Скопје1.мк

Нема фотографија

Груевски дојде на седницата за измени на Уставот, по две минути таа е паузирана

Уште непочната расправата за уставните амандмани попладнево беше паузирана на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо во 13.00 часот, седницата почна половина час подоцна и не поминаа ниту две минути откако претседавачот и собраниски спикер, Талат Џафери, седна во своето столче, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, веќе побара право на процедурален збор.Пратеникот и координатор, Никола Мицевски, побара од Џафери да обезбеди директен пренос од расправата на Комисијата. Како што рече тој, станува збор за предмето од исклучително значење за кој се заинтересирани сите граѓани.Џафери го одби ваквото барање и рече дека согласно Деловникот на Собранието, правото за информирање на јавноста е покриено преку присуството на медиумите во салата.Поради тоа Мицевски побара пауза од еден час, но Џафери дозволи пауза од 30 минути. Седницата ќе продолжи во 14.30 часот.Во салата денеска присуствуваа премиерот, Зоран Заев, како и екс премиерот, Никола Груевски, кој во Собранието дојде од суд каде присуствуваше на рочиште како обвинет во предметот „Титаник“.

Македонија | пред 7 години

mukoski

Најавени протести пред домот на Мукоски, тој демонстрантите ќе ги послужи со кафе и благо

Пратеникот Крсо Мукоски вели дека е позитивно изненаден што вечерва пред неговиот дом во Вевчани ќе се одржи протест организиран од „Македонија Блокира“. Тој им порачува на посетителите дека ќе ги прими во својот дом и дека ќе ги послужи со кафе и благо.-Многу им благодарам и позитивно сум изненаден што им текна по 11 месеци да ме видат. Се разбира, во мојот дом ќе испиеме кафе, ќе бидат послужени со благо. Нема никаков проблем – изјави за МКД.мк пратеникот Мукоски.Од партијата „Единствена Македонија“ најавија дека протестот ќе се одржи во 19.00 часот. Зад протестот стојат партии, организации и здруженија кои најавија блокади на патишта, собири пред собрание и протести пред домови на пратеници. Од таму рекоа и дека ќе му врачат протестно писмо на пратеникот.-Не можам предвреме да зборувам, да го видам прво писмото, па потоа би го коментирал. Но, ќе им кажам дека писмото е на погрешна адреса – вели Мукоски за МКД.мк без да коментира на која адреса требало да се упати тоа протестно писмо.Од движењето „Македонија Блокира“ следно најавуваат протест в сабота пред домовите на другите двајца пратеници кои беа ослободени од куќен притвор за да гласаат за отворање на Уставот, а истовремено и двајцата живеат во Охрид – Сашо Василески и Љубен Арнаудов.

Македонија | пред 7 години

45555487_2209259362441488_1965936844981927936_o

(ФОТО) Се обновува бојата на хоризонталната сигнализацијa низ Аеродром

ЈП „Градски паркинг“  во општина Аеродром ја обновува бојата на хоризонталната сигнализација во рамките на зонското паркирање.

Скопје | пред 7 години

francija-policija

Франција: Жена со бомба се заканува во болница

Во северниот француски град Денкерк во тек е безбедносна операција, соопштија полициски извори.Француските медиуми објавија дека полицијата била распоредена откако една жена се заканувала во локалната болница во градот дека ќе активира бомба што ја носела со себе кога влегла во болницата.Полициски извори потврдија дека операцијата е во тек, но тие рекоа дека е премногу рано да се утврди дали заканата е поврзана со тероризам или со психолошки проблеми, пренесува „Ројтерс“.Регионалниот весник La Voix du Nord на својата веб-страница објави дека полицијата ја блокирала зоната околу болницата.Дел од француските медиуми пишуваат дека ситуацијата била ставена под контрола.[embed]https://twitter.com/unsadh/status/1060117657289146369[/embed]

Свет | пред 7 години

homepageBannerSKP

Скопјанец наместо во странство испратен во затвор

Вчера во 15.00 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека З.П.(37) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „Апси”.Во 16.30 часот тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Аеродром за спровод до Казнено-поправната установа Идризово.

Скопје | пред 7 години

zaklina

Пратеничката Лазаревска на средба со директорот од струдентискиот дом Никола Карев од Охрид

Пратеничката од македонското Собрание Жаклина Лазаревска на својот фејсбук профил се пофали дека деновиве остварила средба со директорот на државниот студентски дом "Никола Карев" од Охрид. Инаку Жаклина е и претседател на Комисијата за образование, наука и спорт во македонското Собрание."На средбата рсазговаравме околу состојбата, условите и потребата од подобрување на условите за престој на студентите кои се сместени во овој студентски дом", напиша на својот фејсбукк профил Лазаревска.

Македонија | пред 7 години

45676868_2137227062995432_5208014812700737536_n

(ФОТО) Две нови платоа на улица „Борис Сарафов“

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве на улица „Борис Сарафов“ пред крстосницата со улицата „Кузман Шапкарев“ поставија две платоа за смирување на сообраќајот.„Со поставувањето на овие платоа ќе се намали брзината на возилата на овој потег и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот“, велат оттаму.

Скопје | пред 7 години

45560772_1451051438331125_5885791713213022208_n

(ФОТО) ЈП Водовод и канализација на терен во Бутел

Екипата на јавното претпријатие Водовод и канализација е на терен на пункт Бутел 2, Ул.Христијан Тодоровски Карпош крак 2, реконструкција со Ф 80мм челично дуктилна. Тие во моментов го санираат дефектот.

Скопје | пред 7 години

45292610_1651727441597821_7334944980605075456_o

Детска Критична маса #5 во сабота во Скопје

Улиците се место за луѓето. Особено маалските. Автомобилите треба да се гости, а не домаќини, особено на маалските улици. А предност имаат децата, нивните чекори и нивната слободна игра.Затоа, ние од иницијативата на Детска критична маса во која сме НаТочак - NaTochak Колектив Ветерница Никулец Креатива и Едукација и Педала Ве покануваат на оваа 5-та по ред детска критична маса ја возиме во срцето на градот и завршуваме во Дебар маало – гнездото на скопските автомобили!СТАРТ: 11:30 пред Центар за странски јазици и Ветерница„Затоа што на улиците не е доволно само да се стави знак за Зона 30, или знак за Зона школо или Зона на смирен сообраќај. Треба да се ослободат тротоарите од возила и некаде и да се прошират, да се воведат велосипедски ленти секаде каде што може и да се смират брзините на автомобилите, со соодветни издигнувања, искривувања на коловозот, мини кружни текчиња…Начини има, но треба да се такви и вредностите.Да се стави приоритет на БЕЗБЕДНОСТА И ЗАШТИТАТА НА ДЕЦАТА.Со овој настан сакаме да истакнеме и оживееме 2 заборавени функции на улиците:-улиците како место за безбедно пешачење и возење точак за сите генерации, за движење на децата, повозрасните, за детски колички-улиците како место за социјални контакти, за безбедно среќавање, безбедно преминување, за контакти…Ќе возиме точачиња со децата на Детска Критична маса, ќе пишуваме пораки за безбедност, ќе играме улични игри и ќе се едуцираме“, велат организаторите.

Скопје | пред 7 години

Tanc-3

Европско првенство во Street Dance Show во СЦ Јане Сандански

Од денеска  до петок, 09.11.2018.  во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје  се одржува Европско првенство во Street Dance Show 2018 и Светски Купови во Диско денс и Хипхоп.На натпреварите кои се поддржани од  Интернационалната Танцова Организација (International Dance Organization), се пријавени околу 1000 учесници и официјални лица од 22 земји.За време на викендот, на 10. и 11.11.2018. ќе се одржи  Интернационален танцов натпревар DANCE OFF со над 3100 натпреварувачи. Во сабота во  СЦ Јане Сандански  на програмата се  хипхоп , диско , брејкденс, а во недела  латино шоу и танци во двојки. Во недела истовремено ќе тече и натпревар во Македонската Опера и Балет во класичен балет, модерен балет, џез денс и др.Најдобрите од Dance Off  ќе се натпреваруваат на Гала вечер која ќе се одржи во МОБ во недела од 21ч. Наградниот фонд е 5000 евра. Организатори на овие танц натпревари се танцовите клубови  БРЕЈК А ЛЕГ(Break a Leg) и ИТ ДА БИТ (Eat the Beat).Покрај Трајче Петковски, менаџер на Брејк а Лег, претседател на Македонската Асоцијација за модерни танци (МАМТ) и интернационален IDO судија  и Илија Карадакоски, менаџер на Еат да Бит, генерален секретар на МАМТ и интернационален IDO судија, на вчерашната прес конференција присуствуваа и  Кирстен Дан Јенсен од Данска, потпретседател на Интернационалната Танцова Организација (IDO) и Карстен Рот од Германија, супервизор на натпреварите и потпретседател на Германската Танцова Федерација.Кирстен Дан Јенсен истакна дека IDO, во која членуваат 95 држави, ја довери организацијата на овие значајни танцови првенства на клубовите Break a Leg и Eat the Beat, поради нивната извонредна организација на претходни два танц натпревари и дека по подолго време одржување танцови настани во Западна Европа, конечно има натпреварувања од највисок ранг во Македонија и јужниот дел од Балканот.Петковски и  Карадакоски ја објавија и ексклузивната вест дека на двата клуба им е  доделена организацијата на Светско првенство во латино шоу и синхро денс во декември, 2020 година.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Велосипедистите до Спасовски: Дали некогаш ќе дојде на дневен ред едукацијата на вашите вработени?

Жителите на главниот град се револтирани што оние кои треба да се грижат се безбедноста во сообраќајот, не ги почитуваат сообраќајните правила. Тие се жалат дека секојдневно полициските возила се паркирани на тротоарите и велосипедските патеки, и бараат одговорност од Министерството за внатрешни работи.https://www.facebook.com/NaTochak/photos/a.365809220153563/1910473549020448/?type=3&theater„Полициски службеници паркирани на велосипедска лента, секојдневие. Изгледа дека Министерство за внатрешни работи ги подучува своите вработени дека паркирањето на вело лента е правило за полициските возила, друго објаснување немаме за секојдневната пракса на "чуварите" на безбедноста во сообраќајот.Оливер Спасовски дали некогаш ќе дојде на дневен ред едукација на вашите вработени, кои треба да бидат пример за сообраќајното однесување? Од РСБСП бараме кампањите за совесно возење да ги насочат кон едукација на службениците од МВР кои очигледно НЕ ги знаат и почитуваат сообраќајните правила, а се поставени да го контролираат нивното спроведување.Полициски возила паркирани на тротоар/велосипедска патека е едноставно недопустливо за град кој претендира да биде Велоград. Најостро реагираме на оваа појава и бараме одговор од МВР и РСБСП што и кога ќе се преземат конкретни активности на темава. Град Скопје кон Скопје Велоград, во иста насока кон намалено загадување, не на овој начин!“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

ariana-grande

„Билборд“ ја прогласи Ариана Гранде за жена на годината

Музичката индустрија годинава и оддава признание на Аријана Гранде. „Билборд“ ја именува 25-годишната пејачка за жена на годината.Во изјава, заменик претседателот на „Билборд“, Рос Скарано, посочува дека „Гранде постојано се залага за себе и за нејзините одлуки во свет кој често не е наклонет за таква сила кај млади жени”.Во изминатата година, Аријана Гранде се најде на топ 40 листата на „Билборд“ со хитови како „No Tears Left To Cry”, „Breathin“ и „God Is A Woman”.Лани таа помогна да се организира концертот „Една љубов Манчестер“, собирајќи повеќе од 23 милиони долари за жртвите од масакрот во Манчестер.Наградата на Аријана Гранде ќе и биде врачена на 6 декември во Њујорк, на 13. церемонија Жени во музиката во организација на „Билборд“. Меѓу претходните добитнички на признанието се Тејлор Свифт, Лејди Гага, Мадона и Селена Гомез.

Магазин | пред 7 години

crni-gruja

Црни Груја пронајден мртов на улица во Белград

Ненад Грујовиќ, попознат како Црни Груја, бил пронајден мртов на улица во Белград.Според првите и неофицијални информации, Грујовиќ наводно извршил самоубиство со скокање од терасата на првиот кат. Меѓутоа, тука е втората верзија, односно дела Грујовиќ можеби е убиен додека скокал од оградата од терасата, полицијата се сомнева дека можеби бегал од некого.Тој настрадал околу полноќ, а починал во Ургентниот центар.Црни Груја е познат член на белградското криминално милје. Тој бил осуден на 10 години затвор за грабеж на поштата пролетта 2006 година, а исто така беше обвинет за убиство на службеникот за обезбедување на поштата но подоцна беше ослободен оти не беше точно увредно кој го уби службеникот.Грујовиќ беше во бегство веќе некое време, а потоа беше уапсен во Виена и екстрадиран во Србија.

Свет | пред 7 години

45538260_2056422721070596_9189446051528966144_o

Доделени наградите од конкурсот за форографија „Моето Европско Скопје“

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчеравечер во ЕУ Инфо центарот ја отвори изложбата на учениците од средните училишта на Град Скопје - „Моето Европско Скопје“, која се одржа во рамките на мултумедијалната манифестација „Денови на Европско Скопје“.Јанчева, на изложбата иницирана во чест на Денот на ослободувањето на градот Скопје – 13-ти Ноември, а произлезена од конкурсот за фотографија „Моето Европско Скопје“, ги поздрави сите учесници на конкурсот и ги додели наградите на авторите на најдобрите фотографии.Првата награда ја доби Ангела Мирческа од СУГС „Ѓорги Димитров“; втората Јана Димовска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин; а третата награда Суфјан Полику од СУГС „Сарај“. Дипломи им беа доделени на Миа Велковска од СУГС „Јосип Броз Тито; Јован Петковски од СУГС „Никола Карев“ и Викторија Клечковска од СУГС „Васил Антевски-Дрен“.

Скопје | пред 7 години

velosiped

Прегазен 70-годишен велосипедист од Свети Николе

Вчера околу 17.40 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот  Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско. Т.С.  починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе.Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Седум сообраќајки во изминатиот ден во Скопје

Во текот на изминатиoт ден, на подрачјето Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и една со материјална штета.„При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и осум со лесни телесни повреди. 11 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 13 возачи бидејќи го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. 19 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло и еден кој не дал првенство на минување на пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 76 мандатни платни налози,  додека исто така 71 возила се подигнати со "Пајак"“, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

rociste

Комисијата даде препорака да се одземе мандатот на Груевски

Со мнозинство гласови, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања одлучи да даде предлог до Собранието да се одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски. Пет члена гласаа „за“, од вкупно 8.Гласањето се повтори два пати, поради технички пропусти.Претходно: Василевски за мандатот на Груевски: Избрзана ви е расправата, ние сме противКирацовски: Груевски не е достаен да биде пратеникВељановски: Наместо решавање на проблемите на граѓаните, вие ја газите демократијата со одземање на мандатот на Груевски

Македонија | пред 7 години

Veljanovski-2-copy

Вељановски: Наместо решавање на проблемите на граѓаните, вие ја газите демократијата со одземање на мандатот на Груевски

Пратеникот Трајко Вељановски од говорницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања се пожали на корупирани институции и недостаток на правда. Неговото обраќање е за предлогот да се одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски поради пресудата за случајот „Тенк“ каде тој е осуден на две години казна затвор.„Се врши политички прогон. Денес се бара одземање на пратенички мандат. Ваквото владеење на процесот води до морално-општествени демонстрации. Наместо да се решаваат на проблемите на граѓаните, тука се делува хипнотизирана гласачка маса која не знае што ветила. Пресудата за пратеникот Никола Груевски е донесена во процес каде не е докажано колку е оштетена државата. Сега во тоа возило се возат сите странски гости“, рече Вељановски.Ова е дефокусирање на јавноста, порача Вељановски, додавајќи дека со одземање на пратеничкиот мандат на Груевски се гази демократијата.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе гласа против, додаве Вељановски, по што пратениците на опозицијата на напуштија салата.

Македонија | пред 7 години

kiracovski

Кирацовски: Груевски не е достоен да биде пратеник

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски вели дека не се врши политички прогон врз Никола Груевски, а во Македонија владее законот. Тој вели дека законите важат за сите, а никој не е над нив.„Секој оној за кој има судска пресуда и одлука, дека ги прекршил законите, мора да одговара за своите постапки, без оглед на која функција се наоѓа сега. Тоа особено се однесува на личностите кои се избрани од граѓаните. За оние кои е докажано дека ги прекршиле законите, не смее да бидат дел од домот каде се носат законите“Кирацовски побара Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да се одземе пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Тој посочи дека Груевски не е достоен да биде пратеник.

Македонија | пред 7 години

saso-vasilevski

Василевски за мандатот на Груевски: Избрзана ви е расправата, ние сме против

Пратеникот кој гласаше за уставните промени, Сашо Василевски, за процесот на одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски рече дека ставот на Независините пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ вчера е формирана Комисија за помирување, а седницата е избрзана„Сметаме дека денешната расправа е избрзана. Нашиот став е против, иако немаме право на гласање“, рече Василевски.Пратеникот Павле Богоевски рече дека расправата не е избрзана и е во рамки на деловничките рокови.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Велосипедист почина откако автомобил удрил во него

На 06.11.2018 година околу 17.40 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот  Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско. Т.С.  починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе.Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

ubistvo

Двајца пешаци повредени во сообраќајка вo Скопје

На 06.11.2018 годинa во 14.00 часот во Скопје на крстосницата од улица „Белградска“, улица „Тодор Александров“ и булевар „Мајка Тереза“, патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Скопје, удрило во пешаците Р.К.(48) од село Стајковци, скопско и М.Б.(54) од Скопје.  Од ударот Р.К. се здобила со тешки телесни повреди, додека М.Б. се здобила со телесни повреди. Двете биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

zagaduvanje-sred

Скопје и денеска во топ 10 најзагадени градови во светот

Главниот град на Македонија денеска високо котира на листата на најзагадени градови во светот.Според глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“), Скопје утрово е на седмото место.Откако пред некој ден загаденоста во населбата Ѓорче Петров беше алармантно голема, мерната станица таму веќе не работи.Исто така,  инструментот за мерење на ПМ10 честички во Гази Баба е исклучен од 14 август оваа година,  а во Лисиче од 5 октомври.

Скопје | пред 7 години

taravari

Таравари утре ќе се обрати на јавноста за трагедијата на девојчето кое се удави во Вардар

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, утре со почеток во 12 часот во прес центарот на општината ќе одржи прес-конференција на која ќе објаснува за деталите за трагичниот настан во кој животот го загуби 17-годишната девојка Џејхан Меџити.Тој преку својот Фејсбук профил ја сподели болката со семејството на починатата, нагласувајќи дека во слична трагедија и тој изгубил член од неговото потесно семејството. Вели дека случајот на Џехја им е мотив плус за да продолжат со акцијата за решавање на проблемот со бездомните кучиња.Меџити го загуби животот давејќи се во водите на реката Вардар, откако скокнала во реката бегајќи од кучиња скитници кои ја нападнале во понеделникот во вечерните часови.

Македонија | пред 7 години

defekt-voda

Без вода дел од жителите во Драчево и Долно Лисиче

Поради уличен дефект денеска ќе има прекин во водоснабдувањето во скопската населба Драчево и дел од селото Долно Лисиче, информираат од ЈП Водовод и канализација.Денеска поради уличен дефект од Ф-100мм на улицата Бранко Заревски 90, поради што прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Драчево и  дел од Долно Лисиче .Прекин има 9 часот часот до завршување на работите.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања