Скопје1.мк

tevdoski-1

Со 15 отсто ќе се оданочуваат и каматите на заштедите над 15.000 денари

Данок на доход со стапка од 15 отсто граѓаните ќе плаќаат на дивидендите, на каматите од депозитите, на каматите од заеми на физички и правни лица, на каматите од хартии од вредност и друг доход од хартии од вредност. Ова е предвидено во нацрт-предлогот на новиот Закон за данокот на личен доход, кој завчера го најави министерот Драган Тевдовски со чие донесување треба да стартува даночната реформа, пишува СДК.мк.Според објаснувањето на Министерството за финансии, данокот на камата од заштеди ќе почне да наплаќа од 2020 година, а останатите даноци ќе се наплаќаат веќе од 1 јануари 2019 година.За камати од депозити, во кој влегуваат трансакциски депозити, штедни депозити и други депозити, како и на каматите од хартии од вредност граѓаните ќе плаќаат данок на доход по стапка од 15 отсто, ако износот на пресметаната камата на годишно ниво надминува 15.000 денари во противвредност од валутата на депозитот.Данок по стапка од 15 отсто граѓаните ќе плаќаат за доходот остварен од индустриска сопственост, доходот од кирии, капитални добивки, добивки од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход.Прогресивна даночна стапка од 18 отсто се воведува за доходот од работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и од продажба на сопствени земјоделски производи ако обврзниците годишно заработат над милион и осумдесет илјади денари.Според член 11 од нацртот на новиот Закон на доход доколку по овие основи физичките лица на годишно ниво оствариле доход до милион и осумдесет илјади денари (1.080.000), оваа сума ќе се даночи по стапка од 10 отсто. Со стапката од 18 отсто ќе се даночи само сумата што е над милион и осумдесет илјади денари.На месечно ниво со даночна стапка од 10 отсто ќе се даночи сумата до 90.000 денари, а со даночна стапка од 18 отсто само сумата над 90.000 денари.Прочитајте повеќе тука.

Македонија | пред 7 години

odron

Внимавајте: Одрон на патот Скопје-Велес кај Сопот

На патниот правец Скопје – Велес пред наплатна станица Сопот поради одрон сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента во должина од 200 метри, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се работи на расчистување на одронот и нормализација на сообраќајот.Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Македонија | пред 7 години

Damjan_Manchevski_Minister

Манчевски: Kонечно во Македонија, ќе воведeме ред во хаосот што постои во системот

На денешната прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, соопшти дека  Министерството за информатичко општество и администрација започнува со процесот на хоризонтална функционална анализа. Што значи ова? Ова значи дека конечно во Македонија, ќе воведeме ред во хаосот што постои во системот. И за тоа усвоивме Акциски план со конкретни мерки и временска рамка.Само како пример. Веќе спроведовме хоризонтална функционална анализа на инспекциските служби. Целта беше да се оцени поставеноста на инспекциските служби во системот, нивната меѓусебна поврзаност, внатрешната организација и систематизација на работни места, интерните работни процеси, располагањето и користењето на опрема и средства за работа и слично. Наодите укажуваат дека во одреден дел постојат преклопувања на надлежностите, а во случаите кога инспекциските служби се организирани во рамки на министерство или друг орган на управата, инспекторите често вршат и други работи и работни задачи кои не се нивна работа.Резултат на хоризонталната функционална анализа ќе бидат реорганизација и оптимизација. Очекуваните придобивки се следните:– ќе се воспостават рамки за институционална организација– ќе се реши проблемот со преклопување на надлежностите на институциите– ќе се реши и проблемот со институции со еден човек– ќе имаме јасни критериуми за тоа кои институции од кого можат да бидат основани и која институција пред кого одговара. Да престане админстративниот пинг понг со граѓаните и фирмите.Целта е инситуциите да се групираат по области на дејствување. Министерствата ќе бидат креатори на политики, агенциите ќе се задолжени за спроведување на политиките, а функцијата на надзор ќе биде во надлежност на инспекторатите. Да се поедностави работата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Помирувањето меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одложено за понеделник

За формирање на комисијата за помирување, за што иницијатива достави независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, ќе се разговара на следната координација, најверојатно идниот понеделник. Тоа е договорено на денешната редовна координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.Ова од причини што координаторот на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Елизабета Канческа Милевска не присуствувала поради обврски поврзани со денешната посета на претседателот на австрискиот Национален совет, Волфганг Соботка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Брит Флојд доаѓа во Скопје со продукција од милион долари

Како што се наближува настапот на Брит Флојд во Скопје, од „Авалон“ информираат дека продукцијата за ова големо шоу ќе биде масовна и, како што вели Дамијан Дарлингтон, којшто е основач на овој бенд, вредна милион долари.На 14 ноември во ВИП-арената во Скопје ќе бидат поставени околу 100 светла, ласери, како и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа ќе биде синхронизирано со специјална видеоанимација која ќе ја има во текот на целото шоу.Концертот на Брит Флојд во Скопје, кој е во рамки на турнејата Тhe Eclipse world tour, ќе трае два и пол часа, а членовите на бендот (девет на број) ќе го претстават најдоброто од еден од највлијателните рок-бендови на светот на сите времиња.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Автомобил удри дете во Ѓорче Петров

Деветгодишно дете со повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил во скопската општина Ѓорче Петров.Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 14 часот на улица Знеполе кога Б.А.(66) од Скопје со автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки удрил во деветгодишно дете од Скопје.По незгодата детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Kaliopi

(Видео) Калиопи го претстави видеото за песната „Пресуда”

Калиопи објави ново видео за песната „Пресуда”, која е комплетно авторско дело на композиторот, продуцент и текстописец Ромео Грил. „Пресуда” е тажна љубовна песна … И сфатив дека понекогаш и тажните љубови може да бидат убави. Длабоко верувам дека публиката ќе ја сака и можеби ќе се најде во неа. Му благодарам на Ромео Грил, кој исто така маестрално и вешто ги допре моето срце и душа, и што ме прави бесмртна. Пресреќна сум што премиерно ќе ја отпеам „Пресуда” во живо на мојот концерт на 23 ноември во Сава центарот во Белград.Песната беше премиерно емитувана на каналот Калиопи јутјуб и на нејзините социјални мрежи и е придружена со интересно видео за чија реализација беше задолжен тимот на НН Медиа.

Магазин | пред 7 години

Nju-Delhi-smog

Воздухот во Њу Делхи загаден 20 пати повеќе од нормалната граница

Загаденоста на воздухот во Њу Делхи денеска е 20 пати повеќе од препорачаната граница на Светската здравствена организација. Како што пренесуваат тамошните медиуми, жителите на главниот град на Индија утрово биле во паника откако градот бил прекриен од густ сив смог во пресрет на Дивали, фестивал на светлина.Според Би-би-си, видливоста во градот е многу лоша, а загадувањето е 20 пати повеќе од препорачаната граница на Светската здравствена организација. Експертите предупредуваат дека квалитетот на воздухот ќе се влоши дополнително во наредните денови поради употребата на петарди.Индиските градови обично се рангираат на првото место на листите за најлош квалитет на воздухот во светот.Врховниот суд претходно го ограничи дозволеното време за фрлање петарди на два часа на ден, но експертите сметаат дека ограничувањето ќе биде тешко да се спроведе.Фестивалот Дивали е најважниот хинду-фестивал во северна Индија, со него ја граѓаните ја прославуваат победата на доброто над злото.

Свет | пред 7 години

mickoski

Мицкоски со коментар за загадениот воздух: Болен неуспех на власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук напиша дека луѓе го губат здравјето поради неспособноста на власта, ветуваа чист воздух, а добивме најзагаден во Европа, откако Еуроњуз објави дека Македонија е најзагадена држава во Европа во моментот.Во продолжение интегрално ви го пренесуваме Фејсбук статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:„Ветуваа чист воздух, а добивме држава со најзагаден воздух во Европа, луѓе кои го губат здравјето поради неспособноста на власта да испорачаат резултати.Ноември 2017-та година Зоран Заев и неговите градоначалници ветуваа чист воздух, година потоа, ноември 2018-та година, епилогот е Скопје и неколку други града од државата на црните билтени во Европа по најзагаден воздух. Уште едно фијаско, уште еден срамен и болен неуспех на власта кој овој пат се плаќа со здравјето на граѓаните.И ова не е некое несуштинско, неисполнето ветување поради кое ќе доживеете краткотрајно разочарување и неколкуминутна нервоза, нивната неспособност сега се плаќа со здравјето на граѓаните, со нивните животи. И не е само до тоа дека не посветуваат внимание, дека здравјето на граѓаните не им е приоритет, туку едноставно не ги бива.И потребно е да ги засукаат ракавите, и наместо да бараат оправдување во наводно неисправни мерни станици за квалитетот на воздухот, да сработат суштински мерки и активности кои ќе доведат до почист воздух. Нека престанат со периферните и популистички мерки кои освен уште еден ден поминат низ медиумите во фалење, за граѓаните значи потрошен ден без резултати. Респираторните и канцерогени болести се единствената “добивка” од нивната неспособност. Нема време за чекање, овој пат неспособноста на Заев, Шилегов и останатата армадила политичари на власт граѓаните ги чини живот. Скопје наместо метропола препознатлива во Европа по настани и новости, станува град обвиен со црнила, смет и смог кој убива. Потребен е активизам и посветеност. Секој поминат ден да не дозволиме да значи загубено здравје, а луѓето од власта, Централна и Градска треба да бидат свесни дека ова оди на нивната нечиста совест“, напиша Мицкоски.

Скопје | пред 7 години

poc

ПОЦ воведе промени во зонската поделба и начинот на наплата на паркирањето

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“ воведува измени во зонската поделба на јавните паркиралишта, временското ограничување за користење на паркиралиштата, начинот на наплата на паркирањето и начинот нa користење на повластената паркинг карта за деловен субјект и вработени во деловен субјект.Промените на зоните се однесуваат на трите најфреквентни јавни паркиралишта „Дебар маало“, „Буњаковец“ и „Капиштец“. Од денеска, секторот „Дебар маало“ од зона 1 ќе премине во зона 01, а секторите „Буњаковец“ и „Капиштец“ од зона 2 ќе преминат во зона 1. Со овие промени, велат од општина Центар, ќе се добие подобра организација на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината.„За побрзо информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, ЈП ПОЦ веќе ги обнови старите 99 информативни табли, а во наредните неколку дена ќе постави и 88 нови табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на граѓаните коишто ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и ќе им овозможи попрегледно и пофункционално паркирање во општина Центар“, велат од општината.Новите информативни табли се двојазични, на македонски и англиски јазик, заради големиот број туристи коишто ја посетуваат општината. Таблите содржат информации за зоната, секторот, максимално дозволеното време на задржување, работно време, начинот на плаќање и цената на паркирањето по час и информации за контакт-центарот.

Скопје | пред 7 години

ambulanta

Жена тешко повредена во сообраќајка во Ѓорче

Сопатничка се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера се случила меѓу две возила.-Во 17,55 часот во Скопје на улица „Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(61) од село Рашче, скопско и патничко моторно возило „Мазда“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(54) од Скопје, информираат од МВР.Сопатничката во возилото „Фолксваген голф“ М.Џ., била пренесена во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.Извршен е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

ucenici-soobrakaj

Сообраќајни училишни единици во седум школи во Скопје

Седум основни училишта во Скопје од денеска ќе започнат со реализација на Проектот Сообраќајни училишни единици во организација на СВР Скопје Одделението за превенција во соработка со Општина Центар и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.Како што појаснија организаторите, овој Проект е во функција на зголемување на безбедноста во соообраќајот.Одделението за превенција при СВР Скопје, Општина Центар покрај реализацијата на многубројните инфраструктурни проекти наменети за пешаците, велосиопедистите и возачите на моторните возила, а со цел подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот особено на учениците во основните училишта,  донесе одлука за формирање односно организирање на училишни сообраќајни единици во рамки на сите седум основните училишта наподрачјето на општината, се истакнува во соопштението на организаторите.

Скопје | пред 7 години

Sevilskiot-1

„Севилскиот бербер“ во петок во МОБ

Во петок, 09.11.2018 г. со почеток во 20 часот, во салонот на Македонската опера и балет ќе се одржи популарната opera buffo, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.Авторската екипа е составена од: Диригент, Иван Еминовиќ. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), Асс.режисер: Љупка Јакимовска , сценограф,  Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Васко Лисичов, концерт мајстор: Верица Ламбевска, Асс.хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Николина Јаневска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски, Камениот човек: Борко Биџовски.Билетите се веќе во продажба на билетарницата на МОБ, како и online на www.mob.mk

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Неколку улици во Кисела Вода денес без вода

Поради уличен дефект на цевка од Ф-150 мм на улицата Рилски Конгрес 126, водоснабдувањето ќе биде прекинато за корисниците од улиците Рилски Конгрес, Пржино, Кавалска и Благоја Гојан. Прекинот од водоснабдување започна  во 09:45  часот и ќе трае  до завршување на дефектот.Исто така од ЈП Водовод и канализација информираат дека поради изведување на водоводен Ф-150мм на улицата Христо Татарчев 47, пак, утрово од 9 часот со прекинато водоснабдувањето се корисниците од кулите во Расадник во населбата Кисела Вода.Прекинот со водоснабдување ќе трае до завршување на работите.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Курц во посета на Белград и Приштина

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска и и утре ќе ги посети Белград и Приштина каде што со официјални претставници ќе разговара за продолжување на преговорите за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Курц денеска во Белград ќе се состане со претседателот Александар Вучиќ, а утре со косовскиот претседател Хашим Тачи. Според најавите од Виена, канцеларот Курц со оваа посета сака да даде „јасен знак на поддршка за земјите од Западен Балкан и процесот на нивното приближување кон ЕУ“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Вкупно 30 загинати при невремето во Италија

Билансот на жртвите во невремето, проследено со силен ветер и поројни дождови, што минатата недела ја погоди Италија, според последните податоци изнесува 30 загинати, од кои 12 ги загубиле животите на Сицилија, соопштија синоќа италијанските власти.Меѓу жртвите се и девет членови на две семејства, вклучлитечно и две деца и тинејџер, кои за време на поплавите предизвикани од невремето останале заглавени во диво изградена куќа во местото Кастелдача во близина на градот Палермо на Сицилија.Италијанската агенција за цивилна заштита информира дека меѓу загинатите е и еден турист од Германија, кој го загубил животот при удар на гром на островот Сардинија.Според проценките на италијанските власти, при невремето во цела Италија биле откорнати или искршени околу 14 милиони дрва.Најголеми материјални штети се предизвикани во реонот на Венеција, каде покрај поплавите имаше и појава на неколку свлечишта.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Кина се одржува Експо во услови на трговски тензии

Во кинескиот град Шангај се одржува саем на трговија на кој изложуваат компании од 130 земји во услови на зголемени трговски тензии меѓу Пекинг и Вашингтон. Претседателот Си Џинпинг е домаќин на церемонијата на Експо, на која меѓу другите е поканет и рускиот премиер Дмитри Медведев. Во својот говор Си вети дека Кина ќе ги забрза напорите за отстранување на пречките, за зголемување на увозот и за стимулирање на домашното производство. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за кинески производи во вредност од неколку милијарди долари, по што со иста мера одговори и Пекинг.

Свет | пред 7 години

dogovor

Трката со кајаци ги збратими Општина Дојран со Општина Свиштов

Претпладне, градоначалниците на град Дојран во Република Македонија иСвиштов во Република Бугарија си подадоа рака со договор зазбратимување помеѓу двата града.Градоначалниците на Дојран, Анго Ангов и на бугарскиот град кај Дунав,Генчо Генчев ја отворија официјално трката со кајаци, која собрастотици локални гледачи и туристи „Под Јаворите“ на брегот наДојранското Езеро. Од Софија пристигнаа професионални кајакари кои гидемонстрираа своите вештини во бистрите води на езерото.Настанот беше организиран од Општина Дојран, 33-ти Свиштовски полк,Фондација Бугарска Памет, Југоисток Плус, Бугарско-МакедонскиМладински Клуб и Бугарски Културен Клуб-Скопје во чест настогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Македонија | пред 7 години

maroko

Мароко го гради највисокиот облакодер во Африка

Мароко во близина на Рабат ја започна изградбата на кулата Мохамед VI, висока 250 метри, која би можела да ја носи титулата на највисок облакодер во Мароко и во Африка.Зградата ќе има 55 ката и ќе се гради на десниот брег на реката Боурегрег во близина на главниот град на Мароко. Таа ќе биде финансирана од BMCE Bank, на мароканскиот милијардер Отман Бењелун.,,Планот за изградбата е објавен во 2016 година и оттогаш се изведени подготвителните работи”, соопшти Бењелун.Кулата ќе ја гради компанијата Бесикс од Белгија, која учествуваше и во изградбата на Бурж Калифа во Дубаи, како и кинеската фирма „CRCCI“ и мароканската „TGCC“.Облакодерот ќе чини четири милијарди дирами или 367 милиони евра, според проценките на Мароко. Се очекува зградата да биде завршена во мај 2022 година. Во облакодерот ќе има канцеларии, станови, еден хотел, а на највисокиот спрат и опсерваторија.Мароко започна проект наречен Рабат – град на светлината, кој предвидува голем број проекти на двата брега од реката, како Голем театар кој е проектиран од британско-ирачкиот архитект Заха Хадид и Дом на уметноста и културата.Денес во Мароко се највисоки облакодерите на Мароко Телеком во Рабат – висок 139 метри и двете кули на Твин центарот во Казабланка – 115 метри.

Магазин | пред 7 години

struja-1

Без струја повеќе делови на Скопје

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа без струја во периодот од 8:30 до 10:30 часот ќе биде дел од улицата „Исаија Мажовски“ околу број 15 во општина Карпош, а од 9 до 16 часот селото Добри Дол, односно од улицата кон гробиштата и стариот пат кон селото Долно Соње.Во периодот од 6 до 9 часот без електрична енергија ќе биде дел од селото Јурумлери, Трубарево, Хиподром, Ергеле, населата Скопско Поле, фирмите ОТЕ Космофон, Репетитор МРТВ, Ел Астека, Караорман, ТЕЦ, Фершпед, Сковин, Газела, МЗТ Пумпи, Маџари, ул.516, Комуна, Кванташки Пазар, Лук Оил, нас.Автокоманда, Мак Петрол Маџари, дел од населбата Сингелиќ, како и фирмите РИО Кафе, Дени Шпед и Сара Фешн во општина Илинден.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Сопственик на угостителски објект претепа гостин

38-годишниот К.Ј. од село Просениково, струмичко, пријавил дека истиот ден околу 04.00 часот во угостителски објект во село Сарај, општина Босилово, физички бил нападнат од сопственикот.Се работи за 43-годишниот Ѓ.М. од село Просениково.Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Студенти нападнати во студентски дом во Скопје

Во Полициската станица Гази Баба ноќеска во 04:00 часот, А.Б.(21) од Берово пријавил дека истиот ден околу 03:30 часот во студентски дом „Стив Наумов“, тој и неговиот другар Д.И.(22) од Скопје биле физички нападнато од М.Н. и уште неколку лица.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

20-годишник нападнал полицаец

Ноќеска околу 01:45 часот на паркинг просторот кај црквата „Свети Констанин и Елена“ во населба Илинден – Скопје, при преземање мерки за спречување на нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица, полициски службеник бил физички нападнат од Р.Г.(20) од село Марино, скопско. Р.Г. бил приведен во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

aerodrom-andonovski

Општина Аеродром: Ќе се градат 4 нови паркови, 3 од нив во Стар Аеродром

Општина Аеродром распиша јавен повик за изработка на проекти за 4 нови паркови, кои во наредниот период ќе се градат на повеќе различни локации.„Три од парковите се планира да се подигнат во Стар Аеродром. Еден од нив ќе биде лоциран во должина на улицата „Методија Шаторов Шарло“ на површина од 3.200 квадратни метри, вториот покрај улицата „Новопроектирана 1“ на површина од 4.600 квадратни метри, а парк ќе се гради и на раскрсницата меѓу улиците „Пандил Шишков“ и „Фрањо Клуз“ на површина од 1.000 квадратни метри.Изградба на нов парк со површина од 2.500 квадратни метри е планирана и меѓу зградите во Индустриска зона УЕБ, кои се протегаат покрај булеварот „Трета македонска брогада“.Исто така, во тек е тендерска постапка за избор на фирма за изведба на новиот парк во населбата Мичурин, чија изградба треба да започне во наредниот период.Општина Аеродром останува посветена на своите заложби за заштита и подигнување нови зелени површини на својата територија. Во таа насока има набавено околу 1.800 високоизраснати дрвја што ќе се садат на повеќе локации во општината“, стои во соопштението на општината.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Од Кичево до Охрид за 600 милиони евра

Владата денеска соопшти дека постигнала договор со кинеската Синохидро за продолжување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Претходно проектот беше сопрен откако беа утврдени низа пропусти и грешки.Од првично предвидените околу 400 милиони евра, цената на изградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе порасне за уште најмалку 187 милиони евра. Доколку на оваа цена се додадат и евентуалните непредвидени трошоци, 57-те километри автопат во Македонија би можеле да достигнат и цена близу 600 милиони евра, или околу 10 милиони по километар автопат.Владата денеска на седница усвоила анекс на договорот со кинеската фирма Синохидро која, согласно договорот со претходната влада, останува главен изведувач на работите.Вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека е постигнат добар договор со Кинезите со кој се заштедуваат околу 95 милиони евра од буџетот.„Бевме соочени со веќе потпишан договор, кој беше со потешкотии во своето функционирање. Имавме две можности, едната да се прекине изградбата, со што ќе бевме приморани да ги вратиме средствата кои веќе беа потрошени за проектот, да останеме без автопат, како и да платиме сериозни пенали поради лошиот проект кој беше усвоен од претходната Влада. Втората можност беше да се продолжи со изградбата на автопатот, но претходно да се доведе во технички и финансиски исправна состојба, за која се одлучивме како Влада", рече Анѓушев.Според него, согласно основниот договор, владата ќе морала да доплати 282 милиони евра за санирање на грешките во проектот, но успеала во процесот на преговори да постигне пониски цени, односно, да доплати 187 милиони евра.Санација на грешките ќе чини скапоСпоред Анѓушев, само за санирање на главниот проблем- промашените косини на автопатот- потребни се дополнителни 70 милиони евра. Дополнителни 30 милиони евра ќе се потрошат за изградба на 9 нови клучки кои не биле планирани со оригиналниот проект, а остатокот веројатно ќе се инвестира во изградба на тунелот Пресека, кој бил испланиран во проблематичен терен.Анексот прво треба да се усвои во Собранието, а потоа ќе се бара кредит од кинеската Ексим банка, а за истиот, откако ќе биде одобрен, парламентот повторно ќе треба да го потврди задолжувањето. Како што објасни министерот за финансии Драган Тевдовски, и претходниот кредит бил земен од Ексим банка, со фиксна камата од 2 проценти, со 20 години рок на плаќање и пет години грејс период.Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека актуелната влада само „вади костени од оган“, затоа што ниту ја договарала изградбата, не го избрала изведувачот и не ја згрешила проектната документација.Специјалното јавно обвинителство ги гони поранешниот премиер Никола Груевски,вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за транспорт Миле Јанакиески и други функционери на поранешната влада во случајот „Траекторија“, токму поради договорот за изградба на автопатите Кичево-Охрид и Штип-Миладиновци. Според СЈО, тие потпишале штетен договор со Синохидро со кој го оштетиле буџетот за околу 150 милиони евра.пишува Дојче веле

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања