Скопје1.мк

Нема фотографија

Јајцата ве прават подобри луѓе

Врз основа на истражувањето спроведено на Институтот Лејден во Холандија, докажано е дека состојката што се наоѓа во јајцата делува на мозокот, така што ги наведуваат луѓето да бидат многу великодушни.Истражувањето покажа дека високо ниво на триптофан, важна аминокиселина, се наоѓа во јајцата, рибата и млекото, јави Индепендент.Оваа аминокиселина игра важна улога во производство на серотонин, кој влијае на расположението и општественото однесување.– Првпат спроведуваме истражување за тоа колку прехранбените состојки, како на пример риба, јајца, соја и млеко, влијаат на великодушноста и откривме дека добротворните донации можат да бидат зголемени со конзумирање на суплементи кои се наоѓаат во одредена храна а кои се поврзани со серотонинот, изјавија истражувачите од Институтот за Холандија.Во ова истражување учествувале 32 мажи и жени кои поминале многу тестови и прегледи.Половина од нив добиле 0,8 грама прав кој содржи триптофан (околу иста количина се наоѓа и во три јајца), а втората половина прав кој го нема триптофанот.На сите учесници им биле платени десет евра затоа што учествувале во истражувањето и им било предложено дел од тие пари да донираат на некоја хуманитарна организација.На оние кои им бил даден прав со триптофан донирале многу повеќе од другата половина учесници.Не е сосема јасно како оваа аминокиселина има таков ефект, но се претпоставува дека окситоцинот – т.н. хормон на среќата, има некое влијание, затоа што областите во мозокот поврзани со серотонин и окситоцин се блиску.– Можно е дека волјата за донирање пари е предизвикана од влијанието на серотинот на нивото на окситоцинот, изјавија научниците, учесници во истражувањето.

Магазин | пред 7 години

sok

Газираните сокови причина за раниот пубертет?

Факт е дека старосната граница на почетокот на пуберетот се намалува, а научниците дале појаснување за тоа.Честата консумација на газирани сокови може кај девојчињата да биде поврзана со поран почеток на пубертетот, укажува истражувањето спроведено на Харвард.Следејќи околу 5.600 девојчиња на возраст од девет до 14 години, научниците пресметале дека меѓу испитаниците, кои пиеле повеќе од 1,5 дози газирани сокови дневно до првата менструација доаѓало просечно 2,7 месеци порано отколку кај нивните врсници, кои пиеле помалку газирани сокови неделно.Воочената врска била независна од индексот на телесната маса на девојчето.Инаку, раниот почеток на пуберетот кај девојчињата е поврзан со поголемиот ризик од депресија во адолесенцијата и рак на дојката во повозрасните години, тврдат научниците.Според нив, добиените наоди е можно да се појаснат со последиците од консумација на голема количина шеќер од газираните сокови, што доведува до зголемување на присустноста на инсулин и некои полови хормони поврзани со поран почеток на пуберетот.

Магазин | пред 7 години

prijateli

Каков вид пријатели ви се потребни според хороскопскиот знак?

Сите имаме потреба од вистински пријател, некој со кој ќе ги делиме најсреќните, но и најтажните моменти од нашиот живот.Сепак, како што минува времето, така сфаќаме и дека сѐ потешко е да се најдат ваквите пријатели. Ако го следите својот хороскопски знак, тогаш веќе знаете кои се вашите лични особини. Но, она што можеби не го знаете е тоа дека овие особини можат да ви помогнат да дознаете каков вид пријател ви е потребен. Пронајдете го својот хороскопски знак и откријте кој вид пријател најмногу ви одговара.1. ОвенНа Овенот му треба пријател кој ќе биде до него, без разлика каква е ситуацијата. Овните секогаш се спремни за предизвици, па истото го бараат и од нивните пријатели. Барајте луѓе коишто имаат енергија и страст за животот. Вам ви е потребен пријател кој ќе оди на забава, на дневно патување или пак само едноставно излегување од дома за да јадете, во кое било време.2. БикБикот сака да се грижи за своите пријатели, па затоа, неопходно е да пронајде некој кој ја цени неговата грижливост. Тие најчесто бараат луѓе кои се огледало на нивната личност, но бидејќи се многу смирени личности, важно е да пронајдат пријател кој може да биде мрзлив во сабота вечер. Биковите исто така се заинтересирани и за храна и музика, па, одберете некој кој ги има истите вкусови.3. БлизнациБлизнаците имаат специфичен хумор кој го користат за да го добијат тоа што го сакаат, па затоа, за нив е важно да имаат пријатели кои ќе го разбираат. Близнаците се комбинација на сериозност и забава, па нивните пријатели треба да научат како да се справат со нивниот карактер. Покрај тоа, тие исто така сакаат да имаат длабоки разговори со луѓето, па честопати им е потребен пријател со кој ќе можат да се занесат во разговорот.4. РакРакот е емоционална личност, па му треба пријател кој ќе ги разбира неговите чувства и со кој ќе може да се поврзе. Ракот има голема имагинација, па истото го бара и од своите пријатели. Тие исто така сакаат да поминуваат време и дома, па бараат пријатели со кои може да поминат една ноќ гледајќи филмови и тоа да биде нивниот совршен викенд.5. ЛавЛавот е секогаш расположен за забава, што значи дека и неговите пријатели треба да бидат вакви. Ова може да биде одење на некој настан или пак едноставно да се организира дружење во нечиј дом. Сепак, тоа што го планира Лавот ќе сака да го сподели и со своите пријатели. Тој е и голем љубител на филмовите, па потребен му е некој со кој ќе може да разговара на оваа тема. Лавовите сакаат да патуваат, но доколку не добијат можност да патуваат со нивните пријатели, тие дефинитивно ќе го сторат тоа и сами.6. ДевицаДевицата е сериозна личност која знае дека во животот малите работи се најважни. На Девицата ѝ е потребно да биде окружена со пријатели кои можат да ја комбинираат забавата со сериозност. Таа треба да одбира личности со кои може да ги споделува своите омилени книги или некој со кој може да оди на еднодневно патување и да ужива во убавините на природата.7. ВагаВагата обожава да биде окружена со пријатели, па затоа ѝ е потребен некој кој ќе биде до неа повеќето часови во денот. Вагата е дарежлива личност која сака да ги споделува своите омилени работи, а тоа дефинитивно ја вклучува и нејзината најдобра пријателка. Всушност, таа треба да бара пријател кој во основа е нејзин близнак.8. СкорпијаНа Скорпијата ѝ се потребни пријатели кои се доволно храбри да пробуваат нови работи, бидејќи сака сè да искуси. Таа сака некој со кој може да биде пријател засекогаш. Како личност полна со страв, потребни ѝ се пријатели што ќе одговараат на оваа карактеристика.9. СтрелецСтрелецот постојано е во потрага по некој кој може да одговори на неговото ниво на оптимизам и ентузијазам. Нему му се потребни пријатели кои можат да поднесуваат шеги, без разлика какви се. Стрелците исто така сакаат да патуваат, па кога ќе го најдат вистинскиот пријател, тие секогаш ќе го планираат патувањето со него.10. ЈарецЈарецот ги сака своите пријатели исто толку колку што го сака своето семејство, па нему му треба некој со кој може да излезе или пак, да го однесе на семејните собири. Јарецот исто така сака љубители на музика кои ќе може да ги однесе на концерти или да споделува мислења. Јарецот одвреме-навреме може да биде сериозен, но неговите пријатели знаат дека тоа е само дел од она што го прави голема личност.11. ВодолијаВодолијата секогаш размислува длабоко. Таа може да биде социјална личност, но исто така на моменти е тивка, при што ѝ се потребни пријатели кои можат да ја разбираат промената во нејзините емоции. На Водолијата ѝ треба еден пријател кој ќе ја дели со неа способноста за слушање на другите и за помагање, кога тоа е потребно.12. РибиРибите секогаш се подготвена да истражуваат нови места и нови интереси, па сакаат некој кој ќе им биде партнер во ова. Тие бараат пријател кој е исто толку пријателски и љубезно настроен како нив. Сакаат и пријател со кој ќе ужива во филмови, музика или книги.

Магазин | пред 7 години

samodoverba

Ситници со кои ќе си ја подигнете самодовербата

Потребно е малку за да си ја вратите или зголемите самодовербата, потребно е само да се држите до неколку важни работи:Осум едноставни работи кои ќе ви ја зголемат самодовербата:1. Не се споредувајте со другите, туку споредувајте се самите со себе.2. Заблагодарете се, не се објаснувајте.3. Кажете „не“ кога нешто не ви се допаѓа.4. Држете ја главата високо.5. Вежбајте за да имате енергија6. Насмевнувајте се на непознатите луѓе.7. Седете исправено.8. Секој ден поставувајте си мали цели и бележете си ги постигнувањата.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Вдовиците живеат помалку стресно

Долго се веруваш дека бракот добро влијае врз двата сопружника „и во добро и во зло, во здравје и болест“, но новата студија на италијанските научници покажала дека вдовиците живеат со помалку стрес од жените чиишто сопрузи сé уште се живи, пишува Journal of Women’s Health.Резултатите од истражувањата на научниците од Универзитетот во Падова делумно се во спротивност со претходните, кои упатуваа на тоа дека бракот има позитивно влијание врз здравјето, дека го намалува ризикот од срцеви удари и депресии, како и дека ги зголемува шансите за преживување на ракот.Шефицата на истражувањето, др Катерина Тревизан, и членовите на нејзиниот тим велат дека според резултатите од студијата, жените по смртта на сопругот се во помал стрес и дека се со подобро здравје, за разлика од мажите врз коишто смртта на сопругата остава негативни последици, бидејќи се навикнати во текот на бракот повеќе да се потпираат на неа.Сопругите, потсетува др Тревизан, се грижат за домаќинството, децата и здравјето на целото семејство, поради што често се фрустрирани и поизложени на стрес. Се верува и дека поради споменатите фактори меѓу неомажените жени има помалку заболени од депресија. Истата студија покажала и дека жените коишто живеат сами помалку го имаат чувството на вознемиреност, отколку мажите коишто живеат сами, дека се позадоволни и поактивни на работното место.Според претходни истражувања, лицата кои живеат во брак живеат подолго од самците, но истражувањето на италијанските научници спроведено на 2.000 лица повозрасни од 65 години покажало дека досега прифатената теорија за позитивниот ефект на брачниот статус не може во иста мера да се примени и на мажите и на жените.Според студијата на италијанските научници спроведена во четиригодишен период на 733 Италијанци и 1.154 Италијанки, вдовиците за 23 отсто помалку се во помал стрес отколку од омажените жени.„Утврдивме дека за разлика од големото мнозинство мажи на коишто смртта на сопругата оставила негативни последици, вдовиците по смртта на брачниот другар биле во помал стрес отколку жените кои живеат во брак. Резултатот од оваа студија е делумно во спротивност со резултатите од претходните истражувања според кои бракот има позитивен ефект на здравствениот статус и долговечноста на двајцата сопружника“, вели др Тревизан.

Магазин | пред 7 години

drvo-dete

Дали некогаш сте гушнале дрво?

Дали некогаш сте помислиле да гушнете дрво? Некои луѓе сметаат дека придобиките од гушкањето дрва се најчесто врзани со сопственото убедување. Но, сепак постојат и некои точки кои можат да се споменат независно од вербата, а да се засновани на научни факти.1. Дрвјата се природни фабрики за прочистување на воздухЛистовите од дрвата ја отстрануваат правта од воздухот и овозможуваат чист воздух. Додека го гушкате дрвото стоите под “природен прочистувач”.Каде на друго место би било тоа возможно, ако не под дрво.2. Ќе се наполните со позитивна енергијаРазмената на енергија е уште еден важен бенефит при гушкањето на дрво. Дрвото ја зема негативната енергија од вас, и ја заменува со позитивна. Гушкајте го дрвото се додека не почувствувате дека вашето тело е повторно наполнето.3. Зголемете го Вашето расположение со гушкање дрвоКако производ на чекор еден и чекор два, секако резултатот е подобро расположение.

Магазин | пред 7 години

stres

Симптоми кои значат дека преживувате стресни ситуации

Можеби мислите дека е очигледно кога сте под стрес. Тажни сте, тешко ви е, не можете да се фокусирате, избувнувате често. Но, понекогаш стресот се покажува на поинаков начин, а тоа е и најчесто кога тој е долгорочен и почнува да остава поголеми ефекти.Лесно се уморуватеХроничниот стрес предизвикува голем замор. Исто така и долгите негативни размислувања, лутења, несоница, лошата храна се опасна комбинација за нашето здравје. Сето тоа доведува до мала енергија, лоша концентрација, па и главоболка.Проблеми со спиењетоИмате проблеми со спиењето, а мислите дека не сте под стрес? Бидете внимателни, веројатно станува збор за долгорочен стрес или нешто што остава поголеми ефекти на вас одошто мислите. Уште еден класичен проблем е и будењето неколку часа пред алармот. Лошите соништа, особено оние кои се поврзани со реалноста, се уште еден доказ за тоа.Променлив апетитПонекогаш, кога сте под стрес не ви се јаде ништо. Во други ситуации, пак јадете многу и тоа особено јадете мрсна храна и благо. Многу луѓе кои се под стрес одат во тие две крајности.Лесно избувнуватеКога сте под стрес, можеби се чувствувате дека имате краток фитил. Ви се насобираат обврски, постојано сте под стрес и лесно избувнувате и во најобични ситуации. Тоа е аларм дека треба да видите што се случува со вас и да најдете начин како да го решите стресот.

Магазин | пред 7 години

popova

Попова: Шилегов нема преземено ниту една мерка за справување со загадувањето

Воздухот во Скопје станува се позагаден, светските медиуми известуваат за Скопје и Македонија како подрачје каде загаденоста  на воздухот е најголема во Европа. Петре Шилегов кој година дена е градоначалник нема преземено ништо во насока на подобрување на квалитетот на воздухот.Подолг период не функционираат мерните станици во Гази Баба и Лисиче, а мерната станица во Ѓорче откако покажа енормно ниво на загаденост беше изгасена. Власта наоѓа пари за луксузирање, скапи цвеќиња, кафе и лубриканти, но нема пари кога  станува збор за поправка на мерните станици.Шилегов и Министерството за животна средина да не наоѓаат изговори и во најбрз можен рок да извршат сервисирање и поправка на расипаните мерни станици. Обврска на власта, а право на граѓаните е да знаат за квалитетот на  воздухот кој го дишаат.Граѓаните не смее да бидат  држени во незнаење и мрак во однос на животната средина и воздухот кој го вдишуваат. СДСМ не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните.Шилегов и СДСМ ги изманипулираа граѓаните, едно од главните предизборни ветувања на градоначалникот беше чист воздух и чиста животна  средина. На страница 7 од програмата на Петре Шилегов за  локалните избори која ја  нарекоа „живот за сите“,  напишаа: – „Наш приоритет е подобрувањето на квалитетот на воздухот, а со самото тоа и квалитетот на животот за сите. Во градот ги носиме најреволуционерните патенти за прочистување на воздухот на денешнината, применети во најзагадените градови во светот, каков што е, на пример, градот Пекинг.“ – Една година подоцна ништо од почистиот воздух  и ништо од револуционерните решенија.Една година како Шилегов е градоначалник, а тој нема преземено ниту една мерка за справување со загадувањето, а не пак нешто револуционерно како што ветуваа. СДСМ и Шилегов ги излажаа скопјани и тоа за најчувствителното прашање, токму затоа треба  да си замине.Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Најмногу питачи во Скопје: Евидентирани 337 деца на улица

Вкупно 337 деца питачи се евидентирани на улица, од нив само девет не се од ромска етничка припадност, покажува последното истражување на Канцеларијата на Народниот правобранител, пишува Емагазин.– Насекаде во Македонија има деца на улица, а бројката што ние сме ја забележале секојдневно се менува.  Кога е направено нашето истражување евидентирани се 337 деца на улица. Најголем број на деца питачи има во Скопје и во Прилеп, изјави денеска народниот правобранител Иџет Мемети одговарајќи на новинарско прашање на маргините на Конференцијата за инклузијата на Ромите по завршувањето на ромската декада.Во однос на возраста на децата кои питачат на улица, како што рече тој, има деца од сите возрасни групи, од бебиња кои не наполниле ниту една година и деца со ненавршено полнолетство.– Ние секогаш алармираме за ваквите лоши состојби и бараме властите да преземат не само ат хок мерки, туку системски да се решаваат проблемите. Ако не се решаваат проблемите во образованието, вработувањето, здравството и  домувањето, тешко дека можеме да се справиме со сите други проблеми со кои се соочуваат сите деца на улица, но секако посебно децата од ромската заедница, вели Мемети.Во контекст на тоа, народниот правобранител додава дека е жално што никој во нашето општество, во ниту една институција нема точни податоци во однос на децата на улица.-Дури и мерките што ги преземаат властите се интервентни. Проблемот е посистемски и како процес треба да се решава. Ние сфаќаме дека не може се одеднаш, бидејќи процесот бара базични и многу содржајни проекти, но секако без средства тоа не може да се реализира, рече Мемети.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Славчо Попоски: Следува брза промена на времето

До крајот на денов како и во текот на ноќта од југозапад облачноста над нашата држава ќе се зголемува и во западните, југозападните и во јужните предели ќе има локални врнежи од дожд, на високите планини (над 2000 метри) ќе има услови и за слаби врнежи од дожд.Услови за слаби локални врнежи од дожд и тоа претежно на југот од државава ќе има и утре (четврток) додека од петок ќе продолжи периодот на претежно стабилно, суво и натпросечно топло време во текот на денот додека наутро ќе биде студено па така на некои места температурите ќе се спуштаат под нулата.Поради релативно тивкото време во текот на следниот период во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.Максималните дневни температури на воздухот следниот период ќе се искачуваат во интервалот претежно од 13 до 20 степени.Како што соопшти и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.Температурата во Скопје со утринска температура од пет, а дневна од 17 степени.Најстудено ќе биде во в понеделник и вторник, со утринска температура од минус три степени.

Македонија | пред 7 години

44149956_308171456676666_2823516525502136320_n

Беса и Алијанса побараа официјализирање на албанскиот јазик

Сега е време да се решат отворените прашања за Албанците и да не се ставаат под тепих, рече Фадил Зендели од Беса на дебатата за нацрт уставните амандмани.Беса има конкретно барање да се официјализира албанскиот јазик. Срамно е да се именува како јазик што го зборуваат 20 проценти, рече Зендели.Тој наведе дека е добро што се воведува Охридскиот договор во Преамбулата, но бара да се отвори дебата дали договорот се имплементира.И Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците исто така рече дека сега е време да се официјализира албанскиот јазик во Уставот. Рашиди очекува по дебатата за предлог амандманите да се затвори и ова прашање.Пратеникот Илија Николовски, генерал во пензија рече дека пратениците немаат време за губење и очекува дека во најскоро време ќе се заврши целиот процес околу уставните измени.-Со четиритие уставни амандмани, се импрелемнитра спогодбата со Грција. Оваа обврска според став 4. точка д, ние треба да ја извршиме до крајот на декември годинава. Ако сме одговорни пратеници и патриоти, и ако сакаме државата да ја внесеме во НАТО И ЕУ, не треба да ја одолговлекуваме постапката за измена на Уставот. Да го утврдиме нацртот на амандманите за да може да се оди на јавна расправа. Не гледам проблем со кој ќе губиме време за дискусија. Ништо не зборувам на памет. Ве повикувам, што е можно во пократко време да го усвоиме нацртот на амандманите за да може постапката да продолжи. Немаме време за натегање. Ајде да побрзаме. Треба да изградиме консензус, да бидеме најмалце 20 пратеници, истакна Николовски.

Македонија | пред 7 години

Kreshnik_Bekteshi_Minister

Нова мерка: Купи ново возило и добиј субвенции од Министерството за економија

На последната седница на Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за економија усвоени се измени за дополнување на законот за возила.Со овие измени се предвидува:1 новитет: Воведување на налепници за секое возило кое учествува во сообраќајот, согласно еколошките стандардиЗелена боја (I категорија): Возила со европски емисиони стандарди ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4, на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила. Тие слободно ќе се движат во заштитените еколошки зони дури и при енормно загадување на воздухот во градските средини.Жолта боја (II категорија): ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас. Тие ќе има ограничено движење во сообраќајот, во зависност од Одлуките донесени од општините, односно од град Скопје во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста .Црвена боја (III категорија): Од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. За нив ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.Целта од воведувањето на еколошката налепница согласно одредбите на Законот за возила е да придонесе во заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во урбаните средини.2 новитет: Воведување субвенции за купување на возило на електричен погон или хибридно возило.3 новитет: Воведување субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.4 новитет: Воведување субвенции за купување на нови возила, со одјава на старо возило. Со ова ќе се зголеми увозот на нови возила во однос на половните, со што значително ќе се забрза обновата на возниот парк.5 новитет: Претставува одговор на барањето на здруженијата за авто-такси превоз – воведување на жолти таблици за такси возилата, со цел да се постигне ред во такси превозот и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност преку забрана за вршење на нерегистрирана дејност.

Македонија | пред 7 години

tramp-2

Трамп ги предупреди демократите да не водат истраги против него

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги предупреди демократите да не го користат мнозинството кое го освоија во Претставничкиот дом за да ја истражуваат неговата администрација.Тој наведе дека ако го сторат тоа, тогаш Сенатот кој го контролираат републканците ќе ги истражува демократите.Демократската партија, која на вчерашните избори освои мнозинство во Претставничкиот дом, ќе има овластувања да отвора истраги и да испраќа судски покани.Трамп порача дека доколку демократите планираат да ги фрлаат парите на даночните обврзници на истраги во Претставничкиот дом тогаш републиканците ќе бидат принудени да отворат истраги против нив поради протекување на доверливи податоци и уште многу други работи на ниво на Сенатот.Трамп порача дека двајца може да ја играат таа игра. Според „Асошиејтед прес“ не е јасно за какво протекување на доверливи информации мислел Трамп.

Свет | пред 7 години

ilija-dimovski

Димовски: Имам забеган предлог, уставните измени да има ама да важат за одреден период

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски испорача два предлога до Владата во однос на уставните измени – тие да се ограничат со рок до кога да важат, во случај да дојде до распаѓање на Европската Унија и второ, во преамбулата барем на две места да не се додаде придавката Северна.Димовски својот предлог го нарече забеган, фанатичен и романтичен, но потенцира дека е важно да се напомене дека промената на уставното име се прави заради членство во ЕУ и НАТО и дека според него ниту Владата не е среќна што предлага вакви амандмани, па оттука смета дека е добро да се прецизира до кога би важеле уставните измени.На ова премиерот Зоран Заев одговори дека целиот процес се прави за подобра и постабилна иднина на државата и на сите граѓани, не само поради членството во ЕУ и НАТО.

Македонија | пред 7 години

deca-autizam-zagaden-vozduh

Загадениот воздух предизвикува аутизам кај децата

Според најновите истражувања, изложеноста на одделни видови на загадување на воздухот во раното детство може значително да го зголеми ризикот од развој на симптомите поврзани со аутистичен спектар на нарушување  (АСН), пишува „Сајнс алерт“.И порано некои студии укажуваа на можното влијание на загадувањето на воздухот на неродените деца, но истражувачите на Универзитетот Монаш отидоа еден чекор понатаму и забележаа дека постои континуиран ризик од аутизам во првите неколку години на детето и ако детето живее во област со високо ниво на загаденост на воздухот.Истражувањата во Шангај беа спроведени од експерти за јавно здравје кои го следеа влијанието на загадениот воздух врз здравјето на околу 1.500 деца.Повеќето студии досега ја набљудуваа врската помеѓу аутизмот и квалитетот на воздухот во преднаталната возраст, односно пред раѓањето на детето. Ова истражување отиде чекор подалеку и се фокусираше на веќе родени деца. Така, истражувачкиот тим го следеше животот на 124 деца со аутизам и на 1.240 деца кои немаа АСН дијагноза. Испитаници беа деца на возраст помеѓу 3 и 12 години.Тимот забележа дека децата кои во првите три години од животот се изложени на честички со големина од околу 1 микрометар имаат 86% поголема веројатност да имаат аутизам.Честичките со големина од околу еден микрометар, според истражувањето, се поопасни за здравјето од честичките со други димензии.„Дури и најмало ниво на загаденост може на некој начин да влијае врз здравјето на детето. Ние забележавме дека дури и изложувањето на многу мали количини на ситни честички од загадениот воздух е поврзано со предвремено породување, побавно учење кај децата и голем број сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања", вели водителот на истражувањето, Јуминг Гуо.

Магазин | пред 7 години

image00001

Акција за бришење графити во општина Карпош

Општина Карпош во текот на денот спроведе акција за отстранување графити со навредлива содржина испишани по фасадите на зградите, соопштија од Општината.Бојосувањето и отстранувањето на графитите ќе продолжи и во наредните денови, велат од Општината и додаваат и тоа на места каде што пораките со недолични содржини најмногу се присутни, а тоа е во населбите Карпош 1, 2, 3 и 4, Тафталиџе 1 и 2, како и во околината на урбаната заедница Владо Тасевски, велат од Општина Карпош.„Локалната самоуправа ја спроведува оваа акција со цел да се отстранат 'невкусните' пораки исцртани низ општината и да се сочува културниот и урбан лик на Карпош. Општина Карпош апелира до сите граѓани на општината да не ја користат креативноста за испишување графити со недолична содржина која може да поттикне верска или меѓуетничка нетрпеливост и која може да ја наруши урбаната култура“, стои во соопштението на Општина Карпош. 

Скопје | пред 7 години

horor-filmovi

Хорор-филмовите се добри за здравјето, тврди научно истражување

Некој ги сака, некој не, но сите понекогаш би требло да погледнат хорор-филм бидејќи, според едно научно истражување, се добри за здравјето.Сцената на замрачена соба, кревет, ќебе и очекување нешто ужасно да се појави на ТВ-екранот и да нè преплаши има предности за нас, тврдат научниците.Станува збор за трошење калории и подобро расположение, покажала нивната студија направена на  Универзитетот во Вестминстер.Истражувачите на учесниците им пуштале различни хорор-филмови при што го следеле нивното отчукување на срцето, вдишувањето и издишувањето.Притоа откриле дека кога е изложен на нешто страшно, човечкиот организам ослободува адреналин што поттикнува реакција на нашиот нервен систем, која, пак ,сугерира „трчај или бори се“.Кога ќе почне ваквата реакција, телото ги троши вишокот маснотии за да собере енергија и ослободува шеќер во крвта, што го присилува метаболизмот забрзано да го троши шеќерот.

Магазин | пред 7 години

kosovo

Шпанија им забранила на каратистите од Косово да го користат државното знаме

Каратистите од Косово на Светското првенство во карате во Мадрид учествуваат без државни обележја. Знамето го нема во спортската сала, пренесуваат медиумите од Приштина.Како што пишува „Коха дикторе“, шпанската влада, која остро се противи на независноста на Косово, одлучила да забрани истакнување на државни симболи за Косово на натпреварувањето,  како и во самата сала каде што се одржуваат натпреварите.Весникот додава дека уште нема реакции од косовските власти или косовскиот олимписки комитет.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец украл фотоапарат од кафе-бар и го продал за 300 илјади денари

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 32-годишен скопјанец поради сомнение дека украл скап фотоапарат.Како што информираат од МВР, на 29 октомври годинава во периодот од 19:30 до 19:45 часот во кафе-бар на скопската улица „Кеј Димитар Влахов”, при згодна пригода пријавениот украл фотоапарат марка „никон”.Подоцна, крадецот го продал апаратот во заложна куќа и противправно се стекнал со околу 300 000 денари.

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувањата

ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години кон институциите се однесуваше како да се нејзини приватни компании каде што се вработуваат само партиски членови и поддржувачи на  партијата, реагира СДСМ по обвинувањата на опозицијата дека мајката на Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, владејачката партија ја вработила во Централниот регистар на Струмица.„Преку масовната партизација и притисоците врз вработените во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ создаде партизирани институции во кои граѓаните не успеваа да добијат професонален однос и навремени услуги.Таквиот однос кон институциите и граѓаните, како и масовната партизација на администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Преку започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат и работат независно и во интерес на граѓаните. Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и креитериуми и за сите вработени сносат еднаква одговорност“, се вели во реакцијата на СДСМ.Со реформите, како што додава СДСМ, државните институции и јавната администрација работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Вељаноски до Заев: Сега сте посмирени од минатиот пат, ви требаа 80 патеници, а сега 61

„Во мое време 2 пати се менуваше Уставот со консензус меѓу власт и опозиција, а не како сега набрзина. Ви честитам што излеговте на чело на таа мала група и не се криевте, тоа е доблест и решивте да го менувате Уставот, да се самоукине Република Македонија“, Трајко Вељаноски му се обрати на премиерот Заев.„Има поговорка дека слонот не се јаде цел туку парче по парче, вие тоа го правите со Уставот. Во јуни велевте дека ќе нема промена на Уставот, и многупати потоа изјавивте дека нема да се менува. Вие  го променивте името и сакавте да се скриете зад граѓаните со консултативен референдум и покрај тоа не го слушате гласот на народот. Рековте дека пратениците може да поднесат амандмани, но во оваа фаза нема. Ние имаме само предлози и мислења, а не амандмани“, нагласи Вељаноски.Тој му порача на Заев во третата фаза да направи сè како што треба и да не се плаши дека ќе запре процесот.„Се плашам дека третата фаза ќе биде полоша. Не кажавте дека ќе се додава Рамковниот договор. Тоа го изјави Османи во ТВ-интервју. Како е заштитен идентитетот ако се викаме Северномакедонци? Да беше Северна пред Република ќе беше ок“, истакна Вељаноски.Кога се носат амандмани, рече Вељаноски, тие стапуваат веднаш на сила, не може да зависат од одлуките на други држави.„Ве замолувам  повикајте ги МАНУ и други историчари на јавната дискусија, да има поширока дебата, полесно ќе биде за нас како пратеници. Лошо е што  ова се прави со математики и заткулисни игри, тоа има краток ефект, а ќе има трајни последици за Македонија“, заврши Вељаноски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Малолетник од Скопје од две фирми украл имот од 2 илјади евра

Полицијата поднесе кривична пријава против 18-годишник од Скопје поради сомнение дека извршил две тешки кражби и четири обиди за кражби, при што противправно се стекнал со имотна корист од околу 120.000 денари (1.947 евра).Како што информираат од МВР, меѓу 5 и 6 април годинава во просториите на две скопски фирми пријавениот извршил тешки кражби. Со употреба на сила тој влегол во двете простории и одзел компјутери и разновиден алат.Исто така, разбојникот направил обид за кражба во магацин на уште една фирма, додека останатите три обиди за кражби ги сторил во две товарни возила и еден автомобил.

Скопје | пред 7 години

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Студентски митинг „Не биди медиумска мета“

Медиумскиот хаос, агресивното потрошувачко општество, рекламното тероризирање, жртвите на видео игрите, лажните вести, агресивниот маркетинг се дел од секојдневните теми кои ги засегаат луѓето.Потребно е да престанеме да бидеме бескичмењаци, е дел од пораката која ја испратија студентите на денешниот митинг „Не биди медиумска мета“ во рамки на одбележување на европската недела на медиумска писменост, која има за цел да испрати порака до релевантните инстанции во државата со цел забрзано да се имплементира концептот медиумската и дигиталната писменост во конвенционалното образование.

Скопје | пред 7 години

radovis

(ФОТО) Фокус од Радовиш: Две девојчиња и едно бебе останаа без дом по пожарот во Радовиш

По страотниот пожар кој се случи во семејната куќа на фамилијата Анчеви од Радовиш, пред три дена, целото семејство остана без покрив над главата, пишува Фокус.мк.Во куќата, каде целосно изгорел првиот кат и поткровјето, живееле Јанчо Анчев со сопругата и малолетното девојче, како и возрасната ќерка со нејзиниот сопруг и две деца, од кои едното е бебе на возраст од три месеци. Очаен поради немилиот настан, Јанчо за ,,Фокус” раскажува дека буквално не знае од каде да почне, бидејќи речиси ништо не останало од нивниот дом.-Пожарот не го зафатил приземјето, но првиот кат и поткровјето се сосема уништени. Нема ништо останато, ниту мебел, прозорци, врати, апарати за домаќинство… За неколку мига изгубивме се што градевме целиот живот. Среќа, сите дома се неповредени. Во времето кога избувнал пожарот, околу 18 часот, во куќата била само ќерката со нејзините девојчиња. Едното од нив, кое е бебе, во тој период го бањала. Веднаш штом го забележала чадот, со бебето замотано во ќебе и другото девојче во раце, таа истрчала надвор и побарала помош. Но, силата на пламените го направила своето и речиси целата куќа ни отиде – потресено раскажува Анчев.Тој додава дека во исто време, кога избувнал пожарот во нивниот дом, и на друга локација беснеел пожар, па противпожарната екипа пристигнала со неколку минутно доцнење. Пристигнале пет возила, но огнените јазици биле пресилни. Вели дека е благодарен што градоначалникот Герасим Конзулов веднаш дошол на самото место и од општината му доделиле парична помош од околу 30.000 денари.Сепак, тврди дека му е потребна поголема финансиска помош, со цел да може да ги санира штетите од пожарот.Околу тоа, дали е откриена причината за пожарот, тој додава дека најверојатно пожарот започнал од продолжен кабел. Сите кои што се во состојба да донираат, можат да го сторат тоа на трансакциската сметка на Јанчо Анчев 200002979201635, Стопанска банка.

Македонија | пред 7 години

2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f354665

Видео: Тепачка на изборот Мис Бум бум за најдобар задник

Учесничка на изборот за најдобар задник на Бразил популарниот Мис Бум бум , незадоволна од одлуката на жирито , тргнала сама по лентата за Мис.Гужва на  традиционалниот избор за најдобар задник на Бразил.Со години  јавноста го следи овој избор , со години гледаме  „чии задник е најубав и најдобар“, но за сите овие години не се случила ваква сцена.Златната лента за најдобар задник или Мис Бум бум и припаднала на Елен Сантана, што не и се допаднало воопшто на Алина Уве, која неколку секунди по прогласувањето на победничката, и пришла на Елен и и ја земала лентата за Мис и си ја ставила на себе.Причината за ваква шокантна реакција  била љубомората но и фактот дека „само нејзиниот задник бил вистински“.-Овие останатите се силиконски, истакнала нервозната Алин, но се тоа било залудно.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања