Скопје1.мк

palas

Пукање во хотелот Александар Палас

Утрово околу 03.20 часот непознато лице испукало неколку куршуми кон хотел на булевар „8 септември“ во Скопје.Повредени лица нема, а биле оштетени неколку прозорски стакла и дел од фасадата.Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Се судрија автобус и автомобил, еден загинат

Утрово околу 06.00 часот на излезот од Струга, во правец на село Мислешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Чери тенго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од засега непознат возач и автобус со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.J.(56) од Охрид.Во незгодата, на местото починал возачот на возилото, додека со повреди се здобил возачот на автобусот и тројца патници.Увид на место извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Општина Кисела Вода ги повикува и невладините и спортските здруженија да учествуваат во креирање на Буџетот

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите невладини здруженија, граѓански организации и здруженија, културно-уметнички друштва да бидат дел од работната средба со градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски која ќе се одржи во четврток со почеток во 11 часот во Големата сала на Општината. Состанокот има цел да се слушнат барањата и потребите на овие субјекти, за истите да можат да бидат испланирани и вклучени во Буџетот за 2019 година, кој во моментов е во подготовка.Воедно, Општината упатува повик и до сите спортски субјекти лоцирани на оваа територија, клубови, здруженија, организации, да ги презентираат своите потреби и барања пред градоначалникот Темелковски, бидејќи, како што е планирано, во Буџетот ќе бидат издвоени средства за унапредување и развивање на спортот, како еден од приоритетите на оваа локална самоуправа. Работната средба со спoртските субјекти е закажана за четврток, во 12:30 часот, во Големата сала на Општина Кисела Вода.Заради подобра организација на настанот би ве замолиле, претставниците од невладиниот сектор своето присуство да го потврдат до среда, до 16 часот  на телефонскиот број 078/226148 (лице за контакт Ана Ѓуроска),  додека претставниците од спортските здруженија на телефонскиот број 078/239064 (лице за контакт Зоран Николов).Инаку, минатата седмица финализираше и циклусот посети на сите месни и урбани заедници на градоначалникот Темелковски и неговиот тим, на кои граѓаните имаа можност директно да ги истакнат своите желби, барања и проблеми кои се под ингеренции на локалната самоуправа, како би можело навремено да се интервенира за нивно решавање. Идеите, предлозите и реалните барања што беа презентирани се ставени на листата со приоритети на општината и ќе бидат темел при формирањето на Буџетот за 2019 година.​

Скопје | пред 7 години

45487215_2055150037864531_2843729358856650752_n

Шилегов: Граѓаните мора да бидат дел од носењето на одлуките коишто непосредно ги засегаат

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“, што се одржува во салата на Советот на Град Скопје. На оваа дводневна конференција учесниците ќе се запознаат со примери за соработката меѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, ќе разменат искуства и добри практики и ќе добијат добри совети што ќе помогнат Република Македонија и Градот Скопје да се приближат кон Европската унија и европските вредности.„Целта на оваа конференција е да се истакне важноста и потребата од граѓански дијалог и соработка на локално ниво, како услов за добро владеење на локалната самоуправа. Наша одговорност е да ја вклучиме пошироката јавност во планирањето на развојот на градот и на општините, во утврдувањето на заедничките приоритети и во реализацијата на проектите. За жал, Скопје изминатите години се оддалечи од сопствените граѓани. Токму заради тоа јас инсистирам и со пораките што како градоначалник ги праќам, меѓутоа и со дејствијата што како администрација ги преземаме, градот да го направиме подостапен за граѓаните, односно граѓаните да бидат дел од носењето на одлуките коишто ги засегаат непосредно, во нивниот секојдневен живот. Новата градска администрација секојдневно соработува со претставници на најекспонираните здруженија на граѓани коишто во изминатиот период се бореа за хуманизирање на урбанизацијата на градот, за почист воздух, за правото на алтернативен транспорт, односно непречено користење на велосипедот како превозно средство и слично“ рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој потсети дека токму во оваа сала во изминатиот период се одржуваа јавни дебати на теми кои се од голема важност за граѓаните, а се однесуваа на загадувањето, дотурот на стока, хотелиерството, стручното образование, гасификацијата на градот и трасата на Водно, извештајот за состојбата на стационарот „Вардариште“ и други теми.„За мене, како градоначалник на Град Скопје, е особено значајно што денеска ќе потпишеме меморандум за соработка со Европското движење во Република Македонија, една од првите невладини организации во нашава земја. Потпишувањето на овој меморандум ќе ни овозможи да воспоставиме соработка меѓу Европското движење во Република Македонија и Градот Скопје со цел афирмација на европските интеграции во Скопје и пошироко, а особено на планот на јакнењето на демократијата, како и остварување на повисоки развојни цели во локалните средини. Таа соработка ќе ни овозможи да реализираме заеднички проекти, партнерство во национални и меѓународни конференции и друг вид јавни дебати, организирање граѓански активности поврзани со евроинтеграциите на Република Македонија, како и други активности кои се однесуваат на заедничките цели, мисијата и визијата на двете страни потписнички. Пред нас претстои плодна соработка. Со организацијата Европско движење во Република Македонија во периодот што е пред нас ќе соработуваме и во активностите на Националната конвенција за Европската унија во Република Македонија, во поглавјата релевантни за локалната самоуправа. Значајно е да се нагласи и нашето идно партнерство во реализацијата на проектот „Граѓанските организации за функционирање на локалната демократија“, финансиран од INSTRUMENT FOR PRE-ACCESSION ASSISTANCE – II Civil Society Facility and Media, како и други проекти од заеднички интерес“ објасни тој.Евроатлантските интеграции на Македонија, нагласи градоначалникот Шилегов,  многу директно и многу експлицитно ќе влијаат врз квалитетот на живеење и развојот на градот.„Сакале ние или не ќе мораме да ги доловиме стандардите како институции, но и одговорностите и како институции и како граѓани коишто следуваат со зачленувањето во овие асоцијации, особено во Европската унија. Претпристапните преговори не се ништо друго туку адаптирање и на луѓето и на институциите и на пазарот на новите услови и правила што важат во ЕУ кои ќе придонесат, особено во сегментот на урбаното живеење, да постигнеме многу повисоки стандарди и да смениме некои од навиките коишто досега ги имавме и како институции и како луѓе поединци. Особено треба да се има предвид дека за земјите коишто се во фаза на претпристапни преговори ЕУ има посебни фондови за развој на инфраструктурата и на условите за подобрување на квалитетот на живеење. Затоа во градската администрација се обучуваат посебни екипи на луѓе со цел да можеме навремено да аплицираме за неопходните проекти. Градот Скопје преку сите активности што ги преземаме, во блиска иднина успешно ќе се справи со предизвикот да се издигне во една модерна европска метропола и престолнина на идната членка на НАТО алијансата и на Европската унија“, изјави Шилегов.На денешната конференција присуствуваа и Дејан Павлески, заменик-министер за локална самоуправа; Јон Ивановски, национален координатор на ЦЕИ од Министерството за надворешни работи и Милева Ѓуровска, од Европско движење во Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

61028-jubilej-shto-ne-se-zaborava-denot-koga-golemiot-real-madrid-padna-vo-aerodrom-video@2x

22 години од денот кога Реал Мадрид падна во Аеродром!

На денешен ден пред точно 22 години се случи сигурно најголемата клупска победа во историјата на македонскиот спорт, откако МЗТ Скопје во преполната сала „Јане Сандански“ го совлада големиот Реал Мадрид (69-68).Тоа беше меч од ФИБА Еврокупот во кој во веќе далечната 1996 година во скопската населба Аеродром падна најтрофејниот европски кошаркарски тим предводен од легендарниот Жељко Обрадовиќ, а во чиј состав беше во тој момент еден од најдобрите европски кошаркари, Дејан Бодирога. Двете прецизно изведени слободни фрлања на Перо Блажевски во последните секунди веќе се дел од историјата, а се овековечени и на графит како вечна благодарност од навивачите на сино-белиот тим. Во тимот предводен од Александар Књазев беа уште и Врбица Стефанов, Мирза Куртовиќ, Дејан Димов, Игор Михајловски, Тони Симиќ, Слободан Петровски, Антонио Миневски, Борис Нешовиќ и Американецот Марк Дин.МЗТ Скопје пред две години на пригоден начин, со посебна свеченост за време на натпреварот против Гран Канарија од Еврокупот, одбележа две децении од овој најголем успех на клубот од „Јане Сандански“.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Следните неколку дена на овие улици ќе има времен сообраќаен режим

Од ЕВН Македонија известуваат дека поради поставување на нисконапонски електричен кабел, ќе се смени режимот на сообраќај на ул. „Ферид Бајрам” и бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.„Временскиот режим на сообраќај ќе се воведе во периодот од 08:00 до 16:00 часот на ден 08.11.2018 (четврток), 09.11.2018 (петок), 10.11.2018 (сабота), 12.11.2018 (понеделник) и 13.11.2018 (вторник)“, велат од ЕВН.

Скопје | пред 7 години

BeFunky-collage-1

ВМРО ДПМНЕ на состанокот на ЕПП ќе биде претставувана најмалку од две делегации

На самитот на Европската Народа Партија кој ќе се одржи на 8 Ноевмри во Брисел од ВМРО ДПМНЕ покрај официјалното раководство и Претседателот Христијан Мицкоски, ќе присуствува и делегација на „Реформаторите“ од оваа партија - дознава „Скопје 1“ од свои добро упатени извори.Како што дознаваме реформаторот Петар Богојески ќе присуствува на овој настан, а според нашите информации таму ќе биде и Митко Јанчев.Скопје 1 се обрати до лидерот на партијата Кристијан Мицкоски, и до Петар Богојески, но до објавувањето на веста од нив не добивме коментар.Митко Јанчев за „Скопје 1“ вели дека сеуште не знае дали ќе патува на овој самит.На самитот на Европската Народна Партија ќе се бира кандидат за премиер на ЕУ , а според проценките најголеми шанси за тоа има  Вебер Манфред.

Македонија | пред 7 години

Foto

По скоро две децении Перо Антиќ повторно ќе го облече дресот на Работнички

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, КК Работнички, утре (среда; 7.11.2018), во 18 часот организира хуманитарен кошаркарски натпревар на сегашниот тим со ветераните на клубот. Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски, Ристе Стефанов, Тодор Гечевски, Тони Симиќ, Димитар Мираковски, Перо Блажевски и останатите сегашни и поранешни кошаркари на КК Работнички ќе бидат дел од овој хуманитарен настан.Средствата собрани од натпреварот ќе бидат наменети за Ирена Танчева, 25-годишна мајка на две деца, која има потреба од итна операција во Русија.На денешната прес конференција, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со претседателот на КК Работнички, Ристо Гапиќ, поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Тодор Гечевски и тренерот на КК Работнички, Марин Докузовски, ги повикаа сите хумани граѓани и вљубеници во кошарката, утре да присуствуваат на натпреварот и заедно со нив, да ѝ помогнат на Ирена во намерата да ги собере потребните средства потребни за операцијата.

Спорт | пред 7 години

jabolka

Еден месец по воведувањето на новата интервентна мерка, откупена е една третина од индустриското јаболко

Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство, изминатиот период презема серија мерки за развој на овоштарството, вклучително и за производството на јаболка, соопштуваат од министерството и додаваат дека со цел производителите на јаболка да имаат рентабилно производство, Владата воведе нова интервентна субвенција за производителите на јаболка.Имено како што посочија од министерството, производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи кои вршат извоз, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка.Владата ја донесе оваа одлука со цел да им се излезе во пресрет на производителите на јаболка особено во преспанскиот регион, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди, поради што има оштетување на родот што директно влијае на економската вредност на јаболкото, посочуваат оттаму.По еден месец од воведувањето на новата интервентна субвенција за производителите на јаболка, од министерството за земјоделство велат дека е откупена една третина од индустриското јаболко.„Дополнително, во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал. За реконструкција кај овошните насади, особено кај јаболката за промена на асортимент, се воведе нова поголема субвенција од 9 900 денари. За промена на производство од житни во овошни култури, земјоделците ќе добијат 30 отсто повисока субвенција по хектар. Оваа година субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитети за овошје е зголемена од 2 на 3 денари за килограм. Последната интервентна мерка, петта, која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја носи за овоштарството“, се наведува во соопштението на министерството.Паралелно МЗШВ заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој работи и на создавање на услови за ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 Програмата, кои вклучуваат инвестиции во преработувачки капацитети. Токму инвестирањето во преработувачките капацитети, велат од министерството е важно за сигурен и непречен откуп на јаболката и заокружување на производството со финални производи со поголема додадена вредност. Само за еден повик за ИПАРД 2 во кои спаѓаат и мерките за преработувачки капацитети има склучено 937 договори со вредност од 16,4 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

RSBSP_01

РСБСП: Без изговори, почитувањето на сообраќајната сигнализација не е право на избор

Сообраќајните знаци се азбуката на сообраќајот, а сообраќајните правила се основниот начин за комуниукација и разбирање меѓу учесниците во сообраќајот, велат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде се посочува дека според досега спроведените анкети околу 50% од возачите, не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација.Секое непочитување на сообраќајните знаци, односно непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, значи сообраќаен метеж, хаос во сообраќајот, сообраќајна незгода со материјална штета или незгода со загинати и повредени лица, велат од РСБСП.Учесниците во сообраќајот се должни да постапуваат во согласност со прописите и правилата што важат во сообраќајот, во согласност со сообраќајната сигнализација поставена на патот, во согласност со сообраќајните знаци и во согласност со наредбите што ги даваат полициските службеници, велат од РСБСП и потенцираат дека учесниците во сообраќајот се должни да се придржуваат кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со сообраќајни знаци.Па оттука од РСБСП преку соопштение ги повикаа сите учесници во сообраќајот да не бараат изговори, објаснувања или оправдувања бидејќи едноставно не постојат, секој учесник во сообраќајот има право безбедно да се движи и има обврска да придонесува за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.„Без изговори! Без оправдувања! Максимално почитувај ја поставената сообраќајна сигнализација, секогаш и секаде! Биди одговорен учесник во сообраќајот“, е пораката која советот ја испраќа до сите учесници во сообраќајот.Безбедноста во сообраќајот е сериозна работа и ниедна импровизација, изговор или оправдување не може да ги надомести последиците, додаваат од РСБСП.

Македонија | пред 7 години

unnamed

Вечерва балетот „Метаморфоза“ во МОБ

Во Македонската опера и балет вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи современиот балетски перформанс „Метаморфоза“ – кореографија на Ивана Коцевска. Овој современ балет го проблематизира телото како субјект на состојби и сензации, како збир на афекти.Делото се занимава со соматското истражување низ техниките и антитехниките на телесното, на вертикалното и хоризонталното, симетричното и асиметричното. Работи со позиции и антипозиции, а е јукстапозиција на кохерентното, иако се занимава со симетрија и асиметрија во кореографијата, но и во изведбата. Кореографското интервенирање во просторот не е преку техниката и формите, туку преку нивно генерирање, а целта е да се исцртуваат различни позиции на телата кои се менуваат во него. Менувањето во движењето, менувањето на телесното, односно неговото реформирање низ изведбеното, нуди интервенирање во она што е балет, односно нуди нови прегледи на балетското тело како ново, променето и девертикализирано.Танчери: Христина Наќевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мила Ниновска, Матеа Каревски, Теодора Ежовска, Јована Зајкова, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев,Теодора Ставревска, Ивана Коцевска

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Малолетник се превртел со автомобил во Струга

Вчера околу 22.40 часот на локалниот пат село Ливада- село Корошишта во Струга, Б.С.(17) од село Теферич, струшко, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал  од коловозот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Б.С. и сопатникот Б.П.(33) од село Биџово, струшко.Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“-Охрид.Увид на место извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

2

Нападнат надзорник во Идризово

Надзорник од Казнено-поправната установа Идризово вчера бил нападнат од осуденик додека вршел служба во амбулантното одделение.Надзорникот Ѓ.Д. (33) бил физички нападнат од осуденикот С.А.(33). На Ѓ.Д. му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Како што информира денеска МВР, случајот во полиција бил пријавен вчера во 13.40 часот. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

a1

Лазаревски: Упадот во “А1” телевизија беше клучниот момент кога решивме со Костовски да ја откриеме аферата со прислушувањето

Упадот во “А1″телевизија беше клучниот момент кога заедно со Звонко Костовски одлучивме да обезбедиме докази за масовното нелегално прислушување, бидејќи тоа беше настан кога беше јасно дека власта е веќе без контрола. Ова на денешното судење за “Таргет и Тврдина” го изјави сведокот Ѓорѓи Лазаревски кој заедно со колегата Костовски ја открија аферата со прослушувањето.-И Звонко и јас сметавме дека треба  нешто да се стори за да се спречи злоупотребата на системот за прислушување кој треба да служи за безбедност. Клучен момент беше кога со полиција се направи упад во “А1” телевизија, со што беше јасно дека власта веќе е без ко трола. Тоа беше преломниот момент дека сакаме да го направиме тоа, појасни Лзаревски.Во меѓувреме тој се сретнал со Зоран Верушевски и кога му открил што се случува, Верушевски му рекол дека треба да се зачуваат прислушувани материјали и да се анализираат.Првите прислушувани материјали ги ископирале кон крајот на 2010 година, кои веднаш му ги предавале на Верушевски.Тој појасни дека најпрвин ги ваделе разговорите на опозицијата, но кога сфатиле дека се прислушуваат и владини функционери ги ваделе и нивните разговори, особено разговорите на министрите на Гордана Јанкулоска и на Миле Јанакиески.

Македонија | пред 7 години

257314-0.Basic-Pivara

Труење во „Скопска Пивара“, пет лица завршиле на инфективна

Петтмина се затруле откако јаделе во мензата во скопска Пивара и завршиле на Клиниката за инфективни болести, од кои двајца се хоспитализирани, додека тројца се третираат амбулантски, дознава „Фокус“.Според информациите на порталот, на терен се излезени инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје и од Агенцијата за храна и ветеринарство. Случајот е пријавен по дојава од Центар за јавно здравје.„Фокус“ ги контактираше и од Скопска пивара, од каде што тврдат дека не се запознаени со ваквите случувања.

Скопје | пред 7 години

Gruevski-i-Mickoski-na-16-kongres-na-VMRO-4-bg_resize

Груевски прати жалба-Советот одлучува дали на 8 ноември оди во затвор

Адвокатите на Никола Груевски ја искористија и последната можност за жалба пред 8 ноември кога Груевски треба да замине на издржување на казната затвор од две години за случајот „Тенк“.Од адвокатскиот тим на Груевски за НОВА потврдија дека вчера попладне доставиле жалба до Кривичниот совет откако претходно беше одбиена молбата со која бараа да се одложи издржувањето на казната затвор. Со ова, тие го искористија законскиот рок од три дена што го имаа да се жалат до Кривичниот совет. Решението на судијата дека му се одбива молбата беше доставено до адвокатите во петокот, кога беше и донесено, и од тогаш течеше тридневниот рок за жалба.За жалбата до Кривичен Никола Груевски лично се обратил до претседателот на Собранието Талат Џафери од кого побарал потврда дека тој е член на собраниската Комисија за уставни прашања. Спикерот Џафери денеска рече дека одговорил на барањето на Груевски и до пратеникот, како што велат собраниски извори, била испратена фотокопија од „Службен весник“ дека е член на таа собраниска комисија, со потпис од претседателот на Собранието.Адвокатите на Груевски бараат извршувањето на казната затвор да се одложи поради неодложни пратенички обврски на Груевски во Собранието каде утре ќе започне расправата по нацрт амандманите во уставната комисија во која тој е член. Истите причини беа наведени и кога адвокатите поднесоа молба до судија за извршување санкции, кој го одби со образложение дека „Собранието одлучува со 61 пратеник“ и дека присуството на Груевски не е неопходно.Според упатниот акт, Груевски треба до 8 ноември (четврток) да се јави во истражниот затвор Шутка на издржување на казната.

пред 7 години

trcat

ОХРИД ТРЧАТ, со низа успешни реализации годинава

Со доделување на  признанија на партнерите и поддржувачите (приватен сектор, институции, волонтери, физички лица,јавни служби и медиумите ) на завршната вечер за 2018 година, која се одржа во големата сала на Општина Охрид, Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ им се заблагодари на сите за искрената поддршка во реализацијата на спортските настани Охрид трчаТ 2018 и Балканското триатлон првенство кое се реализира во партнертсво со Триатлон федерацијата на Македонија.На свечената церомонија организаторите го промовираа извештајот за партнерите на Охрид трчаТ, исто така прикажани беа три видеа од кои две за Охрид трчаТ и едно за Балканското триатлон првенство, беа доделени плакети и благодарници за сите  кои беа дел од поддршката на спортските настани и секако на крај се одржа и скромен коктел на кој партнерите и асоцијацијата во неформални разговори разменија многу размислувања и сугестии за иднината на настаните кои се во организација или коорганизација на самата асоцијација.Асоцијацијата посебно изрази голема благодарност до сите чинители во настанот Охрид трчаТ и најави неколку новитите и изненадувања за третото издание на спортскиот настан број еден во Охрид кој ќе се одржи на 2 јуни следната година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ФИНАНСИСКАТА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД БЕШЕ ПРИОРИТЕТ ВО ЕДНОГОДИШНАТА РАБОТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Финансиската консолидација на општина Охрид во изминатиот едногодишен период беше тема на денешната прес- конференција на градоначалникот Јован Стојаноски. Со доаѓањето на новата Локална самоуправа, пред една година, како што рече градоначалникот Стојаноски, започнаа нови процеси за менаџирање и управување со ресурсите и примена на нови механизами за консолидација на финансиската состојба на општина Охрид и подмирување на долговите .Согласно  неколкуте спроведени анализи и  утврдување на  начините за подмирување на старите обврски, со состојба на 30.11.2017 година вкупниот  долг на Општина Охрид изнесувал 1.573.036.905,оо денари. Со состојба на 30.09.2018 година, долгот изнесувал 1.472.122.329,оо денари, односно е намален за  100.914.576,оо денари. Преку склучување спогодби и регулирање на односите со доверители Општината има остварено заштеда од 17.572.707,оо денари.  Со систематски и аналитичен пристап почнавме и се надевам дека во првиот квартал на 2019 година целосно ќе го исплатиме долгот и ќе ја одблокираме сметката на ОУ „ Григор Прличев“ . Вкупниот долг на училиштето кон 21 коминтент изнесуваше 37.733.670,оо денари. Склучени се спогодби со  14 коминтенти и исплатени се  22.413.581,оо денари, при што со отпишување камати заштедени се 8.585.268,оо денари. Треба да се издвои и решавањето на проблемот со долгот кон вработените во Територијалната противпожарна единица. Потпишани се спогодби и на вработените им се исплатени 7.166.681,оо денари. За потенцирање е и процесот на консолидација на финансиската состојба во јавните претпријатија. Врз основа на анализите, направени се договори со доверителите, исплатени се заостанатите плати и придонеси и сега на вработените  редовно им се исплаќаат платите - рече градоначалникот Стојаноски .На средбата со новинарите градоначалникот Стојаноски потенцира дека Општина Охрид не може сама да ги расчисти старите долгови за да има стабилна финансиска состојба која во иднина ќе овозможи стабилен развој.Одлуката на Владата на Република Македонија за доделување на неповратни средства, со кои ќе се покријат 51% од пријавените обврски на општините, средства кои се предвидени со ребалансот на буџетот, е само круна на досегашните разговори и цел еден процес за финансиско консолидирање на општина Охрид.Локалната самоуправа,  цврсто е определена за планско, транспарентно и отчетно трошење на народните пари со реализирање на развојни проекти во сите сегменти на животот на граѓаните.Со исплаќањето на дел од старите долгови ќе се овозможи нов развоен циклус на општина Охрид, ќе има повеќе средства за развојни, а посебно на инфраструктурни  проекти - рече на денешната прес конференција градоначалникот Јован Стојаноски.Исплаќањето на долгот кон доверителите, според градоначалникот Стојаноски, кај нив  ќе отвори нови развојни проекти и раст на локалната економија.

Македонија | пред 7 години

soobr1

Еден загинат и пет повредени во сообраќајка меѓу автобус и автомобил кај Струга

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 5 и 45 часот на патот Подмолје-Струга, кај селото Мислешево.Според информациите на охридската полиција, во несреќата учествувале автобус со охридски таблички и автомобил со струшки регистарски ознаки.„На крстосницата кај селото Мислешево случена е сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот, а пет други имаат телесни повредени. Сообраќајната незгода се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот“, велат од СВР-Охрид.Од таму додаваат дека се преземаат мерки за идентификација на починатиот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Трамп најверојанто нема да има средба со Путин во Париз оваа недела

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека најверојатно нема да има средба со рускиот претседател Владимир Путин во Париз оваа недела за време на одбележување на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.– Не сум сигурен дека ќе се сретнеме во Париз. Веројатно нема – изјави Трамп.Тој прецизира дека ќе има средба со Путин на форумот на лидери на Г-20 во Аргентина во крајот на ноември.Трамп најави и номинација на нов американски претставник во ОН до крајот на неделата.

Свет | пред 7 години

arabija

Саудиска Арабија гради прв нуклеарен реактор

Саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман покрена денеска проект за изградба на првиот нуклеарен истражувачки реактор.Принцот денеска најави седум стратешки проекти на полето на обновлива енергија, атомска енергија, десалинација, генетска медицина и авионска индустрија.Мохамед бин Салман проектите ги лансира со посетата на Истражувачкиот центар за наука и технологија Крал Абдулазиз во Ријад.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајден сомнителен пакет на аеродромот во Лондон

Лондонскиот аеродром „Хитро“ вчера беше привремено затворен поради „сомнителен пакет“ кој бил забележан на еден од терминалите.Според првичните информации, на Терминалот 4 е забележан сомнителен пакет при што терминалот бил затворен, а сите летови биле одложени.Портпаролот на аеродромот потврди дека е пронајдена торба, но подоцна бил пронајден и нејзиниот сопственик.„Нашиот тим пронајде оставена торба на Терминалот 4. За первенција го затворивме тој дел од аеродромот, но сега сопственикот е идентификуван и проблемот е решен. Се е повторно вратено во нормала. Им се извинуваме на сите патници за непријатноста“, изјави тој.Терминалот 4 е вториот најголем терминал на овој најголем аеродром во Британија. Минатата година низ него поминале 9,5 милиони патници на 48.137 летови.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Воени претставници на 29-те земји членки на НАТО во прва посета на АРМ

Високи воени претставници на 29 – те земји членки на Воениот комитет на НАТО, предводени од заменик претседавачот генерал-потполковник Стивен Шепро, денеска и утре првпат ќе престојуваат во посета на Армијата на Република Македонија.За време на посетата, од страна на  домаќинот началникот на ГШ на АРМ генерал-мајот Васко Ѓурчиновски, а по покана од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претставниците на Воениот комитет на НАТО, ќе бидат запознати со постигнувањата, подготвеноста и идните планови на Република Македонија – АРМ за полноправно членство во Алијансата.Во касарната „Илинден“ во Скопје планирана е и вежба за демонстрација на оперативните способности опремата и техниката на дел од декларираните единици од Здружената оперативна команда.Воениот комитет е највисоко воено консултативно тело на НАТО, формирано неколку месеци по формирањето на Алијансата, а го сочинуваат началниците на Генералштабовите на Армите на земјите – членки на НАТО. Воениот комитет на ниво на началници се состанува три пати годишно, додека воените претставници на НАТО земјите најмалку еднаш седмично. Има три функции и тоа советодавна за Северноатлантскиот совет, потоа конекција односно даваат политика и стратегија на двете стратегиски команди на НАТО, а тоа се командите на НАТО за трансформација и за операции. Третата функција, пак, е преведување на дипломатскиот јазик, односно насоките од Северноатлантскиот совет од политиката на воен јазик.

Македонија | пред 7 години

gruevski-1

Груевски може и да не мора да оди во затвор на 8 ноември

Осудениот експремиер Никола Груевски може да го пролонгира одењето во затвор откако денеска ја прими одлуката на судијата за извршување санкции дека му се одбива жалбата на упатниот акт да се јави во Шутка до 8 ноември, брифираат судски извори. Тој има право во рок од три дена да се жали до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, кој и во случај да ја одбие жалбата, повторно одредува датум кога осудениот треба да оди во затвор.Пролонгирањето е извесно, бидејќи Груевски не мора да ја поднесе жалбата денес туку на истекот на рокот во среда по препорачана пошта, како што тоа го стори претходно.„Но, без оглед кога ќе ја поднесе жалбата до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, сепак крајниот збор кога тој ќе треба да се јави во затворот во Шутка и во случај да му биде одбиена жалбата ќе го има Кривичниот совет. Во конечната одлука, во случај кога се одбива жалбата, Кривичниот совет одредува датум кога всушност осуденото лице треба да се појави на одредена затворска капија“, појаснуваат судски извори, повикувајќи се на законските одредби.Во петокот, судот соопшти дека е одбиено барањето на Груевски, осуден на две години затвор за незаконската набавка на мерцедесот со пари на МВР, да му се одложи спроведувањето на упатниот акт, според кој треба да се појави на 8 ноември во затворот во Шутка.

Македонија | пред 7 години

rama

За албанските демократи Леши е најнесоодветна личност,Рама ќе го контролира МВР

Најголемата албанска опизициска сила,Демократската партија,реагираше во врска со одлуката на премиерот Еди Рама, заменик  министер за внатрешни работи да биде на Сандер Леши,но со „надлежности на министер“.Во партиското соопштение се оценува дека Леши е најнесоодветна личност да раководи со овој значаен сектор,  а на премиерот Рама од голема важност му е да го контролира Министертвото за внатрешни работи-Бидејќи,де факто ќе биде министер за внатрешни работи,Еди Рама ќе има многу повеќе средства да ги заштитува Олси Рама(брат на премиерот), Вангѓуш Дако, Таулант Бала, Дамиан Ѓикнури, Арбен Ахмета и секој член на неговата банда на власт.наименувањето на најнесоодветната личност да го раководи Министерството за внатрешни работи потврдува дека Еди Рам не го интересира борбата против организираниот криминал,туку негова заштита по секоја цена,-стои меѓу другото во партиското соопштение.Опозицијата обвинува дека ни една личност што до сега Рама ја поставил на чело на ова министертво не се борела против органиизраниот криминал туку соработувала и го заштитувала со директна наредба на Рама.-Еди Рама не може да се бори против Еди рама,затоа му е потребна кукла како Сандер Леши,со цел за да се заштити себе си и да ја гарантира недопирливоста на криминалот,-обвинија демократите.Инаку,откако албанскиот претседател Илир Мета не се согласи нов министер за внатрешни работи да биде Сандер Леши, премиерот Рама одлучи да го наименува за заменик министер во ова министертво,за што одлука треба да донесе владата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања