Скопје1.мк

Нема фотографија

Американците ги фалат руските бомбардери: Тие се неверојатно моќни и прецизни

Унапредените верзии на руските повеќенаменски ловци "Su-27" и "Su-30" имаат можности кои можат да се споредат со модерните "Su-35S", пишува "National interest".Ловците "Su-27" од првата варијанта заостануваат зад современите авиони по низа карактеристики и полошо се прилагодени за уништување за уништување на копнени цели, се наведува во статијата. Модернизираната верзија на "Su-27SM", од своја страна, има подобро оружје - бомби со ласерско контролирање, ракети "Iks-29" и "R-77", што навистина го прави повеќенаменски авион.Резултат на сеопфатната модернизација е ловецот "Su-27SM3". На него е поставен радар "Irbis E", што потенцијално ја намалува способноста за следење на цели на голема далечина, но опремен е со мотори со диригиран векторски потисок, што прави тие ловци да имаат уште поголеми маневарски способности, пишува "National Interest".Во статијата се истакнува дека "Su-35S" дефинитивно има најдобри карактеристики од сите три авиони."И помалку современите руски ловци во модернизирана варијанта исто така се без грешка и имаат свои предности", додава авторот на текстот.[embed][/embed]Така "Su-27SM3" е многу поевтин од "Su-35" и истовремено има речиси исти можност за гаѓање на цели на големи далечини. "Su-30", од своја страна, потенцијално е подобар за напад на копнени цели, со оглед на присуството на вториот член на екипажот, оценува "National Interest".Меѓутоа, значаен дел од авио-паркот на руските борбени авиони и натаму сочинуваат помалку современите варијанти на тие авиони, но тие ќе бидат модернизирани или заменети за најнови "Su-57", заклучува весникот.

Свет | пред 7 години

mkd-395573

Пронајдени делови од телото на убиениот новинар Кашоги (ВИДЕО)

Британскиот Скај њуз објави дека се пронајдени делови од телото на брутално убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги.Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека телото на Кашоги било „исечено“ и лицето му било „унаказено“.Еден извор, пишува дописник на Скај њуз од Истанбул, рече дека остатоците од телото на убиениот новинар биле пронајдени во градината на куќа во Истанбул каде живее саудискиот конзул.[embed][/embed]Кашоги е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, на 2 октомври.Скај Њуз оваа информација ја објави откако турскиот претседател Ердоган одржа говор во кој тврдеше дека Саудијците со денови го планирале убиството на Џамал Кашоги. Ердоган во говорот во кој ја вети „голата вистина“ за бруталното убиство тврдеше дека телото на убиениот новинар не е пронајдено.„Зошто телото на некого за кого официјално е потврдено дека бил убиен, сè уште не е пронајдено?“ се запраша Ердоган во говорот што го одржа во турскиот парламент.

Свет | пред 7 години

DAD_5602

Утревечер започнува „Skopje Wine Expo”

Tрадиционалниот фестивал на виното “Вино скоп” од годинава е ребрендиран во „Skopje Wine Expo”. Три вечери скопјани и сите љубители на пијалакот на боговите ќе можат на плоштадот “Македонија” да уживаат во врвните црвени, бели или розе вина од земјава и од регионот. Град Скопје најавува нов концепт и нови содржини, а влезот за посетителите е бесплатенУтревечер од 20 часот до 1 часот по полноќ почнува традиционалниот фестивал на виното “Вино скоп”, кој од годинава е ребрендиран во „Skopje Wine Expo”. Три вечери во истиот термин, скопјани и сите љубители на пијалакот на боговите ќе можат на плоштадот “Македонија” да уживаат во врвните црвени, бели или розе вина од земјава и од регионот.Град Скопје најавува нов концепт и нови содржини, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.– На годинашниов „Skopje Wine Expo”, љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат за се што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетни вина и вкусните специјалитети како прилог со виното – велат од Град Скопје.Покрај загревањето со некое од најдобрите вина во овие ладни есенски денови, посетителите ќе имаат можност и да дегустираат добри закуски приготвени од различна храна, специјалитети и деликатеси кои одлично се вклопуваат со изборот на виното, со цел задоволување на сите сетила.За таа цел, на плоштадот “Македонија” се поставени отворени тенди на површина од 1.200 квадратни метри, а на отворено небо, на сцената свои настапи ќе имаат познати локални, регионални и светски музички ѕвезди. Покрај легендарниот македонски шоумен Игор Џамбазов, македонската рок-пејачка Дани Димитровска, талентираната поп-рок ѕвезда Кристина Арнаудова, атмосферата ќе ја вжештат и регионално познатите бендови Фрајле и Ла Банда, а главната ѕвезда на настанот е глобалниот маестро Дуке Бојаџиев.На љубопитните граѓани кои сакаат да научат нешто повеќе за виното на располагање ќе им бидат најдобрите енолози од регионот кои се подготвени да одговорат на сите прашања поврзани со овој пијалак, начинот на производство и зреење и преостанатите трикови за време на производствениот процес.извор: vecer.mk

Скопје | пред 7 години

mijalkov-1

ОК ВМРО-ДПМНЕ Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата

На предлог на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дисциплинската комисија на ОК Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата.„Дисциплинската комисија на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ согласно Статутот, член. 27, став 1, алинеја 17 и Член 16, став 1, алинеја 4 а врз основа на Член 5, став 1 од Правилникот за Дисциплинска одговорност на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на седница одржана на 23.10.2018 година ја донесе следнава одлука:Се утврдува дека постои дисциплинска одговорност-дисциплинска мерка: исклучување од Партијата ВМРО-ДПМНЕ на лицето Сашо Мијалков согласно Статутот Член 15, став 1 и член 16 Став 1, алинеја 4 каде е утврдено дека лицето Сашо Мијалков на груб начин дејствува против програмските определби, целите и задачите на партијата“, стои во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Центар

Македонија | пред 7 години

UNCTAD-Zeneva-2

(ВИДЕО) Филипче: Поттикнување на инвестиции за развивање на нов антибактериски третман е клучно во борбата против антимикробната резистентност

Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на активности во рамките на Светскиот инвестициски форум, кој се одржува во Женева, во организација на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD – United Nations Conference on Trade and Development).Вицепремиерот Анѓушев и министерот Филипче остварија заедничка средба со генералниот секретар на UNCTAD, д-р Мукиса Китуји и со Раководител на сектор за претриемнички политики во UNCTAD, Флорина Муџоне. На средбата се дискутираше за можни модели за соработка за подобрување на вештините и поттикнувањето на младите претприемачи, користејќи ги светските искуства и најдобрите пракси.Министерот за здравство Филипче учествуваше и на панел дискусија „Поттикнување на инвестиции за развивање  на нов антибактериски третман“,  организирана во рамките на Форумот, на која истакна дека резистентноста на антибиотици е една од трите најголеми закани по нашето здравје и време е да ја кренеме свесноста за овој голем јавно-здравствен проблем.„Заради неконтролирана употреба на антибиотиците и поради неправилниот начин на апликација се повеќе бактерии се резистентни на антибиотиците коишто во овој момент постојат на пазарот насекаде во светот.  Огромен дел од фармацевтската индустрија е насочена кон измислување на нови лекови, но за жал, тоа не се антибиотици. Се измислуваат нови лекови за хронични болести, иновативни лекови за различни ретки болести, а за жал трендот на откривање нови антибиотици е спласнат повеќе од 20 години. Сега е тоа се поголем и поголем проблем со оглед на тоа што многу антибиотици можат да се купат без никаква рецепта, луѓето ги примаат на несоодветен, неконтролиран начин, а тоа предизвикува резистенстност. Затоа сме исправени пред предизвикот како овој проблем да почнеме да го надминуваме. Во Република Македонија има огромен капацитет да се инвестира во клинички испитувања и за тоа разговаравме со претставници на неколку големи компании. Имаме експертиза, имаме добро регулиран процес на клинички студии и сметам дека можеме да бидеме дел од многу мултицентрични студии и на тој начин да придонесеме во надминување на овој глобален проблем“, истакна министерот Филипче.Македонија ги следи препораките на СЗО во борба против антимикробната резистентност. Кревање на свеста преку предавања, организирање на стручни конференции и креирање јавна кампања за обука на населението за рационална употреба на антибиотици се мерките кои ги преземаме во моментов.Дополнително, внимателно ја следиме ситуацијата, вршиме мониторинг како земја членка на CAESAR мрежата, ја користиме EUCAST методологијата и во следниот период ќе имплементираме нови методи во борба против антимикробната резистентност.Воспоставувањето на јавно-приватно партнерство во Македонија во делот на истражување и мониторинг ќе биде корисно. Поттикнување на инвестиции за развивање на нов антибактериски третман е клучно во борбата против антимикробната резистентност.

Македонија | пред 7 години

44664248_186027445606282_1702955585130987520_n

Македонската и словенечката полиција ќе ја надградуваат соработката

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во Љубљана остварил работна средба со генералната директорка на словенечката полиција Татјана Бобнар, соопшти Министерството за внатрешни работи.На средбата биле потенцирани одличните односи меѓу полициите на двете земји, особено поддршката што словенечката полиција и ја дава на македонската полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент словенечки полицајци на македонско-грчката граница, на  помош на македонската полиција заедно со уште неколку контингенти од други пријателски земји.Двајцата соговорници, во рамки на средбата, потенцирале дека одличните односи и соработка и во иднина ќе се надградуваат.Министерството додава дека директорот Тасевски во Љубљана се сретнал и со 30 полицајци од словенечкиот контингент кои во наредната ротација ќе дојдат во земјава.

Македонија | пред 7 години

31955979_10155209230611300_6889556983679025152_n

Богданов откако ВМРО-ДПМНЕ го исфрли: Раководството e промотор на национализмот

Поранешниот член на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Константин Богданов, преку својот фајсбук профил го честиташе денешниот празник.https://www.facebook.com/kostadin.bogdanov.7/posts/10155547756136300Почитувани пријатели, најнапред сакам да го честитам денешниот празник Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Република Македонија. Ова е значаен ден во македонската историја со кој се одбележува вековната борба на македонскиот народ за самостојна, независна и просперитетна држава рамо до рамо со цивилизираните народи, која борба, но во друга форма продолжува и денес.Во однос на театралната “катарза” од претходната вечер преку која ВМРО ДПМНЕ се реформира во нова антизападна партија, чувствувам за потребно да го кажам следното:Моето политичко дејствување во раководоството на ВМРО ДПМНЕ беше со единствена цел: да изградиме модерна, демократска и европска партија која силно, со конкретни чекори ќе ја поддржи евроатлантската агенда на нашата држава. За жал, раководството на ВМРО ДПМНЕ е далеку, многу далеку од овој идеал. Напротив, раководството на партијата продолжи да биде промотор на антизападна националистичка реторика, која ги топли срцата на краток рок, но на среден и долг рок создава несогледливи последици врз општеството, граѓаните и иднината на државата.Искрено верувам дека еден ден во ВМРО ДПМНЕ ќе дојде раководство кое ќе ја сфати пораката од предците, и суштината на нивната револуционерна борба која ја празнуваме денес“, напиша Богданов.Константин Богданов е еден од реформаторите кои го поддржуваа влезот во ЕУ и НАТО, како и промената на името, и истиот вчера беше исклучен од партијата.

Македонија | пред 7 години

44660632_728429660856727_5814229333199290368_n

(ФОТО) Додека ВМРО-ДПМНЕ прави чистка, Заев и Николовски стискаат тупаници

Неработниот 23 октомври, Ден на македонската борба, Министерот за земјоделство го поминува со премиерот Зоран Заев, според фотографијата, најверојатно на падините над Струмица.Фотографијата е поставена на ФБ профилот на Љупчо Николовски, а тој напиша:,,Со премиерот релаксирано и со адреналин“.Во меѓувреме, во конкурентската , опозициската ВМРО ДПМНЕ, изминатите денови по гласањето во Парламентот за уставни измени, се случува драма. Исклучувања, обвинувања, раскол.

Македонија | пред 7 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

(ФОТО) Ременски се пофали: Правам револуционерни супи од глави на риби

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски на социјалните мрежи се пофали со нејзните домаќински квалификации. Имено, пратеничката и покрај обврските во Собранието и партијата успеала да зготви супа. И тоа не било каква, туку супа со глава од риба.“Домашно приготвена, реовулуционерна, супа одмриба”, пиша пратеничката, но, не го објави рецептот.Ременски е сопруга и мајка на две деца. Очигледно, некој во нејзиниот дом е обожавател на риба, па таа мора да прави револуционерни јадења.Нејзините следачи и препорачаа со супата да се напие и жолта ракија, најверојатно, за подобро да се свари главата која ја гледате во тенџерето, а изгледа страшно на прв, молеби и втор поглед.

Магазин | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков за исфрлањето од ВМРО-ДПМНЕ: Со жалење ја примив одлуката, ова не е исправно

Со жалење ја примив одлуката на Централниот Комитет на мојата партија, бидејќи од формирањето на ВМРО ДПМНЕ па до денес, бев и ќе останам верен на идеите и постулатите на организацијата. Свесен сум дека партијата е соочена со многу предизвици и дека ова раководство, како и претходните, го очекуваат историски важни одлуки за иднината на Република Македонија и за ВМРО ДПМНЕ. Ова го изјави Сашо Мијалков за Прес24.- Секое раководство го носело товарот да обезбеди модерна и просперитетна Република Македонија која ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Истиот товар го носи и ова раководство и нивна е одговорноста дали организацијата што ја наследиле и сите капацитети на партијата ќе ги користат за внатрепртиски поделби и чистки или за демаскирање на лошите политики на СДСМ и побргу враќање на власт. Новото раководство ја носи одговорноста дали партијата ќе биде респектиран партнер во рамки европските народни партии или ќе заглави во изолација. Новото раководство ја носи одговорноста за доследност на историските принципи на партијата и стратешката ориентација кон ЕУ и НАТО, вели Мијалков по одлуката за негово исклучување.- Како долгогодишен член и функционер, чувствувам потреба да кажам дека на партијата во овие моменти и е потребна инклузивност, а не исклучувачки политики. Во моментов на партијата и е потребно обединување и водење со разум , а не емоции. Во моментов на партијата не и е потребно креирање лажен наратив и непостоечки околности со кои што се оддалечуваме од стратешките определби и влегуваме во изолација. Дали актуелното раководство ќе ги прими овие добронамерни совети или ќе продолжи да продуцира невистини и да бара непријатели таму каде што ги нема е нивна одговорност. Мое е да потсетам дека партијата не е сопственост на актуелното раководство како што не беше сопственост на претходното или тоа пред него. Јас сум убеден дека синоќешната одлука не е исправна , но тоа нема да ме поколеба во мојата определба за натамошна поддршка на модерно, десноориентирано ВМРО ДПМНЕ, кое заедно со сите сестрински партии ќе ги брани интересите на Република Македонија во Европската Унија. Нека ни е честит и вековен празникот !125 години ВМРО - 125 години борба за Македонија ! Борбата продолжува !Да живее ВМРО ! Да живее Македонија !, вели тој.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Делегација на Единствена Македонија се поклони пред споменикот на основачите на ВМРО во чест на 23 Октомври

Во чест на големиот празник, Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври, и 125 години од формирањето на ВМРО, денес, вторник, 23 октомври, делегација на Единствена Македонија  положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во Скопје.„Денешниот датум 23 октомври е силно врежан во меморијата на македонскиот народ. На овој ден пред 125 години шестмина храбри Македонци, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров ја формирале најсилната револуционерна организација во македонската историја. Кај овие луѓе се родила идејата дека мора да ја остварат историсктаа оринетација на македонскиот народ за македонска држава, меѓутоа, тие биле свесни дека остварувањето на идејата ќе биде тешка работа. Ја создадоа идејата, за идејата потоа ја создаде организацијата, а организацијата го создаде делото. Делото е самостојна, суверена и слободна Република Македонија.Меѓутоа, денеска сведоци сме дека Републиката е исправена пред сериозен предизвик, бидејќи, актуелната марионетска власт и нејзините странски газди сакаат да избришат се што е македонско. Затоа, останува сега на оваа генерација македоцни да го спречиме овој геноцид што сакат да се направат врз македонскиот народ, да се избрише вековното македонско име, идентитет, историја, традиција, јазик и култура. Ние сме убедени дека ќе победиме во оваа битка. Македонија мора да победи. Впрочем, не им било лесно и нашите претци кои имале јасна кауза. Потребно е сега како Македонци да бидеме единствени и сплотени оти имаме јасна кауза, и таа кауза секогаш се соочувала со проблеми и предизвици и секогаш имала противник, и каузата победувала. Затоа, упатуваме порака дека и ние, оваа генерација Македонци ќе успееме, бидејќи заветот е голем од нашите предци, влогот е голем. Тој влог е врежан во минатото од нашите претци, и ќе биде развиван од нашите деца и внуци во иднината. Тоа е Макеоднија и Македонците. Нека ни е честит празникот 23 октомври, овој голем македонски ден. Да живее Република Македонија“, рече во честитката Бачев.

Македонија | пред 7 години

gruevski

ТВ21: Груевски ќе оди во затвор во Куманово, на 9 ноември?

Поранешниот премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него да се јави на 9. ноември, дознава ТВ21 од неофицијални извори.Сепак, се поставува прашањето дали поранешниот Премиер ќе го заштити пратеничкиот иминутет со оглед дека се работи за казна од две години. Одговор на ова прашање ќе добиеме во следниот период.

Македонија | пред 7 години

skupi

Почнува театарскиот фестивал „Скупи 2018“

Дванаесеттото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“ ќе се одржи од 24 до 30 октомври во Младинскиот културен центар во Скопје, под мотото „Отаде границите“.Годинава ќе гостуваат седум театри од седум европски земји, а фестивалот ќе го отвори претставата „Татко ми го сакаше Адолф“ на Мехмет Краја, во режија на Илир Бокши, во продукција на Театар Гнилане од Косово.На 25 октомври игра претставата „Кралот Иби“ од Алфред Жари во режија на Горан Јефтиќ, а во продукција на „Девет-фестивал“ од Белград.Следниот ден, в петок, следува италијанската претстава „Хамм-лет, студија на ненаситност“ на Џорџо Церути и „Малата компанија на Магнолија“ од Торино, Италија.На 27 октомври игра „Опасни врски“ на Драмскиот театар „Николаи О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија, во режија на Константин Еленков.В недела, на 28 октомври, ќе биде прикажана „Мајка и дете“ од Јон Фосе, во режија на Дино Мустафиќ, а во продукција на МАМ фондацијата од Тирана, Албанија.На претпоследниот ден од фестивалот гостува ЈУ Сараевски воен театар „Сартр“ со претставата „Брашното во нашите вени“ од Игор Штикс, во режија на Борис Лијешевиќ.Фестивалот ќе го затвори Независниот театар „Проект-чекална“ од Клуж, Романија, со претставата „Окупирај се“ во режија на Космин Матеи.На фестивалот ќе биде доделена гран-при награда за најдобра претстава за која ќе одлучува тричлено меѓународно жири.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Објавен оглас за доделување материјална поддршка на работењето на спортски субјекти во Кисела Вода

Општина Кисела Вода работејќи во насока на унапредување на спортот на иницијатива оваа година вторпат објави јавен оглас за доделување на материјална поддршка на спортските субјекти кои опстојуваат на нејзината територија.„За оваа поддршка, можат да аплицираат сите заинтересирани спортски клубови, спортски здруженија и спортски институции кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на локалната самоуправа. Доделувањето на материјалната поддршка, се подвлекува во соопштението, има за цел да го подобри работењето на спортските субјекти за тековната 2018 година.Рокот за пријавување започна на 22 октомври и ќе трае 5 работни дена, односно до 29 октомври 2018 година, до 16:30 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. „Петар Делјан“ бр. 17 или во архивата на Општината со назнака: Пријава за јавен оглас за материјална поддршка на спортски субјекти и институции – Комисија)“, инфомираат од Општината.Сите заинтересирани за аплицирање на овој јавен оглас можат да се информираат на веб страната на Општина Кисела Вода, на следниот линк: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/2036-2018-10-19-14-22-36.

Скопје | пред 7 години

soobr1

Тетовчанец започнал вербална расправија, па извадил метален предмет и ги нападнал

Двајца жители од Тетово вчера околу 19,20 часот додека со својот пријател Б.Б. од с.Вешала се движеле на улицата “Маршал Тито‘‘ биле пресретнати од страна на Џ.С.(27) од с.Слатино кој бил заедно со уште неколку други лица и започнале вербална расправија.Џ.С. извадил метален предмет и го нападнал Б.Б.. Потоа и останатите лица физички ги нападнале Ф.И.,Х.И. и Б.Б., по што го напуштиле местото на настанот. Б.Б. бил пренесен во Клиничката болница во Тетово.Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и Џ.С. бил пронајден и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

ubistvo

Пукање во скопско Батинци

Вчера Ш.А. пријавил дека во с.Батинци, додека неговиот брат Р.С.(36) се движел со патничко моторно возило „БМВ Х5“, од непосредна близина на гробиштата во с.Батинци неколку лица, од кои двајца  Р.С. познавал – З.Н. и Б.Б. и со кои предходно имал нерасчистени односи, пукале кон неговото возило, а потоа избегале.Повредени лица нема. На местото на настанот извршен бил увид и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Нападнат полициски службеник во Скопје

Вчера во 22,30 часот пред Спортскиот центар “Борис Трајковски“ при вршење работни задачи полициски службеник од Полициската станица Карпош бил физички нападнат од страна на А.М.(21) од Скопје.Напаѓачот бил приведен во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи сооодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

policija-3-640x382

Исчезнат 12-годишен штитеник од Јавна установа за згрижување на деца

Вработен во Јавна установа за згрижување на деца лоцирана на улицата “Перо Наков“ во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на 20.10.2018 година од установата самоволно се одалечил нивен 12 годишен штитеник.Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Кражба во спортска обложувалница

Во Полициската станица Валандово,  вчера е добиена пријава дека на 21/22.10.2018 година во периодот од 12,00 до 08,00 часот непознат сторител извршил кражба во спортска обложувалница во с.Јосифово.Сторителот насилно ја отворил влезната врата и одзел две куќишта за компјутер и мал сеф во кој имало околу 100.000 денари.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

daniela_rangelova1

Рангелова за ВМРО-ДПМНЕ: Ни треба разум и храброст, а не очај и паника

„Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме.Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано!“, напиша пратеничката Даниела Рангелова на својот фејсбук профил.https://www.facebook.com/236729489819716/posts/1154922164667106/„Проевроатлански ориентирано а не изолирано!Ни треба разум и храброст а не очај и паника!Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување!Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното!Ни треба зајакнување а не недоверба!Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност!Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност!Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството!Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ!Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност!Честит 23ти Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба!“, додава таа во објавата.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски: Историското ВМРО од сите искушенија излегувало посилно, похрабро и поодлучно

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил упати честитка по повод денешниот празник.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.833349540173840/1091791177663007/?type=3&theater„Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно. ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над нашата земја. И секогаш новиот почеток значел нова надеж, нова искра.Македонци, граѓани на Република Македонија нека е вековит 23 октомври, Денот на Македонската Револуционерна Борба, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

mitko-janev

Митко Јанчев: Мицкоски и Николовски да ми се извинат, во спротивно ќе ги тужам!

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и довчерашен потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, побара јавно извинување од страна на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски и портпаролот Александар Николовски.Тој е реагира поради обвинувањата кон него кои Николовски ги изнесе на вчерашната прес – конференција, и тврди дека се неосновани, а односот на Мицкоски и Николовски, крајно непрофесионален. Во целост ви ја пренесуваме реакцијата на Јанчев.-На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но и лично како индивидуа. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски на вчерашниот ЦК даде предлог за мое разрешување од функцијата потпретседател.Како лидер на најголемата политичка партија во Република Македонија му доликува разрешувањето од функцијата потпретседател да го води крајно професионално па дури и да упати благодарност до мене за моите досегашни вложувања во партијата, но уште поважно да ја почитува функцијата Градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО – ДПМНЕ која од досега сработеното носи само успех најмногу за Општина Кавадарци но и за ВМРО-ДПМНЕ.Напротив на вчерашната прес-конференција од г-дин Александар Николовски кон мене беа упатени ниски и агресивни обвинувања за закани, поткуп и криминал, рамо до рамо со Сашо Мијалков. Поради ваквите неосновани и крајно непрофесионални навреди од страна на Христијан Мицковски и Александар Николовски кои се обидуваат да го нарушат мојот авторитет, барам јавно извинување и од г-дин Христијан Мицковски и од г-дин Александар Николовски. Во спротивно кон нив двајцата ќе поднесам приватни тужби за клевета и навреда на мојата личност.Различниот став и различното размислување во една нормална модерна партија треба да бидат прифатени, дискутирани и потоа заеднички да се најде вистинскиот пат, но тоа не е случај и со ВМРО-ДПМНЕ. Моето залагање за партијата ќе продолжи со сите мои способности и целосна професионална посветеност. Различните ставови во една партија и почитувањето на истите можат само да водат кон прогрес и плодна почва за развивање на дискусии и создавање на темели за партија која ќе се движи кон посветла иднина. Мојата почит кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ е голема и ќе продолжам гордо како Градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да дејствувам во интерес на граѓаните – потенцира Јанчев.https://www.facebook.com/MitkoJanchev/posts/2283647995192582?__xts__[0]=68.ARDgScVphVCsA3fcvHtB0rvx6Wjppvlev147IOQzqhuGdT9FGcznjAdlKREKuLRsZuOKNaomqo4hrlGtVCqjA-HLwKK0oruFyiteK8YwCzNJX1IoAFI8ObbLAFprxO5Zdw2wi7ByBb4khnvfmkZ5Qdma0kVbC8HnZy2shVpkAjN20lDr0yFoMUa8tn1tq2pXRpKQmEbHVDE50hEtj6NMq7A&__tn__=-RЦК на ВМРО ДПМНЕ вчера со тајно гласање го разреши Јанчев, но ги исклучи од партијата и Никола Тодоров и Сашо Мијалков. На социјалните мрежи кавадаречкиот градоначалник добива поддршка од граѓаните, но и пораки дека се задоволни од начинот на кој ја извршува својата функција, без оглед на разрешувањето.

Македонија | пред 7 години

nikola-todorov

Тодоров е разочаран: Денот на ВМРО го дочекав во тага

„Денот на Македонската револуционерна борба, за мене ден на ВМРО, оваа 2018 година го дочекав со голема тага и разочараност. Но, не од фактот што е даден предлог за мое исклучување од партијата на која и го посветив мојот живот и мојата младост, на која со мојата напорна работа, многу самoжртва и посветеност заедно со соборците од општинските, месните комитети и кимовите, и донесовме многу победи и причини за славење. Не, тоа не е причината за мојата разочараност, бидејќи знам дека не ме исклучија и не можат да ме исклучат од мојата партија“, напиша на својот фејсбук профил поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.https://www.facebook.com/TodorovNikola/posts/2197510540283621?__xts__[0]=68.ARCSyzHt8qtysDsmrgraim24_7t09mtY2TvgldFJ9kzUAX3mI76c6yaLeFjnDvCiegpDKTan35lvmZ8N4kj7L3gTwW6NBp0eu1OEQKLw2PhI2gaUjWuD3UORldt63dzFXvy-gvbeU5gNDaBMQFUoDWx-v1N186RLU5ggf1bzP5uYmKR21pkweKtD6b-zJfIcv0ZUG8uaGHhuDF3xqofBpk4&__tn__=K-RМе исклучија од трансформираната фракција на ВМРО, трансформирана во Анти-западна, Анти - ЕУ и Анти-НАТО фракција, управувана од луѓе кои се водени и заробени од сопствената суета и кои практикуваат застарени методи на политичко дејствување наметнато од старите удбашки структури кои се уште се поклонуваат на туѓи антимакедонски и антизападни пропаганди и интереси. Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам. Затоа, сакам да им се заблагодарам што со овој чекор ме спасија од срамот да бидам дел од нивната секташка фракција. ВМРО преживеала и поминала многу, ќе ги преживее и нив. За разлика од нивната фракција, мојата партија ВМРО-ДПМНЕ е Европска, модерна, центар-десна партија, во која искрено членуваат македонски родољуби, интелектуалци, работници, домаќини луѓе, народот. Македонскиот народ. Напатениот и илјада пати злоупотребениот и изневерен македонски народ. Во мојата ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата е со ограничен мандат, не повеќе од 8 години(два мандата), унијата на жени е почитувана организација која обезбедува целосна рамноправност помеѓу мажите и жените во управувањето со партијата со најмалку 40% учество на сите нивоа на управување, од конгресот на партијата па до секој КИМ. Во мојата ВМРО-ДПМНЕ постапката за избор на нов претседател на партијата почнува најмалку 9 месеци, а најмногу 1 година пред истекот на мандатот на актуелниот претседател, со далеку поголем број на делегати и со сериозно поголема застапеност на УМС, УЖ и Унија на ветерани на конгресот, и со поголема партиципација на општинските комитети, односно со делегирање на 1 делегат на секои 250 членови. Општинските комитети самите ги бираат делегатите, бидејќи е нелогично и недемокртски нив да ги поставува претседателот на партијата, а тие потоа да го бираат него. Во мојата ВМРО-ДПМНЕ УМС има најмалку 3 претставници во ИК, и е евро-атлантски ориентирана(како што и беше, а знам дека и сега е). Унијата на ветерани е мудроста и чувар на вистинската вмровската доктрина и е застапено со тројца преставници во ИК. Поранешниот претседател не може веднаш да биде прогласен за почесен, туку тоа може да се направи по најмалку 8 години по неговата смена. Во мојата ВМРО, забранет е непотизмот и забрането е раководството од ОК и ИК да си ги вработат сите роднини во државната администрација, или да си ги постават на високи партиски или државни функции. Мојата ВМРО-ДПМНЕ не е изолирана партија. Како што кажав мојата ВМРО-ДПМНЕ е европска, модерна, центар-десна политичка партија. И јас сум сеуште со срцето и душата во ВМРО-ДПМНЕ и никој, никој не може да ме исклучи од мојата партија.Семејството, државата и партијата ми се најважните.Нека е честит денот на македонската револуционерна борба,Да живее ВМРО-ДПМНЕ,Да живее Македонија„ напиша Тодоров.

Македонија | пред 7 години

kunovdks

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ

„Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина сакаме да го вратиме општеството на вистинскиот колосек пред портите на ЕУ и НАТО. Моите омилени колумнисти и новинари се фокусирани на исклучувањата на членови на ВМРО-ДПМНЕ како одраз на едно неподносливо отсуство на демократски капацитет за поинакво, различно мислење. Исклучувањата во сегашната опозиција се направија со еден единствен состанок на Извршен во еден ден“, се огласи на Фејсбук Софија Куновска.https://www.facebook.com/skunovska/posts/10156896570541812„По тој повод не знам дали смеам да потсетам а да не бидам анатемисана, дека и СДСМ не е вакцинирана од истатата појава но единсвената разлика е што дејствува само малку поелегантно. Но навистина, многу малку поелегантно. При десетици живи сведоци, жртви на елиминација, највисокото раководство на СДСМ не се либи да го критикува својот политички конкурент за нетолеранција кон инакумислечките.И ако случајно некој се прашува, тоа е одговорот зошто во првите редови недостигаат многу умни и искусни борци, пред се личности, од редовите на СДСМ. И нека не знам многу за нив, иако знам, но за себе сигурно знам, дека различното мислење во два-три наврати, “скапо” го платив.Мојата реакција за прославата на една приватна компанија во новиот стар театар за што челниците на СДСМ се правдаа со партиско соопштение , спротиставувањето да гласам за Чавков да биде дополнителен министер за внатрешни во Пржинската влада, несогласувањето Лиле ДОМ да биде дел од пратеничките листи, беа доволна причина за моја елегантна елиминација. Промената на Статутот на партијата за да може “шефот” да именува локални претседатели на општински организации (а не како порано да бидат избирани од членството на соодветна конференција), познато како ВМРОИЗАЦИЈА на СДСМ е уште пострашна приказна за која исто така не пропуштив жестоко да реагирам. Контрареакциите беа еднакво брутални како овие во ДПМНЕ.Па мислете си вие дека е нешто различно ваму или таму.И да се разбереме, не жалам за ниту една своја постапка и не се жалам што денес сум надвор од играта. Моите различни ставови беа свесно изразени и подготвена бев за “цената“ затоа што верував и верувам во прогрес на нашата држава доколку неа ја водат луѓе со интегритет, храброст и верба во вредности. Во спротивно го имаме ова што го имаме.А кога сме кај Скопје 2014 и гласањето на Канческа за отворање на постапката за измена на Уставот, пристојно е сите ние да се запрашаме дали со ова е легализирана најголемата идеолошка пералница на народните пари.Смеам ли јавно да го запрашам премиерот на РМ дали е подготвен бројчаникот на Триумфалната капија да го стартува од минус една милијарда или и тој и неговите лојалисти и понатаму немушто ќе не убедуваат дека гласањето нема да го загрози владеењето на правото и борбата против корупцијата, како европски вредности?Не за друго, туку просто боли тоа Скопје 2014 затоа што заради него прскокнувавме полициски барикади, бев една од нагласните или највокалните, верно ги бранев ставовите на мојата партија, се изложив на многу непријаности од тогашниот режим кој цутеше во својот зенит, вложив многу енергија и во Советот на Град Скопје и во Собранието како пратеник, а денес сведочам на бришењето на задникот со сето тоа од страна на моите сопартијци.Ниту оградата околу Влада не е помрдната а камо ли нешто повеќе. Толку од вредностите и заедничката борба, засега. Но, она што можеме веднаш и е здраво за сите нас, е со ист аршин да ги мериме работите на двете страни. И за демократски капацитет и за чесност и за принципиелност“, стои во објавата на Куновска.

Македонија | пред 7 години

44329380_2208483799430265_2150457367391633408_o

Охридските екологисти ставени под медиумско ембарго?

Никој не го слуша крикот на екологистите од Охрид и веќе трет ден во локалните медиуми нема ни збор за објавата на „Охрид СОС“ кои на Фејсбук обелоденија скандал со депонирање на градежен шут и материјал во срцето на Студенчишко Блато кое е заштитена зона на ендемска флора и фауна.За овој скандал деновиве ќе треба да се произнесат и централната и локалната власт.Интегрално го објавуваме постот на Охрид СОС:ДЕПОНЕНТИДодека Општина Охрид и Ohridski Komunalec по медиумите се фалат дека комплетно ја исчистиле дивата депонија кај локалитетот Мауцкер, никој од нив не сака со жителите на општината, со своите сограѓани да сподели дека на другата страна на градот, во изолиран појас, најистурен дел од Студенчишко Блато, за жал отсечен со изградбата на неколку локални улици кои ја спојуваат главната сообраќајница и рекреативната патека, но сепак со флора и фауна типична за блатни екосистеми, се депонираат огромни количини земја, градежен шут, и локалитетот од ден на ден енормно се шири.Некој свесно уништува природно живеалиште, за одредена цел. Иако тука има и приватни парцели, помеѓу нив има и државно земјиште. Кој одобрил, кој дозволува или кој замижува за овие активности? Овие ли се приоритетите на Проф. д-р Јован Стојаноски - Градоначалник на општина Охрид? Сега на оваа локација, утре каде? Претходно, недалеку оттука, се исекоа десетици стари стебла, и сè уште ниедна институција не се прогласи за надлежна, односно не се дозна кој дал одобрение за сеча. За таква транспарентност баравте мандат?По сè изгледа, Горица е новото градежно Елдорадо, целиот овој зелен појас е на мета на урбаната мафија, на сопствениците на имоти, на инвеститорите, на локалната самоуправа. Секој со својот интерес и пресметка. Тоа се виде и на последната „јавна расправа“ во општинската зграда, каде сакаше да се протурка т.н. Нацрт Извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за УПВНМ за дел од ТК Горица, плански опфат 2 во КО Охрид 4, Општина Охрид. Изготвувач беше консултантската куќа „Енвиро ресурси“, истите оние кои подготвуваа вакви нацрти и за ТРЗ Љубаништа, оној мегаломански проект на Субрата Рој.Нова власт, исти навики, исти постапки. Дали е ова таа Европска Македонија, за која толку се залагате? Ако сте за узурпација, за уништување, за бетонирање, зошто не сте барем искрени кон јавноста, кон UNESCO, дека ви е помила парата и личната корист отколку статусот на природно и културно наследство? До кога ќе се тера ова лицемерие, овие тајни операции, оваа манипулација на јавноста дека никој ништо не знае или дека не е надлежен? 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања