Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Живеете во свет на корупција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече?“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Дали станува збор за внатрепартиски договор, некаква транзиција или лична амбиција на Османи? Или можеби тој сега е само портпарол на партијата? Како и да е, треба да знае – а и сигурно знае – дека единствениот свет во кој треба да завршат корумпираните функционери на ДУИ е светот на правдата.

Како во најмрачните времиња на српските кланови, денешната структура на Бујар Османи, прави се’ за да им нанесе штета на институциите, само за да не се обелодени нивното мрачно 20годишно досие. Дури и начинот на комуникација на ДУИ е сличен на озогласените „сурчински“ или „земунски“ кланови: со навреди и со закани, но всушност без никаква моќ да го сменат текот на правдата.

Османи, поразениот министер кој беше симбол на молчењето пред сите скандали на ДУИ, денес повторно се обидува да влезе во политичката арена преку лажен патриотизам и заплашување на граѓаните.

Наместо да одговори зошто за време на неговиот мандат се молчеше пред уцените од Бугарија, зошто се деградираше позицијата на државата на меѓународен план, и зошто ДУИ 20 години ја користеше власта исклучиво за лични и партиски цели, Османи се обидува да создаде нова поделба и тензија.

Владата нема потреба да бара ничија дозвола за да ја води надворешната политика на Македонија. Тоа е уставна обврска и право, добиено директно од народот. Македонија е демократска држава, а не приватна територија на ДУИ која треба да се раскрчми - како во минатото.

— реклама —

Доста е од политичари кои ја сведуваат државата на етничка апанажа.

Сите сме еднакви граѓани на оваа држава.

Доста е од лаги за „српски светови“, „големи Албании“ и други лаги со кои Османи и ДУИ ја одржуваа својата моќ.

— реклама —

Ако Османи навистина сака да зборува за „прашање до Албанците“, нека им одговори на граѓаните:

• Кој му го даде правото да го потпише Францускиот предлог без консензус?

• Кој му го даде правото да молчи за криминалот во ДУИ?

— реклама —

• Кој му го даде правото да ги дели Албанците на „вистински“ и „предавници“ според тоа дали го поддржуваат ДУИ?

Секој што се чувствува Албанец, Македонец, Турчин, Србин, Влав, Бошњак или Ром има исти права и одговорности. Меѓутоа, никој нема право да ја приватизира надворешната политика, да ја дели државата и да ги лаже граѓаните.

Тие што мислеа дека се вечни, нека се помират со реалноста: времето на ДУИ конечно заврши.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Bujar_Osmani_VP

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи по враќањето на старите имиња во Тетово: „црн ден за Албанците“

Македонија | пред 3 седмици

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Османи: Законот за правична застапеност ќе биде еден од најцрните денови за меѓуетничките односи

Коментари | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Бујар Османи бара итно разјаснување за наводите дека Стоилковиќ е поврзан со српските служби

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања