Скопје1.мк

45469971_552975168479018_3904391225028902912_o

На Фејсбук се организира протест за поддршка на Груевски

На Фејсбук во изминатите денови се организира протест на кој се повикуваат сите граѓани на Република Македонија за правда за поранешниот премиер Никола Груевски. Протестот е закажан за утре (среда, 07.11.2018) со почеток во 19 часот пред зградата на Основниот суд Скопје 1.„Почитувани граѓани,Членови на ВМРО-ДПМНЕ,Македонци и Македонки,Браќа и сестри,Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски.За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1!Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!“, стои на Фејсбук.Никола Груевски треба на 8 ноември да се јави на издржување на казната затвор од две години, за предметот „Тенк“ на СЈО.

Македонија | пред 7 години

1280px-Vardar_Veles_Macedonia

Тинејџерка се удави во водите на Вардар

Седумнаесетгодишна девојка се удави синоќа во водите на реката Вардар бегајќи од кучиња. Таа околу 19 часот била нападната од глутница кучиња во близина на гостиварската болница.Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар дека девојчето паднало во реката, по што е организрано пребарување на коритото на Вардар.Екипи на полицијата, Дирекцијата за заштитата и спасувања и пожарникари трагаа по девојчето и го пребруваа теренот каде што паднало во водите на Вардар во Гостивар.Синоќа околу 22 часот со помош на жителите на селото Балиндол било извлечено телото на девојчето.Телото го нашле жителите, а било извлечено со помош на полициските екипи.Се очекува јавен обвинител да изврши увид на местото на несреќата.

Македонија | пред 7 години

avtopat-koli-3

Состојба на државните патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година напојувањето на тунелите на патот Демир Капија - Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија - Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Тајван отворен најголемиот центар за сценска уметност на светот

Во Тајван е отворен најголемиот центар за сценска уметност на светот. Станува збор за просторен комплекс со четири театарски сали во градот Каосиунг, опишан како најголем центар за сценски уметности во светот.Националниот уметнички центар во Каосиунг беше отворен во октомври и се протега на 3,3 хектари под еден покрив. Се состои од концертна сала, театар, опера и читална за поезија.Изградбата на Центарот на местото на поранешната касарна траеше осум години, а трошоците за него изнесуваа 10,7 милијарди нови тајвански долари (околу 350 милиони долари).Концертната сала на Центарот има најголеми оргули во Азија, со 9.085 цевки.Холандската артитектка Франсин Хубен работеше на дизајнот на Центарот, кој ја одразува неговата тропска локација и врската со морето.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Телевизиска водителка му раскина на Италијанскиот премиер

Телевизиската ѕвезда Елиз Изоарди преку Инстаграм му раскина на своето момче, потпртседателот на италијанската Влада и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, додека тој бил на службено патување во Африка.Изоарди, која води телевизиско толк шоу, објави фотографија на која таа е будна, додека Славини спие на нејзиното рамо, пишувајќи дека става крај на врската.https://www.instagram.com/p/BpyxUGrA_Hd/?utm_source=ig_embed„Она што си го дадовме еден на друг нема да ми недостасува., туку она што можевме да си го дадеме. Со голема почит кон вистинската љубов , ти благодарам Матео“ објави Исоарди покрај фотографијатаВо текот на тригодишната врската тие повеќе пати беа на насловните страници на медиумите, а папараците го следеа секој нивен чекор.

Магазин | пред 7 години

jabolka

Овоштарите се спремаат на протести, откупната цена е пониска од производствената

Ниската откупна цена на јаболкото сѐ повеќе ги револтира овоштарите кои се подготвуваат и на протести. Индустриското јаболко се продава за 1 денар по килограм, а трпезното за 7,8 или 10 денари. Според овоштарите ова е сосема нерентабилно затоа што производствената цена е 10,5 денари.Годинава сите се задоволни од родот на јаболката. Се проценува дека вкупното производство во Ресен на околу 4.000 овоштари е околу 135.000 тони, од кои 65.000 тони се трпезни јаболка, а другото е индустриско јаболко.Лани цената беше повисока, а производството помало. Сите се надеваат дека ценатаа ќе се стабилизира некаде на 15 денари. Се бара помош и од надлежните.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство деновиве информираше дека континуирано ја следи состојбата на пазарот, воведува нови и интервентни мерки, со цел да овозможи подобри услови за работа за сите учесници во агро-секторот, вклучително и овоштарството.„Поради временските непогоди оваа година забележана е поголема количина на индустриско јаболко, кое не може целосно да биде преработено во преработувачките капацитети. За регулирање на оваа состојба и постигнување рамнотежа на пазарот, МЗШВ подготви интервентна мерка која ќе биде дискутирана на следната владина седница и финализирана до крајот на оваа недела“, соопштија од Министерството.Преку Програмата за рурален развој МЗШВ предвидува поддршка и за преработувачките капацитети, со цел да овозможи поголем простор за откуп на призводите и извоз од државата, наведуваат надлежните.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Гошев со коментар за новите даночни реформи

„Ова е само почеток и можеби е повеќе симболична отколку суштинска промена. Требаше да биде порадикално затоа што потегот е сосем оправдан. Јас би ги охрабрил да одат со похрабри мерки, вели поранешниот гувернер и министер за финансии Петар Гошев за Фактор коментирајќи ја послената најавена даночна реформа.Гошев го поддржува напуштањето на рамниот данок и посочува дека  во Македонија е потребна редистрибуција на дохдот од луѓето кои имаат неспоредливо повеќе од просечниот граѓанин, а уште повеќе од тие кои се наоѓаат најдолу на пирамидата.

Македонија | пред 7 години

sud

Во Кривичниот суд продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.Судечкиот совет во предметот „27 април“ донесе одлука да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ  „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата задравствена состојба.За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Координација во Собранието за телото за помирување

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска ќе одржи координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи, со една точка на дневен ред – формирање  „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во телото за помирување, затоа што сметаат дека правдата не треба да биде селективна, туку сите што се вмешани во настаните од 27 април 2017 да бидат амнестирани. Тоа беше и еден од заклучоците на координацијата на нивната пратеничка група која ја одржаа вчеравечер.-Нема да учествуваме во Коодинативното тело за помирување затоа што  сè уште немаме содржина на она што би требало да се случува, и според нас тоа е селективноста во правдата која во изминатиот период ја гледаме. Доколку тоа координативно тело донесе заклучоци, одлука или каков било начин за ослободување или решение на проблемите на сите инволвирани од 27 април, ние како пратеничка група ќе го поддржиме тој процес, одлука, закон или што било, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Во Собранието  утре ќе почнат и комисиските расправи за нацрт-амнадманите за измени на Уставот, и за предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој според судско решение најдоцна  задутре треба да се јави за издржување двегодишна затворска казна по пресудата за „Тенк“.Нацрт-амандманите за уставни измени, кои Владата во петокот ги утврди и му ги достави на Собранието, утре се на дневен ред на Комисијата за уставни прашања. По однос на ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти нивниот координатор Мицевски, „ќе дебатираат жестоко за да ги разобличат сите уставни амандмани и она што се случиува во Македонија“.За предлогот за одземање на мандатот на Груевски, пак, утре ќе заседава Комисијата за деловнички и мандатно-имунитени прашања. Неговите сопартијци сметаат дека процесот е политички и својот став ќе го искажат во Собранието.-Согласно законот, се знае кога и како се одзема мандатот на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го соопшти својот став по однос на оваа комисија. Ќе видиме како ќе настапат и другите пратенички групи, додаде вчера Мицевски.

Македонија | пред 7 години

Jovica-Tasevski-Eternijan

Поезија од афирмиран македонски автор објавена во американско универзитетско списание

Во новиот број на американското универзитетско списание „Езра“ се објавени избрани песни од афирмираниот македонски поет Јовица Тасевски–Етернијан препеани на англиски јазик. Поезијата на Етернијан ја препеа еминентната американска поетеса Џудит Скилман.  „Езра“ е специјализирано списание во кое се објавуваат преводи на англиски јазик на дела од познати светски автори и осврти за преведени книги. Списанието го издава Универзитетот „Роџер Вилијамс“, а уредник е проф. д-р Питер Томсон.  Поезијата на Јовица Тасевски–Етернијан во списанието е објавена веднаш по новите препеви на англиски јазик на избрани песни од шпанскиот поет Рафаел Алберти, добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и на низа други угледни награди, а во овој број читателите можат да прочитаат и песни препеани на англиски од класиците Сергеј Есенин и Отокар Бржезина, еден од најважните чешки автори на 20-от век, водечки симболистички поет кој неколку пати бил номиниран за Нобеловата награда, потоа препеви на песни од познатата современа португалска поетеса Роза Алиси Бранко, добитничка на престижната награда „Еспирал Мајор“ за најдобра поетска книга објавена во Португалија, Бразил, Ангола и Галиција итн. Јовица Тасевски–Етернијан е автор на шест поетски книги и на две книги со книжевни критики, есеи и студии. Негови песни се препеани на дваесетина јазици и објавени се во списанија и антологии во околу триесет држави. Ова е второ претставување на поезијата на Етернијан во реномираното списание „Езра“ на Универзитетот „Роџер Вилијамс“, а освен во ова универзитетско списание, препеви на негови песни се објавени и во списанијата што ги издаваат Универзитетот на Арканзас, Универзитетот на Хаваи со седиште во Хонолулу, Универзитетот „Диакин“ во Австралија и др. 

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево време со максимална температура од 24 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер.Утринската температура ќе се движи од -3 до 4 степени, а дневната температура од 16 до 24 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 3 степени, а дневната температура до 21 степени.Продолжува периодот на стабилно и суво време, освен во четврток, кога во западните делови ќе има локален слаб дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Македонија | пред 7 години

mkd-368822

Две катни гаражи ќе се прекрстат, „Тодор Александров“ во „Беко“ и „Македонска фаланга“ во „26 јули“

Советниците на Советот на град Скопје наскоро ќе гласаат за преименување на две катни гаражи во центарот на градот.Пред советниците за седницата закажана за наредниот вторник е и предлог-одлуката за катната гаража „Македонска фаланга” да се преименува во „26 јули”, а гаражата „Тодор Александров” во „Беко”.„Ова е еден пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот на 26 јули 1963 година“, пишува во образложението на предлогот.

Скопје | пред 7 години

45068889_2148140961871269_2047485981736566784_o

( ФОТО ) Сообраќајка кај селото Куратица

Тешка сообраќајка се случи попладнево во близнина на местото познато како „Прентов Мост“ блиску до селото Куратица кај Охрид.Се судрија патнички возила Мерцедес и Голф, а според првите непотврдени информации нема настрадани, но има повредени.„Прентов Мост“ е своевидна црна сообраќајна точка на оваа делница. 

Македонија | пред 7 години

vesna-petrusevska

(Фото) Весна има дечко, вели дека е среќна  

Актерката Весна Петрушевска e вљубена и има дечко. Таа открива дека по долго време има момче и дека е посреќна и повљубена од кога било до сега.„Еве, ќе ви откријам само дека имам партнер, заедно сме многу кратко време, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат“– изјави Весна за „Репортер“.Весна стави и интерсена фотографија на Инстаргам за која напиша „Љубовта е во воздухот“.Весна беше во брак со Јанко Тренкоски, со кого се разделија. Додека беа заедно, ги посвоија Кирил и Мина. Актерката лани беше актуелна и со автомобилот што ѝ падна во водите на Вардар. Мината недела беше зафатена околу претставите на хрватскиот актер Тарик Филиповиќ.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Ѓорчев: Нема споредба помеѓу Трајановски и Шилегов

Пред неколку дена се наврши една година од владеењето на Петре Шилегов како градоначалник на Скопје.Граѓаните се со поделени мислења за неговото работење, а очигледно е дека опозицијата не е задоволна од раководењето на градот.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, преку својот Твитер налог му порача на Петре Шилегов дека порфлил како прв човек на градот.

Македонија | пред 7 години

avtobus-zapalen1

ФОТО: Се запали автобус во центарот на Скопје

Денес еден од старите автобуси на ЈСП се запали во центарот на Скопје. Градоначалникот на Скопје, Петра Шилегов, ги става животите на граѓаните во опасност, пишува Курир.Во вчерашната емисија градоначалникот Петре Шилегов, се расфрлаше со ветувања дека до крајот на годината најдоцна до другата година ќе обезбеди еколошки автобуси.Дури и со критики до мината власт кажа дека во Битола не пратил од новите автобуси дека тие веќе не се нови, стари се 7-8 години, и дека не се прикладни двокатните автобуси за во Битола.Додека овие двокатни автобуси ги чува по град Скопје граѓаните се возат со старите автобуси од минатиот век.На новинарско прашање на КУРИР од ЈСП одговорија дека не станува збор за пожар, туку за дефект на автобусот.-Внатрешната контрола на ЈСП утринава има регистрирано случај на расипан автобус на Рекорд, возило од постарата генерација (Санос),кој сообраќал на линијата 24. Автобусот не се запалил, туку во моментот на предизвикан дефект со бош пумпата, настанало моментално задимување. Немало потреба од интервенција на Противпожарната служба, ниту пак, има било какви последици по патниците кои во моментот се превезувале во автобус. Возилото веднаш биле повлечено во гаража, стои во одоворото на ЈСП.Сепак сведоците од терен тврдат дека животите на стотици луѓе секојдневно се во опасност поради старите неисправни автобуси.

Скопје | пред 7 години

naum-petreski2

ФОТО: Пејачот Наум Петрески повика на убиство на жена, за да имало напредок во државата

Пејачот Наум Петрески на социјалните мрежи повикувал на убиство, според коментарите оставени на една објава.Тој по вербалната расправија, напишал “Уште една СДСМ-овка, кучкарка”, а потоа, дополнил “Да се убијат таквите како тебе Јаци Луна, можеби ќе се добие нешто повеќе за напредокот на државата”.

Македонија | пред 7 години

9B8A907B-1E41-4577-9576-7EC6803C5E40

ФОТО: Андреј од ДНК со страсен бакнеж со машко

Владимир Блажев а.к.а Панчо од ДНК сподели фотографија на социјалните мрежи сподели фотографија од својот пријател и член на ДНК, Андреј каде тој бакнува маж. На фотографијата, Панчо напишал “геј лоби”. Тие моментално се во Чикаго од каде подтојано споделуваат фотографии.”Нено и Андреј, то су срца два”, напишал Панчо.Всушност, не е прв пат, Панчо да се шегува на сметка на Андреј, со разни фотографии. Претходно, тој споделуваше фотографии и видеа каде Андреј уринира.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

ФОТО: Целосно блокиран центарот во Скопје, возилата стојат во место

Сообраќајот во Скопје целосно укочен. Улиците кои минуваат низ централното градско подрачје колабрираа, големиот број на автомобили се движат споро, а во место се чека и по 10 минути.Целосно блокирана е и улицата позади трговскиот центар Рамстор. Возачите се нервозни и свират, но тоа не допринесува за побрзо да минуваат возилата. Една од причините за оваа блокада низ центарот на Скопје е затворената улица на Јужен булеварКаде се гради подземната сообраќајница, а другата се протестите на 10 луѓе пред Собранието.Оние кои треба да поминат низ Центар тоа можат да го направат низ Бит пазар и позади Рамстор, но по овие улици се вози така кажано тргни-застани

Скопје | пред 7 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Не е време за прогресивен данок, порачуваат бизнисмените

Една работа е математичката проценка на владата со претспоставките дека сите кои имаат големи примања ќе плаќаат поголем данок на доход, а друга е математиката на вработените кои можеби би се решиле да отвораат нерезидентни сметки во регионот. Вака ги коментираат најавите за прогресивен данок од бизнис конфедерацијата на Македонија. Сметаат дека со ваквиот чекор владата можно е да поттикнува и откривање на сиви патишта за избегнување на поголемиот данок.Бизнисменита очекуваат предложените измени да биде објавени на страницата ЕНЕР каде ќе ги кажат своите забелешки. Велат дека биле консултирани и известени, но очекуваат многу поголема и поширока дебата на оваа тема. А конструктивна дебата за тоа кои ќе бидат  бенефитите но и негативните последици и развој на сива економија бараат и експертите.Вчера министерот за финансии Драган Тевдовски ги промовираше измените со кои се воведува прогресивен данок. Со нив за сите кои имаат плата на 90.000 денари  се воведува данок од 18%,  но само на сумата која ја надминува границата. До 90 000 илјади данокот останува 10 %. Од таму преку соопштение и денеска го повторуваат она што и вчера го истакнаа дека со воведувањето на прогресивниот данок, ќе се намали јазот помеѓу најсиромашните и најдоходовните граѓани.

Македонија | пред 7 години

gruevski

Собранието ќе расправа дали да му го одземе мандатот на осудениот Груевски

Во вторник ќе се знае дали Собранието на Република Македонија ќе му го одземе мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.За одземање на мандатот ќе расправа Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања која, според веб страницата на Собранието, седницата ја има закажано за утре во 12 часот со единствена точка на дневниот ред – Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда КОК бр.59/17 од 23.05.2018 година со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години.Членовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во петокот се изјаснија дека нема да гласаат за одземање на мандатот на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.Груевски најдоцна до 8 овој месец треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна. Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната.Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај. Тој заедно со првообвинетиот Ѓоко Поповски поднесоа жалба до Апелацискиот суд кој ја одби како неоснована жалбата на Груевски, а делумно ја прифати жалбата на Поповски и му ја намали казната затвор на четири години и шест месеци. Во предметот „Тенк“ осудена е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор.

Македонија | пред 7 години

vakcina

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Во сите Центрите за јавно здравје во земјава денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини.По првпат годинава Министерството за здравство, како што рече вчера на прес-конференција ресорниот  министер Венко Филипче, набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија.– Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Годинава им помагаме на граѓаните на кои им е најмногу потребна вакцината. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик, потенцираше Филипче.Оваа година, сите пензионери над 65 години со просечна и потпросечна пензија, со чек од својата пензија треба да дојдат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин“ ќе им закажат термин за вакцинација во некој од Центрите за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, како што велат од ресорното Министерство, тоа можат да го направат во Центрите за јавно здравје, без закажување. Станува збор за 13.000 дози што ги набавија Центрите за јавно здравје, а цената за нив е 650 денари.Министерството за здравство, како што посочуваат оттаму, при набавката постигна најниска цена на чинење со што заштеди околу 75.000 евра. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.Судечкиот совет во предметот „27 април“ на минатото рочиште одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ  „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата задравствена состојба.За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, МиткоПешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Нови рочишта за „Тревник“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Тревник“, „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“ на Специјалното јавно обвинителство.Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 90-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 700 разговори.Поранешниот премиер Никола Груевски, на обвинителна клупа денеска треба да седне и за случајот „Насилства во општина Ценатар“. За насилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година, обвинети се повеќе лица, меѓу кои екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски.На минатото рочиште за „Насилство во Центар“ исказ пред судот даде поранешниот директор на ПОЦ и актуелен градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ.Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково.Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

Македонија | пред 7 години

pretsedatel

Претседателот на австрискиот Национален совет Соботка во посета на Македонија

Претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфганг Соботка денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.Како што соопшти собраниската прес-служба, предвидено е Соботка да се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. По средбата предвидени се изјави за медиумите.Австрискиот гостин ќе има и обраќање пред пратениците на закажаната 63. собраниска седница.Претседателот на австрискиот национален совет предвидено е да се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, и членовите на оваа комисија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања