Скопје1.мк

violeta-kovacevik

ВМРО-ДПМНЕ презентираше мерки за намалување на загадувањето на воздухот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека воздухот е се позагаден од кога било, а најодговорни за тоа се премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Сопје Петре Шилегов, битолската градоначалничка Наташа Петровска, и струмичкиот „татко“ Коста Јаневски.„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Во услови на температури од 20 степени во тек на месеците октомври и ноември, највисоки во последните 20 години, имаме и рекордна загаденост на целата територија на Република Македонија со ПМ честички. Згора на тоа, секој ден има исклучување на мерните станици од државниот мониторинг систем, со оправдување дека се на сервисирање“, изјави Виолета Ковачевиќ од ВМРО-ДПМНЕ.Таа презентира интервентни мерки кои треба да се преземат.„Конкретно во буџетот за 2019 година да се обезбедат средства за најмалку 3 статични и 4 мобилни мерни станици. Статичните мерни станици да бидат поставени во: Битола, во близина на РЕК, Кичево и во близина на „Дрисла“. Мобилни мерни станици да бидат поставени во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец. Ваквата распореденост, во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот, е со цел да ги контролираат состојбите во тие градови и општини. Секако, до периодот потребен за нивна набавка и поставување, да се обезбеди покриеност со мерење, со инструменти во сопственост на универзитетите во Република Македонија, заради континуитет во  информирањето. Да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини“, рече Ковачевиќ.Исто така, ВМРО-ДПМНЕ предлага да се обезбедат средства за набавка на печки на пелети и пелети, а тие средства да бидат обезбедени во буџетот за 2019 година, како најинтервентна мерка, наместо субвенционирање во набавка на дрва на социјално загрозените семејства, да им се исплатат средства за сметките за потрошена електрична енергија, да се забрани употреба на петрол, кокс, особено во услови на грејна сезона, да се овозможи, со поддршка на МВР, пренасочување на движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на загаденост, да се започне во 2019 година со градба на секундарната гасификациона мрежа, паралелно со примарната и да се врши редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.„Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето. Инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле. Да се чистат сите диви депонии, особено да се инспектираат секојдневно оние локации каде што се пали отпадот со намера и да се изречат казнени мерки. Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето“, рече Ковачевиќ.Таа додаде дека ова се само сет од мерките што во прва фаза ги предлага Комисијата за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, а кои ги имало во партиската програма.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Снег во Маврово, Крушево и Лазарополе

Падините на Маврово и повисоките места во Крушево утрово се прекриени со снежна покривка.Според најновите информации од УХМР, до 7 часот утринава висината на снежната покривка во Маврово е 6 сантиметри, 4 во Лазарополе и 4 во Крушево.Во Берово утрово било најстудено со измерни – 5 степени, потоа во Маврово – 3,  -2 Крушево, -1 Крива Паланка, Лазарополе, Куманово, 0 Пожаране, Тополчани и Ѓуриште, 2 Претор, Прилеп, Виница, 3 Охрид, Битола, Дебар, 4 Тетово, Скопје-Петровец, Штип, 5 Скопје-З.Рид, Струмица, Д.Капија, 6 Гевгелија и Дојран.Преку ноќта и изутринава беше претежно облачно, во западните и јужните делови со локален дожд, а на повисоките места и на планините со снег.До крајот на денот ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег особено во јужните и западните делови. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.Утре времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.Утре кон крајот на денот и во скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

Македонија | пред 7 години

ke_se_vrab_vo_grad_sko

Започнува присилна наплата на комуналната такса

Од Град Скопје ги известуваат сите таксени обврзници, дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за 2017 година.„Сите таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски.Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, таксениот обврзник може да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16, секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот.Напоменуваме дека во тековната година, односно во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои се доставени до таксените обврзници.Доколку по ваквото решение не се постапи, се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

556

(ВИДЕО) Нелоска: Го допревме дното со лоши услови за работа во здравството

Здравството во Македонија тоне од ден во ден. Го допревме дното со лоши услови за работа, напади на медицински персонал, измалтретирани пациенти. Што се случуваше деновиве? Нападнат медицински персонал на Клиника за токсикологија, нападната медицинска сестра на „Карил“, напад на медицинско лице на Детската клиника, а претходно скандал со претепаната медицинска сестра во детската болница „Козле”, изјави Ленче Нелоска на денешната прес-конференција.„Дали министерот за здравство воведува вондредна состојба на Клиничкиот центар? Замислете, не му се давале пари за ангажирање за агенција за обезбедување на Клинички, па затоа разговара со колегите од внатрешни и одбрана. Сака полицајци или војници да патролираат во кампусот клиники! Среќна Нова 1949 година!!!„, изјави Нелоска.Според неа, Министерот за здравство, Филипче сака да се најдат лица кои се плаќаат од Буџетот, меѓутоа од друго министерство.– Министерот со ова покажува дека воопшто не му е грижа за медицинскиот персонал. А, секако не му е грижа ниту за пациентите, зошто во вакви пресметки кога граѓани од различни причини напаѓаат медицински персонал секој може да настрада. Министерот смета дека, дека да се плати обезбедување на здравствените установи е премногу скапо, односно безбедноста на докторите, сестрите, пациентите е премногу скапо. Но не смета дека е премногу скапо кога планира 35 милиони евра годишно за биохемиски реагенси, и за тоа кој ќе го добие тендерот. Ниту пак смета дека е скапо да се плати 1,5 милион евра за лубриканти. Тогаш тој многу се грижи за парите, рече Нелоска.Според неа, постапките говорат дека кадрите на СДСМ се однесуваат исто како Заев.– Ваквото однесување е само уште еден доказ дека станува збор за криминална и однародена власт. Време е веќе да се стави крај на ваквото министерување на министерот за здравство. Време е да се стави крај на уништувањето на здравствениот систем. Филипче мора да замине, рече Нелоска.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Лицето од Сарај кое беше исчезнато, се вратило дома

Вчера во Полициско одделение Сарај С.И.(44) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот дома се вратил неговиот брат С.С.(36) кој бил пријавен за исчезнат на 14.11.2018 година.Настанот е објавен на сајтот на МВР на 15.11.2018 година.

Скопје | пред 7 години

brza-pomos

Повреден работник во фабрика во Велес

Вчера во 10.50 часот во Полициска станица Велес од Болница Велес е пријавено дека кај нив било донесено лицето Г.А.(51) од Велес со тешки телесни повреди.Лицето со повреди се здобило при работа во фабрика во населба Речани, велешко.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Битолчанец удрил во пешаци

Вчера околу 20,50 часот во Битола на крстосницата од улица „Партизанска“ и крак од улица „Партизанска“ Н П.(35) од село Новаци управувајќи патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешаците Т.М.(73) и К.М.(71) од Битола.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.М. и К.М.  На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, по што се задржани на понатамошно лекување.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Времен сообраќаен режим поради протестот пред Собрание

Поради утрешниот протест организиран од страна на Семакедонски Национален конгрес што  ќе  биде одржан  пред Сообрание на Република Македонија, од 12 часот ќе  биде  воведен времен режим на сообраќај на улица „11-ти Октомври“ и тоа на потегот од крстосница помеѓу булевар „Кочо Рацин“ и улица „11-ти Октомври“ до  крстосница  помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и улица „Даме Груев“ и од крстосница помеѓу улица „Филип Втори Македонски“ и улица „Кеј 13-ти Ноември“ до крстосница помеѓу улица „Даме Груев“ и улица „Македонија“.Возилата што ќе се движат  по улиците кои гравитираат кон Сообрание на Р.Македонија ќе бидат пренасочени  по улица „Кеј 13-ти Ноември“, улица „Кирил и Методиј’, булевар „Св. Климент Охридски“ и булевар „Кочо Рацин“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Дел од населба Пинтија без вода

Денеска поради уличен дефект ф-5/4“ на ул.Саса 30, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од нас.Пинтија до завршување.

Скопје | пред 7 години

1111

Санкционирани редарите кои ја ја малтретираа жената кај Буњаковец

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на јавноста и се извини за нехуманото и грубо однесување на редарите од Секторот за инспекциски работи во општината.„Од мое име и од име на општина Центар, се извинувам за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.Веќе наредив да се преземат сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени во најбрз можен рок.Сакам да нагласам дека ваквото однесување кон граѓаните нема да го дозволам, бидејќи и ние, избраните функционери, но и општинската администрација работиме и ќе продолжиме да работиме во интерес на сите жители на Центар“, напиша тој.

Скопје | пред 7 години

Zaev

Заев: Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен

Премиерот Зоран Заев во интервјуто на телевизија Алсат М рече дека тој е сигурен дека Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија.-Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност кој сака во државата, почнувајќи од мене, па било кој друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се исправуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски во Пржинскиот договор, испадна дека не се договорил. Се што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

Груевски ја напуштил Будимпешта?

Новинарот Миленко неделковски на својот Фејсбук профил објави дека Никола Груевски ја напуштил Унгарија.„Никола Груевски, од пред еден час, веќе не е во Унгарија.На Евроазиско тло е, на безбедно.Локацијата позната на авторот на објавава.Да не биде дека некој друг прв открил.“, стои во објавата.https://www.facebook.com/MilenkoNedelkovskiDnevnik/posts/2460888660594809

Македонија | пред 7 години

levica

Левица: Владата нема волја да се справи со индустриските објекти кои се најголеми загадувачи

Членовите на политичката партија Левица индивидуално ќе присуствувата на утрешниот протест против загадениот воздух, водејќи се од премисата дека правото на здрава животна средина е секогаш приоритет над правото на профит.„Со последните популистички мерки на Владата за еколошки налепници на возилата и намалување на буџетот за справување со енормното загадување, јасно е дека оваа влада нема политичка волја да се справи со големите индустриски објекти како најголеми загадувачи, туку е спремна единствено да удри по џебот на граѓаните.Додека големите бизниси профитираат од неказнетото работење без еколошки стандарди, секој четврти смртен случај во Скопје е од загаден воздух. ПРАВОТО НА ЖИВОТ Е НАД ПРАВОТО НА ПРОФИТ!“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

1111

(ВИДЕО) Избркана и омаловажена жената што продава бадеми кај „Буњаковец“

Непознати лица ја избркале бабичката која продава бадеми, лешници, малини, спроти пазарот „Буњаковец“ на булеварот „Партизански одреди“.https://www.facebook.com/martinez.cvetkovski/videos/10217704795237547/UzpfSTEwMDAwMDI2MzcxMDQ0MToyMjAzNzA0MTY5NjQ4MzUy/“Пред 15 минути, бев сведок на нечовечност , нехуманост, незнам како да го наречам – Животно не е бидејќи тие имаат чувства, човек па ич , туку суштество без ниту малку жал….Сигурно ја знаете бабичката која секој ден седи пред “Солета” на Партизанска – карши пазарот “Буњаковец” која продава малини, бадеми, лешници , ореви, и било што само за да заработи некој денар.Кој живее во близина, работи, и поминува неможе да не ја забележал и запамтил тој мил глас кој довикува ” Ајде малини, бадеми, тазе лешници”, само за да продаде и да заработи некој денар.Епа ова суштество во црната јакна ( незнам дали беше инспектор од негде ) заедно со неговиот колега во кафената јакна од страна ( кој само се смееше и исмејуваше на ситуацијата ), најпрвин зема и ја преврте гајбата со робата, и ја истури од торбата на женичката целата роба, ( момент кој не успеав да го фатам додека уклучам камера), дерејќи и се со секакви погрдни зборови се со цел да привлече повеќе внимание на сметка на омаловажување на оваа мирна бабичка.Откако бабичката ги собра повторно кесите, истиот зема ги искина кесите и и ги истури БАДЕМИТЕ на целиот тротоар, а женичката зрно по зрно ги собираше !!Не би сакал повеќе да објаснувам погледнете го видеото и ќе ви стане јасно за што зборувам….Можеби законски не е дозволено да се продава на ваков начин…. но НЕЈЗИНИТЕ РАЦЕ СЕ ЕДНИ НАЈЧЕСНИТЕ И НАЈЧИСТИТЕ РАЦЕ …ВО ДРЖАВАВА КРАДЕ КОЈ СТИГНЕ, А НЕКОЈ ВАКВИ КОМПЛЕКСИРАНИ СЛУЖБЕНИЧИЊА ОД 120 КГ, ЌЕ ЛЕЧАТ КОМПЛЕКСИ И СИЛА НАД ВАКВИ ЖЕНИЧКИ И БАБИЧКИ,…Само едно прашање ме интересира:Дали ваков начин на “храброст”,и “сила” би демонстрирал на ЗЕЛЕН ПАЗАР, ШУТКА, А КАМОЛИ БИТ ПАЗАР !….МОНСТРУМ !”, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

46317741_255773971764209_8357199638603759616_o

(ФОТО) Се асфалтираат улици во Трубарево

Деновиве во Општина Гази Баба се работи на асфалтирање повеќе улици. Улиците 16 и 14  во Трубарево се веќе асфалтирани, а следуваат и улиците 12 и 10. 

Скопје | пред 7 години

skolo-4

Евидентиран случај на шуга во Карпош

Во основното општинско училиште „Владо Тасевски“, во Козле, Општина Карпош евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга.Инфективното заболување е присутно кај едно лице - ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава.Сакаме да ја известиме јавноста, учениците и сите родители дека нема простор за паника. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција.Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена.Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот.Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник, 19.11.2018 година.

Скопје | пред 7 години

46445254_10155444281481706_4672804193323450368_o

Хуманитарни пакети за четири установи во Општина Карпош

Во рамки на хуманитарната акција „Подај рака-донирај за својот сосед“, која се организираше по повод Деновите на Општина Карпош денеска од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош беа доделени хуманитарни пакети во Центарот за едукација „ Монтесори“, кој се наоѓа во ООУ „Аврам Писевски“, во населбата Бардовци, во „СОС Детското село“, во Пунктот за бездомници при Црвениот крст на Македонија во „Момин поток“, како и во ЈСУ Психијатриска болница „Бардовци“.Како што истакна и заменик-раководителката на секторот за Дејности од јавен интерес Гордана Зафировска-Стојчевска, локалната самоуправа во континуитет им помага на социјално загрозените семејства и граѓаните кои живеат на нејзина територија.-Постојано сме во контакт со семејства и граѓани кои се во тешка материјална состојба и согласно нашите надлежности им помагаме преку овие хуманитарни акции, или пак поединечно. Оваа година, освен во традиционалните установи, за прв пат хуманитарни пакети дониравме во болницата „ Бардовци“, со што го зголемивме капацитетот на нашата социјална и хумана помош, нагласи Зафировска- Стојчевска.Во овие установи беа доделени кондиторски производи, средства за лична хигиена, како и конзервирана храна наменета залицата кои престојуваат во овие установи.

Скопје | пред 7 години

46479657_2068567349856133_8871092033188528128_o

Започнаа подготовките за големата есенска акција за садење

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје деновиве на терен вршат подготовки за претстојната голема есенска акција за садење.„Во рамките на есенското садење ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини. Дрвјата се набавени од Град Скопје, за што од буџетот беа издводени 12.5 милиони денари.На предвидените локации на терен се копаат дупки, се одложува неквалитетната земја и се заменува со плодна земја.Дрвјата во рамките на есенското садење ќе бидат засадени по должина на градските сообраќајници, во средишните жардиниери на булеварите, во парковите, на локации каде што биле исечени, како и во дрворедите каде што треба дополнување“, велат од Град Скопје

Скопје | пред 7 години

46447608_2068777036501831_6027661019940126720_o

Пловечка препрека во Вардар за собирање на пластика

Екипи на Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“ деновиве поставуваат пловечка препрека за собирање пластична амбалажа во коритото на реката Вардар, во Лисиче.Проектот ќе се промовира наредната недела во рамки на Европската недела за справување со отпадот.

Скопје | пред 7 години

gorge-ivanov

Иванов ги повика МВР и УБК да одговорат зошто го следат?

Кабинетот на претседателот на Република Македонија e згрозен од содржината на јавно објавеното решение за притвор на лицето Кирил Божиновски, каде се цитира идентична службена белешка на УБК, како и во случајот на Миле Јанакиески, соопшти Кабинетот на шефот на државата.Од таму додаваат дека на идентичен начин се злоупотребува претседателот на Република Македонија. Единствената разлика во содржината на цитираната белешка е што во првиот случај се посочува на остварена средба со посредник на Миле Јанакиески, а во вториот на средба со посредник на Кирил Божиновски.– Категорично ги негираме изнесените наводи во службената белешка на УБК и информираме дека ниту е побарана, ниту одржана средба со Кирил Божиновски, ниту со негов посредник. Негираме и дека е остварена средба со посредник на Миле Јанакиески. Кабинетот на претседателот на Република Македонија јавно прашува дали се уште незаконското следење на комуникации се прикрива со користење на измислени извори?

Македонија | пред 7 години

Zaev

Заев се сомнева дека Груевски е киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие прашања. Редно е како држава јавно да ги поставиме овие прашања, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.„Јасно е дека избегал со дипломатско возило од Унгарија. Сите докази ќе бидат споделени со јавноста, ќе ги предадеме со Унгарија, но и на Европската Унија”, рече Заев.Сомнежите дека е киднапиран, Заев ги образложи со тоа што Груевски побегнал со дипломатско возило на странска амбасада.„Секоја амбасада е екстериторијална, таму нашиот систем и полиција не може да делува. Од тој аспект прашувам дали доброволно заминал или бил киднаиран. Одговорот на прашањето ќе разјасни многу работи“, вели Заев.Во врска со бегството на Груевски и информациите кои што се појавија во јавноста, тој потврди дека е точно дека тој преку Албанија и Црна Гора избегал во Будимпешта каде што побарал азил. Но, Заев е дециден дека Груевски ,,лаже дека имал закани за животот и немало индиции дека ќе бега”. Според Заев, со бегството експремиерот Никола Груевски ја потврдил вината и рече дека очекува Унгарија позитивно да одговори на македонското барање и да го екстрадира во земјава.Во врска со случајот тој вели дека постои добра соработка со албанските и црногорските власти, со кои се разменуваат информации.

Македонија | пред 7 години

zagaduvanje-sred

Протест за чист воздух во Скопје

Во сабота со почеток во 12 часот жителите на главниот град ќе протестираат пред Инспекторатот на Град Скопје поради загадениот воздух. Тие се организираат преку социјалната мрежа Фејсбук каде е најавен протестот.„Да СТАНЕМЕ сите за чист ВОЗДУХ! За НАС, За ТЕБЕ, За Мене, За НАШИТЕ дома, за НАШИТЕ деца, За СИТЕ НАС!Протестот НЕ Е политички организиран! Организиран е од МЕНЕ, од ТЕБЕ, ОД твоето ДЕТЕ, ОД твоите МАЈКА и ТАТКО, од СИТЕ нас!“, стои во објавата.

Скопје | пред 7 години

policija

Унгарија ќе прати 30 полицајци да ја чуваат македонската граница

Унгарија ќе прати полициски контингент со 30 полицајци во Македонија за да се зајакне заштитата на границата од илегални минувања на мигранти, соопшти унгарското МВР. Оваа вест беше соопштена вчера, еден час откако Кабинетот на премиерот Виктор Орбан потврди дека осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски е во Будимпешта и побарал азил во Унгарија.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски завчера рече дека Груевски ја напуштил Македонија преку илегален премин, но нема официјални податоци за тоа каде точно се упатил и од каде и на кој начин влегол во Унгарија.Според унгарската полиција, контингентот ќе патролира на македонско-грчката и македонско-бугарската граница, а опремен е со теренски возила, уреди за ноќно гледање, рачни термални камери, заради откривање и спречување на илегални преминувања и спречување трговија со луѓе и шверцување нелегални мигранти. Ист таков унгарски контингент со 15 полицајци ќе биде испратен и во Србија.Унгарски полицајци и досега беа дел од европските полициски сили што ја заштитуваат македонската граница од илегални мигранти.

Македонија | пред 7 години

zaev-cipras-pres-860x680

Ципрас: Договорот од Преспа меѓународен модел за решавање на споровите

Грција – За Договорот од Преспа како меѓународен модел за решавање на билатералните спорови и за перспективите и можностите што ги отвора на економски план, говореше меѓу другото грчкиот премиер Алексис Ципрас на третиот „Thessaloniki summit“.– Договорот од Преспа, според мое мислење, може да биде меѓународен модел за решавање на разликите на заемно прифатлив начин. Еден модел за многу измачениот регион на Балканот. Тоа е договор што ја истакнува Грција, што ги заштитува нејзините интереси и права, без да се крие, туку ја гледа вo очи иднината и можностите што ги има пред неа, рече Ципрас.Грчкиот премиер се задржа на можностите што Договорот од Преспа ги отвара во однос на економијата.– На пример одлуката што набргу ќе ја донесеме и ќе можеме да ја донесеме веднаш по ратификацијата на договорот од грчкиот Pарламент, а се однесува на железничко поврзување на Атина, односно Пиреа – Солун – Скопје – Белград, еден модерен и брз воз што ќе пренесува стоки, но и граѓани. Многу важен проект за регионот. Исто така и проектите што ќе се реализираат врз база на мерките за градење доверба. Одлуката на ЕБРД e да финансира прекугранични инфраструктурни проекти и поврзување за да се поддржи Договорот од Преспа и да се финансираат овие проектa, рече грчкиот премиер во неговото обраќање на самитот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина

Албанскиот претседател Илир Мета, гостувајќи во синоќешната емисија „Опен” на тиранската телевизија Топ чанел, иако воздржано сепак ја кометираше веста за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, минувајќи преку Албанија.Мета изјави дека минувањето на Груевски низ Албанија е прашање кое треба да им се постави на соодветните одговорни органи во Албанија, додавајќи дека на еден начин заминувањето на Груевски од Македонија е признавање  вина од негова страна.– Тоа е прашање со кое одговорните авторитети во земјава треба да се позанимаваат. Не сакам да се мешам во ова прашање, но сметам дека неговото заминување од Македонија е знак на слабост. Избегнувањето на правдата е неприфатливо и на некој начин е признавање на вината, рече Мета.Претходно истиот став Мета го изнесе и на меѓународна конференција на новинари во Тирана, нагласувајќи дека секој политичар, уште  повеќе политичар со голема одговорност, каков што е случајот со Груевски, не треба да ја избегнува ниту правдата ниту политичка борба.– Не можам да судам за ова прашање, бидејќи станува збор за друга земја и имајќи ја оваа позиција нема потреба да отворам дебата за ова прашање. Но, имаме случаи и во Албанија, кога имало притвори што се сметаат за политички, тие се соочувале. Неговото заминување е, исто така, еден вид признавање на вината, без оглед на тврдењата што може да ги изнесе, рече Мета.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања