Скопје1.мк

Нема фотографија

Путин разгледува одговор на можното излегување на САД од спогодбата за вооружување

Рускиот претседател Владимир Путин ги собра водечките руски воени претставници да разгледаат каков би бил можниот одговор на Русија на планираното американско повлекување од клучната спогодба за вооружувањето. Американскиот претседател Доналд Трамп во минатиот месец рече дека планира да излезе од Спогодбата за нуклеарните сили со среден дострел од 1987 година поради руското кршење на таа спогодба. Русија тоа го демантира. Путин изјави дека Русија одговорила на американската програма за ракетна одбрана развивајќи ново оружје кое, според него, може да го пробие секој ракетен штит.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Хрватска црвен и портокалов метео аларм поради снег, дожд и бура

Во Хрватска попладнево е издадено црвено предупредување од Државниот хидрометеоролошки завод за следните два дена, кога се очекуваат вистински зимски услови и на копно и на море.Метеролозите најавуваат пороен дожд, со силна бура, а на северот на земјата можен е и снег. Потопло време се очекува од четврток.Црвениот аларм посебно се однесува на утрешниот ден за подрачјето на Лика и Горски Котор, каде се очекува снег и поледица, а за Истра и Јадранското Море објавен е портокалов аларм. За јужниот дел на Хрватска издадено е портокалово предупредување поради можен пороен дожд.

Свет | пред 7 години

mmf-1

ММФ: Економијата се стабилизира, невработеноста останува висока

Монетарната политика е соодветно присобена, а банкарскиот систем и натаму е здрав, но ризиците треба се уште внимателно да се следат. Ова како што информираат од Народната банка на Република Македонија (НБРМ) го оцени тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Завршното соопштение за редовниот годишен преглед на македонската економија.Од НБРМ нагласуваат дека според ММФ, во иднина, доколку се влоши надворешното опкружување, Централната банка треба да биде подготвена да ја заостри монетарната политика, како што беше соодветно направено и во изминатите периоди. Врз основа на умерената економска активност, ниската инфлација и поволните девизни пазари, НБРМ двапати ја намали каматната стапка во 2018 година.ММФ оценува дека банките се добро капитализирани, ликвидни и профитабилни. Учеството на нефункционалните кредити е намалено, а кредитните ризици се добро обезбедени. Според ММФ, натамошните напори за  постепено зголемување на денаризацијата на депозитите и внимателно калибрираните макропрудентни мерки за намалување на кредитирањето во странска  валута на домаќинствата ќе помогнат за натамошно зајакнување на отпорноста на финансискиот систем.Во Програмата за детална проценка на финансискиот сектор (FSAP), што во моментов се финализира од страна на ММФ и Светската банка се констатира дека банкарската супервизија и прописите значително се подобрија во текот на изминатата деценија, но се идентификува и потребата од натамошно зајакнување, особено во делот на супервизијата на системски значајните банки и макропрудентната регулатива и модернизација на управување со кризи.Во Соопштението на тимот на ММФ се наведува дека враќањето на политичката стабилност и напредокот кон решавањето на проблемот со името значително ги подобриле перспективите за отворање на преговорите за членство во ЕУ, повеќе од 12 години по добивањето на кандидатскиот статус. За да се искористи оваа можност и да се осигури посветла иднина преку повисока продуктивност и побрза конвергенција на доходот, клучни се структурните реформи за надминување на долгопостоечките слабости на пазарот на труд, правосудството и јавната администрација.Реалниот БДП во 2018 година е проектиран на 2 отсто, при поволни макроекономски услови, односно ниска инфлација, опаѓачки дефицит на тековната сметка и позитивни трендови на девизниот пазар. Со закрепнувањето на инвестициите, се очекува забрзување на растот на БДП на 2,8 проценти во 2019 година и понатамошно засилување на 3,5 отсто, на среден рок, во услови на инфраструктурни вложувања и силен извоз.На завршниот состанок со тимот на ММФ, кој престојуваше во земјата заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија, присуствуваa гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и тим на Министерството за финансии, предводен од министерот Драган Тевдовски.

Македонија | пред 7 години

zakon

Се подготвува нов закон за амнестија за „27 април“, можно е да се усвои веќе во декември

По најавата на премиерот Зоран Заев за донесување на закон за амнестија на дел од обвинетите за собраниските настани на 27 април минатата година, засилено почна да се промовира оваа идеја за помирување, а веќе се споменува и терминот декември за донесување на ваков закон.Пратениците од владејачкото мнозинство се убедени во тоа дека за иднината на државата неопходно е да има амнестија за дел од учесниците во настаните од 27 април и дека е ова една хумана идеја. Опозициските пратеници сметаат дека тоа ќе биде селективна правда и изјавуваат дека не сакаат да учествуваат во работата на новоформираното собраниско координативно тело кое ќе треба да го изготви законот. ВМРО-ДПМНЕ е за целосно ослободување на сите обвинети во овој случај. За предлог законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ ќе се расправа на собраниска седница на 26 ноември.И партијата на Зијадин Села, Алијансата на Албанците е против оваа идеја.Од собраниското Координатовно тело за помирување велат дека законот ќе се донесе до средината на декември и дека со законот треба да бидат опфатени сите оние кои не извршиле насилство и не биле организатори.Пред 19 октомври, кога власта успеа да обезбеди собраниско 2/3 мнозинство во Собранието за пристапување кон уставни измени, само опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараше амнестија за сите учесници во минатогодишните случувања во законодавниот дом на 27 април минатата година. Откако неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети во случајот „27 април“, гласаа за уставни измени, владеачката СДСМ почна да ја промовира идејата за помирување. Претходно, претставници на СДСМ и премиерот Заев изјавуваа дека „амнестија за крвавиот четврток никогаш нема да се случи“.Сега премиерот Зоран Заев е убеден дека помирувањето за настаните на 27 април минатата година во Собранието може да се постигне само преку простување. Тој во емисијата 360 степени на ТВ Алсат рече дека е подготвен да им прости на сите оние кои директно не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите на случувања, оставајќи ја отворена можноста за амнестија на лицата кои се обвинети за „крвавиот четврток".Тој рече дека со овој предлог не врши притисок врз правосудните органи, бидејќи простувањето, според неговите замисли, треба да се спроведе преку кооординативното тело за помирување во Собранието. Тој не ги негираше политичките пазарења за постигнување на 80 гласови во Парламентот за отворање на Уставот.Заев истакна дека е свесен за реакцијата на јавноста за селективната правда, но според него, ова е единствениот начин со кој може да се постигне поскауваната интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ.„Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето и помилувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Знам дека не сум подготвен да разговарам ништо за учесниците во насилството, затоа што не сакам да оставам можност да се повтори нешто“, рече Заев.Во однос на тоа дека со отворање на вратите од Собранието, обвинетите пратеници овозможиле да се случи насилството, Заев рече дека тоа треба да се докаже низ судскиот процес и дека и тие имаат право да ги кажат своите аргументи. Запрашан за тоа дали има некаков политички пазар за гласање за уставните измени во замена за амнестија, Заев рече дека е нормално да разговара со луѓето.Ако се усвои овој закон, амнестија ќе добијат и тројцата обвинети пратеници кои ги поддржаа уставните измени, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Македонија | пред 7 години

sijarto

Сијарто: Ниту една земја на ЕУ не го покрена прашањето за Груевски, ова е правно, а не политичко прашање

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по вчерашниот состанок на министрите во ЕУ порача дека ниту еден колега не го покренал прашањето за азилот на Груевски.Како одговор на новинарско прашање, Сијарто рече дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски изразил желба да поднесе барање за азил во унгарска амбасада, но владата на Унгарија немала никаква улога во неговото доаѓање.Тој рече дека унгарските власти првпат разбрале за случајот во една од соседните земји во Македонија и дека Груевски „целосно законски дојде во Унгарија во согласност со релевантните национални и меѓународни закони, а сите премини (на граници) беа легитимни”.Унгарските власти, врз основа на безбедносни мерки, одлучиле да го сослушаат неговото барање за азил и тоа во централната канцеларија на Бирото за имиграција и азил во Будимпешта.Како што рече, ниту еден колега од ЕУ не го покренал случајот во понеделникот. Тој, со македонскиот министер за надворешни работи, ќе одржи билатерални разговори на маргините на Самитот на НАТО во Брисел на почетокот од декември.„За Унгарија, поддршката на Македонија не е прашање на партиска или владина симпатија“, рече Сијарто.Тој, исто така, го повтори ставот на владата во Будимпешта дека тоа не е политичко, туку правно прашање.

Македонија | пред 7 години

vladimir-pesevski

Отворено писмо на Владимир Пешевски за национално помирување

Поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски преку отворено писмо се обрати до ВМРО ДПМНЕ и ја повика партијата да биде дел од националното помирување. Писмото го пренесуваме во целост:„Ние подолу потпишаните, загрижени за иднината на Република Македонија, за иднината на нашите семејства, за иднината на сите наши сограѓани и идните генерации, со ова писмо сакаме да ја информираме јавноста за нашите размислувања и сугестии поврзани со тековната политичка криза. Наша желба е да придонесеме во создавање на услови за крај на кризата, за општо национално помирување, обединување и интеграција, и за враќање на стабилноста и вербата во подобра иднина.Можеби најголемиот неповратен негативен ефект на оваа криза е фактот што обичниот граѓанин речиси целосно ја изгуби надежта дека е можен подобар живот тука во Република Македонија. Нашите граѓани ја напуштаат земјата, масовно и секојдневно. Веруваме дека ставањето крај на кризата, но и начинот како тоа ќе биде изведено е клучно за враќање на довербата во државата и вербата дека е можно да се има подобра иднина тука во Република Македонија. Во таа насока и членството на РМ во НАТО и ЕУ е критично неопходно и тоа ден поскоро. Сметаме дека политичките партии и нивните раководства, и покрај огромните потешкотии, го имаат клучот за овој процес на излегување од кризата сепак да заврши со успех.Тргнувајќи од горните претпоставки, ги упатуваме следните пораки и сугестии:1. Го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да иницира средба на лидерите на најголемите политички партии, на која ќе биде воспоставен повторен дијалог и на која ќе се пристапи на решавање на кризата во дух на конструктивност и разумност. И покрај различните политички гледишта, ги повикуваме раководствата и на другите најголеми политички партии да ја прифатат оваа иницијатива. Промената на амбиентот на овие средби ќе придонесе за севкупно подобрување на амбиентот во целата земја.2. Во однос на актуелните случувања во ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да ја дадеме нашата поддршка на раководството на партијата и да упатиме повик партијата да се вклучи активно и конструктивно во процесите кои имаат за цел евроатланска интеграција на Република Македонија и да придонесе за внатрепартиско обединување. Наша желба е ВМРО-ДПМНЕ да остане голема и силна партија која и понатаму ќе биде еден од клучните политички фактори во земјата и силен предводник на коалицијата „За подобра Македонија“.Веќе е сосема јасно дека се создадени предуслови во Собранието на РМ со кои е прилично извесно дека ќе дојде до промена на Уставот на РМ. Во таа насока предлагаме и ги повикуваме и раководството и сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со целосен капацитет да се вклучат во овој процес. Дел од напорите за зачувување на македонскиот идентитет ќе следат и по усвојувањето на уставните промени, и токму во нив е потребен придонесот на  ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Договорот од Преспа е далеку од идеален, сметаме дека е можно да се обезбеди квалитетно зачувување на идентитетот и заштита на македонските стратешки интереси. Заедно со еден успешен и доволно широко поставен процес на национално помирување, може да се создадат услови уставните измени да бидат изгласани со многу поширока општествена и посилна политичка поддршка со што ќе се затвори ова повеќедецениско отворено прашање со Грција. Уверени сме дека стабилноста и перспективите за Македонија, се можни само доколку се градат пријателства на стратешко ниво, и таква една шанса која што ја имаме сега не би требало да се пропушти.Во овој момент, доколку не се направат овие чекори, постои реална опасност еден подолг период ВМРО-ДПМНЕ да остане длабоко поделена партија, изолирана дури и од некои наши традиционални пријатели и ставена на маргините на политичко дејствување. Да не ги повторуваме грешките од минатото кога и покрај патриотските заложби и човечки жртви, активностите на историското ВМРО не добивале доволно подршка од меѓународниот фактор и поради тоа завршувале со неуспех. Затоа предлагаме целосно вклучување на ВМРО-ДПМНЕ не само во дебатата во Собранието за измената на Уставот во согласност со Договорот од Преспа, туку и активно учество во собраниската група која ќе работи на помирувањето и интегрирањето, како и целосно учество во носењето на што поквалитетни реформски закони во сите сфери.3. На политичката партија СДСМ и сугерираме да покаже максимално можна флексибилност и инклузивност во процесите што се одвиваат во овој историски период. Како носители на извршната власт, во овој момент нивната одговорност е можеби и најголема.4. Ги повикуваме сите пратеници при носењето на одлуките во Собранието како единствен мотив во својата работа да ги имаат долгорочните интереси на Република Македонија. Свесни сме за тежината на ситуацијата во која се наоѓаат некои од нив, но улогата на претставник на народот никогаш не била лесна. Затоа изразуваме силно несогласување со различните форми на јавни протести и притисоци кои се вршат врз некои пратеници и нивните семејства, само затоа што се одлучија да го дадат својот глас за отварање на процесот за уставните измени и поддршка за евроатланските интеграции на Република Македонија. Таквото однесување на некои поединци и групи, независно од нивните мотиви, не придонесува за изнаоѓање на разумни решенија, дополнително ги влошува состојбите во државата и треба веднаш да запре. На овие пратеници и на нивните семејства им ја даваме нашата искрена поддршка.5. Сакаме да напоменеме дека кај експертската и општата јавност веќе подолг период е создаден впечаток дека некои делови на правосудниот систем учествуваат и во политичките процеси, пракса која веќе долгорочно е присутна и која во иднина може да биде погубна за правниот систем на земјата. Потребно е сите политички чинители како и органите на државната власт во Република Македонија, што поскоро да придонесат за надминување на ваквите состојби преку ревидирање на постоечката законска регулатива.6. Од меѓународната заедница бараме да биде силен посредник во ова национално помирување и обединување. Овој процес треба да започне со праведно решавање на статусот на сите обвинети од 27 април и со целосно ослободување на оние кои на тој ден не извршиле никакво насилство. Но кризата ниту започна ниту заврши со настаните од 27 април, и затоа помирувањето не може да биде фокусирано само кон еден настан. Вистинското помирување треба да биде многу поинклузивно и тоа долгорочно ќе значи и создавање на услови со кои Македонија во иднина ќе биде вистински, лојален и доверлив партнер и во НАТО и во ЕУ.Воедно ги повикуваме сите пратеници и членови од сите политички партии, а особено од ВМРО-ДПМНЕ, но и сите интелектуалци и граѓани кои што се согласуваат со содржината на ова писмо, да ја поддржат оваа иницијатива. Сметаме дека неговата содржина во голема мерка е натпартиска и дека ја заслужува поддршката на секој граѓанин на РМ кој посакува подобра иднина за сите нас и нашата земја“, се вели во отвореното писмо на Пешевски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

АД Елем: Охридското Езеро е 17 сантиметри над долната граница, понудивме пумпи за Студенчишкото блато

„Во врска со проблемот со загрозувањето на плашицата во Студенчишки канал, АД Елем информира дека како имател на водостопанска дозвола, го одржува нивото на езерото во дозволените рамки, односно нивото во моментов е 17см над долната граница според дозволата, односно 10см според мерната скала на Хидрометеоролошки завод.Испустот на вода преку регулациониот отвор од Охридското езеро во реката Црн Дрим е на минимално ниво, кое што е потребно да се обезбеди вода за живиот свет во реката, а која во моментов е на ниво пониско од просечното во овој период од годината.За да помогне во случајот со рибниот фонд во Студенчишко блато и недоволното количество на вода и кислород во водата во каналот, АД ЕЛЕМ му понуди на Хидробиолошкиот завод во Охрид да обезбеди потопни пумпи кои ЕЛЕМ ќе ги позајми на заводот, со цел да се обезбеди поголемо вртење на водата и обезбедување кислорот на загрозената локација, бидејќи во моментот заводот не располагал со доволно пумпи за таа намена“, стои во соопштението

Македонија | пред 7 години

planina-magla-snezna-bura

Спасени четири лица завеани од снег на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека четири лица се завеани во обилниот снег во село Горно Ореово, поради неговото интензивно паѓање во текот на целиот ден.„Веднаш по добивањето на информацијата од вработени во ПО Битола, беа преземени сите активности за спасување на завеаните лица. По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот, четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа преземени и безбедно вратени во Битола“, се наведува во соопштението на ДЗС.Акцијата за нивно пронаоѓање траела до 6 часот утрото и завршила безбедно.

Македонија | пред 7 години

vera-cejkovska-960x640

Почина македонската поетеса Вера Чејковска

Денес, по тешко боледување, на 64-годишна возраст почина македонската поетеса, раскажувач и есеист Вера Чејковска.Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1987 година. Зад себе ги остави збирките поезија: Човек и врата (1975), Множење на словото (1986), Опит (1992), Отсуството на Благиот (1993), Leximi i dritës (2000), Рабови (2007), Отсуството на Благиот II (2008), The Аbsence of the Mild One (2011), Моите веди (2013), My Vedas (2015), збирката раскази Чејка и чајка (2015), како и низа научни монографии и студии од областа на сеизмологијата.Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел од 12 часот и 30 минути, а погребот ќе се изврши во 13 часот и 30 минути.

Македонија | пред 7 години

46441206_10217637265024501_513851983237480448_n

Таравари оствари средба со Јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска ја прими амбасадорката на Јапонија во Скопје, Кеико Ханеда, со која разговараше за проекти во општина Гостивар кои може да ги финансира јапонската влада."Со јапонската амбасадорка имавме пријатен пријателски разговор, при што ја запознав со предизвиците и проблемите со кои се соочува Општина Гостивар, за реализираните проекти и оние кои планираме да ги спроведеме во наредниот период. Разговаравме за проекти кои може да ги финансира јапонската амбасада,  а за кои ќе треба да конкурираме со разумни предлози", изјави градоначалникот Таравари по средбата.Меѓу приоритетните проекти за кои Општина Гостивар планира да аплицира, Таравари ја истакна целосната реконструкција на покривот на основното училиште “Гоце Делчев“ и ставањето во функција на Центарот за аутизам. При оваа прилика, Таравари нагласи дека што се однесува до покривот на училиштето, тоа е надлежност на Министерството за образование и наука, но оттаму не преземаат никакви конкретни чекори во тој поглед.Амбасадорот Кеико Ханеда смета дека средбата била многу плодна, бидејќи се дискутирало за можноста за спроведување на заеднички проекти, во рамките на пријателството кое неговата земја ја има со Македонија и со многу општини во оваа земја."Многу сум среќна што сум тука по покана на градоначалникот на Гостивар. Ова е моја прва официјална посета на овој град. Со градоначалникот имавме многу плодна дискусија, дознав многу работи за градот, разговаравме за важни предизвици и за можноста за соработка. Јапонија има многу добра соработка со многу општини во Македонија. Многу сум задоволна што Гостивар е дел од ова пријателство ", истакна амбасадорката на Јапонија во Скопје.Градоначалникот Таравари и амбасадорката Ханеда, во придружба на нивните соработници, посетија објекти од значење за културното наследство на градот.

Македонија | пред 7 години

kuzman

Сниран проблемот со греење во студентскиот дом „Кузман“

Од студентскиот дом „Кузман“ информираат дека дефектот со пумпата на мазут и дизните поради што се јави прекин во доставата на топлата вода и парното греење е саниран.„На место на старата пумпа се постави нова со што домот повторно се стави во функција. Вработените од секторот за одржување се сомневаат дека дефектот настанал поради неквалитетен мазут. Државниот студентски центар анализа од примерот мазут ќе испрати на испитување за да ги провери сомневањата на вработените.Директорот на државниот студентски центар Дарио Николовски беше во домот за одблизу да се запознае со причините и сомнежите за настанатиот дефект. Со студентите покрај актуелната состојба разговараа и за други теми кои го засегаат работењето на домот.Државниот студентски центар со сите средства се обидува да ги отстрани ваквите проблеми кои поради дотраената инсталација многу често се повторуваат. Во таа насока неодамна побаравме поголема партиципација од државата. Со тие средства повторно би ги вратиле во функција студентските домови.Ги уверуваме студентите дека проблемите ќе почнат да се решаваат и дека условите за учење во студентските домови ќе бидат подобри“, стои во соопштението.

Скопје | пред 7 години

levica

Левица: Охридското езеро не смее да биде уништено за лично богатење на поединци

Левица преку социјалните мрежи реагираа на приватизацијата на струшкото крајбрежје, поради што има катастрофални последици од неконтролираната градежна експанзија."Локалните медиуми во Струга деновиве го објавија предлогот на градоначалникот од ДУИ, Рамиз Мерко, за целосна приватизација на струшкото крајбрежје, каде последиците веќе се катастрофални од неконтролираната градежна експанзија и узурпација. И покрај тоа што овој предлог не поминал во Советот на Општина Струга, струшкиот градоначалник најавил дека овој проект ќе се реализира и без дадена согласност од советниците. Дали со ова Рамиз Мерко сака да најави дека постои договор за уништување на Охридското езеро помеѓу највисоките раководства на СДСМ и ДУИ?Охридското езеро е природно богатство од непроценлива вредност и тоа не сме да заврши во рацете на локални моќници чиј единствен интерес е максимизирање на својот профит. Дали со узурпација и градежна урбанизација која зелените површини и трската ги заменува со приватни објекти и плажи, оваа Влада ќе го штити Унеско статусот на Охридското езеро, продолжувајќи ги погубните политики на претходната власт?Бараме да се произнесат пред целата јавност претседателот на Владата, Зоран Заев и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески дали за да ги заштитат бизнис-интересите на својата коалиција се подготвени да дозволат неповратно уништување и девастирање на едно од нашите најзначајни природни богатства?Охридското езеро претставува монументален споменик на природата и тоа не смее да биде уништено заради задоволување на краткорочните бизнис-интереси и желби за лично богатење на одредени поединци", стои во објавата

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

МВР го има новиот број на Груевски

Адвокатот на Никола Груевски за дел од предметите во кој тој е обвинет, Еленко Миланов во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека Груевски му се јавил откако објави дека е во Унгарија и потоа уште еднаш комуницирале по СМС пораки. Миланов рече дека бројот од кој Груевски го контактира е странски број.Груевски го прашал дали Судот имал право да му одреди притвор, иако имунитетот не му е одземен.-Ви гарантирам дека МВР го има бројот од кој Груевски ми се јави. Верувам дека МВР ги има сите контакти од мојот телефон. А, и верувам дека нашите служби можат да го обезбедат бројот по други канали, рече Миланов.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Адвокатот на Груевски: Тој ми се јави откако стигна во Унгарија

Адвокатот на Никола Груевски за дел од предметите во кој тој е обвинет, Еленко Миланов во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тој немал сознанија дека неговиот клиент планира да ја напушти Македонија и рече дека Груевски му се јавил откако пристигнал во Унгарија.-Ниту сум имал сознанија, ниту ништо. Десетина дена пред да замине е последниот мој контакт со Груевски и немаше никакви такви најави. После објавувањето на статусот на Фејсбук, тој ми се јави како негов бранител да ми каже дека заминал во Унгарија да бара азил. Немаше сознанија од претходно за такво нешто. Греувски само ми кажа дека од тој број ќе ме бара доколку има потреба и дека јас можам да го барам на тој број. За тој контакт е известен и Судот, рече Миланов.

Македонија | пред 7 години

policija-620x2641

Скопјанец пронајден мртов во стан: Соседот пријавил дека не го видел неколку дена, полицијата го пронашла телото

На 18.11.2018 година во 11.50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, К.Ц.(59) пријавил дека неколку дена не го видел неговиот сосед С.Џ.(77).По добиената пријава полициски службеници отишле во станот на С.Џ. и го пронашле починат.По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институт за судска медицина.

Скопје | пред 7 години

toni-andreev

Тони Андреев: На настапи најбројни ми се девојките и ми нудат се и сешто

Иако на пошироката публика и се претстави неодамна, младиот пејач Тони Андреев веќе мака мачи со обожавателките. Тони пред извесно време ја промовираше дебитантската „До мене, а толку далечна“, но тој одамна се бави со музика и настапува по ноќните клубови каде врие од девојки на кои им е особено атрактивен заради изгледот. Некои после некоја чашка се ослободуваат, па вели, не само што му се доближуваат туку има и непристојни предлози.„Има се, но засега одлично се снаоѓам и не можам да се пожалам. Ретко сакам да зборувам за мојот приватен живот во јавноста или да споделувам детали по социјалните мрежи, па затоа дел од девојките, кои мислат дека сум слободен дечко, знаат да искоментираат интересни работи, па дури и додека пеам. Неколкупати се случило да имам и непристојни понуди со идеи што да се прави после настап, но тоа не го гледам никако негативно, а и знам дека алкохолот си го прави своето“, вели Тони, и уште додава дека на почетокот по премиерата на неговата песна малку бил збунет и најмалку што очекувал било публиката да ја пее со него песната.„На почетокот искрено бев малку збунет кога на моите настапи ја слушав публиката како заедно со мене ја пеат песната на која максимално и се посветив, и тоа навистина ме радува“, вели Тони.

Магазин | пред 7 години

policija-3-640x382

Најчевска за вчерашниот протест: Џганот кој се откажа од историјата на мојот татко, одеднаш се сети за АСНОМ

Професорката, Мирјана Најчевска, на својот Фејсбук профил го искоментира вчерашниот протест кој се одржа пред Собранието против уставните измени. Организаторите на протестот и демонстрантите ги нарекува сеачи на национализам и омраза.„Не ми се верува, џганот кој го испоплука социјализмот, кој направи хорор музеј за комунизмот, џганот кој се откажа од историјата на мојот татко и неговите соборци, одеднаш се сети за АСНОМ и застана во негова одбрана.Мрш бре кретенчиња неписмени кои сеете национализам и омраза и продуцирате насилство, кои ја вративте државата во 16 век и не закопавте во фекалии од кои не можеме да се извлечеме.Таткоми умре со револуционерните песни на своите загинати соборци и со подигната тупаница за одбрана на овој народец од џганот како вас.И јас немам намера да дозволам националистичко-фашистичката багра на чело на лумпен пролетаријатот кој истиот овој џган го создаде да не влече надоле“, напиша Најчевска.

Македонија | пред 7 години

Jane-Cento-696x371

Ченто: Вратете ме во Шутка, во вакво време чест е да бидете во затвор или убиен

Јане Ченто, еден од обвинетите во случајот за “27 април” пред малку на јавна седница во Апелациониот суд ја образложи својата жалба со која бара укинување на притворот.Ченто истакна дека притворот му бил одредуван со копирани решенија на судовите, без аргументи. Тој посочи дека неговото решение било копија од друг обвинет, односно пишувало дека има болно бебе , и дека дал гаранција од 600.000 евра, што не е точно.Ченто не успеа да ја доврши реченицата, бидејќи судиите го ограничуваа неговиот говор, па по кратка расправа, Ченто рече:-Повеќе од 11 месеци сум во притвор. Не барам куќен притвор или слобода, моите браќа се во Шутка. Знам дека жалбата ќе ми ја одбиете и за тоа сум свесен! Вратете ме во Шутка. Во вакво време чест е да бидете во затвор или убиен, рече Ченто.Извор: Фокус

Македонија | пред 7 години

Image-1

Царинската управа го прифати Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи

На 16 ноември 2018 година, Царинската управа го прифати Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната АСИКУДА, истиот беше подготвуван во изминатите 5 години и претставува почеток на Дигиталната ера на Царинската управа.„Новиот Систем има за цел да ги замени царинските постапки што се базираат на хартија со електронски постапки. На тој начин ќе се создаде поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој. Со него треба да се поврзат сите постоечки дигитални системи во една интегрална целина и воведување на електронска царинска декларација за сите царински постапки во увозот и извозот, како и електронско поднесување и обработка на акцизни документи. Исто така, со овој систем ќе обезбедиме намалени трошоци за трговските трансакции, олеснето спроведување на договорите за слободна трговија, подобро управување и контрола.Новиот Систем претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, правејќи го животот полесен за учесниците во царинската и надворешно-трговската постапка, за другите гранични агенции што се присутни на граница, како и за царинските службеници.Примената на Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе започне во првиот квартал од 2019 година преку Пилот царински испостави, а негово целосно ставање во функција се очекува во средината на 2019 година.Ова меѓу другото ќе резултира и во поуспешна наплата на приходи, порационално искористување на ресурсите и поефикасна меѓународна трговска размена во која трговците електронски ќе разменуваат информации со Царината и останатите агенции учесници во царинската постапка“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Град Скопје со беспилотно летало ќе ги лоцира изворите на загдување на воздухот

Градот Скопје викендов го почна 3Д мапирањето на критичните точки за загадувањето на воздухот во градот со беспилотно летало. Како прва локација беше избрана депонијата „Вардариште“, а мапирањето ќе продолжи и на други локации. Оваа активност е само една од мерките кои Градот Скопје ги презема за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.-Жителите на Аеродром и на Гази Баба веќе подолг период се задушуваат од непријатна миризба што се шири покрај кејот на Вардар. Мерните станици покажуваат најголема концентрација на ПМ10 честички токму во овие делови од градот. Сега, со 3Д мапирањето на „Вардариште“ ќе се добие целосна слика на опфатот на депонијата, односно во кои делови се пали отпад, особено ако тие делови се наоѓаат на приватни имоти. Инспекторатот на Град Скопје ќе добие прецизни податоци, со што полесно ќе може да ги извршува задачите. Убедени сме дека со вакви акции ќе ги елиминираме причинителите на загадувањето, еден по еден – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.Салиху додаде дека Град Скопје интензивно работи во насока на намалување на загадувањето на воздухот и дека инспекторатот на Град Скопје минатиот месец изрече двојно повеќе казни во однос на октомври 2017 година.-Сите инсталации кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола се проверени и редовно доставуваат мерења со кои се задолжени во самата дозвола. Активна е и кампањата за пријавување огнови на отворено на телефонскиот број 193. Во оваа пригода упатувам апел до сите граѓани огновите на отворено да ги пријавуваат на телефонскиот број 193, а не како што е вообичаената практика да ги пријавуваат на социјалните мрежи. Само заедно можеме да го спречиме палењето огнови на отворено, а со тоа да ја подобриме животната средина и квалитетот на амбиентниот воздух – нагласи Салиху.Раководителот на Секторот инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски, појасни дека „Вардариште“ е една од црните точки во градот кои во изминатиов период биле предмет на инспекција и каде што се откриени поголем број прекршители.-На оваа локација е забележано палење кабел и друг кабаст отпад. Со ова 3Д мапирање точно ќе ги лоцираме местата каде што тоа се случува – рече Богдановски.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Поднесена кривична пријава против Битолчанец поради вршење јавен превоз без лиценца

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К.(47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.На 20.10.2018 година околу 15.00 часот во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот при истовар на огревни дрва од товарно возило, негова сопственост, при што било утврдено дека со возилото вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Автомобил излета од локалниот пат Кадино - Миладиновци

На 18.11.2018 година во 07.00 часот на локалниот пат село Кадино-село Миладиновци, скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(47) од Скопје излетало од коловозот и се превртело.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Т.Т. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, еден со тешки телесни повреди

Вчера во 07.40 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(28) од село Сингелиќ, скопско и патничко возило „Хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(35) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј..Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода ја победија екипата на „Спортисимо“

КК „Ангели“ од Кисела Вода убедливо ја победи екипата на „Спортисимо“ од Кавадарци, со резултат 117:51.Со оваа голема победа сениорите на „Ангели“ се искачија на првото место на табелата во втората кошаркарска лига.На натпреварот предводеше Христијан Ристов со постигнати 20 поени, додека Симеон Митров со 18, Стефан Миловски со 15, а најмладиот играч Марко Спасовски постигна 14 поени.Клубот од Кисела Вода следната недела ќе игра на гости во Тетово со КК „Тетекс“.

Спорт | пред 7 години

cinedays-800x430

Доделени наградите на затворањето на Cinedeys

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Еј“ на Васил Христов во киното Милениум е затворен 17-от Меѓународен фестивал за европски филм „Cinedeys“.„Со задоволство ја спуштаме завесата на годинешниов „Cinedeys“, за прв пат како фестивал со акредитација од Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти (FIAPF), со која застануваме рамо до рамо со големите фестивали во Кан, Берлин, Сан Себастијан, Венеција и Торонто. FIAPF во „Cinedeys“ препозна фестивал кој има одлична селекција на филмови, квалитетни програми, полни кино сали, фестивалсска атмосфера со која се приближуваме на европскиот филмски шмек. Или во бројки, 17-тото издание го погледнаа повеќе од 18 000 гледачи, имавме 200 странски гости, а вестите за фестивалот покрај домашните новинари ги пренесуваа и десетина акредитирани новинари од регионот“ – изјави Русе Арсов директор на Младинскиот културен центар.Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше меѓународна жири комисија која ги додели следниве награди:Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Само на мојата свадба“од Марта Бергман, БелгијаНаграда „Сребрана ѕвезда“ за најдобра режија за филмот „Кога дрвјата паѓаат“ во режија на Марисја Никитиук, УкраинаНаграда  „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио е за Стефан Лукас, сценарист и режисер на филмот  „Полицајци“ Австрија.Специјално признание за филмот „Ана преку ден“ на Андреа Хауриета, ШпанијаВо селекцијата СинеБалкан награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби  филмот „Брак“ во режија на Блерта Зекири, КосовоСпецијално признание за филмот „Мрзливец“ во режија на Алекса Стефан Радуловиќ, Црна ГораНаграда за Најдобра филмска критика на Вероника Камчевска за рецензијата на филмот „Не допирај ме“ од Адина ПинтилиеНаграда за Најдобар студентски филм за филмот „Возење. Поема за татко ми“ во режија на Ирена Гатеј од Универзитетот Нова Горица, СловенијаНаграда Young Cinema Award од жирито на Џифони филм фестивал за филмот „Арада“, на Му Тунч, Турција.„Со вечерашното завршување на фестивалот почнуваат подготовките за идното полнолетно издание на „Cinedeys“, кое ќе ја задржи тенденцијата да носи новитети на домашниот филмски пазар“ – дополни Арсов.Инаку филмот „Еј“ на Васил Христов од четврток е на редовен репертоар на кино Милениум. 

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања