22.11.2023 година. Телефонскиот повик кој го споменавте е на обична линија, но заборавивте да објасните, па јас ќе му објасннам на судијата. Тој е поделен на 7 разговори, сите седум разговори се по 60 секунди, и после тоа повеќе не постојат базни станици во извештајот до 16 часот и до некоја минута. Се работи за Мери Минџевска, која ме повикала од базна станица Бисер, но базна станица за Палевски нема - празно е. Спомнавте дека сум користел интернет, а таму има броеви и тоа посериозна количина, но не го кажавте времето на користењето на интернетот. Интернет сообраќајот е после 9.30 на 22.11.2023. Јас не одговарам на повици на обична линија, затоа што не сакам да бидам прислушуван незаконски. Користам исклучиво Телеграм. Според тоа, според анализата, со Влатко Кешишев е првиот разговор во 11.47 часот. Во обвинението не ни е објаснето како успеал Влатко, од 10.30 пред хотелот „Романтик“, да направи прв повик во 11.47 во Центар на Скопје“.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Нова трагична сообраќајка: утрово загина возач на „мерцедес“ во Чаир

Утрово околу 10 часот се случи сообраќајна несреќа на бул. „Цветан Димов“ во Скопје.Според првичните информации, учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управувано од М.Д.(75), паркирано комбе „фиат“ со кумановски регистарски таблици, претходно управувано од Х.И. кое пак по сила на ударот се придвижило и удрило во паркирано товарно возило „ман“ со скопски регистарски таблици, претходно управувано од Л.С..Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт кај М.Д.. Во тек е увид на местото на настанот, под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје.

Скопје | пред 9 месеци

palco-palevski-141

Обвинителството докажува дека Палевски и во минатото не ги почитувал законите, а тој обвинува дека го местеле за подготовка на атентат врз Заев

Обвинителките му ја предочија целата казнена евиденција на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за двојното убитво на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие му посочија дека бил повеќе пати осудуван, како во Македонија, така и во Задар. Тој пак, ги обвини дека врз него се прави политички прогон. Обвинителката го праша, дали за него е својствено да не ги почитува законите.„Осудуван сте со правосилна пресуда на судот во Задар, Хрватска, за две кривични дела против платниот промет и измама во економско работење, изречена ви била условна осуда, потоа, со правосилна пресуда исто така во Задар, за две кривични дела за платниот промет и работење, измама при економско работење и повреда на губење, презадолженост и неспособност за плаќање, во единствена казна затвор од траење од 8 месеци. Осудуван сте и со пресуда на Основен суд Скопје 1, која постапка почнала во 2012 година која со пресуда на 15.03.2020 за кривично дело измама, ви била изречена условна осуда. И повторно пресуда од Скопски кривичен суд, за кривично дело за злоупотреба на службена положба за кое дело на 2013 година ви била изречена условна осуда затвор 8 месеци, услов 2 години. Во 2023 година не сте ги почитувале ниту прописите за време на прогласената епидемија, а сте сториле и кривично дело за што сте биле условно казнет, а во вашата евиденција постои и постапка која се води против вас за кривично дело оддавање службена тајна, која што постапка била во тек кога се прибавувала казнената евиденција. Сето ова очигледно укажува дека имате проблем со почитување на законите и дека долг период постапувате противзаконито за што се донесени и правосилна пресуда. Очигледно ви се својствени, очигледно имате проблем да ги почитувате законите така?“, праша обвинителката и доби одговор:„Му благодарам на ЈО што би постави прашања, ниту еднаш не се спомна било какво кривично дело врзано со насилие, грабнување и убивање луѓе. Заборави да каже дека условни се осудите во Хрватска за правен субјект за неплатени фактури, а не за мене. Организираа да седам во притвор во Белград, осум месеци за кривичен случај за кој се бараше условна казна. Се договоривме екстрадицискиот притвор да биде казната, бидејќи никој не барал затвор за Љупчо Палевски. ОЈО не извадил од судот во Прилеп, осуда на 3 години ефективен затвор, снимање на телефонски комуникации без разлика што колегата јавен обвинител од Прилеп барал условна казна за така сериозно дело. Е таа пресуда е донесена додека сум во притвор во КПУ затвор Скопје во отсуство, во судот во Прилеп. Јавниот обвинител намерно ја испушти оваа пресуда во набројувањето. Тие разговори некогаш не биле злоупотребувани. Се обидувам да кажам што сѐ испуштија во нивното набројување на кривични дела кои сум ги сторил. Споменатата постапка која била во тек исто така е процес во кој ме судат за објавени службени белешки од тогашна УБК сегашна АНБ во кои службени белешки има дека незаконски сум прислушуван. Но АНБ ја потврди веродостојноста дека пред референдумот во 2018 година сум сликан, физички пратен и има 10-тина цитати од мои разговори од мојот телефон. Направив прес конференција и го повикав јавниот обвинител јавно да дојде и да ме испитува бидејќи во јавните белешки беше напишано дека сум организирал атентатот на тогашниот премиер Заев“, одговори Палевски.Обвинителката се интересираше, дали ако во Македонија го гонат оти е под политички прогон, иста ли е причината што бил гонет и во Хрватска, а Палевски одговори: Не, не беше. Ако беше така, јас ќе кажев“.

Македонија | пред 9 месеци

semejstva-kocan

Семејствата на настраданите од Кочани утре ќе маршираат во Скопје

Семејствата на покојните од трагедијата во Кочани ќе организираат ,,Марш за ангелите” за ден 29.04.2025 година (вторник) со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција во Скопје. Маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред собранието на Македонија.„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати па пушти без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли кои и онака се на работ на себе уништување“, истакнаа семејствата во писмено соопштение и додадоа:„Бараме одговори кои ги заслужуваме за насилната смрт на нашите деца. Се повикуваат сите граѓани на Македонија“.

Македонија | пред 9 месеци

ubistvo

Обвинение за двајца браќа, обвинети за убиство и обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против две лица кои како соизвршители се товарат дека сториле едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и уште едно кривично дело – Убиство во обид предвиден со член 19 од Кривичниот законик.Во текот на истрагата се обезбедени докази кои потврдуваат дека на 01.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла и на подмолен начин лишиле од живот едно лице и се обиделе да лишат од живот уште едно. Со двајцата оштетени – татко и син обвинетите се договориле да се најдат и да разговараат за наводен долг од 7.000 евра. Со автомобил пристигнале на договорената локација, но по краток разговор, едниот од обвинетите извадил огнено оружје – пиштол и започнал да пука кон жртвите. Од нанесените огнострелни повреди оштетениот татко починал, а синот се здобил со тешки телесни поврeди.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, бидејќи се уште постојат законските основи за најстрога мерка за обезбедување.

Македонија | пред 9 месеци

Putin-i-Kim-Djong-un

Официјална потврда од Северна Кореја дека нејзини војници се борат во руско-украинската војна

Северна Кореја првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Државната новинска агенција КЦНА објави дека севернокорејската војска им помогнала на руските сили целосно да го ослободат рускиот регион Курск, каде што Украинците упаднаа во август минатата година, заземајќи стотина населени места.Објавата на Пјонгјанг дојде неколку дена откако шефот на руската војска Валери Герасимов го пофали херојството на севернокорејските војници, што беше прво признание дека тие се вклучиле во војната против Украина.Украински и западни функционери веруваат дека Северна Кореја испратила околу 11.000 војници во Русија, од кои најмалку илјада загинале во изминатите три месеци.Рускиот претседател Владимир Путин денеска му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун за испраќањето на неговите војници да се борат на страната за Русија, а против украинските сили во руската област Курск.„Рускиот народ никогаш нема да го заборави подвигот на севернокорејските борци на специјалните сили“, рече Путин, изразувајќи уверување дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг ќе продолжат да се зајакнуваат на сите фронтови.Тоа е првпат Москва да го призначе учеството на овие војници во војната.Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија минатиот октомври откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун и рускиот претседател Владимир Путин постигнаа меѓусебен одбранбен договор, чија цел е зајакнување на сојузот против, како што го нарекоа, западниот хегемонизам.

Свет | пред 9 месеци

92c21cc9-5b76-44b1-8774-8563a3b4426d

Како би изгледала мапата на Украина ако се реализира мировниот план на Трамп

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи мировен план за Украина, кој вклучува промена на статусот на Крим и „замрзнување на територијалните линии“ на бојното поле.Иако деталите од планот сè уште не се целосно јасни, коментарите на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс за замрзнување на сегашните граници алудираат на можноста значителен дел од украинската територија формално да ѝ биде отстапен на Русија.Украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека украинскиот устав јасно го дефинира Крим како составен дел од Украина. Но, Трамп одговори, критикувајќи го Зеленски, тврдејќи дека тој „го отежнува постигнувањето мир“. Војната во Украина трае од руската инвазија на 24 февруари 2022 година.Администрацијата на Трамп предупреди дека ќе се повлече од разговорите доколку Москва и Киев наскоро не постигнат договор. По неколку недели одделни преговори со двете страни, САД предложија договор што се чини дека ѝ се допаѓа на Москва, но Киев досега го отфрла.Планот предвидува Украина да се откаже од членството во НАТО, да ги ублажи санкциите кон Русија и да прифати дека Крим е под руска контрола. Иако Трамп тврди дека Украина формално нема да мора да го промени својот устав за да го признае губењето на Крим, останува нејасно дали Русија ќе се согласи.Вeнс рече дека новите територијални демаркации ќе бидат блиску до сегашните линии на фронтот, што би значело дека Украина ќе изгуби големи делови од територијата што се обидува да ја врати - вклучувајќи ги Крим и делови од регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Во ова сценарио, Русија веројатно би морала да се откаже само од помалите делови од Харковскиот регион што ги контролира и да се откаже од целосната анексија на четирите покраини.Кремљ во средата објави дека прекинот на непријателствата бара Украина целосно да се повлече од териториите што ги бара Русија. Но, според Оликер, не е јасно дали предложениот договор ја обврзува Украина да направи таков потег.Реториката на Трамп дополнително предизвикува загриженост. Потпретседателот Џ.Д. Венс отворено изјави дека „ќе бидат повлечени нови линии блиску до сегашните“, додека самиот Трамп вели дека „Крим останува со Русија“, наведувајќи дека сите „го знаат ова долго време“.Иако Зеленски постојано јавно ја отфрла идејата за предавање на Крим, некои други украински лидери, како што е градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, посочија дека компромис за „привремен мир“ е можен, иако неправеден. Таквото решение би можело да значи привремено отстапување од територијата, но речиси е сигурно дека Киев никогаш нема правно да го признае запленувањето на кој било дел од својата територија.

Свет | пред 9 месеци

kazni-policija-policaec

Приведен возач од Тетово кој возел 111 км/ч од дозволени 50

Вчера на регионалниот пат Тетово-село Јажинце полицијата го привела Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км/ч на место каде максимална дозволена брзина е 50 км/ч.Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 9 месеци

palevski-palco

Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче со прашања од обвинителството кон Палевски

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.Во својот исказ Палевски на изминатото рочиште повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни.Палевски негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството на Вања и Панче. Тој тврди дека на денот на убиството на Вања бил во банка да плаќа сметки, по што отишол на пазар на купи грејач за котел, па се вратил во седиштето на политичката партија „Десна“ каде имал состаноци со членови од партијата. Палевски, исто така, тврди дека не го возел „ситроенот“ на Жежовски, ниту дека некогаш бил во неговата куќа.Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задача да чува стража.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-27-at-22.18.27

(Видео) Таравари од Истанбул: Двајцата пациенти, Борис и Мартин, се во тешка, но стабилна состојба

Министерот Арбен Таравари беше во посета на двајцата млади пациенти од трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во болницата Чам во Шакура во Истанбул.„Останати се двајца пациенти, Борис и Мартин, имаат по 21 година имаат. Во тешка состојба се, но доста стабилна, јадат сами, тука се со своите родители. Јас би сакал да изразам јавно задоволство до целата болница кои дадоа допринос за најтешките пациенти бидат третирани тука“, рече Таравари.

Македонија | пред 9 месеци

tufegdzik-kocani

Гневот на семејствата од Кочани може да ескалира, а судска постапка со 68 обвинети може да има 68.000 проблеми, алармира Туфегџиќ

Адвокатот и екссудија, Владимир Туфегџиќ, алармира дека очајот и гневот на семејствата на настраданите, лесно може да ескалира и работите да излезат од контрола. Тој посочува дека треба да им се објасни сѐ во однос на постапката, да ја знаат реалноста и да знаат што да очекуваат. Според него, постапката со 68 осомничени е проблематична сама по себе.„Протестите на семејствата на настраданите во Кочани говорат за очајот и гневот на овие луѓе кој може многу лесно да ескалира и работите да излезат од контрола. На овие луѓе им е потребна институционална помош и потребно е веднаш да се мобилизираат организации кои се стручни за работа со жртвите од вакви и слични трагедии, доколку воопшто имаме вакви организации. Јавното обвинителство и полицијата мораат да им ја кажат реалноста и очекувањата на оштетените за да не се создава нереална слика по однос на законските можности за постапување, оштетените се странка во постапката и имаш обврска кон нив. Од секогаш сум бил поборник веднаш да ја кажеш вистината колку и да е неприфатлива и болна, подобро е на луѓето сега да им се каже дека вака унифицирано поставена равенка на одговорност по хоризонтала и вертикала како кривично дело Тешки дела против општата сигурност со 68 осомничен е проблематично самото по себе, подобро е на луѓето сега да им кажеш дека пожарот, причините и последиците од пожарот се една работа, а институционалните пропусти од 2012 година до денес и легалноста на објектот, се сосема друга правна работа, подобро е сега да им кажеш дека во судска постапка со 68 обвинети очекуваш 68 илјади проблеми и дека обвинетите имаат право на одбрана и ќе се бранат со сите законски дозволени сретства“, вели Туфегџиќ.Тој додава: „Подобро е на оштетените сега се да им се каже за да не се дојде во ситуација догодина во ова време кога со протести ќе се бара брза правда, а ти не можеш да ја испорачаш, да се префрла топката полиција - обвинителство - суд и обратно, тогаш ќе биде касно било што да се каже“.

Коментари | пред 9 месеци

dpmne-ck

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна, општинските комитети мотивирани, се очекува огромна победа на изборите

„ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори. Констатирано е дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена. Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Генералниот секретар Сајкоски го информираше претседателот и партијата дека општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите преземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани.Претседателот Мицкоски информираше исто така дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да исполни одговорноста на преземените ветувања пред граѓаните.

Македонија | пред 9 месеци

brza-pomos-nokje-3

Ноќеска загина 16-годишно момче во Чаир: управувало мотоцикл, се судрило со 14-годишно момче на електричен тротинет

Ноќеска, два часа по полноќ загина малолетен мотоциклист на возраст од 16 години, кога се судрил со електричен тротинет управуван од 14-годишно момче. Трагедијата се случила на улицата „Цветан Димов“ во Чаир.„Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники 'Мајка Тереза'“, велат од МВР за „Скопје1“Увид на местото на несреќата извршиле екипа на полицијата и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Загинатиот малолетник во Чаир немал кацига и возел брзо - првични детали за трагедијата од ноќеска

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на трговскиот центар “Чаирчанка” каде рано утрово во тешка сообраќајна несреќа загина 16-годишен возач на мотоцикл.„Според првичните сознанија по увидот, 16-годишникот управувал без возачка дозвола и заштитна кацига, како и со брзина поголема од дозволената. На критичната локација, не успеал да избегне електричен тротинет со кој по коловозот управувал 14-годишник. Во сообраќајната несреќа, возачот на моторот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место, додека малолетникот кој управувал со тротинетот е повреден и задржан на лекување.Со цел точно утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки. Се обезбедуваат и се прегледуваат снимки од видео надзорот на конкретната локација. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а и кај малолетникот кој управувал со тротинетот ќе бидат извршени анализи за евентуално присуство на алкохол или други недозволени супстанции“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 9 месеци

IMG_6295-scaled-1

Група малолетници вчеравечер сте степаа кај Градежен факултет, еден од нив нападна и полицаец

Тепачка помеѓу повеќе малолетници се случи вчеравечер кај Градежниот факултет во Скопје. Група полицајци беа на терен за да ги раздвојат. Биле уапсени двајца од нив, а едниот, 15-годишник, нападнал и полицаец.„На 26.04.2025 околу 22.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години од Скопје затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и претходно учествувале во физички пресметка помеѓу повеќе малолетници“, велат од МВР и додаваат:„При приведувањето, 15-годишникот нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија“.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-27-at-11.36.25

(Видео) Мајката на загинатата Ивона Антова во Кочани: Не и бил даден кислород, не е пружена помош

Мајката на Ивона Антова, планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а која е единствена жена пожарникар во градот, вели дека детето и било оставено без кислород и медицинска грижа.„Да, беше оставена во кецот, полицијата не нѐ пушти да влеземе. После отиде мажот ми и он ја најде, покриена со кебе, легната на перница, свртена на страна. Сакала да слезе од кревет, била со ногата надолу падната. Не и е пружено, не и е дадено кислород. Така ја најдовме“, раскажува мајкатаНа новинарско прашање дали имало доволно кислород во болницата, таа рече: „Па немаше кислород во болницата, којзнае и дали им давале“.По нејзиното сведоштво, со своите приказни се приклучија и други родители на жртвите. Една мајка раскажа дека нејзиниот син починал откако паднал од болнички кревет, иако немал видливи изгореници.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

Уапсени три лица оти возеле пијани

На 27.04.2025, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од с.Страцин, кратовско.„При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал патничко моторно возило „цитроен", биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта, а кај А.Р., кој управувал патничко моторно возило „опел", биле измерени 1.55 промили алкохол. Додека, при контрола на патниот сообраќај во Кратово, З.Л. не застанал на знак за запирање и се обидел да побегне, но набргу бил запрен и полициските службеници кај него измериле 2,28 промили алкохол во крвта“, велат од МВР.По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило".

Македонија | пред 9 месеци

IMG_4074

(Видео) Собрани се речиси 30.000 евра на аукцијата каде се надаваа претседателката, пратеници, бизнисмени, граѓани за помош на повредените од Кочани

Со продажбата на уметнички дела преку аукција, собрани се околу 1.800.000 денари односно речиси 30.000 евра од вчерашната хуманитарна акција организирана од „SupportKocani“. Парите се наменети за повредените лица, од кои дел се уште се на лекување. На наддавањето беа поканети над 50 политичари, бројни бизнисмени, како и сите граѓани. Автор на најскапото дело кое беше продадено е на Михаил Корубин кое од почетна цена 120.000 денари достигна до 300.000 денари.Во салата се појавија претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и генералниот секретар Ѓорги Божинов, претседателот на СДСМ Венко Филипче, пратеникот Миле Лефков, пратеникот од ЗНАМ Павле Арсоски, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, вд градоначалникот Венко Крстевски беа единствените функционери на аукцијата преку која се собираше пари за Кочани. Присутни беа и мал број бизнисмени, како газдата на “Ауто велт” и газда на позната штипска кофекција “ЕАМ”, како и јавни личности меѓу кои Дејан Пауновски-Паки. Делата беа донирани и познати уметници.

Македонија | пред 9 месеци

kazni

(Видео) Како судскиот вештак Трпевски куртули од казна, иако и сам барал да го казнат оти погрешил

Сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски, низ личен пример објасни дека селективно се постапува при казнување на граѓаните, а полициски службеници се подготвени и да не пишат казна, за да заштитат колеги, како што тврди тој.Според него, тој бил застанат на улицата „Даме Груев“ кај полициската станица „Беко“. Чекал 2-3 минути, кога му дошол полицаец со барање да му даде документи, а потоа посегнал да му пише казна. Трпевски барал да види каде има знак, а додека утврдувал дека полицаецот е во право, приметил и други паркирани возила зад него. Но, според неговото сведочење, различно е тоа што во нив имало полициски елечиња - па тие стоеле паркирани на улица без да бидат санкционирани.Полицаецот за миг се откажнал од казнување, по јавување на претпоставен.Погледнете го поткастот за сообраќајните несреќи во Македонија, увидот, записниците, полицијата:

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-27-at-10.21.24

(Видео) Најмалку 25 мртви и 800 ранети во Иран, експлодираше воено гориво - познати се деталите

Властите соопштија дека најмалку 25 лица се убиени, а 800 се повредени во голема експлозија во едно од клучните ирански пристаништа. Експлозијата се случила во пристаништето Шахид Раџаи, најголемото трговско пристаниште во Иран, во близина на јужниот град Бандар Абас, во сабота наутро. Шест лица сè уште се водат како исчезнати, според државните медиуми.Експлозијата ги скршила прозорците и покривите на блиските згради и уништила автомобили. Жителите изјавиле дека ја почувствувале експлозијата дури на 50 км оддалеченост.Видео снимките потврдени од Би-Би-Си покажале пожар кој постепено се зголемувал пред огромна експлозија, по што луѓето почнале да бегаат, додека некои останале повредени на патиштата, опкружени со чад и остатоци.„Целиот магацин беше исполнет со чад, прашина и пепел. Не се сеќавам дали се скрив под маса или експлозијата ме фрли таму“, изјавил еден сведок за иранската државна телевизија.Воздушните снимки покажале дека најмалку три области се во пламен, а министерот за внатрешни работи на Иран подоцна потврдил дека пожарот се ширел од еден контејнер во друг. На училиштата и канцелариите во регионот им било наредено да останат затворени во недела. Приватна консултантска компанија за поморски ризици изјави дека верува оти погодените контејнери содржат цврсти погонски горива наменети за балистички ракети. Според „Амбреј интелиџенс“, пожарот бил предизвикан од „неправилно ракување со пратка цврсти погонски горива наменети за ирански балистички ракети“.Амбреј, исто така, изјави дека има информации дека ирански брод истоварил пратка натриум перхлорат, ракетно гориво, во пристаништето во март 2025 година. „Фајненшл тајмс“ претходно објави дека два брода го донеле горивото во Иран од Кина.Државните медиуми објавија изјави на очевидци дека експлозијата се случила откако избувнал пожар и се проширил на неправилно запечатени контејнери во кои се складирани запаливи материјали.Царинските службеници подоцна издадоа соопштение, според извештајот на иранската државна телевизија, во кое се вели дека експлозијата веројатно е резултат на пожар што избувнал во магацин со опасни и хемиски материјали.Пристаништето Шахид Раџаи е најголемото и најмодерното пристаниште во Иран, кое опслужува голем дел од иранскиот комерцијален превоз. Се наоѓа во Ормутскиот теснец, главен воден пат за танкери за нафта, околу 20 километри западно од Бандар Абас, најголемиот пристанишен град на Иран на јужниот брег и дом на главната иранска поморска база.Иранската Национална нафтена компанија соопшти дека експлозијата во пристаништето „нема никаква врска“ со рафинериите за нафта, резервоарите за гориво или цевководите во земјата, објавија локалните медиуми. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изрази „длабоко жалење и сочувство“ до жртвите од несреќата. Тој најави владина истрага и го испрати министерот за внатрешни работи во регионот да ја води. Експлозијата во саботата се случи во време кога иранските и американските претставници одржаа нова рунда разговори за нуклеарната програма на Иран, при што американскиот претседател Доналд Трамп бараше договор за спречување на Техеран да развива нуклеарно оружје.Со Оман како посредник, двете страни објавија напредок, но главниот преговарач на Иран рече дека треба да се направи повеќе работа за да се премостат разликите. Разговорите ќе продолжат следната недела.Иран изјави дека е отворен за ограничувања на својата нуклеарна програма во замена за ублажување на санкциите, но инсистираше дека нема да го суспендира збогатувањето на ураниум. Техеран вели дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за цивилни цели.Овогодинешните разговори претставуваат прв директен контакт на високо ниво меѓу САД и Иран од 2018 година, кога Трамп ги повлече САД од претходниот договор со кој се ограничуваше нуклеарната програма на Иран и повторно воведе економски санкции за време на неговиот прв мандат како претседател.

Свет | пред 9 месеци

att.M4z3QghkUDHG_w_C07-BqNtaugnIdnHTr_Dfl89bHko

(Видео) Филипче од Кочани: Секоја политичка партија има некаква одговорност, веќе нема оправдување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче учествуваше на денешната аукција организирана од SupportKocani. Тој купи неколку уметнички дела, а спомна дека парите ќе бидат донирани за повредените. По аукцијата, рече дека време е да се седне со сите политички чинители за да се зајакне системот.Тој во изјава за „Скопје1“, рече дека со претседателката Сиљановска-Давкова ќe се сретнат по првомајските празници,  а се согласи дека секоја политичка партија од изминатите 30 години има некаква одговорност.„Веќе нема оправдување, нема потреба за одлагање, нема изговор дека нема буџети, ова треба да биде приоритет, ова е најголемиот тест на државата и одговорните чинители, како се менаџира ваква криза по ваква голема трагедија“, рече Филипче.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања