Скопје1.мк

Нема фотографија

Жена искасана од куче во Градски парк

Куче скитник искаса жена на кејот на Вардар во Градскиот парк во Скопје.Според информациите на МВР, вчера во 19.35 часот, С.М. (39) од Скопје пријавила во полиција дека во понеделникот околу 18.20 часот на кејот била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 7 години

000_N83S9

Важна е улогата на парламентите во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан, порачаа Соботка и Лемрт

Приближувањето на државите од Западен Балкан е во јасен европски интерес, но пред пристапувањето на земјите од регионот, мораат јасно да се изјаснат за основните вредности на ЕУ и да се спроведат внатрешни реформи, оценуваат претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка, и претседателот на фондацијата „Конрад Аденауер“, Норберт Ламерт.Европскиот парламент, како и националниот парламент во тој процес ќе играат важна улога бидејќи мораат да внимаваат да ги исполнат пред пристапните критериуми, рекле Соботка и Ламерт на собир во Виена, под називот „Пристапна перспектива за Западен Балкан – улогата на парламентите“.

Свет | пред 7 години

majcin-dom

Инвеститорот на деветкатницата има уште две парцели во близина на „Мајчин дом“

Инвеститорот на деветкатницата кај „Мајчин дом“ е сопственик на уште две локации во близина, кои сега се зеленило. Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги „ЗСФ-ком“, според електронските податоци од Катастарот, е сопственик и на парцелата покрај „Мајчин дом“, која граничи со парцелата за деветкатницата, но оваа компанија се јавува како сопственик и на полјаната меѓу училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ и црвените кули во Аеродром, каде што сопствеништвото го дели со „Еуроактива“.Покрај „Мајчин дом“, „ЗСФ-ком“ има 1.495 квадратни метри, а во близина на „Ѓорѓија Пулевски“ парцелата е 136 квадратни метри поголема од онаа за деветкатницата и има површина од 3.674 квадратни метри.Од Општина Аеродром смируваат и тврдат дека на полјаната не може да се појави објект оти нема маркичка за градење, туку во ДУП просторот е потврден како зеленило и покај тоа што е приватна сопственост.Жителите на Аеродром не веруваат на ваквите тврдења од Општината бидејќи и просторот за деветкатницата до април лани беше зеленило без маркичка за градење, но во приватна сопственост, а годинава веќе се гради деветкатница. Зеленилото меѓу булеварот Јане Сандански и „Мајчин дом“ стана приватна сопственост пред десетина години, а деветкатницата беше предвидена лани.Сопственикот на „ЗСФ-ком“, Фатмир Етеми, е недостапен за коментар, а не одговара ниту на прашањата испратени на официјалната имејл-адреса на компанијата.Жителите на Аеродром очекуваат и овие две парцели да се најдат на дневен ред на вонредната седница на Советот на Општина Аеродром закажана за петок, на која треба да се бара решение за трајно стопирање на деветкатницата.

пред 7 години

majkl

Мајкл прерасна во ураган од четврта категорија

Гувернерот на Флорида, Рик Скот на Твитер напиша дека „Помина времето за евакуација долж брегот, ако одлучите да останете во зона на евакуација мора веднаш да побарате засолниште“.Ураганот Мајкл денеска прерасна во ураган од четврта категорија, пред да ја погоди Флорида, поради што 500.000 луѓе се советувани да се евакуираат.– Ураганот Мајкл со себе носи ветер со брзина од 220 километри на час, а може да предизвика и големи бранови со висина од четири метри- предупреди Нациоанлниот центар за урагани.Гувернерот на Флорида, Рик Скот на Твитер напиша дека „Помина времето за евакуација долж брегот, ако одлучите да останете во зона на евакуација мора веднаш да побарате засолниште“.Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во цела Флорида.Градоначалникот на Апалачикол, Ван Џонсон изјави дека градот би можел да биде најмногу погоден и оти евакуацијата е обврзна.

Свет | пред 7 години

veljanoski

Продолжете во благопријатна атмосфера, ама немате двотретинско мнозинство, порача Вељаноски и излезе од салата

Менувањето на Уставот е спротивно на мнозинската волја на народот, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, кој веднаш по премиерот Зоран Заев се обрати пред членовите на собраниската Комисија за уставни промени, а по обраќањето ја напушти салата.„Изјавувам дека немам мандат ниту намера да учествувам во обидите за менување на Уставот. До сега сами го водевте процесот кој народот го запечати со референдумски неуспех. Продолжете во благопријатна атмосфера, но знајте дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот“, рече Вељаноски.Според него, Договорот со Грција бил штетен, нелегален и противуставен и бил склучен во тесен владин круг, без да се вклучат опозицијата и експертите, а не е потпишан ниту од претседателот на државата. Вељаноски додаде дека граѓаните на референдумот го отфрлиле договорот.„Се случи 30 септември кога со пасивност и неизлегување народот ја победи пропагандата на власта. Тоа е императив, задолжителна обврска за Собранието и за сите. Немаме мандат да ја менуваме одлуката на народот. Немаме намера да учествуваме во обидот за менување на Уставот“, изјави Вељаноски.Другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ останаа во салата и дел од нив сепријавени за реплики.

Македонија | пред 7 години

fetai

Многу сте расположен со оглед на тоа дека ви се ближи времето, му рече Фетаи на Груевски

На денешното судење за насилството во општина Цнетар, поранешниот премиер, Никола Груевски прокоментира дека обвинителката Фатиме Фетаи зборувала без да добие право на збор и се насмеа откако судијата рече дека таа е обвинител и може да зборува во оваа фаза.На тоа Груевски само се насмевна, а Фетаи му се обрати со зборовите „многу сте вие расположени со оглед дека ви се ближи времето".Груевски и рече дека нема потреба да се грижи за неговото расположение, по што Фатиме одговори дека се грижи и за здравјето и за расположението на обвинетите. Потоа почна расправа во судницата, Фетаи стана и рече „помина времето кога не смееше никој да му возвраќа".Судијата повика на мир во судницата, а некои од обвинетите се обратија кон јавноста со зборовите „ајде сега и ова да го објавите".Во случајот „Насилство во Центар" обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица.На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Македонија | пред 7 години

murtino

Заев: Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат уставните измени

Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и заедно, исклучиво заедно да ја однесеме Македонија напред, порача денеска премиерот Зоран Заев на  седницата на собраниската Комисија за уставни измени на која на дневен ред е Предлогот за пристапување на измени на Уставот во согласност со Договорот од Преспа.Заев, образложувајќи го предлогот на Владата, истакна дека од досегашниот увид и реакциите на јавноста нема ништо спорно во предлогот за уставни измени, што по одлуката на Владата веднаш беше објавен, повикувајќи ги пратениците да се обединат околу стратешките цели на земјата. За стручната и експертска јавност, рече тој, измените се согласно меѓународните стандарди.– Оваа иницијатива се покренува во согласност со законите и институционалните постапки за уставни измени, рече Заев кој потенцираше дека пратениците се тие кои треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ и дека треба да се изјаснат по свое убедување и согласно волјата на граѓаните без да подлегнуваат на никаков притисок, рече Заев.Со решението на спорот со Грција, посочи, изградено е пријателство меѓу двете земји, а надминат е и дведецениски спор со што земјата се извлекува од изолацијата и се отвораат евроатлантските перспективи.– Вашата одлука ќе ја испрати во историјата времената референца ФИРОМ. Придобивката е бесценета – зајакнат идентитет и гаранција за безбедност, стабилност, гарантиран економски развој и просперитетна иднина на сите наши граѓани. Македонскиот идентитет е заштитен за век и векопв. Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во ОН – macedonian, без фусноти, признанен и прифатен и од нашиот јужен сосед Република Грција. Нашиот влог во компромисот е дефинирање на прецизирано македонско име за нашата држава, кое е достоинствено и географски прецизирано – Република Северна Македонија, рече Заев.Потсети дека првите чекори се веќе направени со ратификацијата на Договорот во македонскиот Парламент и писмото кое следеше од грчка страна до Европскиот совет дека се отстранети пречките да добиеме датум за преговори, по што го добивме, како и поканата за членство во НАТО на самитот во јули.– Во јануари не очекува столчето во Советот на НАТО веднаш откако ќе го потпишеме пристапниот протокол. За да го потпишеме ни треба спроведување на иницијативата за уставни измени во Собранието. Со тоа ќе ја оствариме една од највисоките стратешки цели на Македонија од независноста и ќе води кон наше членество во ЕУ, рече Заев.Ова прашање, рече, не е лесно но на него се препознава лидерството и порача дека интеграцијата во НАТО и ЕУ не може да биде попречена од каква било закана или обид за заплашувања, поткуп и сл.– Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и заедно, исклучиво заедно да ја однесеме Македонија напред. Сега е време да ја потврдиме заедно одлуката од 1993 година според која членството во ЕУ и НАТО се наши заеднички и врвни стратешки прироритети. сега е време да се ефектуира декларацијата за члнество во НАТО што ова Собрание ја донесе во јули, годинава, со која пратениците покажаа дека е тоа врвен надпартиски интерес и дека за тоа прашање постои највисок граѓански и меѓуетнички и политички консензус. Сега сите пратеници без оглед на која партијата и припаѓаат имаат историска должност и обврска пред граѓаните да го обезбедат патот кон ставбилност безбедност и економски проспритет а тоа е патот кон ЕУ и НАТО кој води преку македонско-грчкиот договор, рече премиерот Заев.Македонија нема веќе генерации за губење, истакна премиерот и ги повика пратениците да се одважат, да го следат интересот на граѓаните и да ја прифатат историската можност, односно да донесат силна одлука што ќе ја поведа земјата напред.

Македонија | пред 7 години

arm

Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти

Со неколку истрели во воздух на границата со Грција војници на АРМ спречиле група мигранти нелегално да влезат во наша територија. Еден од мигрантите е уапсен, додека другите се вратиле на територија на нашиот јужен сосед.Од АРМ за МИА информираат дека при редовното извршување на задачите, при патролирање во реонот на регионалниот пат Гевгелија- село Моин, во реонот на живинарската фарма, од страна на патролата на АРМ е забележано движење на група луѓе кои нелегално ја поминале граничната линија.-Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации  од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето, но поради нивно натамошно движење, биле истрелани неколку предупредувачки куршуми во воздух,  по што нелегалните минувачи се вратиле назад на грчка територија, додека еден од нив кој застанал е задржан и предаден на органите на МВР за натамошна постапка, изјавија од АРМ за МИА.Од македонската армија уверуваат дека АРМ со припадниците на граничната полиција остануваат максимално подготвена за спречување на сите обиди на нелегално влегување на територијата на нашата држава од почетокот на мигрантската криза.

Македонија | пред 7 години

uragan-1

Ураганот Мајкл преминa во трета категорија, се очекува уште да добие на јачина

Ураганот Мајкл веќе е трета категорија од можни пет според скалата Сафир-Симпсон, соопшти Националниот центар за урагани на САД.Се очекува Мајкл денеска подоцна да стигне до државата Флорида,  но и да се доближи до четврта категорија.Во моментов Мајкл е околу 375 километри југоисточно од Апалачикола, Флорида, а неговите ветрови се со брзина од 195 километри на час.

Свет | пред 7 години

eksplozija

Осуммина повредени при експлозија во рафинеријата во БиХ

Осум лица се повредени минатата ноќ при експлозија и пожар во рафинеријата за нафта во Босански Брод, во северна Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска.Пожарот во рафинеријата е изгаснат за неколку часа. Повредените се со лесни повреди, но ќе останат во болница за натамошно следење на состојбата.Властите не соопштија детали за причината за експлозијата.Рафинеријата во Босански Брод е единствена рафинерија во Босна и Херцеговина. Таа е сопственост на руската компанија „Зарубжњефт“ и вработува околу 900 лица.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја делови од Чучер-Сандево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар и Петровец

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општина Чучер-Сандево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар и Петровец.Во периодот од 8:00 до 15:00 часот корисниците од делови од селата Бањани, Чучер и Сандево, во општина Чучер-Сандево ќе бидат без електрична енергија.Понатаму, како што посочуваат од ЕВН во своето соопштение, без струја во периодот од 8:40 до 14:00 часот ќе бидат и дел од корисниците од улиците Женичка, Коце Металец, Гемиџиска, Филип Филиповиќ, Ташко Караџа, Бапчор, Лазар Поп Трајков, Киро Глигоров, Габреж и СУГС Панче Арсовски, во општина Гази Баба, додека, пак, во периодот од 8:55 до 14:00 часот во истата општина ќе бидат и дел од корисниците од улиците Гемиџиска, Зеничка, Коце Металец, Душан Тасковиќ, Филип Филиповиќ, Тајмишка и Рударска.Во општина Центар во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од дел од улицата Рајко Жинзифов, а во општина Ѓорче Петров струја ќе нема во периодот од 10:15 до 13:14 часот кај корисниците од викендичките околу село Кучково.Во периодот од 8:50 до 16:00 часот, како што стои во соопштението на ЕВН, без електрична енергија ќе останат и корисниците од село Живиње и село Катлановска Сушица во општина Петровец.

Скопје | пред 7 години

hitler

Роднина на Хитлер се вљубил во Еврејка

Американец, далечен роднина на Хитлер се вљубил во Еврејка, но врската не успеала, кога таа ја дознала семејната историја.Браќата Александер, Брајан и Луис Стјуарт-Хјустон се внуци на Алоис, полубрат на Адолф Хитлер и се последните живи роднини на нацистичкиот лидер. Нивниот дедо се оженил за Ирка, и живееле  во Даблин, откаде што се преселиле во Англија, па во САД.Сето тоа пред Втората светска војна. Нивниот татко Вили Хитлер се вклучил во американската морнарица, и се  борел против Германците, што било популарно наречено Хитлер против Хитлер.Тројцата браќа, кои денес живеат на Лонг Ајленд, имале и четврти брат,  Хауард, кој загинал во сообраќајна несреќа пред 30-на години.Александер за повеќе медиуми има раскажувано дека еден од браќата, што се уште не сака да го именува, бил во врска со Еврејка и сакал да се ожени со неа, но кога таа дознала за неговата семејна лоза, го напуштила.Тој за „Дејли Мејл“ изјави дека тие одлучиле да не се женат и да немаат деца, за „да се прекине крвната линија“ на Хитлер.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Австралија го менува законот за имиграција

Владата на Австралија објави предлог за менување на имиграциската политика, со кој новите мигранти ќе бидат принудени да живеат надвор од Сиднеј и Мелбурн.Ваквата политика има за цел да ја намали пренаселеноста во двата најголеми градови во Австралија, истовремено поттикнувајќи ги регионалните области, во вторникот рече министерот за население, Алан Туџ.Според Би-би-си, владата би можела да воведе услови за виза со кои би се одредило каде некои мигранти можат да живеат не повеќе од пет години.Сепак, некои експерти не се согласуваат дека идејата може да се спроведе и дека истата ќе ги постигне своите цели. Во моментов, околу 40 проценти од целокупното население на Австралија живее во Мелбурн и Сиднеј.

Свет | пред 7 години

noovinarka

Осомничениот за убиството на бугарската новинарка ќе биде ослободен

Романскиот државјанин кој беше задржан во притвор во рамки на истрагата за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова ќе биде пуштен на слобода, пренесуваат бугарските медиуми.Тоа го изјави шефот на регионалната полиција во градот Русе, Теодор Атанасов, кој додал дека против осомничениот нема да биде подигнато обвинение.„Нашата работа продолжува. Засега нема докази и околности кои можеме да ги објавиме. Романскиот државјанин ќе биде ослободен“, рекол Атанасов.Бугарската полиција претходно соопшти дека го задржала на 24 часа романскиот државјанин со украинско потекло, и дека го проверува неговото алиби во врска со убиството на Маринова.

Свет | пред 7 години

izvestaj

Извештајот за Македонија усвоен во Комисијата за надворешни работи на ЕП, најмногу амандмани од грчки европратеници

Со 47 гласа за, девет против и еден воздржан, Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на известувачот Иво Вајгл за Македонија во кој се поддржува отворање на преговори со ЕУ во јуни 2019.Извештајот треба да биде сега усвоен на пленарната седница на Европскиот парламент во текот на ноември. Зависно од развојот на политичката состојба во Македонија до тогаш оставена е отворена можност да се поднесат дополнителни амандмани.Вајгл поднесе еден дополнителен амандман по референдумот што се одржа на 30 септември во кој се истакнува дека е потребна дополнителна поддршка за евроатлантската иднина на земјата и ратификацијата на преспанскиот договор. Европратениците ја охрабруваат Владата да ги преземе сите потребни чекори за почитување на одредбите од договорот со Грција, гласи амандманот.Отфрлени беа неколку амандмани од грчки европратеници, меѓу кои амандмани на поранешната европратеничка Софија Сакорафа, која ја напушти партијата Сириза пред две години и која е против Договорот од Преспа.Таа меѓу другото поднесе амандман во кој побара да се избрише придавката „македонски“ во целиот извештај. Сакорафа исто така бараше да се отстрани од текстот реченица со која се потсетува дека Македонија на почетокот од 2000-та години беше првак во евроинтегративниот процес во регионот.Но, исто така беше отфрлен амандман на европратеник од групата на Зелените со кој се бараше да биде воведена констатација за планирани инфраструктурни проекти во заштитени зони што би имале значаен импакт. Амандманот, исто така, бараше почитување на препораките од Бернската конвенција и суспендирање на проблематичните проекти.Вчера на последната расправа за Македонија пред денешното гласање, европратеникот Едвард Кукан предупреди дека доколку дојде до предвремени избори во земјата „долго време ќе има мешаница“.

Македонија | пред 7 години

vlada

Влада: Македонија ги започнува преговорите за членство во НАТО

Владата на денешната седница ја разгледала и ја усвоила Информацијата за елементите од пристапните разговори за членство во НАТО, кон кои Република Македонија треба да се приклучи на 18 и 19 октомври, во седиштето на Алијансата во Брисел.Како што се наведува во соопштението, исто така, Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за формирање Работен комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО.Членовите на Работниот комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО се задолжени да ги спроведат пристапните разговори на Република Македонија во седиштетото на НАТО во Брисел, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Македонија | пред 7 години

monika

Денеска протест против приведувањето на Моника Ристеска, активистка за легализација на канабисот

Денеска во 12 часот здружението „Билка" организира протест против прогонот на активистката за легализација на канабисот Моника Ристеска. Судот вчера на Ристеска ѝ одреди притвор од 30 дена.„Ваквиот ригиден пристап на органите на прогонот и судот е НЕПРИФАТЛИВ и затоа ги повикуваме СИТЕ слободоумни граѓани, и оние кои се и оние кои не се уживатели на канабисот да дојдат на протест пред Јавното обвинителство, на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје за да го изразиме нашето незадоволство и искажување на нашата поддршка за неправедно затворената Моника. Излезете затоа што утре и Вас ќе ве апсат.И ЈАС СУМ МОНИКА, АПСЕТЕ МЕ!!!“, повика „Билка“.Ристеска била приведена за поседување 30 мл масло од коноп и 15 грама коноп, откако полицијата извршила претрес во нејзиниот дом.  „Луѓето кои се залагаат за декриминализација на коноп за лична и медицинска употреба не смеат да ги полнат затворите, туку државата треба да ги чуе нивните аргументи и заедно со нив да изготви поповолни законски решенија со кои ќе се овозможи употреба да конопот за реакреативни цели, а ќе се унапреди пристапот до лекови од канабис за медицински цели. Време е гласно да застанеме зад оваа идеја која е реалност во многу земји, додека во Македонија уште не третираат како криминалци за џоинт“, стои во повикот за протестот.Со протестот ќе се побара итно ослободување на Ристевска од притвор, но и легализирање на конопот за лична употреба.Ристеска е позната по своите ставови за легализирање на канабисот, а еднаш веќе беше приведена откако на јавно место пушеше џоинт.

Македонија | пред 7 години

komisija-1

Комисиска расправа за уставните измени

Комисијата за уставни прашања на Собранието на Македонија денеска треба да ја отвори дебата за владиниот предлог за уставни измени. Собраниската седница на која ќе треба да се гласа по Предлогот за пристапување кон уставни измени ќе се одржи в понеделник. Македонската влада упати до Собранието предлог за четири уставни амандмани – за додавање на додавката Северна во името Република Македонија, за измени во Преамбулата и за измени во членовите 3 и 49. Според роковите пропишани во Деловникот, целата постапка за уставни измени може да заврши најрано за три и пол месеци, но Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека постапката може да биде и итна по барање на Владата, на претседателот, на 20 пратенци и на претседателот на Собранието.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Google ја запира социјалната мрежа Google+

Google објави дека ќе стави крај на корисничката верзија на својата онлајн социјална мрежа, откако поради „баг“ во системот беа откриени лични податоци на повеќе од 500.000 корисници.Американскиот интернет гигант изјави дека ќе ја прекине работата на Google+ за корисниците, која го загуби натпреварот со Facebook.Портпароло на компанијата рече дека сериозните предизвици во креирањето и управувањето со Google +, за да се исполнат очекувањата на потрошувачите, како и нискиот интерес, се причина да се преземе овој потег.

Магазин | пред 7 години

novinar

Мистеријата на исчезнатиот новинар: Турција сака да влезе во конзултатот на Саудиска Арабија

Турција побара дозвола од конзулатот на Саудиска Арабија во нивните простории да го побара исчезнатиот саудиски новинар.Турски државни функционери за Ројтерс изјавија дека веруваат дека исчезнатиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул. Претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека лично го следи случајот со исчезнатиот новинар.На британската агенција неименуван турски функционер ѝ кажа дека претставникот на Саудиска Арабија во Анкара бил повикан во министерството за надворешни работи на разговор по втор пат за една недела.Од него било побарано турските дипломати да бидат целосно и постојано информирани за случајот.

Свет | пред 7 години

kosovo

Партијата на Харадинај му порача на Тачи дека и тој може да биде сменет

Потпретседателот на партијата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, Алијансата за иднината на Косово (ААК), Ардиан Ѓини, му порача на косовскиот претседател Хашим Тачи дека е „сосема возможно“ и самиот Тачи да биде урнат од позицијата претседател на  државата, јави дописникот на МИА од Приштина.Ѓини, во денешното интервју за телевизијата Т7, по повод вчерашната изјава на Тачи дека Харадинај може да биде сменет од функцијата претседател на Владата доколку продолжи да се спротивставува на идеите за „корекција на гранциите“ со Србија, рече дека „секој може да биде сменет, па така и претседателот Тачи“.При тоа, потпретседателот на партијата на Харадинај нагласи дека Тачи нема никаква законска моќ да го смени премиерот.– Тачи треба да биде по експлицитен. Постојат процедури за уривање, покрај политичките калкулации. Нема функционер кој добил позиција, било преку избори или именување, кој не може да биде сменет. Секој може да биде разрешен, изјави Ѓини.По вчерашната изјава на Харадинај дека „идејата за корекција на границите е мртва“, при што изрази и сочувство до заговорниците на таквото решение за споровите со Србија, Тачи му порача на премиерот дека „треба да се коригира“ и дека „тие што не се корегираат се сменуваат“.Самиот Харадинај денеска им изјави на новинарите дека „тој што сака да ја урне владата нема да зборува, туку ќе го стори тоа“.Косовскиот премиер, како и најголемиот дел од владејачките и опозициските партии и од јавноста во Косово од самиот почеток остро се спротивставуваат на идеите кои ги промовира Тачи за промени на границите со Србија, како дел од конечното решение на споровите меѓу двете земји.Решението што го нуди Тачи со размена на територии, изразено преку декларативната заложба за „корекција на границата“, има поддршка и од српскиот државен врв, пред се од претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кои тоа го нарекуваат „разграничување со Косово“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Три денари интервентна субвенција за производителите на јаболка

Интервентна субвенција од три  денари за килограм ќе добијат производителите на јаболка што ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од пет денари за килограм, одлучи Владата на денешната седница.Како што соопшти Министерството за земјоделство, со новата субвенција не само што ќе им се овозможи на земјоделците да имаат рентабилно производство, туку ќе се создадат услови и за откуп на целата количина произведени јаболка.– Владата ја донесе оваа одлука за да им се излезе во пресрет на производителите на јаболка особено во преспанскиот регион, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди. Поради штетите од врнежите на град во преспанскиот регион каде се засадени поголеми површини со јаболко и има оштетување на голем дел од плодот, економската вредност на родот е намалена и може да се употреби исклучиво за индустриска преработка – наведува Министерството.Проценките се дека поголема количина индустриско јаболко нема да може целосно да се преработи во преработувачките капацитети.– За да се овозможи откуп на целата количина, Владата одлучи да се воведе оваа нова субвенција од три денари за килограм која е резултат на повеќето средби кои министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со тимот од МЗШВ ги одржа изминатиов период со производителите и откупувачите на јаболка – стои во соопштението.Се дополнува и дека денешната нова субвенција е петта мерка која Министерството за земјоделство ја носи за овоштарството.МЗШВ потсетува дека годинава за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал, а за реконструкција кај овошните насади, особено кај јаболката за промена на асортимент, се воведе нова поголема субвенција од 9.900 денари. За промена, пак, на производството од житни во овошни култури земјоделците ќе добијат 30 отсто повисока субвенција по хектар. Дополнително, во годинашната Програма субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитети за овошје е зголемена од два на три денари за килограм. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Утре ќе заседава Комисијата за уставни прашања

Утре напладне ќе заседава Комисијата за уставни прашања, а во понеделник е закажана 61-та пленарна седница на Собранието, со единствена точка на дневен ред – Предлог за пристапување кон менување на Уставот. Според роковите, Комисијата може да расправа 10 дена, по што извештајот од неа повторно треба да се најде на пленарна седница.Премиерот Заев денска не откри дали веќе е обезбедено двотретинското мнозинство потребно за измени на Уставот, но како што најави, уште на самите дискусии во Собранието, ќе може да се забележи кои од пратениците би ги поддржале уставните измени. Доколку не се обезбеди мнозинството од 80 пратеници, Заев не ја отфрла можноста за предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

МНР потврди: Двајца Македонци загинаа во сообраќајката во Србија

Министерството за надворешни работи потврди дека во двете страшни верижни несреќи, што се случија на автопатот Белград-Ниш во двата правца, загинаа двајца Македонци.„Во моментов имаме телефонска потврда од полицијата во Јагодине дека, за жал, двајца македонски граѓани загинале во сообраќајната несреќа. Како што е вообичаената процедура, ние не ги соопштуваме имињата на загинатите, само потврдуваме дека се случило“, соопшти МНР.Повеќе од 35 лица беа повредени во страшен верижен судир, а повеќе од 40 возила беа оштетени.Некои од возилата се целосно уништени, до непрепознатливост.

Македонија | пред 7 години

protest

Протест во Аеродром против изградба на зграда кај „Мајчин дом“

Жители на општина Аеродром попладнево се собраа пред паркот кај Мајчин дом и го блокираа булеварот „Јане Сандански“, во знак на протест против изградбата на деветкатница.Насобраните граѓани бараат да не се гради деветкатницата и велат дека се изреволтирани од предизборните ветувања на градоначалникот Златко Марин. Тие извикуваа „нема правда, нема мир“, а на полицијата и викаа „кого штитите“.Од иницијативата „Сакаме Аеродром да дише“, бараат оставка од градоначалникот Марин, посочувајќи дека никој не се грижи за здравјето на децата.Градоначалникот Златко Марин, денеска на прес-конференција, рече дека не може да ги сопре градежните работи и ги повика граѓаните слободно да протестираат и искажат својот став.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања