Скопје1.мк

46061934_341367206650778_2643317843998801920_n

Никола Груевски ја напуштил државата - распишана потерница

Распишана ПОТЕРНИЦА по Никола Груевски ! Скопје1.мк пред три дена објави дека Груевски ја напушти државатаПо налог на Кривичниот суд, МВР издаде потерница по екс премиерот Никола Груевски.“Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата” -се наведува во информацијата.Прашањето кое денес доминира во медиумите „ Каде е Никола Груевски“ Скопје1.мк го одговори уште во петокот.Според наши извори од ВМРО ДПМНЕ, блиски до западните амбасади Груевски веќе ја напуштил државата и според нивни сознанија тој илегално за почеток се дислоцирал во Грција.Медиумите во земјава денес објавуваат дека Груевски го нема , а бегството на Груевски е тема и во колумните на аналитичарите.ПРВАТА ВЕСТ ЗА БЕГСТВОТО - Груевски избегал за да не оди во затвор? 

Македонија | пред 7 години

45890242_2193097657686337_6582289929491972096_o

Пронајдени 50 килограми марихуана во близина на Граничниот премин Ќафасан

На 11-ти ноември околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 50 килограми.На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати, а марихуаната е предадена на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

zatvor

Ако сам не дојде во Шутка, Груевски најрано в среда во судот ќе го добие решението за затвор

Ако судскиот доставувач, кој три пати не го најде на адресата по лична карта, реши да го начека осудениот експремиер Никола Груевски во ходниците на Кривичниот суд како минатиот пат кога му го врачи решението за затвор, тоа ќе може да го стори дури в среда, 14 ноември. Тоа е всушност единствениот ден оваа недела кога Груевски има судско рочиште и мора да дојде, за да не биде присилно спроведен.Имено, рочиштето за тешки изборни нерегуларности во случајот на СЈО „Титаник“, каде Груевски е обвинет за злосторничко здружување и за други кривични дела, нема да се одржи в понеделник, поради зафатеност на големите судски сали во новиот, но и таа во стариот Основен суд Скопје 1. Од седум-осум претходно закажани рочишта за „Титаник“, минатата недела од оваа причина отпаднаа неколку и до крајот на ноември ќе се одржат вкупно пет.Но, Основниот суд Скопје 1 најави дека од понеделник изутрина продолжува да го бара Груевски да му го врачи на рака решението со кое веднаш треба да оди на издржување на двегодишната затворска казна. Судот остави простор и тој сам да се пријави на затворската порта во затоворт Шутка, за каде што му е упатниот акт.Судот не се изјасни што ќе се случи ако и од понеделник не го пронајде Груевски на пријавената адреса, до кога ќе го толерира и кога би побарал од МВР да распише потерница ако и натаму не го најде или не се пријави самиот в затвор.  На Груевски како поранешен премиер, според законот му следува 24-часовна државна заштита од шестмина телохранители вработени во МВР. Но, Судот викендов не побарал асистенција од СВР Скопје за да го најде осуденикот. Полицијата, според процедурата, без налог на судот нема да го бара Груевски. Тоа значи дека воопшто нема ни да ги прашува шестмината вработени во Шестата управа на МВР кои го обезбедуваат како експремиер, каде е, зошто не е најден дома, дали им избегал и слично, додека Кривичниот суд не даде налог за такво нешто. Нивните шефови од МВР немаат законска надлежност да им се јавуваат и да ги прашуваат каде е, зошто не бил на адресата што ја пријавил, се додека не биде добиен налог од Судот.Пратеникот Груевски кој е член на собраниската комисија за уставни прашања викендов не се појави ни на седниците на кои се расправа за амандманите за промена на Уставот согласно Преспанскиот договор за името со Грција. Неговото членство во оваа комисија беше наведено како причина за одложување на затворската казната во жалбата до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Жалбата му е одбиена и требаше да се јави в затвор на 9 ноември.

Македонија | пред 7 години

collage1-2

Замрзнати имотите и сметките на Орка, Систина, Ексико, Пелагонија...

Имотот и сметките на обвинетите во „ Империја “ привремено одземени.Судија на претходна постапка постапувајќи по барања на СЈО за привремено одземање на имот заради обезбедување во случајот „Империја“ судијата определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката.Од Кривичниот суд соопштија дека судијата на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните дела, лицата опфатени во конкретниот предмет, прибавиле имотна корист, судијата ги прифати предлозите и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица.Во однос на решенијата на судија на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство во овој предмет, во текот на денот до судот доставени се жалби од одбраната кои веднаш се испратени на одговор кај надлежното обвинителство, а по добиениот одговор Кривичниот совет дополнително ќе одлучува по нив.СЈО во петокот отвори истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.По распитот кој траеше до саботата наутро, притвор им е одреден на бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, директорот на ЗК Пелагонија Цветан Панделески и за Зорица Арсовска, сметководител во фирмите на Камчев и тие се наожаат во истражниот затвор Шутка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Блокиран центарот на Лондон поради сомнителен автомобил

Британската полиција го блокираше главниот пат во Воксхал, во центарот на Лондон, поради сомнителен автомобил.Како што пренесе Ројтерс, центарот е блокиран бидејќи полицијата го истражува сомнителното напушетно возило.Се наведува дека портпаролот објавил дека полициските службеници го испитуваат потенцијално сомнителниот автомобил на левиот брег на реката Темза.Агенцијата вели дека во Велика Британија на сила е второто највисоко ниво на заштита од безбедносни закани по неколкуте напади извршени во таа земја минатата година.

Свет | пред 7 години

monstrum

Судењето за „Монструм“ продолжува на 19 ноември

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година продолжува на 19 ноември, откако на денешното рочиште беа сослушани три вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила.За случајот „Монструм“ во претходна постапка, предмет на анализа биле возилата „опел омега”, „голф 3″, „фолксваген пасат“, „пежо 306″ и „мазда 626″.Вештакот, кој работел на анализа на идентитетот на возилата преку европскиот систем за регистрација на возила, објасни дека идентификациониот број на возилата содржи 17 броја, преку кои тоа возило се разликува од сите други возила од ист тип и марка.– Возилото” опел омега” е со оригинален идентификациски број, меѓутоа при проверка во системот е утврдено дека регистарските ознаки се оригинал, но не се од ова патничко возило, односно припаѓаат на “мерцедес тип123”. Од извршените проверки во база на регистрирани моторни возила во Македонија за пмв “опел омега” е констатирано дека ова возило никогаш не било регистрирано во Македонија, изјави вештото лице.Во однос на останатите возила “пежо 306”, “фолксваген пасат”, “мазда 626” и “фолксваген голф”, вештакот кажа, дека сите биле со оригинален идентитет и регистарски таблички.На прашање од СЈО, дали имало клуч од возило кога вршел испитувања, вештакот рече дека возилото било со оригинален клуч, успешно го стартувал и од борд компјутерот видел дека има гориво за уште околу 130 км.Претходно, двајцата вештаци, кои вршеле анализа на отпечатоци од прсти и траги на возилата „пежо 306″, „мазда 626″ и „фолксваген пасат“ кажаа дека по извршената анализа кај трагите од возилата, кај  „пежо 306„ биле идентификувани траги на лицето Алил Демири и тие на лицето Самир Љута, кое е подоцна внесено во системот за анализа од СВР Скопје, додека кај трагите од „фолксваген пасат“ биле идентификувани лицата Алил Демири, Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири.Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, на почетокот информира дека се уште нема одговор на барањето за екстрадиција на двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство на Косово.Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.

Македонија | пред 7 години

vmro

ВМРО-ДПМНЕ ќе распише оглас за нови членови

Владата не само што не нуди решенија, туку само ги продлабочува проблемите, обвини на денешната прес-конференција генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.„Нема напредок во ниту едно поле и област. Освен секако во криминалот и корупцијата, тоа е единственото нешто што знае да го прави хунтата на Заев. Името, идентитетот, достоинството на македонските граѓани, зародената власт не значи ништо и нема ништо свето. Наша обврска како партија е да се спротивставиме на ваквото назадување. Преку понуда, проекти, нудење на решенија. Постои се поголем интерес на луѓе, квалитетни поединци кои ја сакаат Македонија и сакаат да помогнат, и да дадат свој придонес на тој план“, изјави Јанушев.Токму затоа, вели Јанушев ќе работиме на дополнително унапредување на капацитетите кои ќе нудат решенија и предлози, но и кои ќе изработат сопствена понуда ангажирајќи ги најдобрите капацитети  и најдобрите поединци и професионалци во оваа држава.„Во таа насока на последната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. Повикот ќе трае до 15-ти декември 2018 година. Се поттикнуваат сите оние кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата да се пријават“, изјави Јанушев.Генералниот секретар на партијата исто така посочи дека покрај ова, втората одлука која биле  донесена на последната седница на ЦК е одлука за спроведување на ажурирање на членството во партијата. Ажурирањето ќе започне од 01.12 и ќе трае 3 месеци.

Македонија | пред 7 години

znm

ЗНМ: Владата не го исполни ветувањето дека нема да има платена политичка пропаганда во медиумите

Здружението на новинарите на Македонија преку соопштение изрази сериозна загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена постапка се предложени од власта и опозицијата во Собранието, не е предвидено и бришењето на спорниот член за финансирање на политичката пропаганда на партиите за време на изборна кампања.„Разочарани сме што Владата не ги исполнува јавните ветувања пред македонската јавност и меѓународните партнери дека по референдумот ќе ја укине можноста јавни пари да се трошат за плаќање на политичка пропаганда во медиумите.На почетокот од септември годинава, Владата писмено одговори до платформата на Советот на Европа за промоција и заштита на новинарството и безбедноста на новинарите, која во август објави предупредување во врска со спорните измени на Изборниот законик.Во тој одговор Владата вети дека при наредните измени и дополнувања на Изборниот законик ќе ги земе предвид и укажувањата на новинарската заедница.Ако остане решението со јавни пари да се финансира политичката пропаганда во приватните медиуми нема да прекинат старите клиентелистички односи меѓу политичките партии и медиумите. Преку ваквите коруптивни односи што претходната власт ги воспостави со владините реклами, власта ја купуваше наклонетоста на медиумите и ги претвори нив во инструмент за ширење политичка пропаганда“, пишува во соопштението од ЗНМ.ЗНМ најавува дека ќе ги информира меѓународните организации за тоа што Владата не ги исполнува дадените ветувања дека при следното менување на изборната регулатива ќе ја избришат можноста јавни пари да се трошат за пропаганда.

Македонија | пред 7 години

maticni-k

Успешно извршена првата несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки

Прва несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки минатата недела првпат во Република Македонија, успешно е извршена на Универзитетската клиника за хематологија врз 22-годишен пациент од Скопје.Со овој зафат македонското јавно здравство стана дел од мапата на светските и европски медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта.Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција истакна дека досега за ваква трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител пациентите се испраќаа во странство, а од сега веќе нема да се малтретираат ниту семејството, ниту пациентите и ќе се направи огромна заштеда на финансиски средства од Фондот за здравствено осигурување, заради тоа што сме дел од Европскиот регистар за матични клетки со чија помош матични клетки се лоцирани во една од европските земји, донесени се на Клиниката и се успешно се трансплантирани на пациентот.„Оваа процедура од сега редовно ќе им биде на располагање на сите наши пациенти кои боледуваат од малигна болест на крвта и на кои им е потребна трансплантација. Дополнително ќе ги разгледуваме моделите кои ќе го зајакнат јавно здравствениот сектор, во блиска иднина на развивање на моделите на јавно приватно партнерство, за да обезбедиме инфраструктура таму каде недостига, а ќе работиме и на покревање на нивото на експертиза на нашите лекари преку едукација во странство или носење странски експерти кај нас“, рече Филипче.Додаде дека ќе работат на зголемување на инвестициите во јавното здравство, а во смисла на покревање на платите на сите здравствени работници.Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев рече дека една ваква трансплантација во странство во просек изнесувала до 120.000 евра, а опсегот можел да биде од 90.000 евра до 250.000 евра.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Горивото поевтинува за три до 4,5 денари

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат од три до 4,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 4,5 денари за литар и ќе изнесува 67 денари, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за четири денари и ќе чини 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за три денари и ќе се продава за 64,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари по литар и ќе чини 53 денари.Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 9,06 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,214 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Македонија | пред 7 години

FB_IMG_1542016936560

Се прават 4 нови улици во Стар Аеродром

Општината ќе изведува 4 нови улици во населбата Стар Аеродром. Станува збор за краци на улицата „Пандил Шишков“, кои ќе добијат комплетно нова водоводна мрежа, атмосферска канализација, асфалтирање и улично осветлување."Подобрувањето на инфраструктурата во овој дел на Општината е едно од основните барања и потреби на жителите. На овој начин ќе се олесни пристапот на граѓаните до своите домови и подземните паркинзи, ќе се зголеми бројот на паркинг-места и ќе се намали сообраќајниот метеж", велат од општината.За оваа намена Општината има предвидено над 9 милиони денари од сопствениот буџет.

Скопје | пред 7 години

grujo

Судот денеска во нов обид да го достави решението до Груевски

Судот денеска ќе прави нов обид да му го достави решението на порнешниот премиер Никола Груевски за отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк“ или ќе му го врачи на рака во судот каде тој доаѓа на рочиште за друг предмет.Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес.Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби во петокот жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.Собранието на Република Македонија во петокот не му го одзеде пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство.

Македонија | пред 7 години

regulatorna

РКЕ ќе одреди тарифи за водни услуги за осум мали општини

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на подготвителна седница ќе разгледува неколку решенија за утврдување тарифи на водни услуги на општини со помалку од 10.000 жители за регулираниот период од 2019-2021 година.На денешната седница треба да бидат утврдени тарифите за снабдување со вода за пиење или водоснабдување, како и  за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈПКД „Тополка“ Чашка, ЈПКД „Росоман“ Росоман, ЈП „Водовод и канализација“ Македонски Брод ЈП „Пелагонија“ Кривогаштани, ЈКП „Комуналец“ Пехчево, ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар, ЈКП „Пела хигиена“ Могила и ЈПКД „Дебрца“ Дебрца.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Недела против лажни вести

Институтот за комуникациски студии (ИКС) од денеска до 18-ти овој месец ја одбележува Неделата против лажни вести.Целта е да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата што лажните вести, манипулациите и дезинформациите ја нанесуваат на целото општество.-Новите медиуми нудат простор за неограничена слобода на изразување, која за жал често се злоупотребува од поединци, кои не размислуваат или воопшто не им е грижа за етичките стандарди на информирање и одговорно искажување на ставовите. Сведоци сме на зголемен тренд лажни вести и манипулации, што некогаш ниту експертите не можат да ги препознаат, вели Жанета Трајкоска, директорката на Институтот за комуникациски студии.Преку Неделата против лажните вести се сака да се отворат овие прашања, да им се понудат на граѓаните алатки да ги препознаваат ваквите медиумски манипулации и да реагираат.“Во рамките на Неделата против лажните вести, денеска, утре и на  15 ноември ИКС ќе организира три обуки за средношколци, за студенти и за пензионери и ќе им понуди на учесниците алатки за полесно да ги препознаат лажните вести.На 14 ноември  предвиден е онлајн семинарот „Со новинарски техники до појасна слика: истражувачкото новинарство против лажните вести“ со новинарката Кристина Озимец, а во вечерниот термин во кафулето „Концепт 37“ ќе дебатираат Сашо Ордановски, Милка Смилевска и Сеад Џигал, како да се справиме со дезинформациите и лажните вести во медиумите.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија го почнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24

 Македонија денеска го започнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24 насловен „Правда, слобода и безбедност“.Македонската делегација во Брисел ја предводи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач  и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ.Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, за време на посетата, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), каде ќе биде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работна седба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес ХанСостанокот ќе трае три дена, за време на кои експертските тимови ќе ги чешлаат седумдесетте страници од европското законодавство (acquis communautaire/аки) посветен на овие теми. Дипломатски извори за МИА објаснуваат дека станува збор за обемна област, во која се дискутираат низа различни теми, како азил, миграција, и низа граѓански и кривични материи.-Техничкото објаснување на аки-то за поглавјето 24 ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Брисел за да ги запознае земјите со законодавството и стандардите на ЕУ во овие области, изјави за МИА портпаролката Маја Коцијанчич.Таа потсетува дека Европската Комисија ја започна потребна подготвителна работа и “ќе продолжи да ја поддржува Поранешната југословенска република Македонија во нејзините напори да постигне опипливи и одржливи резултати посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, области кои имаат важен импакт врз животите на граѓаните“, рече Коцијанчич.До крајот на оваа година треба да се одржат ушти три скрининг состаноци за поглавјата 3 (слобода на услуги), 5 (јавни набавки) и 32 (финансиска контрола)

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Овде никој не го заклучува својот дом: Која е најбезбедната држава на светот?

Со само 37 илјади жители на површина од 160 квадратни метри, Лихтенштајн спаѓа во една од најмалите, но и најпосебни земји во светот.Државата речиси и да нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во земјата има само неколку затвореници.Секој кој е осуден на казна подолга од две години, заминува во затвор во Австрија. Луѓето во Лихтенштајн се чувствуваат толку безбедно што поголемиот дел од нив не ги заклучуваат вратите од своите домови.Швајцарија во една прилика извршила инвазија на Лихтенштајн – швајцарските војници, наоружани со пушки но без куршуми, во текот на една воена вежба случајно ја преминале границата. Еднаш годишно, сите жители се поканети на забава, односно на пиво во градините на дворецот Вадуз.Пред пет години постоеше можност да се изнајми целата држава за една вечер. Имено, во соработка со сервисот “Airbnb” беше понуден простор за сместување за 150 гости, дегустација на вино со принцот и креирање на персонализирана валута, а ваквото задоволство изнесуваше 70 илјади долари.Химната на Лихтенштајн “Oben am jungen Rhein” ја има потполно истата мелодија како химната на Велика Британија – “God Save the Queen”.Во Лихтенштајн, официјален јазик е германскиот, но жителите воглавно не го говорат. Поголемиот дел од нив се служат со алеманското наречје кое е поинакво од стандардниот германски јазик.Се до 1984 година, поради пропаѓањето на трите референдуми, жените во Лихтенштајн немале право да гласаат на изборите. На референдумот можеле да излезат само мажи, така што тој успеал по четвртиот обид, со 51,3 отсто од гласовите “за”.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Продолжува судењето за „Монструм“

 Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година.На претхдното рочиште на 25 октомври исказ даваа вештаци вработени во ДНК лабораторијата при Министерството за внатрешни работи. Вештаците кажаа дека во возилото „опел омега“ биде утврдени четири ДНК профили, меѓу кои и на обвинетиот Алил Демири.Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, побара од Судот да одговори до каде е постапката за екстрадиција на обвинетите  Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово. Судијата Огнен Ставрев кажа дека Министерството за правда побарало екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ од Косово, но оти се уште нема одговор.Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка. Семејствата на убиените на минатото рочиште  реагираа за темпото со кое се води случајот, а обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот да бидат закажани повеќе рочишта наеднаш.За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Помпео: Саудиска Арабија да побара одговорност од вмешаните во убиството на Кашоги

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во телефонски разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман изјави дека Ријад треба да побара одговорност за сите инволвирани во убиството на новинарот Џамал Кашоги, соопшти Стејт департментот.– Стејт департментот нагласи дека САД ќе побараат одговорност од сите вмешани во убиството на Кашоги, а Саудиска Арабија треба да го направи истото, се наведува во соопштението од Вашингтон.Помпео, исто така, повторно повика за прекин на воените дејствија во Јемен и наоѓање мирно решение меѓу страните во конфликтот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Три недели додека не бидат локализирани пожарите во Калифорнија

Ќе бидат потребни околу три недели за целосно локализирање и целосно гаснење на шумските пожари кои во последните денови зафатија неколку десетици илјади хектари во американската држава Калифорнија. Пожарникарите соопштија дека оганот бил локализиран на само 25 насто од подрачјето. Најмалку 25 луѓе загинале,а над 250.000 добија налог за евакуација на подражјето на Сакраменто и Малибу. Во гаснењето на пожарите биле ангажирани 8.000 пожарникари. Калифорнија и пред една година беше зафатена со неколку шумски пожари.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Илјадници Бугари блокираа патишта поради цени на горива и даноци

Илјадници Бугари денеска блокираа важни сообраќајници и патишта во земјата во знак на протест поради зголемувањето на цените на горивата, данокот на постари автомобили и очекуваното поскапување на премиите за осигурување на автомобилите.Повеќе од 2.000 луѓе со национални знамиња маршираа низ центарот на Софија и извикуваа „мафија“ и „ѓубриња“, незадоволни од зголемувањето на животните трошоци во најсиромашнат земја членка на ЕУ, јавуваат агенциите.Протести се одржани во повеќе од 20 бугарски градови, при што десетици возачи со часови блокираа патишта, вклучувајќи го и патот кон Грција.Некои бараа и оставка од коалициската Влада на десниот центар на премиерот Бојко Борисов.

Свет | пред 7 години

jabolka-1

За 1 денар 2 килограми јаболка – овоштарите од Ресен ги фрлија јаболката на буниште

Катастрофалната ниска цена која владата им ја понуди на овоштарите за откуп на јаболката по цена од 1 денар за 2 килограми, ги револтираше производителите на јаболка.Тие одлучија да го фрлат својот род.Откупот на овогодинешната реколта на јаболката во цела држава се одвива во катастрофални услови, а особено во преспанско-ресенскиот регион каде оваа овошка е најмногу застапена.

Македонија | пред 7 години

alibaba

„Алибаба“ сруши рекорд за „Денот на самците“, заработи милијарда долари за 85 секунди

Кинескиот трговски гигант „Алибаба“ постави нов рекорд на „Денот на самците“, кога компанијата за 85 секунди, онлајн успеа да продаде производи во вредност од една милијарда американски долари.Растот доаѓа во значаен период кога „Алибаба“ е под притисок од успорување на кинеската економија, се појавуваат нови ривали во индустријата на електронската трговија, но и тровската војна со Соединетите Американски Држави.„Алибаба“ претходно месецов ја намали прогнозата на годишните приходи за дури шест проценти.Денот на самците се одбележува во Кина од 1990 година, како спротивност на Денот на заљубените, со цел луѓето кои не се во врска да купуваат производи за себе.

Свет | пред 7 години

osmani

Османи во Брисел на средба со Хан и претставници на работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, во својство на Главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, денеска ќе ја предводи владино – државната делегација во Брисел на работна сесија со претставниците на Европската Комисија, каде ќе биде претставено поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност, соопштија од кабинетот на Османи.За време на посетата, како што посочуваат во соопштението, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан, каде ќе биде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работна седба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Македонија | пред 7 години

voda

Без вода дел од корисниците во Аеродром, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради преповрзување од стара на нова мрежа која постепено ќе се става во функција во текот на денот без вода за пиење од 9 часот па сè до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – станбените објекти над 5. кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол.„Ова го правиме во интерес на граѓаните на посочените населени места со цел во иднина да не се соочуваме со досегашните проблеми“, се наведува во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“.Оттаму исто така додаваат и дека кај дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите.

Скопје | пред 7 години

45915472_1103387549836703_952914442524295168_n

(ФОТО) Мицкоски и Ѓорчев заедно ги шетаа децата, Тарчуловски ги остави дома

Пратеникот Влатко Ѓорчев вечерва заедно со неговите деца Марта, Филип, Никола и Катерина присуствуваа на натпреварот Вардар-Барселона, во Спортскиот центар Јане Сандански.+Заедно со нив беше и партискиот шеф на Ѓорчев, Христијан Мицкоски кој дојде со својот син. Единствен кој немаше татковски грижи беше пратеникот Јохан Тарчуловски, кој не ги поведе неговите три деца на натпреварот.„Со Вардар пораснавме, со Вардар ќе остареме. И во победи и порази, љубовта кон клубот останува.Момци главата горе, ќе дојдат победи, за заедничка радост и заедничка гордост!#СоСрцеЗаВардар #НапредВардар “, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.Инаку македонскиот шампион Вардар доживеа пораз вечерва во СЦ „Јане Сандански" со 26:30 од Барселона во рамките на седмото коло на ракометната Лига на шампиони. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања