Скопје1.мк

Нема фотографија

Марихуаната ќе се легализира во државата Мичиген

Граѓаните на Мичиген го подржаa предлог законот за легализација на марихуаната, еден од низата закони за кои американците се изјаснија на изборите. Предлог законот за легализација на марихуаната во Мичиген дозволува реакреативна потреба на сите граѓани постари од 21 година. Законот дозволува и поседување до 70,8 грама без ризик од апсење.Новиот закон го дозволува купувањето на марихуаната и прехрамбените производи кои содржат марихуана, како и огледувањето на 12 стебла на марихуаната во домашни услови. Мичиген се приклучи на останатите девет сојузни држави за легализација за рекреативна употреба на марихуаната, која e се уште илегална според сојузните закони на САД.Северна Дакота го одби сличниот предлог закон, каде по пребројувањето на гласовите се проценува дека 60% од бирачите ја одбија легализацијата на марихуаната за користење на лица постари од 21 година, како и можноста на граѓаните кои биле претходно осудени за поседување на марихуана да им биде избришано од досието.

Свет | пред 7 години

mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: Крими картелот на Заев за половина мандат испорача само лаги и системски ја уништува економијата

Со цел да ги покријат криминалите на единствениот политичар аболициран за тежок криминал Зоран Заев, одродената и криминогена власт со разни манипулации се обидува да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ:„Освен општ грабеж, крими картелот организиран од Зоран Заев за половина мандат испорача само лаги и системски ја уништува македонската економиja. Граѓаните неодамна беа сведоци дека криминалниот картел се обиде да украде цели 45 милиони евра преку Министерството за здравство и Фондот за иновации. Тоа е криминал кој не застарува и за кој ќе одговара бандата на власт.Фондот за иновации го претворија во фонд за финансирање на фирми блиски до СДСМ и фирми на функционери од СДСМ.Заеви, Анѓушев, Локвенец, Цветанка Ласкова и останатите потрчковци на аболицираниот криминалец Заев за само една година успеаја да направат ршум низ институциите и заработија милиони.Јавното Обвинителство молчи за овој скандал и не поведе постапки против сите инволвирани во скандалот „Криминални иновации”. За сите овие скандалозни поделби на пари треба да се одговара. Додека граѓаните немаат леб да јадат, Заев заедно со фамилијата и најблиските соработници се богати на грбот на народот. Освен тоа, Заев и картелот околу него кои отворија фирми низ Македонија како од шега. Прво го купија по цена како за еднособен стан струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, па камионите на Заеви почнаа да возат за РЕК Битола, а откако видоа дека и тоа им е малку влегоа во милионскиот бизнис со марихуана. Во меѓувреме си делеа концесии за глина, пренаменуваа градежно земјиште, си делеа криминални иновации и земјиште за хидроцентрали.Портпаролот и пратеник во Собранието на Република Македонија, Костадин Костадинов ја вработил мајка му Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица. Ваквото владеење на СДСМ е неиздржливо. Со секој поминат ден со СДСМ на власт државата дополнително тоне задолжување, криминал и непотизам. Колку СДСМ побргу си замине толку Македонија ќе успее да го фати вистинскиот правец“, се вели во соопштенето на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Оди ли утре Груевски в затвор?

Неизвесно е дали експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, утре ќе започне да ја издржува двегодишната затворска казна изречена за случајот „Тенк“ за набавка на блиндираниот „мерцедес“. Адвокатите на Груевски ја искористија и последната можност за жалба до Кривичниот совет на судот, откако претходно беше одбиена молбата со која бараа да се одложи издржувањето на казната. Тие го искористија законскиот рок од три дена што го имаа да се жалат до Кривичниот совет.Кривичниот совет сега има рок од три дена да одговори на жалбата на Груевски. Од адвокатскиот тим на Груевски велат дека жалбата била испратена преку пошта и дека се очекува да стигне најдоцна денеска. Од судот не ја исклучуваат можноста веднаш да донесат одлука по жалбата. Доколку се потврди одлуката на судијата за извршување санкции, Груевски ќе мора утре да се јави во затворот во Шутка, како што стои во упатниот акт.Адвокатите на Груевски повторно бараат извршувањето на казната затвор да се одложи поради неодложни пратенички обврски на Груевски во Собранието каде што утре ќе започне расправата по нацрт-амандманите во Уставната комисија во која тој е член. Истите причини, вклучувајќи го и тоа дека по докторатот подготвува и книга по економски науки, беа наведени и кога адвокатите поднесоа молба до судија за извршување санкции, кој го одби со образложение дека Собранието одлучува со 61 пратеник и дека присуството на Груевски не е неопходно.За жалбата до Кривичен, Никола Груевски лично се обратил до претседателот на Собранието, Талат Џафери, од кого побарал потврда дека тој е член на собраниската Комисија за уставни прашања. Спикерот Џафери рече дека одговорил на барањето на Груевски.Паралелно со расправата по нацрт-амандманите, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе го разгледува предлогот за одземање на мандатот на пратеничкиот мандат на Груевски. Во случај Комисијата да достави предлог за одземање на мандатот, се води претрес на првата наредна седница на Собранието, а одлуката, според Деловникот, се носи со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници. Па оттука сè поизвесно е дека Груевски ќе остане пратеник, ако се земе предвид дека владејачкото мнозинство нема 80 пратеници, а осумтемина пратеници од опозицијата кои гласаа за отворањето на Уставот рекоа дека нема да гласаат „за“ одземање на мандатот на нивниот доскорешен сопартиец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.(Не)одземањето на пратеничкиот мандатот не влијае на издржувањето на затворската казна, односно ќе влијае само на тоа дали тој како затвореник и натаму ќе продолжи да добива пратеничка плата. Во насока на издржување на казната и самиот Груевски како да не верува дека може да се направи нешто повеќе. Тој вчера се огласи на Фејсбук со мисла од писателот Иво Андриќ: Јаден е оној што мора некого да понижи за да се воздигне себеси“, стои на фотографијата која Груевски ја објави на својот профил.Група граѓани и симпатизери на поранешниот премиер преку социјални мрежи за денеска во 19 часот најавија мирен протест за правда за Груевски пред зградата на Основниот суд Скопје 1. На нивната фејсбук-страница пишува дека цела Македонија е сведок на неправдата и политичкиот прогон што се врши врз експремиерот.„Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски“, пишува на страницата, каде што има стотици коментари главно со поддршка за експремиерот.Обвинетата Гордана Јанкуловска, која исто така во случајот „Тенк“ доби шестгодишна затворска казна, вчера на истекот на рокот испратила жалба до повисокиот Апелациски суд. Сега Апелацискиот суд може да ги комплетира списите од предметот, а Кривичниот суд да го препрати барањето на адвокатите на Груевски за преиспитување на пресудата до Врховниот суд, како крајна инстанција.

пред 7 години

latas

„Тотал“ одложен поради спреченост на претседателот на судечкиот совет

Поради спреченост на претседателот на судечкиот совет, одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“, пишува Курир.Новото судско рочиште е закажано за 21 декември во 10 часот.На денешното рочиште беше присутен обвинетиот Драган Павловиќ Латас и неговите бранители. Тој во предметот на СЈО „Тотал“ е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.Набавката на опремата за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен.

пред 7 години

viktorija

Петти ден ја нема 15-годишната Вики, семејството во агонија

Пет дена семејството на 15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, Демирхисарско, нема слушнато ни глас ниту има некаква трага каде може да е замината.“Досие.мк” кинтактирало со семејството од каде им кажале дека не е најдена. Семејството живее во агонија оти како што вели таткото барем гласот да и го чуеше. Но и тоа не невозможно, токму петокот кога исчезнала телефонот го оставила дома. Колку што знаат немала момче но сепак нејасно им е како може средбел ден да исчезне.Последен пат е видена во петокот околу 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола, каде што учи и од тој моменти се губи секаква трага. Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 410 664.Полицијата работи на терен но засега нема никакви резултати.

Македонија | пред 7 години

Area-620x330

(ВИДЕО) Ареа со нова песна

По 5 години од  пуштањето во етер на последната песна „Запознај ме“, групата Ареа со нова песна со наслов „Зрак“. Музиката и аранжманот се на Ивица Брчиоски, а текстот на Ружица Милошеска Брчиоска.Песната ќе биде дел од новиот албум на Ареа.

Магазин | пред 7 години

bugarski-pasosi

DW: За бугарски пасош Македонците плаќале по 1.000 евра

Со кандидатите за бугарски пасоши работеле над 100 посредници кои помагале во собирање документи и адреси за регистрација. Македонците за бугарски пасош плаќале 1.000 евра, Косовците и до 5.000 евра, тврди сведок за БТВ.Македонците биле ценовно „привилегирани“ во процесот за добивање бугарски паош. Ова произлегува од сведочењето за националната бугарска телевизија БТВ на лице кое „одблиску било запознаено“ со корупциска шема во Агенцијата за Бугарите во странство - скандал кој деновиве ја тресе Бугарија и предизвика апсење на директорот на Агенцијата.„Најлесно се станува Бугарин ако си отвориш фирма и назначиш 10 вработени. Врз основа на оваа трговска дејност, се добива статус на постојан престој. Вториот начин е кога странски државјанин од земја надвор од ЕУ, поседува фирма и си вади сертификат за отворање трговско претставништво во Бугарија. Третата варијанта, која најчесто користи во последниве години, е да се издејствува статус за постојан престој врз основа на документ за бугарско потекло“, објаснува сведокот.Според него, со кандидатите за бугарски пасоши работеле над 100 посредници и токму тие помагале во собирањето на потребните документи и адреси за регистрација.„За добивање сертификат за бугарско потекло на лице од Македонија тарифата е 1.000 евра, а за лица од Косово помеѓу 3.000 и 5.000 евра“, тврди сведокот за Дојче Веле.

Македонија | пред 7 години

594FB07C-9468-4FDF-9A5E-368134AC2DC5

За 10 денари поскапе паркингот во Дебар Маало, Капиштец и Буњаковец

Поскапе зонското паркирање во Дебар Маало, Капиштец и Буњаковец. Од вчера еден час паркирање на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи Општина Центар“ во Дебар Маало наместо 40 денари е 50 денари, додека во Капиштец и Буњаковец од 30 денари паркирањето е зголемено на 40 денари, пишува порталот sdk.mkДиректорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски вели дека направиле промена на опфатот на зоните, па со тоа тие добиле и нови цени. Со промена на опфатот се менува и дозволеното време за паркирање односно сега во населбите Капиштец и Буњаковец возилата ќе можат да се паркираат само два, наместо 3 часа.„Поради големите гужви направена е измена на зоните. Досега зона 01 беше само Градски парк каде паркирањето е 50 денари и сега во таа зона влегува и Дебар маало. Капиштец и Буњаковец од зона 2 преминуваат во зона 1 каде еден час паркирање чини 40 денари. Населбата Пролет останува во зона 2 каде паркирањето е 30 денари од час“, вели Кичевски.Од претпријатието велат дека за побрзо информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, обновени се старите 99 информативни табли, а во наредните неколку дена ќе постави и 88 нови табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на граѓаните коишто ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ФОТО: Скопје и утрово се гуши

Скопје | пред 7 години

45653785_10217283556781965_2578694146860515328_n

Демолиран автомобилот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Автомобилот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вчера вечер беше демолиран. Тој преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук им се обрати на сторителите дека ниту со закани, ниту со овој чин нема да го замолчат.„Ај што сте не знаете и сте неспособни да водите држава, па ни едно стакло на кола не знаете да искршите како што требаСакав да пријавам во Министерство за внатрешни работи, ама кутрите тие не можат да фатат убијци цела година што ги знаат по име, а не пак овие што искршиле стакло.Ама еве уште еднаш Oliver Spasovski јавно да го повикам да праша по пајташите негови да не е некој од нив, за да дојде каменот да си го земе, му останал внатре, бидејќи ниту со закани, ниту со ова нема да ме замолчите, па најверојатно пак ќе треба да ми ја кршите колата“, напиша тој на својот Фесбук профил.https://www.facebook.com/dimsa.arsovski/posts/10217283957111973?__xts__[0]=68.ARARUmkBy7CGF-OBN3ISUjkPvs-lQXPNxNWRXigCWIUEK5oaGL5OXbfEVWNMb6C0oFyx9r8SpDcAy-GWkt8t4L5T840o04BZz5Oi4XaI-RJdRoV3G-2FRO_3YrR8vdmObrlbLMSx00ouCbhS-VpWOYB6NXIq6t-A6yw0tzMCF5nD0yqTiOdBXHdDopWdg5io0mAAK_248nNYXwddyaSbbuO1NsfdmA&__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Денеска собраниска комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе расправа за барањето од судот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк" на Специјалното јавно обвинителство.Претседателот на Комисијата Павле Богоевски во петокот го доби барањето од Судот од претседателот на Собранието Талата Џафери и имаше рок од 15 дена да ја закаже седницата. Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.Со овој член од собранискиот Деловник е предвидено Предлог за одземање на мандатот на пратеник да поднесе Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието. По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница, а претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. За да му биде одземен мандатот на Груевски на Собранието му е потребно двотретинско мнозинство.  Незивесно е дали за одземање на мандатот на поранешниот премиер ќе гласаат 80 пратеници, ако се знае дека пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за, а најголем дел од пратениците од независната пратеничка група предводена од поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска се изјаснија дека нема да гласаат.Груевски најдоцна до 8 овој месец треба да се јави на издржување на затворската казна. Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната.Поранешниот премиер Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај. Тој заедно со првообвинетиот во „Тенк“ Ѓоко Поповски поднесоа жалба до Апелацискиот суд Скопје, кој ја одби како неоснована жалбата на Груевски, а делумно ја прифати жалбата на Поповски и му ја намали казната затвор на четири години и шест месеци. Во предметот „Тенк“ осудена е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор.Поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски во изјава за МИА рече дека доколку му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски тоа значи дека тој не е пратеник и веќе не може да ги ужива пратеничките права. Доколку, пак, не му се одземе пратеничкиот мандат со тоа Груевски нема да избега одговорност за кривичните дела за кои ќе биде осуден.„Според тоа, дали ќе оди на издржување казна затвор сега или по некој месец тоа битно не ја менува работата“, вели Ивановски.Поранешниот уставен судија смета дека бранителите на Груевски во конкретниот случај  бараат одлагање на изржување на казната затвор и наведуваат соодветни аргументи што не се вистински аргументи кои би влијаеле на самата одлука.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Агенција за млади и спорт ќе купува 5 монтажни лизгалишта

Владата на вчерашната седница ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да набави пет монтажни лизгалишта за неколку градови во Македонија.„Агенцијата за млади и спорт е задолжена да обезбеди 5 монтажни лизгалишта и во согласност со Законот за јавните набавки да спроведе постапка за јавна набавка, како и да подготви интерен акт во врска со условите, користење и одржување на монтажните лизгалишта од страна на корисниците“, соопшти владината прес-служба.Во моментов во Македонија има само едно лизгалиште, она во рамките на СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Почнува втората фаза од постапката за менување на Уставот

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, која треба да трае 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истовремено е и претседател на Комисијата, ја закажа за 1 декември.Премиерот Зоран Заев во петокот на прес-конференцијата во Владата соопшти дека четирите амандмани се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓународните стандарди и заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Според него, нацрт – амандаманите се утврдени низ иклузивен процес и во нив се вградени предлозите на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.Пратениците во Собранието, како што појасни Заев, имаат можност низ дебата и амандмани да го подобрат текстот на предложените нацрт-амандмани.Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде, како што рече Заев, одлуките на АСНОМ  се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата.– Делот на АСНОМ се однесува на замена на одлуките со Прогласот на АСНОМ, заради тоа што, ако остане вака, тоа би предизвикало одредени проблеми во одредени можни идни времиња на соработката меѓу Македонија и Грција. Тоа е така затоа што дел од одлуките на АСНОМ велат „Македонци од Грција и Бугарија обединете се“. Прогласот го нема тој дел, туку во него се зборува за единството во државата,  демократијата, државотворноста, слободата, човековите права и слично и тоа е фер пристап за градење пријателство. Впрочем, Договорот или Спогодбата со Грција е воспоставување на трајно пријателство со нашиот јужен сосед, појасни Заев.Во однос на Охридскиот рамковен договор, кој се вметнува во Преамбулата на Уставот, премиерот рече дека овој договор и досега бил вграден целосно во Уставот, но оти аргументите што биле дадени во дебатата биле дека кога веќе се отвара Уставот, тогаш и тој да се вгради за да биде конститутивен елемент.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Демократите ја преземаат контролата врз Претставничкиот дом

Демократите ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом по изборите за американскиот Конгрес, кои беа сфатени како своевиден референдум за досегашното владеење на претседателот Доналд Трамп.Тие ќе имаат мнозинство во понискиот дом на Конгресот за првпат по осум години, што ќе им овозможи да ја попречуваат политиката на Трамп, но затоа се очекува републиканците да ја зацврстат својата позиција во Сенатот.На првите избори по доаѓањето на Трамп во Белата куќа пред две години, Демократите ќе ги освојат потребните 23 места за да ја преземат контролата во Претставничкиот дом, со што ќе можат да почнат истраги за сите спорни прашања во администрацијата на Трамп и поефективно да ги блокираат нејзините предлог-закони, што првенствено се однесува на изградбата на ѕид долж мексиканската граница. Се проценува дека демократите ќе имаат 229, а републиканците 206 места во Домот, но конечните резултати допрва треба да се објават.Женските кандидати исто така остварија голем успех на изборите и се очекува во новиот состав да има рекорден број жени во Конгресот.Со 29 години, демократката од Њујорк Александрија Окасио-Кортес треба да стане најмладата конгресменка во историја, демократките Илхан Олмар (Минесота) и Рашида Тлаиб (Мичиген) ќе станат првите муслиманки, а демократките Шарис Дејвидс (Канзас) и Дебра Халанд (Њу Мексико) првите домородни Американки избрани во Конгресот.„Ви благодарам, утре ќе биде нов ден во Америка“, изјави лидерката на Демократската партија Ненси Пелоси на собирот во Вашингтон.

Свет | пред 7 години

tanc

Со својот танц во Гана, принцот Чарлс ѝ зададе домашна задача на Тереза Меј

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила моментно се на турнеја во Западна Африка во име на британската влада, а наследникот на тронот за време на посетата на Гана ги покажа своите танцувачки способности, пишува „Дејли мејл“.Тој танцуваше со танчари во Гана на звуците на нивната традиционална музика на тамошен културен настан.Медиумите пишуваат дека тој ги одушевил присутните и дека дури ѝ задал домашна задача на британската премиерка, Тереза Меј, чиј танц многумина го коментираа во изминатите месеци.За време на турнејата тие ги посетија Гана, Нигерија и Гамбија. Ова е прва посета на Чарлс на земјите на Комонвелтот по одлуката во април дека ќе ја наследи својата мајка на чело на овие земји.

Магазин | пред 7 години

marsej

Најмалку четири жртви во уривањето на зградите во Марсеј

Бројот на жртви во уривањето на двете згради во францускиот град Марсеј достигна четири лица, соопшти француски обвинител.Спасувачките екипи вчера од под урнатините го извадиле телото на четвртата жртва, која била жена. Претходно, биле откриени телата на двајца мажи и една жена.Двете згради во јужниот француски град се урнаа во понеделникот наутро.Уште неколку луѓе се водат како исчезнати.

Свет | пред 7 години

vatikan

Ватикан: Свештениците преку интернет да се поврзуваат со луѓето што не доаѓаат во црквите

Свештениците би требало да работат и преку интернет доколку сакаат да се поврзат со луѓето што повеќе не доаѓаат во црква, но се достапни по пат на социјалните мрежи, изјави ватиканскиот експерт за дигитализација, Пол Тиње, познат по тоа што работеше на интернет-презентациите на папата Франциско.Тој го повика католичкото свештенство во светот да ја прифати употребата на социјалните мрежи за да допре до верниците и неверниците, пренесе „Ројтерс“.Според него, малдите сè помалку се присутни во црквите, а социјалните мрежи се механизам што овозможува комуникација и пристап до луѓето до кои инаку не може да се допре.Папата Француско има профил на „Твитер“ и речиси 18 милиони следбеници. Неговите објави често се споделувани, но голем број црковни поглавари не го следат неговиот пристап.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата

Грчката Влада и Грчката православна црква вчера постигнаа условен договор околу 10.000 свештеници и помошен персонал да се отстранат од платниот список на Владата, со што се отвора патот кон јасна поделба помеѓу црквата и државата.Договорот е постигнат помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и архиепископот Јеронимос. Договорот предвидува државата да исплаќа субвенции на посебен црковен фонд за исплата на плати за свештениците.Со договорот опфатено е и решение за повеќедеценискиот спор околу имотот на грчката држава и Грчката православна црква, која е еден од најголемите сопственици на недвижнини во земјата.Според досегашниот систем, платите на свештениците се исплаќаат директно од државниот буџет, како и вработените во јавниот сектор, а за платите на свештениците се издвојуваат околу 200 милиони евра годишно.Договорот постигнат помеѓу Ципрас и архиепископот Јеронимос треба да биде усвоен на седница на Влада, во Парламентот и од страна на црквата.Здружението на грчки свештеници веќе најави дека ќе се спротистави на секој обид за укинување на статусот државни службеници.Грчката православна црква со векови има водечка улога во државата, а според Устав, православието е официјална религија во Грција.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

На Германците очајно им требаат работници

Во Германија, во третиор квартал од оваа година со 1,24 милиони отворени работни места е забележан рекорден недостаток на работна сила, јавува Инситутот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).„Најголемиот раст на побарувачка е забележан на подрачјето на преработувачката индустрија, но и во побарувачката во секторот на услужни дејности има над 600.000 отворени работни места“, вели Александер Кубис од ИАБ.Во градежништвото отворени се 108.000 работни места, а во логистиката (сообраќај и складиште) 87.000.Најголем број отворени работни места се однесуваат на средна или випша стручна спрема (60,8 отсто), потоа лица без квалификации (22) и на крај лица со факултетско оберазование (17 отсто).Германскиот пазар на труд веќе со години се соочува со недостиг на работна сила, со се поголем број на пензионери, што се обидува да го компензира со увоз на работна сила.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

И МАСИТ е за одлагање на даночните реформи за 5 години

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ е за подобри услови за работа на бизнис заедницата, а посебно ИКТ секторот и повторно бара одлагање на даночните реформи. МАСИТ е против прогресивниот данок и предупредува дека најавената даночна реформа може да доведе до сериозни проблеми при функционирањето и унапредувањето на ИКТ секторот во Република Македонија.Предложената даночна политика нема да оди во линија на подобрување на социјалната  еднаквост, туку ќе оди во насока на целосно намалување на продуктивноста, вработливоста, и развојот на квалификации, смета МАСИТ. Со оваа даночна реформа се врши пенализација на деловите од населението кои напорно работат кон напредување и повисоки приходи, а се наградуваат оние кои не се трудат и со тоа директно се создава намалување на продуктивноста.  Со предложените мерки се врши дестимулирање на развојот на висококвалификуваните кадри – зголемувањето на данокот на личен доход најмногу ќе ги погоди оние кои вложувале во сопствениот професионален развој и ќе испрати порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации.Наместо фискален ефект, ќе се добие ефектот на даночна непослушност и ќе биде главен двигател на сивата економија. МАСИТ смета дека ќе следи период на зголемување на даночното затајување – нискиот степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибраните средства се користат, ќе донесе до зголемувањето на даноците ќе доведе до изнаоѓање дополнителни и креативни начини за даночна евазија. Директно поврзано, по овој основ на дополнителните средства кои ќе се инјектираат во буџетот, јазот меѓу богатите и сиромашните нема да се нивелира, туку ќе се продлабочи.МАСИТ смета дека првенствено и во насока на соодветна и ефективна даночна реализација, треба да се подобри начинот на собирањето на даноците, со цел целосно искоренување на сивата економија, или барем нејзино сведување на минимум. Со таа контрола на примањата по основ даноци, ќе се затвори прашањето за постоењето на сиромаштијата во голем степен. Конкретно, со истата мерка за собирање на данокот од сите даночни обврзници, од кои нема даночна реализација, ќе се постави нормален систем во државата и токму тогаш ќе се воведе рамноправен третман кон сите економски оператори.МАСИТ постојано предупредува на појавата “одлив на мозоци” и “одлив на капитал и намалени инвестиции ”- брзото и ненајавено, однапред не анализирано даночно решение кое претставува сериозна измена во финансиската легислатива во државата и те како го комплицира работењето на компаниите во приватниот сектор поради неможноста да се планираат трошоците и ќе доведе до несигурност и кај домашните компании и кај странските инвеститори.Воведувањето на прогресивен данок директно ги таргетира висококвалификуваните и професионални ИКТ кадри кои веќе се дефицитарни во Македонија. Тоа ќе доведе до одлив на квалификуваните кадри во земји со поповолна даночна клима и подобра социоекономска ситуација. Ова пак претставува директен удар за иновативните “смарт” индустрии кои генерираат најголеми приходи и додадена вредност и се двигатели на економијата – иновативните и брзорастечки компании, особено во ИКТ секторот.

Македонија | пред 7 години

naum-petreski2

Жената која Наум Петрески повика да се убие, побара тој да се извини или таа ќе тужи

Јаци Луна, личноста која беше јавно атакувана од пејачот Наум Петрески, побара тој за се извини за упатените закани за одземање на нејзиниот живот. Луна за “Скопје 1” вели дека бара Петрески да и се извини лично, во спротивно, таа ќе покрене тужба пред органите на прогонот.Петрески на социјалните мрежи напиша “Да се убијат таквите како тебе Јаци Луна, можеби ќе се добие нешто повеќе за напредокот на државата”.Преписката се однесувала по кратка дебата на социјалните мрежи поврзана со бездомните кучиња. Целата преписка, пред заканата започна со коментар од Петрески кој напиша “Ова е знак да се почне со стара техника а тоа е ловечка хајка и чистење на сите кучиња скитници на цела територија на државата. Или да ги испратиме гомнојадците од Анима Мунди да се справат со нив бидејќи се најстручни“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Што ветуваше пред изборите, а што исполни за време на мандатот, градоначалникот Златко Марин?

Под лупа го ставаме градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.Во ова видео, кое е негова промоција како кандидат за градоначаник на општина Аеродром, ветува решавање на низа проблеми кои ги тиштат жителите.Меѓу нив, загадениот воздух, сообраќајниот хаос, недостатокот на паркинг простор, изградба на гасификација. Од сето ова, ништо не е исполнето.Тој, како и претходникот Ивица Коневски продолжи со истите практики, без никакви мерки да раководи со општината. Заеднички им е и тоа што не го решаваат два најголеми проблеми - загадувањето и градењето низ Аеродром. 

Скопје | пред 7 години

levica

Левица: Прогресивниот данок ја дели работничката класа, наместо да ја обединува

„Впрочем, најавениот прогресивен данок ја дели работничката класа, наместо да ја обединува.Нормално е, додека се бунат високоплатените работници (информатичката индустрија, воздухопловната индустрија и сл.) за зголеменото оданочување на нивниот доход, нископлатените работници (текстилната индустрија, металната индурстрија и сл.) да се антагонизираат со нив.Во взаемната омраза, високоплатените и нископлатените работници забораваат дека имаат многу заедничко: и двете групи работат за газди, чии добивки, имот, богатство и луксуз остануваат нечепнати“, велат од Левица.

Македонија | пред 7 години

45491534_1841288839302501_8808115649281785856_n

Охриѓанката Сара Настоска замина на лекување во Германија

Нашата сограѓанка Сара Настоска го започна своето лекување во Германија.Нејзините родители на Фејсбук со благодарност и повик на молитва се заблагодарија на сите луѓе кои се вклучија во акцијата за собирање на средствата за лекување на Сара.Постот го пренесуваме во целост:Почитувани сограѓани и сите останати хумани луѓе кај нас и во странство,Ви се обраќаме со почит сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство се наоѓа во Германија. Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.Вечно благодарни, од срце,семејство Настески

Македонија | пред 7 години

levica

Левица: Нема да ви поминат обидите за заплашување и реваншизам

„Новата Влада предводена од СДСМ противзаконски се обидува да изврши притисок врз нашите најистакнати членови!Генералниот секретаријат на Владата, иако ненадлежен, испратил барање до Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат, да се прегледа досието на членот на Президиумот, Димитар Апасиев, во однос на неговиот докторат на УКИМ и работниот однос на Универзитетот „Гоце Делчев". Се постапувало по анонимна претставка, што е изрично забрането со дури осум закони и подзаконски правни акти.Левица ги повикува институциите да реагираат на ова флагрантно кршење на законите од највисоките државни институции, за што ќе биде поднесено и соодветна претставка.Нашата борба е идеолошки чиста и нема да ви поминат ваквите обиди за заплашување и реваншизам!“, велат од Левица.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања