Дали криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело за кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Zaev-Filipce

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Во слободното време, кога не ги распродаваше националните и државни интереси, Заев тераше разработени криминални и рекет шеми.

Потрагично од криминалот на Заев е што неговиот наследник во СДС, Венко Филипче се воодушевува од него, вели дека нема друг како него и смета дека народот треба да учи од него и од неговото работење.

— реклама —

Една од криминалните афери на претходникот на Филипче, Зоран Заев, беше криминалната аферата Глобал, тешка осум милиони евра.

Заев требаше да заврши зад решетки затоа што жив беше фатен во криминал од 8 милиони евра, но од затвор се спаси затоа што беше амнестиран од Бранко Црвенковски.

Кога Филипче се воодушевува од Заев и вели дека народот треба да учи од него, дали мисли и на ова, како да се направи криминал тежок осум милиони евра и за тоа да не се одговара?

Венко Филипче треба да каже дали се воодушевува на криминалот на Заев, кој му донесе милиони евра, а благодарение на СДС остана неказнет.

Дали Филипче е воодушевен и од тоа и дали и на тоа мислеше кога го фалеше Заев? Или, пак, тој криминал и неказнивост можеби ќе го осуди?

Но, како вика народот, во секое зло, добро. Па така, во се ова, добро е што Венко Филипче призна и кажа се. Сега народот нема простор за двоумење и знае што Венко Филипче сака. Тој сака да ги следи криминалните стапки на Зоран Заев, кој е и негов водич и учител.

Со ова признание, Филипче уште еднаш се покажа СДС беше и останува симбол на криминал, корупција и предавства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања