Скопје1.мк

gruevski-1

Груевски денес треба да се јави во Шутка

Пленарната седница е следен чекор на која ќе се одлучува дали на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, ќе му биде одземен пратеничкиот мандат. Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања вчера со мнозинство гласови го прифати барањето на судот да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.Одлуката беше донесена со мнозинство гласови, но на гласањето не присуствуваа членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои дојдоа на седницата, но по искажаните забелешки на Трајко Вејланоски дека се води политички, а не правен процес, ја напуштија седницата.Претседателот на Комисијата Павле Богоевски се согласи да му се одземе мандатот на Груевски, бидејќи делата кои за кои се товари го прават недостоен за вршење на пратеничката функција, пишува 24 Вести.Александар Кирацовски, кој е член на Комисијата од СДСМ, пак, апелираше ова да биде поука за сите сегашни и идни функционери да не ги прекршуваат и заобиколуваат законите заради тоа што правдата е еднаква за сите.Од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои иако немаат член во Комисијата, се изјаснија дека се против одземањето на мандатот на Груевски и оценија дека расправата е избрзана ако се има предвид формирањето на Координативното тело за процесот на помирување.На седницата не присуствуваше Груевски бидејќи беше на судење за предметот „Титаник“.Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.Со овој член од собранискиот Деловник е предвидено Предлог за одземање на мандатот на пратеник да поднесе Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието. По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница, а претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. За да му биде одземен мандатот на Груевски на Собранието му е потребно двотретинско мнозинство.  Незивесно е дали за одземање на мандатот на поранешниот премиер ќе гласаат 80 пратеници, ако се знае дека пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за, а најголем дел од пратениците од независната пратеничка група предводена од поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска се изјаснија дека нема да гласаат.Груевски денеска треба да се јави на издржување на затворската казна. Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната. Тој беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај за предметот „Тенк“ за набавка на мерцедесот.

пред 7 години

Нема фотографија

Земјотреси почуствувани во Македонија

Вчера се стресе и Македонија, поточно Дојран каде се почувствува потрес од Грција со јачина од 3 степени.По силниот потрес на Закинтос има многу потрес ии денеска во грција со јачина од 2 и 3 степени.Се тресе и Турција, и Романија, а последниот потрес е со јачина од 3.3 степени по Рихтер.Силни потреси од 3 степени има во Турција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Променливо облачно, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне претежно во јужните и југозападните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата во интервал од 14 до 18 степени. Во Скопје температура до 17 степени и попладне со повеќе сончеви периоди.Утре ќе има зголемена облачност, претпладне претежно во јужните и југозападните делови ќе има и локални врнежи од дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Основачот на интернетот: Време е Гугл и Фејсбук да бидат уништени

Основачот  на интернетот Тим Бернерс-Ли смета дека кога-тогаш мора да биде урнат монополот на технолошките гиганти Гугл и Фејсбук.– Неприкосновеноста на Гугл и Фејсбук е поголема од онаа на повеќето држави. Тие станаа толку доминантни, па време е да бидат уништени, изјави експертот по информатички науки.Скандалозноста на овие компании го достигна врвот со случајот со злоупотреба на милиони лични податоци поврзани со фирмата Кембриџ Аналитика. Основачот на глобалната мрежа е прилично незадоволен од неа, зашто „во моментов е загубено секакво чувство за лична безбедност“.Бернерс-Ли натаму истакна дека социјалните мрежи се најголем извор на омраза, „а против тоа не може да се бориме“, нагласи тој категорично.– Доколку пуштите капка љубов на Твитер, ништо нема да се случи, но пуштете капка омраза, и таа ќе се рашири за миг, посочи Бернерс-Ли.Професорот на Технолошкиот институт при Универзитетот на Масачусетс и на Оксфорд, Тим Бернерс-Ли 1989 година ги изработи протоколите, по кои интернетот функционира и ден денешен.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Државниот обвинител на САД Џон Сешонс поднесе оставка

Државниот обвинител на САД Џеф Сешонс поднесе оставка на функцијата по барање од претседателот Доналд Трамп со чии остри напади се соочуваше повеќе од една година поради тоа што се повлече од истрагата за руското мешање во претседателските избори во 2016 година. Сешонс оставката ја објави во писмо упатено до Трамп. Американскиот претседател пак, на Твитер наведе дека за вршител на должноста го поставува шефот на кабинетот на Сешонс, Метју Витакер, поранешен сојузен обвинител на Ајова.

Свет | пред 7 години

dijalog

Тачи: Порадо би водел дијалог со ѓаволот отколку со Вучиќ

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави синоќа, пред денешното продолжување на дијалогот со Србија, дека порадо би водел дијалог „со ѓаволот отколку со претседателот на Србија Александар Вучиќ“.Во интервју за приштинската агенција Косовапрес, Тачи ги оцени како тешки состаноците кои ги има со претседателот на Србија во дијалогот за нормализација на односите на Белград и Приштина.Тачи ги повика претставниците на партиите на Косово да покажат поголема државничка свест за донесување што побрзи одлуки за политичкото претставување во дијалогот, на што поширока политичка основа.Тој одби да ја коментира одлуката на косовската влада за воведување такса од 10 отсто за производите кои се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина и истакна дека секоја институција самостојно ги носи одлуките и сноси одговорност за нив.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман, од денеска до 16 ноември, ќе престојува во Македонија со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија. „Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта. На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение за медиумите со прелиминарни заклучоци, вели во пишаната изјава Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ за Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Нови судски рочишта за „27 април“, „Топлик“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжат судењата за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година, за „Топлик" и „Титаник 3".Случајот „27 април“ се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносниет камери во ходинкот пред канцеларијата на спикерот Трајко Вељановски, ходниците што водат до и холот пред прес-салата во Собранието.Обвинителството на снимките посочува поголем број од обвинетите и се бележи на записник нивното движење и дејствија низ ходниците.Судечкиот совет во предметот „27 април“ на почетокот на неделава одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ  „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата задравствена состојба.За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Топлик“ и „Титаник 3“.Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

Македонија | пред 7 години

ustav-2

Почна втората фаза за менување на Уставот, власта и опозицијата со спротивставени ставови

Со почетокот на седницата на Комисијата за уставни прашања на која се расправа за нацрт уставните амандмани стартуваше втората фаза од постапката за менување на Уставот на Република Македонија.Седницата на собраниската Комисија почна вчера со обраќање на премиерот Зоран Заев, кој ги образложи четирите нацрт-амандмани, а продолжението е закажано за денеска во 11 часот.Пред членовите на Комисијата, премиерот посочи дека предложените нацрт амандмани се во согласност со меѓународното право и меѓународните стандарди за човековите слободи и права, како и согласно интересите на Република Македонија  и нејзините перспективи во евроатлантските интеграции. Оцени дека нацрт-амандманите заслужуваат поддршка од сите пратеници во Собранието.– Пратениците, со поддршка на иницијативата, ќе покажат дека се за европска иднина на Македонија, рече Заев пред Комисијата за уставни прашања.За опозицијата пакетот уставни измени се носи без консензус, а пратениците немаат мандат да расправаат за измените на Уставот бидејќи референдумот бил неуспешен. Единствен излез од ситуацијата, според нив, е да се оди на нови избори. Дел од нив сметаат дека не треба да се менува името на државата во Преамбулата на Уставот, а Илија Димовски предложи дополнување на нацрт-амандманите со кое ќе се одреди нивниот рок на траење. Побараа и седницата на Комисијата за уставни измени да се пренесува во живо.

Македонија | пред 7 години

45544753_2205027969777489_5654303666132221952_n

Демострантите пред судот: Иванов да го сопре прогонот врз Груевски

„Вечерва самоиницијативно, како почитувачи на ликот на пораешниот претседател Никола Груевски и се собравме пред зградата на Основниот суд Скопје 1 да упатиме неколку пораки“, изјави Александар Трајковски.Според него ова е политички прогон. Она што е смешно во целата ситуација е тоа што главниот доказ, Мерцедесот е се уште во Владата на Република Македонија и секојдневно се користи за секакви потреби како што и се портребни на државата.„СЈО има за цел да работи на уништување на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ. Сите обвиненија се базирани на незаконски начин, и истите не можат да претставуваат доказ во судска постапка“, рече тој.Тој ги рече дека на ги охрабруваат судиите во овој суд да работат согласно законите на Република Македонија, и упати барање до кривичниот совет да го разгледа барањето за одложување на казната на Груевски иситото да го прифати.„Го повикуваме престедателот на Република Македонија, кој е единственитот политичар кој има кредибилитет да го прекине овој политички прогон. Ние како граѓани, упатуваме поддршка до претседателот да ги застапува македонските национални интереси.Исто така тој упати поддршка до Груевски, Ние како грагани сме благодарни за се она што го направи Никола Груевски додека беше престедател во Владата. Неговата борба за правда станува и наша борба за правда. Она што му се случуива на него денес, може да сe случи на секој од нас. Македонискот нерод нема да го заборави она што тој го направи изминатите 10 години“, изјави Трајковски. 

Македонија | пред 7 години

Sequence-01.Still011

Бачев и Петровски на кафе кај Мукоски, останатите играа оро пред портите

Филип Петроски и Јанко Бачев влегоа во домот на пратеникот Крсто Мукоски, откако Мукоски како добар домаќин излезе од својата куќа и ги повика да повелат кај него на кафе и ракија за да се разјаснеле и разбереле.„Ако сакате да разговараме влезете внатре, како добар човек и домаќин ќе ве примам дома. Најкултурно ве замолувам, нема потреба од викање. Повелете дома, како добар домаќин ве повикувам да влезете внатре и да се разбереме. Штом сте дошле дома коректно е да ве поканам внатре, да се напиете кафе, сокче или ракија и со здравје да си одите“ - му рече пратеникот Мукоски на Филип Петровски.На ова Петровски одговори:„Треба да ги разбереш овие луѓе, се возат шест саати,“ му рече Петровски на Мукоски по што влезе во куќата на пратеникот.Насобраните поддржувачи облечени во маици со православна иконографија, крстови и други мотиви со руска тематика продолжија да пејат патриотски песни на улицата, додека кордон полиција не им дозволуваше да се доближат до домот на Мукоски.

Македонија | пред 7 години

Capture-1

Во Карпош труе на саѓи, разлетани цицки по кафани и локални шерифи кои не знаат да си врзат ни чевли

Во Карпош во моментов труе на саѓи, пластика, изгорена киселина, пишува Јоци.Труе на неспособна Влада, на луѓе кои случајно дошле на власт и си играат држава, на градоначалници кои не знаат ни чевли да си врзат, личат на некои кои ги исфрлила поплава, а ветуваа #живот.Труе на луѓе кои располагаат со локални буџети од 50 до 90 милиони евра, а ние појма немаме каде одат тие пари, а тие не знаат што со себе, камоли со нас.Труе на платени и преплатени службени патувања, скапи хотели и курви, на кафани со разлетани цицки, тендери со провизии, фаќање под маса и кеш во плико за ,,да се нареди работата”.Труе на министри кои не знаат да врзат логична реченица на говорница, мислата им се прекинува на пола и дехидрираат бидејќи телото не им ги издржува лагите со кои не’ хранеа со години , на дилетанти, на получовеци со смрдливо минато и опскурна иднина, чиј крај ќе биде идентично лош како на Никола Груевски.

Македонија | пред 7 години

45638221_1285675121572172_2063795639006789632_n-1

Доцнат демонстрантите кои треба да протестираат кај Мукоски

Протестот закажан пред куќата на пратеникот Крсто Мукоски се уште не е започнат.Како што најавија организаторите, најверојатно ќе почне подоцна, бидејки автобусот на протестантите доцни.„Таму некаде по кафаните се нашите луѓе, нив ги организира Филип Петровски, и сигурно нешто ги има спречено, затоа доцнат. Во најскоро можно време ќе тргнат“, изјави за Скопје 1 претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.„Автобусот доаѓа и сега е на раскрсницата каде што се дели патот за Охрид и за половина час ќе биде таму. Нашите луѓе се таму, ќе се собираат на сред село, по што ќе се симнеме до куќата на Муковски“, рече Филип Петровски.

Македонија | пред 7 години

oliver-andonov

Андонов: Груевски е осуден без докази

Ексфункционерот од ВМРО-ДПМНЕ Оливер Андонов беше дел од протестот за правда на поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.„Треба да се запрашаме во кое општество живееме. Кога на еден монтиран политички процес се осудува поранешен премиер на држава, кој нема ефективно сторено никакво кривично дело ниту видовме доказ со кој е оштетен буџетот или државата на било каков начин. Треба да се запрашаме како владее СДСМ. Тие сакаат да ги покријат своите постапки, погрешно владеење и однесувањето кон целокупната македонска држава. Многу е јасна работата во целост“, изјави АндоновСпоред него јасна е пораката која македонскиот народ ја испрати преку референдумот на 30 септември, дека не се согласуваат со политиките на оваа власт.

Македонија | пред 7 години

oliver-andonov-1

Јакимовски: Нема зошто да се помируваме

Ексградоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски беше дел од протестот „Правда за Груевски“ пред кривичниот суд Скопје 1.„Даваме поддршка на чесните судии да се одважат и да кажат „не“ на политичкиот процес. Секој кој има кривично дело треба да одговара. Јас сум против било какво помирување. Нема зошто да се помируваме. Луѓе што пукаат куршум во глава лежат 7 години, а луѓе кои удриле шамар лежат 15 години“, изјави Јакимовски.Исто така тој изјави и дека соседните земји коментираат дека нашата земја е циркус држава.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ќе има ли промени во химната?

По ниеден основ нема да се чепка државната химна, ниту ќе се вршат интервенции во нејзиниот текст.„АСНОМ останува во преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите донесени одлуки“, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.Тој вели дека се неточни информациите што се шират по социјалните мрежи.Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат направени во член 3 се гаранција дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи.

Македонија | пред 7 години

kucinja-bezdomnici

Трагедијата во Гостивар го вклучи алармот за решавање на проблемот со кучињата

Трагедијата во Гостивар го активираше алармот. Владата иницираше итни законски измени. На маса треба да седнат експерти од Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство но и граѓански активисти. Сепак нема прецизен рок кога ќе се донесат конкретни решенија.„Нема теоретски шанси ова да се одолговлечи, сите сме граѓани и знаеме што се случува во градовите.“ - изјви Миле Бошњаковски.Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека прво треба да се формира Комисијата, па потоа да ги изнесат своите предлози.Граѓанските здруженија за заѓтита на животните и експретите пак на ист став. Велат проблемот лежи во немањето на соодветен меганизам на контрола и едукација кај сопствениците. Анима Мунди најавија дека ќе достави свои барања до парламентот.„Ние веќе имаме спремно законски измени, директно ќе одиме со барање за законски измени.“ - вели Радмила Пешева од Анима Мунди.Веста за смртта на девојчето во Гостивар, кога го загуби животот во водите на вардар, бегајќи од кучиња скитници се уште ја бранува македонската јавност. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари за утре најави прес-конференција на која ќе образложи со кои мерки ќе го надминува проблемот со кучињата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсен крадец од Битола

СВР-Битола соопшти дека од слобода е лишен битолчанецот Т.Б.(51 г.)  поради сомнение дека е сторител на две кривични дела „кражба”.Од СВР-Битола информираат дека лицето С.Ј.(80) од Битола пријавило дека на 3 ноември годинава, лице кое се претсавило дека е вработен во ЕВН, му понудил дека наводно ќе му среди да плаќа помали месечни износи за потрошена електрична енергија при што му одзел 40.000 денари. Истото лице на 6 ноември  околу 12 часот, во стан сопственост на пријавителот на улица „Баталјон Стив Наумов” во Битола, претставувајќи се како ветеринар, кој доаѓа со цел да интервенира по наводна реакција на станарите од зградата на пријавителот му одзел околу 13.000 денари .По преземени мерки од слобода е лишен Т.Б.(51) од Битола поради соменение дека е сторител на двете кривични дела „кражба”, информираа попладнево од СВР-Битола.

Македонија | пред 7 години

ZMICKO

Мицкоски оствари средба со хрватскиот премиер Андреа Пленковиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари билатерална средба со Андреа Пленковиќ, Премиерот на Република Хрватска. По тој повод тој на својот Фејсбук профил објави и фотографии од средбата.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1100930126749112 

Македонија | пред 7 години

Trajko_Veljanoski-golema

Заев и Велјановски се надмудруваа во Собрание

На чело на таа мала владина група не се затскривте зад едно колективно тело и цврсто решивте да го промените Уставот без оглед на сите последици кои ќе има Република Македонија, му се обрати Трајко Велјановски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Зоран Заев на денешната седница на комисијата за уставни прашања каде што се дискутира за Нацрт амандманите.Велјановски актуелната ситуација како и однесувањето на Владата на СДСМ го поистоветува со една поговорка прашувајќи дали знаат како се јаде слонот и додавајќи дека тој цел не може да се изеде туку парче по парче, потенцирајќи дека и Заев го прави истото со Република Македонија.Велјановски ги спомена изјавите на Зоран Заев давани минатите месеци каде што ја лажел целата македонска јавност дека нема да дозволи промена на уставното име, додавајќи дека и покрај тоа што тој сакал да ги излажe граѓаните тие биле многу попаметни од секој политичар кој постојано ги менува изјавите и ставовите.Заев во јуни вели „додека ме држи памет нема да дозволам промена на Устав“. Во топ тема Заев вели нема промена на Уставот. Во февруари 2018 вели: не гледам потреба за промена на уставот. При посета во Струга имате изјавено: СДСМ цврсто ќе стои на црвената линија, нема промена на име, устав и идентитет, изјави тој.Велјановски го прочита амандманот 33 во кој се вели дека во Уставот на Република Македонија името ќе се менува во Република Северна Македонија.Тој додаде дека доколку географската одредница била пред Република било во ред, но сега кога е Република Северна Македонија, се менувал и идентитетот каде што граѓаните ќе бидат северно македонци.Велјановски го праша Заев зошто се внесувал и Рамковниот договор кога еднаш веќе кажал пред граѓаните дека Рамковниот договор нема да биде внесен во амандманите и уставот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Колку години им се потребни на срцето и белите дробови да заздрават по откажување од пушењето?

Пушачите што се откажале од пушење мора да чекаат 16 години за ризикот од срцеви болести и инфаркт да се врати на нормално ниво, покажа најновата студија на американскиот универзитет „Вандербилт“. Некои претходни студии покажаа дека ризикот од инфаркт се стабилизира пет години по откажувањето од пушење.По анализирање на податоците од 8 700 луѓе во траење од 50 години, истражувачите утврдиле дека се потребни 16 години за да се острани штетата која никотинот и разни други хемикалии во цигарите му ја нанеле на срцето.„Срцето и крвните садови побрзо се опоравуваат од штетата која ја нанесуваат цигарите“, објаснува авторката на студијата Мередит Данкан. Но со белите дробови приказната е поинаква – нив им треба повеќе време.Срцевите болести се убиец број еден во сите земји во светот, а еден од главните фактори кои придонесуваат за тоа се цигарите. Можеби тоа е причината поради која сè повеќе луѓе се откажуваат од цигарите, но тоа не значи дека нивното здравје веднаш ќе се подобри.Според Данкан, постојат многу малку информации за тоа што точно им се случува на луѓето кои пушат долго време.За да го истражат тоа, земале податоци од една студија која почнала во 1948 година и траела до 1975 година, а во неа учествувале две генерации луѓе и речиси половина од нив биле пушачи. Како тешки пушачи биле категоризирани луѓето кои пушеле по најмалку една кутија дневно 20 години и околу 70 отсто од нив во текот на студијата доживеале инфаркт.По пет години, кај оние кои престанале да пушат бил забележан за околу 38 отсто помал ризик од инфаркт, во однос на оние кои продолжиле да пушат.Но биле потребни 16 години по престанувањето со пушење кардиоваскуларното здравје на поранешните пушачи да се врати на нивото на здравјето кое го имаат непушачите.„Кај луѓето кои биле тешки пушачи доста долго, можно е да настанат промени на срцето и белите дробови кои не можат сосема да се вратат во нормала. Тоа што е важно да се запомни е дека ризикот од срцев удар и други видови на кардиоваскуларни болести секако се намалува по откажувањето од пушење и тоа е главното откритие на оваа студија“, вели Данкан.Докажано е дека некои добри последици од откажувањето од пушењето во телото се чувствуваат веднаш. Само 20 минути по гасење на цигарата, отчукувањата на срцето и притисокот во крвните садови се враќаат во нормала. Околу 12 часа подоцна, нивото на јаглен-моноксид опаѓа толку ниско што е речиси невозможно да се открие во телото.Една недела подоцна од последната испушена цигара, ризикот од инфаркт веќе е малку помал, затоа што срцето и крвните садови повеќе не се изложени на хемикалии.Сепак, ризикот од срцеви болести останува, но поради тоа не треба да се потценат сите добри ефекти од откажувањето од пушење.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Корисниците на Facebook живеат подолго

За доброто здравје придонесуваат и пријателствата склопени преку социјалните мрежи, но само доколку се користат исправно и умерено, покажаа резултатите од неодамнешното истражување.Во сѐ по глобализираниот свет во кој живееме, сѐ повеќе луѓе живеат далеку од родниот град и семејството. Тоа често доведува до прекинување на социјалните врски и засилено чувство на осаменост и изолираност.Полезноста од дружењето во живо со блиските пријатели во студиите од подоцнежните 70 години од минатиот век е поврзувана со долговечноста.Едно такво истражување што траеше девет години покажа дека луѓето без социјални врски и врски внатре во заедницата за 2,8 пати биле изложени на прерана смрт од оние што се социјално активни и одржувале социјални контакти.Од тогаш се спроведени многу слични студии кои покажале слични резултати. Мета амализата на 148 слични истражувања откри дека силните социјални  врски ги зголемуваат шансите за долговечност и до 50 отсто.Се покажа и дека ризикот од прерана смрт кај осамените луѓе е еднаков на оној од последиците на пушење или алкохолизам.Неодамна спроведеното истражување на научниците од калифорнискиот универзитет во Сан Диего, со кое беа опфатени 12 милиони корисници на Facebook, покажа дека користењето на оваа социјална мрежа влијае врз долговечноста. Секако, ако та се користи на исправен начин.„Кај речиси сите корисници на Facebook утврдивме корелација меѓу умереното користење на оваа социјална мрежа и намалениот ризик од прерана смрт“, велат авторите на студијата Џејмс Фовлер и Вилијам Хобс.Тие ги споредиле податоците за калифорниските корисници на Facebook со податоците за општата здравствена состојба на жителите во калифорнискиот Уред за јавно здравје.Се фокусирале врз корисниците родени во периодот меѓу 1945 и 1989 година и ја следеле нивната онлајн активност во шестмесечен период. Забележале дека корисниците на Facebook  имаат подолг животен век во однос на поединците кои не се онлајн или во проценти: опасност од прерана смрт на просечен корисник на Facebook е за 12 отсто помала за разлика од оние што не ја користат оваа социјална мрежа.Научниците во истражувањето воделе сметка за бројот на пријатели, објавени фотографии, објавени статуси и испратени пораки, за да утврдат дали поактивните луѓе на Facebook  биле и долговечни. Претпоставиле дека вистинскиот живот на корисникот, кога не бил на интернет, бил поактивен кај оние што објавиле повеќе фотографии.Резултатите од студијата беа објавени во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences, а ја пренесе порталот Medical News Today.

Магазин | пред 7 години

majka-dete

Безусловна љубов на грбот на мајката

Принципите на природното родителство само делумно потсетуваат на старите семејни вредности, кога најмладите биле опкружени со љубов и внимание.Популарната теорија на американскиот педијатар др. Вилијамс Сирс за природното родителство го освои светот, а овој вид воспитување посебно е популарен на Западот. Тој се сведува на најцврстата врска меѓу мајката и детето, со целосно разбирање на потребите на детето.Постојано слушаме дека мајчиното млеко е незаменлива храна за бебето, така што пожелно е да го доите детето што е можно подолго, но фотографијата објавена во списанието „Тајмс“, на која мајката го дои четиригодишниот син неодамна отвори нови полемики.Многу експерти не сметаат дека малите луѓе сигурно ќе бидат добри и здрави кога ќе пораснат доколку мајката ги дои со години, ги носи на раце наместо да ги вози во количка, спие со нив во креветот… Принципите на природното родителство само делумно потсетуваат на старите семејни вредности.Сепак не е докажано дека вака воспитаните деца емотивно се постабилни и позрели. На пример во најсиромашните земји мајките долго ги дојат децата, бидејќи немаат да им дадат друга храна, спијат со нив поради недостиг на кревет и ги носат бебињата на грбот и на градите, бидејќи нема кој друг да ги чува. Но и таквите деца подоцна можат да имаат проблеми во однесувањето.И обратно многу деца имаат здрав емоционален однос со мајката, иако од првиот ден спијат во своја соба и се ранети исклучиво со адаптирано млеко.За мајките и татковците природното родителство е многу понапорно, а притиснати од обврските во современото општество, се чувствуваат фрустрирани.

Магазин | пред 7 години

tavce

Дали тефлонските садови предизвикуваат рак?

Агенцијата за безбедност и заштита на животната средина на САД предупредува за опасност од садовите со нелеплива површина.Киселината што се наоѓа во составот на овие садови докажано предизвикува одредени видови тумор на црниот дроб, панкреасот и тестисите, а влијае и на плодноста кај животинските видови.Иако не е докажано дека оваа хемикалија, која се наоѓа во составот на тефлонските садови, влијае на луѓето на кој било начин, Агенцијата предупредува дека не треба да се ризикува.Кујнските садови често биле предмет на полемики поврзани со здравјето. Во 70-тите години од минатиот век се верувало дека алуминиумот предизвикува Алцхајмерова болест, што довело до значајно намалување на неговата употреба во производството. Сепак, оваа теорија никогаш не била докажана.Бакарните садови можат за време на готвењето да испуштат извесна количина на овој материјал кој може да предизвика мачнина и дијареа.Железото, исто така, може да предизвика некакви здравствени проблеми, додека за некорозирачкиот челик се верува дека е сосема безбеден.И покрај бројните теории, за тефлонските садови, сепак, се верува дека се безбедни поради специјалниот начин на производство и изложување на високи температури.Според едно истражување, тестирани се 26 тави со нелепливо дно и нути една од нив при висока температура не испуштило каква било хемикалија.

Магазин | пред 7 години

tv

Претерано гледање телевизија знак за депресија

Американско истражување покажува дека претераното гледање телевизија може да биде знак за депресија.Научници од Универзитетот Тексас користеле податоци собрани од околу 300 испитаници на возраст од 18 до 29 години, при што се покажало дека испитаниците кои биле депримирани и осамени биле наклонети кон подолго гледање телевизија.Најдолго телевизија гледале учесниците во истражувањето со најизразени симптоми на депресија.Истражувачите инаку утврдиле дека испитаниците гледањето тв често го сметале за средство за оддалечување на мислите од сопствените негативни чувства, но таа појава била поврзана и со поголеми шанси за добивање вишок килограми.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања