Скопје1.мк

bosna1

Црните појаси на колена пред обоените појаси од “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, на Босна ОПЕН 2018

Викендов во Добој БиХ се одржа традиционално еден од поквалитетните А класа Теквондо ИТФ турнири на Балканов. На овај турнир учествуваа околу 350 натпреварувачи од 28 клубови од 7 земји во регионов, Србија, БиХ, Словенија, Хрватска, Словачка, Аустрија и Македонија.На овај престижен турнир учествуваше Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид со 8 натпреварувачи кои натпреваруваа во 2 дисциплини, форми и борби поединечно.Поради обврски на училиште не беа во можност дел од нашите натпреварувачи да дојдат на овај престижен турнир. На овај турнир можеме да се пофалиме дека сите наптреварувачи се закитија со медали од кои само тројца не се закитија со по 2 медали.Можеме да се пофалиме дека нашите натпреварувачи блеснаа во најубаво светло  каде прикажаа извонредна техника,  борбеност  и шампионски дух, со што добија најголеми пофалби од сите тренери кои беа присутни на овај турнир.Можеме да се пофалиме дека некои наши натпреварувачи во полуфиналните и финалните борби се сретнаа со црни појаси и со репрезентативци на други држави кои имаат учествувано на европски и светски, но тоа не беше никаква препрека за нашите херои, кои  без проблем и атрактивно ги поразија нивните  противници, при што Мари Крстески , Антонио Јанески и Стефан Каланоски докажаа дека квалитетот на нашата школа е врвен а воедно се потенцијални репрезентативци на Македонија се надеваме за брзо време, исто така за пофалба е и Елена Јанеска која се закити со 2 златни медали, која требаше да земе и пехар за најдобра кадетка, но пристрасноста беше појака кај судиите , а Божидар Димитриевиќ повторно се враќа во елемент кој влезе во повозрасна  категорија, но тоа не му сметаше да го одработи мајсторски овај турнир . Истотака можеме да се пофалиме дека имавме една од ретките прилики да се вратиме со најмногу златни а најмалку бронзени медали , што многу ретко се случува.Од овај престижен турнир се вративме со 6 златни медали, 4 сребрени и 3 бронзени, вкупно 13 медали. За квалитетот на нашите натпреварувачи и сите наши успеси  е најзаслужен нашиот генерален спонзор:“ПН МЕТАЛ”, кој и овај пат ни овозможи да одиме на овај престижен турнир , при што користам прилика во име на клубот да изразиме најголема благодарност до него, вели Марјанчо Лазаревски- тренер и претседател на клубот. Освојувачи на медали се: Елена Јанеска1 место –злато борби -50 кг кадетки 11-13 години1 место –злато форми жолт појас кадетки 11-13 години Антонио Јанески: 1 место –злато борби -60 кг јуниори  14-15 години2 место –сребро форми зелен појас јуниори  14-15 години Стефан Каланоски:2 место –сребро борби -57кг јуниори  16-17 години1 место –злато форми зелен појас јуниори  16-17 години Божидар Димитриевиќ:2 место –сребро борби  + 65 кг јуниори  14-15 години2 место –сребро форми плав  појас јуниори  14-15 години Јане Димов:3 место –бронза борби + 75 кг јуниори  16-17 години1 место –злато форми зелен појас јуниори  16-17 години Марио Крстески:1 место –злато борби -45 кг кадети 11-13 години Давид Крстески:3 место –бронза борби -40 кг кадети 11-13 години Филип Трифуноски:3 место –бронза борби +60 кг кадети 11-13 години

Спорт | пред 7 години

policija-2-1

Полицијата трага по 67-годишен маж од Скопје

Полицијата трага по 67-годишен маж од Скопје. Како што информира МВР вчера во 20 часот во Полициската станица Гази Баба С.А. (44) од Скопје пријавила дека на 1 октомври во непознат правец се оддалечил А.Д. (67) од Скопје. Се превземаат мерки за негово пронаоѓање.

Скопје | пред 7 години

lancani-830x0

(ВИДЕО) Шестмина загинати во верижен судир кај Јагодина

Најмалку 6 луѓе го загубија животот, а околу 30 се повредени во верижен судир на автопатот Белград – Ниш, во близина на Јагодина.Причина за оваа голема несреќа најверојатно е густата магла поради која видливоста била намалена на околу 10 метри.Како што е наведено во соопштението од српското министерство за внатрешни работи, околу 7 часот и 20 минути дошло до судир, во двете насоки на автопатот, во сударот биле вклучени повеќе возила и според претходните информации кои биле објавени, животот го загубиле шест лица.„Се движев од правец на Ниш со нормална брзина. Имаше голема магла и ништо не се гледаше. Почнав веднаш да кочам до камионот пред мене, застанав и излегов. Автомобилите веќе почнаа да се удираат“, сведочеше за РТС еден од возачите.Помеѓу повредените има и странци, а спасувачите успеале да ги извлечат од автомобилите сите лица кои биле заробени во своите возила. Дел од поврдените се пренесени во болницата во Јагодина, а дел се однесени во околните болници. Двете насоки од автопатот се блокирани и се формирани километарски колони од возила, а блокирани биле, како што пишуваат спрските медиуми и околните сообраќајници бидејќи сообраќајот се пренасочувал по други улици.

Свет | пред 7 години

policija-3-640x382

Mаж прегазен со камион при градежни работи

Четириесет и тригодишен маж е прегазен со камион при изведување градежни работи во Куманово. Според полицијата, вчера околу 14 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Бајрам Шабани“, каде се изведувале градежни работи за поставување на бекатон плочки, Џ.Ј. (46) од село Липково-Кумановско, движејќи се наназад со товарно моторно возило „мерцедес“ го прегазил Ќ.А.(43) од село Отља.Тој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Опожарени 30 броила во Скопје

Триесет броила се опожарени во зграда во Скопје. Според полицијата, вчера во 17,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Ѓ.Ѓ. пријавил дека истиот ден околу 14,30 часот на улицата „Христо Татарчев“ од непознати причини во влезот од зградата кај струјомерите избил пожар, при што биле опожарени околу 30 броила.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат во 15,30 часот.

Скопје | пред 7 години

fernando-alban-620x350

Опозициски политичар од Венецуела бил затворен во зграда, па скокнал од десеттиот кат

Опозицискиот политичар од Венецуела, Фернандо Албан, изврши самоубиство со скокање од десеттиот кат на зградата на разузнавачката служба (Себина), каде што тој беше затворен под сомнение за вмешаност во експлозијата на воената парада во почетокот на август, соопшти министерот за внатрешни работи во понеделникот.Педесет и шестгодишниот Албан, официјален претставник на градското собрание на Каракас, беше затворен минатиот петок за наводна вмешаност во експлозијата на две беспилотни летала во почетокот на август за време на воената парада предводена од страна на претседателот Николас Мадуро, објави министерот Нестор Реверол на Твитер.„Кога требаше да биде однесен на суд додека беше во чекалната во Себин, тој скокна од прозорецот и падна смртно страдајќи“, напиша Реверол.https://twitter.com/Villca_FDEZ/status/1049395700700782593?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1049395700700782593&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fekonomija%2Fsvet-ekonomija%2F%25d0%25be%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2587%25d0%25b0%25d1%2580-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2586%25d1%2583%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d0%25b7%2FВерзијата на настаните на министерот малку се разликува од онаа на главниот обвинител Тарек Саба, кој во изјавата за телевизијата рече дека Албан побарал да му дозволат да оди во тоалет, од каде што скокнал.Опозициската партија „Правдата на прво место”, чиј член беше Албан, тврди дека одговорноста за смртта на Албано ја има владата на Мадуро. 

пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Помогнете му на мојот батко прв пат да ми дојде на роденден

Кристијан Андреев е дете на 14 годишна возраст кој боледува од многу тежок облик на аутизам и епилепсија, пишува Досие.Закажани се 3 сесии – операции на матични клетки во Истамбул Турција кои ќе чинат 38600 евра. За неговите родители сумата е преголема и бараат помош од хуманите граѓани. На социјалните мрежи е објавена и снимка од сестрата Јована која бара помош за малиот батко прв пат да и дојде на нејзиниот роденден, да не ја гребе и штипи и да не ја куби.https://www.facebook.com/vesna.dojcinovaandreeva/videos/10210324213261653/Броевите за донација се 070-143-161 за Т-Мобиле i 143-463 за ВИПжиро сметка за уплата на средства : 210-7000006478-05 за Македонија и IBAN CODE MK 07210501699259629 SWIFT TUTNMK22 NLB BANKA AD SKOPJE !!

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажа дека кариерата на Заев е поважна од државните и националните интереси

„Македонскиот народ избра да не го менува името на државата и националниот идентитет. Одлуката на Зоран Заев да ги иницира уставните измени за бришење на Република Македонија е газење на сопствениот народ, негово потценување и негирање. Мора Заев да е страшно уценет за криминалите што ги има сторено штом се откажува од народот и се оди спротивно од изборот на граѓаните.СДСМ продолжува со самоволието и кршењето на законите и Уставот. Владата на Заев срамно се одлучи да не ја почитува волјата на граѓаните кои рекоа не на капитулантскиот договор од Преспа. Над 1,2 милиони граѓани јасно рекоа не на промената на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија, рекоа не на политиките на владата на СДСМ и Заев.Маските се паднати, а криминалниот картел на власта си го покажа вистинското лице. Владата на СДСМ е најголем заштитник на криминалот во Македонија. Заев ја одби подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ и шансата да докаже и покаже дека навистина сака да се бори против криминалот и корупцијата во државата.Неприфаќањето на предлогот за формирање на независно обвинителство докажува дека оваа власт е промотор на криминалот, неправдата и беззаконието и е во коалиција со криминалното подземје во Македонија.СДСМ уште еднаш покажа дека кариерата на Зоран Заев е поважна од националните и државните интереси и не се откажува од капитулантскиот договор со Грција. СДСМ одбива да ја испочитува волјата на 1,2 милиони граѓани кои преку апстиненцијата на референдумот и дадоа јасен сигнал на власта дека не се согласуваат со промена на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија.Заев е исплашен човек. Се плаши бидејќи знае дека нема поддршка од граѓаните за неговите политики. Тој се плаши од фер и демократски избори на кои народот ќе го испрати во политичка пензија и ќе му стави крај на неговата неславна политичка кариера, а Македонија ќе победи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

43500716_547929718998766_8994162963845742592_n-696x392

Забранет настап на македонска претставничка на Младински Олимписки игри поради зголемена тежина

Македонскиот Олимписки комитет информира дека Анамарија Георгиевска нема да настапи на Младинските олимписки игри Буенос Аирес 2018, поради проблем со тежината, пишува Фокус.Георгиевска, која со нашата делегација веќе е во Буенос Аирес, и го носеше знамето на свеченоста на отворањето на игрите, требаше да настапи во таеквондо, во категоријата -55 килограми. Како што информираат од комитетот, проблем биле 500 грама повеќе од дозволеното, по што не добила дозвола за настап.-Анамарија, на 6 Април 2017 година, доби покана од страна на Меѓународниот Олимписки комитет (ИОК) и Светската Таеквондо федерација (СТФ) да настапи на МОИ Буенос Аирес 2018. Во тој период, таа имаше 54 кгр. и беше пријавена во категоријата -55кг. Мора да се истакне дека во тој период беше тешко да се предвиди како таа ќе се развива и дали ќе биде една или две тежински категории погоре за време на МОИ. Во меѓувреме, Анамарија Георгиевска во 2018 година оствари историски резултат за македонскиот спорт и освои јуниорски бронзен медал од светско првенство во Тунис во категорија -59кг.Македонскиот Олимписки комитет и Македонската Таеквондо Федерација испратија бројни дописи до ИОК и до СТФ за промена на категоријата во која таа ќе учествува, но за жал сите можни обиди и дописи за да се промени категоријата на овие игри за Анамарија беа одбиени од страна на СТФ. Анамарија, во консултации со својот тренер и лекарската екипа во МТФ, го прифати тој предизвик иако тоа значеше напорен период и за неа и за нејзините тренери. Вчера, на официјалното мерење, на Анамарија и беа измерени 500 грама повеќе од дозволеното со што таа не доби дозвола за настап.Веруваме дека ова ќе претставува уште еден силен мотив за Анамарија да биде уште подобра и да биде уште поодлучна во своите планови да биде бр.1 во светот – информираат од МОК.На втори октомври, најдобрата млада Олимписка делегација имаше свое свечено испраќање на третите Младински олимписки игри Буенос Аирес 2018 (6-18 Октомври 2018 година), а на четврти октомври тие пристигнаа во Буенос Аирес, во младинското олимписко село.На свеченото испраќање одржано во ПАРК ХОТЕЛ &СПА, присуствуваше претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски, спортскиот директор Владимир Богоевски, М-р Даниел Димевски Советник за спорт на Претседателот на Владата на република Македонија, претставници на Националните спортски федерации, тренери, спортисти и новинари.Спортистите кои долго време се подготвувале за Младинските Олимписки игри, финансиски во целост се помогнати од страна на Македонскиот Олимписки Комитет.Анамарија Георгиевска-таеквондо го вееше македонското знаме на свеченото отварање на Младинските Олимписки игри. Покрај Анамарија, чиј тренер е Борче Костовски, на МОИ во Буенос Аирес се следните млади спортисти:КАРАТЕ (СПОРТИСТ): ФАХИК ВЕСЕЛИ – освоена “А“ Олимписка нормаКАРАТЕ (ТРЕНЕР): АЛЕКСАНДАР КУЗМАНОВСКИЏУДО (СПОРТИСТ): ХАМЗА ЈАШАРИ – освоена “А“ Олимписка нормаЏУДО (ТРЕНЕР): ИГОР ПАСКОСКИАТЛЕТИКА (СПОРТИСТ): БЕРАТ МУСТАФААТЛЕТИКА (ТРЕНЕР): БЕЏЕТ ТОЧИПЛИВАЊЕ (СПОРТИСТ): МИА КРСТЕВСКАПЛИВАЊЕ (ТРЕНЕР): ЈАНЕ КАРАЈОВАНОВБОРЕЊЕ (СПОРТИСТ): ДРАГАН ВЕЛИНОВБОРЕЊЕ (ТРЕНЕР): СУФИЈАН ИСМАИЛИМакедонската делегација е предводена од шефот на мисија Владимир Богоевски – спортски директор на Македонски Олимписки Комитет.

Спорт | пред 7 години

21111

Почина кучето во Грција кое осум години го чекаше сопственикот да излезе од супермаркет

Хачико, кучето од Крит кое го чекаше својот сопственик да излезе од супермаркет, почина после осум години.За последните осум години, кучето одело секое утро во локален супермаркет во селото Пателлес, Крит трпеливо го чекал својот сопственик, кој починал од срцев удар во истата продавница пред осум години.Верното куче преку целиот ден било пред супермаркетот, а во вечерните часови се враќало во својот дом.Со текот на годините, здравјето на старото куче се влошувало, а сепак, секој ден одело во маркетот каде што последен пат го видело неговиот сопственик. Соседите кои се грижеа за него сите тие години, одлучија со евтаназија да го усмртат кучето.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Возило удрило во столб, па во паркирано возило и во пешак

Три лица се повредени во Куманово, кога автомобил удрил во бетонски столб, потоа во друго паркирано возило и на крај удрил во пешак. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 7 часот во Куманово на улицата „Тоде Думба“.Патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Н.Ѓ.(74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано возило „sеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К.(37) и во пешак Т.А.(71) од Куманово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Европската Народна Партија разочарана од ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, преку својот Твитер профил упати пораки до најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од ова семејство на европски десничарски партии.„Се очекува важна одлука за иднината на поранешната Југословенска Република Македонија и целиот регион во рамките на ЕУ и НАТО. Останувам разочаран од улогата на опозицијата во овој процес досега, конструктивната соработка мора да преовлада над бојкотот. Дијалог меѓу власта и опозицијата е неопходен, бидејќи ова е важен дел од полноправна демократија, напиша Дол на Твитер.

Македонија | пред 7 години

idiot-1

Предлогот за измена на Уставот пристигна во Собранието, Џафери треба да свика седница

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насока за негово изменување и дополнување што Владата го усвои на вонредна седница веќе пристигна во Собранието, потврди собранискиот претседател Талат Џафери.„Само што ми стигна порака дека материјалот е добиен во Собранието. Сѐ уште не сум го видел текстот, но се надевам дека е ист со оној што е објавен на веб-страницата на Владата”, рече Џафери во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на ТВ Телма.Во контекст на Уставот и Деловникот, како што кажа, определени се надлежности и надлежни институции кои може да покренат иницијатива за пристапување кон уставните измени.„Претседателот на државата, Владата, 30 пратеници или 150 илјади граѓани со свои потписи, со овластен претставник може да покренат иницијатива за уставни измени и во членот 194 од Деловникот е пропишана формата и содржината на предлогот на одлуката за пристапување, кои елементи треба да ги содржи. Тоа што го видов во меѓувреме што е објавено од Владата и што е донесено во Собранието ги исполнува формалните услови да може да се има предмет на покренување постапка во Собранието. Во тој контекст мислам дека сѐ е легитимно, легално, законски, уставно”, рече Џафери.Тој објасни дека по пристигнувањето на предлогот во Собранието во рок од три дена треба да се утврди дали ги содржи сите потребни елементи.„Ако одиме во редовна постапка, во рок од три дена треба да се согледа материјалот од формално-правен аспект, да се консултирам со службите и доколку одлуката ги има сите елементи да ја испратам до пратениците. Тоа може да го направам и за еден ден. Во моментот кога ќе го доставам материјалот до пратениците најкратко во редовна постапка може да свикам пленарна седница за 10 работни дена. Во тие 10 дена додека трае чекањето за пленарна седница треба  да свикам седница на Комисијата за уставни прашања каде сум претседател по функција и да го разгледаме предлогот на комисијата”, појасни Џафери.Роковите, додаде, можат да бидат и пократки.„На Комисијата пратениците може да говорат повеќе пати, но не повеќе од 20 минути вкупно. Ако порано се исцрпи дебатата на Комисијата се оди на пленарна седница”, рече Џафери.Тој уште додаде дека постапката може да биде и итна по барање на Владата, на претседателот или на 20 пратеници, но и претседателот на Собранието има можност да одлучи седницата да биде итна.„Можам да свикам седница и во рок пократок од 10 дена. Имајќи предвид дека се работи за тајминг кој треба да го исполниме по однос на обврските за уставни измени предвидени со Договорот и поканата за членство во НАТО, сметам дека нема потреба од 20 потписи на пратеници. Поради итноста на потребата можам да свикам седница и во пократок рок од 10 дена со тоа што ќе мора да водам сметка за работата на Комисијата за уставни прашања. Ако се случи дебатата на Комисијата да трае 10 дена ќе мора пленарната седница да се одложи додека трае дебатата”, изјави Џафери.

Македонија | пред 7 години

manu

МАНУ ќе одбележи 51 година од основањето

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 51 година од основањето.Говор за Академијата ќе одржи нејзиниот претседател, академик Таки Фити, а по повод роденденот ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашните добитници Јоланта Сујецка и Јуми Накаџима. Ќе биде отворена и изложба на изданија на МАНУ во тековната 2018 година.Македонската академија на науките и уметностите е основана во 1967 година и прв претседател бил Блаже Конески. Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата.Од формирањето МАНУ досега имала 154 членови, од кои 41 сега имаат статус на редовни членови, а 33 се со статус на членови надвор од работниот состав.

Македонија | пред 7 години

mebel

Почнува 44. Саем на мебел, 70 изложувачи ќе ги претстават најновите трендови

Околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови ќе се претстават на годинашниот 44. Саем на мебел којшто од денеска до недела ќе се одржува во комплексот на ВИП арената Борис Трајковски.Најновите трендови во производството на мебел ќе бидат презентирани на вкупна површина од 8.000 кадратни метри. Ќе бидат поставени две мултифункционални енергетско-ефикасни монтажни објекти.Покрај изложувачите од Македонија, на годинашното издание на саемот ќе се претстават и изложувачи од Србија, Косово, Италија и Бугарија.Во рамки на саемот утре во органзиција на Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се организира дебата на тема „Оригинал и копија“ – колку е навистина важен автентичнот дизајн и колкава е потребата да се биде оригинален.Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер имаат распишано и конкурс за изработка на дизајнерски стол од дрво.Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, а цената на влезниците е 100 денари, додека за организирани групни посети на ученици ќе изнесува 50 денари. За прв пат годинава, ќе може да се набави билет за и преку „МК тикетс“.За полесен пристап до саемот, ЈСП Скопје ќе воведе две вонредни автобуски линии со броеви 100 и 200 до ВИП арената „Борис Трајковски“. Автобусите со број 100 ќе сообраќаат на релација од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ и обратно, а автобусот бр. 200 ќе сообраќа од Дексион кон СЦ „Борис Трајковски“ и обратно.

Скопје | пред 7 години

soobrakajka

Шест лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Шест лица се полесно повредени во девет сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Од нив, во три имало повредени лица, а во три била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, како и седум возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл за некористење на заштитен шлем.Санкционирани биле и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.Од сообраќај, биле исклучени вкупно 22 возачи, од кои четворица кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и 16 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.Затекнати биле 104 возила непрописно паркирани.Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 81 возило.

Скопје | пред 7 години

eksplozija-u-ukrajini-3-620x350

Голема експлозија во Украина, евакуирани 10.000 луѓе

Рано утрово дошло до експлозија и пожар во складиште за муниција на Министерството за одбрана на Украина.Експлозијата се случила утрово околу 03:30 часот во регионот Чернигов, на 176 километри источно од Киев, при што се евакуирани околу 10.000 луѓе.https://twitter.com/anaijaz/status/1049532024455753729?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1049532024455753729&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F2997862-sabotaza-ili-nesrecan-slucaj-eksplodiralo-ukrajinsko-skladiste-municije-10000-ljudi-evakuisanoСе уште нема податоци за евентуални жртви и не е јасно дали станува збор за саботажа или до експлозијата дошло случајно.Од 04:22 по локално време, воздушниот простор на Украина е затворен во круг од околу 20 километри од складиштето.Во изминатите години забележани се повеќе големи пожари во слкладиштата за муниција и оружје во Украина, па според британската агенција, украинската војска се бори против проруските активисти на истокот од земјата уште од 2014 година.Минатата година поради голема експлозија во военото складиште во регионот Виницја, биле евакуирани 24.000 луѓе.

Свет | пред 7 години

bageri-majcin-dom

Багерите на полноќ почнаа со копање кај Мајчин дом (видео)

Жителите на скопската општина Аеродром од полноќ на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од багери кои ноќеска почнале да копаат на парцелата кај Мајчин дом, каде се планира голем станбено-деловен објект.Револтот на граѓаните е насочен кон градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, кој за време на кампањата за локалните избори бараше неговиот претходник да го повлече планот за изградба на овој објект, а сега самиот го дозволил. Жителите за денеска во 17 часот најавија протест и бараат оставка од Марин за неисполнетите ветување.

Скопје | пред 7 години

devetkatnica

Вака ќе изгледа деветкатницата која ќе се гради кај „Мајчин дом“

Градежни работници со лимени тараби ја оградуваат парцелата за изградба на деветкатница кај „Мајчин дом“. За овој објект жителите на Аеродром алармираа дека ќе направи еколошка катастрофа бидејќи се гради на зелена површина, а за да се изгради, пак, паркинг за зградата, урбанистичкиот план предвидува сеча на дрворед и ново уништување на зеленилото.Стопирањето токму на овој објект и поништување на планот со кој е предвиден беше главен адут во изборната кампања на сегашниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин. Тој како опозиционер што се бори за градоначалничка функција, на претходниот градоначалник му предлагаше решенија, како обесштетување на сопствениците на земјиштето со пари или компензација со земјиште на друга локација за да го заштити просторот од дополнително градење и да ги послуша граѓаните. Кога стана градоначалник, не само што самиот не ги премиени советите што му ги даваше на претходникот туку го смени и мислењето и во неколку наврати се оправдуваше дека не може ништо да преземе за да ја спречи градбата.Парцелата пред „Мајчин дом“ во Аеродром, со површина од 3.538 квадратни метри, пред десетина години како државно земјиште беше продадена и приватизирана, но без право на градење сè до донесувањето на спорниот план лани во октомври кога на локацијата беше предвидена деветкатница. Како сопственик на парцелата лани, по усвојувањето на планот,  фигурира компанијата „Масив констракшн“, која се поврзува со бизнисменот Орце Камчев, но сопственоста се смени на крајот на минатата година кога како сопственик на парцелата се појави Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги „ЗСФ – ком“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, сопственост на Фатмир Етеми, поранешен пратеник од ПДПА – НДП.Од „ЗСФ – ком“ не одговорија на прашањата дали веќе имаат одобрение за градење и колку пари од оваа фирма се слеале во буџетите на Градот и Општината по основ на комунали. Не одговори на прашањата за одобрението за градење ниту градоначалникот Златко Марин.

Скопје | пред 7 години

sudenje

Продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.На минатото рочиште беа сослушани четворица сведоци, кои ги објаснија нивните дејствија за време на протестите пред Собранието, како и на критичниот 27 април минатата година.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

princeza

Свадбата на принцезата Јуџин ќе чини два милиони фунти

Датумот за венчавката на принцезата Јуџин наближува и во медиумите веќе се шпекулира за приближна сума за раскошната прослава, на која се поканети 850 гости.Според медиумите, венчавката на внуката на кралицата Елизабета Втора ќе чини речиси два милиони фунти. Колачот, на пример, е со цена од 1.000 фунти. Тие, исто така, ангажирале добро познат оперски изведувач за соодветен надомест.Младоженецот и невестата ќе пристигнат во катедралата со отворена кочија и затоа се предвидени сериозни трошоци за обезбедување. Со ждрепка се избрани 1.200 лица, на кои ќе им биде дозволено да стојат во околината на катедралата „Сент Џорџ“, за да ги видат во живо гостите на свадбата и младоженците. Меѓу оние што беа поканети на церемонијата се Ед Ширан, Роби Вилијамс, Џорџ и Амал Клуни.За споредба, цената на свадбата на Меган и Хари, која исто така беше во катедралата „Сент Џорџ“, чинеше „скромни“ половина милион фунти. Но, тие имаа помалку од 250.Принцезата на Јорк, Јуџин е ќерката на принцот Ендрју – третото дете на кралицата Елизабета Втора и Принцот Филип, односно, таа е прва братучедка на принцот Хари и принцот Вилијам.Младоженецот Џек Бруксбанк е поранешен бармен и актуелен вински трговец. Тој и понудил брак на принцезата за време на нивниот одмор во Никарагва. Тие се заедно од 2010 година, кога ги запознал заеднички пријател.

Магазин | пред 7 години

uragan

Флорида и Алабама се подготвуваат за ураганот Мајкал

Ураганот Мајкал се засилува и се очекува да прерасне во еден од најголемите урагани пред да стигне до Флорида до средината на неделата.Брзината на ветровите синоќа достигна до 178 километри на час. Бурата два до три дена ќе биде над Мексиканскиот Залив, каде е висока температурата на воздухот и има поволни услови за интензивирање на ураганот, соопшти Националниот центат за урагани на САД.Поради ураганот постои опасност од поплави на брегот на Флорида, а нивото на морето може да се зголеми до 3,5 метри. Во Флорида издадена е наредба за задолжителна евакуација, а во 35 реони прогласена е вонредна состојба.И гувернерот на соседната држава Алабама, Кеј Ајви прогласи вонредна состојба.

Свет | пред 7 години

sulavesi

Нов земјотрес на индонезискиот остров Сулавеси

   Нов земјотрес со интензитет од 5,2 степени според  Рихтеровата скала синоќа е регистриран во индонезискиот град Палу, кој беше опустошен од земјотрес и цунами минатиот месец.– Епицентарот беше на длабочина од 10 километри од островот Сулавеси, соопшти портпаролот на Националната агенција за борба со катастрофи во Индонезија.Земјотресот, кој траел пет секунди, ги принудил жителите да ги напуштат своите домови.Во земјотресот што се случи на 28 септември, со интензитет од 7,5 степени, загинаа 1.948 лица, а властите стравуваат дека има уште стотици затрупани.Индонезискиот научник Гегар Прасетја пред неколку години предупреди дека регионот околу заливот Палу е изложен на опасност од тешка катастрофа при нови земјотреси поради комбинација од голем број неповолни фактори.  Тој препорача мерки за намалување на влијанието и изградба на станбени и индустриски локации во помалку опасни области.– Сега Владата мора да преземе мерки за намалување на ризикот пред следната катастрофа, порача Прасетја.

Свет | пред 7 години

sad-tur

САД и Турција го засилуваат притисокот врз Ријад за исчезнатиот новинар

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изрази загриженост поради исезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Турција.- Се надевам дека се ќе се среди. Во моментов никој не знае ништо. Се шират лоши гласини. Тоа не ми се допаѓа, изјави Трамп.Претходно, американскиот сенатор Линдзи Греам ја предупреди Саудиска Арабија дека ако информациите за наводното убиство на новинарот се покажат како точни, тоа ќе има „разурнувачки“ последици врз односите меѓу Вашингтон и Ријад.Саудискиот новинар Кашоги исчезна на 2 октомври, откако дошол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул поради обезбедување документи кои му биле потребни за склучување брак. Од тогаш му се губи секаква трага.Турските власти обвинувааат дека Кашоги најверојатно бил убиен во Конзулатот и подоцна неговото тело било изнесено од зградата и однесено на непозната локација.- Полицијата во своите први заклучоци смета дека новинарот бил убиен во Конзулатот од група што дошла во Истанбул со таква намера и се вратила истиот ден, наведе полициски извор.Саудиска Арабија од своја страна ги отфрла ваквите обвинувања, тврдејќи дека Кашоги го напуштил Конзулатот жив и здрав.Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави дека Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул треба да докаже дека Кашоги ја напуштил зградата.- Тие имаат многу камери... ако го напуштил местото, зошто тоа не го докажат, изјави Ердоган.За разлика од Турција, САД и другите саудиски сојузници засега се повнимателни во своите изјави и се воздржуваат од поостри коментари на сметка на властите во Ријад.Кашоги, кој живее во егзил во САД, е долгогодишен новинар. Тој во моментов е ангажиран во „Вашингтон пост“ и е познат по критичките текстови за саудиските власти. Во неговите текстови тој ја критикуваше Саудиска Арабија и поради војната со Јемен и спорот со Канада.Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-те години на минатиот век дури се обидувал да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Мигранти влегле во домот на Дино Мерлин

Двајца мигранти синоќа упаднале во семејниот дом на Дино Мерлин во Сараево.Како што неофицијално пренесуваат босанските медиуми, мигрантите во куќата на Мерлин влегле преку прозорец, не обрнувајќи внимание на поставените камери.По нивното влегување, се огласил алармот, па двајцата крадци не успеале ништо да земат со себе.Полицијата за кусо време се појавила пред домот на пејачот. Мигрантите почнале да бегаат, но по потерата еден од нив бил фатен.Според известувањата на медиуми, мигрантот во себе немал никаков документ за идентификација.-Се работи за млад маж кој даде два датуми на раѓање. Еднаш наведе дека е роден во 1997 година, а вториот пат во 1998 година, вели извор за босанските медиуми.За време на обидот за кражба,  пејачот и неговото семејство не биле во куќата.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања