Скопје1.мк

kasogi-1

ЦИА: Саудискиот принц Мохамед го нарачал убиството на Кашоги

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) смета дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави Вашингтон пост.ЦИА до ваквиот заклучок дошла врз основа на сознанијата од повеќе извори на разузнавачките служби, вклучувајќи и од телефонските разговори на братот на престолонаследникот, принцот Халид бин Салман и на саудискиот амбасадор во САД со Кашоги, за кои сведочеле луѓе блиски до кралското семејство.Според овие сведочења, принциот Халид му рекол на Кашоги дека треба да оди во Саудискиот генерален конзулат во Истанбул со цел да ги земе потребните документи, гарантирајќи му дека е безбеден.Саудиската амбасада во Вашингтон соопшти дека амбасадорот и Кашоги никогаш не разговарале за негово заминување во Турција, и додаде дека сознанијата на ЦИА се лажни.„И натаму слушаме различни теории без основа за таквите шпекулации“, изјави таа.Сепак, според „Вашингтон Пост“, ЦИА е уверена дека нејзините сознанија се точни, истакнувајќи дека станува збор за „најконкретни докази досега“, кои го поврзуваат принцот Мохамед бин Салам со убиството на Кашоги. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Иванов во официјална посета на Јордан

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова престојува во официјална посета на Хашемитското Кралство Јордан.Денеска, во Кралската палата Ал Хусеин во Аман, претседателот Иванов со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин.Во рамки на посетата, претседателот Иванов ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, Омар Разар, со претседателот на Сенатот, г. Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом г. Атеф Таравнех, како и со членовите на Претставничкиот дом.За време на посетата на Јордан, македонскиот претседател ќе одржи предавање во Советот за светски прашања, на тема: „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“, и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула.Сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, во рамки на дамската програма ќе оствари средба со Кралицата на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Ранија Ал Абдула, и ќе ги посети Фондацијата „Jordan River“, невладина организација чијшто фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и Детскиот музеј „Јордан“, кои се основани од Кралицата Ранија.

Македонија | пред 7 години

IMG_1510

Баделки ја победија екипата на ЖКК „Патриот 2016“

Кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода на домашен терен убедливо ја победија екипата на ЖКК „Патриот 2016“ од Делчево, со резултат 89-40.На натпреварот кој се одигра во рамки на четвртото коло од јуниорската лига во женска кошарка предводеше Марковска со постигнати 30 поени во кошот на клубот од Делчево.Додека, Блажевска забележа 18, Ѓуковиќ, Цветановска, Глигорова и Даниловска дадоа по 6 поени. Тренчевска и Зукорлиќ завршија со по 4 поени.

Спорт | пред 7 години

zdravko-colic-koncert

ФОТО: Момче преку оглас бара девојка која била на концертот од Здравко Чолиќ

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали лубрикантите за кои владата потроши 1,6 милиони евра се поважни од животите на граѓаните кои се жртви на загадувањето?

Нема крај на расипништвото на власта. Криминалниот картел на власта го покажа своето вистинско лице, нема повеќе лажна скромност. Власта за своите лични удобства, за нови автомобили и мебел ќе потроши 7 милиони евра пари на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.„Одродената и криминална власт на аболицираниот Заев ќе потроши 3,7 милиони евра за нови возила и 3,3 милиони евра за нов мебел, додека за наводниот „стратешки приорите“, борбата со загадувањето ќе потроши само 1,5 милиони евра. Дали луксузните автомобили и мебелот се поважни од здравјето на граѓаните, од воздухот кој го дишат граѓаните?Дали лубрикантите за кои владата потроши 1,6 милиони евра се поважни од илјадниците животи на граѓани кои се жртва на загадувањето на воздухот.Светската здравствена организација во последниот извештај прикажа поразителни податоци дека 3 илјади лица годишно се директна жртва на загадувањето. Токму поради оваа причината ВМРО-ДПМНЕ предлага итни мерки против загадувањето!Предлагаме итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс.МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето.Веќе не станува збор за политика, станува збор за човечки животи. Овие мерки се мерки кои живот значат!“ се наведува во соопштението на опозициската партија

Македонија | пред 7 години

RSBSP_01

РСБСП: 18 ноември – Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди!

Смрт и крв на патиштата! Сообраќајни незгоди, загубени човечки животи, голем број настрадани лица со трајни телесни повреди, уништени семејства, огромни материјални загуби. Тоа е едната, онаа болна и црна страна на патиштата ширум светот, за која сите ние секојдневно сведочиме.Според податоците на СЗО, годишно, во сообраќајни незгоди животот го губат околу 1,3 милиони луѓе, што претставува 2,2% од глобалната смртност. Овие податоци покажуваат дека над 3.500 лица дневно умираат како последица на сообраќајни незгоди, а околу 140.000 лица се повредени. Од нив, дури 15.000 лица се здобиваат со трајни последици - траен инвалидитет.Црната статистика, во светски рамки, покажува дека годишно околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, го губат животот во сообраќајни незгоди, односно околу 1100 лица, секој ден.Според СЗО, сообраќајните незгоди претставуваат трета причина за смртност кај децата на возраст од 5 до 9 години, втора причина за смртност кај децата на возраст од 10 до 14 години и кај младите на возраст од 20 до 24 години, а прва причина за смртност кај децата на возраст од 15 до 19 години.Во Република Македонија, на годишно ниво, околу 160 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а повеќе од 6000 лица се повредени.Бројките се навистина  загрижувачки, но не станува збор само за бројки, туку за човечки животи и семејни судбини. Патиштата сѐ повеќе наликуваат на бојно поле каде се случуваат трагедии без крај, се пролева многу крв и се испишуваат тажни семејни приказни...Многумина би рекле: „да имаат патиштата душа и да може да зборуваат имаат многу да кажат и многу да нѐ научат. Ни најастрашните сцени од хорор филмовите не можат ни приближно да ја доловаат таа страшна, но вистинска слика што секој ден се режира на патиштата ширум светот.Се поставува прашањето, дали таа слика можеме барем за миг делумно да ја промениме?Се разбира дека можеме, и мораме. И не само за миг, и не само делумно, туку целосно и трајно.Не можеме и не смееме да го прифатиме фактот дека сообраќајните незгоди се само нечија судбина која не сме во можност да ја смениме. Не смееме да се доведеме во ситуација да се плашиме да чекориме по улиците, да се плашиме дали безбедно ќе пристигнеме во својот дом, да стравуваме дали нашите деца безбедно ќе стигнат до училиште, дали безбедно ќе ја преминат улицата... да  стравуваме од секој нов ден и од она што тој ќе ни го донесе.Свесни за сериозноста на предизвикот кој многумина го нарекуваат „чума на 21 век“, Обединетите Нации ја прогласија декадата 2010-2020 како декада за безбедност во сообраќајот на патиштата, а третата недела од месец ноември ја прогласија за недела на „Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“.По повод „Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“, 18 ноември,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите надлежни институции да ја издигнат безбедноста на сообраќајот на патиштата на врвот на агендата на дејствување, но исто така, апелира до секој поединец - учесник во сообраќајот, да покаже повисоко ниво на свест и одговорност во сообраќајот.Црната слика на патиштата можеме да ја промениме само ако секој поединец, учесник во сообраќајот, го даде својот личен придонес за побезбеден сообраќај.Покрај онаа црната и морбидна страна, животот има и една друга убава страна покриена со љубов, насмевки и среќа. Покрај црната слика, патиштата имаат и една друга многу поубава: патувања исполнети со радост,  доживувања и спомени.Животот е патување кое треба да го исполниме со лубов и весела содржина. Да го направиме секое патување вистинско доживување. Да ја смениме приказната на патиштата со среќен крај.Од нас зависи! Вози одговорно! Почитувај ја сообраќајната сигнализација, почитувај ги сообраќајните правила и прописи, почитувај го животот!За среќен крај на секое патување ;)

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Зајакната полициска контрола во Скопје, кај 21 возач утврдено присуство на алкохол

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 17/18.11. 2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.„Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 120 возачи, a кај 21 од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. Откриени се и 46 останати прекршоци. Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената сроведена е акциска контрола на 17.11.2018 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот, при што констатирано е дека 32 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 32 мандатни платни налози. Исто така констатирани се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 22 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози“, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Албанец се обидел да ја прикрие забраната за влез во земјите членки на ЕУ

На 17.11.2018 година во 11,00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Р.Македонија  при пасошка контрола на Х.Б.(25) од Р.Албанија, на неговата албанска патна исправа било констатирано дека  станува збор за прелепуван дел од друга патна исправа, со цел да прикрие забрана за влез во земјите членки на Европска Унија. Лицето е приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka1-1

Охриѓанец се здобил со изгореници откако возилото му се запалило во движење

На 17.11.2018 година околу 22,30 часот на регионалниот пат Охрид - Свети Наум додека Ц.К.(33) од Охрид управувал патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, возилото се запалило во движење, Ц.К. изгубил контрола над него и излетал од патот.Во незгодата со тешки телесни повреди (изгореници) се здобил возачот, кој е пренесен во Општа болница Охрид.Извршен увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Скопјанец се обидел со туѓ пасош да премине граница

На 17.11.2018 година во 10,30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Р.Македонија , при пасошка контрола на Х.Ф.(23) од Скопје утврдено било дека македонската патна исправа којa ja приложил на увид припаѓа на друго лице.При извршен преглед кај лицето е пронајдена негова косовска лична карта на име Е.Л.(21) од Феризај - Косово.Лицето е приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Исчезната 69-годишна жена од Куманово

На 17.11.2018 година во 23,30 часот во СВР Куманово Љ.Н.(28) пријавил дека неговата мајка С.Н.(69) од Куманово на 16.11.2018 година околу 15,30 часот излегла од нивниот дом во село К'шање и не се вратила дома.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(Фото) Жирафата и негувателот Ристе од ЗОО Скопје станаа вирален хит

Фотографии од Зоолошката градина во Скопје, кои станаа вирален хит низ Европа !Фотографот на „Нова Македонија“, Горан Анастасовски, успеа преку неколку фотографии да раскаже приказна за љубов, пријателство, посветеност… И тоа беше повеќе од доволно да го обиколат светот.Негувателот Ристе и жирафата од ЗОО во Скопје се најдоа првин на сајтот „Bored Panda“, благодарение на фотографот Анастасовски, кој и ги сподели, по што следеа објави и на други светски медиуми како beetzer.com; shnyagi.net; pressa.tv; а една и од омилените фотографии на уредниците од „National Geographic“.Силната порака која ја прави оваа приказна покажа дека сепак не е се така сиво, може да биде и бело и жолто и кафено.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Битола, повреден 60 годишен пешак

На 18.11.2018 година околу 01.15 часот на улица „Смилевски Конгрес“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило "Мерцедес" со битолски регистарски ознаки, управувано од И.К.(27) од Битола, патничко моторно возило "Пежо партнер" исто така со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(28) од Битола, a бил повреден пешакот З.Ј.(60) од Битола.По незгодата З.Ј. е пренесена во Клиничка болница Битола каде од страна на доктор и биле констатирани тешки телесни повреди.Извршен увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

46323402_10157133146876111_8563025449364488192_n

Марш на толеранција „Викни силно против насилно“ денеска во Скопје

Во пресрет на Меѓународниот ден на толеранција (16ти ноември), Хелсиншкиот комитет за човекови права го организира десеттиот Марш на толеранција, кој ќе се одржи на 18ти ноември, 2018 година, недела, со почеток во 12 часот пред Музеј на Град Скопје.„Политичко-општествените случувања во изминативе децении создадоа контекст во кој премногу често се прибегнува кон употреба на разни форми на насилство, контекст во кој омразата континуирано ја разорува кревката општествена кохезија во нашата земја. Денот на толеранцијата во 2018 година е токму посветен за борбата насилството од омраза што во нашата земја станува секојдневие. Затоа упатуваме јасна порака до сите институции во Република Македонија серозно да се посветат на унапредување на механизмите на санкционирање на насилството од омраза кое е сè поприсутно во нашето општество“ соопшти Хелсиншкиот комитет.Оттаму додаваат дека делата од омраза немаат ефект на изолирани случаи, напротив, тие често имаат потенцијал да иницираат нови инциденти, да отворат поширока спирала на насилство, па и да кулминираат до точка на несогледливи последици. Тие, како ѓто се наведува, придонесуваат за градење на атмосфера во која насилничкото однесување е вообичаено, прифатливо па иодобрувано.„Особено загрижува влијанието врз светогледот на помладите луѓе затоа што овозможува пренесување на штетните шаблони на однесување од генерација на генерација. Борбата против насилството од омраза мора да започне со градење на позитивна средина во која сите се чуствуваат како дел од општеството со потенцијал за промена. Исто така загрижува и постојаната неказнивост на говорот и делата од омраза која мора да запре. Особено говорот на омраза е присутен на социјалните мрежи без можност тој да биде санкциониран и отстранет“ се наведува во соопштението.Санкционирањето на овие дела, според Хелсиншки, е првиот и суштински исчекор за превенција на идни случаи, но, образовниот систем и медиумите се исто така клучна алка во процесот на градење на вистински ненасилна култура и похумано општество.Поради тоа, на јубилејниот десетти марш ќе се упати апел до сите релевантни општествени чинители за креирање широк фронт за борба против овие појави кои што го загрозуваат животот и основните права на човекот. Нивната порака е дека вистински промени се можни само со респонзивни институции и свесни и одговорни граѓани кои го препознаваат и реагираат против насилството насекаде -во домовите, училиштата, стадионите, на улиците и во виртуелниот простор.Маршот е поддржан од организациите: ЛГБТИ Центар за поддршка, Цивил- Центар за слобода, Национален Ромски Центар, ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Реактор – Истражување во акција, КВИР СКВЕР Скопје, Коалиција Маргини, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – Глас против насилство и МОФ- Младински образовен форум.Рута: Музеј на град Скопје – Улица Македонија – плато пред Универзитетот на ЈИЕ во старата скопска чаршија

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно и студено време, попладне се очекуваат врнежи од снег

Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд.Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.Кон крајот на денот и во скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

Македонија | пред 7 години

45392881_2000033960059895_8772579270263308288_n

Египќаните вечерва организираат голем културно сценски настан во Охрид

Вечерва во Охрид со изложба, обраќања и концерт на годинешната средба на македонските Египќани во Охрид.Во организација на Здружението „Пирамида ЗЕМ“ Од Охрид вечерва во Центар за култура Григор Прличев во Охрид ќе се отвори изложба на стари фотографии низ кои се прикажува дел од фото документацијата која го покажува животот на Египќаните на овие простори во последниот век.Изложбата за отворена ќе је прогласи познатиот историчар Доц. Д.р Никола Митровиќ Бабе.По ова во големата сала на центарот ќе се одржи официјално доделување на благодарници на личности и институции кои на одреден начин се помагатели на Египќаните во Охрид, а свои обраќања ќе имаат Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и советникот на Египќаните Бесим Демиров.По ова ќе следува музички дел.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Охрид авионски се поврза со Виена

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, попладнево пристигна првиот лет на компанијата „Визер“ од новата авионска линија од Охрид кон Виена и обратно.Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, како и градоначалникот на Струга, Рамис Мерко и директорите на агенцијата за туризам и ТАВ, Љупчо Јанески и Алп Ер Тунга Ерсој беа дел од свечениот пречек на патниците.Оваа авионска линија ќе биде трет редовен лет што ќе оперира од охридскиот аеродром.

Македонија | пред 7 години

spienje

Времето кога одиме да спиеме е индикатор дали се храниме здраво

За добар баланс во организмот не е доволно само да спиеме по осум часа на ден. Според едно истражување, времето кога одиме во кревет игра важна улога во одржувањето идеална телесна тежина.Имено, апликација што ги бележи податоците за вежбање, спиење, внес на храна и алкохол покажа дека оние кои си легнуваат по 23 часот внесуваат во просек по 220 калории повеќе од оние кои си легнуваат порано.Според овие податоци, оние кои одат на спиење по 23 часот почесто консумираат брза храна и алкохол.„Оние кои си легнуваат порано речиси во целост применуваат здрава исхрана. Добиените податоци се во согласност со оние од претходни истражувања според кои луѓето доцна навечер јадат храна што содржи повеќе масти и шеќери“, вели Кристин Ашер, која работела на истражувањето.

Магазин | пред 7 години

Zivotni

Собира мртви животни по патиштата и нивното месо им го послужува на гостите

Раф Керол од американската држава Вашингтон одлучи да заштеди на купување храна за своето семејство (и гостите) така што ги собира труповите на животните прегазени на патот и го користи нивното месо за храна.Дивечот собран од патиштата е дел од нивната традиционална божиќна вечера, но рече дека гостите често се шокирани кога ќе слушнат што јадат, но уште повеќе се изненадени што храната е многу вкусна.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10213404955218846&set=a.1406641406572&type=3Кога имал само десет години, неговиот татко пронашол мртов елен на патот и го подготвил за вечера, а неговиот син се сетил на тоа кога бил женет и бил во финансиски проблеми.Неговите три ќерки пораснаа на исхрана заснована на месо од животни што ги наоѓаше по патиштата.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10211866681962976&set=a.2124866601753&type=3Од трупот на еден елен добива околу 30 килограми месо со кое неговото семејство се храни со месеци, но најголем „улов“ му бил трупот на мечка.„Од него добивме 55 килограми месо и искористивме многу маст. Малку сало им дадов и на пријателите кои од него правеа сапун или пржеа крофни на маст", објасни тој, додавајќи дека месото од мечка има вкус сличен на свинско месо.

Магазин | пред 7 години

slika-1

Мицкоски: Државата бесплатно создава кадар без да го искористи потенцијалот на тие образовани луѓе

Денеска Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со панел дискусија го прослави Светскиот ден на студентите. На панел дискусијата присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Иванка Василевска член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Јован Јаулески в.д. претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој доаѓа од професорската фела го посочи иселувањето на младите од Македонија  како еден од најголемите проблеми на државата.„Студентите се движечката сила на едно општество, моторот на промените, иновативноста, цутот на секое општество. Најдобар синоним за младиот човек е слободата, кога ја има, тогаш тие поместуваат граници, создаваат и креираат критериуми, вредности, а кога ја нема, тие се искрата од која почнуваат промените. Денес за жал нашата земја го живее можеби најцрното време. Студентите ја губат слободата, и некој ќе праша како е тоа можно, можно е кога тие имаат празен стомак, стипендии кои доцнат и не се зголемуваат, услови за сместување кои не се подобруваат, наставна програма која не се реформира, стандарди кои го пробиваат дното, глас на млади кој не се слуша“, вели Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ниту еден универзитет во Македонија не се наоѓа на Шангајската листа на најдобрите илјада универзитети во Македонија, а студентите кога ќе завршат со своите студии не можат да најдат работа.„Најтешко ми паѓа кога ќе заврши дипломската работа и со колегата студент ќе разговараме околу тоа каде од утре планира да замине, во која држава, во која фабрика планира да работи. Во просек секој втор тоа го прави веднаш по дипломирањето. Во генерација во која дипломираат 40-50 студенти можеби 30-35 студенти одлучуваат да заминат. Од сето тоа губи државата затоа што бесплатно создава кадар за други потреби. Односно троши пари, а тие пари заминуваат трајно, без државата да го искористи максимум потенцијалот од тие образовани луѓе. Има многу мотиви за нивното заминување, а најчест е финсискиот или егзестенцијалниот. Тоа значи дека треба да се обезбеди соодветна добро платена работа и доколку тоа го обезбеди државата, голема е веројатноста дека поголем дел ќе останат“ изјави МицкоскиСпоред Мицкоски доколку се привлечат странски директни инвестиции кои добро би ги платиле младите луѓе, тогаш тие многу потешко би се одлучиле да заминат од Македонија. 

Македонија | пред 7 години

Untitled-1-copy

Изложба на Стефан Димовски во понеделник во МКЦ

Во Галеријата МКЦ на 19.11.2018 (понеделник) во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на Стефан Димовски. Негови дела се наоѓаат во повеќе институции иприватни колекции во земјава и странство. На изложбата авторот ќе се претстави со 30-ина дела во комбинирана техника.  Тој започнува да се занимава со акварел во 1995. Долгогодишниот престој во Франција му oвозможува да воспостави контакти со познати акварелисти и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим) – MDS CATALOGO INTRNAZIONALE  D`ARTE MODERNA no.11 (EDITRICE  D`ARTE CIDA ROMA 2010/2011). Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12 саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. (FOIRES AUX CRОUTES DES PEINTRES ET DES AQUARELLISTES - Saint Raphael, France 2011).Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање, во организација на ПАКОМАК. Во 2015 година станува член на ДЛУМ и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во Р.Македонија како и во странство. Во 2017 добива награда „ЗЛАТНА ЧЕТКА“ од ДЛУМ на МиниАРТура во НЛБ галерија. Во 2018 година заедно со Ангел Димовски Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претствува Македонија на WORLD ART DUBAI во организација на Matchboox gallery Skopje, каде што истата галерија е номинирана во 10 најдобри галерии во конкуренција од 42 галерии и 157 уметници..Во неговите дела покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепиа, пастел).

Магазин | пред 7 години

Ohrid-Viena-3

ТАВ Македонија го пречека првиот лет од Виена на Охридскиот аеродром

ТАВ Македонија попладнево го пречека првиот лет на Wizz Air од Виена на Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, одбележувајќи го отворањето на новата авиолинија и новата дестинација од македонскиот туристички центар, Охрид.„Воздухопловот на Wizz Air од типот Ербас А 320, со капацитет од 181 патник патник пристигна од главниот град на Австрија на Охридското Езеро во 17 часот, а половина час подоцна, воздухопловот полета од охридскиот аеродром кон ВиенаНовата директна линија Виена-Охрид-Виена ќе сообраќа во текот на целата година, почнувајќи од денеска, 17-ти ноември, за почеток – два пати неделно, односно секој вторник и секоја сабота, со време на пристигнување на Аеродромот Св. Апостол Павле во 17:00 часот и време на заминување кон Меѓународниот Аеродром Виена во 17:30 часот.Од 4-ти декември, времето на пристигнување во Охрид ќе се промени во 12:30 часот, додека времето на заминување назад кон Виена во 13:00 часот, во истите денови. Од 20-ти декември пак, Wizz Air ќе ја зголеми фреквенцијата на оваа линија, односно ќе има лет и во четврток, со време на пристигнување на аеродромот во Охрид во 12:40 часот, а време на заминување кон аеродромот во Виена – 13:10 часот“, велат од ТАВ Македонија.Менаџментот на ТАВ Македонија изрази огромно задоволство за континуираниот развој на мрежата на авиолинии на охридскиот аеродромот Св. Апостол Павле.-Со додавањето на Виена како нова редовна авиолинија и како нова дестинација од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, ТАВ Македонија, не само што ја проширува својата мрежа на авиолинии, туку исто така ја отвора Австрија како нов дојдовен пазар за патници и туристи на прекрасното Охридско Езеро. Во исто време, сите граѓани кои што живеат во регионот на Охридското Езеро, во Охрид, во Струга, но и во сите општини долж охридското крајбрежје, од македонска страна, но и во соседните држави, ќе имаат можност да го користат директниот лет Охрид–Виена како прифатлива конекција за патување во Австрија. Дополнително, развојот на пазарот на оваа авиолинија ќе биде шанса за авиокомпаниите, за тие да го искористат стекнатото искуство за отворање повеќе нови авиолинии од охридскиот аеродром. ТАВ Македонија и понатаму ќе ги промовира Охрид и Македонија како прекрасна туристичка дестинација на авиокомпаниите и на тур-операторите, со цел тие да воведуваат нови авионски врски и да отвораат нови туристички дојдовни пазари, кои би биле од полза за локалната заедница долж Охридското Езеро и за македонската економија воопшто“, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.Билетите за линијата Виена–Охрид-Виена се во продажба преку интернет страницата на Wizz Air www.wizzair.comСо додавањето на Виена како нова дестинација, на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле сега има 3 редовни линии, Виена, Базел и Цирих, како и 8 сезонски дестинации до: Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, со 11 авиокомпании. 

Македонија | пред 7 години

46336629_10155444281696706_6002271479683612672_o

Хуманитарни пакети за четири установи во Општина Карпош

Во рамки на хуманитарната акција „Подај рака-донирај за својот сосед“, која се организираше по повод Деновите на Општина Карпош денеска од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош беа доделени хуманитарни пакети во Центарот за едукација „ Монтесори“, кој се  наоѓа во ООУ „Аврам Писевски“, во населбата Бардовци, во „СОС Детското село“, во Пунктот за бездомници  при  Црвениот крст на Македонија во „Момин поток“, како и во ЈСУ Психијатриска болница „Бардовци“.Како што истакна и заменик-раководителката на секторот за Дејности од јавен интерес Гордана Зафировска-Стојчевска, локалната самоуправа во континуитет им помага на социјално загрозените семејства и граѓаните  кои живеат на нејзина територија.-Постојано сме во контакт со семејства и граѓани кои се во тешка материјална состојба и согласно нашите надлежности им помагаме преку овие хуманитарни акции, или пак поединечно. Оваа година, освен во традиционалните установи, за прв пат хуманитарни пакети дониравме во болницата „ Бардовци“, со што го зголемивме капацитетот на нашата социјална и хумана помош, нагласи Зафировска- Стојчевска.Во овие установи беа доделени кондиторски производи, средства за лична хигиена,  како и конзервирана храна наменета залицата кои престојуваат во овие установи.

Скопје | пред 7 години

zaev

Заев ќе поддржи амнестија за 27 април

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Алсат М го разјасни својот став што значи помирувањето во Парламентот.-Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Министерството за здравство обезбеди нови 12 возила за Итната медицинска помош

Министерството за здравство, вчера спроведе електронска аукција и обезбеди 12 возила за Итната медицинска помош (ИМП).На денешната прес-конференција, министерот Доц. д-р Венко Филипче потенцираше дека за оваа набавка, министерството испланира 30 милиони и 500 илјади денари, но по спроведената електронска аукција, постигната е цена во вкупен износ од 18 милиони и 300 илјади денари.„При набавката на амбулантните возила постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра“, истакна министерот Филипче и додаде со набавката на возилата се подобруваат условите и на пацинетите им се овозможува услугата која им е неопходна.Примарната здравствена заштита е клучна алка во здравствениот систем и зајакнување на капацитетите на примарно ниво е од круцијално значење за подобра здравствена заштита на граѓаните во Република Македонија.„Набавени се квалитетни возила од реномиран производител. Одлуката за избор на најповолен понудувач ќе биде објавена во понеделник, а договорот ќе биде потпишан за 12 дена, согласно законот за јавни набавки“, рече министерот Филипче.Според препораките на Светска Здравствена Организација, на 50.000 жители треба да има по едно возило на Брза помош. Досега во град Скопје се функционираше со само 6 возила. Со оваа јавна набавка, се обезбедуваат дополнителни 6 возила со што се зајакнуваат капацитетите на Брза помош за 100%, а воедно ги задоволуваме и стандардите на СЗО. Останатите 6 возила ќе бидат распределени низ целата држава во оние здравствени домови каде е најмногу потребно.Министерството е во постапка и на донација на уште 3 амбулантни возила од Чешка кои ќе бидат дополнително распределени.Клучна карактеристика на реформи во примарна здравствена заштита е формирање на тимови на даватели на услуги кои се одговорни за обезбедување на сеопфатни услуги за нивните пациенти. Работиме напорно на реформирање на примарната здравствена заштита, како и зајакнување на капацитетите со опрема, кадар, едукација на здравствените работници и зголемување на платите во здравствениот сектор.„Верувам дека подобрување на условите за работа, набавката на возила и зголемувањето на платите ќе биде дополнителен мотив за Колегите – здравствените работници во давање на квалитетни здравствени услуги, а од сите овие реформи најголем бенефит ќе имаат македонските граѓани“, додаде министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања