Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

1-1-1

Детали за вчерашните апсења, 49 лица давале и примале поткуп во замена за инвалидски пензии и туѓа нега со лажни дијагнози

По повеќемесечна предистражна постапка што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар.„Во акцијата од слобода се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогонот. Станува збор за основано сомнение за извршени низа кривични дела со кои е направена штета на државниот буџет. Постапувајќи по кривичната пријава, предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 49 лица“, велат од ОЈО-ГОКК и додаваат:Имено, во текот на 2023 година првоосомничената порано вработена на универзитетска клиника заедно со други двајца осомничени создале злосторничко здружение – група, која имала за цел вршење на кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Примање поткуп“, „Давање поткуп“, „Примање награда за противзаконито влијание“ и „Давање награда за противзаконито влијание“. Во меѓувреме припадници на групата станале уште деветмина осомничени од кои двајца како лекари специјалисти биле претседатели на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес, а останатите лекари специјалисти вработени во ЈЗУ Општа болница Велес, Универзитетска клиника за неврологија Скопје, ПЗУ – ординација за општа медицина и специјалистички ординации од Велес, адвокат од Велес и службено лице во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово.Заради стекнување со противправна имотна корист, криминалната група од лица баратели на социјалното право помош и нега од друго лице – туѓа нега, барала и примала парични средства – поткуп или награда за противзаконито влијание. За возврат организаторите и припадниците на криминалната група преземале противправни дејствија на директно или индиректно давање или нудење на парични награди, поткуп на службени лица, како и противправни дејствија на директно или индиректно примање на парични награди или поткуп со што на барателите им обезбедувале исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега. За остварување на право на туѓа нега тие ги пријавувале барателите што давале поткуп кај матични доктори кои вршат дејност во Велес со цел надлежна за постапување да биде Стручната комисија за издавање на наод оцена и мислење при ЈЗУ „Општа болница Велес“ чиј поранешен и актуелен претседател на комисијата се членови на групата. Така, членовите на групата без присуство на лицата кои давале поткуп обезбедувале фиктивни медицински прегледи кај матичните доктори, како и клинички или болнички прегледи кај лекари и медицински лица. Воедно осомничените со преземање на противправни дејства изготвувале, обезбедувале и употребувале медицинска документација во вид на медицински упати, отпусни писма, медицински извештаи, контроли и контролни прегледи, психолошки тестови, конзилијарни мислења, потврди за медицински помагала и друга медицинска документација со невистинита содржина. Со преземените дејства осомничените ги заобиколиле одредбите од Законот за социјална заштита каде се утврдени условите за добивање на парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење. Припадниците на криминалната група влијаеле и овозможувале успешно водење на постапките и донесување одлуки во корист на барателите надвор од нивното место на живеење, иако законски надлежна институција за водење на оваа постапка се Центрите за социјална работа според местото на живеење на барателот.Паралелно, во истиот временски период во текот на 2023 година вработена на Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади, заедно со првоосомничената и двајца други осомничени создале злосторничко здружување – група, која имала за цел вршење на истите кривични дела како и претходната група. Припадници на групата станале уште 12 осомничени од кои тројца се припадници и на првата група. Оваа група континуирано ги извршувала кривичните дела при што нејзините членови се стекнале со противправна имотна корист. Организаторите и припадниците со координирани дејствувања барале и примале парични средства – поткупи од лица баратели на право на инвалидска пензија користејќи идентичен modus operandi како и првата група. Со преземените дејствија осомничените членови на групата на барателите им обезбедувале исполнување на услови за успешно водење на постапките за стекнување со право на инвалидска пензија, врз основа на која припадниците на криминалната група-членови во Комисиите со искористување на своето реално влијание и службената положба овозможиле успешно водење на постапката за стекнување со право на инвалидска пензија, како и донесување одлуки во корист на барателите на право на инвалидска пензија кои дале поткуп.Според дејствијата содржани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка на останатите осомничени им се ставаат на товар кривичните дела и тоа: на три матични лекарки кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, 16 осомничени кои понудиле и дале поткуп заради обезбедување на медицинска документација со невистинита содржина се осомничени дека сториле кривично дело Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање поткуп, додека на девет осомничени кои се согласиле и дале парична награда на товар им се става кривичното дело – Давање награда за противзаконито влијание. Припадниците на групите освен за кривично дело Злосторничко здружување се осомничени и за други кривични дела и тоа: пет лица за кривично дело – Давање поткуп, кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, четири лица за кривично дело – Давање поткуп, кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, кривично дело – Примање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, три лица за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, кривично дело – Примање поткуп, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.Во текот на денешниот ден осомничените се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд. Обвинителството имајќи ги предвид кривичните дела сторени од секој осомничен поединечно како и висината на запретените казни и исполнетоста на околностите за определување на мерки за обезбедување за 12 осомничени предложи определување на мерка притвор, додека за три лива мерка куѓен притвор, за останатите лица се предложени мерки на претпазливост.

Македонија | пред 9 месеци

bedzeti

(Видео) Мицкоски смета дека Беџети сака да му покаже мускули, откако му рече: „Да не биде дека ќе влечете за уши, Албанците ќе излезат на плоштад“

Блерим Беџети од ДУИ и премиерот Христијан Мицкоски се судрија на собраниската говорница.„Да не бидете вие тој што ќе ги повлечете за уши, Албанците ќе излезат на плоштад Македнија, па не ќе мора да трчаш по нив. Човечки е за сите овие политички политички прашања, вие да побарате извинување за пристапот“, рече меѓудругото Беџити.На ова врати Мицкоски кој му рече на Беџети дека не го сфаќа.„Веројатно сакавте да покажете мускули, 'еве како му се обраќам на премиерот, видовте?', добро, супер, одлично, секоја чест, покажавте мускули. Немате друга тема, не знаете што да зборувате, па единствената тема ви е да ги злоупотребувате чувствата на Албанците“, одговори Мицкоски посочувајќи му дека подединакво мисли на сите.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vakcinacija-4

И Таравари има информации за нечесни доктори: Сите што грешат треба да одговараат

„Првин се случи една акција во Геријатрија, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и следниот ден го исклучивме од партијата. Сите што грешат треба да одговараат“, ова го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, на прашањето поврзано со вчерашното апсење на доктори поради незаконско овозможување на инвалидски пензии и пари за туѓа нега.„Ние не сме ниту полиција, ниту Јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето, меѓутоа ги поздравувам овие акции. И јас имам информации дека има такви доктори, не се сите, не сакам да генерализирам, но онаму каде што постојат сомнежи ги поддржувам со сета почит и стоиме како Министерство за здравство тука за да им помогнеме во сите вакви акции да се расчисти со криминалот и корупцијата“, рече министерот Таравари.Тој посочи дека има информации за злоупотреби од страна на вработени во здравствените установи, но, како што вели, не сака да генерализира и не се сите доктори такви.„Но, таму кај што постојат сомнежи ги поддржувам, со сета почит и стоиме како министерство за здравство, тука да помогнеме на сите вакви акции за да се исчисти криминалот и корупцијата“, рече Таравари.

Македонија | пред 9 месеци

kocevski-1

Мицкоски одговараше дали останува на ставот дека Коцески е недостоен да биде јавен обвинител

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, го праша министерот за правда Игор Филков, дали остануваат на ставот дена јавниот обивнител Љупчо Коцевски го нарушил угледот на Обвинителството, има незаконско постапување и корупција, нефикасност во кривичното гонење, повреда на принципот на самостојност кај јавните обвинители или го променила ставот и зошто. На ова одговори премиерот Христијан Мицкоски.„Истрагата за Кочани ја води јавен обвинител назначен на предлог на тогашната Влада, во која најголем чинител беше СДСМ со останатите коалициони партнери, на тогашниот заменик претседател на Владата кој доаѓаше од ДУИ, а како претставници на Владата се нивниот министер и заменик-министер. Значи ние живееме во врвот на демократијата, ретко виден на Балканот. Опозицијата си има свој обвинител, а денеска ја води истрагата. И се надевам ќе го охрабрите, за да не биде ПР стратегија и дефокус, за да се врати назад на случаите за кои јас зборувам“, рече Мицкоски.Трајчулески повторно од говорницата посочи дека тие бараат конкретен одговор на прашањата, а не коментар кој го предложил Коцевски.„Не е прашање Коцевски чиј е, туку дали ќе се озакони ова ветување од предизборната кампања“, рече Трајчулески

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-11.24.29

„Дехидрирајте од плукање, да ги оставиме семејствата“, рече Мицкоски прашан од пратеник дали се разводнува истрагата за Кочани, за да се штитат функционери

Никола Трајчулевски, пратеник од СДСМ на собраниска седница констатираше дека не постои чувство на морална одговорност кај Владата и дека тоа е поразително за една Влада. Потоа, посочи дека се води селективна истрага за да се заштитат сегашни носители на високи позиции во МВР, Пазарен инспекторат. Објасни дека според нив, истрагата е контаминирана и е обид да се задоволи јавноста за сметка да не се откријат директните виновници за пожарот во дискотеката. Трајчулевски постави прашање до премиерот Христијан Мицкоски дали разводнувањето на истрагата е за да се заштитат функционери.„Најмалку вие имате право да зборувате за морал, можеби немаме ни ние, ќе кажат граѓаните за неколку месеци, но најмалку имате вие. Мој совет, да ги оставиме семејствата. На мене да удират секој ден, дехидрирајте од плукање, нормално е тоа. Логично е, измислувајте.. граѓаните се тие кои кажуваат дали вашата вистина или онаа вистина која ние ја кажуваме. Да ги оставиме семејствата оти болката и тагата е огромна“, рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_6295

За еден ден казнети 865 возачи, 128 за неносење заштитен шлем

Вчера (23.04.) во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, а во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 865 платни налози.Според статистичката евиденција по однос на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање (213), потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената (117), како и прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола (110).Покрај ова, вчера беа изречени и 128 прекршочни платни налози за мотоциклисти по основ на неносење заштитен шлем, потоа во четири случаи казнети се алкохолизирани возачи, седумина возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле и петмина пешаци.Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 47 прекршочни казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење – 25. Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 33 нерегистрирано возило како и 10 технички неисправни возила.

Македонија | пред 9 месеци

0964BAC4-1A3C-40D7-9AAE-CF47671F6FE0_1_105_c

Русија: Го задржуваме правото да одговориме со нуклеарно оружје доколку Западот не нападне

Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија од западните земји, изјави денеска во интервју за државната новинска агенција ТАСС, високиот функционер за безбедност на Москва, Сергеј Шојгу.Шојгу ја даде оваа изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс предупредија дека Вашингтон може да се откаже од обидот да преговара за мировно решение во Украина, доколку наскоро нема напредок во договорот.Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамп ја смени американската политика кон тригодишната војна, вршејќи притисок врз Украина да се согласи на прекин на огнот, а истовремено да го намали притисокот врз Русија.Шојгу, кој беше министер за одбрана на Русија повеќе од една деценија до реконструкцијата на кабинетот минатата година, на чело на моќниот Совет за безбедност, ги наведе амандманите на нуклеарната доктрина на Москва, одобрени од претседателот Владимир Путин во ноември минатата година.Според новите услови, Русија би можела да размисли за нуклеарен напад како одговор на конвенционален напад врз Русија или нејзиниот сојузник Белорусија што „ќе создаде критична закана за нивниот суверенитет и (или) нивниот територијален интегритет.„...во случај странските земји да извршат непријателски дејствија што претставуваат закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Руската Федерација, нашата земја смета дека е легитимно да преземе симетрични и асиметрични мерки неопходни за да се потиснат таквите акции и да се спречи нивното повторување“, рече Шојгу.

Свет | пред 9 месеци

grom

Во удар на гром, загина маж во Прилеп

Вчера попладнето, загина лице по удар од гром во Прилеп. За ова извести Центарот за управување со кризи, кои го добиле повикот за помош. Сѐ се случувало во селото Мажучиште.„Од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка. Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите известиле до ЦУК дека лицето од село Мажучиште, Општина Прилеп било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт“, велат кусо од ЦУК.

Македонија | пред 9 месеци

f_35204369_1280

(Видео) Масовен руски напад врз Киев, загинаа луѓе: „Истрелаа 215 дронови и проектили“

Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко за Би-Би-Си изјави дека синоќешните напади врз Украина биле „навистина страшни“ и дека не верува дека мирот е блиску. Во овој напад на Киев, загинаа две лица, а 77 се повредени.Гончаренко во интервју за програмата „Тудеј“ нагласи дека Украина сака што поскоро да стави крај на војната, но нагласи дека има голем број непремостливи црвени линии. „Нема да ги признаеме окупираните територии како дел од Русија и бараме безбедносни гаранции во секој мировен договор“, рече Гончаренко.Говорејќи за потенцијалната улога на американскиот претседател Доналд Трамп во мировните напори, Гончаренко додаде:„Се надевам дека Трамп ќе разбере дека за постигнување мир не е доволно да се врши притисок само врз Украина, туку и врз Русија. $bp("TargetVideo_45479311", {"id":"26456","width":"647","height":"364","video":"2104539","autoplay":0,"shared":true});Во текот на ноќта Русија истрела вкупно 215 проектили и беспилотни летала кон Украина, соопшти утрово украинското воздухопловство преку соопштение.Нападот вклучуваше:11 балистички ракети55 крстосувачки ракети4 плански бомби145 дронови.Од нив, според украинската војска, биле соборени 48 проектили и 64 беспилотни летала, додека 68 беспилотни летала се „изгубени“, веројатно поради дејствијата на украинските системи за електронско војување кои успеале да ги дезориентираат или пренасочат.„Главната насока на нападот беше Киев“, соопшти украинската армија.Властите во главниот град претходно известија дека во нападот загинале најмалку девет лица.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-23-at-21.57.41

(Во живо) Мајка на загинатиот 14 годишен Алек: Мртвите не зборуваат, ние бараме правда а не паричен надоместок

Мртвите не зборуваат, вели во поткастот „Претрес со Ландов“, мајката на загинатиот 14 годишен Алек.Таа се плаши дека четири годишното талкање низ судските лавиринти и одложените 21 судско рочиште се со цел нејзиниот загинат син да биде прогласен за виновен.,,Нема да дозволам да ми го сквернават загинатиот син.Не се предавам. Се обидоа секого да поткупат, мене не можат.Не бараме никаква парична оштета. Сакам само оваа голгота да заврши да можам да си го изжалам детето”, вели Мирјана Радуловиќ.Алек возејќи со мопед од Марино кон Миладиновци бил пресретнат од возило управувано од 32 годишна жена.,, Таа е ладна, без емоции. Нејзин лекар не убедуваше дека нејзиниот социјален живот бил загрозен. А на социјалните мрежи се гледаат фотографии од Дубаи, потоа како играле оро прославувајќи 100 ти роденден на дедото”, вели мајката на загинатиот Алек.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-23-at-21.23.38

(Во живо) Родителите на загинатиот 14 годишен Алек 4 години залудно талкаат низ судските лавиринти барајќи правда

Алек Радуловиќ пред четири години го загуби животот во сообраќајна несреќа. Мајката на починатиот 14 годишен Алек, Мирјана Радуловиќ, во Претрес со Ландов рече дека точно пред 4 години го загуби синот возејќи мопед од Марино кон Миладиновци. 32 годишна жена му го препречила патот.„Таа до ден денес не ни се приближи ниту извини. Нашиот живот тогаш згасна. Прв пат ја видов на првото рочиште. Алек беше дете кое секоја мајка би го посакала за син” вели Мирјана Радуловиќ.Алек вели од мал имал пасија кон мопедите и сам си го заработи.„Алек немал возачка дозвола и тоа е прекршок, но животот го загубил во сообраќајка во која е сторено кривично дело. Четири години семејството талка низ судските лавиринти барајќи правда. По втор пат не уби системот. Јас до пред месец дена молчев чекајќи правда”, вели мајката на загинатото 14 годишно дете.

Македонија | пред 9 месеци

tamnel-23-april

(ВО ЖИВО) 🔴 Претрес: Четири години талкање по правда за синot; Судски вештак за најтешките сообраќајќи

Четири тешки години без синот, четири години низ судските лавиринти. Во Претрес ја слушате потресната приказна на Мирјана Радуловиќ која го загуби 14 годишниот син. Бара правда и одговорност.Како да се превенираат несреќите, кои се најтешките и нивните причинители - втор гостин е сообраќајниот инженер Дејан Трпевски.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Македонија | пред 9 месеци

toni-mihajlovski

Тони Михајловски: За пуста функција и преку трупови ќе газите, јаден министер, јадна култура - ќе играме престава заради публиката

Актерот Тони Михајловски, упати остри критики за состојбата во културата. Го спомена и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков за кој напиша „јаден он и јадна култура сосе туризам“. Реакцијата доаѓа откако откако вработените во културата останаа без плати за Велигден.„Смешни, и расипани, сте како Нушич да ве составувал. Кога ќе се поткачите една скала над другите веднаш почнувате да серете врз нив. За пуста функција и преку трупови ќе газите. Заборавате кои сте биле и сите што ве знаат ги бришете од “живи” за да “умре” со нив и вашата вистина. Ама не умира пустата туку о.ц “како шило врти врти и ќе излезе на другата страна” з.ц. Авторот на цитатот добро познат на “војводите”. А еве ја вистината“, напиша Тони Михајловски и додаде:„Ја умревте културата. Ја распнавте и заковавте клинци и ја оставивте да умре. Симболично или не баш пред Велигден. Знаете што следува, нели. Таа ќе “воскресне” и ќе ви покаже дека е поголема и побитна од сите вас во институциите оптан топтан. Се гледаме на “барикадите” пошто на сцена не заслужувате да се гледаме, а реално и слабо одите у театар. Вечерва имаме претстава. Онаа популарната. Онаа што “министерот” не ја гледал пошто била добра. Јаден он и јадна култура со се туризам. Најверојатно ќе играме за да не ја изневериме публиката која платила карти а ние сеуште немаме плата. И најверојатно заради среќните робови кои се најголеми непријатели на Слободата“.

Македонија | пред 9 месеци

vanja-gjorcevski-aleksandar-

Палевски му го злоупотребува името за да се одбрани, Александар реагира и за тезите дека било логично Зорица да биде убиена, вели Туфегџиќ

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, преку адвокатот Владимир Туфегџиќ реагираше до судот бидејќи смета дека обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо се обидува да го злоупотреби неговото име за да се брани себеси. Туфегџиќ вели дека реакцијата била оправдана, бидејќи Палевски изнел премногу тези и анализи, како за човек кој тврди дека не бил на местата на убиствата.„Александар преку мене како негов бранител денеска реагираше во текот на исказот на обвинетиот Палевски поради тоа што смета дека во неколку наврати, на неколку изминати судења, обвинетиот Палевски се обидува злонамерно да се спомнува неговото име во контекст на наводната одбрана. Александар со право реагира особено по изнесените анализи, наводи и тези од Палевски, зошто би ја убиле Вања кога логично било да ја убијат Зорица, премногу тези и анализи за човек кој за себе тврди дека во критичното време ниту учествувал ниту ги извршил убиствата“, вели Туфегџиќ.Тој посочува дека Ѓорчевски има изградено став и мислење за Палевски и обвинетите.„Александар од сето она што досега го видел и слушнал во судница има изградено свој став и мислење како за обвинетиот Палевски таа и за другите обвинети по однос на убиството на Вања, во судницата кажа дека ниту еден од обвинетите не изразил ниту жалење ниту каење туку само разочараност од нивниот т.н  ‘цар’. Факт е дека ниту еден од обвинетите кои не го негираа своето учество во убиствата, не се исправи пред таткото на Вања во судницата за да изрази каење, туку грчевито се обидуваат да го оправдаат своето учество во настаните на начин дека немале избор и биле под закани“, додаде Туфегџиќ.Рочиштето и натаму трае.

Македонија | пред 9 месеци

stevco-jakimovski-2510

Јакимовски очекувал да биде ослободен: Мислев ќе се почастиме денес, хајката се води долго време, ме измачија

По пресудата од три години и шест месеци затвор, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски смета дека целта е да го тргнат него од политичката сцена, па тврди дека е целосно чист. Тој беше гонет, дека легализирал времени објекти, што било противзаконски, бидејќи легализација била можна само на цврсти објекти.„Се прашувам кога мене ова како јавна личност, ми се случува ова, што ли се случува со кутрите луѓе низ судските лаверинти. Осуден сум зошто сум ја направил баракава и онаа другата, а во проектот стои изградба на монтажно-демонтажна барака, тие се времени објекти, а за времен објект имаме одлука на совет, а за времен објект не може да се гони кривично. Обвинителството се послужи со фалсификат кој го докажавме со вештачење. Обвинителката се држи како давеник на сламка дека тие во 1987 година се поставени како времени објекти, а оттогаш до 2013 година? Што се случувало? Го изгубиле статусот на времените објекти, не им се продолжиле дозволите ни на објектите ни на земјиштето под закуп. Овие објекти стануваат бесправни. Сите се видоизменувани, доградувани со многу квадрати. Ние не сме сами во оваа постапка, учествуваше и геометар. Сите овие објекти се означени како дивоизградени, а обвинителот тврди дека се времени објекти, а никаде нема во историјатот на Катастарот“, рече Јакимовски.Тој додаде: „Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе поднесеме жалба до Апелација, аргументите се 1000% на наша страна. А мислев денеска ќе се почастиме со колегите.. Тоа е едно здружение направено, за да нѐ тргнат ние што се разбираме, што имаме резултати, а пред локалните избори. И општина и држава да ни водат овие со купени дипломи, а оваа Влада не се срами“, рече Јакимовски, обвинувајќи дека бил вршен притисок и за да се изнудат изјави против него.Јакимовски вели дека едни му поднеле пријава, а други му донеле пресуда, додека тој се бори за државата и почитување на законите. Потоа, рече дека очекувал ослободителна пресуда.„Сто отсто аргументите се на твоја страна, не знам што се докажуваме шест и пол години. Навистина ме измачија, не знам што одиме по судови, на Божја правдина имаме пресуда од 3,6 години“, рече Јакимовски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-23-at-11.53.21

Палевски „впери прст“ во Манев за убиството на Жежовски, тврди дека сведокот лажел, а и дека снимките кои ги фатија со мотороли се само збир на инсерти

Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој се товари за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го „впери простот“ кон Велибор Манев, кој призна вина и раскажа негова верзија за грозоморните чинови. Истовремено, Палевски, го оспорува сведокот Ерол Османи, кој кажа дека обвинетиот бил кај него дома на 28 ноември (ден по убиството на Вања Ѓорчевска), а не како што тврди Палевски на 22 ноември, денот кога според Обвинителството е убиен Панче Жежовски. За Палевски и снимките од камерите направени во дворот на Манев се само збир на инсерти и не се од вечерта и денот кога е убиен Манев. Прашан дали го познавал Жежовски, рече дека не знаел ниту дека постои таков човек, ниту имал комуникација, а го осознал од судските списи за предметот.„Наивно е објаснувањето на Манев за Жежовски, површно и неточно. Помеѓу нив има повеќе од кавга за бекатон коцки, има кривична пријава која Жежовски за Манев, која е отфрлена во Велес. Во претставките кои Жежовски ги поднел до Советот на јавни обвинители, тврди дека Манев е под заштита на Обвинителството во Велес. Има поплаки и до МВР и СВР Велес, а таму е опишано што се случувало. Жежовски, 10 години се занимавал со Манев, имало омраза меѓу нив. И на местото на настанот каде се случило убиството, излегла обвинителката која ја отфрлила кривичната пријава против Манев“, рече Палевски.За снимките кои ги презентираше Обвинителството, на кои се гледаат Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, а кои според обвинителите се подготвувале за грабнувањето на Панче Жежовски, Палевски рече дека се само збир на инсерти со фалсификувано време: „И не е проблем што им требало осум месеци да го вештачат, туку самото однесување на ЈО за тоа што е јасно напишано дека е предадено на 5.9.2024 година, две недели пред почетокот на главната расправа. Очаен е обидот со исказ на обвинети да се потврди ова видео е неуспешен“.Го оспоруваше и исказот на сведокот Ерол Османи. Според Палевски, тој бил кај него да поправа котел на 22 ноември, а сведокот рече дека тоа не е точно. На рочиштето покажа и принтскринови од пораки кои ги размениле додека во тек бил поткаст, а во кои Палевски му велел дека ќе дојде кај него по поткастот кој во моментот го водел. Според Палевски, тоа се е лага.„На 28 ноември, невозможно е да бидам во Бутел кај Османи и да поправам котел. Поткастот почна во 10:11 минути и траеше до после 12 часот. Османи тврди дека во 11:42 сум му пратил порака дека ќе дојдам кај него во Бутел. Проблем е што тој не ја говори вистината. Тогаш добив порака од експратеникот Бошков дека мојот глас на поткастот слабо се слуша, а ќерка ми ја земав од пред Алкалоид во околу 13 часот. Физички е невозможно да бидам во Бутел и да поправам котел“, додаде Палевски.Во однос на тврдењата на Палевски, овој став го застапуваше и адвокатот Јовица Страшевски во „Претрес“. Еве точно за што станува збор:Рочиштето е во тек.

Македонија | пред 9 месеци

jakimovski-stevco

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот против Стевчо Јакимовски, кого го прогласи за виновен заедно со уште едно обвинето лице кое е поранешен вработен во Општина Карпош.„Двајцата обвинети ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и ги осуди на начин што: С.Ј. се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години 6 месеци, додека Т.Ѓ. му изрече алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 години затвор која нема да се изврши доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело“, велат од Кривичен суд.При денешната објава на пресудата судијата ја изрази својата загрижност што оваа постапка трае повеќе од 6 години, како и дека за истото нема разумно оправдување.„Откако постапката почна одново, поради промена на претседателот на советот, а како странките се согласија претходно изведените докази да бидат прочитани, за помалку од една година, овој предмет заврши во прв степен. Со оглед дека поради измените на Кривичниот законик во однос на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, застареа стотици предмети, а како Јавното обвинителство ја продолжи кривичната постапка против обвинетиот С.Ј, по наоѓање на овој суд не може да стане збор за продолжено кривично дело, бидејќи ниту временски, ниту пак според начинот и приликите на сторување може да стане збор за такво дело, па од тие причини судот донесе пресуда со која го одби обвинението од став I точка 1 и точка 2 од Усогласениот обвинителен акт, согласно член 402 став 1 точка 6 од Законот за кривична постапка, бидејќи кривичното гонење не може да се преземе поради застареност“, стои во образложението на пресудата.Судот го прогласи за виновен обвинетиот Јакимовски за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик за изградба на деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа, и за ова кривично дело му изрече казна затвор во траење од 1 – една година.„Предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената на објектот како и казнената политика на овој суд, судот ја изрече оваа казна. Имено според податоците, во овој суд досега се воделе 17 предмети за истото дело, од кои 8 се завршени со условни санкции, а само во два предмети се изречени затворски казни. Согласно член 244-а став 6 од Кривичниот законик, изградената недвижност деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа која се наоѓа на КП.бр.612 за КО Карпош, на ул.„Радика“ бр.9, Барака 1 и 2, се одзема во корист на Република С. Македонија. Судот го осуди обвинетиот С. Ј и за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в.со член 45 од Кривичниот законик, на казна затвор во траење од 3 – три години. Со оглед дека на обвинетиот С.Ј му се суди истовремено за две кривични дела, судот откако претходно ги утврди казните за секое дело одделно, па за двете дела му изрече единствена казна во траење од 3 години и 6 месеци. Во изречената казна затвор на обвинетиот му се засметува и времето поминато во куќен притвор“, се додава во соопштението на Кривичен суд.Судот го осуди и обвинетиот Т.Ѓ, претходно вработен во Општина Карпош, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в. со член 45 од Кривичниот законик, и му изрече алтернативна мерка условна осуда, така што на овинетиот му утврди казна затвор во траење од 2 – две години и истовремено определи дека истата нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 – пет години од правосилноста на стори ново кривично дело.Јакимовски беше обвинет за новата административна општинска зграда која без одобрение била изградена, а отпосле била барана легализација иако објектот е граден по крајниот рок на градба од 2011 година.„Првообвинетиот како градоначалник, во име и за сметка на правното лице – општината, во својство на инвеститор спротивно на чл.56 и 57 ст.2 и чл.63 од Законот за градење, без Одобрение за градење, изградил деловен административен објект на локалната самоуправа со што сторил кривично дело Бесправно градење. За објектот во 2016 година поднел Барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење“, стои во обвинителниот акт.Јакимовски според обвинението како градоначалник ја злоупотребил својата положба и при легализација на други бесправно изградени објекти, како и при продажба на државно земјиште во рамките на општина Карпош за пониска цена од пазарната. Обвинителството тврдеше дека со тие кривични дела, во кои првообвинет е Јакимовски, направена е штета на буџетот на општина Карпош од над 14,6 милиони денари (околу 238 илјади евра) и штета на државниот буџет во висина од над 31 милиони денари (околу половина милион евра).Пресудата не е правосилна, а Јакимовски има право на жалба до Апелација. Тој уште на стартот на судењата, кажа дека нема никаква вина.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Инспектори, обвинители, административци немаат сѐ уште земено плата, а се исплаќаат и пониски од договорите па можат и да тужат

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Тендафилов, рече дека во повеќе јавни институции немаат земено плата. Ги повика сите да излезат на маршот на 1-мај. Им рече да не попуштаат на притисоците за зачленување во други синдикати.„Моите податоци се дека и во Министерството за економија, како и во Пазарната инспекција немаат добиено плата. Вработените во Јавното обвинителство немаат добиено плата. Вработените во Водостопанство се уште ја немаат добиено платата. И други низа институции кои во јавниот сектор има што немаат добиено плата. Добив информација дека и вработените во Државниот инспекторат за труд немаат добиено плата, а треба тие да спречат неисплаќањето на плати во приватниот и јавен сектор. Тоа е голем број на работници кои ја немаат добиено платата и по празниците, беа оставени и за време на најголемите христијански празници без средства“, рече Трендафилов.Тој посочи дека овие вработени не само што немаат добиено плата, туку и да се приклучат на други синдикати и да не излезат на собирот на 1-мај.„За жал на голем дел од вработените во јавниот сектор немаат добиено поголема плата за 12 проценти, туку зголемување за околу 1800 денари“, рече Трендафилов и порача да тужат.Според него, се прави крах на државниот систем оти се чекаат тужби од вработени и адвокатски канцеларии, на кои ќе треба да им се исплатат адвокатски трошоци.„Адвокатите ќе земат 10 пати повеќе од тоа што е платата на работниците. Ваква состојба имавме во МВР во 2010 година, кога менаџментот трчаше низ полициските станици за да не тужат. Најчесто тужат тие што први се пензионираат и оставаат таква пракса. Тоа што слушаме сега, е дека се прави притисок врз судството за да се отфрлаат тужбите за неисплаќање на плати согласно колективните договори“, додаде Трендафилов.Порака дека платите треба да одат кај работниците, а не да се богатат други како адвокатските канцеларии.

Македонија | пред 9 месеци

Startup_F

Македонски стартап тимови на српскиот „Универзум” - Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“

Универзумот продолжува да се шири! Компанијата Mozzart – Србија официјално го започна четвртиот последователен циклус на програмата за поддршка на стартап заедницата – Универзум, а пријавувањето е отворено до 11 мај на следниот линк.Програмата е наменета за тимови чии производи се во завршна фаза на подготовка за излез на пазарот, но им недостига поддршка за првите чекори кон пазарот.Стартапот што ќе победи ќе добие вредна парична награда од 20.000 евра, додека второ- и треторангираните тимови ќе добијат по 5.000 евра.Оваа година освен во Србија, Универзум се шири и во регионот, па вратите на стартап заедницата на Mozzart се отворени и за тимови од Хрватска, Република Српска, Федерацијата БиХ, Црна Гора и Македонија.Избраните стартапи за време на програмата ќе имаат пристап до:• Специјализирани и прилагодени едукации• Работа со посветени ментори• Бесплатно користење на coworking простор• Разни активности и настани за поврзување со алумни членови, експерти и дел од стартап екосистемот.Универзум ќе ги води тимовите низ процесот до лансирање на производот, собирање повратни информации од пазарот и стекнување на првите корисници. Средината на октомври е резервирана за Demo Day, каде што тимовите ќе ги претстават своите идеи пред стручно жири.Досега, преку Универзум поминале 23 тима, кои продолжуваат да ги развиваат своите иновативни решенија. Од „Tinder за вработување“ во ИТ индустријата и платформи за соларна енергија, до решенија за оптимизација на веб-страници, дигитализација на градинки, инвестиции во земјоделство, online купување, поврзување брендови со инфлуенсери и гејминг платформи – бројни иновативни идеи оживеале во рамки на Универзум.Проектот се реализира со поддршка и покровителство на Министерството за наука, технолошки развој и иновации на Република Србија, во рамките на Програмата за промоција и популаризација на иновациската дејност. Ова е втора година по ред како Министерството го поддржува Универзум, што потврдува колку е значаен и кредибилен овој програм на национално ниво. Во соработка со ICT Hub, веќе трета година по ред Универзум се потврдува како единствен и релевантен програм за стартапи во оваа фаза на развој.(ПР)

Магазин | пред 9 месеци

puls-35-1

Пет повредени од „Пулс“ се враќаат од Србија, во странство се 38 пациенти

Пет пациенти од повредените во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти„Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“. Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, со што во странските медицински центри остануваат на лекување 38 пациенти.Во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“ се хоспитализирани вкупно 4 пациенти, на Клиниката за пластична хирургија еден пациент, а во приватната болница Систина двајца пациенти.Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Македонија | пред 9 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Скопјанец ја демнел поранешната сопруга, доби обвинение оти и се јавувал, ја следел, и се заканувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа. Постојано и се јавувал на телефон, и праќал пораки, се движел околу зградата каде живеела оштетената и ја следел до работното место. Во телефонските повици и пораките се заканувал и ја навредувал, психички ја вознемирувал и ја застрашувал, предизвикувајќи кај оштетената чувство на несигурност, загрозување и страв за личната безбедност“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 9 месеци

456

Две лица запалиле депонија во Демир Хисар, полицијата ги уапси

На 22.04.2025 во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.„Тие се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-7410PM

Се апсат доктори и други лица за давање лажни дијагнози со цел исплаќање на инвалидски пензии и туѓа нега

Доктори, членови на Комисијата во ПИОМ, здравствени ординации и клиники се мета на претреси од страна на МВР, откако бил отворен предмет за незаконско исплаќање на туѓа нега и инвалидски пензии, врз база на лажни документи. Според сознанијата, а засега непотврдени од институциите, лицата учествувале во незаконски дејствија, преку лажни дијагнози, пациенти да добиваат пари. Поради ова, се прават претреси на повеќе од десет локации, како во Скопје, така и во два други градови.„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Неофицијално, осомничени се над 30 лица, меѓу кои има и доктори од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од лицата се приведени.

Македонија | пред 9 месеци

492571873_681983154765497_8903116377673413398_n

(Фото) Откако жителите најавија радикализација, Град Скопје започна да ја реконструира улицата во Волково

По острите реакции на жителите, Град Скопје под раководство на Данела Арсвоска започна со реконструкција на улицата која води до Волково. Ова доаѓа откако таа седеше раскопана и со дупки повеќе од половина година, а по поставување на атмосферска каначизација. Сега, поставена е табла на која стои дека изведувач на работите е Јавното претпријатие „Улици и патишта“.Стартот на реконструкцијата доаѓа по само еден ден откако жителите реагираа јавно и кажаа дека ќе се радикализираат ако не се започне со санација на улицата, која поврзува најмалку четири населени места.

Скопје | пред 9 месеци

volkovo

Жителите на скопско Волково бара итно санирање на раскопаната улица: Ако не го решите ова, следуваат радикални мерки

Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста и надлежните институции за катастрофалната состојба на главната улица во населбата, која веќе подолг временски период претставува извор на секојдневни проблеми, материјални штети и небезбедност.„Иницијативата бара итно асфалтирање на улицата и директно ги повикува Општина Ѓорче Петров, Градот Скопје, Министерството за надворешни работи, пратениците во Собранието, како и советниците во Градот и Општината, веднаш да преземат конкретни мерки. Улицата беше раскопана пред повеќе од 9 месеци, но сè уште не е асфалтирана – со што граѓаните со право прашуваат: зошто се брзаше со раскопување, доколку не беа обезбедени услови за нејзино целосно завршување? Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе се уништува секое парче земја,“ порачуваат жителите на Волково.Поради неодговорноста на политичките чинители, Волково – некогаш една од најперспективните населби – денес се соочува со урбан хаос, запоставеност и животни услови кои стануваат сè потешки. Последиците ги чувствуваат не само жителите, туку и околните туристички места кои се погодени од несоодветната инфраструктура. Доколку проблемот не се реши, иницијативата најавува радикални мерки: протести, граѓанска непослушност, како и покренување постапки за кривична одговорност против сите кои свесно го игнорираат овој проблем. Бараме итна и одговорна реакција. Решете го проблемот – сега!“, велат од иницијативата која се обрати до медиумите.

Скопје | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања