Скопје1.мк

koza

Коѕијас: Соседите 120 години се нарекуваат Македонци

Кога ќе финализира договорот од Преспа, кога ќе стапи во сила, според мене, нема да има противење, освен од многу мал дел од грчкото општество, оценува поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за критската телевизија „Крити ТВ“.Коѕијас, како што јавува МИА од Атина, во интервјуто детално објаснува зошто во договорот стои „Македонци/ државјани на Република Северна Македонија“, а не „СеверноМакедонци“.„Тие, себеси веќе 120 години се нарекуваат Македонци. Зошто се викаат Македонци? Не велам дека добро прават, но кажувам зошто. Зедоа еден дел од областа Македонија што им беше даден според Договорот од Букурешт во 1913, според кој, ние ја зедеовме грчката Македонија и тие се идентификуваа географски со овој регион и се нарекоа Македонци“, објасни Коѕијас и додаде дека во секојдневна употреба и „со најдобриот договор на светот не можеш да наметнеш некому како самиот ќе се нарекува во приватните разговори“.Коѕијас дополнително објаснува дека во сложените имиња на државите постојат други изведени зборови, а како пример ги спомена граѓаните на Обединетото кралство кои што се викаат Британци. Граѓаните на Соединетите американски држави кои не се викаат, „Соединето-државен-Американец“, туку само Американец. Како и Кинезите од Народната Република Кина. Во однос на северна и јужна Кореја и северен и јужен Виетнам, рече дека се однесува на поделени земји што имаат север и југ.Во однос на критиките во Грција дека македонскиот државен врв го користи името Македонија, а не Северна Македонија, Коѕијас објасни дека договорот сѐ уште не е во сила, за да можеме да говориме за прекршувања.„Овој договор не е ставен во функција, не е ратификуван од двете страни, оваа земја продолжува да се вика Македонија и мене ме обвинуваат дека наводно Заев го прекршува договорот и слично. Ова не е точно, договорот треба да се ратификува од двете страни, а потоа почнува да има прекршувања“, објасни поранешниот шеф на грчката дипломатија.

Македонија | пред 7 години

svr

Исчезнат охриѓанец, се трага по него

На 23 октомври оваа година, во 15.00 часот во СВР Охрид, лицето Д.Д. од охридското село Лешани, за исчезнат го пријави неговиот син В.Д. (41) кој живеел во Швајцарија.Според пријавата, В.Д. на 10 октомври од Швајцарија заминал за Турција на годишен одмор, а од пред пет дена немале никаков контакт со него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ ќе го продава партиското седиште

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за продажба на партиското седиште, палатата „Христо Татарчев“, која се наоѓа во центарот на Скопје. Партијата, по продажбата ќе се сели во ново седиште, дознава „Скопје 1“ од високи извори на партијата. Седиштето на партијата се градеше од 2013 до 2015 година. Врз основа на проценката која ја извршил овластен проценител додека седиштето било во фаза на изградба, е утврдено дека пазарната вредност на зградата е 14 милиони евра, а на градежното земјиште е 500 000 евра.„Се размислува во тој правец и тоа стои како идеја. Доколку добиеме адекватна понуда ќе склучиме договор за продажба. Со дел од парите ќе го вратиме кредитот кој партијата го има во една од банките, ќе купиме простории далеку поскромни од постоечките кои ќе бидат ново седиште на партијата, а другиот дел ќе ги донираме во различни хуманитарни цели. Како опција стои пари да дадеме за реновирање на училиштето во Тетово, за кое Владата на СДСМ вети дека ќе го реновира но тоа не го направи. Ако го продадеме седиштето на партијата и ако се согласи тамошната локална власт, сигурно ќе го реновираме тоа училиште. Значи потврдуваме дека стои таа опција да го продадеме објектот“, брифираат високи партиски извори од врвот на ВМРО ДПМНЕ за „Скопје1“ кои додаваат дека пазарната вредност на партиското седиште е многу помала од тоа што се шпекулира.„Белата палата“ Христо Татарчев ставена под хипотека. ВМРО-ДПМНЕ го заложили партиското седиште само неколку дена пред парламентарните избори во 2017 година. Палатата е задолжена во Комерцијална банка, а партијата добила кредит од 3 милиони евра. Според објавата во Службен весник, се работи за рамковен риволвинг кредит, што значи дека партијата може и постепено да ги повлекува парите.Сите права се задржани. Не е дозволено превземање на веста во целина или делови без претходна писмена согласност од издавачот на „Скопје1“. Секое неовластено преземање во друг медиум (печатен, електронски, традиционален), „Скопје1“, објавува дека чини 35.000  денари без ДДВ по едно објавување. СПОНЗОРИРАНА ОБЈАВА

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Богојевски: Ако ве убедиле во катарзата, јасно ми е зошто Груевски владееше во Македонија

Во гостувањето во Отвореното Студио 1 на 1ТВ, поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Петар Богојески даде осврт и анализа на немањето желба на Мицкоски да спроведе суштински реформи во партијата и неговото учество во претставата наречена „Бојкот“ на референдумот која ја урна правната држава и на кратко ги загрози нејзините евроатлански перспективи.„Доколку успеале да ве убедат во сказната за деца за катарзата и реформирањето на ВМРО-ДПМНЕ тогаш ми е јасно зошто Никола Груевски толку лесно и толку долго владееше во Република Македонија“ – истакна Богојевски, барајќи аналитичност од медиумите при преност на информациите.Тој истакна дека Мицкоски стана претседател на партијата поради поддршката на Мијалков, но дека за пензионирање на Груевски  биле спремни да прифатат чудо од лидери.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Европа ја очекува најстудениот 31 октомври во последните 100 години

Европа ќе биде зафатена од студен бран кон крајот на овој месец. Метеоролозите предвидуваат до 10 сантиметри снег на планините во Шкотска, а не ја исклучија ниту можноста дека иста судбина ќе ѝ се случи и на Британија, односно Лондон. "До крајот на оваа недела речиси е извесно дека голема количина на снег ќе падне во Велс, јужниот дел на Лондон и централните делови на Англија. Снегот секако ќе предизвика проблеми, но не како оние кои граѓаните ги имаат во зима. Засега не е познато каква ќе биде зимата", истакна метеорологот Џејмс Меден, додавајќи дека во краевите каде нема да има снег ќе има обилни врнежи од дожд.За некои седум дена се очекуваат големи врнежи од снег, а исто така има и лоши вести за љубителите на празникот Денот на вештерките, 31 октомври ќе биде најстудениот ден во последните 100 години."Се очекува дека на 31 октомври снегот дополнително ќе биде засилен, а температурата ќе се спушти на -7 степени Целзиусови. Тоа е незапаметено во последните 100 години, бидејќи последниот пат кога 31 октомври беше најстудениот ден беше во 1926 година, кога биле измерени -10 степени Целзиусови", додава тој.Ноември во Британија ќе биде значително постуден од овој месец и врнежите од снег ќе бидат со посилен интензитет.Она што треба нас да не загрижи е дека постои можност овој бран од Велика Британија да се прошири и на останатите делови од Европа, па дури и Балканот.Во принцип установено е дека временската прогноза говори дека снег на овие простори нема да има до декември, но не се исклучува ниту можноста дека циклонот кој носи студено време и врнежи лесно се шири и на другите делови од континентот.

Свет | пред 7 години

posta

Шалтерски работници од поштите во Цапари и Кажани си земале 160 илјади денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Г. (52) од село Цапари, битoлско и В.С. (53) од Битола поради постоење сомневање за сторено кривично дело „послужување во сужбата".На 8 септември првопријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта, подружница Битола, неовластено земал парични средства доверени на благајната во две пошти во селата Цапари и Кажани во износ од 143.432 денари.Второпријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта - подружница Битола, на 3 септември неовластено земал парични средства во износ од 22.510 денари кои биле доверени во благајната на пошта во село Кукуречани.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Шпанската полиција откри пет тони кокаин скриен во банани, уапсени 15 лица

Шпанските власти соопштија дека уапсиле најамлку 15 лица и заплениле повеќе од пет тони кокаин скриен во банани.Во акцијата, во јужниот град Малага, учествуваат припадници на цивилната гарда и националната полиција, изјавил неименуван претставник.Десетина возила се наоѓаат во индустрискиот парк во Малага, каде што се одвива акцијата на апсење, навеле сведоци за локалниот весник „Дијарио Сур“. 

Свет | пред 7 години

pozar

Пожар предизвикан од молња проголта 150 години стара црква во Масачусетс

Историската Прва баптистичка црква во Вејкфилд, Масачусетс, беше изгорена до темел во огромниот пожар предизвикан од молња, пренесува РТ.Пожарот избувнал во вторникот вечерта, но пожарникарите не успеале да го спасат 180 метри високото здание. Сведоците велат дека пожарот бил предизвикан од молња што ја погодила црквата и бргу се раширил.„Го видов ударот на молњата, го видовме чадот и пожарот бргу се разгоре“, вели жителот Кристијан Бруно.За среќа, никој не бил повреден во пожарот иако во тоа време имало часови во црквата.100-ина пожарникари со часови се бореле со пожарот. Било толку жестоко што топлината можела да се почувствува во неколку блока, а огнените пламени можеле да се видат од периферијата на градот.

Свет | пред 7 години

studentski

Студентскиот дом „Стив Наумов“ до петок ќе остане без топла вода и парно

Поради дефект на внатрешната инсталација во Студентскиот дом „Стив Наумов“, една зграда од четирите нема топла вода, а во две згради нема парно греење. Од Државниот студентски дом „Скопје“ информираат дека интензивно се работи на терен за итно отстранување на дефектот и во рок од два дена, односно во петок, студентите сместени во студентскиот дом ќе имаат и топла вода и парно греење.„Во моментот се работи на санирање на наследената катастрофална состојба во домовите и на замена на дотраената и стара опрема, а истовремено се исплатени и обврски во висина од 2 милиона евра од наследениот долг од 5 милиони евра. Гу уверуваме студентите дека ќе се решат наследените проблеми во студентските домовите, кои се затекнати во катастрофална состојба, а условите за живеење и учење во студенстките домови ќе продолжат да се подобруваат“, велат од Државниот студентски дом „Скопје“.Од таму додаваат дека во последна фаза е воведување на новото мени по повеќе од 15-ина години, како и дека набргу ќе почне реновирањето на кујната во „Гоце Делчев“, реконструкција на покривите во „Стив Наумов“, поставување видеонадзор за обезбедување поголема безбедност на студентите и подобрување на квалитетот на храната.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

В недела почнува зимското сметање на времето

В недела на 28 октомври во 3:00 часот изутрина завршува летното сметање на времето и започнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија.-Часот кој поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува – првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, соопшти Бирото за метрологија.Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО–ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон за амнестија за вклучените на 27 април

Опозициската ВМРО–ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата на 27 април во Собранието, велат од партијата. Од таму велат дека доколку власта навистина е за помирување, тогаш ќе го прифати предлогот. Текстот на овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе на разгледување до сите парламентарни партии.Од партијата велат дека нема да учествуваат во работа, на како што велат, некакви комисии и форми во Собранието, кои според ВМРО-ДПМНЕ се само за замaјување на јавноста и обид за селективна правда.

Македонија | пред 7 години

ivanov-2

Мнозинството пратеници гласаа спротивно на волјата на народот, критикуваше Иванов на средбата со Церар

Иако на референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено не го прифати Договорот од Преспа, Собранието на Република Македонија тоа не го зеде предвид, а мнозинството пратеници постапија спротивно на волјата на народот, изјавил претседателот Ѓорге Иванов на средбата со заменик претседателот на словенечката влада и министер за надворешни работи Миро Церар.На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, двајцата соговорници разговарале за унапредувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Словенија кои ги карактеризира доверба, пријателство и цврсто партнерство, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот.Иванов нагласил дека континуираните посети на политичко ниво дополнително ги потврдуваат одличните односи меѓу двете земји и се заблагодарил за одличната соработка меѓу двете земји за време на мигрантската криза во 2015 година  и за присуството на словенечката полиција на нашата граница. Според него, во наредниот период напорите треба да се насочат кон динамизирање и зголемување на економската соработка и трговската размена, преку поттикнување на заедничките инвестиции.„Во однос на македонските евроатлантски интеграции, Иванов изрази надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Словенија ќе продоложи и во иднина, со цел отвoрање на пристапните преговори со ЕУ и членство на Република Македонија во НАТО.Во однос на политичките случувања во нашата земја, македонскиот претседател истакна дека иако на референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено не го прифати Договорот од Преспа, Собранието на Република Македонија тоа не го зема предвид, при што мнозинството пратеници постапија спротивно на волјата на народот“, пишува во соопштението.Иванов и Церар зборувале и за предизвиците од илегалната миграција и заклучиле дека досегашната успешна соработка треба да продолжи и во иднина со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

Македонија | пред 7 години

naum

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за амнестија за сите обвинети за 27 април

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27 април и власта доколку е за вистинско помирување и правда за сите, истиот предлог ќе го прифати, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци најави поднесување Закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27 април. Власта сега со најави за некакви комисии или форуми во Собранието за наводна правда, не прави ништо друго освен обид за замајување на јавноста и обид за селективна правда што во суштина е неправда. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии кои треба да обезбедат селективна слобода само за оние кои учествуваа во гласањето за потреба за уставни измени произлезени од договорот со Грција“, рече Стоилковски.Тој додаде дека текстот на предлог законот за амнестија ќе го поднесат на разгледување до сите парламентарни партии.

Македонија | пред 7 години

lence-neloska-1

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крати финансиски средства во здравството

Владата очигледно воопшто не се грижи за граѓаните и за нивното здравје, а не се грижи ниту за докторите, медицинските сестри, здравствените работници. Владата крати финансиски средства таму каде што е најкритично, таму каде што се најпотребни – во здравството. За оваа една и пол година успех има само во договорите во четири очи и местењето тендери, меѓутоа но не и во подобрување на состојбата во здравството, обвини Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.„Со ребалансот на буџетот за 2018 година СДСМ крати пари за рана детекција на малигни заболувања. За оваа намена е предвидено да се намалат речиси 80 илјади евра. А се кратат и околу 60 илјади евра наменети за едукација на лекари. Замислете! Нешто во што вложуваат земјите од целиот свет, како што е раната детекција на малигните болести, како што е едукацијата на лекарите, не е важно за министерот за здравство, Венко Филипче. Колку за илустрација: претходно, навремено имаше доволно термини за превентивни прегледи за првенција од малигни болести, а сега само за мамографија, на пример, се чека по 2 до 3 месеци. Претходно, околу 3.000 здравствени работници беа упатени на едукација во врвни медицински центри во Европа и светот, а сега колку и каде се пратени?“, прашува таа.Според неа, за новата клиничка болница во Штип, која требаше веќе да биде готова, се кратат околу 600 илјади евра за изградбата, а таа е од голема важност за жителите на поголем регион од Македонија.„Владата предводена од Заев продолжува да го уништува здравството во Република Македонија. Ги заборавија и граѓаните, ги заборавија и здравствените работници. Затоа, пак, не се заборавени нестручните и сомнителните ликови кои добиваат функции. Не се забораваат ниту набавките во четири очи и местењето тендери“, рече таа. 

Македонија | пред 7 години

dimce-arsovski-2

(ВИДЕО) Арсовски: Заев му доделил државно земјиште на Кочо Анѓушев

Денеска, обелоденуваме уште еден документ каде што Зоран Заев му потпишал согласност за потпишување договор за давање под долготраен закуп градежно земјиште на фирмата на Кочо Анѓушев, „МХЕ тополки ДОО“ Скопје, за поставување вод за приклучување за МХЕЦ „Врановска Река“ со напојна точка, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Одлуката е донесена истиот ден кога Зоран Заев му доделил на Кочо Анѓушев, неговиот заменик во Владата, по пат на непосредна спогодба, т.е. на фирмата ‘Тополки’, градежно земјиште за изградба на нова хидроцентрала. Во истата фирма ‘Тополки’ управител е Тодор Анѓушев, братот на Кочо Анѓушев. Повторно прашуваме дали станува збор за нов скандал, каде што Владата во која Кочо Анѓушев е втор човек му доделува нему во непосредна постапка согласност за изградба на хидроцентрала и согласност за доделување земјиште за поставување вод на друга хидроцентрала?“, праша Арсовски.Кочо Анѓушев, додаде тој, преку медиумите ја уверуваше јавноста дека неговите фирми нема да учествуваат и нема да добиваат бенефити од институциите на кои самиот им е претпоставен како вицепремиер.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Струмичанец завршил со повреди на главата кога негов соселанец го удрил со стап

Дваесет и седумгодишен маж од селото Баница бил пренесен со повреди во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.Според пријавата во МВР, мажот тој ден собирал дрва на планина во атарот на селата Попчево и Рич кога негов соселанец од Баница со стап го удрил во пределот на главата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Нападнати двајца полицајци пред угостителски објект

Поднесена е кривична пријава против три лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, соопшти Министерството за внатрешни работи.Тројцата пред угостителски објект на улицата Црвена скопска општина во Скопје физички нападнале двајца полициски службеници кои преземале мерки по пријава за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање гласна музика.

Скопје | пред 7 години

44768125_184422845817614_2117975289941196800_n

Николовски: Креираме нови мерки за одржливо управување и менаџирање со шумите

Денеска беше потишан Меморандум за одржливо управување и менаџирање со шумите во државата и трајно зголемување на шумскиот фонд помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.„Со овој Меморандум, ние како ресорно министерство, во координација со ЈП Македонски шуми и со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, се обврзуваме да ги унапредиме постоечките и да креираме нови мерки во Програмата за рурален развој, со една единствена цел - зголемување на економските, еколошките и културните вредности на шумите. Токму во овој период се подготвува новата Програма за рурален развој за 2019 година, во која што ќе бидат унапредени постоечките и имплементирани нови мерки за секторот шумарство“, изјави Николовски.Со Буџетот за 2018 година сумата за Програмата за проширена репродукција на шумите и за Програмата за развој и унапредување во ловството  е зголемена од 10 на 21,5 милиони денари. Овие средства се наменети за унапредување и превентивна заштита на шумскиот фонд и мал дел мерки во ловството. Министерот Николовски потенцираше дека со денешниот Меморандум е планирано креирање и унапредување на  мерките  од Програмата за проширена репродукција на шумите, а преку соработка и комуникација со стручната фела и со претставниците на Здружението, ќе се имплементираат нови мерки од заеднички интерес и ќе се издвојат повеќе финансиски средства. Резултатот ќе биде зголемување и унапредување на шумскиот фонд.Со овој Меморандум почнува континуирана соработка со „Македонски шуми“, стручната фела и  претставниците на Здружението. Ќе се работи на нови мерки од заеднички интерес и обезбедување повеќе финансиски средства, а резултатот ќе биде зголемување и унапредување на шумскиот фонд. Воедно, Меморандумот предвидува соработка при изработување на Закони и подзаконски акти од областа на шумарството.Николовски во продолжение најави сериозни реформи во шумарскиот сектор во наредниот период, за што МЗШВ има финансиска и техничка помош од ФАО. Конкретно, се развива методологијата за спроведување на Национален инвентар за шумите, која ќе трае до крај на година.Дополнително, со европската  ИПА 2019, за македонското земјоделство и руралниот развој се планирани 15 милиони евра, со кои за првпат ќе се финансира и секторот шумарството. Парите ќе се искористат за воспоставување шумарски информативен систем, што е важно за одржливо стопанисување со шумите, креирање на политиките за приближување на македонското шумарство кон современите текови и обезбедување податоци клучни за развојот на овој сектор.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Царовска: За неполна година извршени 8.227 надзори

Здрава и безбедна работна средина води до поефикасни и попродуктивни работници. Затоа, еден од основните предуслови за успешна работа е чувањето и унапредувањето на здравјето на работниците, на што ние целосно сме посветени како Влада. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која со претседателот на УО на ЕВН Македонија, Штефан Петер, денсека присуствуваше на презентацијата на добрите пракси за безбедност при работа во ЕВН Електрани Скопје. Ова е една од неколкуте компании кои се добитнички на Националната награда за добра пракса во делот на БЗР во 2017 година, а настанот го организираше Здружението на инженери за заштита „Тутела“.„Освен подобрување на законската регулатива, работиме на зајакнување на Државниот инспекторат за труд со стручен кадар. Примарната цел на овој инспекторат, не е да ги казнува работодавачите, туку да контролира дали ги применуваат стандардите и мерките за безбедност на вработените на работните места. Тоа ќе го постигнеме со постојано зголемување на бројот на инспекциски надзори кои според планот во 2019 година треба да изнесуваат 18.390, што е драстично зголемување во однос на претходниот период“, истакна министерката Царовска.За споредба во 2017 година Државниот инспекторат за труд  изврши 7.406 редовни инспекциски надзори и 3.552 вонредни инспекциски надзори, а заклучно со август годинава инспекторатот има направено вкупно 8.227 надзори.За да може да се постигне добра пракса за безбедност и здравје при работа Македонија разви Стратегија за безбедност и здравје при работа до 2020 година и Акциски план во кој се предвидени голем број на активности насочени кон системот на управување со БЗР  во кој се вклучени и сите засегнати страни. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Со шест лица влетал во стан и си ја грабнал поранешната девојка

Вчера околу 20 часот во СВР Скопје, И.М. (19) од Скопје пријавил дека истиот ден во неговиот дом дошле лицата А.Г., С.Г., З.Н., С.Н., А.Н. и уште две непознати лица и физички го нападнале него и неговиот зет Ф.Р..После тоа, А.Г. ја однел Д.А., со која А.Г. претходно бил во врска.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

violeta-kovacevic-vmro

(ВИДЕО) Ковачевиќ: Владата крати 2 милиона евра за животната средина, а троши на луксузни производи

Kриминалната влада на Зоран Заев има пари за сè, само за потребите на граѓаните не, обвини Виолета Ковачевиќ од ВМРО-ДПМНЕ. Како што вели таа, СДСМ од опозиција ветуваше:„Зголемување на инвестициите за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот, а од позиција на власт крати 2 милиона евра од буџетот наменети за заштита на животната средина.Човекот што дрско одеше и ветуваше квалитетен амбиентален воздух, сега ни на крај памет не ја става животната средина како една од приоритетите на граѓаните.Две години подоцна откако Зоран Заев ги изманипулира граѓаните, наместо за подобрување на квалитетот на воздухот, парите на граѓаните ги троши на милионски тендери во четири очи, за набавка на луксузни производи, цвеќиња за владата од 670 илјади евра, кафе за 40 илјади евра, морам да ги споменам и фантастичните 1 милион и 600 илјади евра за лубриканти.Од друга страна, мерните станици за квалитетот на воздухот на повеќе локации не функционираат, а во буџетот нема пари за нови. Но, Владата треба да знае дека тоа што на места нема мерни станици не го менува фактот дека воздухот е загаден.Град Скопје, а и други градови од внатрешноста, кои минатата година соборуваа рекорди во загаденост на воздухот, ниту оваа зима нема да ги заобиколи овој проблем бидејќи власта не направи ништо од она што го ветуваше.Министерството за животна средина, кое е најповикано во однос на овој проблем, една и пол година нема направено ништо за животната средина, нема активности, нема нови проекти, а дури и повеќето од планираните проекти се одложени.ИПА-проектите доцнат, а најклучните, како двете регионални депонии, се доведени во прашање. Може да се случи поради несериозниот пристап и непрофесионалност на градоначалниците од СДСМ, да се изгубат повеќе од 50 милиони евра.Тука да не го заборавиме и проектот за колекторот за Охридското Езеро, кое во исто време навестува голема загриженост, а токму власта нема ниту денар ниту идеја како да се почне со овој проект.Со ветувањата дека ако почнеме преговори со ЕУ, ќе добиеме многу средства со компензациските фондови, се поставува прашањето каде и како ќе ги потрошат кога не знаат да ги искористат ниту овие што сега им се на располагање, а очигледно сето тоа е поради немањето ни идеја ниту, пак, стручност за понатамошна реализација.Ако не беше владата на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да ги има ниту пречистителните станици во Берово, Гевгелија, Волково, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп, Карбинци, Ново Село, а и многу други проекти за кои имаме подготвено техничка документација.Тоа е разликата: во искрената посветеност, професионалност и желба за подобра животна средина на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ.Карактеристичните лажни ветувања без реализација, но и без срам за нивно нерелизирање од страна на СДСМ. Токму затоа оваа неодговорна власт мора да си замине“, порача Ковачевиќ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична пријава против охриѓанец поради закани преку „Фејсбук“

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид поради објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по загрозување на сигурност.По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, во понеделникот М.К. е повикан во полициска станица, каде што појаснил дека објавата ја направил од својот мобилен телефон, кој е одземен за понатамошно вештачење.„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани што се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

25 факти за една од најубавите европски земји – Норвешка

Норвешка е една од најубавите земја во Европа, а Норвежаните се сметаат за најдружељубивите луѓе на планетата. Тие се отворени, но и многу освестени. Во Норвешка родителството е едно од најважните нешта во животот на човекот, па затоа се поттикнуваат и мажите да поминуваат повеќе време со своите деца. Тука и татковците имаат породилно отсуство од 10 недели што го користат 90% од жителите.Норвежаните исто така ја почитуваат и ја чуваат природата. На улиците често можете да чуете како тие загрижено разговараат за промената на климата. Природата ја почитуваат и така што поголемиот дел од нив го користат велосипедот како примарно транспортно средство. Иако спаѓаат меѓу најбогатите луѓе во Европа, Норвежаните ги облекуваат своите деца исклучиво во половна облека, учејќи ги дека материјалните нешта не се на првото место во животПрочитајте ги и следниве 25 факти за оваа неверојатна земја…1. Норвешка е 6-та по големина во Европа, по копнена маса. Но, со бројот на жители се наоѓа на 28-то место.2. Боговите како Один и Тор биле обожувани во Норвешка пред преминот кон христијанство, во 995 година.3. Во 19 век, стотина илјади Норвежани емигрирале во Америка, и денес поголем број од нив живеат таму отколку во Норвешка (6 милиони во Америка, 4,8 милиони во Норвешка).4. Во Хамерфест, најсеверниот град на светот, во текот на двата летни месеци, сонцето сјае и на полноќ. Норвешка затоа е и позната како Земјата на полноќното сонце.ен од најскапите градови во светот.7. На аеродромот Гардермоен, се наоѓа најголемиот „free shop“ во Европа.8. 99% од норвешката електрична енергија доаѓа од хидроелектрани.9. 90% од брачните парови во Норвешка имаат сопствена куќа или стан.10. Образованието во Норвешка е бесплатно.11. Се верува дека во 14-от век, чумата убила половина од жителите на оваа земја.12. Нобеловата награда за мир се доделува секоја година во Осло.13. Норвешка е една од ретките европски земји која не сака да биде член на Европската унија. Биле одржани дури два референдума (1972 и 1994 година) на кои народот јасно се изразил дека не сака да влезе во оваа заедница.14. Норвежаните обожаваат да кажуваат вицови и смешки за Швеѓаните.15. Норвежаните можат да се пофалат со најдолгиот тунел на светот – тунелот Лардал се протега неверојатни 24,5 километри. Тој е поделен на четири тематски дела со цел возењето, што трае 20 минути, да биде помалку стресно.16. Тунелот Еиксунд во Норвешка е најдлабокиот подморски тунел од тој вид во светот. Долг е 7.765 метри и достигнува длабочина од 287 метри.17. Норвешка е позната и како земјата на 1.000 фјордови, благодарение на многуте тесни, длабоки заливи покрај стрмни брегови.18. Вториот по ред најдолг фјорд се наоѓа во Норвешка. Согнефјорден е долг 205 километри, и сега засега Британецот Луис Гордон е единствениот што го препливал. Тоа се случило во 2004 година.19. Во Норвешка само 2,28% од површината е обработлива.20. Скијачката скокалница во Холменколен, во близина на Осло, е најстарата во светот. Првото натпреварување се одржало во 1892 година, а оттогаш, продолжило да се повторува секоја година во март.21. Ако полиција ве фати како возите пијани, ќе одите во затвор 30 дена и веднаш ќе ви биде одземена возачката дозвола на година дена.22. Норвежаните се едни од ретките народи што одат во лов на китови.23. Хорниндалсватнет е најдлабокото езеро во Европа. Тоа достигнува неверојатни 524 метри.24. Во Норвешка има околу 450.000 езера.25. И околу 50.000 острови, со бег во должина од 83.000 километри.

Свет | пред 7 години

dOEKR-kina-odgovor-sad-zakana

Жесток одговор на Кина на заканите на Трамп

Кинеските власти и официјално одговорија на предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп кој што порача дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија, се додека Русија и Кина не се вразумат.После ваквата изјава на американскиот претседател, Кинезите порачаа дека нема да толерираат било какви уцени, од било која земја на светот.Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи испрати предупредување до Соединетите Американски Држави да не одат „низводно“ и два пати да размислат пред да донесат било каква одлука за повлекувањето од нуклеарниот договор со Русија.„Обрнавме внимание на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот советник Џон Болтон поврзана со Кина во контекст на нуклеарниот договор. Кина секогаш се придржувала до својот одбранбен карактер на националната политика за одбрана и заштитата на своите државни интереси. Кина нема да толерира било каква уцена, од било која земја“, изјави портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.Да потсетиме, Доналд Трамп во понеделникот предупреди дека Соединетите Американски Држави имаат намера да го зајакнат својот нуклеарен арсенал со цел да извршат притисок врз Русија и Кина.„Тоа е закана до кого сакате. И тоа ја вклучува Кина и ја вклучува Русија. Ги вклучува сите кои што сакаат да ја играат таа игра. Не можете да ја играте таа игра со мене“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.Првиот човек на САД исто така порача дека ќе инсистира на спроведување на својот план за зајакнување на нуклеарниот арсенал на американската армија, се додека Русија и Кина „не се вразумат“.

Свет | пред 7 години

soobr1

Автомобил удри во старец во Скопје

Седумдесет годишен старец од Скопје е тешко повреден откако во него удрил автомобил „Сеат“. Несреќата се случила на крстосницата од улица „Александар Урдаревски“ со улица „Душко Поповиќ“ во Скопје, а со возилото управувал 46-годишен скопјанец.Притоа, повредениот старец бил однесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања