Скопје1.мк

Нема фотографија

Утре без вода населбите Жданец, Трнодол и Нерези

Утре поради изведување на водоводен приклучок од ф100мм на ул.Теодосиј Синаитски 29 ( Жданец ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Висока Зона на населбите Жданец, Трнодол и Нерези од 09:00 часот до завршување.

Скопје | пред 7 години

sobranie-206-

Хелсиншки: Притворените за 27 април со денови биле оставени без храна и вода

Повреди на постапката и на правата на обвинетите констатира Хелсиншкиот комитет во судењето за упадот во Собранието од 27 април. Како што стои во октомврискиот месечен извештај за човековите права на Хелсиншки комитет, е забележан нехумен третман кон притворените лица во овој предмет. Во првите неколку дена од судењето, велат од Хелсиншки, тие целосно биле оставени без храна и без вода.-По соодветните реакции на набљудувачите од граѓанските организации и бранителите на обвинетите во притвор, судот реагираше и на притворените им беше овозможена храна и вода. Следното прекршување кое беше нотирано се однесуваше на должината на траење на едно судско рочиште, имено имаше рочишта кои траеја и повеќе од 12 часа. Последното нотирано прекршување на основните начела на постапката беше повредата на начелото на јавност на постапката, кога, и покрај тоа што загрозениот сведок беше заштитен сведок и се испитуваше според одредбите за распит – членови 228, 229, 230 и 338 од ЗКП, судот на барање на Основното јавно обвинителство ја исклучи јавноста од рочиштата кои беа закажани за 16 и 17 октомври на кои се испитуваше заштитениот сведок- велат од Хелсиншки.Во октомврискиот месечен извештај за човековите права во Република Македонија нотирани се и дискриминација врз основа на физичка попреченост во пристап до работно место, како и случај на употреба на прекумерна сила и непрофесионално постапување на полициските службеници.Во извештајот се констатира дека жртвите на семејно и родово базирано насилство се обесхрабруваат од неефикасните механизми за заштита. Во однос на состојбата со работничките права, покрај случаи на мобинг и прекршени одредби од ЗРО, се наведува и случај на пријава за прекршени права со позитивен епилог.

Македонија | пред 7 години

Asaf-Ademi-1

Адеми: Јас не сум Супермен

Деветте комисии кои ќе одлучуваат за финансирање на националните проекти од културата по дејности, задутре ќе почнат да работат. За да не се повторат неправилностите и судирот на интереси при изборот на проекти од минатата година, што  предизвика реакции и резултураше со повлекување на некои проекти, Министерството за култура назначи нови членови во речиси сите комисии и ги соопшти имињата на нивните претседатели. За да нема основани жалби, министрот Асаф Адеми ќе има и директен телефонски број на кој апликантите и секој заинтересиран ќе може да му се јави со сугестија или да укаже на некоја неправилност, пишува ФОКУС.Комисијата за издавачка дејност ќе ја предводи Бертон Сулејмани, за фолклор, музичка и сценска уметност – Плеурат Гаши, за драмска дејност – Петар Арсовски, за интердисциплинарни дејности – Суат Камбери, Трајче Блажевски е претседател на комисијата за визуелна уметност, за недвижно културно наследство – Анета Серафимова, за музејска дејност и нематеријално културно наследство – Мила Шурбановска, за библиотечна дејност – Вилдане Идризи и за инвестиции – Џеладин Локмани.Министерот Адеми на средба со новинарите денеска рече дека очекува добра соработка со претседателите и членовите на комисиите, верува во нивната стручност и дека ќе бидат чесни и ќе постапуваат по закон во одлучувањето кое, како што рече, ќе биде целосно транспарентно.– Јас се потпирам на предлозите што ќе ги добијам од комисиите. Јас не сум Супермен што може да разгледа пет илјади апликации. Затоа имаме девет комисии, некои  се тричлени, а некои каде што има поголем број апликации имаат пет члена. Уверен сум дека сите членови се професионалци и работата ќе ја завршат чесно и успешно. Очекувам на 28 јануари да имам предлози за добри проекти, за кои нема јас да мора да одлучам кои проекти ќе бидат финансиски поддржани од Министерството за култура во 2019 година, истакна Адеми. Соопшти дека новина ќе биде неговата достапност на посебен телефонски број на кој ќе може да му се обратат апликантите и сите заинтересирани кои сметаат дека имаат корисни сугестии.Сите што ќе почувствуваат дека некој ги злоупотребува, ќе може да ми пишат мене директно. Бројот ќе биде специјално само за овој случај и наскоро ќе биде објавен за  и да можат да ме контактираат, рече Адеми.Крајниот рок за објавување на предлозите што ќе добијат поддршка е 45 дена по донесувањето на Буџетот на РМ за 2019. Комисиите, рече, ќе работат од 21 ноември до 10 јануари, а  од 11 јануари до 27 јануари да му достават предлог-решенија. Тие ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството. Заедно со името на проектот ќе биде објавено името на неговиот носител, финансиите што ги побарува апликантот и  сумата со која Министерството одлучило да го поддржи.Буџетот предвиден во секторот култура за 2019. Министерството за култура ќе го соопшти идната недела.

Македонија | пред 7 години

kristijan-stefanovski111

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3:50 часот му ја запалиле колата на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која ги организираше концертите на Анстасија, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Марија Шерифовиќ и други.Кристијан за „Репортер“ потврди дека колата со бугарски таблички од марката „Бе-ем-ве“ во задниот дел е скоро целосно изгорена, и рече дека веднаш пријавил во полиција.„Ме разбуди силен звук на пукање, слушав како се топеше и пуцкаше пластиката од колата. Потоа дојде и сосетката да ми каже дека колата гори. Возилото е запалено со бензин, но тој не знам кој и зошто го направил тоа. Не се сомневам во никого, никој претходно не ми се заканувал“, изјави Кристијан.Тој верува дека палењето на колата е поврзано со неговата работа и се надева дека полицијата ќе ги најде виновниците.„Во близина на мојот дом има поставено камери, можеби преку нив ќе откријат кој ја полеа колата со бензин и ја запали. Јас не се плашам, но ова го потресе моето семејство“, додаде Кристијан.Запалена колата на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на повеќето концерти кај нас.

Скопје | пред 7 години

soobrakajka-1

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во три од вкупно 43 сообраќајки што се случиле во текот на изминатите три дена во Скопје. Во 22 сообраќајки со полесни повреди се здобило 41 лице, а во 18 била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и двајца возачи за неправилно престројување.Од сообраќај биле исклучени вкупно 63 возачи, од кои 31 возач кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 26 пред да се стекнат со право на управување и шест возачи почетници, како и две технички неисправни возила и 24 нерегистрирани возила.Затекнати биле 182 возила непрописно паркирани.Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 110 возила.Денеска Одделението за превенција заедно со членовите на УСЕ од ООУ „Димитар Миладинов“ ќе преземат превентивни мерки од областа на сообраќајот пред, односно непосредна близина на истоименото училиште.

Скопје | пред 7 години

44094681_467523503745856_1839960828510470144_n

„Пасат“ и „Мерцедес“ се судриле кај Крива Паланка, скопјанец тешко повреден

Вчера околу 14 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во село Псача, на место викано „Бунар“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од П.Н. (48) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.А. (46) од Република Албанија.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Н., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полицската станица Крива Паланка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

( ВИДЕО ) Тони плашици угинуваат низ каналот Студенчишта во Охрид

Од утрово тони плашици угинуваат во каналот Студенчишта во Охрид како последица на нискиот водостој на Охридско Езеро.Неподнослива реа се шири низ воздухот околу каналот.Експертите повеќе денови предупредуваа дека ќе се случи оваа еколошка катастрофа, но ЕЛЕМ не го намали испустот на вода од Охридско Езеро, а нивото остана на ниско ниво и дојде до ова масовно угинување на рибата.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2-1

Ќе им се одзема и личната карта на обвинетите?

По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски само со лична карта, власта ќе бара начин на обвинетите, освен пасошот да им биде одземен и овој документ, како мерка за обезбедување. Премиерот Зоран Заев вели дека правниот систем работи и бара начин како да се реши ова прашање, со оглед на тоа што личната карта е единствен документ за идентификација на обвинетите кои се слободни, односно кои не се во притвор, пишува Независен весник.„Судот не може повеќе да одзема само пасош, мора да одзема и лична карта поради тоа што имаме соседни земји каде што патуваме само со лична карта. Одземањето на пасошот, заради неможност да се премине граница, не е доволно. Но треба да се промени законот и таму да пишува дека не само патна исправа, туку да се одземе и лична карта. Правниот систем работи и бара начин“, вели Заев.Правните власти очигледно не предвиделе или не сакале да предвидат дека осомничените на кои им е одземен само пасошот можат да избегаат од Македонија само со лична карта, со оглед на меѓународните договори кои ги потпиша земјава во време на ВМРО-ДПМНЕ со соседните земји, како Србија, Црна Гора, Албанија, Косово.Груевски избега со лична карта и според неофицијалните информации овој документ не го искористил на македонско-албанската граница каде што поминал илегално, но личната карта најверојатно ја искористил при влезот во Црна Гора и Србија. Поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски, на кои исто така им беа одземени личните карти, сепак избегаа со лажни пасоши, но и двата случаи ја покажаа нефункционалноста на институциите.Судијката Добрила Кацарска, која му одреди две години затвор на поранешниот премиер, вели дека во случајот со Груевски таа не можела да му одреди притвор.„Обвинителот во случајот ‘Тенк’, во кој беше осуден Груевски, не побара притвор за него. Јас не можам да одредам притвор доколку обвинителството не го побара тоа. За Ѓоко Поповски беше побаран притвор за случајот ‘Триста’ и му беше определен. Тој уште пред правосилноста на пресудата за случајот ‘Тенк’ почна со издржувањето на затворската казна на свое барање во затворот во ‘Идризово’“, вели Кацарска.Еден од најмоќните луѓе во земјава, поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, засега останува само без пасош и има обврска да се јавува во суд. Премиерот не сакаше да ја коментира оваа одлука со образложение дека Специјалното јавно обвинителство и судовите се независни институции и не знае зошто одлучиле да има вакви мерки за него, односно да не му биде одреден притвор.„Можеби некој е соработник на правдата, зборувам за сите обвинети, некоректно е јас да кажувам и да се мешам, ниту знам ниту сакам да знам“, вели Заев.Поранешните функционери Груевски и Мијалков, кои сега актуелната власт ги обвинува како главни креатори на криминалот и корупцијата во Македонија, засега не завршија во затвор. Заев вели Груевски ќе биде вратен, а Мијалков засега е слободен граѓанин.Во затвор заврши поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој ѝ стана познат во јавноста кога беа обвинети и поранешните функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои се во притвор во Шутка. Таму е и најбогатиот Македонец, Орце Камчев, кој е осуден во случајот „Империја“.

Македонија | пред 7 години

zemjotres-1

Земјотрес во Грција, почувствуван во Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 5 часот и 47 минути регистрирше земјотрес со епицентар во Грција, 180 километри југоисточно од Скопјe.Рихтеровата магнитуда на земјотресот е 4,2, а бил почувствуван од населението во јужните делови од Македонија, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 7 години

tek

Претседателите на Русија и на Турција ќе присуствуваат на церемонија во врска со Турски тек

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе допатува во Турција за да учествува на церемонија по повод завршувањето на проектот за поставување на гасоводот Турски тек по морски пат, јави агенцијата Анадолија.На церемонијата ќе учествува и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.Гасоводот Турски тек ќе го транспортира рускиот гас во Турција, а од Турција во Европа. Турски тек се состои од две линии, од кои секоја одделно има годишен капацитет на транспорт на гас од 15,75 милијарди кубни метри, потсетува Анадолија.Се проценува дека втората линија на проектот би требало да испорачува гас преку Грција кон Италија или преку Бугарија кон Србија. Се планира идната година да започнaт работите на копнениот дел на втората линија.Рускиот министер за енергетика, Александар Новак, претходно имаше изјавено дека на 1 октомври 2020 година, можно е започнување на проектот за испорака на 31,5 милијарди кубни метри гас низ двете линии на гасоводот.

Свет | пред 7 години

migranti

Спасени 40 мигранти заглавени во обид да стигнат до Грција

Турската крајбрежна стража спасила 40 мигранти кои со пловило заглавиле кај брегот на турски западен остров, во обид да влезат на грчка територија.Турската крајбрежна стража испратила два хеликоптери и брод по повикот за помош што го упатиле мигрантите, пренесе новинската агенција „АП“.Националноста на мигрантите не е јавно соопштена.Турската крајбрежна стража годинава пресретна повеќе од 23.500 лица кои се обиделе да заминат за Грција, преку Турција.

Свет | пред 7 години

bugarija-1

Протести ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини

Ширум Бугарија продолжија протестите против превисоките цени на горивото, зголемените трошоци за живот, сиромаштијата и корупцијата.На плоштадот во центарот на Софија се собраа повеќе илјади луѓе. Демонстрантите извикуваа „оставки“ и „референдум“, носеа бугарски знамиња и транспаренти на кои пишува „Народот против партиите“ и „Мораме да ги спречиме демографскиот колапс и геноцид во Бугарија“.Организатор на протестите е граѓанскиот форум „Промена“ под мотото „Да го промениме системот“.Во Софија пристигнаа и луѓе од западниот дел на земјата, кои се пожалија дека полицијата им го попречила патот до главниот град.Собири се одржаа во уште 18 бугарски градови, а демонстрантите блокираа одделни патишта и гранични премини.Медиумите објавија дека се блокирани премините со Турција, Романија и Србија, па поради тоа биле создадени километарски колони од возила.

Свет | пред 7 години

srbi

Српски медиуми: Вучиќ добил непристојна понуда од Брисел и ја отфрлил

Српските медиуми утрово пишуваат дека Брисел му упатил на српскиот претседател, Александар Вучиќ, по пат на дипломатски канали непристојна понуда, односно уцена – продолжување на дијалогот со Приштина, во замена за нови поглавја за членството на Србија во ЕУ. Белград категорично го отфрлил предлогот.„Скандалозно барање, проследено преку дипломатски канали, во кое за возврат на Србија и се нуди ЕУ да отвори три преговарачки поглавја“, наведува извор за „Телеграф“.„Новости“ пишуваат дека Белград нема да ги прифати уцените, макар цената да биде замрзнување на процесот за евроинтеграциите на подолго време.Министерката задолжена за ЕУ, Јадранка Јокимовиќ за „Новости“ вели дека Србија во однос на спроведените активности во областа на владеењето на правото, во поглавјата 23 и 24 реално заслужила отворање на најмалку три нови поглавја, од вкупно седум кои во целост ги подготвила.

Свет | пред 7 години

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да ги прифати итните мерки кои ние ги предлагаме против загадувањето

Македонските граѓани буквално се гушат поради неспособноста на локалната и централната власт да се справи со енормното аерозагадување. Илјадници граѓани секоја година ги губат своите живот поради загадениот воздух, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста.„Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажува дека секоја година 3 илјади граѓани на Македонија починуваат како директен резултат на загадениот воздух.Нема ништо од предизборното ветување за почист воздух, ниту пак од ветувањето за ,,живот за сите’’. Животот во Македонија дојде единствено за оние малкумина кои се дел од криминалниот картел на власта на чело со аболицираниот Заев. Животот дојде за сите оние кои седна во своите фотелји, добија функции и по некој криминален тендер и грант. За жал овие луѓе заборавија на своите ветувања кон граѓаните.Срамен е фактот што за борба против загадувањето, односно за спас на илјадници човечки животи, владата планира наредната година да потроши само 1,6 милиони евра буџетски пари, додека за луксузни автомобили и мебел ќе потроши неверојатни 7 милиони евра.Дали удобството и хедонизмот на државните и партиските фунцкионери е поважно од здравјето на граѓаните?Дали илјадници човечки животи се поважни од тоа во какви автомобили ќе се возат партиските пајташи и во какви фотелји ќе седат?ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира, Владата да го слушне гласот на граѓаните, експертите и докторите и веднаш да ги прифати итните мерки кои ние ги предлагаме против загадувањето. Со прифаќањето на овие мерки власта може да спаси илјадници животи, овие мерки се мерки кои живот значат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Виена состанок на премиерите од Западен Балкан

Денеска во Виена, по покана од австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе престојуваат премиерите на Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина. На нивниот заеднички состанок ќе учествува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, како и комесарката за дигитално стопанство Марија Габриел. Австрискиот канцелар кој деновиве престојуваше во Белград и Приштина изјави дека Европската унија ќе биде комплетна дури откако државите од Западен Балкан бидат членки на Унијата.

Скопје | пред 7 години

zemjotres

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 5.47 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 километри југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција.Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 7 години

zabrani

Укинати забраните на патиштата, сообраќајот по влажни коловози

Укинати се сите забрани и ограничувања на патиштата што беа предизвикани од снежните врнежи и сообраќајот е нормализиран на сите патни правци. Врнежите од снег се престанати на секаде.Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ утринава соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со услови за дожд

Преку денот облачноста делумно и краткотрајно ќе се намали, но во вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Температурата ќе достигне од 5 до 14 степени.Во Скопје преку денот умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температура до 7 степени.Под влијание на потопол влажен бран утре и во среда ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Во западните делови се очекуваат обилни врнежи (локално над 40 л/м2).Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.

Македонија | пред 7 години

durlovski-vo-sobranie111-162122

Химната во интерпретација на Игор Дурловски ечеше на синоќешниот протест

На синоќешниот протест пред Собранието против уставни измени беше интонирана македонската химна во интерпретација на оперскиот пејач, Игор Дурловски. Химната ечеше од звучниците иако Дурловски не присуствуваше на протестот, бидејќи е во домашен притвор како обвинет за настаните од 27 април.Неговиот соборец кој е исто така обвинет, Богдан Илиевски, напиша на фејсбук дека интерпретацијата на Дурловски треба да биде официјална верзија на државата.„Треба со закон да се усвои химната на Република Македонија во изведба на Игор Дурловски, да биде единствена официјална верзија на химната и да се пушта секогаш и насекаде, сега, секогаш и во вечни векови. Маестрално!“- напиша Бетмен Велит

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: Платите растат во сите сектори, обезбедуваме повеќе пари за граѓаните и повисоки плати

Предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедува раст на платите во сите сектори.Со Буџетот за 2019 година предвидено е зголемување на платите од 5 отсто за вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата, вработените во детските градинки и културните работници.Докторите специјалисти ќе добиваат поголеми плати за 10 отсто, за навистина да се вренува нивниот труд и за да продолжат да работат во јавното здравство.Ќе продолжи и трендот за раст на платите, во приватниот сектор. Државната помош за претпријатијата ќе овозможи услови за зголемување на платите во приватниот сектор и отворање нови работни места. Истовремено, невработеноста ќе опаѓа преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари, што е историски највисок износ, со што се очекува стапката на невработеност да се намали на околу 20 отсто.Со посветено и домаќинско работење и со спроведувањето на зацртаните мерки, владата предводена од СДСМ продолжува да создава реални услови за повисоки плати, нови работни места и подобар живот за граѓаните.Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат, економски раст, мотивирани работници, професионални институции, нови инвестиции и работни места и повисок животен стандард.

Македонија | пред 7 години

todor-petrov

Петров: Овој режим од Муртино мора да падне

На вчерашниот протест, од говорницата се обрати и Тодор Петров. Тој побара оставка од Владата и распуштање на Собранието. Како што додаде тој, оваа Влада е нелегитимна.„Не чекајте команда за акција, на секое место пружете отпор кон Владата. Овој режим од Муртино мора да падне. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името и идентитетот“, истакна Петров.

Македонија | пред 7 години

mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

Владата за загадувањето ќе потроши 1,6 милиони евра, а за луксузни автомобили 7 милиони евра

Македонските граѓани буквално се гушат поради неспособноста на локалната и централната власт да се справи со енормното аерозагадување. Илјадници граѓани секоја година ги губат своите живот поради загадениот воздух. Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажува дека секоја година 3 илјади граѓани на Македонија починуваат како директен резултат на загадениот воздух, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:„Нема ништо од предизборното ветување за почист воздух, ниту пак од ветувањето за ,,живот за сите’’. Животот во Македонија дојде единствено за оние малкумина кои се дел од криминалниот картел на власта на чело со аболицираниот Заев. Животот дојде за сите оние кои седна во своите фотелји, добија функции и по некој криминален тендер и грант. За жал овие луѓе заборавија на своите ветувања кон граѓаните. Срамен е фактот што за борба против загадувањето, односно за спас на илјадници човечки животи, владата планира наредната година да потроши само 1,6 милиони евра буџетски пари, додека за луксузни автомобили и мебел ќе потроши неверојатни 7 милиони евра.“Од партијата прашуваат дали удобството и хедонизмот на државните и партиските фунцкионери е поважно од здравјето на граѓаните?Дали илјадници човечки животи се поважни од тоа во какви автомобили ќе се возат партиските пајташи и во какви фотелји ќе седат? ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира, Владата да го слушне гласот на граѓаните, експертите и докторите и веднаш да ги прифати итните мерки кои ние ги предлагаме против загадувањето. Со прифаќањето на овие мерки власта може да спаси илјадници животи, овие мерки се мерки кои живот значат, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Маврово 25 сантиметри снег, најмногу дожд во Битола

Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Маврово каде е формирана снежна покривка од 25 сантиметри. Снег има и во Крушево и Лазарополе 18, Попова Шапка 17, Тополчани 16, Претор 14, Битола 13, Берово и Ѓуриште 10 сантиметри.Врнежи од дожд имаше во Битола, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следи Гевгелија со 34, Претор со 31, 27 во Демир Капија, 24 во Дојран, 23 во Струмица, 20 во Прилеп, Штип и Виница, 19 во Крушево и Тополчани, информира Управата за хидрометеоролошки работи УХМР.За денеска се најавува делумно и краткотрајно намалување на облачноста,но преку вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи од 5 до 14 степени.Во Скопје преку денот умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температура до седум степени.Од утре под влијание на потопол влажен бран ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на запад се очекува локално да наврнат и 40 литри на метар квадратен.

Македонија | пред 7 години

46453216_198877720998252_1610800232797306880_n

Палевски: Путин да му изгради споменик на Заев оти тој е најглупавиот Американец

Путин треба да му изгради споменик на Заев во Москва оти не постои поглупав американец од Зоран Заев, порача Љупчо Палевски од протестот пред Собранието за неменување на името на државата.„Заев спроведува глобалистички политики. Тој е инсталиран од надвор. Зоран Заев е најголемиот предавник што мајка Македонија го родила“, рече Палевски.

Македонија | пред 7 години

46439088_1025216214343796_685117910154215424_n

Кирацовски заедно со семејството уживаше во снегот

Генералниот секретар на владејачката СДСМ, Александар Кирацовски на својот Фејсбук профил објави фотографија на која тој, заедно со своето семејство уживаше во снежната идила.„Најубавите моменти во животот кои, истиот, го прават среќен и вреден да се живее се оние поминати со семејството, независно каде и кога, без одреден повод, но со силна причина – љубовта!“, напиша генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовскиhttps://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/posts/1025216254343792

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања