Скопје1.мк

46025516_206154926949905_1765463817602465792_n

Фондот за иновации и технолошки развој со торта прославија 15.000 лајкови

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски објави фотографија на својот Фејсбук профил на која тој сече торта поради собрани 15.000 лајкови.„Вкусно изненадување од колегите минатата недела. Затоа што 15.000 лајкови на страната на Фонд за иновации и технолошки развој не се бројка, туку преземена обврска постојано да се подобруваме во нашата работа и заеднички да изградиме иновативно и економски развиено општество.Ви благодарам!“, напиша тој.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=206154923616572&set=a.125001301731935&type=3&theater

Македонија | пред 7 години

43425708_10214332963971819_1338724469891399680_n-1

Државата на секој можен начин пробува да ми го извади и последниот денар од џебот

„Како изгледа бесплатното основно образование во Македонија:- Прибор за хигиена (сапун, тоалетна, бришачи) во училиштето - на товар на родителите- Работни тетратки - на товар на родителите- Школски прибор, ташна, блокови за цртање, прибор за техничко и тетратки - на товар на родителите- Обезбедување на училиштето - на товар на родителите- Униформи - на товар на родителите- Училишни детски списанија - на товар на родителите- Ужинка - на товар на родителите- Еднодневни училишни едукативни екскурзии - на товар на родителите- Организирани училишни посети на музеи, театри, кина - на товар на родителите- Организирани повеќедневни училишни екскурзии - на товар на родителите- Задолжително осигурување на учениците - на товар на родителите- Котизација за учество на државни и регионални натпревари - на товар на родителите.Ако имате две деца помножете ги сите овие трошоци со два. Единствено, барем засега, не се наплаќа престојот во училиштето. Зборувајте ми за бесплатно основно образование. Само за споредба во Холандија сите овие горе наведени работи се бесплатни, односно на товар на државата. Во Скандинавските земји е слично, ако не и исто. Во Германија 80% од горе наведените ставки се на товар на државата. Бидејќи тие се сиромашни, а ние доволно богати да го плаќаме сето ова од свој џеб. Патем зборувајте ми и за патриотизам и научете ме како тоа треба да си ја сакам државата која што на секој можен начин пробува да ми го извади и последниот денар од џебот. Јебала вас држава, јебала. Тажна, Северна и раскантана. Ама ич не ми е битно ни како ќе се вика, ни дали ќе постоиФејсбук статус на Александар Левески

Коментари | пред 7 години

sobranie-3

Ребалансот на Буџетот 2018 усвоен од Собранието на РМ

Собранието на РМ го усвои Ребалансот на Буџетот за 2018 година. Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, целта на Ребалансот е да се направат корекции на расходната страна за да се обезбеди финансиска поддршка за општините со цел отплата на дел од долговите.-Се обезбедува финансиска поддршка на општините во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните а неплатени обврски на општините и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита-рече Тевдовски.Владата усвои предлог-законско решение со кое овие средства ќе бидат сразмерно распределени на општините, во износ од 51% од пријавените доспеани, а неисплатени обврски. Со законското решение ќе се постави и механизам за спречување на можноста за трупање неплатени обврски во општините.Со Ребалансот приходната страна на Буџетот е незначително коригирана, за 0,5% надолу. Ова е резултат на: намалувањето на приходите што ги остваруваат буџетските корисници на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси. Расходната страна на Буџетот е коригирана надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5%. Нивото на буџетски дефицит е задржано на 2,7% од БДП. Со ова се задржува определбата за постепена фискална консолидација.Со Предлог-ребалансот ревидирана е проекцијата за раст на БДП на 2,8%. Како што беше посочено, тоа се прави пред сѐ заради блокадата за влез во НАТО и ЕУ од страна на опозицијата. Интеграцијата на земјава носи безбедност и сигурност, кои се најважни при носењето одлуки од страна на инвеститорите. Неизвесноста може да влијае негативно на економијата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Скопје шести најзагаден град во светот

Според податоците објавени на веб страницата air visual, според квалитетот на воздухот Скопје се наоѓа на шестото место помеѓу десетте најзагадени градови во светот.Повеќе од две недели во Скопје воздухот е константно загаден, а во последните неколку денови загаденоста е над 150 ПМ честички.Граѓаните се жалат дека мириса на изгорена пластика.Според последните податоци највисока концентрација на канцерогени ПМ10 честички покажува мерната станица на Бит Пазар каде се измерени 174.Мерната станица во Ѓорче повеќе не работи откако пред една недела истата покажа енормна загаденост.Исто така, инструментот за мерење на ПМ10 честички во Гази Баба е исклучен од 14 август оваа година, а во Лисиче од 5 октомври.

Скопје | пред 7 години

Sergej-Popov

(ВИДЕО) Попов до Шилегов: Фатете се за работа или поднесете си оставка

74 години слободно Скопје, 74 години со љубов секоја генерација се вградува во градот и неговиот развој. Денеска Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на денот на ослободување на Скопје потсетува на обврската која ја има секоја градска власт за поубаво Скопје, ова денеска на прес-конференција го истакна Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.-Во моментите кога се сеќаваме на ослободувањето и ги чествуваме сите жртви, но и преживеани борци на НОБ кои го ослободија Скопје се соочуваме со бришење на историјата и нивно изоставување од преамбулата со отргањето на АСНОМ, што претставува неблагодарност кон нашите дедовци и прадедовци што го ослободија градот. Нашиот град веќе една година е запоставен. Купишта проблеми, а никаде решение. Кучиња скитници напаѓаат луѓе, ѓубрето не се чисти редовно, а кога тоа се прави се претставува како некој голем проект, а не секојдневна обврска. Проекти нема, а проблемот со загадувањето кое веќе десетина дена ни тропа на врата се заканува и оваа зима да биде горлив проблем за скопјани, потенцира Попов.Тој додава дека Шилегов нема решение за намалување на загаденоста на воздухот, иако пред избори ветуваше експресно решавање. Сега наместо да се фати за работа организира стенд ап настапи за својата не работа.-Господине Шилегов, на скопјани не им е до смеа, особено не затоа што Скопје веќе десетина дена е меѓу десетте најзагадени градови во светот, а вас очигледно затоа не вие гајле. Повикуваме итно да престанете да правите комедија од цел град и да се фатите за работа. Во спротивно поднесете си оставка од функцијата! Скопје има граѓани кои го сакаат и кои сакаат овој град да биде модерен, напреден, град во кој секој ќе може себеси да се реализира, а не град во кој што не може да се реализираа ни најосновните потреби на човековото урбано живеење. Токму затоа  ние Градскиот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ под мотото ,,Го сакам Скопје” со симболичен марш од Музејот на град Скопје до Плоштад Македонија ќе порачаме дека Скопје се сака со дела и дека на Скопје му требаат нови идеи и решенија, а не неработа и неспособност, истакна Попов.

Македонија | пред 7 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Ременски: И обезбедувањето на Груевски има одговорност доколку оневозможуваат спроведување на правдата

По информацијата дека екс премиерот Никола Груевски во текот на вчерашниот ден не го прими решението на Кривичниот совет, по што требаше да замине во затвор, пратеничката Фросина Ременски предупредува дека одговорност има и неговото лично обезбедување, се разбира доколку оневозможуваат да се спроведе законот.-Со законски измени од 2013 година Никола Груевски доби право на 6 обезбедувачи, возило и шофер, онолку долго колку што бил на функцијата на трошок на МВР. Тие привилегии ги користи ден денес. Обезбедувањето е од шестата управа при МВР 24/7.За сите прашања поврзани со негово обезбедување и достапност за органите на прогонот и судот одговорност имаат и лицата што го обезбедуваат. Судот може да побара обезбедување и овозможување и на судска достава.Секое оневозможување на спроведување на законот и правдата од страна на овластено лице како лично обезбедување е на линија на кривично дело, напиша пратеничката Ременски на социјалната мрежа фејсбук.

Македонија | пред 7 години

41897906_1985141868198682_8841070576861708288_o

Утре без вода дел од Ново Лисиче, Аеродром, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Реконструкција на водоводна линија на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должина од 450 метри, која беше најавена од директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски успешно заврши.„Со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се намали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег. Вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари, кои ги инвестира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Поради преповрзување од старата на нова мрежа која постепено ќе се става во функција, на ден 12.11.2018 (понеделник) без вода за пиење од 9 часот до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона - стамбените објекти над  5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. Ова го правиме во интерес на граѓаните на посочените населени места се со цел во иднинда да не се соочуваме со досегашните проблеми“, велат од ЈП Водовод и КанализацијаИсто така оттаму информираат дека кај дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите. 

Скопје | пред 7 години

46106982_2062154420497426_6266696625935089664_n

Започна карате турнирот „13 ноември“

Во спортската сала “Македонски херои” на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје започна петтото издание на турнирот во карате “13 Ноември“.На турнирот, кој ќе трае два дена, ќе учествуваат повеќе од 400 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Црна Гора.Овој турнир е еден од најстарите на просторите на поранешна Југославија и за првпат се организира во 1974 година, но истиот згасна. Пред 5 години истиот е возобновен со поддршка на Град Скопје, а истиот е во организација на карате клуб „Цветан Димов“.На карате турнирот на присутните се обрати и градоначалникот Шилегов, кој ним посака добредојде и им посака успешен настап, а на најдобрите во повеќе категории им додели медали.

Спорт | пред 7 години

rek-2

ЕЛЕМ денес започна акција за пошумување на земјиште во сопственост на РЕК Битола

АД ЕЛЕМ денес започна досега најголемата акција за пошумување на земјиште во сопственост на РЕК Битола. На просторот помеѓу Новаци и Брод Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови садници. Локацијата за пошумување е избрана во соработка со стручни лица од Шумарскиот факултет во Скопје со цел максимално намалување на запрашувањето во непосредната околина на РЕК Битола. Засадувањето ќе биде извршено од вработени во Државните електрани на Македонија.“Нашата цел е да создадеме заштитен зелен појас кон населените места, како и да го облагородиме земјиштето со засадување дрвја врз одлагалиштето на пепел, да обезбедиме што е можно повеќе услови за намалување на запрашувањето и да создадеме што повеќе природни услови за прочистување на воздухот околу нашиот производен капацитет”, рече Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.Паралелно со зазеленувањето околу Комбинатот, се работи и на изградба на насипот околу одлагалиштетото, односно т.н. касета во која ќе се одлага пепелта, рече Миновски.“ Мерките за заштита на животната средина во делот на одлагањето пепел се заокружуваат со инсталацијата на систем за прскање на активното одлагалиште. Оваа акција е во напредна фаза и наскоро системот ќе биде ставен во функција. Оваа акција за пошумување и неколкуте проекти што ги споменав се само дел од активнсотите што АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ги преземаат за да влијаат позитивно врз животната средина. Во текот на следната година не очекува и почеток на проектот за реконструкција на електростатските филтри – исклучително значаен проект кој не бил реализиран од 1996 година”, порача Миновски.АД ЕЛЕМ планира следната година да засади уште 100.000 багремови садници околу РЕК Битола во две акции – едната во март, другата во ноември.

Македонија | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

(ФОТО) Груевски од имот нема недвижнини, само сметки и кредити

Пратеникот и осуденик Никола Груесвки според имотниот лист доставен во Антикорупциска комисија не поседува никаков движен и недвижен имот. Тој има само кредитни и дебитни картички, како и девизни сметки заштеди. Во имотниот лист не е впишан ниту станот на “Павел Шатев” каде пратеникот живее. Иако на еден од протестите на ВМРО-ДПМНЕ тој возеше автомобил “пунто”, во имотниот лист ниту тоа го нема.Од 2007-мата кога Груевски за прв пат како премиер пријавил што поседува во Антикорупциската комисија до денес, до последната пријава, имотот му се зголемил седум пати. Во моментов, според официјалните податоци, тој има 200 илјади евра. Карактеристично е што тој не поседува недвижен имот и затоа останува непознато на чие име е станот на улицата „Павел Шатев“ во Скопје во кој живее. Тоа е оваа зграда која не смее да се снима од околината затоа што обезбедувањето постојано внимава кој се приближува до објектот.Груевски влезе во политиката во 1999-тата како министер за економија. Остава впечаток дека најголема доверба има во банките па затоа целиот имот му е на 30-тина денарски и девизни депозити, штедни книшки и картички. Претходно, во 2007-та имал само 12. Тогаш вкупната вредност му изнесувала околу 40 илјади евра, а имотот на неговата сопруга, исто така на кредитни картички, изнесувал осум илјади евра. Приближна вредност, или девет илајди евра се уметничките слики пријавени во Антикорупциска. Како што минувале годините Груевски пријавувал се повеќе пари во банка, но никогаш недвижен имот, па од него може да се заклучи дека ниту тој, ниту сопругата, немаат ниту стан, ниту куќа.Во објавените аудио материјали од нелегалното прислушување, според тврдењето на опозицијата Груевски наводно, сакал на Водно да купи имот вреден 17 милиони евра со што се отвори дилемата од каде премиерот има толку пари и зошто тоа не го прави во свое име? 

Македонија | пред 7 години

45864742_2062001677179367_7544863057680269312_n

Почна меѓународниот турнир во џудо

Денеска, во спортскиот центар Борис Трајковски – Скопје, по девети пат се одржа меѓународниот џудо турнир „МИОКИ ОПЕН“, во организација на џудо клубот МИОКИ, а поддржан од Град Скопје.Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, го отвори турнирот, ги поздрави сите триста и повеќе учесници (момчиња и девојчиња, генерациски опсег 2001 – 2009 година), чудо спортисти од Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија и Турција) и им посака успешно завршување на натпреварите на турнирот, како резултат на фер и коректна спортска борба.- Несомнено, сите Вие почитувани џудо спортисти, копнеете по победата. И тоа е за поздрав. Но, Јас ќе Ве охрабрам и ќе Ви кажам дека без разлика каков и да биде крајниот резултат (победа или нешто помалку од победа), Вие сите заедно, штом веќе сте стигнале до ваквите категории на натпревари, однапред сите сте победници - нагласи Љубица Јанчева.Таа додаде дека она што посебно ме радува е и фактот што гледам и поприлично голем број на девојчиња, учеснички на денешниов турнир. Доволна потврда, да се разбие стереотипот дека спортот е предодреден за момчињата, односно дека спортот е машка вештина и техника.- Сите Вие заедно сте победници, но согласно правилата мора некој да го понесе епитетот на најдобар/најдобра. Оттука, штом е така, она што мене ми преостанува да кажам на овој девети џудо турнир најдобриот/најдобрата, нека победи и чест ми е да го прогласам меѓународниот џудо турнир „МИОКИ ОПЕН“, за отворен – резимираше Јанчева .

Спорт | пред 7 години

bacev

ЦИВИЛ прашува: Колку станови има Јанко Бачев?

Јанко Бачев и Филип Петровски ја продолжуваат својата насилничка кампања со познати методи. Овие политички маргиналци, успеваат да постигнат само едно – да го покажат својот радикализам, но и тежок простотилак, пишува Цивилмедиа.мк.Од грдиот вербален напад што го изведоа Јанко Бачев и Филип Петровски врз пратеникот Сашо Василевски во Охрид, дознавме нешто интересно за имотната состојба на маргиналецот со руско знаме.Имено, Бачев „се пофали“ дека има 14 станови во одговор на прашањето од пратеникот Василевски како се стекнал со 4 станови за само две години. Тој откри и дека парите му се од родителите кои „коските ги оставиле“ во Холандија.Примитивниот бајрактар на руските интереси во Македонија, во својот хистеричен напад пред портите на домот на пратеникот, откри дека е богат и дека неговото богатство доаѓа од неговите родители што отишле на Запад за да создадат богатство за својот син.Инаку, нема потреба посебно да се елаборира дека овој „перформанс“, хулиганското однесување под секое ниво на двоецот Бачев-Петровски дава повеќе од доволно материјал за Основното јавно обвинителство, без оглед на тоа дали нападнатите пратеници ќе покренат тужби или не. Хистеричен и радикален национализам, проследен со говор на омраза и хомофобни извици беа главни карактеристики на овој грд инцидент што го предизвикаа овие двајца хулигани вчера вечерта во Охрид.

Македонија | пред 7 години

31600671_363325997520536_892656583937359872_o

Петар Колев: Да се реши проблемот со несовесните возачи кои возат пребрзо

На својата официјална страна на Facebook, претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, г. Петар Колев, изрази жалење за немилиот настан кој што се случи со ученикот во Штип и даде предлог како би можело да се реши овој проблем. Текстот ви го пренесуваме интегрално:„Со огромно жалење разбрав за инцидентот кој се случил во мојот роден град Штип, кога шофер со својот автомобил удрил ученик на пешачки премин кој го поминувал булеварот, пред средното училиште Коле Нехтенин.Жал ми е што откако ќе настане таква несреќа тогаш почнуваме да размислуваме што се случило, како да спречиме такви немили настани и зошто стигнавме до овде нашите деца да бидат небезбедни.Мораме да мислиме повеќе превентивно т.е да се обидеме како општество да преземеме мерки пред да се случи нешто, да работиме повеќе на превенција а не како до сега на санација на веќе настанати последици.Испраќам најискрен апел до локалната самоуправа да погледне некои европски модели за решавање на овој проблем со несовесните возачи кои возат пребрзо.Им го предлагам моделот кој е имплементиран и во нашето соседство- подигнати пешачки премини. Тие играат улога на пешачки премини, но истовремено со тоа и широки легнати полицајци.Овој модел го има преземено и Куманово и резултатите од него се одлични.Нема потреба од критики, кавги и полемики. Фаќајте се за работа и да го решиме проблемот. Станува збор за здравјето и животот на нашите деца!“, напиша тој.

Македонија | пред 7 години

Fotografija

“Македонија-Блокира„ го повикува „Бојкотирам уставни измени“ на семакедонско заедничко дејствување

„Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на  избори „Македонија-Блокира„ во кој членуваат 84 организации од земјата и дијаспората, го повикува Движењето „Бојкотирам уставни промени, на семакедонско заедничко дејствување, со цел, во овој краток период што преостанува да спречиме промена на уставот и бришење на се што е македонско.Сега е потребно обединување на македонски оти ова не битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците.Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Нашата борба е исправна и оваа битка ќе ја решиме со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер,“ велат од Македонија Блокира

Македонија | пред 7 години

e5098fada26f48b9769f6dcd4c80e130

25 жртви во пожарите во Калифорнија

Бројот на жртви во пожарите во Калифорнија се зголеми на 25, откако се пронајдени уште 14 тела во градот Парадајс во северниот дел на државата, соопштија локалните власти.Во овој град има најмногу жртви, вкупно 23, додека уште две лица се пронајдени во близина на Малибу.Околу 250.000 луѓе се приморани да ги напуштат своите домови за да го избегнат огнот.Огнот избувна во четвртокот, и е толку голем што пожарникарите не можат да го спречат да го уништи градот Парадајс.Американскиот претседател, Доналд Трамп за пожарот го обвини секторот за управување со шумите поради лошата организација.Изгореа многу куќи, а помеѓу евакуираните се и голем број на јавни личности како Ким Кардашијан, Орландо Блум, Мартин Шин кого спасувачите го пронашле на плажа.Метеоролозите предупредуваат дека лошите временски услови може да продолжат и во текот на следната недела.

Свет | пред 7 години

46065724_2242678189077887_401652701433167872_n

(ФОТО) На „Фејсбук“ за загадувањето: Сите ќе умреме

Додека Град Скопје работи на решавање на проблемот со загадениот воздух, граѓаните на главниот град се гушат.Веќе подолг период мерните станици во најзагадените општини не покажуваат информации за концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички во воздухот.Сето тоа создаде паника кај граѓаните кои на социјалните мрежи објавуваат слики каде може да се забележи големата загаденост.https://www.facebook.com/maja.kondeva/posts/2242678322411207Најзагадено е во Центар каде што во моментов загаденоста изнесува 113 ПМ честички во воздухот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Привремен сообраќаен режим поради две манифестации

Поради одржување на манифестациите  „Скопје на точак 2018" и атлетската трка „13 Ноември" ќе се воведе привремен сообраќаен режим на повеќе сообраќајници во различни периоди од денот.Во периодот од 12 до 12:30 часот, поради одржување на манифестацијата „Скопје на точак 2018", ќе се воведе сообраќаен режим по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедското дефиле, а од од 15  до 16 часот во централното подрачје ќе бидат затворени неколку сообраќајници поради атлетската трка „13 Ноември".-Возењето  велосипед ќе се одвива по бул. Илинден, од фонтаната „Лотосов цвет" до крстосницата со ул. Љубљанска (кај ТЦ „Скопје Сити Мол"), потоа по ул. Љубљанска и ул. Московска (студентски дом „Гоце Делчев"). Возењето понатаму продолжува по бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, преку ул. Димитрие Чуповски и ул. 11 Октомври, до крстосницата со бул. Кочо Рацин. Караванот продолжува по бул. Кочо Рацин, бул. Крсте Петков Мисирков, кај ТЦ „Мавровка" продолжува по бул. Гоце Делчев и завршува на бул. Илинден кај фонтаната „Лотосов цвет" во Градски парк,информираат од Град Скопје.Наведените улици, додаваат, ќе бидат користени околу 30 минути и ќе бидат времено затворени кога ќе се движи караванот, со исклучок на бул. Илинден, кој на потегот од фонтана „Лотосов цвет" до крстосницата со ул. Франклин Рузвелт ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 11:45 до 12:10 часот. Во дадениот период автобусите кои ги опслужуваат линиите со број  8 и 15а ќе бидат пренасочени по бул. Партизански одреди и ул. Франклин Рузвелт и понатаму продолжуваат по своите траси.Поради атлетската трка „13 Ноември" ќе се затворат неколку сообраќајници во централното градско подрачје во периодот од 15  до 16 часот.-Трката ќе се одвива по следната траса: улица  Филип Втори Македонски од хотел „Холидеј Ин" до крстосницата со ул. 11 Октомври, по улиците 11 Октомври и Димитрие Чуповски до крстосницата со улица Даме Груев (кај ТЦ „Палома Бјанка"). Поради овој настан ќе има пренасочување на сите автобуски линии кои поминуваат на овој потег, велат од Град Скопје.Во дадениот период,прецизираат, автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 50 ,57 и 59 од Бит-пазар ќе се движат право по бул. Кочо Рацин (Југо дрво), ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по ул. Даме Груев (зад Собрание), ул.11 Октомври, бул. Кочо Рацин и продолжуваат по своите траси.Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 3, 3A, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 24, 25, 25А и 27 ќе се движат по бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (ТЦ „Рамстор") и ќе продолжат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по ул. Даме Груев (зад Собрание на РМ) и ќе продолжат по своите траси.Автобусите кои ја опслужуваат линија број 16 од Бит-пазар ќе се движат право по бул.„Кочо Рацин" (Југо дрво) и ќе продолжи по своја траса и во двете насоки.Во дадениот период автобусите кои ја опслужуваат линијата со број 17, ќе бидат пренасочени преку бул. Кузман Јосифовски Питу, по бул. Крсте Мисирков и ќе продолжи по својата траса.Градските власти ги молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници или други овластени службени лица, како и на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.

Скопје | пред 7 години

soobr1

Сообраќајка на автопатот Мајка Тереза, возачот со тешки телесни повреди

Вчера на автопатот Мајка Тереза во близина на клучка Хиподром патничко моторно возило “Фолсваген Кеди“ со скопски регистерски таблици, удрило во метална заштитна ограда.Во незгодата возачот Б.Г.(55) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Во Скопје 60 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 10/11.11. 2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената на подрачјето на Скопје.„Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 130 возачи, a кај 16 од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. Откриени се и 47 останати прекршоци за кои се издадени 28 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози. Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената констатирано е дека 60 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 56 мандатни налози и четири прекршочни платни налози“, информираат од МВР.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Дедо и внук повредени во сообраќајка кај Радовиш

Вчера на магистралниот пат Струмица-Радовиш кај с.Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици, излетало од патот и се превртело.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото Р.С.(21) од с. Лубница-Конче и сопатникот Р.К.(71) од с.Конче.Повредените биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип за укажување на лекарска помош, а потоа Р.С. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Автомобил се преврте на патот Кавадарци-Ресавска спирка, возачот со тешки телесни повреди

На регионалниот пат Кавадарци-Ресавска спирка патничко моторно возило “Фиат Пунто“ со кавадаречки регистерски таблици  се превртeло на коловозот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото Н.И. (24) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници А.Н.(23) и Н.И.(24) и двајцата од Кавадарци.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Manchevski-na-filmskiot-set-na-Vrba

Прекин на сообраќајот поради снимање на филм

Поради потребите на снимањето на филмот „Врба“, кој е во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на „Банана филм“, денеска, утре и задутре (11, 12 и 13 ноември) сообраќајот на улицата „Владимир Полежиновски“ (зад Трговскиот Центар Буњаковец), ќе биде во прекин.Како што информираат од продукцијата на филмот, улицата ќе биде затворена за сообраќај во наведените три дена во периодот од 15 часот до 6 часот, наредниот ден.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

УХМР најави промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.Утринската температура ќе се движи од -1 до 6 степени, а дневната температура од 13 до 21 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Утринскaта температура ќе достигне до 2, а дневната до 18 степени.Во котлините е можна појава на магла.Во текот на наредните два дена се очекува сончево време, а дневните температури да се искачат над 20 степени. Од среда се очекува  северен ветер кој ќе предизвика постепен пад на дневните температури.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Најморничавиот тест на личноста: 5 прашања што ја откриваат вашата срж

Станува збор за тест на личноста чија цел е да ја поттикне вашата потсвест. Прашањата се дизајнирани на тој начин што извлекуваат одговори од вашиот автоматизиран прелингвистички мозок.Станува збор за тест на личноста чија цел е да ја поттикне вашата потсвест. Прашањата се дизајнирани на тој начин што извлекуваат одговори од вашиот автоматизиран прелингвистички мозок. За да ги добиете најточните резултати, потребно е да давате БРЗИ и ИСКРЕНИ одговори. Не постојат точни и грешни одговори, бидејќи прашањата се лични и се однесуваат само на вас.По секое прашање следува кратко објаснување. Подготвени сте? Можете да почнете!1. ПтицаЗа време на вашиот омилен период од денот денот, вие седите во парк и размислувате за животот. Одеднаш забележувате птица пред вас, што ве зјапа право во очи. Каква боја е птицата?ШТО ЗНАЧИ ВАШИОТ ОДГОВОР?Шарена – Вие имате позитивен поглед кон животот.Бела – Вие сте смирени.Темна/црна – Чувствувате дека некој ве прогонува.2. БалонЗаклучени сте во соба со само еден црвен балон. Рацете ви се врзани зад грб. Како ќе го пукнете балонот?ШТО ЗНАЧИ ВАШИОТ ОДГОВОР?Одбивате да го пукнете – Вие понекогаш се плашите дека ќе направите нешто што ќе ги влоши работите.Со рацете (свртени наопаку) – Вие сте со отворен ум и не им дозволувате на препреките да ве спречат да се движите по патот.Со забите – Вие се впуштате во нештата без да размислите и понекогаш не се грижите за последиците.Други покомплицирани методи – Често претерано размислувате за животот и ситуациите во коишто моментално се наоѓате.3. КрвСе гледате во огледало и забележувате дека рацете ви се крвави. Чија крв е тоа?ШТО ЗНАЧИ ВАШИОТ ОДГОВОР?Не се знае – Вие дозволувате животот да ви се случува, без да преземате контрола.Сопствената – Се плашите од грешки и неуспех.На пријател – Се плашите дека ќе останете сами.На непријател – Често ги преземате работите во сопствените раце и добивате позитивни, но и негативни резултати.4. Спална собаДоцна е навечер, а вие лежите во својот кревет. Слушате звук на гребење на прозорецот. Што помислувате дека е?ШТО ЗНАЧИ ВАШИОТ ОДГОВОР?Ништо/дрво – Не е лесно да ве исплашат, самоуверени сте.Нешто натприродно – Вие често мечтаете, но свесни сте и дека лоши нешта можат да се случат.Човек со лоши намери – Вие сте реалист, што верува дека несреќата се крие зад секој агол.5. ОчевидецНекој ве набљудува, но вие не го забележувате злото присуство. Тоа ги знае сите ваши тајни. Ве мрази. Сака да ве убие. Каде се крие ова суштество?ШТО ЗНАЧИ ВАШИОТ ОДГОВОР?Одговоривте дека ве набљудува од далеку? Грешите!Помисливте дека е во истата просторија со вас? Блиску сте.Можеби почувствувате дека е зад вас? ВО ПРАВО СТЕ!

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ ги распушти сите партиски комисии

На вечерашното заседание на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ било одлучено да се распуштат сите партиски комисии и да се формираат нови - дознава Скопје1.мк од извори во партијата.Како што дознаваме било одлучено и повторно да се ажурира целото партиско членство.На состанокот било реферирано и за случувањата при посетата на партиската делегација на самитот на Европската народна партија во Хелсинки.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања