Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

att.dGKyxE1NcSK_bmZ0DSgFVQ474TrcLW-rWk3V-d_PqGk

(Видео) Претседателката од Кочани: Се надевам ова ќе нѐ освести, шокирана сум од возниот парк на пожарникарите

Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова учествуваше на аукцијата организирана од SupportKocani. Taa купи неколку уметнички дела, а собраните средства ќе бидат донирани за повредените меѓу кои дел сѐ уште се на лекување. По настанот за Скопје1 изјави дека го менувала и летот за да стигне во Кочани.Претседателката рече дека се надева дека трагедијата во дискотеката Пулс ќе не освести, но и дека била шокирана по посетата на противпожарната единица.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_1640

Папата Франциск погребан во присуство на илјадници верници и шефови на држави и влади

Десетици илјади луѓе од сите делови на светот се собраа во Ватикан за да ја оддадат последната почит на Папата Франциск, првиот латино-американски папа кој на светата столица беше 12 години. Ќе остане запаметен како Папа кој ги стави сиромашните на прво место и ја водеше Црквата со отворено срце. Над 150.000 луѓе го исполнија Плоштадот. Меѓу нив присуствуваа и светските лидери Трамп, Макрон и украинскиот претседател Зеленски. Претседателот на САД, кој има долгогодишна врска со Католичката црква, беше меѓу првите кои ги оддадоа своите почести.На погребот на потифот присуствуваа 164 делегации на светски лидери и претставници на кралски семејства, меѓу нив е и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Деканот на Колегиумот на кардинали, Џовани Батиста Ре, кој ја водеше светата миса и ја исполни последната желба на папата за скромно и достоинствено испраќање, ја истакна неговата непоколеблива посветеност кон мирот и правдата. Спомена и за неговата постојана борба за мир и за неговата безусловна посветеност на најранливите, особено во време на глобални конфликти и човечки страдања.По церемонијата во Рим, ковчегот на Папата е пренесен до црквата „Санта Марија Маџоре“, тука ќе биде и погребан. Неговото заминување е загуба не само за Црквата, туку и за светот кој го гледа како симбол на надеж и отвореност. Папа Франциск беше повеќе од духовен лидер, тој беше човек кој ја поттикнуваше хуманоста и правдата. Во Ватикан ќе продолжи собирот на 135-те кардинали, чијашто конклава за избор на нов папа најверојатно ќе почне на 5-ти мај. 

Свет | пред 9 месеци

semejstva-kocan

(Видео) Семејствата неутешни: Солзи низ кочанските улици, се бара одговорност од сите инволвирани за загинатите деца: Имате ли доблест да признаете вина?

На пороен дожд, семејствата на загинатите и кочанчани излегоа да бараат правда за загинатите. Се обратија до сите институции, бараат само правда. Тие се револтирани, сметаат дека институциите пофрлиле, а Македонија само глуми држава во моменти кога граѓаните не се заштитени.Пред Општина Кочани, тие ги прашаа инспекторите, дали столчето им е толку удобно, па не работат на терен?„Инспектори, дали ви е потребна обука од наша страна за ова што е од ваша надлежност. Или пак ќе излезете со полни торби гардероба од споредна врата, ќе ве носат на ручеци? На секој од нас ни било барано мито. Дали тоа вреди повеќе од животот на нашите деца?“, ги прашаа семејствата.Порака имаше и до полициските службеници.„Имате ли доблест да си ја признаете вината за таа кобна ноќ или тоа не ве учеле? Секоја недела нашиот марш е уредно пријавен во МВР. Дали концертот на ДНК, монструмот го пријавил до надлежните институции, дали вие требаше да бидете таму по службена должност, бидејќи имало реклами, а децата поради тоа беа присутни таму?“, праша родител.

Македонија | пред 9 месеци

alek-radulovic

(Видео) Сакам да заврши оваа голгота, во мир да тагувам, да не ја сретнувам, вели мајката на загинатиот Алек, која и по четири години од смртта чека пресуда

Мирјана Радуловиќ, мајката на Алек Радуловиќ, која и по четири години откако загина нејзиниот син бара правда. Таа посочува дека само сака да заврши голготата во судница и во мир да тагува. Посочува дека тоа го должат како родители на нивниот загинат син. Алек, загина во несреќа во скопската населба Илинден, кога автомобил му го пресекол патот, па се судриле и тука го загубил животот.„Јас единствено што сакам веќе да заврши оваа нашата голгота по судница. Јас сакам веќе да бидам оставена во мир да тагувам. Јас сакам ова што побрзо да се заврши. Да ги изгубам јас сите контакти со неjзе, да ја сретнувам. А казна за нејзе барам затоа што во најмала рака го заслужува тоа Алек, ама и ние како родители кои останавме додека сме живи да тагуваме по него. Па ќе кажам, ова е последно нешто што јас за мојот син можам да направам, да издејствувам правда. Едно е смртта и болката по детето, ама друго кога имаш ти веќе причинител за неговата смрт. Тогаш и гневот игра голема улога. Зборувам конкретно сега лично за себе. Можеби тој гнев немаше да биде толкав голем ако јас на 12-ти јануари не ги видев како се веселат. Ако јас два и пол месеци после тоа не ги читав по портали, не ги гледав по телевизија, на утрински, на зевземании и така натаму. Како ни е во тој момент? Значи немаше ни година (од смртта) на Алек, ние гледаме таа како ужива во својот живот“, вели Радуловиќ.Таа додава: Од Кривичен не излеговме. Каде ни е Aпелација, до каде ќе одиме, Врховен? Од каде знаеме дали нема пак да се вратиме назад, нели? Затоа што ние од ова судство јас веќе ништо не очекувам, оние два отсто не случајно се, како бројка ги слушаме постојано, нели, ај прашајте никој кој има верба веќе и во судството?“.

Македонија | пред 9 месеци

mvr-krazba

(Вознемирувачко видео) По кражбите во црквите во Кривогаштани, жители сами го барале крадецот

Две кражби, во две цркви имало во селото Обршани во Кривогаштани, а кои се пријавени во МВР. По ова, на социјалните мрежи се прошири снимка на која се гледа како жители во темница, фатиле лице за кое се сомневале дека е сторителот на двете дела. Истата е вознемирувачка.„Дај да го заколам на место бе. Абе кај си бил? Ќе те отепам како пес на место. Кажи кај одиш“, вели лицето кое го држи, а другиот тврди дека не крадел и не одговара каде одел, а се претсатвува дека е од Велес.(ВОЗНЕМИРУВАЧКОТО ВИДЕО МОЖЕТЕ ДА ГО ВИДИТЕ ТУКА)„Скопје1“ побара став од Секторот за внатрешни работи Битола од каде велат дека немале пријава за настанот, но полицијата ја има снимката и истата се проверува.„До овој момент во СВР Битола нема официјална пријава за таков настан, но полициските службеници ја проверуваат информацијата и работат на расчистување на настанот преку откривање на локацијата и лицата на видеото. Во Полициското одделение Кривогаштани во текот на вчерашниот ден биле пријавени два настани за кражби во верски објект(цркви) во с.Обршани каде биле одземени парични средства,се работи на расчистување на настанот“, вели Сања Стаматова, портпаролка на СВР Битола.Снимките од кражбата се објавени и јавно. Ако се погледне снимката од кражбата и снимката каде е фатено лицето - може да се забележи истата маица.

Македонија | пред 9 месеци

ahmeti-grubi

Ми понудија да одам во ДУИ, оти Ахмети ќе се пензионира, па ја земеме партијата, тврди Меџити

Првиот вицепремиер Изет Меџити, во емисијата „Топ тема“ објави дека имал понуда да го подели ВЛЕН. Меџити рече дека прво него му понудиле да ја растури коалицијата ВЛЕН и да се врати во ДУИ. Како што изјави, тој не ја прифатил понудата, бидејќи, како што додаде, прифатил да биде дел од промената со ВЛЕН.– Има обиди и имаше обиди за поделба на ВЛЕН. Ја имав првата понуда, од посредници, ми рекоа да дојдам во ДУИ, сега Артан го нема, партијата ќе се исчисти уште повеќе, Ахмети ќе се пензионира, ние ќе ја преземеме партијата и ќе ја реформираме. Но, јас не прифатив, бидејќи прифатив да бидам дел од промената во ВЛЕН – рече Меџити.Тој додаде дека Арбен Таравари прифатил „некаква понуда“ и порача дека не треба да крие која е понудата и договорот, туку искрено да каже во јавноста.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

Денеска семејствата на загинатите во Пулс излегуваат на улиците во Кочани

В сабота, 26 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи четврти протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени.„Собирно место на маршот е Градскиот парк во Кочани истиот ќе продолжи кон Трговскиот центар во Кочани. Толпата од луѓе ќе застане во Трговскиот Центар како знак дека местото на покојните им е во Трговскиот Центар , за да потоа продолжи кон Општина Кочани заради изразување на револт кон институционалното работење, ќе продолжи кон МВР за да им посочиме дека задоцнија со реакција во секоја смисла на зборот и ќе продолжи пред Основен суд Кочани барајќи отчет за сработеното и неселективна правда“, соопштија организаторите.На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните.Протестниот марш е четврти по ред, откако претходните саботи голем број кочанчани излегоа на улиците да дадат поддршка на семејствата на настраданите и побараа правда за случајот.

Македонија | пред 9 месеци

ukraina-vojna-

Украинците фатија руска агентка: Таа ги нареди воздушните напади врз Киев

Безбедносните служби уапсија агентка на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) во близина на Киев, која ги координирала руските ракетни и беспилотни напади врз позициите на вооружените сили на Украина и единиците на Службата за безбедност на Украина (СБУ) во регионот Киев, објави Укринформ.Според СБУ, осомничената имала задача да насочува руски воздушни напади со поставување скриени Wi-Fi камери пред воените објекти за да пренесува снимки во живо до руските разузнавачки служби.Откако ја купила својата прва мини-камера со парите што ѝ ги дала ФСБ, агентката отпатувала во еден од воените објекти за да постави точка за надзор. Сепак, СБУ ја уапсила пред да може да ја заврши својата мисија.За време на апсењето, полицијата пронашла видео уред и мобилен телефон со докази за нејзината соработка со руската разузнавачка служба.Истражителите ја идентификувале осомничената како 30-годишна невработена жителка на Бориспил, која била регрутирана од далечина од ФСБ преку канал на Телеграм кој рекламирал брза заработка.Понатамошната истрага открила дека таа имала друга задача: да ги следи последиците од руските напади во регионот Киев. За да го направи ова, таа повремено патувала на локации што ѝ ги испраќал нејзиниот претпоставен.Против неа е покренато обвинение според дел 2 од член 111 од Кривичниот законик на Украина - велепредавство извршено за време на воена состојба. Таа моментално е во притвор и се соочува со доживотна казна затвор со конфискација на имот.Претходно, СБУ, исто така, притвори невработен маж кој ги насочувал руските напади врз украинските одбранбени сили во регионот Донецк.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-26-at-07.54.40

(Фото) Повторно удрен пешак, овојпат на пешачки кај Католичка црква

Вчера вечерта, околу 20 часот, сообраќајна несреќа се случи во центарот на Скопје, кај Католичка црква.Очевидци велат дека автомобил со скопски регистарски ознаки удрил во пешак кој поминувал на обележан пешачки премин. Станува збор за возрасен маж.Засега не е позната состојбата на повредениот, а детали се очекуваат од МВР во текот на денот.Повеќе информации подоцна.

Скопје | пред 9 месеци

kina-sad

Кинескиот министер за надворешни работи: Американските царини покажуваат „екстремен себичност“

Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, изјави дека Пекинг се залага за меѓународни правила за царините наметнати од САД и се спротивставува на протекционизмот, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.Зборувајќи на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Кина и земјите од Централна Азија во Казахстан, Ванг рече дека Пекинг ќе бара солидарност со другите земји во врска со царинската состојба и ќе го разоткрие „екстремниот себичност“ и насилното однесување на одредени земји, според соопштението на министерството.Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју објавено во петокот изјави дека разговорите за царините со Кина се во тек, но Пекинг негираше дека се водат какви било разговори.Ова е најновиот во низата спротивставени сигнали за напредокот во намалувањето на трговската војна што се заканува да го забави глобалниот економски раст.Ванг изјави за време на состанокот со узбекистанскиот министер за надворешни работи, Бахтијор Саидов, дека Кина ќе бара солидарност со другите земји и ќе го брани мултилатерализмот за да „донесе стабилност во светот“.

Свет | пред 9 месеци

gaza44

Трамп: Луѓето во Газа страдаат, му реков на Нетанјаху да биде добар

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека оваа недела му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека мора да биде „добар кон луѓето од опколениот Појас Газа кои страдаат“.На прашањето дали го покренал прашањето за испораката на хуманитарна помош, која Израел ја блокира повеќе од седум недели, Трамп им рече на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ дека му рекол на Нетанјаху за време на телефонскиот разговор: „Мора да бидете добри кон Газа“.„Овие луѓе страдаат. Ние мора да бидеме добри кон Газа. Ние ќе се погрижиме за тоа“, рече тој, додавајќи дека „постои голема потреба од храна и лекови и ние ќе се погрижиме за тоа“.На прашањето дали неговата администрација врши притисок врз Израел да дозволи храна и лекови, Трамп рече: „Да, ние го правиме тоа“.Нападите на Израел врз Газа продолжуваат, со повеќе од 50.000 убиени луѓе од октомври 2023 година. Израел континуирано бомбардира Газа од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, кога беа убиени 1.300 луѓе, а стотици беа приведени и однесени во Газа.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-23-at-09.20.13

Што да очекувате на погребот на папата?

Погребот на папата Франциск, кој почина во понеделник на 88-годишна возраст, ќе се одржи денес на плоштадот „Свети Петар“. Потоа папата ќе биде погребан во римската базилика „Света Марија Голема“.Се очекува повеќе од 200.000 луѓе да присуствуваат на церемонијата на огромниот плоштад пред базиликата „Свети Петар“. Околу 50 шефови на држави досега го потврдија своето присуство, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп и 10 актуелни монарси. Лидерите од Италија, Франција, Германија, Велика Британија, Украина, Бразил, институциите на ЕУ и родната земја на Франциск, Аргентина, исто така го потврдија своето присуство.По поворката граѓани кои сакаа да оддадат почит, ковчегот со Франциск беше запечатен во петокот вечерта на приватна церемонија предводена од осум кардинали. Лицето на папата беше покриено со бел свилен превез, а неговото тело беше попрскано со света вода.Папските артефакти како што се монети и медали ковани за време на неговиот понтификат беа поставени во ковчегот. Посебен документ со наведени најважните моменти од неговото 12-годишно папство беше ставен и во ковчегот.Франциск побара да биде погребан во едноставен дрвен ковчег покриен со цинк, за разлика од неговите претходници кои беа погребани во три меѓусебно поврзани ковчези направени од чемпрес, олово и даб.По поворка од граѓани кои сакаа да му оддадат почит, ковчегот на Франциск беше запечатен во петокот вечерта на приватна церемонија предводена од осум кардинали. Лицето на папата беше покриено со бел свилен превез, а неговото тело беше попрскано со света вода.Папските артефакти како што се монети и медали ковани за време на неговиот понтификат беа поставени во ковчегот. Посебен документ со наведени клучни точки од неговото 12-годишно папство беше ставен и во ковчегот.Денеска наутро, ковчегот на папата ќе биде однесен од базиликата до плоштадот. Се очекува погребната миса да започне во 10 часот наутро со хор кој ќе ги пее воведните обреди на латински.Италијанскиот кардинал Џовани Батиста Ре ќе ја одржи проповедта и ќе претседава со мисата, за која се очекува да сослужуваат 220 кардинали и 750 епископи и свештеници во близина на олтарот, како и повеќе од 4.000 други свештеници кои ќе сослужуваат на плоштадот.На погребот на папата Јован Павле II во 2005 година, проповедта ја одржа германскиот кардинал Јозеф Рацингер, кој ќе биде избран за папа Бенедикт XVI 11 дена подоцна.Ре нема право да учествува на конклавата што ќе го избере наследникот на Франциск бидејќи има 91 година и не е кандидат за папство. Но, набљудувачите на Ватикан веруваат дека неговата проповед би можела да даде насоки што неговите колеги кардинали треба да ги следат.Официјалните делегации ќе седат во делот десно од олтарот, на врвот од скалите што водат до базиликата „Свети Петар“. Се очекува „најдобрите места“ да им бидат дадени на претседателот на татковината на Франциск, Аргентина, и на претседателот и премиерот на Италија. Владетелите како што се шпанските и белгиските кралски семејства и кнежевските семејства на Монако, исто така, ќе имаат приоритет пред другите шефови на држави.Другите достоинственици ќе бидат подредени по азбучен ред според француските имиња на нивните земји.Поранешниот американски претседател Џо Бајден, кој е постојана мета на критиките на Трамп, ќе присуствува на погребот, но нема да биде дел од официјалната американска делегација. Тоа значи дека Бајден, побожен католик, ќе седи подалеку, со други ВИП личности.Потоа, според неговите желби, Франциск ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре, кон која имал посебна посветеност. Последниот папа погребан во базиликата Света Марија Голема бил Климент IX во 1669 година.Погребната поворка ќе оди до базиликата Свети Петар со пешачење. По должината на рутата од приближно 5,5 км, ќе помине покрај многу познати споменици на Рим, вклучувајќи го и Колосеумот. Се очекуваат толпи луѓе по рутата.Група сиромашни луѓе ќе бидат присутни на скалите што водат до базиликата Санта Марија Маџоре за да му оддадат последна почит на Франциск, одразувајќи ја неговата посветеност на служење на сиромашните и угнетените. Погребот ќе биде приватен. Надгробната плоча, изработена од лигурски мермер, ќе го носи само името на Франциск на латински. Тој ќе биде погребан во земја, во ниша помеѓу двете капели во црквата.Погребот на папата го означува првиот од деветте дена жалост за црквата. Уште една миса на сочувство ќе се одржи на плоштадот „Свети Петар“ во недела. Ќе ја предводи италијанскиот кардинал Пјетро Паролин, кој често се смета за водечки кандидат за папа.Во наредните денови, Ватикан ќе го објави датумот на конклавата за избор на наследник на Франциск. Малку е веројатно дека ќе започне пред 6 мај.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-09.54.38

Трамп: Украина доцни со потпишувањето на договорот за минерали, се надевам дека ќе биде потпишан сега

Доналд Трамп напиша на својата мрежа Truth Social дека Украина доцни со потпишувањето на договорот за минерали.„Украина, предводена од Володимир Зеленски, сè уште не ги потпишала конечните документи за многу важниот договор за ретки земни елементи со Соединетите Американски Држави. Доцнењето е најмалку три недели. Се надеваме дека договорот ќе биде потпишан сега. Работата на општиот мировен договор меѓу Русија и Украина напредува непречено. Успехот излегува на повидок!“, напиша тој.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Трамп вели дека Русија и Украина се „многу блиску до договор“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Русија и Украина се приближуваат кон мировен договор, повикувајќи ги двете страни да се сретнат на разговори на „многу високо ниво“ за да го финализираат договорот.„Тие се многу блиску до договор и двете страни треба да се сретнат сега, на многу високо ниво, за да го „завршат““, напиша Трамп доцна во петокот на својата платформа Truth Social, кратко по слетувањето во Рим, каде што треба да присуствува на погребот на папата во сабота.Тој додаде дека „повеќето од главните точки се договорени“.„Стоп на крвопролевањето, сега. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме во олеснивањето на завршувањето на оваа сурова и бесмислена војна!“, напиша американскиот претседател.Трамп рече дека тоа бил „добар ден“ на разговори и средби со Русија и Украина.Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, повторно се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во петокот.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-25-at-21.38.39

Антикорупционерката Димитровска може само да зема плата, но не и да работи, ама не се ни појавила на работното место

Претседателката на Комисијата за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која сега е осомничена за оддавање на службена тајна на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино и осомничен во предметот „Адитив“, денеска не се појавила на работа. Истовремено таа од судот доби забрана за било каков контакт со предмети во рамки на Антикорупциска.„Осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кои го водат предметот против неа, што би значело дека таа може само да зема плата, а ништо да не работи. Засега нема ниту постапка за нејзино разрешување од пратениците, кои ја избраа Димитровска за член на Комисијата.Димитровска се сомничи дека издавала информации од предмети, но и одлуки по предмети на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ. До сознанијата се дошло откако бил вештачен неговиот телефон, па се најдени пораките на „Ватс'ап“ и „Вибер“, соопшти Обвинителството.Истовремено, Антикорупциската комисија со која претседава Димитровска досега постапувала по предмети кои ги отвориле, а се поврзани со случајот „Адитив“. Пријавите биле отфрлени со потпис на претседателката.

Македонија | пред 9 месеци

83A8C0E4-4AC5-468D-9103-997021EF4AC3_1_105_c

Почина повредениот од престрелката на Бит Пазар

Почина повредениот од престрелката на Бит пазар.“Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите”, велат од МВР

Македонија | пред 9 месеци

bitpazar

Две групи од по пет-шест лица се пукале на Бит Пазар - еден е во болница, полицијата е на терен

Две групи кои броеле по пет-шест лица се пукале на Бит Пазар. Едно лице е повредено и однесено во болница.„Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза““, велат од МВР.На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 9 месеци

puls-38

Повредените од „Пулс“ ќе бидат сослушани од обвинители

Обвинителите започнуваат со испитување на повредените и семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Зависно од нивната состојба, ќе тече и динамиката на обезбедување на информации.„Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанскиот клуб "Пулс" интензивно презема итни дејствија кои не трпат одлагање и кои во моментов опфаќаат сослушувања и координација на вештачења неопходни за обезбедување докази за кривичната постапка. Дополнително, во моментов се прибавуваат сите контактни и адресни податоци за оштетените од настанот и семејствата на настраданите, како и за нивните полномошници во постапката. Во зависност од здравствената состојба на повредените и останатите услови, според однапред утврдена динамика и распоред, обвинителството навремено ќе ги извести сите засегнати лица за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување“, велат од Обвинителството.Тие додаваат: Процесот на испитување на оштетените се предвидува да започне од почетокот на мај, за што ќе следи дополнително известување, имајќи го предвид големиот број оштетени и засегнати лица кои ќе бидат испитани.

Македонија | пред 9 месеци

onkologija-41

Крај на агонијата, стигна дел од биолошката терапија за онколошките пациенти

Дел од пациентите болни од рак, од утрово почнаа да ја примаат биолошката терапија која за нив значи живот.Во текот на денот и сукцесивно во текот на наредната недела ќе се дистрибуираат сите неопходно лекови.Поради административни процедури дел од пациентите што се лекуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија повеќе од еден месец живееја во страв и неизвесност.Пациентите телефонски се известуваат од страна на персоналот кога да дојдат за да им биде аплицирана терапијата или да подигнат таблетарната терапија.Од Клиниката пред 10-на дена информираа дека процедурата за годишната набавка на терапија е во тек и дека по Велигден ќе се потпишат договорите со добавувачите кои беа подготвени за дистрибуција.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-25-at-12.29.47

Се укинуваат визите за во Дубаи, објави Мицкоски

„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја!“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додаде:„Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина“.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-25-at-12.09.52

Охридски комуналец ги уредува зеленилото во градот, во пресрет на летната сезона

Паркови и зеленило на терен во Охрид, работат на партерно уредување на зелените садници.„👉Градскиот парк разубавен со најразлични дрвени украсни форми изработени од сопствено производство🌱Хортикултурно се уредуваат парковите, се врши сеење на трева и садење растенија на ул.,,7 ми Ноември"👉Во овој период кога вегетацијата е со највисок интензитет, посебен акцент се става на редовно косење на тревните површини и тоа: градски парк, парковите кај црква Света Софија и Сараиште улиците ,, Булевар Туристичка", ,,Јане Сандански" и ,,Гоце Делчев", кружен тек кај населба Охридати и патот кој води кон населба Рача🌼Се одржуваат цветните леи во градски парк со нивно плевење и зелен појас на ул.,,Македонски Просветители"“, објавија тие.

Охрид | пред 9 месеци

1-1-1

Девет лица одат во притвор, 5 во куќен притвор - одредени мерки на членовите на бандата која се гони за злоупотреби на инвалидските пензии и туѓата нега

Во притвор одат девет лица кои се под истрага за злоупотреби во постапки за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии и туѓа нега. Кривичниот суд одреди и други мерки и на 14 осомничени, од вкупно 49 кои се под истрага.Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица од кои 23 беа спроведени во судот а едно лице сеуште не е недостапно за органите на спровод, осомничени за повеќе кривични дела, а поврзани со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење.„Донесоа решенија, согласно предлогот на Јавниот обвинител и нивното произнесување пред судиите на претходна постапка со кои :На 9 лица им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП; На 5 лица им определи мерка куќен притвор; Додека на 9 лица им определи мерки на претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т 2 и 3 од ЗКП, односно Обврска обвинетиот да се јавува во судот или на овластено службено лице, и Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова“, велат од судот.

Македонија | пред 9 месеци

Startup_F

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Универзумот продолжува да се шири! Компанијата Mozzart – Србија официјално го започна четвртиот последователен циклус на програмата за поддршка на стартап заедницата – Универзум, а пријавувањето е отворено до 11 мај  на следниот линк.Програмата е наменета за тимови чии производи се во завршна фаза на подготовка за излез на пазарот, но им недостига поддршка за првите чекори кон пазарот.Стартапот што ќе победи ќе добие вредна парична награда од 20.000 евра, додека второ- и треторангираните тимови ќе добијат по 5.000 евра.Оваа година освен во Србија, Универзум се шири и во регионот, па вратите на стартап заедницата на Mozzart се отворени и за тимови од Хрватска, Република Српска, Федерацијата БиХ, Црна Гора и Македонија.Избраните стартапи за време на програмата ќе имаат пристап до:Специјализирани и прилагодени едукацииРабота со посветени менториБесплатно користење на coworking просторРазни активности и настани за поврзување со алумни членови, експерти и дел од стартап екосистемот.Универзум ќе ги води тимовите низ процесот до лансирање на производот, собирање повратни информации од пазарот и стекнување на првите корисници. Средината на октомври е резервирана за Demo Day, каде што тимовите ќе ги претстават своите идеи пред стручно жири.Досега, преку Универзум поминале 23 тима, кои продолжуваат да ги развиваат своите иновативни решенија. Од „Tinder за вработување“ во ИТ индустријата и платформи за соларна енергија, до решенија за оптимизација на веб-страници, дигитализација на градинки, инвестиции во земјоделство, online купување, поврзување брендови со инфлуенсери и гејминг платформи – бројни иновативни идеи оживеале во рамки на Универзум.Проектот се реализира со поддршка и покровителство на Министерството за наука, технолошки развој и иновации на Република Србија, во рамките на Програмата за промоција и популаризација на иновациската дејност. Ова е втора година по ред како Министерството го поддржува Универзум, што потврдува колку е значаен и кредибилен овој програм на национално ниво. Во соработка со ICT Hub, веќе трета година по ред Универзум се потврдува како единствен и релевантен програм за стартапи во оваа фаза на развој.(ПР)

Магазин | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-25-at-07.52.06

Девојката од Скопје по која се трагаше не била пријавена за исчезната во МВР, а таа се огласи на „Фејсбук“: Се кренала лажна тревога

Девојката Симона Стојкова од Скопје по која се трагаше преку објава на страницата „Најдиме.орг.мк“, никогаш не била пријавена за исчезната во полициска станица. Истовремено, во објава на „Фејсбук“, вчера на полноќ, напишала дека објавата е лажна. Сепак, од организацијата која е издавач на порталот велат дека тие постапиле по пријава, од како што велат, семејството на Стојкова. Апелот бил споделен доброманерно, за да се најде девојката, откако системот им имспратил порака дека таа е пријавена за исчезната. Од организацијата велат дека описот е објавен согласно дадените информации од семејството. „Скопје1“ побара од нив контакт од пријавителите уште вчеравечер, но тие рекоа дека такви информации не споделуваат. Истовремено, во објава на „Фејсбук“, 35-годишната девојка вели сѐ е лажна тревога.„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате, објавата денес што се прошири дека сум исчезната е лажна! Се кренала лажна тревога! Благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете но се работи навистина за лажна тревога! Поздрав!“, стои во објавата, без да објасни што се случило, дали навистина била недостапна или пак станува збор за лажна пријава злоупотребувајќи и ги податоците.„Скопје1“ побара став и од менаџментот на страницата „Најдиме.орг.мк“ уште во текот на вчерашната вечер. Тие укажаа дека кога добиваат пријава за исчезнато лице, а кое е полнолетно, не ја контактираат полицијата туку апелот го објавуваат директно. Посочуваат дека досега имале неколку успешни акции кога се трагало по лица со деменција, што овојпат не беше случај, бидејќи со описот во кој стоеше „Се јавила со врискање на денот на исчезнувањето..“, оставаше впечаток дека таа е киднапирана. Велат дека тие биле контактирани од семејството на девојката,а тие реагирале за лицето да биде брзо лоцирано.„Тој е сајт на кој има можност да се пополни онлајн апликација за исчезнато лице. Доколку стануав збор за исчезнато дете, ние мораме, обврзани сме да контактираме со полиција и да добиеме од полиција или да го насочиме семејството да го пријави лицето, па дури потоа, во согласност со полиција да го вклучиме „Amber alert“ системот, дека е исчезнато дете. Кога станува збор за лице над 18 години, во тој случај ние ги објавуваме за да им помогнеме на семејствата. Во случајот, објавени се името и фотографијата. Ние сме алармирани преку системот дека е пополнета апликација, нѐ контактираа од семејството, аналогно на тоа, имајќи го телефонскиот број кој ни го дадоа, ние ја објавивме информацијата која тие ја доставија. Во истиот момент кога разговараа со нас, кога нѐ контактираа, беа во полцииска станица Водно, од каде што ги препратиле во локалната полициска станица. Гарантирам дека тие однесоа и сѐ информираа, бидејќи нѐ контактираа од таму“, вели претставник на правното лице издавач на платформата „Најдиме.орг.мк“.[caption id="attachment_327529" align="alignnone" width="1272"] Screenshot[/caption]„Скопје1“ уште вчера побара одговори од МВР, дали е пријавено лицето за исчезнато, а оттаму проверија низ сите СВР на ниво на држава, но пријава немаше.„До овој момент во ниту еден сектор за внатрешни работи на територија на цела држава, нема пријава за исчезнато лице со вакво име и презиме“, велат од МВР за „Скопје1“

Македонија | пред 9 месеци

soobrakajka

(Видео) Во увидните екипи се тезгароши, секоја сообраќајна несреќа е тезга, сведочи судскиот вештак Трпевски

Во увидните екипи на МВР се тезгароши, секоја сообраќајна несреќа е тезга. Ова го посочува сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски. Тој посочува дека постојат повеќе примери низ кои може ова да се заклучи, а во поткастот „Претрес со Ландов“, кажа дел од нив.„Во делот на увидната екипа постојат луѓе што имаат таму тезга отворена и тезгарошат. Значи секоја сообраќајна несреќа им е тезга. Тоа е јавна тајна“, вели судскиот вештак, Дејан Трпевски.Тој објасни и низ конкретен пример.„Сега имав еден таков пример. Сообраќајна несреќа случена во септември минатата година, пред три дена го земаа полицискиот записник. Држено е во фиока. Зошто? На лице место е утврдено дека едниот бил под дејство на алкохол, сега во полицискиот записник никаде не фигурира дека е под дејство на алкохол. Дрегер - 0, извршено испитување во болница во толку и толку часот, резултат нема. Како може да нема? Кога ќе дојде некој во болница, обавезно се зема крв или урина за да се испита алкохол. Нема, затоа што некој од увидната екипа го штити тој под дејство на алкохол“, додаде Трпевски.Тој додава дека постојат повеќе вакви примери, како во дел на увидната екипа, така и судси примери.Проследете го поткастот каде се зборуваше за низа сообраќајни несреќи, како и за вештачењата и увидите кои се правени.https://youtube.com/live/NCtvoXUnxMM

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања