Скопје1.мк

mickoski

(ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се пообединето, посплотено но и помотивирано

Без разлика на нивната нација, без разлика на нивната вера, луѓето некако како да ја изгубија целокупната надеж дека може подобро, дека треба подобро и дека ние заслужуваме подобро, а се разбира сето тоа е последица на сите оние погрешни политики кои Зоран Заев ги води овие повеќе од една ипол година во Република Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.А, зошто тоа се случува?! Тоа се случува најпрвин затоа што тргуваат со најсветата работа која што ја симболизира државноста која што преставува извод од матичната книга на родените за една држава, а тоа е Уставот. Тргуваат со Уставот само со една цел, да ги спасат, времено да ги поддржат нивните политички кариери, а притоа не се свесни дека многу брзо доаѓа крајот на нивното политичко битисување овдека во Република Македонија. А, после крајот доаѓа и казната, а казната ќе дојде за сето она што и го направија на Република Македонија додека беа власт. И за сето тоа ќе одговараат, ама нема да одговараат пред Кацарска судството, туку пред ново реформирано судство.Мицкоски додаде дека и покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што му ги упатуваат на него и на неговото семејство и покрај сите оние зло дела кои што ги прават, тој и ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден се се пообединети, посплотени но и помотивирани и на следните избори жестоко ќе ги поразиат, а првата таква пречка ќе дојде на пролет, за време на претседателските избори.„Се обврзаа за работи кои што не само што ни одблиску не можат да ги исполнат, туку се обврзаа на работи кои што не можат дури и да ги помислат. Ги поткренаа очекувањата кај граѓаните ветувајќи 500-тини евра просечна плата, ветуваа 100-тина илјади денари просечна плата за докторите, ветуваа загарантиран откуп за земјоделците на нивните земјоделски производи, на нивниот труд на нивната мака, ветуваа општество за сите, ветуваа реформиран судски систем, ветуваа раст на БДП од 5%, ветуваа зголемување на директните странски инвестиции, но и заживување на домашните. Ветуваа дека ќе ги вратат сите оние кои што наводно иселени од Македонија поради разочараноста од претходните влади и што ли уште не, ветуваа нови болници, градинки, училишта, автопатишта, 500-тини километри автопат, а што реализираа?!?! Едно празно НУЛА.Ветуваа загарантиран откуп на земјоделски производи, па ќе шеташе ширум Македонија Зоран Заев па ќе ветеше загарантирана берза за јаболката во Ресен, а ги гледаме луѓето како го истураат својот труд на буниште. Ветуваа загарантиран откуп за лозопроизводителите за лозарите па видовме како грозјето завршуваше на буниште. И оние земјоделци во југоистокот на Македонија за нивните производи, за доматите, за краставиците, за зелките, за лубениците видовме дека сето тоа заврши на буниште како револт на сите погрешни политики што оваа ненародна и криминална влада предводена од СДСМ ги правеше изминатиот период.Ветуваа реформирано судство а притоа не прават слепи при очи и глуви при уши. Па наводно не сме гледале дека овој барал евро за црквата и евро за бате па ќе речат не бил виновен, доведен бил во заблуда, демек ние не сме слушале што правел овој, дека нашата меморија е кратка дека не гледаме тоа што гледаме. И за сметка на тоа ќе ни го донесат Кацарска судството. Ќе помине и тоа само не мотивирате се повеќе, само не мотивирате да работиме повеќе од тоа што сме работеле порано, а имаме капацитет да работиме и од ова повеќе. Колку повеќе ќе грешите толку повеќе ние ќе работиме да ве симнеме од тоа каде што се и да ве пратиме таму каде што заслужувате да бидете.Ќе ветат гаранција за младите. Нити гаранција, нити младинска гаранција ниту било каква гаранција видовме. Видовме еден пилот проект, на кои што претпоставувам само децата на овие од врхушката на власт се израдуваа преку стипендии да можат да си дозволат да се школуваат на реномирани универзитети во Европа, за тоа што тоа е привилегија за нив одбраните, ние не сме во тој круг, ние сме обични смртници.Ќе го реформирале судството, како може човек  со проблематично и дискутабилно  криминално минато да го реформира судството? Како може човекот кој што се бркнал со се целата рака во медот да го реформира судството? Возможно ли е тоа? Му се верува ли на некој во оваа држава дека тоа е возможно? Па човекот беше аболиран за сомнеж за сторен криминал од осум милиони евра, зарем некој човек може да поверува дека он може тоа да го направи? Еве јас ќе ви дадам одговор. Не! И не само што нема да направи туку ќе ни остави такви проблеми со овие нереализирани ветувања, што ќе мора да волонтираме за државата како едно време и да ја извадиме на вистинскиот пат.Ако направите анализа и ако сериозно пријдете на проблемот зошто младите луѓе, зошто квалификуваните кадарни млади луѓе на ја напуштаат оваа земја, и оставаат тажни родители, баби и дедовци. Доаѓате до одговор кој што најчесто можете да го сретнете, а тоа е поради егзистенцијални причини. Се разбира младиот човек по природа е пркосен, бунтовен и сака да патува, мобилноста му е исто така значајна, сака network, сака мрежа да прави во животот но пред се тоа го правата од егзистенцијални причини. И ако вие го знаете проблемот, разумно и чесно е, и честито е да го побарате лекот за проблемот. Така што кога ја правевме Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се подготвувавме за предвремени парламентарни избори кои што за жал нашите браќа и сестри ни ги скратија. Но ќе дојдат и тие, и тие ќе дојдат многу скоро. И тие предвремени, и редовните и претседателските  ќе ги победиме нив тогаш. Но важно е дека направивме едно дело и еден проект кој што беше мултидисциплинарен и опфаќаше повеќе области и економија, и образование, и даваше одговор за младите.Ви ветувам дека еден од следните мои обраќања од овдека од Гостивар ќе биде токму презентација од овие мерки кои што предвидовме во таа Програма која што планираме да ја претставиме на македонската јавност многу скоро со одредени проекти. А, пред предвремени или редовни парламентарни избори во целост. Ќе ги презентираме сите ефекти од сето ова бидејќи тогаш ќе бидеме Влада, и тогаш нема да збориме со честицата „Ќе“, него ќе збориме со потврдна форма.Затоа што јас ги разбирам моите сограѓани, зошто секогаш гледаат со недоверба во политичарите, затоа што во безброј пати до сега биле прелажани. Безброј пати им било ветувано, и не биле исполнети тие ветувања. Но ова политичко мочуриште мора да испари, мора да испари со оваа генерација политичари кои што ја водат Владата на СДСМ. Ние мораме да создадеме политичка опција која што ќе понуди нови креативни, иновативни решенија за сите реални проблеми на нашите граѓани кои што ги тиштат, изјави Мицкоски

Македонија | пред 7 години

46485518_502328080264793_4066876082719031296_n1-1024x768

ФОТО: Автомобил излета на патот Ресен-Битола

Поради снежните наноси, автомобил на регионалниот пат Ресен - Битола во близина на село Ципари се излизга и падна во провалија. Според информациите, провалијата била повисока од 5 метри, но са среќа нема повредени, а шлеп-службата е на лице место.Исто така, на превојот Плетвар кај Прилеп има многу паркирани камиони и автомобили, кои се заглавени поради снегот, каде се уште нема екипи на „Македонија пат“, а иста слика има и на патот Охрид – Битола.

Македонија | пред 7 години

46445114_1835047236563952_6897350416585981952_o

„Го сакам Водно“ до Анѓушев: Упорно ги користите истите излитени аргументи за заштеда на шуми од сечење за греење

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ преку објава а сцијалната мрежа Фејсбук се обратија до вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во својата објава тие напишаа дека имаат разбирање за гасоводот, но вицепремиерот нема разбирање за Водно и за заштитената парк-шума во него.„Повикувањето, после сите укажувања на огромниот број на нерегуларности и непочитувања на закони и прописи, мерки за заштита, да бидеме партнери во негова реализација, односно заеднички да ги контролираме градбите за да бидеме сигурни дека се изведени добро, за нас е знак на глувоста и слепоста на оваа Влада и терање како да е сè во најдобар ред и ништо од нашите посочувања сиве овие месеци да не се случиле.Повторувањето на податокот дека била издадена градежна дозвола не ве амнестира од сите направени и толерирани пропусти до сега. Престанете да го претставувате целиот проект, во сите негови фази, каде изведбата на терен е само една од фазите, со еден единствен документ, одобрение за градење, како да е тоа документ што покрива секакви грешки и дозволува сè. На страна неговата валидност и сомнителниот процес како е издаден.Веќе не се во прашање дрвјата, туку воопшто анализата на состојбите, како и стручноста на проектантите и изведувачите, а со тоа и оправданоста на самиот проект. Да се изведе гасовод на непристапен терен, во амбис, во најмала рака е несериозно, да не кажеме сулудо. Се размислувало ли воопшто како ќе се испита притисокот во цевката и од каде ќе се земе флуид за тоа? Ќе се носи ли вода во цистерни до врв на планина? Изборот на трасата предизвикува низа проблеми во иднина, дури и во самото одржување. А да не зборуваме дека трасата е и пат кој во иднина можат да го користат дрвокрадци. За свлечиштата кои се неминовни во амбисот каде го градите, кој ќе сноси одговорност? Вие лично? Или тоа го оставате за некој нареден кој ќе дојде на ваше место и ќе каже во ист стил дека проблемот е наследен, како за патот за Сончев град, проектиран од исти фирми, исти лица кои го проектираат и овој гасовод по наклони од 65%, 71%, по амбисот на вашата слепост и глувост и одбивањето да признаете дека гасоводот низ Водно е една огромна грешка.Упорно ги користите истите излитени аргументи, манипулативно, за заштеда на шуми од сечење за греење, иако ви беа дадени противаргументи, не само на тој, туку и на сите други ваши ставови. Па како ќе го објасните гушењето во градов, во Куманово каде десетици и десетици илјади домаќинства се греат на дрва, а гас има донесено пред 20 години? Магистрален гасовод не мешајте со домаќинства кои се греат на гас и се приклучени на градска гасоводна мрежа. Првото не го повлекува автоматски и второто.Зошто упорно одбивата да ги слушнете лошите вести, а ги прифаќате оние кои ви се допаѓаат, макар биле и лажни?Гасоводот низ Водно е грешка и вие тоа добро го знаете и упорно продолжувате со оправдувања за финансиски губитоци, кога десетици пати повеќе средства се фрлени во разни други грешки од минати проекти. Зошто тука не сакате да попуштите? Што е причината други проекти да одложите на неколку години за да се поправат грешките, но тука не?“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

oliver-andonov-1

Јакимовски: Со бегството на Груевски поразени сме сите!

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски смета дека со бегството на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски, поразени сме сите: и власта и опозицијата, целото правосудство и самиот тој.Според него, постоеле неколку фактори кои овој случај го направиле политички и монтиран.„Кршењето на човековите права, кршење на процесно право, судење без адвокат, судење во енормно кратки рокови, судење за смешно кривично дело за набавка на ‘мерцедесот’, а не за корупција, инсистирањето да се затвори по секоја цена, погодувајќи го тајмингот кога се расправа за уставните амандмани – го направија овој случај класичен политички монтиран. Жал ми е што Републичкиот судски совет не го сфати сериозно обвинувањето на Груевски дека врз Апелација се врши притисок да се донесе осудителна пресуда. Длабоко сум убеден дека овој случај ќе прави дополнителни штети во Советот на Европа.. Сето тоа ќе оди на штета на сите граѓани, благодарејќи на ‘Кацарска судството’, кое го замени ‘Сваровски судството’. Во моментов имаме судство што се карактериизира со својата бруталност, неприципиелност, осветољубивост и непочитување на законските прописи и пресумпцијата на невиност“, посочува Јакимовски во изјава за „Независен“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Филмот за исчезнатиот македонски премиер в недела во кино „Милениум“

Македонскиот филм „Еј!“ во режија на Васил Христов во недела, 18 ноември, премиерно ќе се прикаже во кино Милениум во рамките на гала програмата на фестивалот за европски филм „Синедејс“. Христов, кој е и сценарист, го работел филмот пред 10 години. А како што најавија од „Синедејс“, конечно по една деценија ќе имаме можност да го погледнеме.Дејствието раскажува за група пријатели кои за време на една ноќна забава имаат спиритуална сеанса. На шега се обидуваат да стапат во контакт со духот на Александар Велики. Меѓутоа, наместо духот на античкиот лидер, меѓу нив се материјализира вистинскиот премиер на Македонија.Набрзо, низ целиот свет се шири веста за исчезнувањето на македонскиот шеф на владата. Светските медиуми пренесуваат дека исчезнал од спалната соба, каде што спиел до неговата сопруга. Земјата е во состојба на готовс. Преку ноќ, групата пријатели без намера стануваат грабнувачи на премиерот, а тој нивни несакан заложник.Филмот е во продукција на „Диаболик“, продуценти се Васил Христов и Горан Ацевски, а кинематографер е Душан Кардалевски. Актерската екипа ја сочинуваат Кирил Коруновски, Николина Кујача, Оливер Митковски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Софија Насевска, Александар Микиќ, Јелена Јованова, Гораст Цветковски, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Соња Стамболџиоска, Славиша Кајевски, Јелена Галевска, Кирил Поп Христов.Премиерното прикажување на „Еј!“ е со почеток во 20 часот, а билети може да се набават онлајн на bileti.mkc.mk, како и на билетарницата на кино „Милениум“.

Магазин | пред 7 години

Sequence-01.Still015

„Македонија Пат“ и годинава зимата ја почна со блокирани патишта

МАКЕДОНИЈА ПАТ на среде есен и при првиот помал снег кој падна ја остав идржавата со блокирани патишта.Така сообраќајот во моментов е во прекин на патниот правец од Охрид кон Битола, а колони возила стојат и едвај се движат и на патот од Кичево за Гостивар кај превојот Стража каде снегот не е исчистен.Отежнато е движењето и на патот кој ги поврзува Македонски Брод и Прилеп, а снегот не е исчистен ни на Плетвар.Ваквите сцени, кои неретко се претвораа и во драми на патиштата кога се загрозуваа и човечки животи станаа редовна појава последните пет години.Погледнете како изгледа патот од Кичево до Гостивар снимен околу 16 часот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива отежнато, на Плетвар забрана за движење на тешки моторни возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег.Попладнево во 16,30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Плетвар, поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ.Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите моторни возила.

Македонија | пред 7 години

ilir-meta-bitola2

Албанскиот претседател Илир Мета два дена инкогнито шетал во Битола

Претседателот на Република Албанија Илир Мета два дена бил во посета на Битола по повод 110-годишнината од албанската азбука, а македонските национални и локалните медиуми не беа известени за настанот. За посетата на Мета новинарите од Битола дознаа од социјалните мрежи, откако претседателот на Албанија на својата фејсбук страница објави фотографии од неговата посета на Музејот на албанската азбука во Битола, како и на селото Меџитлија каде се сретна со жителите. Тој се слика и покрај чешма со прочуената кисела вода во Пелагонија, пишува СДК.МК.Под објавените фотографии напишал дека заедно со албанските жители „ја делиме желбата дека подобри времиња доаѓаат за нив, со новите изгледи за членство во НАТО на Македонија и преговорите за ЕУ следната година“.„Протоколот беше на високите гости од Албанија и ние не можевме да се мешаме, носеа новинари од Албанија. Претседателот на Албанија вчера го посети Музејот на албанската азбука во Битола, вечерта присуствуваше на концерт во Центарот за култура, синоќа преспа тука, а денес беше во Меџитлија“, рече Нуер Арслани, директор на Музејот во Битола.Новинарите од Битола не знаеја дека толку висок политичар е во посета на градот, па претпоставуваат дека најверојатно не беа ни известени за да не се поставуваат прашања. Деновиве, дел од македонските портали и телевизии повикувајќи се на медиумите од Алабнија, пишуваа за наводна можна замешаност на албанскиот претседател Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија во бегството на осудениот пратеник и експремиерот Никола Груевски преку Албанија во Црна Гора до Унгарија.Дека претседателот на Албанија присуствуваше во Битолскиот Регион потврда имаме и од битолската полиција.  Мета денес околу пладне заминал од Битола.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Вработена во обложувалница физички нападната поради стонирање на тикет

На 18.11.2018 година во 00.30 часот А.Д.(31) од Прилеп пријавила дека на 17.11.2018 година околу 22.00 часот додека била на работното место во обложувалницата лоцирана на улица „Битолска“ во Прилеп, дошло лице за уплата на тикет.Но, бидејќи не платил, пријавителката го сторнирала тикетот и тогаш сторителот физички ја нападнал.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Физички нападната девојка поради недоразбирање во сообраќајот

На 17.11.2018 год во 22.30 часот во Полициска станица Центар Р.Т.(19) од Скопје  пријавила дека околу 22.10 часот на булевар "Партизански Одреди" во близина на раскрсницата со булевар "ВМРО" од страна на непознато лице физички била нападната. Причина за нападот е недоразбирање во сообраќајот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец физички нападнат поради недоразбирање во сообраќајот

На 17.11.2018 година во 20,30 часот во Полициска станица Карпош Б.А.(45) од Скопје пријавил дека околу 18,10 часот на улица "Анкарска" додека управувал патничко моторно возило "Фиат Линеа" поради недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од маж кој управувал "Цитроен Ксара".Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Исчезна малолетник од Кисела Вода

На 17.11.2018 год во 20.00 часот во Полициска станица Кисела Вода Р.Н.(61) од Скопје пријавил дека на 16.11.2018 година во 18.30 часот од нивниот дом се оддалечил неговиот 16 годишен син. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Исчезната 69-годишна жена од Скопје

На 18.11.2018 година во 01,00 часот во Полициска станица Аеродром Т.Х.Д.(46) од Скопје пријавила дека на 17.11.2018 година во 16,00 часот од домот во непознат правец се одалечила нејзината мајка Ц.Х.Д.(69).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

46373930_1916571738380343_6331213618905874432_n

ФОТО: Снегот предизвика хаос на Плетвар

Изминатите неколку дена температурите нагло се спуштија и донесоа нестабилно време во државата. На одредени места како Плетвар, Попова Шапка и Маврово има врнежи од снег.Возачите се нервозни бидејќи како што велат снегот кој падна во текот на изминатиот ден на Плетвар не е исчистен.„Дечки, хаос е на Плетвар, не е помрданто ништо, како што паднал снегот од вчера! Кој патува, нека внимава! Пак ги изненади снегот во август месец!“, стои во објавата на Фејсбук. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1916571731713677&set=gm.1446335348831224&type=3&theater

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Некoлку улици без вода поради дефект

Денес поради уличен дефект од ф-100мм на ул.Киро Фетак 31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Скендербег на дел од ул.Киро Фетак и дел од Антон Димитров до санирање на дефектот.Исто така поради уличен дефект ф100мм на ул.Св.Кирил и Методиј бб ( кај Аутомакедонија - Центар ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул.Македонија до Бул.Кочо Рацин до завршување.

Скопје | пред 7 години

Boemska-6

„Идадија” муза на боемите

За старата градска кафеана "Идадија", сместена во срцето на Дебар Маало се врзува дел од традицијата и историјата на Скопје. Таа веќе осум децении е место каде што се собираат луѓе од најразлични провиниенции - познати градски "фаци", боеми, доктори, писатели, уметници, актери, офицери, но и занаетчии, трговци, спортисти... А приказната за "Идадија" започнува во дваесеттите години на минатиот век. Кога печалбарот Ефтим Цветановски, родум од гостиварското село Куново, се вратил од Букурешт, Романија, решил да си го собере семејството на едно место. Во пролетта 1928 година во скопското Дебар Маало изградил куќа, а на приземјето ја отворил тогашната крчма над чија порта го ставил натписот-"Идадија". Името е турцизам и значи гимназија, кафеаната го добила името по турската подофицерска школа, а потоа и старата Учителска школа која се наоѓала од нејзината спротивна страна. На почетокот "Идадија" била маалска кафеана, но набргу таа прераснала во едно од најпознатите градски собиралиш та. За нејзината историја се врзани имињата на видните дебармаалци: Корда, Буста, Хофсет Бојаџијан, потоа Никола касапот, сајџијата Мирослав, Толчи, Капетановиќ, Мачки, па актерите Драги Костоски, Петре Прличко, Тодорч е Николовски и многу други. Во чест на Ефтим, покојниот писател Благоја Стефановски, кој го напиш а текстот за легендарната "Чија си", ги посветил стиховите: Дојде како голтар, се поклони пред олтар и ја создаде "Идадија". Ритуалот на гостите почнувал уште во раните утрински часови кога низ утринското кафе и, речиси, без исклучок, првата чашка ракија, се читале весници и се прераскажувале најновите случки. Така е и денес. "Идадија" гордо му пркоси на времето. Иако низ времињата, таа повеќепати го менувала ликот, токму на ова место и ден денес може да се доживее она исконско уживање. Скарата и неодминливите ќебапи се уште се приготвуваат исклучиво на жар, а дебармаалската чорба и специјалитетите карактеристични за на- шето поднебје, се прават по рецептите на нашите предци. Идадија не е обична кафеана. Таа била и остана муза на уметниците, свето место за трговците, храм за боемите, мевлем за вљубените... Со корените на Идадија е врзана традиционалната прослава на новогодишните празници на сите дебармаалци која се одржува секоја година. Секој први јануари, тие во Идадија се гостат со бесплатен појадок, за потоа низ звуците на тапаните да го одиграат традиционалното дебармаалско коло. Денес, Идадија ја живее својата трета младост, со третата генерација наследници на Ефтим "Идадија-М" на Миле Цветановски-Чаталот и "Идадија-З" на неговиот братучед Ацо Цветановски. Традицијата продолжува, а потомците на дедо Ефтим ветуваат дека нема да го прекршат неговиот аманет таа да продолжи да биде дел од семејното наследство и заштитен знак на Цветановци.

пред 7 години

istorijaata_na_najubavoto_maalo_vo_skopje_debar_maalo-1

Историјата на Дебар Маало

Веднаш во близина на Градскиот парк, а од десната страна на реката Вардар се наоѓа Дебар маало. Живеалиштето го пронашле прогонети Македонци од делови на Западна Македонија кои со сила биле раселени и своето ново место на живеење го нарекле според името на етнографскиот предел од каде што дошле.Местото каде што било лоцирано оваа маало било едно од поновите предградија на Скопје. Пред тоа, на оваа место постоеле градини и ниви. Првите куќи биле подигнати во 1920 година од страна на браќата Петар и Андреја Митровиќ и од Јован Поповиќ. Тие потекнувале од Голо Брдо, дебарско, регион што по 1918 година припаднал на соседна Албанија. Спомнатите дебарчани во 1919 година се населиле во Скопје, каде што купиле плацеви и изградиле куќи на просторот на некогашното Дебар маало. Овој простор се уште не се сметал за градски, туку спаѓал во атарот на селото Долно Водно.Во 30-тите години на минатиот век, по економската криза, во Дебар маало почнале да се доселуваат и жители од стариот дел на Скопје. Напуштањето на старите реони во Скопје било резултат на тешкиот економски живот. За продадениот имот во стариот град или како што го нарекувале Старо Скопје, можело да се купи нов план на периферија за градење куќа и да се подмират долговите на фамилијата и слично.Од Железничката колонија и Учителската школа, се до 1920 година, Дебар маало било одделено со празен простор што го населувале доселениците. Дебармаалците биле прочуени ѕидари. Овој занает се пренесувал од генерација на генерација. Ретко некој член од ѕидарска фамилија се занимавал со друг занает. Жените во Дебар маало, освен вршењето на сите домашни женски работи, се занимавале со везење и на тој начин заработувале пари.Дебар маало главно било населено со сиромашно население, но во него имало и “многу куќи на кат”, односно куќи на побогати семејства. Куќите во оваа маало биле градени од тврд материјал и олитар, но со оглед дека биле градени според економските можности на секој доселеник, честопати биле дивоградби и без план. Внатрешното уредување на дебармаалските куќи било полуградско, а во некои фамилии се спиело на под. Имале мебел кој со себе го донеле од старото место на живеење. Мебелот се состоел од кревети, ормани, маси, столови, отомани и слично.Животот во Дебар маало бил мирен. Самите дебармаалчани биле способни и вредни, а тоа особено се однесувало на Мијаците. Меѓусебните односи биле добри, но сепак со некоја одвоеност. Мијаците се дружеле со Мијаци, скопјани си скопјани, односно меѓу нив имало повеќе разбирање отколку со жителите доселени од другите краишта.Во Дебар маало имало неколу дуќани од кои се снабдувало населението.Наброените дуќани, млекари, фурни и слично, служеле за задоволување на секојдневните потреби на дебармаалците, додека со сите други производи се снабдувале од градските пазари и дуќани во чаршијата на градот. Со ваков начин на живот, жителите од оваа маало постепено се вклопувале во градскиот живот.Дебар Маало урбанистички денес го опфаќа реонот меѓу Партизанска и Илинденска, од Соборна Црква, па се до поранешно Симпо, вклучувајќи ги и објектите кај Градскиот парк.Денес во оваа стара градска населба е сместена една од најпознатите пешачки улици во градот, Боемската улица. Отворена пред неколку години оваа улица живее во духот на старите боеми и скопјани кои во старо Скопје биле живи легенди. Кафулиња, гостилници, ресторани, оваа е најдоброто место во градот ако сакате да ја почувствувате атмосферата со кафе или салата и ракија на најпознатото маало во Скопје.

пред 7 години

Нема фотографија

Скопје

Кога за првпат ќе дојдете овде, ќе останете зачудени од зеленилото на градот. Густите дрва, зелените тревници, парковите во кои секоја пролет нова реколта на бебиња го почнува своето „скопјанување“.Шумовитото Водно доминира над градот. Кој може да ги заборави љубичиците во Карпош, јапонските цреши на улица „Максим Горки“. Сепак, Скопје уште од времето е најпознато по мирисот на липите и сенките на костените. Тие се аромата што се врежува во меморијата на сите ваши сетила. Онa жарче во душата што се разгорува кога ќе се сетите на Скопје.„Рано утро шкембе-чорба после секој своја борба...“ Ах, чорба!Уште славниот Прокопиј, хроничар на царот Јустинијан, во својот познат опис на Јустинијана Прима зборува за скопските гостилници... Оваа традиција скопјани со задоволство ја негуваат до ден-денес... Чкембе, телешка, пилешка, па дури и рибја... На сите нека им е на здравје!Во Дебар Маало се одиграл првиот фудбалски меч, отворена е првата летна кафеана, направен е првиот уреден парк, првиот стадион, првиот Природонаучен музеј и Зоолошката градина, првите куќи во модерен и граѓански дух...И до ден-денес го задржа приматот на центарот на случувањата во градот. И додека макате во макалото од ореви и „отров“ лути пиперки и пиете „жолта“, чувствувате дека патувате низ 2000-годишната кулинарска историја на едно место.Некогаш јагне, бамји и татлии. Денес – десетка со кромид или бифтек во пепер сос, салата рикола со пармезан и чоколадно суфле со сладолед. Такво е Скопје – сè е измешано во едно.Камениот мостНеговото настанување се поврзува со Јустинијан Први и со неговото време. Но, најверојатно, ваков каков што е – го изградил Мурат Втори во петнаесеттиот век. Бил сведок на горката политичка историја низ која поминувал градот. Тука со грозна смрт бил погубен славниот востаник Карпош, а скулптурите на бројните генерации патриоти и културни дејци немо ја раскажуваат бурната историја и жилавата борба на овој народ.Скопје својот европски дух и шмек почнува да го добива со изградбата на пругата Скопје-Солун во 1873 година.Се отвораат конзулати. Станува центар каде што е сместен дипломатскиот кор, живеалиште на инженери, професори, интелектуалци, лекари, дипломати. Тие почнуваат да го креираат културниот живот на Скопје. Се излегувало на повеќе места.Од бавчите на хотелите и рестораните свирела различна музика – од ориентални чочеци преку воена музика до фокстрот џез и румба. Биле организирани приредби, маскенбали, забави, балови, па дури и избори за мис. Посебна атракција бил маскенбалот „Ноќ во Мароко“ во 1930 година. За овој бал под маски салите на Офицерскиот дом ги декорирал големиот сликар Никола Мартиноски.Кафеаната „Маргер“ била омилено собиралиште на скопските боеми. Меѓу имињата на нејзините редовни посетители и едно светско име – Гркот Зорба.Имено, главниот лик на познатиот роман на Никос Казанѕакис, кој за нашите соседи е синоним на националната животна филозофија, од дваесеттите години на минатиот век, па сè до 1943 година, кога го напуштил овој свет, живеел во Скопје.Хроничарите велат бил богат бизнисмен со големо срце. Го сакал животот и убавото друштво, бил голем помагач на сиромашните.Велат, со своето друштво знаел во рани зори да ја затвори легендарната кафеана „Маргер“ на скопскиот плоштад. Судбината ли... или, пак, самиот тој... кој знае – одбрала токму Скопје да биде неговиот вечен дом.И како што го опишал Евлија Челебија, Скопје во далечната 1660 година е исто како и денес: Тоа е еден убав град каде што сите главни улици се рамни, поплочени со бела калдрма. Има многу учени луѓе и големи господа. Тоа е гнездо на поети и пријатели на сиромашните. (Се сеќавате на Мајка Тереза и сиромашните во Калкута?) Жителите се посебно наклонети кон задоволствата и уживањата. Страста за животот и насладата се голем капитал на нивните вљубени срца...Скопјани и до ден-денес останаа такви. Кој ќе носи најдобра гардероба, кој ќе вози најдобар автомобил, кој е од која фамилија, кој со кого се знае... кој е кој... И сето тоа низ кафе-муабет.Оттаму, не е чудно што Скопје со љубов го граделе бројни генерации уметници и архитекти...Арапска куќа, подигната во 1938 година, во тоа време (а богами и денес) била вистинска сензација.Старата градска куќа – „Куќата на вулканизерот“, e од деветнаесеттиот век. Денес, таа е отмен ресторан со верно реставриран амбиент и традиционално мени. Ристиќева палата, во 1926 година ја гради аптекарот Владислав Ристиќ, денес е еден од симболите на Скопје. Палатата на Пионерскиот дом „Карпош“ ја градел турски бег – еден од познатите браќа Шабан паша. Фонтаната Воинот на коњ, Шмизлата, Гемиџиите, Триумфалната порта, Пливачката, Карпош, Филип Втори, војводите и комитите, бројните објекти и паркови ја раскажуваат егзотичната приказна на Скопје – за копнежот за слобода, разурнувањата и издигнувањата, западното сфаќање на реалноста и источната филозофија на животот.Некогаш, скопјани, од Тасино Чешмиче, со коњски коли, блех-музика и дајриња, оделе на излет на Водно. Денес – со ултрамодерна жичарница.Скопје е волшебно место – ќе ве воодушеви, ќе ве вознемири и засекогаш ќе ви го зароби срцето.

пред 7 години

Нема фотографија

Водно

Главниот град на мојата чудесна земја има нешто што ниедна друга метропола ја нема - вистинска планина на само 2км од центарот.Водно за Скопјани e вакцина против тоталното одродување од природата. Кон него се вперува поглед за да се процени дали утре ќе врне или пак ќе биде пекол, до каде сме со загадувањето, дали дојде пролетта… Водно е ангел чувар, психолог и белите дробови на Скопје.До врвот водат повеќе патеки со различна тежина, уредени попатни станици за одмор, трим патека, чешми со бистра планинска вода а на врвот Крстовар 1066м. планинарски дом и огромниот Милениумски Крст подигнат во чест на 2000 годишнината на христијанството.По една од патеките низ лозјата во подножјето на Водно се искачуваме до Нерези – манастирска црквичка од 11 век.Ренесансата започнала во 1305 година во капелата Арена во Венеција кога Џото ги насликал првите фрески со емотивен набој.За подигањето на црквата во 1164 година сведочи натписот на мермерниот надвратник.На овој камен е запишано "Се разубави овој храм на великиот и славен Великомаченик Пантелејмон во 1164то лето господово.Фреската „Оплакувањето на Христос“ е всушност предвесник на Ренесансата зошто е насликана 150 години пред Џото.Оваа композиција во Нерези ги има сите елементи кои ја карактеризираат и фреската на Џото.Св. Богородица е насликана како мајка која плаче над мртвиот син. Нејзиното лице е во грч на длабока болка а погледот е вперен во лицето на синот кого што го држи во драматична прегратка.Знаете ли што е најубавото овде? Тоа е фактот што и денес после 10 векови во Нерези сеуште се слуша детскиот плач при крштевка и песната на отецот кој младите ги спојува во свет брак.Прошетката ќе ja продолжиме oд јужната страна на Водно во атарот на село Говрлево – ”место на светите води”. Овде има извори и потоци на сите страни а упатените доаѓаат да преспијат во црквичките и да се освежат. Велат кој ќе се напие – ќе се подмлади!Сигурно сте чуле за Адам од Македонија.Мало керамичко торзо од времето на Неолитот за кој научниците велат дека е единствен археолошки раритет во светот, кој спаѓа меѓу 10-те светски најзначајни археолошки наоди и претставува споменик на човештвото.На овој локалитет е пронајден Адам од Говрлево, артефакт кој докажува дека овде постоела цивилизација најмалку 7000 год. пне. како и жртвениците во форма на женско торзо наречени „Големата мајка” света заштитничка на домот и огништето која иљадници години со необичен мир бдее над оваа земја.

пред 7 години

IsaBeg2

Иса Бегова џамија

Културно-историското наследство на територијата
на Македонија е исклучително богато и разновидно, составено од многубројните трајни белези кои се и вистинските веродостојни сведоци за животот на ова парче земја.Историјата раскажува дека во новооснованите територии на Балканскиот Полуостров, Турците-османлии веднаш воспоставувале своја управа. 
Така со заземањето на Скопје и Скопско, овој град станува средиште на краишките војводи, припадници
на старата племенска османлиска аристократија. 
Треба да се истакне дека краишките војводи и нивните потомци не биле само освојувачи, туку и градители на многубројни објекти: задужбини кои претставувале јадра на урбаниот живот. Затоа и немојте да се изненадите доколку во Скопје прашате некој старец 
од каде е, бидејќи може да ви одговори и вака:- Од местото каде што минарето е без темел, 
а калдрмата повисока од камила.Гази Иса-беговата џамија се наоѓа на просторот 
северно од Султан-Муратовата џамија, во близината 
на Бит-пазар. Оваа џамија се вбројува во редот на највредните споменици од исламската архитектура на нашиве простори. Малкумина знаат дека токму тука, пред капијата на џамијата, ќе го најдат и чинарот стар пет века, за кој се верува дека лично го засадил Иса-бег. Според преданието, верувал и ја посакувал вечноста.Иса БегИса-бег е син на Исхак-бег и внук на паша Јигит-бег, освојувачот на Скопје. Неговото владеење се совпаѓа 
со периодот на најголемите успеси на Турската Империја и, всушност, внукот на освојувачот на Скопје бил господар и султанов намесник со широки овластувања и права над едно огромно пространство.Во денешен жаргон би рекле дека Иса-бег бил „полн како брод“. Но овој човек парите ги вложувал и во архитектура. Малкумина знаат дека Чифте амам и Капан-ан постојат токму благодарение му нему, 
а заедно со Безистенот и деветнаесетте дуќани што 
ги наследил од својот татко подоцна ги заветувал за одржување на медресата со десет одделенија и едното теќе, кое исто така го изградил. Во медресата, пак, во тој 15 век се наоѓал најголемиот фонд на ракописни книги од разни области.Историјата не го памети точниот датум на раѓање ниту, пак, на смртта на Иса-бег. Во натписот на оваа џамија од 1475/6, тој се споменува како покоен, бидејќи џамијата е градена неколку години по неговата смрт, тука, непосредно до чинарот, а толку стар чинар има само уште на Кипар, во Бурса и во Охрид.Но иако оваа џамија му е посветена нему и изградена како негова задужбина, се претпоставува дека Иса-бег
е погребан во Царевата џамија во Сараево, град во кој исто како и во Нови Пазар, ги правел основните агломерации и урбанистички проекти за иднината.Иса-беговата џамија била тешко разурната во катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година. Тремот бил комплетно разурнат, по ѕидовите имало огромни пукнатини, а и минарето останало без ќулав. Со интервенциите на Заводот за заштита на спомениците на културата, овој споменик повторно „стана и се издигна“.На времето, Иса-беговата џамија заземала широк појас 
и имала голем двор во кој се наоѓале гробишта со многубројни надгробни споменици. 
Тука се наоѓаат нишаните (гробовите) на неговиот син Мехмед-бег и на внукот Бали-бег. На гробиштата се наоѓал и нишанот на Накие-анама, мајката на познатиот турски поет Јахја Кемал.

пред 7 години

kanjonmatka

Убавините на кањон на реката Треска – Матка во срцето

По патот долг 138 километри, пробивајќи се низ карпите и „дивината” на кичевскиот предел и секако Порече, својот мир, својата „бонаца” реката Треска ја наоѓа во мреѓието на кањонот на Матка. Велам, мреѓието како поради многулетноста и дивоста, но пред сè – заради духовноста.Си реков: Матка е тука, блиску е, нема да ни треба многу пат и брзо ќе завршиме работа.Планот беше да ги посетиме сите цркви и светилишта, да скокнеме до Врело, да се напиеме кафе во планинарскиот дом, да го посетиме ловиштето, да… и сето тоа во еден ден.Не, драги мои. Тоа Матка не го дозволува. Нè влечкаше од место до место, ни го забавуваше чекорот, нè заморуваше… сè со цел да не брзаме, да не итаме, да не протрчаме низ неа, туку да застанеме и да се замислиме, на пример, зошто старите древни храмови се изградени високо во карпите, зошто ,змиското грозје испушта портокалова боја или, пак, зошто во пропастите и пештерите се крие толку многу мистичност. Не, Матка не ни дозволи да ја потцениме.На само 15 километри југозападно од Скопје, во долниот тек на реката Треска е создаден објект на – ПРИРОДАТА. Како и да го погледнете: геолошки, геоморфолошки или хидролошки, останувате без здив. Ова величествено дело на природата, со висина на страните од 1.000 метри, со стрмни засеци над 250 метри, е создадено со вертикалната ерозија на реката Треска во текот на  „Господ само знае” долгата геолошка историја…Авантурата започнува на едно километар-два над селото Матка. Тргнуваме кон црквата „Св. Спас”, сместена на планински рид висок околу 600 метри. Се искачуваме во еден молк. Здивот го чувавме за оној миг кога ќе стигнеме на целта, да се има сила длабоко да се наполнат белите дробови.Стигнуваме до еднокорабната црквичка „Св. Спас”. Ѕиркаме низ прозорчето, но не успеавме да го најдеме клучот и да влеземе во неа. Пишаните документи раскажуваат дека станува збор за средновековна градба (доцен 14 век), која најверојатно е градена врз култен објект поврзан со силниот култ кон свети Спас, што месното население го поистоветува со оваа црква…На десетина чекори подолу забележуваме дрвен знак на кој со рака е напишано „Св. Ѓорѓија”. На одбележаниот простор оставени тули. Нечија желба… или намера?! Но ние ја бараме „Света Троица” или „Св. арангел Михаил”. Знаев дека е тука. Но каде ли беше? Вртиме во круг, барајќи ја локацијата и одеднаш – еве ја!Повеќе камени архитектонски делови, кои според историчарите и тополошките карактеристики датираат од раноримскиот и доцниот антички период. Една убава „сцена”. И повторно во едни вакви мигови, како и секогаш – го допирам каменот, небаре ќе ми ја раскаже приказната стара десетина векови… Но, верувајте, тоа секогаш се случува. Под тој студен допир извира топлина што ве потсетува и на вечноста и на смртноста. Ве прави мали како зрнце песок и ве воздигнува со можност да оставите трага, своја сопствена. Дел од себе и од својата енергија.Сонцето веќе силно пече. Минуваме по еден тесен карпест рид наречен Аргачине. Се искачуваме, а јас ништо не успевам да забележам. Да, Марковиот град тешко се уочува. Доколку не го познавате теренот или немате некој да ве води, тешко дека ќе го забележите. Знаеле предците каде да ја направат својата тврдина. Да ги штити од злото, од непријателот, од небрежникот. Тогаш и денес.Но кој бил владетелот или газдата на Марков град? Постојат две можности: во средниот век се претпоставува дека бил утврден манастирски комплекс со црква и конаци, но исто така е можно да било феудална тврдина со благородничка црква. Тука, записите велат, живеел Бојко, благородник, господарот на Матка.Од благородничката црква денес… многу траги. „Света Недела” е мала еднокорабна црква. Се забележува дека имала широки ѕидови изработени од кршен и делкан камен-варовник, со користење и на тули и тегули. Живописот е видлив, но сепак и тешко се распознава. Народот сепак си го сака ова место. Беа оставени свеќи, темјан и масло, дури имаше и кибрит, да запалите свеќа. Ваше е дали ќе оставите нешто од себе. Историјата, пак, сè уште не го одгатнала прашањето кој е ктиторот?„По волјата на Бог отец седржител и со помошта на синот единороден и со содејствието на сепресветиот дух се создаде и се исписа овој свет и божествен храм, во име на светиот славен врвен апостол Христов прозвани Андреј”… Ова е дел од натписот што се наоѓа веднаш над западната влезна врата од убавиот и полн со легенди манастир „Св. Андре”, сместен во срцето на Матка. И не можело да се пронајде поубаво место во овој дел на „светот”, во ова мало парче чудесно по душата што ја дава за секој што со отворено срце влегува во него. Денес, можеби е лесно да се дојде до него. Со автомобил за час, но ме замисли како ли било во 1389 година, кога вториот син на Волкашин, Андреаш, го изградил! Како во старо време се “ползело” дотука? Кога часови требало за да се пристигне, а уште згора и товар да се носи!Црквата е можеби со мала градба и можеби фреските не се импозантни по својата големина. Но затоа двата циклуса свесно избрани светителски фигури раскажуваат и раскажуваат. Само доколку сакате да слушате.Но нас времето нè газеше. Чамецот веќе беше подготвен да нè вози кон Врело.Се возиме со чамецот, нестрпливо осврнувајќи се ту лево ту десно. Мислев, ќе ги видам, во својата природа, во нивниот извонреден лет… да, белоглавите орли. Но, толку малку останаа. Не ги видов. Барем не тој ден. Но ги видовме високите гнезда сместени во карпите. По некои триесетина минути стигнавме до Врело, една мистично убава подводна пештера за која ќе речам „Господ знае само колку е длабоко”. Досега се истражени 500 метри хоризонтално и 212 метри вертикално… длабоко, навистина длабоко „сино”… Меѓу најдлабоките во Европа. Но статистиката тука и не е важна. Важна е приказната, а таа вели дека не смеете да живеете во градот Скопје и да заборавите на ова место, па едно десетина години и да не отидете да го видите. Толку од близината или, пак, од небрежноста. А во пештерата Врело, која патем е целосно приспособена за туризам, ќе ги сретнете и колониите лилјаци и барем ќе им објасните на своите деца дека тоа не се грозни животинчиња туку, напротив, многу корисни ендемски суштества. Ќе ја чуете и приказната за „руското езеро”, бидејќи во него зиме првпат се избањал рускиот амбасадор во Македонија. Не знам дали е точно, но приказната е шармантна.Приказната тука ја завршувам. Исполнив само еден дел од зацртаното. Не, Матка не може да се види во еден ден. Затоа е и убава. Приказната секогаш продолжува… За Матка-мајката родителка, за „Св. Богородица” – храмот на денешниот женски манастир изграден во 14 век, за манастирот „Св. Јован Златоуст”, за Марковата Нога, за Градец, за…А дали знаете дека во кањонот на Матка е зачувано и извонредно богатство на автохтона флора и вегетација со истакнати реликти и ендемити. Во пукнатините на карбонатните карпи се среќава и Наталиевата Рамонда, едно растение што се користи за компресирање на храната за астронаути.

пред 7 години

Нема фотографија

13 работи кои туристите треба да ги направат во Скопје

Интересен, безмислен, креативен и инспиративен - ова се сите придавки со кои странците најчесто го опишуваат Скопје. Сите тие кажуваат дека Скопје е мал град, но полн со места кои треба да се посетат и откријат.Навистина е тешко да се направи селекција на работи кои треба да се направат и места кои треба да се посетат во Скопје. Ова е нашата предлог листа:Уживање во убавите споменициБесплатна тура низ скопските знаменитостиПрошетка низ старата скопска чаршијаКраток шопинг на Бит ПазарВкусна македонска хранаПосета на старата железничка станицаПрошетка низ куќата на Мајка ТерезаТура низ мостовите во СкопјеИстражување на црквата Св. СпасИскачување на тврдината КалеВодно и жичницатаИстражување на Кањонот МаткаРакија или пиво – двете вредат да се пробаат

пред 7 години

iPiccy-collage_1000x0

Бившиот маж на Дара не отстапува од тужба против Карлеуша: Мора да плати 25.000 евра, ќе ја гонам до Стразбург

Милан Кесиќ, бивш сопруг на Дара Бубамара, вели дека нема да отстапи од тужба против Јелена Карлеуша и дека ќе биде принуден да ја гони до Сразбург, ако има потреба.Спорот меѓу пеачката и бизнисменот од Франција датира од пред неколку години, кога Карлеуша спрема неговите тврдења, неовластено ја обработила песната "Крими работа". Ќесиќ кој е автор на спорната нумера која прво е објавена во странство, тој се обидел со Јелена да се договори вон судот, но тоа не завршило успешно. Тужба е поднесена 2015 година, постапката е во тек.Ни Дара неможе да и помогне на ЈК. Инаку Бубамара и Карлеша биле во кавга кога е подигната тужбата.Во време кога тужбата е поднесена, таа и Дара не зборувале, притоа постојано се карале преку медиумите, па дури завршиле и на суд. Оваа година се смириле, па Јелена гостувала на концерт на Бубамара. Сега нивниот приватен однос нема врска со спорот кој Кесиќ го води со Карлеуша , а со самото тоа Дара и неможе многу да влијае на бившиот сопруг да ја повлече тужбата против стара-нова пријателка.Следно рочиште закажано е следниот месец кога и двајцата треба да се појават на суд и дадат свои искази, пренесуваат медиумите.- Точно е тоа, следниот месец е рочиштето меѓу мене и Јелена, на 12 декември во Белград. Неможам да се повлечам бидејќи тужбата е поднесена од Ikbal N'kouboi, чие уметничко име е TLF. Тој има договор со мојата фирма , а јас го застапувам. Карлеуша немаше дозвола ни за снимање ни за изведување на песната "Крими работа", а во оваа ситуација ништо неможам да помогнам, иако знам дека сега таа е во добри односи со Дара.- Мојот адвокат проба со неа вон сутски да се договори, но таа не сакала, воопшто и не се огласила. Клиентот кој го застапувам несака да се повлече од процесот и ќе оди до крај, ако треба и до Сразбург. Нашата отштета изнесува 25.000 евра и тоа Јелена ќе мора да ни го плати, во спротивно тие пари принудно ќе се наплатат со блокирање на сметка или заплена на имот. Жал ми што вака излезе – заклучува Милан.

Магазин | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

Која е Надежда – мајката на Груевски и сестра на првиот министер за внатрешни, Јордан Мијалков

Сопругата на избеганиот осуден пратеник и експремиер Никола Груевски Боркица и мајка му Надежда не се со него во Будимпешта, туку се во земјава и тие ѝ дозволиле на полицијата да го бара кај нив, кажа вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Никола Груевски е роден во Скопје. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тој е доктор на науките во белградскиот Универзитет и пред тоа долгогодишен професор на Шумарскиот факултет на скопскиот Универзитет.Мајка му Надежда е од Штип, сестра е на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија – Јордан Мијалков“-пишува во биографијата на Груевски,поранешен долгогодишен македонски Премиер.На Груевски секогаш му била важна улогата на неговиот вујко во неговиот живот и кариера.Современици на Јордан Мијалков кажуваат дека тој многу и помогнал на неговата сестра Надежда, откако таа се развела со таткото на Никола, кога тој бил уште многу мал.Последен пат, експремиерот Никола Груевски со својата мајка Надежда во јавноста се појави кога го бранеше докторатот.Тогаш ја немаше неговата сопруга Боркица, но тука беа неговите две ќерки.

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ не се посветеше на богатењето, Скопје немаше да биде најзагаден град

Нема поголемо расипништво од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ го парите на граѓаните се трошеа на лажен барок, споменици и криминални тендери за лични богатења. Наместо да го решава проблемот со загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше  зеленилото, ја загрозуваше животната средина, а Скопје стана еден од најзагадените градови во Европа, велат од владејачката СДСМ.Според нив доколку на проблемот со загадувањето ВМРО-ДПМНЕ му посветеше барем половина од вниманието што го посвети на криминалот и личното богатење, немаше Скопје со години да биде на врвот на листата на најзагадени градови во Европа.„Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, општините, Градот Скопје и останатите надлежни институции,  преку низа мерки започнаа да го решаваат проблемот со загадувањето на воздухот.Со усвоениот План за чист воздух ќе се делува системки на краток, среден и долг рок, со цел веќе од следната година загадувањето да биде намалено двојно“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека започнува серија на стратешки мерки, за кои покрај редовните средства одвоени се и дополнителни, нови 1.5 милиони евра.„Со овој план 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучак за гас.Ова се само дел од мерките преку кои ќе се решава долгогодишниот проблем со загадениот воздух.Сите се свесни дека има уште многу предизвици, уште многу работи треба да се направат, но по цела деценија непреземање ништо, надлежните работат на системско решение и долгорочни ефекти. Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ“, стои во соопштението

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања