Скопје1.мк

Нема фотографија

Повреден малолетник во сообраќајка во Скопје

Вчера околу 18.30 часот на улица „Александар Урдаревски“ во Скопје, Л.А.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „Форд Галакси“ со германска национална ознака, изгубил контрола над возилото, излетал надвор од коловозот и се превртел.Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. По укажаната помош тој бил задржан на понатамошно лекување.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Бредли Купер и Лејди Гага со љубовната приказна „Ѕвездата е родена“ во кино „Милениум“

Режисерското деби на актерот Бредли Купер, филмот „Ѕвездата е родена“, во кој главната улога ја толкува Лејди Гага се прикажува во 20 часот во кино „Милениум“. Покрај ова остварување за кое веќе се прогнозира дека ќе биде номиниранo за Оскар, на репертоарот се и хоророт „Ноќта на вештерките“, француската драма „Привидение“ и крими-филмот „Лоши времиња во Ел Ројал“. Додека само за викендите ќе може да се погледнат и цртаните „Луис и вонземјаните“ и „Смолфут“.„Ѕвездата е родена“ е авторско дело на Бредли Купер. Тој го пишува сценариото, го режира остварувањето и во него игра. Филмот е направен според класичната приказна од 1937 година за трагичната љубов меѓу искусен музичар на залезот на кариерата и млада пејачка во подем. Филмот изобилува со оригинална музика, која ја напишал Купер, а сите песни во филмот се снимени во живо. Единаесетата хорор-приказна од франшизата „Ноќта на вештерките“ се прикажува во 22.30 часот, а главната улога повторно ја толкува Џејми Ли Кертис. Режисерот Дејвид Гордон Грин, на големото платно ја носи кулминацијата на приказната за Мајкл Маерс. Игнорирајќи го континуитетот на претходните продолженија, сега дејството е сместено 40 години откако Строд (Џејми Ли Кертис) на Ноќта на вештерките го избегна смртоносниот напад на човекот под бела маска.Француската драма „Привидение“ игра во работните денови во 15 часот. Жак е новинар во престижен регионален весник во Франција. Неговото реноме како непристрасен истражувач го привлекува вниманието на Ватикан, од каде е повикан да оформи комитет за истражување на светата појава во едно село. Кога ќе стигне, ја запознава младата новинарка Ана, која вели дека е сведок на појавувањето на Богородица.  Во филмот „Лоши времиња во Ел Ројал“ главните улоги ги толкуваат Џеф Бриџис, Џон Хем и Дакота Џонсон, а се прикажува во 17.30 часот. Дејството е сместено во хотелот Ел Ројал, во кој отседнуваат седум странци со мистериозни тајни. Во текот на една судбоносна ноќ, сите ќе имаат последна можност да се искупат, пред сѐ да отиде по ѓаволите.За најмладите, викендот е одлична шанса да го погледна анимираниот филм „Луис и вонземјаните" кој се прикажува во 11 часот, а филмот зборува за едно 11-годишно момче кое се спријателува со три мали вонземјани чие НЛО се урива врз неговата куќа. Цртаниот „Смолфут“ каде гласовите ги позајмуваат Џејмс Корден и Ченинг Тејтум, на репертоарот e во 13.30 часот во сабота и недела. Станува збор за Јети кој е уверен дека суштествата наречени „луѓе“ навистина постојат.

Магазин | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: На дело се потврди изолацијата во која се наоѓа антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ,

„Христијан Мицкоски секојдневно го потврдува она што на граѓаните одамна им беше јасно: дека тој не е ништо повеќе од антимакедонски и антизападен пион во рацете на носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски. Мицкоски, Груевски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ тонат во изолација која се потврдува на дело“, велат од СДСМ.Оттаму додаваат дека на синоќешниот настан организиран од антизападниот Мицкоски не присуствуваше ниту еден претставник на дипломатскиот кор. Високи претставници од демократскиот свет кои доаѓаат во посета на земјава го заобиколуваат Мицкоски.„Антимакедонскиот носител на криминалот и режимот, Груевски, заедно со неговиот антизападен пион Мицкоски се поразени од граѓаните, поразени од мнозинството пратеници во Собранието, од сопствената партија. Македонија ги порази погубните политики на Микцоски и Груевски и се обедини околу стратешките интереси и иднина во ЕУ и НАТО. Македонија и нејзините граѓани тргнааа кон иднина и  интеграција во ЕУ и НАТО, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски, останува заглавено во изолација“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: 7 пратеници од партијата ја свиткаа кичмата

„7 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ силно потпомогнати од структури кои се ставија на располагање на власта, следејќи го својот личен интерес, одејќи против ставот на партијата, против членството и најважно против волјата на народот ја свиткаа кичмата и гласаа за промена на името. На Република Македонија и се случи Црн Петок. Сите бевме сведоци на предаството кое овие пратеници и го направија на својата татковина. Да издржеа и да беа доследни во она што со месеци и го говореа на јавноста еднаш засекогаш ќе ја ослободевме државата од коалицијата на Заев и Шекеринска, и Вице и Анѓушев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ било и секогаш ќе биде најверниот сојузник на народот. ВМРО-ДПМНЕ без народот не може.„Време е за подршка и обединување на сите оние кои си ја сакаат својата татковина. Време е да се окрупниме, силите да се збијат, заеднички, силно за на тој начин да се издвојува победата врз сите оние кои не и мислат добро на Македонија. Република Македонија ќе се европеизира. Република Македонија ќе го добие заслуженото место рамо до рамо со модерните европски држави со зачувано достоинство“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

aleksandar-urdarevski

Изградба на нова атмосферска каналзација во Бутел

Општина Бутел и Град Скопје од среда ќе почнат со изградба на атмосферска канализација на улицата ,,Александар Урдаревски,, на потегот од кружниот тек до улицата ,,Бутелска,,. Но, работите ќе се одвиваат во две фази.Како што информираат од Општина Бутел првата фаза ќе ја опфати делницата од кружниот тек до семафорите а работите ќе траат 1 месец.Општината ги информира граѓаните дека ќе биде променет режимот на сообраќај. Во наредните 30 денови тој ќе се одвива по улицата ,,Хо Ши Мин,,  преку улицата ,,Цетинска,, или пак преку новата делница на  булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош,, и улицата ,,Натанаил Кучевишки.За граѓаните што гравитираат кон Градските гробишта и Општината Чучер Сандево, сообраќајот ќе се одвива преку улицата ,,Боца Иванова,, до кружниот тек и обратно, информираат од Бутел.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Елизабета Канческа: Сѐ ќе излезе на виделина!

Ако некој мисли дека ќе се скрие зад некого или нешто, се излажал - сѐ ќе си дојде на виделина, вели пратеничката Елизабета Канчевска-Милевска, која пред четири дена беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕНејзиното гласање „за“ пристапување кон уставни измени го предизвика гневот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Исклучена е од партијата заедно со шест нејзини колеги кои гласаа идентично. Во владите на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска зад себе го има најдолгиот министерски стаж во ресорот култура - од јули 2008 до јуни 2017 година, а пред себе, како што вели - одговорноста за вклучување во амандманска расправа поврзана со прашањето кое ја попречува евроатланската перспектива на Македонија. На свеченото одбележување на вчерашниот Ден на македонската револуционерна борба, партискиот лидер Мицкоски на вмровската пратеничка седумка и упати лична порака: „Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на Заев, со секое кревање рака нас срцето ни се кинеше... Вечно ќе патам за пропуштениот момент. Зошто ни ја одземавте можноста да го победиме Заев на избори, и тоа кога беше готов? Готов беше!“ДВ: Имавте ли какви било дилеми пред да го стиснете зеленото копче на 19-ти октомври?Канческа-Милевска: Не,  немав никакви дилеми. Имав јасно изграден став во однос на оваа точка на дневен ред во Собранието и во оваа фаза, а тоа е дека треба да се вклучиме во активна амандманска расправа. Дека треба да се дебатира во таа насока, да се вклучи пошироката јавност, да се вклучат експерти, професори по меѓународно и уставно право, ние пратениците, лидерите на политичките партии, и да се даде максимум се со цел да се подобри Договорот. Не гледам ништо лошо во однос на мојата одлука. Одлуката ја донесов без никаков притисок од ниедна страна, анализирајќи ја од многу аспекти целокупната состојба. И одговорно стојам зад мојата одлука. Сметам дека е неопходно да го направиме ова. Само на овој начин ќе видиме кој на каков начин и во минатото, и сега се залагал да го реши ова прашање кое ја попречува нашата евроатланска перспектива. Јас тоа сакам да го знам, но и јавноста и граѓаните заслужуваат тоа да го слушнат. Тоа им го должиме на граѓаните. Во нашата пратеничка група имаме пратеници кои активно биле вклучени во преговарачки процеси за решавање на ова прашање, на највисоко политичко ниво, но и во сегашното раководството на партијата. Тоа не треба да го заборавиме! А во јавноста во изминатиов период  се креираше лажна перцепција дека во Собранието веднаш ќе се гласа за промена на името на државата и поддршка на Договорот. Тоа не е така, и се потврди дека не е така. Зошто се бега од дебата, тоа е некоја мистерија за мене.ДВ: Како изгледаше вашиот ,,ден потоа“?Искрено ќе ви кажам. Добив огромна поддршка и многу позитивни пораки. Можеби некој мислел и поинаку и не смогнал сила во тој момент да ми пише од какви било причини, а верувам дека и кај многу луѓе имало зачуденост од оваа моја одлука. Но, секој што подобро ме познава како личност, знае дека никогаш, ама никогаш нема да донесам избрзана одлука, дека таа одлука сум ја донела врз сеопфатна анализа и дека истата ќе ја бранам одговорно.ДВ: Тогаш, зошто таква изненаденост кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од вашето гласање, кога вие и од собраниската говорница јасно се заложивте пратениците да учествуваат во собраниската дебата?Навистина не знам. Доколку секој кој го следел моето обраќање во Собранието, каде искрено се потрудив да дадам сеопфатна анализа на цлокупната состојба со еден критички осврт, секој можел да заклучи дека имам јасен став, а тоа е дека треба да отвориме дебата. И нема ништо лошо во тоа. А, треба да се запрашаме зошто некој не сака дебата и бега од тоа? И од кои причини? Јас за овие мои ставови и размислувања сум разговарала и со мои колеги пратеници, и со многу други личности и високи функционери од мојата партија. Со претседателот Христијан Мицкоски, исто така, во многу наврати  сум разговарала во оваа насока, и сум повикувала на неопходност од сериозност за ова прашање, од анализа на целокупната состојба и неопходност од дебата - и во нашата партија, и во пратеничката група. И сум изненадена и зачудена зошто се бега од тоа и сето тоа не се прифаќа.ДВ: Вашата, и одлуката на дел на колегите, Мицкоски ја стави во директна зависност со обвиненија од ЈО или СЈО. Партијата обвини и за обиди за поткуп со високи суми , кои власта ги демантираше, а тоа го демантираа и вашите колеги кои не гласаа во петокот. Со што од ова можете да се носите, со што не?Со сѐ можам да се носам, бидејќи сите тие обвинувања не се точни и во целост ги отфрлам. И во таа насока, сакам да ги повикам сите оние кои имаат каков било сомнеж или информации за мене лично, да ги пријаваат до надлежните институции. Не можам да разберам како може да не се почитува некој кој има свое мислење, па и да е различно од другиот. Почитувам критика, бидејќи само на тој начин можеме да бидеме искрени пред самите себе и пред граѓаните. Мојот влог во партијата е огромен, и како активен член, и како поранешен функционер - министер за култура.ДВ: Се уште не легна правот од исклучувањето на вашaтa пратеничка седумка, а следуваа уште две исклучувања и две разрешувања. Како го доживувате тој чин?Сметам дека одлуката е непринципиелна, избрзана, повторно без да се слушне ставот на другиот, и без да се даде образложение за таа одлука. На секого треба да му биде јасно дека на оној што во срце и душа ја носи идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе потенцирам - и како семејна традиција, никој не може тоа да му го забрани и да му го одземе. Идеологијата е многу посилна од какви било исклучувања и неиздржани одлуки.ДВ: Има ли кадровски капитал во ВМРО-ДПМНЕ, некое јадро кое навистина може да иницира демократски реформи во партијата?ВМРО-ДПМНЕ е партија со огромен потенцијал. Тоа се потврдило и во минатото и во сегашноста, а убедена сум дека и во иднина така ќе биде. Има потенцијал, и кадровски и морален и вредносен. Треба да имаме почит кон секој наш член, симпатизер и кон секој што и мисли добро на нашата партија и се согласува со основните принципи и постулати врз кои таа се заснова. ВМРО-ДПМНЕ е партија која некој ја создал, ја градел ја негувал и никој, буквално никој, не може да си зема право да ги отфрла сите оние кои имаат каков било став поразличен од некој друг. Напротив, треба секој став да се почитува, па макар и да е празличен од оној кој навистина нема став, или се двоуми од било какви лични интереси да го презентира јавно и истиот да го брани. Се ќе си дојде на виделина. Ако некој мисли дека ќе се скрие зад некого или нешто друго, се излажал. Историјата некој ја пишувал, но и ние сме тие кои со нашите постапки ја пишуваме историјата за идните генерации.DW.COM

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја делови на Кисела Вода, Студеничани, Карпош, Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров

ЕВН Македонија информира дека поради технички зафати денеска без електричен напон ќе ги остави следниве потрошувачи:од 13,00 – 15,00 часот ул. 1439 во нас, Пинтија (о. Кисела Вода);од 09,00 – 15,00 часот с. Батинци улици 4, 6 и 7 и дел од с. Моране (о. Студеничани);од 08,30 – 12,00 часот ул. Малешевска во Драчево (о. К. Вода);од 08,30 – 12,30 часот делови од улиците Владимир Каваев, Кленоец и Клепа (о. Карпош);од 08,30 – 12,30 часот ул. Мите Богоевски – подулица 2 (о. Аеродром;од 09,00 – 13,00 часот с. Радишани, м.в. Саздов Рид, Пат за Љубанци (објекти спроти игралиштето) (о. Бутел) иод 09,00 – 14,00 часот ул. Радушка (о. Ѓорче Петров).

Скопје | пред 7 години

vino

Почнува фестивалот на виното во Скопје

На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер ќе почне „Skopje Wine Expo“ на кој посетителите ќе имаат можност да пробаат врвни црвени, бели и розе вина и да уживаат во богатата музичка програма што ја подготви Град Скопје.Фестивалот на виното ќе трае до сабота, а како музички гости најавени се Кристина Арнаудова, Игор Џамбазов, Дани Димитровска, Дуке Бојаџиев и групата „Фрајле“ од Нови Сад.-На годинашниов „Skopje Wine Expo“, љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат за се што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетните вина и вкусните специјалитети како прилог со виното, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Скопје под магла, загаденост нема?

Утрово Скопје е под магла, а пак, мерните станици не покажуваат загаденост на воздухот. Со ова се отвора прашањето дали институциите ја кријат евентуалната загаденост на воздухот?Не треба да сте генијалци за да знаете дека загадениот воздух бавно ве труе и нанесува штети на вашето здравје. Кога тој е полн со ПМ 10 честички, секое вдишување воздух е вдишување мала доза отров која не ве убива веднаш, но на долг рок ќе ви нанесе многу штета.Зошто се ПМ 10 честичките толку лоши?Со самото дишење на ПМ 10 честичките, кои во неколку наши градови ги има и по пет пати над дозволените количини, сте сè поблиску до некоја од следниве последици:Прерана смртСмрт како последица на дишење воздух со премногу честичкиПроблеми со дишењетоАстмаСилно кашлањеБолки при дишењетоХроничен бронхитисНамалена функција на белите дробовиПроблем да се земе здивЗголемување на ризикот од срцев ударЗголемување на ризикот од заболување од ракЗголемување на ризикот од аномалии кај новороденчињатаШто се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух?Кој е изложен на најголем ризик?Фактот што смртноста е многу поголема во загадените подрачја кажува дека сите се изложени на ризик, но најчувствителни на него се децата, постарите лица и лицата кои веќе имаат срцеви или респираторни болести.

Скопје | пред 7 години

istorija

Кратка историја по идеализам: Има Крсто и Крсто!

Режисерот Јани Бојаџи го честита вчерашниот празник со паралела меѓу некогашните членови на организацијата и сегашните членови на партијата ВМРО.Не случајно Бојаџи прави паралела меѓу Крсто Арсенов и неговиот имењак Крсто (Мукоски).„По повод денот, еве една кратка историја по идеализам, посветеност и чесност! Војводата на ТМРО Крсто Асенов, инаку бугарин по род, после завршувањето на аферата Мис Стон, му се паднала тешката задача парите земени од откупот сам да треба на мазга да ги пренесе од Македонија во Бугарија, поточно во Софија. Да не забораваме, тогаш тоа била најобезбедуваната граница на Отоманската империја. И така, војводата Крсто Асенов, само тој знаел како, жив и здрав, со се парите во денешна вредност од околу 1 милион долари, по една недела стасал во Софија и ги разделил според списокот што му бил даден од организацијата. Откако завршил се, вечерта отишол кај сестра му да преспие. Сабајлето, станал рано, земал од зетот 10 лева на заем, си купил билет за воз и си отишол дома! И покрај тоа што кај себе си со денови имал купишта турски и американски златници, не посегнал по ниту еден! Ете, тоа е! Што знаеме ние денес за него? Ништо. Каде му е споменикот? Никаде. А тој човек и неговото дело треба да се изучуваат во детските градинки како пример за морал и етика! Значи, да резимираме: има Крсто и Крсто! За многу години празникот!“

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Одбележани 75 гoдини од востанието во логорот на смртта Собибор

На 16 и 17 октомври 2018 година во Скопје се одржаа настани, посветени на 75. годишнината од востанието во логорот на смртта Собибор.На 16 октомври во Меморијалниот центар на Холокаустот на евреите од Македонија, беше отворена тематска изложба. На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, граѓани, претставници на различни институции, бизнис и општествени кругови и претставници на руската дијаспора. Пред присутните се обратија амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и генералниот ди⁠ректор на Фондот на Холокаустот на евреите од Македонија, Горан Садикарио. На крајот од настанот пред присутните настапи М.Богоевски, ученик од основното училиште „Диитар Миладинов“, со рецитирање на стихотворбата „Бухенвалдскиот аларм“ на руски и македонски јазик и вокалниот ансамбл на руските сонародници „Чајка“, кој исполни делови од советски песни од воените години.Следниот ден во Меморијалниот центар со поддршка на Кинотеката на Македонија, беше одржана проекција на филмот „Собибор“ од рускиот режисер К.Хабенски. Пред почетокот на проекцијата беа пуштени во воздух сто балони, во сеќавање на жртвите на нацистичкиот терор.Mероприятия посвящённые 75-летию восстания в лагере смерти Собибор

Скопје | пред 7 години

titanik-1

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на СЈО за изборните нерегуларности.На претходото рочиште на 18 октомври беа преслушани околу 90 „бомби“. Во „Титаник“ се предложени повеќе од 1.000 аудиоснимки во листата на материјални докази од СЈО, од кои на досега се преслушани повеќе од 600.Најголем дел од „бомбите“ на претходното рочиште беа од 24 март 2013 година, за локалните избори, од кои се слуша како Миле Јанакиески се јавува по луѓе, за да се информира како оди излезноста и дали се јавуваат и работат за излезност на гласачите.Од разговорите можеше да се чуе како Миле по план и саат се јавува по луѓе и им кажува кога „да притиснат повеќе, да се работи во кол-центрите, кога „да истурат повеќе луѓе каде се послаби, па дури и да се јавуваат по фирмичиња со кои имале соработка“, а кога пак „да престанат со јавување и сите луѓе да ги изнесат да одат од врата на врата“.Освен со претседатели на месни комитети и пониски членови од партијата, Миле Јанакиевски разговара и со поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистрите Гордана Јанкуловска, Никола Тодоров и Антонио Милишоски, но и со Амди Бајрам и Драган Павловиќ-Латас.Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Продолжение на три собраниски седници

   Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржат продолженијата на три седници на 60., 50 и на 45-та седница. На дневниот ред на продолжението на 60-та седница е Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумското изјаснување на 30 септември 2018 година, како и дополнетиот предлог на закон за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, радиодифузна такас, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во второ читање.На продолжението на 50-та собраниска седница меѓу поголемиот број барања за автентични толкувања се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање и Предлог за именување на членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.Пратениците на продолжението на 45-та седница се очекува да расправаат за Предлог закон за дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, во прво читање.На дневниот ред на продолжението на 60 – та седница се и Предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за судска служба, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за супервизија на осигурувањето и на Законот за финансиската полиција, сите во второ читање.Како што е најавено, пратениците треба да дискутираат и по Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот ХЕ Бошков мост кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и АД ЕЛЕМ и за Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип, сите во второ читање.Најавена е и расправа по Предлог закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, по скратена постапка.

Македонија | пред 7 години

44602327_10217257941460505_8841165263710715904_o

Зошто Елизабета Канчевска Милеска никогаш не може да биде херој?

Затоа што таа не е, а и никогаш нема да биде Калеш Анѓа, Доста Рожденката, стасита, пркосна, отпорна.Дали воопшто знаеш за што зборувам, госпоџо екс министерке?Нема никогаш да биде македонска мајка која, голорака и во солзи, одгледала седум, осум деца кои потоа пораснале и изгинале за Македонија во некоја темна, пуста планина. Мајки, кои, двоеле од уста за тие да имаат и да не легнат гладни. И ден-денеска.Кога ти Елизабето ,,Велика", додека се шеташе со ,,Прада" чантата и други ебени модни тракатанци од илјадници евра, одвои нешто за оние сироти деца кои отпатуваа на друг свет, додека ти располагаше со буџети од милиони евра и се сликаше по црвени теписи ?Дали некогаш за 9 години министерување гукна нешто против сите неправди кои ги приреди Владата која те пееше на сите телевизиски канали и те поеше ?Дали во овие година и пол гукна нешто против Владата на Заев, која е у го*на до гуша од афери ?Ти никогаш нема да бидеш никаков херој. Ти го уништи мојот град и донесе неонки кои трепкаат и од кои болат очите, се затвораат сами и човек не може да гледа јасно. Донесе лош здив, мирис на очај и хамбургер естетика. Уништи неповратно безброј спомени и ги фрли во Вардар. Твоите зданија се бетон кој ќе го изеде времето. И мувлата и влагата од реката.Твоето име ќе остане единствено запишано на документите од тендерите за кои сега ти се суди.Ти си Елизабето- се`, само не херој.Ти си ми мене поим за неизживеаност, ниска улична мода, инфантилност, глад за моќ, дисторзија.Каде стапнеш, трева не расте.Ти го подарувам за крај цитатот од Херман Геринг за време на Нирнбершкиот процес. Заменик канцеларот на Адолф Хитлер.,,Со глас или без глас, луѓето секогаш можат да бидат доведени во заблуда и подведени на желбите на лидерите. Тоа е лесно. Сè што треба да направите е да им кажете дека се нападнати, да ги осудат пацифистите поради недостаток на патриотизам и да ја изложат земјата на опасност. Таа работи на ист начин во било која земја“.Фејсбук статус на новинарката Јадранка Ивановска-Јоци

Коментари | пред 7 години

ferari

Не му дадоа да јаде во ресторан зашто изгледал како бездомник, па повторно се појавил во Ферари

 Корисник на Јутјуб направил интересен експеримент и прикажал како луѓето реагираат кога сте облечени како бездомник и што се случува кога ќе се појавите во скапоцен автомобил.Погледнете го видеото и споделете го со пријателите на Фејсбук. Ова е уште еден доказ за тоа во каков неправеден свет живееме.

Магазин | пред 7 години

putin-2

Путин бара нова средба со Трамп во Париз следниот месец

Рускиот претседател, Владимир Путин му рекол на советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон дека сака нова средба со Доналд Трамп во Париз следниот месец, пренесе „Ројтерс“.Путин и Трамп, според очекувањата би требало да учествуваат во Париз на 11 ноември, на комеморација за крајот на Првата светска војна.Путин навестил дека двајцата би можеле да се сретнат на маргините на собирот, на што Болтон изразил надеж Трамп би сакал да се оствари средбата.

Свет | пред 7 години

kokain

Шпанската полиција заплени 1.400 килограми кокаин и уапси 10 лица

Одделот за борба против трговијата со дрога на шпанската полиција соопшти дека во заедничка операција со Службата за борба со наркотици на САД биле запленети 1.400 килограми кокаин.Операцијата била спроведена на брод во Атлантскиот Океан, на околу 1.800 километри од Канарските Острови. Во акцијата се уапсени десет лица, меѓу кои и еден Бугарин.Седум од уапсените биле турски државјани, еден Украинец и еден Грузиец.Според шпанската полиција, бродот пловел кон европско, можеби и шпанско пристаниште каде би го истоварил кокаинот по што дрогата би била дистрибуирана низ целиот континент.Шверцот со дрогата го организирала турска организирана криминална група. Оваа операција на шпанската полиција е трета против турски криминални групи.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Нова демократија повторно побара објавување на писмото со оставката на Коѕијас

Водечката грчка опозициска партија Нова демократија повторно порача дека писмото со оставката на поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас мора да биде објавено во јавноста, пренесе грчката новинска агенција „АНА“„Писмото мора да биде објавено. Доколку премиерот Ципрас се плаши, тогаш Коѕијас има обврска тоа да го направи“, пишува во соопштението.Претходно Панос Каменос, грчкиот министер за одбрана и лидер на десничарската партија Независни Грци, кој е малцински партнер во владата на Ципрас, порача дека не треба да се очекува пад на актуелната влада во Атина.Тој рече дека изборите во Грција ќе бидат одржани или во октомври или на крајот на четиригодишниот мандат на владата, или пак во мај следната година.Каменос нагласи дека до март, односно тогаш кога преспанскиот договор ќе се најде во грчкиот парламент, по ова прашање нема да се расправа со партнерот во владата.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Словенечкиот министер за надворешни работи, Миро Церар во посета на Македонија

На покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.„На средбата предвидено е да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес“ информираат од МНР.Двајцата министри ќе присуствуваат и на свечен настан по повод отворање на новите простории на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Драстична промена на времето попладне

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста проследено со слаби врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, локално со брзина и над 100 километри на час, што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата.Минималната темпертаура ќе се движи од 0 до 9, а максималната од 15 до 23 степени.Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува силен северозападен ветер. Преку ноќта ќе има слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде 5 , а дневната ќе се искачи до 21 степен. Во текот на утрешниот ден се уште ќе дува засилен северен ветер и ќе биде студено, но сончево. В петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.

Македонија | пред 7 години

milenkoEftov

(ФОТО) Коце Трајановски го депилираше Миленко

Македонија | пред 7 години

42C39EB3-2014-481F-A5AF-8D28EDEC8068_w1023_r1_s

(ФОТО ВЕСТ) Трамп со поддршка за Мијалков

Станува збор за шега, монтирана фотографија изработена од Милчо Велјановски. Се надеваме дека успеавме да ве насмееме.

Македонија | пред 7 години

44621717_318846838847258_7303373041084399616_n

Мицкоски бара закон за амнестија

„Ова парче земја раѓало херои. За да пишуваме Македонците гинеле. Оние кои денес сакаат да не оквалификуваат како антизападно ориентирани, нека погледнат во корените и нашата историја, дека додека повеќето барале царства, ВМРО барало република. ВМРО постоело и кога не постоела Македонија“, рече лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор по повод прославата која се оддржа во Македонскиот Народен Театар.Исто така тој додаде дека СДСМ не исполнија ништо што ветија и дека нема ниту една област каде што се живее подобро. За се што говореа и лажно се бореа, излезе се на површина, видовме дека го сменија уставот и идентитетот, велеа дека ќе бидат против полициското насилство, а видовме како полицијата тепа народ пред собранието.Мицкоски во својот говор се обрати и до пратениците кои гласаа во собранието за уставни измени.„Во мојот живот мојот татко ме учеше дека достоинството и угледот се остава на потомците. Таков сум како човек и како политичар и тешко ми е кога некој се коцка со тоа. И јас сум само човек кој некогаш го совладуваат чувствата. „Црниот петок“ беше еден од најтешките денови во мојот живот, не само затоа што се изгласаа уставните измени во парламентот, туку затоа што во тоа учествуваа 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Сакам денес да се обратам до оние кои не останаа на висината на задачата, не издржаа вашите плеќи иако тврдевте дека на вашите плеќи се држи Македонија. Попуштивте иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини. Колку и да се замислувате и самоубедувате дека не потклекнавте, дека сте биле оние со визија, ќе остане фактот дека со вашата крената рака само си ја свиткавте кичмата. Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на Заев, со секое кревање рака срцето ми се кинеше. Колку и да се трудите нема да можете да погледенте на народот во очи. Ме изневеривте, ја изневеривте партијата, ја изневеривте вашата татковина Република Македонија. Малку фалеше да издржите, Заев беше готов, вие само за малку му ја продолживте политичката кариера на Заев. Да издржевте ќе одевме на избори и ќе го победевме, нели сфативте дека беше готов. Ќе ги победевме коалицијата на Заев, Шекеринска, Вицето и Анѓушев и ќе добиевте фер судење. Обвинетите од 27 април ќе добиеа слобода и правдина. Вие не ми дадовте шанса да го победиме Заев, ме потценивте, затоа ќе ве победиме и тоа на купче сите заедно.“, порача Мицкоски.Исто така тој се обрати и до народот да не ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ бидејќи одговорноста има име и презиме. Побара од народот, но и од пратениците од редовите на СДСМ кои не се задоволни, да го кренат гласот и да се обединат во отпорот против Зоран Заев.„Вие одлучувате, имате две можности, една Македонија која тоне заедно со СДСМ, и Македонија која се развива со нова генерација заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Не дозволувајте да исчезне нешто што нашите предци со крв го создавале. Доаѓа подобро време, чекориме кон победата. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најсилниот сојузник на македонскиот народ, ние со нашата преродба и реформа завршивме, стануваме се посилни, имаме храброст и мудрост за да ги оствариме нашите цели. Колку и да се шират дезинформации, вистината е дека имаше притисоци врз пратеници и тоа од власта, дел од пратениците тоа лично го признаа“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски се обрати до Заев со зборовите „Ајде донесете закон за амнестија за сите учесници од 27 април за да има и неселективна правда и слобода за сите а не само за оние кои вас ви слугуваат“.„Тажната вистина е дека Македонија го допре дното со Зоран Заев, среќната е дека треба да одиме нагоре. Европеизацијата треба да почне од дома. Да го промениме системот по еворпски стандард, а НАТО и ЕУ се нашата цел“, додаде Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

BeFunky-collage

Осумте пратеници ќе станат дел од друго ВМРО? !

На пратениците исклучени од ВМРО ДПМНЕ ќе им бараат друг вмровски народен калапПратениците кои гласаа за договорот од Преспа сигурно ќе формираат своја пратеничка група, а како контраудар на ВМРО ДПМНЕ повисоки истанци и центри на моќ им подготвуваат и партиска рамка со вмровски народен предзнак - дознава „Скопје 1“ од свои добро упатени извори во центрите на моќта сконцентрирани околу власта.Како што брифираат нашите извори, како една од опциите кои се разгледуваат е трансферирање на пратениците во ВМРО Народна Партија со што малиот коалиционен партнер на власта ќе стане поголем, а пратениците ќе добијат партиски закрила кои ќе им овозможат да се презентираат во јавноста како т.н. „Европско ВМРО“.Разговори на оваа тема се водени со пратениците, а најалеку во разговорите отишол Љубен Арнаудов кој од денот на основањето на ВМРО ДПМНЕ , па се до пред три дена беше член на оваа партија и има контакти со членовите од тоа време кои се во други партии со предзнак ВМРО.Со овој чекор Заев го зголемува мнозинството со цел кога ќе се менува уставот, да неможат Албнските партии да условуваат со амандмани, бидејќи БЕЕСА веќе најави дека ако не им се прифатат амандманите нема да гласаат за уставни измени.ДОДЕКА ГИ ОБВИНУВААТ ЗА ПРЕДАВСТВО ТИЕ ПО ЦЕЛ ДЕН ГОСТУВААТ НА МЕДИУМИПратениците од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа „за“ се движат обезбедувани од полициска придружба и цело време даваат изјави за медиуми. Систематски се појавуваат пред камерите и повторуваат една иста теза: „ Дека тоа го направиле за доброто на сите, за единство, помирување и секако за Европска Македонија“, а поедини новинари упорно објаснуваат дека идеологијата на ВМРО е прозападна и про американска.Ваквото упорно гостување по телевизиите каде пристигнуваат обезбедувани од полициски возила може да се протолкува само како подготовка на теренот за новата пратеничка група на европски ориентирани вмровци.

Македонија | пред 7 години

44598584_330137354464812_3278966157628932096_n

Мицкоски до 8 пратеници: Зарем е чесно да имате исти говори како на СДСМ, на Бихачка ли ви ги пишуваат

На денешната прослава на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Македонскиот Народен Театар свое обраќање имаше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски кој се обрати до пратениците кои гласаа во собранието за уставни измени.„Во мојот живот мојот татко ме учеше дека достоинството и угледот се остава на потомците таков сум како човек и како политичар и тешко ми е кога некој се коцка со тоа. И јас сум само човек кој некогаш го совладуваат чувствата. „Црниот петок“ беше еден од најтешките денови во мојот живот, не само затоа што се изгласа во парламентот, туку затоа што во тоа учествуваа 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Сакам денес да се обратам до оние кои не останаа на висината на задачата, не издржаа вашите плеќи иако тврдевте дека на вашите плеќи се држи Македонија. Попуштивте иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини. Колку и да се замислувате и самоубедувате дека не потклекнавте, дека сте биле оние со визија, ке остане фактот дека со вашата крената рака само си ја свиткавте кичмата. Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на заев, со секое кревање рака срцето ми се кинеше. Колку и да се трудите нема да можете да погледенте на народот во очи ме изневеривте, и ја изневеривте вашата татковина Р.Македонија. Малку фалеше да издржите, Заев беше готов, вие само за малку му ја продолживте политичката кариера на Заев. Да издржевте ќе одевме на избори и ќе го победевме, нели сфативте дека беше готов. Ќе ги победевме коалицијата на Заев, Шекеринска, Вицето и Анѓушев и ќе добиевте фер судење. Обвинетите од 27 април ќе добиеа слобода и правдина. Вие не ми дадовте шанса да го победиме Заев ме потценивте, затоа ќе ве победиме и тоа на купче сите заедно“, им порача Мицкоски.„Зарем е чесно да имате исти говори како оние СДСМ, на Бихачка ли ви ги пишуваат говорите? Зарем не ви е срам да прославувате вечерта“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања