Доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје
Вчеравечер, во Македонската филхармонија, се одржа свеченоста по повод одбележување на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, на која градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на годинешните добитници, на нашите сограѓани коишто дале свој придонес за негова афирмација, им ги врачи наградите и им се обрати на присутните гости.Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2018 година се:Од областа на наукатаМАРГАРИТА ЦАЦА НИКОЛОВСКА, судија, за придонес во унапредување, промоција и заштита на човековите права и слободи, развој на демократијата и владеење на правото.Од областа на образованието и воспитаниетоАЏИ ФИДА, професор во пензија, за долгогодишна успешна дејност во областа на образованието и воспитанието.Од областа на спортотАНДРЕЈ СТОЈАНОВСКИ, пливач, за остварување врвни резултати во пливачкиот спорт во категоријата за лица со посебни потреби.Од областа на културата:1.МАРКО КОЛОВСКИ, музиколог, за значајни долгогодишни остварувања во областа на музичкото творештво.2. РЕСУЛ ШАБАНИ, писател и книжевен преведувач, за превод на Антологиите „Поети академици“ и „Поети и раскажувачи академици“.Од областа на уметноста:РАМАДАН ШУКРИ, академски музичар, за придонес во областа на уметноста, културата, образованието и воспитанието.Од областа на публицистикатаСЕФЕР ТАХИРИ, новинар, за 20-годишен придонес во развојот на новинарството и публицистиката.Од областа на архитектуратаДАНИЦА ПАВЛОВСКА – ЦИГИ, архитект, за долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот.Правни лица:1.ЈЗУ ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОД „13 НОЕМВРИ“ СКОПЈЕ, за долгогодишна успешна работа.2.ПРОТИВПОЖАРНА БРИГАДА НА ГРАД СКОПЈЕ, за успешна работа и голем придонес во заштитата и спасувањето на граѓаните од пожари, природни непогоди и други несреќи.За ученици и студенти:1.АРДА МУСТАФАОГЛУ, ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.2.МИЛА КОЦЕВСКА, СОФИЈА СТОЈМЕНОВА, НЕНА ГИЕВСКА, МАРИЈА ГАВРИЛОВИЌ, ПЕТАР ТОДОРОВСКИ И ВЕДРАН ЛАУРЕНЧИЌ, ученици во ООУ „Кочо Рацин“- Скопје, за хуманост-укажување прва помош на лице во градски автобус.
Скопје
|
пред 7 години