Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-34-6630PM

19-годишник се гони за насилство: пред тобако-маркет во Кисела Вода натепал две лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.„На 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз двајца оштетени, а кај 10-годишно дете сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, велат од Обвинителството и додаваат:„Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со тврди предмети – бехатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице.Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените“.

Македонија | пред 9 месеци

frosina-5134

Одобрено обвинението, ќе му се суди на Васил Јованов за усмртувањето на Фросина Кулакова

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт против Васил Јованов, возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова на пешачки па булеварот Партизански одреди.„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт, ГО ОДОБРИ обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К. Со одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот, а кога ќе биде насрочен термина за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, велат од Кривичен суд.Претходно, Обвинителството поднесе обвинение во кое го гони Јованов за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот.„Согласно доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола,  управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко. Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во  телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место“, стои во обвинението.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-19.38.30

Претседателката на Антикорупционерите седум месеци давала податоци за предмети и одлуки на обвинети во „Адитив“

Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција се сомничи дека додека ја извршувала функцијата, седум месеци му овозможувала на ексдиректор осомничен во случајот „Адитив“, документи за поведени постапки и одлуки по истите. Доказите се најдени во телефоните, а документите биле праќани преку две апликации. Таа е третоосомничена за оддавање на службена тајна.„Третоосомничената со умисла извршила две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело искористувајќи ист траен однос, исти прилики и други слични околности. Како службено лице, претседател на ДКСК од месец мај до месец декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот Адитив на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот Адитив и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК“, велат од Обвинителството.Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка, предметните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица.„До денес обезбедените докази укажуваат дека првоосомничениот бил член на групата што имала за цел вршење на кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело. Како вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Искористувајќи ист траен однос и исти прилики и околности, на управителките на обвинетите правни лица им ставил на располагање средства и ги отстранил пречките за кривичното дело, со што им помогнал свесно да ги повредат прописите и да ги изиграат постапките за доделување на договори за јавни набавки. Во периодот од месец декември 2023 до ноември 2024 година од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања од значителен износ, средства кои правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство. Овие средства со цел да го прикрие понатамошниот нивен тек, ги пуштил во оптег и ги подигнувал во готово“, додава Обвинителството.И второсомничената давала инфромации.„Второосомничената во септември 2024 година, како службено лице вработено во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје на неповикано лице обвинето во предметот Адитив, на друг начин му сторила достапни податоци што во согласност со чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. Имено, откако од Одделот за криминалистичка полиција кој постапувал по наредба на ОЈОГОКК, било доставено Барање за доставување на документацијата која се однесува на спроведена постапка за набавка на мазут за периодот од 2021-2023 година, таа преку апликација WhatsApp на телефонски број на обвинетиот му испратила фотографија од Известувањето“, велат од Обивнителството.Со опишаните дејствија во диспозитивот од Наредбата и до денес прибраните докази, на првоосомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело Злосторничко здружување, како помагач сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Останатите две осомничени сториле кривично дело Одавање службена тајна.Обвинителството од денес обезбедените докази во корелација со другите прибрани докази ја продолжува постапката во насока на утврдување и на евентуални други кривични дела и сторители.

Македонија | пред 9 месеци

492498158_1112844217554001_4330422571887449820_n

Собранието не ги почитува ни загинатите ни живите во Кочани, реагира в.д. градоначалникот на општината

Скандалозна е изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда непочитта на настраданите во трагедијата во Кочани и неработата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан, смета в.д. градоначалникот на општината, Венко Крстевски.„Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во нив наоѓаат изговор за да не организираат комеморација за жртвите на корупцијата. На овој начин се покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани. Со ова, првиот меѓу еднаквите народни избраници докажа дека токму тие се показател на општествената летаргија во која е потоната Македонија“, реагира Венко Крстевски, в. д. градоначалник на Општина Кочани.Крстевски смета дека Собранието на Македонија со ништо не му помогна на Кочани во најтешките денови и упати повторен повик државните институции да не заборават дека на Кочани му е потребна итна рехабилитација.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-16.07.18

Актуелната претседателка на Антикорупциска е однесена во Кривичен суд: осомничена е во истрагата за „Адитив“

Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција е опфатена во рамки на истрагата за предметот „Адитив“, а која се однесува на набавка на адитиви наплаќани по трипати повисока цена од реалната, каде еден од клучните осомничени е ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.Засега е познато дека ќе се бараат мерки за обезбедување на присуство, а Димитровска ќе биде изведена пред судија на претходна постапка. Извесно е само дека не се бара најстрогата мерка, а тоа е ефективен притвор.Од Обвинителството со куса информација: „Во рамките на предметот Адитив од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица. Околу делата што им се ставаат на товар и дејствијата што ги преземале во текот на утрешниот ден“.Според нејзината биографија, пред да стане член на ДКСК, Димитровска била државен ревизор.

Македонија | пред 9 месеци

images-5

Претседателката на антикорупционерите останува без пасош и доби забрана за одредени активности

Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција остана без пасош, откако доби статус на осомничена во случајот „Адитив“. Според неофицијални и непотврдени информации, таа се сомничи дека издала службена информација. Од Обивнителството, рекоа дека детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден.„Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како "Адитив", по нејзино произнесивање во однос на предлогот на ЈО за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое СЕ ПРИФАЌА предлогот на ОЈО ГОКК и се опредлуваат мерки за претпазливост согласно точка 3 и точка 7 односно Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова; и Забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело“, велат од Кривичен суд.Димитровска е една од трите лица кои се новоосомничени во случајот кој се однесува на набавка на адитиви наплаќани по трипати повисока цена од реалната, каде еден од клучните осомничени е ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Македонија | пред 9 месеци

apso

Одрони од кровот го затворија базенот во „Борис Трајковски“: се проверува статиката, а проблемот е поради нецелосно реконструирање пред 15 години

Одрони од кровот и делови од панел плочите од стиропор, ставија клуч на базенот во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој на дневна база го посетуваат од 700 до 1000 лица. Со оглед на сериозноста на проблемот, но и начинот на кој бил одржуван изминатите години, било побарано да се измери статиката, која треба да покаже дали кровниот дел е стабилен. Директорот на спортскиот центар, Данијел Апостолоски за „Скопје1“ вели дека проблемот е резултат на нецелосното реконструирање на кровот во 2010 година. Паднале украсни стиропорни панели кои не се тешки ниту можеле да повредат некого, но биле показател дека постои проблем.„Деловите кои што одронети се резултат на непрофесионално и нецелосно реконструирање на кровната површина, којашто била реконструирана во 2010 година и при тоа проектот кој бил предвиден за изградба на истиот, не е имплементиран во целост“, вели Апостолоски.Тој потенцира дека на проблемот му пристапуваат сериозно, затоа и тој е затворен за посетители.„Мислењето на Градежниот Факултет во Скопје е децидно, односно во насока на тоа дека базенот не треба да работи се додека не бидат санирани оштетувањата на кровот во целост, односно додека не се извршат потребните технички работи“, додава тој за „Скопје1“.Посочува дека работат и на обезбедување документација неопходна за реконструкција на кровот.„Изминатиот месец имавме можност во Кочани да забележиме до што може да доведе несериозниот пристап и токму затоа тоа ќе го спречиме во спортскиот центар. За мене и за сите нас како вработени во спортскиот центар, најважна и неприкосновена е безбедноста при користење на сите содржини, вклучувајќи го и базенот“, посочува Апостолоски.Базенот во салата го користат и пливачки клубови, а најчесто таму членуваат деца.

Скопје | пред 9 месеци

sudski-sovet-1

Мицкоски за членовите на Судски совет: Сѐ уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2 проценти, образ ѓон

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна на тие кои што ги гласале, тие и понатаму продолжуваат да бидат дел од Судскиот совет и да земаат илјадници евра месечен надомест, притоа уживајќи помалку од 2 проценти доверба кај граѓаните и никому ништо. И тоа доволно ви кажува за каков профил на личности станува збор и зарем вие очекувате нешто различно од нив да донесат како одлука, посебно за случајот за младата Теодора која е прегазен ана пешачки премин.“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.Мицкоски упати остри реакции и за Советот на јавни обвинители.„Но, не е само тоа. Во случајот има и една друга институција Советот на јавни обвинители, таму има еден замислете еден виш јавен обвинител кој што бара да се намали првостепената пресуда. Затоа што овој случај има прв дел од пресуда од 3 и пол години, се жали обвинителот на ниска казна, неговиот надреден кој што е во Вишото ја прифаќа одлуката односно прифаќа таа да биде помала од 2 години.“, рече Мицкоски.„Зарем вие очекувате од овие луѓе нешто повеќе. Јас не. Образ ѓон.“, изјави Мицкоски.„Ако некој мисли дека ние имаме кратко помнење се лаже, нема така едноставно да поминуваат некои работи. Правдата мора да биде неприкосновена и да ја добијат сите.“, дециден е Мицкоски.Во однос на реформите, Мицкоски истакна дека се во завршна фаза и очекува до крајот на јуни да бидат донесени, но како што рече лично има дилема дека нешто од тоа ќе функционира со вакви судии и обвинители.„Тие се работат и се во завршна фаза. И се дел од реформската агенда и има јасен датум дека до 30.06 треба да се донесат. Но, искрен да бидам лично мислам и имам дилема дека нешто од тоа ќе функционира со овие вакви судии и обвинители кои се бирани на начин на кој што се бирани. Не сите, туку мала група, но таа мала група го контаминира она поголемо ткиво кое заслужува да биде и судија и обвинител.“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

palevski-68

Палевски ќе одговара што според него правел дента кога е убиена Вања - ново рочиште

Денеска продолжува судењето за убиства та на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова доаѓа откако претходното рочиште не се одржа оти бранителот Јовица Страшевски имаше здравствени проблеми. Тогаш судијата Ивица Стефановски рече дека ако тоа се повтори, ќе му назначи на Палевски бранител по службена должност.Рочиштето ќе треба да продолжи со исказот на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. Тој прво ќе одговара на прашањата од неговиот бранител, Јовица Страшевски. Меѓудругото, остана неодговорено прашањето каде бил на 27 номеври 2023 година, денот кога е убиена Вања Ѓочевски, а откако претходно даде свое објаснување што правел на 22 ноември 2023 година кога според обвинението е убиен Панче ЖеовскиТој ќе одговара и на прашања од обвинителство, а ако остане простор и време, и на прашањата од обвинетите и нивните адвокати.На претходното рочиште, Палчо негира дека ги извршил убиствата за кои се товари. Тој ги нападна и навредуваше новинарите а го обвини и ексминистерот Спасовски.„Ниту сум монструм, ниту убиец, јас сум под линч од портали контролирани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а киднапиран од Кривичниот суд”, рече Палевски.Неговиот адвокат Страшевски, беше во „Претрес“ каде зборуваше за двојното убиство и доказите

Македонија | пред 9 месеци

vanja-palco

Палевски кажуваше каде според него бил кога девојчето е убиено: Криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања оти имотот ќе прејде кај Александар

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, прашан од адвокатот Јовица Страшевски, раскажа каде бил на 27.11.2023 година, денот кога Вања Ѓорчевска е грабната и убиена. Раскажа како станал рано, околу 08:30 минути, иако Обвинителството тврди дека во тој период веќе бил на местото „Дупки“ со обвинетите и грабнатото девојче. Палевски раскажа како дента работел на материјали за набавка на ирански дронови.„Тој ден се разбудив во 8.30, невообичаено за мене затоа што ми беше ладно, затоа што котелот на пелети во куќата не запалил самиот. По будењето и рачното палење на котелот, пристигнаа материјали за 540 милиони долари, ирански пари во македонски банки, за што веќе говорев пред судот, истите ги ставив на клауд и пратив пораки, налог за работа, на лицето Зоран Петковски, кој сведочеше во Судот“, рече Палевски.Потоа, според него, во периодот до 10 часот не пукал во Вања, откако на местото дошол со „рено кангу“ како што посочува и докажува Обвинителството, туку шетал куче, пиел кафе и бил во банка.„Потоа го изнесов кучето во дворот, пиев кафе и се подготвував да излезам, читав вести и после 10 часот се упатив кон Халк банка. Напоменувам, Кешишев не беше во куќата. Помислив дека најверојатно заминал за Штип, што беше вообичаено. Се враќаше следниот ден, не беше ништо чудно што го нема. Потоа со белото ‘фиат добло’ од штабот, преку Рампа, Кисела Вода, Парламентот, Клуб на пратеници, свртев по Ленинова, па преку Буњаковец и школото Песталоци, на улицата Иван Милутиновиќ свртев десно на улицата Рајко Жинзифов и на крајот од таа улица, кон Партизанска, изгубив десетина минути да се паркирам, потоа влегов во Халк банка. Имаше гужва, работеа два шалтери. Додека чекав, се сретнав со стар познаник, Мартин Панчевски, кој го предложив за сведок, но го повлеков предлогот. Вршев плаќања за здружението ‘Десна република’, а не за партијата Десна. Платив за хост на неолку домејни кои ги поседува здружението ‘Десна република’, па платив на Васко Ристовски, сопственикот на куќата, закуп за декември 2023“, раскажуваше Палевски.Тој тврди дека трансакциите биле во 11:30 часот и 11:44 часот, време во кое според Обвинителството, Вања е веќе убиена.„Заминав во куќата на ‘Кирил Крстевски Платник’, каде сум роден и каде ОЈО направи претрес на 3.12.2023. Таму се задржав околу 40 минути, разговарав со моето семејство и ги платив сите обврски на фамилијата за интернет, струја, вода, телефони. Потоа заминав на Бит-пазар, спроти пазарот. На автомат на Стопанска банка извадиив 10.000 денари, за да можам да најдам и да купам грејач, за да го поправам котелот во партијата за да се пали самиот. ‘Фиатот добло’ го паркирав околу 13 часот  над пазарот, каде исто така има камери, и е јавен паркинг. Околу 13 барав грејач. Потоа, барав грејач во неколку дуќани во Чаир, не најдов и се вратив во штабот. Попладнето имав неколку состаноци со членови на партијата и вечерта околу 12 ми заврши работниот ден и легнав да спијам. Тоа е мојот ден од будење до заспивање на 27 ноември 2023 година“, рече Палевски.Тој одговараше и на прашање од неговиот бранител – дали е точно дека тој заедно со обвинетите ја грабнале Вања за да изнудат пари. Според Палевски, ова ниту е точно, ниту е докажано, па рече: „но и нелогилно од повеќе причини“.„Од ОЈО, кое го сосотавило овој обвинителен акт ред судот донесе сведок, Зорица Ѓорчевка, мајка на отетеното дете и беше прашана дали било кој ја контакторал или се обидел да ја контактира и да ја уценува неа или друг член на семјството. ОЈО заборавило дека поминале цели 4 дена од денот на грабнување на детето до притварање на првиот осомнилен, Влато Кешишев, на 2.12, што е доволно време од 4 дена, ако некој сака да уценува да најде начин и да ја почне уцената врз Зорица Ѓорчевска. Но, после една 1,5 година притвор, се уште не можам да поверувам коку се наивни, евтини и несериозни анализите на еден дел од медиумите, каде има и исклучоци, кои се уште брутално ја лажат јавноста брифирани од Гаврил Бубевски.. Зошто ова го тврдам. Доколку е уцена заради користољубие, просечен криминален ум, доколку е во релација со таткото на оштетеното дете, кој веќе го поседува на свое име најскапиот имот на семејството, а децата се малолетни и тој е старател, криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања Ѓорчевска, затоа што целокупниот имот на тоа семејство, заедно со депозитот од 30.000  евра во банка и новото возило ќе прејдат во владение и 50 проценти сопственост на законскиот старател Александар“, сведочеше Палевски.Според него, недокажан е мотивот, полн само со индиции.„Од местото на закопување на убиеното дете, од изборот на жртата во однос на зградата каде живеела, индиции кои се ладно и намерно направени, а кои укажуваат на мене, затоа што јас сум ја градел и продавал таа зграда. Обвинетите Кешипев и Манев во неколку околности велат дека јас сум ја градел зградата и тоа е единствената околннист во која нивните искази се поклопуваат. Со лажни наслови и шпекулации се лаже загрижената јавност повеќе од една година. Кога се работи за мотивот, ОЈО одзема ахард диск, не го вештачеше, не го приложи во докази, го крие, не кажува дека поседувам 200.000 нелегални снимени разговори“, додаде тој.Потоа посочи дека пред седум дена дознал дека е осуден за прислушуваните разговори на казна затвор од три години.Во притворот пред 7 дена дознав дека јас сум единствениот Македонец кој ОЈО требало да знае, ама не знае, а и судот исто така, кога ми пишуваат решение за притвор, затоа што сум веќе осуден, односно осуден сум на 3 години ефективен затвор затоа што сум пресретнувал и снимал телефонски разговори. ОЈО барало условна казна, а јас, во отсуство, односно додека сум во притвор, сум осуден на 3 години затвор. Го известувам ОЈО, дека не прислушкулал Сашо Мијалков, туку Љупчо Палевски. Со оваа пресуда се гледа намерата на правосудниот систем кон мене. Тоа е директно поврзано и со овој процес, затоа што токму обвинителката Ана Димитревска, ми ги одзела тие 200.000 разговори за кои сум осуден на 3 години затвор. Директна врска имаат овие 2 случаи затоа што се случуваат истовремено. Немам мотив да го направам ова кривично дело, и не сум го сторил убиството“, додаде тој.Судењето е во тек.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2023-12-03-at-23.53.25

„Слика од жртвите на телефон постои само на телефонот на Манев и тоа од Жежовски“, рече Палевски по тврдењето дека тој ја сликал убиената Вања

Тврдењето од обвинетиот Велибор Манев, дека Љупчо Палевски-Палчо му покажувал фотографии од друга жена која требало да биде грабната, првообвинетиот го негира. Според Палевски, исказите биле поради како што вели, „квалитетниот ќотек“, а додека тој беше во бегство во Турција. Сведочеше и за тврдењата дека тој ја сликал Вања откако ја убил.„Не сум ја сликал ниту покажувал Вања, затоа што не знаев дека постои тоа дете. Сликите кои ги спомннува Манев би требало да му помагаат во неговите намери и она што го направил, да не згреши, а не да направи грешка. Интересно е што овие околкости, сликање на жртвата се појавуваат во вториот негов исказ на 6.12, кога го посочува таткото на убиенто дете со име и презиме, а на 3.12, претходно, дава изјава само: ‘Палчо ги знаеше родителите’. Слика од жртвите на телефон постои само на телефонот на Манев и тоа од оштетениот Панче. Затоа тврдам дека ќотекот од две недели не е случаен и не е измислено само лажното твдење дека Александар ми давал информации, туку и сите останати тврдења на Манев и на Кешишев се последица од квалитетен ќотек и потребите на ОЈО да ме произведат во монструм, како што ме нарекувал Димовски на 3.12, кога го лишувал од слобода Ѓорчевски. Како и сѐ останато, оваа истрага е со ти реков, ми рече, и затоа очајно се темели целава оваа нарачана пресуда на едно фалсификат видео и два трагично смешни искази кои наводно го потвдуваат видеото“, сведочеше Палевски.Тој рече дека во зградата од каде е грабната Вања Ѓорчевска, последен пат бил пред 26 години.Кога последен пат сте биле во зградата од каде е грабната Вања Ѓорчевска.„Но, сум бил до објектот затоа што до самиот влез на зградата поседувам трафстаница од која се напојуваат 11 станови во таа зграда и неколку локали во објектот. Но, физички не сум бил во таа трафостаница во последните 10 години. Од последниот краток состанок за продажба на таа трафостаница, сум ја покажал на интернет, а немало потреба  да одам дотаму.  Сум одел до ‘Ради Рим’, кое е на околу 150 метри од зградата, никогаш до таму не сум бил со ‘кангуто’. На стотина метри од зградата поседувам нефункционален простор, кој не го користам, а имав намера да го продадам. Последно место во Дебар Маало каде сум се движел е Општина Центар, но таму не сум бил одамна“, рече Палевски.Тој негира и дека давал инструкции за тоа како да се грабне Вања Ѓорчевска, како што тврдеше Кешишев.„Во ЈО му го поставиле вистинското прашање на 6.12 од каде знае дека местото на настанот се вика Дупки, како што рекол на 3.12. Тој им рекол дека дознал во меѓувреме, а во меѓувреме е во притвор.  Се поставува прашањето како дознал како се вика местото на настанот, затоа што 3 дена претходно тој кажал дека тоа е некаква мала депонија, а не место ‘Дупки’. Ќотекот продолжува и после 3.12, кога го посочил Александар Ѓорчевски, ќотекот продолжил и во наредните 2 недели, според исказите на сите обвинети. И покрај тоа што го посочил Александар, но ќотекот подложил и за местото на настан Дупли и за тоа дека Палчо пукал. Но, денес е нејасно дали полицијата го носеа Влатко Кешишев на местото  на настан Дупки или Кешишев ја однесе полицијата“, додаде Палевски.Децидно одново негираше дека бил на местото каде била убиена Вања. На прашањето од адвокатот Страшевски: „Во обвинението стои дека по налог на Палевски обвинетиот Манев го извади оштетеното дете од гепекот, по што обвинетите ја доближиле и ја ставиле во претходно ископаната дупка. Точно ли е?“, Палевски одговори: „Ќе повторам, не е вистина тоа тврдење. Не можам да дадам налог, не сум бил на местото на настан Дупли. Во обинението ОЈО тврди дека дупката е претходно ископана. Велибор пред судот тврди дека прво е пукано во детето, а потоа по моја наредба биле принудени да копаат дупка. Тоа е спротивно на обвинението. Кешишев рече дека дупката е копана, па Вања е извадена, а додека чувал стража слушнал истрел, се свртел и ме видел мене со пиштол во раката. На оваа околност исто така имаме 3 или 4 варијанти од искази, па дури и еден ист обвинет дава 3 различни искази во 3 распити. Од тоа кој го извади детето од гепекот, кој копал, ако и кога копал, За овие околности двајцата, Манев и Кешишев се комплетно различни и спротивни од обвинението“.На крајот одговори и на прашањето од Страшевски, дали е точно дека испукал куршум во Вања, обвинетиот Палевски одново негираше.„Како и се претходно, и ова тврдење не е точно. Не сум бил на местото на настан Дупки и не сум пукал во Вања Ѓорчевска. Во судницата ЈО донесе јастуци кои се без вештачење, без прострена дупка во нив, без барутни траги како доказ, а во обвинението тврди дека е пукано преку перниче. Тотално е нејасно зошто се донесени јастуците како доказ ако на нема траги од барут. Но, како и се друго во ова обвинение, ќе направам една кратка илустрација од 5 точки. Овие точки не се навреда, туку гола вистина и факти од ова судење. Број 1, според ОЈО двојниот убиец бара од судот наредба за издавање податоци за оружјето, судот го одбива после 6 месеци од барањето Број 2, чаурата пронајдена во Рудник двојниот убиец ја предлага како доказ, затоа што ОЈО заборавило да ја предложи, а судот 4 месеци не се изјаснува дали чаурата ќе биде доказ. Број 3, двојниот убиец предложи сведок, полицаецот Кукунџиевски, кој потврди дека токму тој одзел оружје од сообвинет, но недостасувало оружјето со калибар од 9 милиметри“, рече Палевски.Распитот е во тек.

Македонија | пред 9 месеци

IMG-e0829a7e3039a5e06f8ad88db80c75cb-V

Утре театарската претстава за деца „Плашливиот лав“

Во рамки на проектот на Општина Охрид, „Културата расте со децата. За сите деца“, утре напладне во ООУ „Св. Наум Охридски“ во село Пештани ќе биде прикажана детската театарска претстава ,,Плашливиот лав” во изведба на актерите од Театар „Отпишани“.„Плашливиот Лав” е детска театарска претстава која носи силна порака за другарство и социјализација кај децата.Автор на претставата е Марјан Анѓеловски,а главната ролја ја играат Јасмин Рамани и Мето Јанакиевски.Детските театарски претстави ќе се одржуваат секој петок, а низ нив ќе ги води ликот на рибарот Климе.https://ohrid.gov.mk/%d1%83%d1%82%d1%80%d0%b5-%d1%82%d0%b5%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0-%d0%bf%d0%bb%d0%b0/?fbclid=IwY2xjawJ3Fl5leHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFsYm1aNXgxWHQ0MlJDcEE4AR5mQAFgGGXds9PNNWbgcCIHj9aTgBM0iq3KCkf5JaNuQthzbWZ_InsLseMaoQ_aem_h4aIZZvTdaRzeevrv-hngg 

Охрид | пред 9 месеци

Zamenik-minister04242025006-1

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со заменик министерка за европски прашања Викторија Трајков

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.Заменик-министерката Трајков беше во придужба на стручни лица од проектните едници на Министерството за европски прашања и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев.На средбата се разговараше за можностите за искористување на европските и претпристапните фондови, со акцент на поддршката која овие програми ја овозможуваат за развојот на локалните заедници. Исто така беше разговарано за можностите за искористување на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД.Градоначалникот Пецаков ги запозна гостите со тековните проекти и планови во општината во насока на унапредување на инфраструктурата, екологијата и социјалната инклузија во Охрид. На состанокот беше потенцирано дека е потребно унапредување на соработката меѓу локалната и централната власт за поголемо искористување на меѓународните фондови кои се достапни на општините.Во рамки на посетата, градоначаникот и заменик министерката ја посетија Инклузивната игротека за лица со церебрална парализа и Здружението на граѓани ВООПС, простор опремен со средства обезбедени преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Овој проект претставува пример за успешно имплементирана иницијатива која овозможува инклузивен пристап за децата и младите со попреченост во општествените процеси.

Охрид | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-15.07.00

Охрид се поклони во чест на Узунов

Свеченостите по повод одбележување на 120 години од смртта на Христо Узунов продoлжија и денес. Утрово делегација на општината положи свежо цвеќе пред неговата спомен биста во градскиот парк. По традиција претставници од Општина Охрид го посетија вечното почивалиште на Христо Узунов во селото Цер, кичевско каде пред повеќе од еден век се случи херојската погибија.https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%bb%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d0%b7%d1%83%d0%bd%d0%be%d0%b2/?fbclid=IwY2xjawJ3FlpleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFsYm1aNXgxWHQ0MlJDcEE4AR7gDFMHGacW2FGMm7kj1ozK7d0oQMQBtGMFjN4wY5CEsdgJTTEUTuqmOyjMug_aem_dHffVLNAZ9F_IPzsOZs0DA

Охрид | пред 9 месеци

ohrid-markica

Свикана педесет и шестата седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ педесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.04.2025 година ( среда ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 54-та седница иЗаписникот од 55-та вонредна седницаПредлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2024 година.Предлог-одлука за прифаќање донација на помагала за деца со посебни потреби на територијата на општина Охрид.Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на помагала за деца со посебни потреби, од општина Охрид на Здружението за воспитно-образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид за децата со посебни потреби.Предлог-одлука за прифаќање донација за изградба на ново спортско фудбалско игралиште.Предлог-одлука за отстапување на користење котел за нафта со горилник-термоген на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог-одлука за отстапување на користење специјално товарно противпожарно возило на Доброволно противпжарно друштво „ЕНТУЗИЈАСТ Охрид – Дебрца“.Предлог-одлука за давање на времено користење монтажен објект (урбана опрема) со пропратни елементи на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Физибилити студијата за избор на најповолен модел за поставување на фотоволтаични централи на општински објекти на подрачјето на општина Охрид и отпочнување постапка за изработка на Физибилити студија за воспоставување јавно приватно партнерство.Предлог-одлука за изработка на дигитални алатки за туристичка промоција на Охрид.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.9795/1, Кп.бр.9796/1, Кп.бр.9822/1 и Кп.бр.9822/2 сите во КО Охрид 2 и одземање на корисничко право на Кп.бр.9794/2 КО Охрид 2.Предлог-одлука за донесувaње детален урбанистички план за УЗ 6, дел од УБ 6.1 – опфат 2, Oпштина Oхрид, плански период 2019-2029.Предлог-одлука за донесувaње детален урбанистички план во УЗ 12, УБ 12.3 – опфат 2, Oпштина Oхрид, плански период 2022-2027.Предлог-програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на соседни градежни парцели ГП 2.3.41, со основна класа на намена А2-домување во згради и ГП 2.3.42, со основна класа на намена А1-домување во куќи, на повеќе катастарски парцели во КО Охрид 3, во ДУП за УЗ 2, Блок 2.3, опфат 2, Охрид, Општина Охрид.Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 12.1.87, ГП 12.1.88, ГП 12.1.95, ГП 12.1.96 и ГП 12.1.97 формирани во ДУП за УЗ 12, Блок 12.1, КО Охрид, Општина Охрид.Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 12.42, ГП 12.1.43 и ГП 12.1.44 од ДУП за УЗ 12, УБ 12.1, Општина Охрид.Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1 и ГП 3 формирани во план за реализација на 4-та станбена единица – општина Охрид.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.108 КО Охрид 4, објект 1 и објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.904 КО Сирула, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.941 КО Косел, објект 1, објект 2 и објект 3.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.970/1 КО Оровник, објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1114/4 КО Оровник, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1229 КО Лескоец, објект 1 и објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1271 КО Куратица, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1548 и КП.бр.1576 КО Куратица, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.874/1 и КП.бр.874/7 КО Љубаништа, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1657 КО Лескоец, објект 1 и објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.535/1 КО Охрид 4, објект 1.  ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-6525/123.04.2025 год.О х р и д

ОО | пред 9 месеци

IMG_0957

Охрид го чествува ликот и делото на Христо Узунов

Во чест на Јубилејот: 120 години од хероската погибија на Христо Узунов, Општина Охрид, денеска организираше Свечена академија во спомен куќата на големиот охридски војвода и револуционер.Пред бројните присутни, свој пригоден говор имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Насочени кон иднината, бескрајно горди на минатото, благодарни за саможртвата за слободна Македонија, денес со оваа свеченост одбележуваме 120 години од смртта на Христо Узунов.Ценети присутни, почитувачи на неговиот живот и дело, дами и господаОваа исклучителна личност од македонската историја, учител, револуционер, војвода, организатор на македонската борба за слобода и бескомпромисен борец за татковината не прави особено горди и среќни што сме негови потомци охриѓани и Македонци.И повеќе од очигледно благословот што големиот Григор Прличев му го изрекол на третиот ден по раѓањето „На планина знаме да развеваш! Македонија од ропство ти да ја ослободиш!“, станал реалност. Затоа што Узунов од млади години задоен во патриотски дух се вложувал себе си за татковината при тоа не давајќи и можност на својата младост да остари. „Во името на моите свети чувства кон тебе – те молам немој да се грижиш, ниту да плачеш за мене. Ќе се чувствувам најзадоволен ако ти со твоето поведение бидеш пример за другите мајки“, и пишувал младиот Христо на својата мајка кога морал да ја одлежи во затвор смртта на српски големец. А тој настан бил само еден од редот на маченичките случувања што овој великан морал да ги проголта за ние денес да живееме во своја МАКЕДОНИЈА. Токму затоа неговиот лик во македонската колективна меморија ќе остане запаметен по неповторливата саможртва како и чистината и искреноста со која му пристапил на својот свет долг кон татковината.Почитувани,Непоколебливата одлучност да се жртвува животот за добро на татковината ги надминува границите на просечноста и го воздигнуваат неговиот лик на небото на општочовечкиот копнеж и општочовечката борба за слобода. Тој е симбол за македонскиот опстој и непокор, пример за највозвишен хероизам и саможртва, синоним за стоицизам на човек, кого не го поколебаа ни најужасните искушенија и не го згаснаа кај него исконскиот револт кон неправдата која му се нанесуваше на македонскиот народ, тој е синоним за човечкиот отпор, за доблесноста, човечноста, за одлучноста да се истрае во борбата за идеалите, да не се потклекне и да се истрае се до последниот здив во вербата и борбата за слободна МакедонијаЦенети присутниВаквите личности од македонската историја се вистински столбови на македонскиот нескршлив дух, на македонскиот иднтитет и на македонскиот национален и културен опстој. Всушност, тие се глогов кол во срцето на бескрупулозните пропаганди на соседните држави во обидите да го негираат, да го потиснат и уништат мекедонското неколкуилјадно национално, историско и културно живеење на овој простор. А ние како нивни следбеници се заветуваме дека нема да го погазиме и промениме она што како наследство сме го добиле од нив, нашата прекрасна татковина Македонија и нашиот единствен македонски јазик.Тука во неговата родна куќа длабоко се поклонуваме во чест на името и делото на големиот Христо Узунов, еден од неколкумината храбри војводи кој несебично го жртвуваше својот живот за слободна Македонија. Слава му!, истакна Пецаков.Во рамки на Свечената академија се одржа промоција на драмскиот текст: „Света саможртва за Македонија“ од авторот Зоран Пејкоски. Промотори на книгата беа проф.д-р Димитар Пандев и проф.д-р Наташа Котлар.Свечениот настан беше збогатен со културно – уметнички настапи на Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“, под диригентската палка на маестро Бурим Хидри, солистот Ѓоко Чеменкоски како и учениците од ООУ „Ванчо Николески“ под менторство на професорката Емилија Блажеска.Свечената програма по повод големиот јубилеј посветен на Христо Узунов, продлжува вечерва со Патрониот празник на ООУ „Христо Узунов“ во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.Чествувањата за Узунов продолжуваат и утре со полагање на свежо цвеќе пред неговото спомен-обележје во градскиот парк и Панихида и полагање цвеќе на местото на неговата херојска погибија во селото Цер.

Охрид | пред 9 месеци

Hristo-Uzunov-proslava04232025002-1

Одбележан патронатот на ООУ „Христо Узунов“

Со пригодна свеченост што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“, ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.На свеченоста присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо БожиноскиВо рамки на културната програма настапија учениците од второ, петто и деветто одделение под менторство на своите наставници. Програмата беше збогатена со музички точки и настап на училишниот хор.Годинава се одбележаа 120 години од херојската смрт на Христо Узунов.https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d0%bf%d0%b0%d1%82%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%be%d1%83-%d1%85%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%be-%d1%83/?fbclid=IwY2xjawJ3FX5leHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFsYm1aNXgxWHQ0MlJDcEE4AR5rCSJQNaW0Pld9RKpBFRkPNez-IVLTvdq2_UCUAXpOpuJM9K8PgKQ_Eng1Rw_aem_L5v-dyNgQmHWtTmXuK8QFQ

ОО | пред 9 месеци

IMG-540360ebb8ec5562808889bb15c856f4-V

ОХРИД домаќин на конференцијата „Green Urban Transport Solutions“

Размена на добри практики за одржлива урбана мобилност, климатска адаптација и дигитални решенија во јавниот транспорт, се главните теми на конференцијата „Green Urban Transport Solutions“, што започна денеска во Охрид.На свеченото отворање на конференцијата, пред присутните свое обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.– Ми претставува особена чест и задоволство што сум дел од овој убав настан и што имам можност да ве поздравам од името на Општина Охрид и да ви посакам топло добредојде на конференцијата „Green Urban Transport Solutions“. Особено сме благодарни што нашиот прекрасен туристички центар е избран да биде домаќин на еден ваков значаен настан, посветен на иднината на урбаната мобилност, климатската адаптација и иновативните дигитални решенија во јавниот транспорт.Ова се прашања, кои во последниот период се многу актуелни и важни за секоја локална заедница, а особено за урбаните средини на Западен Балкан.Градот Охрид, како значајна туристичка и културна дестинација, активно работи на унапредување на целокупната инфраструктура и создавање поеколошки и поудобни услови за движење на нашите граѓани и посетители. Преку различни иницијативи и планови активно работиме на развој на една поодржлива урбана мобилност, која е неопходна за современиот начин на живот.Почитувани,Охрид не е обичен град – тој е жив споменик на човештвото, чувар на културното и природното наследство впишано во листата на УНЕСКО. Неговите цркви, древните базилики, Самоиловата тврдина, Античкиот театар, како и бескрајната убавина на Охридското Езеро и планината Галичица, не потсетуваат дека живееме во една средина кој заслужува посебно внимание, грижа и визија.Токму затоа, обврската за зачувување на ова наследство оди рака под рака со потребата да изградиме урбана мобилност што ќе биде и одржлива и достапна, како за охриѓани, така и за туристите што секојдневно не посетуваат.Веруваме дека оваа конференција ќе придонесе за зацврстување на соработката меѓу институциите, експертите и носителите на одлуки, како и кон размена на знаења и добри практики што ќе можеме да ги имплементираме во иднина. Нека ова конференција биде движечка сила кон зелена, паметна и хумана мобилност.На сите учесници кои се дел од оваа конференција им посакувам успешна работа на панелите, инспиративни дискусии, вредни заклучоци и се разбира многу убави мигови во Охрид. Срдечно ве поканувам, во слободното време од конференциските активности, да ги доживеете убавините на нашиот уникатен град, да го почувствувате мирот на езерото, да ја видите вечноста на нашата култура и да ја вкусите нашата гостопримливост. Благодарам на сите иницијатори и партнери што го организраа овој настан и уште еднаш – Ви посакувам големо добредојде во Охрид!, истакна Божиновски во своето обраќање.На настанот свои обраќања имаа Ејупи Ресми, државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање; Ивен Шад, прв секретар, раководител на развојна соработка, во Германската амбасада во Тирана; Дубравка Бошњак, проект менаџер, Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа; Методија Атанасовски, продекан на Технички факултет Битола; Горан Лампељ, координатор на ODRAZ, CIVINET, Словенија-Хрватска и Југо-Источна Европа и Недим Беговиќ, Транспортна заедница.Конференцијата „Green Urban Transport Solutions“ обединува повеќе паралелни настани, вклучувајќи ја и научната конференција Transport for Today’s Society (TT’S 2025), XII конференција на CIVINET, VII регионална конференција ProSUMP, како и состанокот „Clean Bus and Clean Fleet“ на Транспортната заедница.Конференцијата е организирана во соработка со Транспортната заедница, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Општина Охрид, Техничкиот факултет во Битола и CIVINET Slovenia-Croatia.

ОО | пред 9 месеци

ikona

СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА А4.1 – ЗГРАДИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ СО АПАРТМАНИ И СТУДИЈА НА КП 15/1 И ДРУ...

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека се организира ЈАВЕН УВИД на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А4.1 – згради за времено сместување со апартмани и студија на КП 15/1 и други, КО Рамне, општина Охрид,со тех.бр. 01/24 од март 2025, изработен од “Нју Вижен” доо Охридhttps://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%bf-18/?fbclid=IwY2xjawJ3FX1leHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFsYm1aNXgxWHQ0MlJDcEE4AR5jqYJBLWBONhUvFc188zHRaQQ607QIc-GRTMv3eBlmiquX8vh2fqSHCOj9xg_aem_rdHhwRJCCBEaY-CsjwRUbQ

ОО | пред 9 месеци

Нема фотографија

ВАУЧЕРИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ЗА МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

Општина Охрид во соработка со „Бисер Импорт“ доделува 575 ваучери за велосипеди за млади од Охрид до 29 години. Проектот го имплементира Младински Центар и Локален Младински Совет од Охрид.Апликантот мора да биде жител на Општина Охрид и да не биде постар од 29 години. Секој може да добие само еден ваучер, а за малолетни лица апликацијата ја пополнува родител/старател.Апликациите се разгледуваат по принципот прв дојден – прв услужен, сѐ до доделување на сите 575 ваучери.Ваучерите ќе се подигнуваат лично во Бисер Импорт на ул. „Егејска“ бр. 4, Охрид, со приложување документ за лична идентификација.https://ohrid.gov.mk/%d0%b2%d0%b0%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%81%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%b4%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%b4%d0%be-29-%d0%b3%d0%be%d0%b4/?fbclid=IwY2xjawJ3FXtleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFsYm1aNXgxWHQ0MlJDcEE4AR4nh5xNMGpAHqKg59AsDL8GsSsgssI9llkU0mn8pka1tE4ttEStryYSM-2DQA_aem_7KLr0eMZeBIjUYDMXlUTgQ 

ОО | пред 9 месеци

ikona-ohrid

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ПРИРОДНА НЕПОГОДА ОД СНЕЖНИ НАНОСИ И ГОЛОМРАЗИЦА КОЈА ЈА ЗАФАТИ ОПШТИНА ОХРИД НА 06.04.2025 ГОДИНА

Врз основа на член 143 и 145 од Законот за заштита и спасување („СЛ.Весник на РМ “ бр.36/04…..215/21 ), член 50 од Законот за локална саноуправа („Сл.Весник на РМ“ бр.5/020 и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.Гласник на општина Охрид“ бр. 8/07,01/08,10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), Градоначалникот на општина Охрид, објавува:ЈАВЕН ПОВИКЗа пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица која ја зафати општина Охрид на 06.04.2025 годинаОпштина Охрид ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица кои ја зафатија општина Охрид на 06.04.2025 година, да пријават штета на своите насади на Барања кои ќе им бидат достапни во просториите на архивата на општина Охрид.Покрај Барањето секој барател треба да достави:Копија од имотен листКопија од лична картаДоказ за користење на земјиштето за насадите ( Решение за запишување на земјоделското стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, Имотен лист, Договор за закуп на земјоделската површина – се доставува доколку земјиштето е под закуп)Трансакциска сметкаСо потпишување на Барањето се потпишува и изјава за веродостојност на податоците и изјава за согласност за користење на личните податоци. Доколку доставените документи не се целосни, барањето нема да се разгледува.Пријавувањето на штетите може да се изврши во период од 09.04.2025 год. до 17.04.2025.год., секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0/?fbclid=IwY2xjawJ3FU1leHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFsYm1aNXgxWHQ0MlJDcEE4AR4Mk3upqxxe_75XlvULCgK7k6pinkor1M7fWMcBmj0U9NtV5z1OgdMD5pbk6A_aem_dR0g-_iR7pCdnD24ZleggQ

ОО | пред 9 месеци

15022025_MICKOSKI-3

Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри.„Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се случат во Македонија. И откако ова ќе го заокружиме позитивно сакам да седнам со Стопанските комори и отворено да поразговараме дали ние имаме капацитет да сето ова го реализираме. Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација“, нагласи премиерот Мицкоски.„И сега ќе се обидам, нормално во интерес на преговорите и процесот да ги потенцирам вредностите и проектите, а многу скоро во следните не повеќе 2 месеца ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што. Но, целта моја лична и на Владата беше да се направи овој инвестициски бран, ќе се сложите ако нашиот БДП е условно кажано некои 16, 16, 5 милијарди проектиран номинален, ова претставува би рекол од 35 до 40 проценти од нашиот БДП. Помеѓу половина милијарда и една милијарда се средства кои што ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионални и експресни патишта. Дел од нив ќе бидат модернизирани односно реконструирани, дел ќе бидат изградени, затоа велам помеѓу половина милијарда и милијарда. Се преговараат условите итн. И тоа нема да биде нов долг, бидејќи ќе расте БДП, бидејќи во градежништвото парите три пати се вртат најмалку, и нема да биде нов долг, односно номинално ние може да го намалиме долгот“, додаде тој.„Вториот проект е конечна изградба на Клиничкиот центар Штип, болницата во Кичево, проект од 90-тите. Кога излеговме на терен со луѓето констатираа дека подобро на друга локација да го изградиме, отколку на таа, бидејќи темелењето е различно, сѐ е веќе различно. Значи поскапо е да се прави таму, да се реконструира постојниот кој е оставен 25 години да скапува, отколку нов. Реконструкција на Клиничката болница Тетово, операционите сали и два други оддели и пруга условно кажано би рекол брза која што ќе биде дел од коридорот 10 во која што возовите патнички одлучивме поради цената, иако сакавме да биде над 200 километри на час, но одлучивме поради цената да се движат по 160 споредбено со сегашните 30, 40, а карго 110. И овој бран ќе биде 2,3 и 2,5 милијарди евра инвестиција.Значи половина милијарда до милијарда локални, регионални и експресни патни правци, инвестиции во здравство Клинички центар во Штип, болница во Кичево и реконструкција на тетовска болница, брза пруга коридор 10 Табановце-Гевгелија. Ова е проект кој ќе натфрли помеѓу 3 до 3,5 милијарди евра“, посочи претседателот на Владата Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека по основ на овие проекти ќе се зголеми БДП, а ќе се намали јавниот долг.„По основ на овие проекти јавниот долг нема да оди нагоре, а БДП надоле. Напротив обратен процес ќе предизвика бидејќи ова се капитални инвестиции кои ќе ја покренат градежната оператива и три до четири пати ќе ги завртат парите. Тука по основ на овие проекти БДП ќе оди нагоре, а јавниот долг ќе оди надоле“, нагласи тој.„Бевме во Обединетите Арапски Емирати. Имав состаноци на високо ниво, се сретнав со претседателот на Емиратите. Се сретнав и со врвната бизнис заедница и врвните компании кои што функционираат надвор од Емиратите. Сите тие во мај или во јуни, треба да прецизираме, доаѓаат тука. Проектите за кои што разговараме се проекти на постоечки локации веќе изградени во Охрид, односно откуп од сопствениците, две нови локации, но поради ограничувањето од УНЕСКО, не можат да го видат својот полн капацитет, мораме да го пазиме тоа, Попова Шапка ски центарот, локацијата кај касарната за лендмаркс објект кој што ќе биде не само лендмаркс само за Скопје, туку би рекол регионот, Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти како што се нови соларни и ветерни централи се проекти за кои што веќе има follow up од нашата посета, и веќе се разменуваат со институциите од тука податоци. Очекувам од овој инвестициски бран помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

stojcevska-ljutkov

Вие бевте министерката која нѐ направи загубари, ѝ рече Љутков на Стојчевска откако го праша за платите во културата

Ексминистерката Бисера Костадиновска-Стојчевска го праша сегашниот министер за култура и туризам, Зоран Љутков, дали и сега мисли дека колективниот договор е незанкоски, но и дали поради негово отсуство од Македонија платите за вработените во културата не се исплатени на време. Тој рече дека бил во Македнија и дека не бегал.„Можеби вас ќе ви биде прв и последен пат што поставувате прашање, ама јас постојано ќе ве потсетувам за поморот кој го оставивте во културата. Никогаш не сум рекол, иако сум бил и член на СКРМ, дека овој колективен договор е незаконски. Секогаш сум кажувал дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Го потпишал министер кој поима немал што потпишува и не знаел дека ќе нѐ донесе до момент да земаме 90 отсто плати, 10 отсто програмски активности. А кога нема поддршка од Министерството за финансии, средствата треба сами да си ги обезбедиме“, рече Љутков.Тој рече дека претходно се крателе пари од програми, за да има за плати.„За првпат не скративме од програмските активности, а институциите продолжија да работат, првпат по потпишување на колективниот договор. И во 2025 година го предвидовме истото, по оваа пресметка, нема да се крати од програмите и ќе има плус од 40 отсто во некои институции. Кога некој ги решава проблемите, тоа не ви се допаѓа, оти по седум години првпат почнавме со реформи. Вие бевте министерката која нѐ направи загубари. Фелата не коментираше за ништо друго, вие од партиска говорница коментиравте. За поединците и неработниците нема да зборувам. Кога почнуваме да работиме за вас има проблем“, додаде Љутков и најави нов колективен договор.Реплицираше Костадиновска-Стојчевска.„Нема да одговарам на вашите навреди, ги слушнавте реакциите. И рековте на Сања дека 'дрндупка културата'. На ребаланс парите кои ги добивте за инспекторатот за македонски јазик не ги употребивте, џабе имате директорка. Лани ја имавте најголемата програма и ја завршивте годината, и со мојот буџет ја завршивте годината. Мило ми е што од вас слушнав, тој што го потпишал не знаел што потпишува, на штета е на културата и е недоречен. Зборувате за долгови, а кажете ми ги имавте на завршна сметка? Не. Од програма никогаш не се кратело во култура. Можете да споредите. Вие на сам почеток рековте дека културата треба да институционална, дека независната сцена треба да биде тргната настрана. Ако за вас најголема реформа е продажбата на културното наследство, жалам!“, рече таа.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Две криминални групи вршеле злоупотреби со туѓа нега и инвалидски пензии, по едно лице се трага

На 23.04.2025 Министерството за внатрешни работи во координација со надлежен јавен обвинител при ОЈО за ГОКК спроведе полициска акција, при што беа извршени претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар и од слобода се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогон. При извршените претреси пронајдени и одземени се 110.000 евра, 65.000 денари и 100 долари, повеќе мобилни телефонски апарати, нотеси со податоци на должници, како и разна медицинска документација и повеќе факсимил печати.„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 49 лица и тоа: С.М. (58) од Скопје (поранешна вработена во Универзитетската клиника за уво, нос и грло Скопје), Г.К.Б. (55) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје, член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа), П.М.Д. (73) од Скопје (лекар, член на Комисијата за оцена на работна способност во ФПИОСМ во период од 01.02.2023 до 30.06.2024), М.П. (53) од Скопје, Ч.Ј. (63) од Скопје, Г.Б. (54) од Скопје (вработен во ЈП Македонија пат), С.Л. (50) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за неврологија Скопје), К.Н. (69) од Велес (пензиониран лекар, во моментот вешто лице за Основен кривичен суд Велес), Ј.К. (47) од Скопје (сопственик и управител на правно лице од Скопје), В.К. (42) од Велес (адвокат), Б.Б. (44) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес, претседател на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес), Т.Ј. (50) од Велес (вработен во ЈЗУ Општа болница Велес), Б.Ј. (45) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), К.Х. (63) од Скопје (вработен во Универзитетска клиника за психијатрија Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади), Ј.Ј. (66) од Крива Паланка, В.С. (65) од Велес, Т.Д. (61) од Студеничани, Л.Ј. (62) од Скопје, Е.Т. (55) од Велес, Д.Д. (52) од Скопје (вработен во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово), В.Ј. (49) од Велес (лекар, овластено лице во ординација за општа медицина и специјалистички ординации во Велес), Ј.Д.Р. (33) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Б.К. (60) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Е.З. (41) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), М.Љ. (69) од Скопје, В.М. (60) од Скопје, Н.Р. (48) од Тетово, С.Р. (72) од Тетово, Ј.К. (34) од Скопје, В.С. (62) од Скопје, М.Ј. (54) од Скопје, Х.М. (50) од Скопје, В.А. (60) од Куманово, Г.А. (61) од Скопје, М.Г. (56) од Скопје, С.Д (59), М.Ј. (56) од Велес, Р.Љ. (73) од Гостивар, М.Ф. (58) од Гостивар, Н.Ф (65) од Гостивар, Ф.Љ. (54) од Гостивар, Ќ.Ј. (60) од Студеничани, Е.К. (52) од Скопје, Л.Р.(57) од Куманово, З.Б. (53) од Скопје, Г.З. (59) од Куманово, Д.А. (47) од Велес, Љ.Ц. (46) од Скопје и Д.Ѓ. (62) од Велес, за кои беа обезбедени докази за криминално коруптивно дејствување на две организирани криминални групи, двете формирани во текот на 2023 година, при што членови на организираните криминални групи со прекршување на Законот за социјална заштита, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Закон за здравствена заштита, како и други закони и подзаконски акти кои ги регулираат постапките за стекнување со право на помош и нега од друго лице и право на инвалидска пензија, во континуитет ги извршувале кривичните дела: „злоупотреба на службената положба и ги овластување“ по чл. 353 од КЗ, „помагање“ по член 24 во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ, „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ, „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ, „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7 вв став 2 од КЗ, „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а став 2 од КЗ, со кои за себе и за други лица противправно прибавуваат имотна корист и овозможуваат неосновано стекнување со социјално право на туѓа нега и право на инвалидска пензија, со кои противправни дејствија предизвикуваат штета на буџетот и фондовите на државата.Двете организирани криминални групи делувале на начин што од лица баратели на социјалното право помош и нега од друго лице - туѓа нега, барале и примале пари–поткуп, а за возврат извршувале противправни дејствија со директно или индиректно давање или нудење на парични награди поткуп на службени лица, а со кои дејствија на барателите им обезбедуваат исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега, како што се: постапките за остварување на право на туѓа нега ги пријавувале барателите кои давале поткупи кај матични доктори кои вршеле дејност во Велес како Стручната комисија за издавање на наод оцена и мислење при ЈЗУ „Општа болница Велес“, обезбедувале вршење медицински прегледи кај матичните доктори и издавање на медицински упати и други медицински документи на лицата кои давале поткуп без нивно присуство, обезбедувале клинички или болнички прегледи кај доктори и медицински лица без присуство на лицата и обезбедувале издавање на медицински документи за извршените прегледи, како и противправни дејствија на изготвување, обезбедување и употреба на медицинска документација во вид на медицински упати, отпусни писма, медицински извештаи, контроли и контролни прегледи, психолошки тестови, конзилијарни мислења, потврди за медицински помагала и друга медицинска документација, кои документи се со невистинита содржина, а врз основа на која документација, преку припадниците на криминалната група кои се членови во Комисиите кои одлучувале за остварување на право на туѓа нега, влијаеле и овозможувале успешно водење на постапките, како и донесување одлуки во корист на барателите на овие социјални права, односно донесување на одлуки за право на туѓа нега во корист на лицата кои давале поткуп на членовите од двете криминални групи“, велат од МВР.

Македонија | пред 9 месеци

snimk2.01_15_17_01.Still006

(Видео) Снимена кражба во манастир во Кривогаштани

Три часа по полноќ, на 23 април, бил ограбен манастриот Свети Успение на Пресвета Богородица во атарот на село Обршани, Oпштина Кривогаштани. За ова обзнани црковниот одбор на социјалните мрежи.Тие ја обијавија снимката на која се гледа како лице отвора фиока од биро, која ја зема и бега. На него носи качулка за да го пркирие ликот и ракавици за да не остави отпечатоци.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања