Скопје1.мк

kako-do-pochist-vozduh-vo-gradovite-199360

Конференција „Како до почист воздух во градовите“

Во галерија „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ денеска ќе биде одржана конференција на тема „Како до почист воздух во градовите“.Конференцијата е организирана од страна на Невладината организација „Зелен Институт“ од Скопје, со поддршка на „Bureau de Helling“ од Холандија.

Македонија | пред 7 години

45688694_502115700279276_2725193608721334272_n

Полицијата мораше да знае каде е Груевски

„Момци, се гледаме утре во 9 часот“Додека надлежните институции допрва ќе истражуваат како екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ ѝ плукна во лице на правната држава, безбедносни експерти директно го вперуваат прстот кон МВР и министерот Оливер Спасовски. Тие наоѓаат еден куп маани и апсурдности во работењето на полицијата, односно во самиот процес на обезбедувањето на Груевски.„Оставете ги тие приказни за судот, Специјалното обвинителство, овие или оние. Единствената вина за бегството на поранешниот премиер е во МВР. Кога судот ќе донесе мерка за претпазливост, односно земање пасош, единствената институција задолжена да внимава тој да не ја напушти државата е Министерството за внатрешни работи. Службите треба да направат план врз основа на индициите и сознанијата со кои располагаат, да го следат и да внимаваат да не им побегне од очи, особено што стануваше извесно неговото заминување во затвор. Дури и ако зборуваме за диви премини, и во овој случај границите ги чува граничната полиција. Во ред, не може физички да се обезбедува целата граница, но непоимливо е службите да не добиле информација дека Груевски подготвува бегство. Ако е така – тогаш имаме голем безбедносен проблем, значи дека системот не функционира“, вели нашиот соговорник, кој инсистира на анонимност поради чувствителноста на случајот.МВР имаше шестмина свои вработени што му беа лично обезбедување на Груевски. Според законот, тој го одбира тимот, главно со луѓе што му се од најголема доверба. Тие не му беа 24-часовна заштита, туку го обезбедуваа кога имаше потреба, односно кога ги извршуваше редовните обврски или по повик. Кобната вечер на 8 ноември, околу 23 часот, го оставиле дома, а тој им рекол: 'Момци, се гледаме утре наутро во 9 часот'. 'Момците' дошле, но него го немало. Чекале да им се јави кога ќе му затребаат. Груевски се јави во вторникот, на 13 ноември, ама од главниот град на Унгарија.„Нивната задача е да прават белешки за безбедноста на Груевски, да јават доколку имаат сознанија за можни напади, атентати или други опасности за животот на експремиерот. Всушност, тоа е обврска на сите вработени во МВР. Конкретно, кога зборуваме за оваа шесторка, тие во Министерството доаѓаа само за да стават гориво во возилото, за сервис или перење. Тие беа третирани како луѓе на Груевски и никој не бараше ништо од нив, иако земаа плата од МВР. Проблемот е во другите служби на Министерството. Тие требаше во секој момент да знаат каде е Груевски, па и да дознаат што планира да направи“, посочува нашиот соговорник.Стоилковиќ: Ова е шлаканицаВо меѓувреме, не стивнуваат шпекулациите околу рутата преку која побегнал Груевски. Медиумите блиски на одредени власти во земјава и во регионот спинуваат погрешни, па и смешни информации, со цел нивните ментори да не понесат одговорност или да не бидат поврзани како помагачи на Груевски. Во тој контекст, се лажни вести дека поседувал и побегнал со бугарски пасош, па дека преку Албанија летнал со авион на компанијата „Малев“, која, патем, е згасната со години, дека поминал граница маскиран со шапка и очила за сонце и слични глупости. Во домашната јавност, пак,  пратеникот Иван Стоилковиќ и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски се споменуваа како јатаци на Груевски, но двајцата ги отфрлаат ваквите невистини.Јакимовски: Има индикации за договорПретседателот на ГРОМ оценува дека со бегството на Груевски сите сме поразени: и власта и опозицијата, целото правосудство и самиот тој.„Но најголеми виновници се оние што му ги создадоа претпоставките за бегството. Кршењето на човековите права, кршење на процесно право, судење без адвокат, судење во енормно кратки рокови, судење за смешно кривично дело за набавка на 'мерцедесот', а не за корупција, инсистирањето да се затвори по секоја цена, погодувајќи го тајмингот кога се расправа за уставните амандмани - го направија овој случај класичен политички и монтиран. Жал ми е што Републичкиот судски совет не го сфати сериозно обвинувањето на Груевски дека врз Апелација се врши притисок да се донесе осудителна пресуда. Длабоко сум убеден дека овој случај ќе прави дополнителни штети во Советот на Европа. Знаејќи ја задртоста на Виктор Орбан, моја претпоставка е дека нема да зборуваме за обичен случај на барање азил, туку ќе се отворат многу прашања што тоа се случува во Македонија. Сето тоа ќе оди на штета на сите граѓани благодарејќи на 'Кацарска судството', кое го замени 'Сваровски судството'. Во моментов, имаме судство што се карактеризира со својата бруталност, непринципиелност, одмаздољубивост и непочитување на законските прописи и пресумпцијата на невиност“, посочува Јакимовски во изјава за нашиот весник. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Џафери: Не верувам дека Груевски ќе добие азил

За време на интервјуто во Алсат, претседателот на Собранието рече дека не верува дека Унгарија, како земја на Европската Унија, ќе му даде азил на поранешниот премиер Никола Груевски.- Унгарија е членка на Европската Унија и НАТО, а за да учествува во овие заедници, се проценува дека одлуките треба да ги превзема според европските вредности и јас не верувам дека унгарскиот народ ќе прифати да се стави еден црн печат на неговата судбина и неговиот статус како европско заедница со давање политички азил на Никола Груевски - рече Џафери.За време на интервјуто спикерот додаде дека не може да не му се дава плата на Груевски како пратеник во Собранието, но ќе му се намалува како што минува времето.- Во моментов, Никола Груевски има мандат за пратеник, и се додека го има мандатот нема правна пречка за запирање на платата, бидејќи платата е определена од статусот на пратеникот. Но, ако не се појави најмалку 3 сесии, платата ќе се намали за 15 отсто и можеме да го направиме токму тоа, како што е предвидено со законот - рече Џафери.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Новата суперѕвезда покажува дека не сме сами

Планетата наречена Суперземја е пронајдена околу орбитата на најблиската соло-ѕвезда. Има огромни импликации за шанси за вонземски живот.Суперземја е откриена околу орбитата на најблиската ѕвезда на нашето Сонце. Бернардовата ѕвезда е црвено џуџе што е на само шест светлосни години оддалечено од нас – практично како да е во нашиот двор, во галактичка смисла. Сега, астрономите забележале „замрзнат слабо осветлен свет“, најмалку 3,2 пати е потешка од Земјата што кружи околу неа.Планетата, позната како Бернардова ѕвезда б, е втората планета најблиска до Земјата надвор од Сончевиот Систем и орбитира околу ѕвездата-домаќин еднаш на секои 233 дена.Важно е затоа што е наш сосед, а ние сакаме да ги запознаеме нашите соседи – вели Игнаси Рибар од Институтот за вселенски студии на Каталонија и шпанскиот Институт за вселенски науки.

Магазин | пред 7 години

sneg

Снег го парализира надземниот транспорт во Њујорк

Првите врнежи снег за оваа есен го парализираа функционирањето на надземниот транспорт во Њујорк.Влажниот снег и и силните налети на ветар кршеа гранки од дрва кои го отежнаа сообраќајот, јавија локалните медиуми.Полицијата им препорача на луѓето да не излегуваат и да ги избегнуваат патиштата.оради лошото време, автобусите тешко стигнувале до централната автобуска станица на Мехнетн, што предизвикало голема гужва на станицата.Доцнеле и вонградските возови, а на мостот „Џорџ Вашингтон“ дошло до верижен судар во кој учествувале неколку автомобили.

Свет | пред 7 години

pozari-1

Во пожарите во Калифорнија загинаа 63 лица, 630 исчезнати

Бројот на потврдени жртви во пожарите во Калифорнија се искачи на 63 лица, додека 630 се сметаат за исчезнати, изјави окружниот шериф Бат Кори Хони.Најтешко е погоден градот Парадајз, во кој живееја 27 илјади жители. Таму пожарот уништи 9.000 домови, а од негогашниот град сега се останати само купишта пепел.Од подрачјето погодено од најсмртоносните пожари во историјата на Калифорнија евакуирани се околу 50 илјади лица.

Свет | пред 7 години

azil

Во Грција регистрирани 74 илјади баратели на азил

Во моментов во Грција престојуваат 74.000 баратели на азил, соопштија грчките власти, нагласувајќи дека прават напори за подобрување на условите во мигрантските центри на островите.Грчкиот министер за миграциска политика Димитрис Вицас изјави дека последните месеци околу 6.000 лица од центрите на островите се преместени во внатрешноста на земјата.Тој призна дека состојбата во тие центри е „тешка“. Во нив се сместени околу 20.000 лица, а инфраструктурата е предвидена за помалку од 10.000.Во текот на оваа година во Грција нелегално влегле околу 42.000 мигранти, од кои 14.000 преку границата со Турција.Вицас нагласи дека не очекува зголемување на миграцискиот прилив во текот на наредната година, додавајќи дека бројот на мигранти, кои незаконски ја напуштаат Грција и одат кон други европски земји, е минимален.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Панел дискусија „Финска како економија на знаење“

Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организира панел дискусија на тема „Финска како економија на знаење“.На панел-дискусијата амбасадор на Република Финска во Србија, задолжен за Македонија и Црна Гора, Перти Иконен, пред македонската деловна заедница ќе ги претстави искуствата на Финска како економија заснована на знаење, при што фокусот ќе биде ставен на добрите практики на земјата во областа на образованието и функционирањето на јавната администрација.Трибината е дел од активностите на Стопанската комора на Македонија за организирање трибина пред деловната заедница, на коишто се дебатира за теми релевантни за економскиот раст на земјата, користејќи ги при тоа искуствата на развиените економии во сектори и дејности што се од клучно значење за иницирање неопходни промени во економскиот модел на државата.

Скопје | пред 7 години

orban-1

Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт

Европската партија на Зелените објави соопштение за бегството на Никола Груевски во Унгарија и обвинува дека Орбан сака да испровоцира конфликт.– Премиерот Орбан е гение кога станува збор за наоѓање нови начини да се травестира владеењето на правото, неговиот последен „успех“ е да прими политички криминалец од соседна Македонија како бегалец, спротивно со антибегалските закони кои самиот ги воведе, пишува во соопштението потпишано од потпретседателот Рајнхард Бутикофер и Моника Фрасони.Тие го осудија и портпаролот на Орбан за изјава во која го нарекол Зоран Заев „кукла на Сорос“.Зелените силно го критикуваат „цинизмот и провокативниот однос кои можат да бидат толкувани само како обид да се создадат тензии на Балканот и да се распалат конфликти со кои ЕУ и македонската Влада макотрпно се обидуваат да се справат на инклузивен, праведен и културен начин“.– Никој нема бенефит од извонредното однесување на господинот Орбан, освен рускиот претседател Путин кој е ужаснат од секој чекор кој го прави македонската нација кон вклучување во евроатлантската заедница. Русија се обиде директно да се вмеша во Македонија и Грција но безуспешно до сега. Срамно е членка на политичката фамилија на ЕПП да игра во антиевропска екипа, додаваат тие.Унгарскиот европратеник од Зелените, Бенедек Јавор, кој вчера во интервју за МИА ги образложи можните сценарија на владата на Орбан во случајот со Груевски, во соопштението итно ги повикува унгарските власти да ја разјаснат својата позиција, да соработуваат со македонските власти и најбрзо што можат да го вратат Груевски назад.-Унгарија не смее да помага никому кој сака да избегне правни последици за своите злодела и треба да испрати порака до Македонија како земја кандидат дека нема исклучоци и двојни стандарди во земја членка на ЕУ, тоа е минимумот за задржување на кредибилитетот на ЕУ кога очекува почитување на стандардите на владеењето на правото во Македонија, напиша Јавор.Тој повика Унгарија да не им служи на руските интереси во регионот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Драстична промена на времето уште од утре

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот повремено ќе се зголемува. Доцна попладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од пет до 14 степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 11 степени.За време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет, а на планините ќе се формира мала снежна покривка. Од утре доцна попладне, како и за време на цел викенд ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјава. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет и на планините ќе се формира помала снежна покривка.

Македонија | пред 7 години

ivanov

Кабинетот на Иванов потврди дека Јанакиески се сретнал со претседателот – ЕВЕ ШТО ПОБАРАЛ

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по објавата во јавноста на Решението на Основниот суд Скопје 1 за определување на мерка притвор против лицето Миле Јанакиески, категорично одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука.„Ја информираме јавноста дека ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана ‘строго доверливо’, а која е основ за определување на мерката притвор. Миле Јанакиески телефонски побара средба со претседателот Иванов која е одржана на 13.11.2018 година, вторник во 16:00 часот во кабинетот на Претседателот на Република Македонија. На средбата, воопшто не беа дискутирани темите амнестија, на која се повикува судот во решението за притвор, која е во надлежност на Собранието на Република Македонија, ниту пак темата аболиција.Сметаме дека станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки со цел да се инволвира Претседателот на Република Македонија, видливо од јавно објавеното образложение на решението на Судот.Сето ова претставува груба полициска манипулација и инволвирање на полициски службеници со што се извршени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување на исправа, употреба на исправа со невистинита содржина.Останува нејасно, врз основа на што се следат активностите на претседателот Иванов и неговиот Кабинет од страна на УБК?”, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.Оттаму бараат итни одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на УБК, од претседателот на Основниот суд Скопје 1 на дописите од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија коишто беа испратени денеска.„Очигледно е дека продолжува практиката на конструкции и генерирање на кризи во македонското општество од неодговорно однесување на припадници на УБК, нешто што претседателот Иванов го потенцираше во годишното обраќање до пратениците во 2017 година”, се додава во соопштението до медиумите.Иванов, како што велат од неговиот кабинет, „како и досега, ќе постапува исклучиво согласно Уставот на Република Македонија и неговите надлежности и со никакви притисоци и закани нема да отстапи од тоа”.

Македонија | пред 7 години

IMGP7067

Груевски од Црна Гора продолжил во Србија

Патешествието на Груевски низ Црна Гора наликувало на шпионски филм. Го чекале разни унгарски дипломати, се менувале возила, а примопредавањето се одвивало во мотел. ДВ дознава дека Груевски сепак минал низ СрбијаМакедонската лична карта и унгарското дипломатско возило му овозможиле на поранешниот премиер Никола Груевски удобна прошетка низ три балкански држави до пристигнувањето до крајната дестинација- Унгарија. Притоа, она што се случувало од моментот кога Груевски влегол во Црна Гора, па до влезот во Србија повеќе наликува на некој шпионски филм, одошто на реална приказна.Извори во полицијата во Црна Гора, кои побараа анонимност, за ДВ потврдија дека Груевски својот пат од таа земја го продолжил кон соседна Србија.Претходно, во официјалното соопштение на црногорската полиција беше наведено дека експремиерот влегол во земјата на 11 ноември со автомобил преку граничниот премин Божај. Влегол со лична карта, а излегол истиот ден со истиот автомобил во правец на Србија.Според сознанијата на Дојче веле, вака изгледало патешествието на Груевски низ Црна Гора:- Во 19:10 часот влегол во земјата преку преминот Божај. Таму го пречекале двајца службеници на унгарската амбасада во Подгорица.- Со возило Фолксваген Џета бил пренесен во Подгорица. Таму веќе го чекал заменикот- амбасадор и заедно со уште едно лице влегле во друго возило и се упатиле кон граничниот премин Добраково.- Таму пристигнале околу 22 часот. Влегле во Србија и таму им го предале Груевски на други унгарски дипломати кои за таа цел пристигнале од Белград. Средбата со дипломатите од белградската амбасада и размената на бегалецот се случила во мотелот Лукс пред влезот во Пријепоље.И во Србија, како и во Црна Гора, Груевски влегол со лична карта затоа што во тој момент по него се уште немаше распишано меѓународна потерница од македонското МВР.Извор: DW

Македонија | пред 7 години

Centar-Za-Kultura-Grigor-Prlicev-Ohrid

Се урнал дел од таванот во охридскиот театар

Дел од таванот над малата сцена во Центарот за култура Григор Прличев Охрид е оштетен и паднал , а делови од таванот сеуште висат над сцената.Ова се случило пред неколку денови, а според наши извори и за време на премиерата на претставата „Метод“ оштетениот таван висел над салата.Управата на центарот иако таванот почнал да паѓа од 11 овој месец, не излегува во јавноста и нема информации како ќе продолжи да функционира центарот со оштетениот таван кој паѓа и виси над малата сала во периодот кој следи и во кој се закажани настани.

Македонија | пред 7 години

IMGP7033

Властите во Албанија потврдија дека Груевски избегал преку нивната држава

Албанските меидуми јавуваат дека властите во оваа земја денес потврдиле дека Никола Груевски бегството го направил преку територија на Република Албанија.Според албанските медиуми Груевски бил во амбасадата на Унгарија во Тирана, а дека Груевски бил во нивната амбасада во Тирана потврди и владата на Виктор Орбан.

Македонија | пред 7 години

oliver-spasovski-zoran-zaev

Власта фатена во лага: Дали е можно Спасовски да собирал информации за Јанакиески, а да не знаел ништо за Груевски?!

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски знаеле за движењето на поранешниот премиер Никола Груевски? Ова е прашањето кое на големо се коментира во јавноста, откако беше определен притвор за Миле Јанакиески врз основа на белешка на УБК за наводно бегство кој го спремал Јанакиески.Во однос на Груевски повеќе од јасно е дека човекот кого со месеци го следат безбедносните служби, за кого одредени медиуми пишуваа и најсочни детали со кого се среќавал, што зборувал на средбите, како зборувал, невозможно е да избега со сопствени сили и без знаење на Заев и Спасовски.Она на што треба да се стави акцент по заминувањето на Груевски од Република Македонија е политичката заднина и последиците од неа.Несомнено е дека заминувањето на Никола Груевски ѝ стави црна дамка на политичката и професионална кариера на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, иако на дневна основа Спасовски се обидува да спаси дел од она што останало со префрлање на топката во судот.-Размислувам во однос на одговорноста на оние на кои им одредуваат притвор на лицата за кои постои опасност да избегаат. Ги пуштаат слободно да се движат низ државата, слободно да ги обавуваат сите работи кои ги обавуваат и на крај кога се носи пресудата тие не се во притвор за да можат да бидат обезбедни, иако се со повеќе кривични дела. Замислете, притвор се одредува за случаи на разбојништво и тешки кражби, а за вакви случаи не се одредува. Полицијата работи исклучиво по наредбите кои ги издава судот и таа без наредба не може да следи кого било и постојано да биде присутна со него, околу него само заради тоа што се води судска постапка против него, рече Спасовски.Но останува неодговорено прашањето како МВР не знаело за движењето на екс премиерот додека биле употребени посебни мерки за да се следи движењето на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои стои дека тој подготвувал бегство и кои како доказ биле прифатени од судот да определи мерка притвор.Во истата стои дека обвинетиот Јанакиески преку посредник барал да биде амнестиран од Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, за што веднаш од претседателскиот кабинет беше испратен демант. Кабинет на Иванов: Oстанува нејасно, врз основа на што се следат активностите на претседателот Иванов и неговиот Кабинет од страна на УБК?Шефот на државата Ѓорге Иванов предупредува од груба манипулација од страна на УБК, откако во медиумите беа објавени извадоци од решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за прифаќањето на предлогот на СЈО, Миле Јанакиески да биде притворен. Поточно судијата на претходна постапка донел таква одлука откако претходно Јанакиески наводно преку посредник не успеал да издејствува амнестија од претседателот, па за Судот тоа било причина да го стават во Шутка.Од кабинетот на Иванов предупредуваат дека станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки со цел да се инволвира Претседателот на Република Македонија, видливо од јавно објавеното образложение на решението на Судот. Посочувајќи дека ниту била побарана ниту пак остварена средба со каков било посредник за да издејствува амнестија во име на Јанакиески.Јанакиески тврди дека е во притвор врз база на фингирана белешка од МВРДенеска пак, на почетокот на рочиштето за “Т.Н.Т” судијата Огнен Ставрев му се обрати на Миле Јанакиески, кој во судот беше спроведен од затворот во Шутка, и изрази жалење зошто морал да одреди притвор за него.Јанакиески истакна дека е во притвор врз база на фингирана белешка од МВР и додаде “кога не може по магарето, удри по самарот”.Адвокатот Миланов: Власта е бесна, па им се осветува на останатите обвинетиДа се оди со некакво известување од УБК за наводно нивно подготвување без факти, без дејствија, без аргументи сметам дека е апсурдно и сето ова е начин на освета. А на крајот на краиштата сето ова беше најавено синоќа во изјавата на господинот Оливер Спасовски, што укажува на спрега помеѓу власта и судството“, изјави Еленко Миланов, адвокат на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник“.Миланов во изјава за Република вели дека по бегството на порашениот премиер Никола Груевски, власта е бесна и им се осветува на останатите обвинети во случаите на СЈО.-Во моментот кога се објави дека Груевски не е во републиката, мерките за претпазливост кои се почитуваат во целост, се пренебрегнуваат и се носи ваква одлука, вели адвокатот Миланов.Тој додава дека како втора страна, обвинетите треба да добијат убид во доказите што ги обезбедило обвинитеството од УБК, но не знаат ниту каде ниту како ниту пак кога обвинетите се подготвувале за бегство.

Македонија | пред 7 години

sesh

Шешељ: Нашиот брат Никола Груевски го спасија српски четници – тие го обезбедуваа се до 5 часот наутро

Никола Груевски преку Србија стигнал во Унгарија, а четници од Србија го обезбедувале до Хоргош, откри во емисијата „После ручек“ на Happy ТВ претседателот на СРС Војислав Шешељ.Најновата вест е дека нашиот брат Никола Груевски заминал од Македонија преку Србија во братска Унгарија, вели лидерот на радикалите.Претседателот на СРС додадек дека Груевски безбедно избегал од апсење на предавничката власт предводена од Зоран Заев.Кога се појавил на српската граница, го прифатиле српските четници и тие го обезбедувале се до Хоргош, а таму во 5 часот наутро 12. ноември преминал во Унгарија, открива Шешељ.Првиот човек на радикалите Војислав Шешељ е познат по своите контроверзни ставови за македонско-српските односи, но и промотор на идејата за Голема Србија.Горд сум на тоа и уверен сум дека еден ден таа идеја ќе се реализира. САД се главни виновници за крвавиот распад на бивша Југославија и за тоа јавно зборував во текот на хашкиот процес. Доколку тие не се вмешаа се ќе беше различно и Македонија сигурно ќе останеше со Србија и денес вие не би ги имале проблемите со кои се соочувате, рече Шешељ во интервјуто за Поглед.мк.Тој во интервјуто за „Поглед“ рече дека Груевски трпи последици поради тоа што остварувал соработка со Руската Федерација. Целото интервју со Шешељ прочитајте го ОВДЕ

Македонија | пред 7 години

sile-89705

Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта

Градоналачникот на Град Скопје Петре Шилегов ја откажал посетата на Будимпешта која била закажан за 22 ноември, пишува „Независен“.На средбата која била закажана претходно, требало да разговараат и разменат искуства за урбанизам.Откажување на средбата е поради последните настани поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски, кој побара политички азил од Унгарија.

Скопје | пред 7 години

Silegov-520x292

Решенијата се готови: Шилегов ќе блокира сметки за неплатен данок

Град Скопје ќе почне присилна наплата на данокот на имот за годините од 2013 до 2017 година, информираат службите.„Им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и неплатен долг, за да не дојде до присилна наплата потребно е неодложно да ги подмират своите обврски. Воедно, Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картичка, која е објавена на интернет сајтот на Град Скопје со извршена регистрација на истиот, стои во известувањето.Од Град Скопје велат и дека годинава во март испратиле опомени за неплатен данок на имот на сите даночни обврзници.„Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на данокот на имот по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните обврзници. Доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на должниците во деловните банки, стои во соопштението.

Скопје | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

Кој ќе одговара за бегството на Груевски?

Бегството на Никола Груевски долеа вода во воденицата на македонскиот политички театар на апсурдот кој никогаш не разочарува со својата очајна глума и бескрајна неинвентивност, пушува „Дојче Веле“ на македонски.ВМРО-ДПМНЕ побара оставки од премиерот Заев и министерот Спасовски поради бегството на нивниот почесен претседател. Уште еднаш препрочитајте ја последната реченица, па ако нејзината апсурдност не е доволна, еве го и вториот дел:„Наместо да се правдаат, сега е вистинско време двајцата (Заев и Спасовски, н.з.) да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирањето на институциите и разорувањето на Македонија.“Но и фарсата која ја сервира власта во изминативе денови е исто така вредна за одбележување.„Пропусти нема направено ниту една институција“, рече премиерот Заев. Единствено, ќе дополни, ако граничните премини направиле некаков пропуст, ама тоа се истражувало. Граница ко граница. Едни излегуваат, други влегуваат. Кој да им го фати крајот?Никој не е виновенМантрата „никој не е виновен“ во Македонија одамна стана сама по себе разбирлива презумпција на невиност за сите политичари на власт. Таа важи сѐ додека вина не се утврди, а дотогаш вината ја утврдува премиерот. Глупаво би било за утврдување на вината да биде надлежно некое друго тело во држава во која поделбата на власта е одамна апсолвирана категорија. До толку е преџвакана и утврдена, постигната е една таква симбиоза, што нема потреба веќе ни да постои, ниту да се споменува. За Заев, можеби, е виновен некој таму граничен службеник, за Спасовски судот, за судот- обвинителството, за обвинителството - никој, и така во круг. Сѐ додека кругот не стигне до ВМРО-ДПМНЕ, се разбира, а таму, додека седат во „замрзнатата“ Бела палата се држат за глава каква е оваа полициска држава во која нивниот почесен претседател не може да побегне ни до Унгарија, а МВР да дознае за тоа. Во нивно време МВР „дознаваше“ вакви работи уште пред некој да биде и обвинет, а камоли осуден.Ова актуелново МВР, пак, работи исклучиво според Уставот и законите. Не, не, овојпат навистина. Разликата е огромна: откако МВР почна да ги почитува Уставот и законите криминалците масовно бегаат од државата. Ако продолжи полицијата вака да работи, реални се шансите дека во Македонија за некоја година навистина нема да остане ниту еден криминалец. Сите ќе заминат.Додека порано се одеше во затвор за 100 украдени кебапчиња, денес веќе, во 30 дневен притвор завршуваат луѓе што испушиле џоинт на улица. Е има разлика. Па не се тие бивши премиери осудени за криминал, па ќе пребираат денеска сакам, утре не сакам обезбедување. Ќе дојдам во Шутка, ама да помине викендот... Ако ме нема до понеделник, испратете „Алфи“ во вторник да ме побараат. Само да се приклучам на интернет ќе ви пишам на Фејсбук, не сум далеку (кисче). Нема за нив внатрешната контрола на МВР да истражува кој и како им помагал. Се знае, согласно Уставот и законите - затвор.ФијаскоА еве, „експресно“ се јави и Јавното обвинителство кое по допрен глас ќе истражува дали некој службеник му помагал во бегството на Груевски. Логично, затоа што кога поранешен премиер бега од својата земја каде е осуден или обвинет за серија кривични дела, најчесто во тоа му помагаат таму некои службеници - ситна боранија која единствено може да организира пат од 800 и кусур километри преку најмалку три граници без пасош.Делува дека сите имаат по малку „путер на главата“, па веројатно наскоро ќе почне да им тече и по лицето, а не само „низ ногавици“. Четири дена, од петокот до понеделникот, јавноста се замајуваше со прашањето кога на Груевски ќе му бидат отворени портите на Шутка. „Не се секирајте, тука е“, беше вообичаениот одговор од власта. Претставата продолжи со камери пред домот на Груевски, па во гаражата на ВМРО-ДПМНЕ...Фалеше уште и околу крстот на Водно да го побараат - да не е излезен на воздух? И премиерот ја уверуваше јавноста: не е таков човекот, доаѓа на седници во Собрание, на рочишта во суд, зошто не би отишол и во затвор?На крајот- трагедија. Сите толку му веруваа, а тој, измамник, си замина. Неверојатно! Кој да помисли дека ќе дочекаме бивш премиер со такво беспрекорно СиВи, почитуван и сакан на сите страни, едноставно да се спакува и да си замине. Ни со жената и децата не се поздрави. Еве од СЈО велат дека немал човекот ни имот, ниту пари. Ќе му стигне ли пратеничката плата? Жално.И сега „шу праиме?“, што би рекла новата ѕвезда на македонските телевизии.Можеби е власта среќна што наместо „маченик за каузата“ доби бегалец кај Орбан. Можеби е и опозицијата задоволна што добива шанса да се ослободи од сенката на корумпираната сива еминенција.Можеби дури и некои европски политичари ликуваат што бегството на Груевски истовремено ќе му ја затне и устата.Можеби сето тоа е така. Можеби и не е. Без разлика дали ќе веруваме оти неспособноста на институциите, од судот до МВР, му го отворија патот на Груевски до Будимпешта, или пак станува збор за некаков заткулисен „валкан“ договор, едно е сигурно: Македонија вака нема да ја биде.И, кој ќе одговара за бегството на Груевски?Ама ајде сега пак со тие глупости! Таман профункционира правната држава.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

КАНАЛ 5: Груевски избегал со автомобил - Следна дестинација Турција или Русија

Според информациите до кои дојдe „Канал 5 телевизија“, Груевски има намера Унгарија и барањето за азил таму да го искористи само за да купи време пред да ја донесе одлуката каде да замине за подолг престој.„Со оглед дека Унгарија е земја членка на ЕУ, за очекување е Орбан да биде соочен со притисок од Брисел за екстрадиција. Според нашите извори, знаејќи го ова, Груевски на ум има две можни дестинации.Едната е Турција, во која долги година апсолутна власт има Ердоган, со кого Груевски има изградено и лични релации, а често и годишните одмори ги поминуваше таму, на лична покана од турскиот претседател.Втората можна крајна дестинација на експремиерот, според овие информации, е Русија, во која често прибежиште бараат луѓето од регионов кои треба да одговараат во своите земји.Нашите извори, ги потврдуваат и тезите дека Груевски стигнал во Будимпешта преку Србија. Според информациите, тој ја напуштил државава во саботата претпладнето со автомобил. Првата пауза за ручек, одмор и веројатно за средување на формалностите поврзани со барањето за азил, ја направил во  елитен хотел во Белград, а потоа го продолжил патот со истото возило кон Будимпешта. Чија сопственост е возилото, на кој премин поминал, и кој се му помогнал, допрва треба да се открие“, пишива телвизијата

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, двајца со тешки телесни повреди

Вчера  во 19.30 часот на крстосницата од булевар „Никола Карев“, улица „Самоилова“ и улица „Максут Садик“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(51) од Кочани и патничко возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Г.(26) од село Буковиќ, скопско.Од нзгодата со повреди се здобиле возачот Б.А. и сопатниците во возилото „Рено трафик“, М.Ј.(56), Л.Т.(33), Е.Г.(35) и Г.Г.(69), сите од Кочани. Л.Т. и Е.Г. биле пренесени во приватната здравствена установа „Жан Митрев“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Л.Т. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Е.Г. биле констатирани телесни повреди. Б.А. и Г.Г. со возило на Итна медицинск апомош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. М.Ј. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Возачот  С.С. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје

Скопје | пред 7 години

Maja-pres-23.02.2017-konecna-1

Морачанин и Поповска со Предлог-закон за намалување на бројот на уличните кучиња

Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, подготвија Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните. Покрај нив, предлагачи на Законот се и пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Милева Горгиева од СДСМ, Никица Корубин од ЛДП, Мирсада Емини-Асани и Шпреса Хадри од ДУИ и независните пратенички Ирена Стефоска и Ивана Туфегџиќ.„Со Предлог-законот ќе се спречи неконтролираното зголемување на бројот на улични кучиња, кои во најголем дел потекнуваат од размножувањето на домашните миленици. Секое куче женка во репродуктивен период продуцира десетина младенчиња годишно и најголем број од нив завршуваат на улица како улични кучиња. Со законските измени се воведува обрска за сопствениците на кучиња во репродуктивен период, да ги кастрираат, односно ојаловат своите кучиња во овластени ветеринарни амбуланти, болници и клиники, на сопствен трошок. Исклучок се сопствениците кои имаат регистрирано одгледувачници на кучиња. За неспроведување на оваа законска одредба се предвидува глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.Предлог-законот предвидува зголемување на глобите за сопствениците на кучиња, доколку не ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните установи, со цел регистрирање и идентификување, не постават табла на влезната врата во дворот за присуство на куче, не ги врзуваат кучињата на поводник кога се на јавно место, не го пријават леглото од своите животни во овластена ветеринарна установа, не ги идентификуваат младенчињата пред да ги вдомат и не ги пријават лицата кај кои ги вдомиле. За овие прекршоци, глобите за правните лица ќе се зголемат од сегашните 100 на 700 евра, а за физичките лица од 10-15, на 100 евра во денарска противвредност“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

FB-Event

Филмскиот фестивал „Џифони патува“ во Кочани на 14 и 15 ноември

По завршувањето на Филомскиот фестивал за млади Џифони Македонија кој се одржа минатиот месец во Скопје, продолжува патувачкиот дел во помалите градови низ Македонија под наслов „Џифони патува“.На 16 и 17 ноември во Кочани ќе се одржи Фестивалот за млади „Џифони патува во Кочани“ кој ќе го отвори градоначалникот на Кочани г-дин Николчо Илијев, а потоа во текот на двата дена младите ученици ќе го гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерката Нина Максимова, која ќе биде и ментор на актерската работилница.Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. На овој начин и младите од помалите градови каде најчесто не постои можност за гледање на филмови во кино сала, ќе можат барем за кратко да ја осетат магијата на филмот. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Кочани и Италијанската амбасада во Скопје.Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Струмица, Велес, Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп, а до крајот на оваа година ќе продолжи во Струга и Гостивар.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

„Политика“: Груевски побегнал преку Албанија, па со авион до Будимпешта

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал до Тирана, каде бил прифатен во унгарската Амбасада. Со првиот утрински лет на компанијата „Малев“ тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта, пишува белградскиот весник „Политика“.Добивајќи информација од своите соработници во системот на власта дека полицијата се подготвува да го уапси, Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал во Тирана. Таму бил прифатен во Амбасадата на Унгарија, а потоа со првиот утрински лет на унгарската компанија „Малев“ тој од Тирана пристигнал во Будимпешта. Екипажот на авионот воопшто не знаел кој е патникот со шешир и очила за сонце, кои не ги симнувал ниту во авионот, пишува „Политика“.Во моментот кога македонската потерница стапила во сила, а тоа било некаде околу 10 часот претпладне, Груевски веќе бил во Будимпешта од каде им испратил порака на властите во Скопје дека ги надмудрил, но дека ја сака Македонија и дека секогаш ќе биде со неа. Секако, ја сака и слободата, но сопствената, наведува српскиот весник.Властите во Скопје реагираа со моментно апсење на соработници на Никола Груевски и останува да се истражи кој сѐ му помогнал на поранешниот премиер да побегне од Македонија.

Македонија | пред 7 години

policija

Полицијата во Дубаи доби летачки мотоцикли

Руската компанија од Калифорнија, Hoversurf, уште минатата година ѝ вети на полицијата во Дубаи дека ќе ѝ ги испорача првите примероци на електрични мотоцикли со способност за вертикално полетување и слетување.Годинава  тие го исполнија ветувањето претставувајќи го првиот сериски модел S3 на технолошкиот саем Gitex, а според Си-ен-ен, момчињата во сино веќе започнаа со запознавање и обука на новата технологија. Летачките мотоцикли ќе бидат во употреба од 2020 година.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања