Скопје1.мк

Нема фотографија

Објавена фотографија од површината на астероидот

Јапонската агенција за аерокосмички истражувања ја објави првата фотографија од површината на астероидот, наречен Руг.Фотографијата е добиена откако два ровери, лансирани од сондата „Хајабус 2“, го извршиле првото успешно слетување на површината на астероидот во историјата, од каде успеале да испратат фотографија.Роверите се одвоиле од сондата на 21 септември. Како што се наведува на сајтот на агенцијата, апаратите се наоѓаат во исправна состојба. Притоа, еден од роверите продолжи да се движи по површината на астероидот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Жителите на швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија против бурката

  Речиси две третини од граѓаните кои вчера излегоа на референдум во швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија за забрана на носење на бурка на јавно место.Тоа е втор швајцарски кантон кој се изјаснува за забрана на бурката. Пред три години граѓаните се изјаснија за забрана на бурката во соседниот кантон Тицин.За прашањето за носење на бурка следната година граѓаните на Швајцарија ќе се изјаснат на национално ниво.Носењето бурка на јавни места веќе е забрането во Франција и во Данска.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Пекинг воведе дополнителни царини за американски стоки

Од денеска стапуваат во сила новите царини во вредност од 60 милијарди долари кои Кина ги воведе за увозни стоки од САД.Царините од пет до 10 отсто опфаќаат вкупно 5.207 американски производи.Мерката е одговор на новите увозни давачки од 10 отсто за кинеска стока, вкупно 200 милијарди долари, кои американската администрација ги објави минатата недела. Овие царини постепено ќе достигнат 25 проценти до крајот на годината. Американските царини исто така денеска стапуваат во сила.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија во четврток го почнува скрининг процесот за преговорите со ЕУ

Македонија в четврток го започнува скрининг процесот за пристапување во Европската унија.Во Европската комисија во Брисел в четврток заминува 40 члена делегација составена од претставници на повеќе министерства и институции, предводена од вицепремиерот Бујар Османи, која ќе го започне скринингот за поглавјето 23 - правосудство и фундаментални права. Во делегацијата ќе биде и министерката за правда Рената Дескоска.Вицепремиерот Османи вчера на прес-конференција рече дека почетокот на т.н. објаснувачки скрининг е пресвртната точка со која Македонија и формално го почнува последниот дел од патот кон ЕУ. Отворањето на првото од 33 поглавја од првата фаза значи дека ќе има 33 посети на Брисел или над 1.000 луѓе кои ќе земат учество во овој објаснувачки скрининг. Потоа ќе се подготвува втората фаза или т.н билатерален скрининг што ќе биде уште покомплексен и пообемен.Процесот се очекува да заврши до јуни 2019 година по што треба да започнат и преговорите за членство во ЕУ.Со цел да можат да се вклучат сите кои сакаат и можат да помогнат во скринингот и преговарачкиот процес, Владата распиша оглас за создавање Регистар на надворешни експерти. До 10 октомври заинтересираните треба да достават работна биографија и мотивациско писмо со наведено поглавје или подтема за која има експертиза.Администрацијата и институциите ќе бидат носители на овој процес, но неопходно е активно учество и вклучување на сите чинители на општеството и мобилизација на сите човечки ресурси со кои располага државата.Советникот за евроинтеграциите Бојан Маричиќ кој е и главен технички преговарач вели дека целта е создавање база на експерти од едно или повеќе поглавја во правото на ЕУ за ангажирање на краток или долг рок, во текот на целиот процес. Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство со земјата-кандидат. Како процес, тој има за цел, од една страна - да ги запознае земјите кандидати со правото на ЕУ и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјата- кандидат.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Заев не работи 24/7 како Груевски

Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи се пофали дека слободното време го минува со семејството, но не дома, туку со четирицикл на Беласица. Освен Заев, ваков мотор има и неговиот син Душко.Минтата недела, Заев во изјава рече дека дневно одговара на 2000-3000 пораки дневно, што значи дека во просек премиерот времето го минува само за пишување по социјалните мрежи.Неговиот претходник, Никола Груевски, за време на неговото владеење постојано велеше дека работи 24/7, со што се отвора прашањето, кои се приоритетите на новиот премиер и дали ги следи стапките на неговиот ексколега.

Македонија | пред 7 години

Untitled-Copy-1316

ВИДЕО: Снимки од атентатот на Глигоров и несреќата на Трајковски во реклами за референдумот

Видео-спотовите платени од Собранието за референдумот на 30-септември имаат инсерти од авионската несреќа на експретседател на државата Борис Трајковски и атентатот на експретседателот Киро Глигоров. Спотовите кои се дел од кампањата на Собранието и Владата, всушност имаат за цел да ги убедат граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат.Најголем дел од коментарите на видеото се полни со прашања за поврзаноста на проблемот со името и настаните прикажани на видеото.Идејата е да се прикаже како Македонија созревала од независноста до сега.[embed]https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/568885503524249/?t=0[/embed]

Македонија | пред 7 години

Liderska-sredba-za-imeto

(ФОТО) Доверливи транскрипти од преговорите за името и референдумот

На социјалните мрежи веќе неколку часа кружат документи означени како строго доверливи поврзани со преговорите за името и референдумот. За истите се тврди дека се оригинал, а се транскрипти од лидерските средби на четирите најголеми порлитички партии.Според истите, Христијан Мицкоски прифаќа референдум за името „Република Илинденска Македонија“, а пак Али Ахмети е скептик дека договорот ќе помине ако има референдум во Грција.Лидерот на опозицијата Мицкоски според транскриптите вели „Доколку референдум се одржи на есен, тогаш нема да дозволат да станеме членка во НАТО“, на што министерот за надворешни работи Никола Димитров реплицира „Веднаш по ратификацијата упатуваат писмо до НАТО и бараат да се прати покана.На социјалните мрежи се објавени страна бр. 1, 12 и 16, од вкупно 28.Досега, за објавените документи нема реакција од ниту една владина институција. За истите, сеуште не се знае дали се оригинал или станува збор за лажни транскрипти.

Македонија | пред 7 години

wWT4c-shekerinska-kampanja-karposh

Шекеринска: Ако ја пропуштиме оваа шанса, во следниот договор нема да има Македонци и македонски јазик

Владата се обврза дека ќе одработи покана за членство во НАТО, датум за почеток на преговори со ЕУ и дека граѓаните ќе можат да се изјаснат на референдум за својата иднина – сето тоа го обезбедивме, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во рамките на нејзината средба со граѓаните од скопската општина Карпош. Таа рече дека Договорот со Грција го потврдува македонскиот јазик и идентитет, а, како што наведе, доказ за тоа е аплаузот кој премиерот го добил во Европскиот парламент бидејќи покажал дека може на својот македонски јазик да зборува европски.„Три децении плаќавме висока цена за едно нерешено прашање. Не сакавме да го префрлиме на нашите деца да го решаваат. Ако ја пропуштиме оваа шанса, во договорот кој ќе се постигне за 20 години нема да има Македонци и македонски јазик. Државнички и патриотски е да го зачуваме овој Договор во кој се погриживме македонскиот јазик и идентитет да бидат загарантирани“, рече Шекеринска.Таа зборуваше за придобивките од зачленувањето во ЕУ и НАТО.„Македонија има 2 милиони луѓе, но ако сме во сојуз со 500 милиони, појаки сме. Светот секојдневно ни дава поддршка, но одлуката на референдумот за својата земја ќе ја донесат оние кои ќе излезат да гласаат. Затоа ни треба масовност, затоа секој глас е важен. Да не се разбудиме на 1 октомври со чувство дека не сме успеале. Како што го добивме кандидатскиот статус во 2005, јас гарантирам дека по успешниот референдум ќе станеме членка на НАТО, а НАТО членството е клучниот чекор кој го забрзува патот кон членството во ЕУ“, рече министерката при посетата на Карпош.

Македонија | пред 7 години

silegov

(ВИДЕО) Шилегов: Армијата во Аеродром реагираше по мое лично барање, тоа беше најбрзо решение

Луѓето кои живеат во зградата во Аеродром вчера неколку часови стоеја пред својот влез и беше потребна брза интервенција, при што Армијата на Република Македонија реагираше на мое лично барање и замолница, рече скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, на новинарско прашање зошто припадници на АРМ биле ангажирани во текот на вчерашната операција поради остар мирис во првиот влез од зградата на булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“.Скопскиот градоначалник појасни дека градот нема многу законски надлежности во такви процедури и рече дека во земјава има два система за утврдување на токсини во воздухот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Иран: Девет мажи обесени поради силување

Иранскиот весник „ Arman dejli" информирал дека мажите влегле во вила на една жена во јужната провинција Фарс и ја силувале.Мажите се обесени откако Врховниот суд на Иран повторно ја изнел пресудата донесена на почетокот на месецот, пренесе АП.Весникот цитира судски претставник од провинцијата кои истакнал дека жената го повлекла обвинението , но властите без разлика на тоа одлучиле да ја спроведат казната.Групите за правата на човекот тврдат дека Иран е една од водечките држави на светот кога станува збор спроведување на егзекуција , наведува АП.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Берлин: Татко го фрли својот 9 месечен син од седми кат, па скокна самиот

Полицијата во Берлин соопшти дека еден 23 годишен маж го убил деветмесечниот син фрлајќи го од седми кат пред и самиот да скокне.Според она што го велат надлежните „мажот имал психолошки проблеми“.Полицијата ја известиле минувачи кои го нашле телото на мажот и деветмесечното бебе касно синоќа во берлинскиот кварт Фридрихсфелде.Во моментите на трагедијата мајката не била присутна, а како што наведува АП сега на неа и укажуваат психолошка помош.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Поставена новата гордост на „Борис Трајковски“: Амбициозниот семафор со желба да дојде на центар

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ го доби својот прв семафор составен од четири ЛЕД екрани поставени над теренот. Мултифункционалниот семафор треба да ја „покрие“ секоја трибина и да го збогати и модернизира ликот на најголемата спортска арена во Македонија.Најавен за почеток на сезоната новиот систем на ЛЕД екрани пристигна на почеток на септември, но проблемите околу неговата монтажа го одложија поставувањето за речиси еден месец. Главен проблем претставува статиката на салата, па затоа се уште семафорот не е монтиран на средина на ракометно игралиште.Преку соопштение до медиумите, од спортскиот центар на почетокот на викендов информираа дека сите формалности околу поставување на првиот семафор од ваков тип се завршени. Но проблемите се уште не се решени, бидејќи сегашното решение го смести семафорот над првата четвртина од игралиштето за ракомет, а најгорните редови од бочните трибини имаат проблем со прегледноста на екранот поради висината на која е поставен. Службите работат на проблемот и во скоро време треба да се најде трајно решение за положбата на семафорот.Само за потсетување ваков систем од ЛЕД екрани веќе има поставено во најмодерната спортска сала во Македонија, која е во склоп на спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Семафорот поставен на центарот на теренот е поставен уште од самото отворање на новиот ракометен дом на Вардар пред четири години. 

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

И Бешикташ е пресилен за Металург, македонскиот тим реди порази

Металург нанижа уште еден пораз, овој пат во Лигата на шампионите во „Борис Трајковски“ загуби убедливо од Бешикташ со 30:22.Ништо ново од Металург, македонскиот тим забележа уште еден пораз, втор во Лигата на шампионите. И овој пат ракометарите на Брестовац играа само во првото полувреме, а во вториот дел се случи голем пад во кој го загубија мечот.Металург беше рамноправен противник во првиот дел иако Бешикташ најчесто водеше. Нашиот им имаше и предност од 12:11, но на полувремето се замина со предност на Турците од 14:13.Во второто полувреме се случи тотален распад, Металург правеше грешки, а Бешикташ ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со високи 30:22.Најефикасен во тимот на Металург беше Јагањац со седум голови, четири постигна Токиќ. Во тимот на Бешикташ три пати реализираше Прибак.Следниот меч на Ливерпул во Лигата на шампионите е против Татран Прешов во недела, повторно во Скопје.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

„Порше“ се откажува од дизел мотори

Како прв германски производител на автомобили, „Порше“ го напушта производството на возила со дизел мотор, беше соопштено денеска во Штутгарт.„За ‘Порше’, кој е познат како производител на спортски автомобили, дизел моторите отсекогаш играле споредна улога и затоа ние одлучивме дека во иднина повеќе нема да произведуваме автомобили со таков погон“, се наведува во соопштението од Управниот одбор на германскиот производител.Компанијата, која е дел од групацијата „Фолксваген“, објави дека во иднина ќе се фокусира на сегментот што е специјалност на „Порше“.„Ќе се работи на моќни бензински мотори, хибриди, а од следната година и на електрични автомобили“, изјави за весникот „Билд ам Сонтаг“ претседателот на Управниот одбор, Оливер Блуме.Тој појасни дека „Порше“ никогаш не развивал дизел мотори, но и покрај тоа производителот претрпел штети по скандалот предизвикан поради манипулирање со вредностите на издувните гасови.„Дизелската криза предизвика многу проблеми“, рече Блуме. Сите возачи на порше модели со дизел мотори можат да бидат мирни и не треба да се грижат бидејќи и натаму ќе се спроведува сервис за ваквите мотори, додаде тој.„Порше“ ја објави одлуката дека се откажува од дизел погонот истиот ден кога беше најавен и т.н. дизел самит во канцеларијата на Ангела Меркел, на кој политичарите и автомобилските компании треба да одлучат како да ја спречат забраната за дизел мотори во германските градови

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Пуштени во продажба картите за концертот на Лени Кравиц

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, Лени Кравиц ќе го посети и Скопје на 3 мај во ВИП Арената.Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк, продажните места на Авалон, и во Југотон.Линк за online продажба - https://goo.gl/BkGBxv

Скопје | пред 7 години

milenium-682x351

Битолската група “Милениум” се подготвуваат за престојната австралиска турнеја

Битолската група “Милениум” веќе е при крај со своите подготовки за престојната прва австралиска турнеја. При гостувањето на Влатко и Стевче , членови од групата во Ин продукција, истакнаа дека речиси е се спремно за нивно заминување и настап пред македонците во оваа земја.-Подготовките забрзано течат. Веќе се припрема репертоарот за таму. Во постојана комуникација сме со Ефто, затоа што ова е заедничка турнеја со Евто Пупиноски. Упатувам покана до нашинците во Австралија, да присуствуваат на нашите концерти затоа што ветуваме дека ќе бидат навистина добри, истакнува Влатко.Како што истакнуваат двајцата пред се на нивниот репертоар ќе се најде исклучиво македонската песна, но и она што ќе биде побарано од нив.-Репертоарот ќе биди македонска музика, од тие изворни македонски песни и ора, па се до она што сега е моментално ново, што се слуша.Разновиден ќе биде репертоарот , додава Стевче.Според планираното на почетокот ќе следува концертен дел каде ќе настапа со свои песни, а потоа ќе следат песни од богатата музичка ризница. Турнејата започнува од 2 октомври па ќе трае цел месец.

Магазин | пред 7 години

spasovski

Спасовски - Институциите гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот

Правото на глас е неприкосновено и никој не смее да го загрози. Тајноста на гласот е гарантирана, а институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември, порача денескаминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Секој граѓанин, како што истакна во видео-обраќање Спасовски, треба да гласа по сопствено убедување и сопствена волја.„Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Македонија. Полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните“, рече Спасовски.Тој најави дека ќе биде санкциониран секој обид за попречување на остварувањето право на глас.„Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на остварувањето на правото на глас ќе биде санкциониран“, наведе Спасовски.

Македонија | пред 7 години

silegov-1

Мораме кучињата да ги враќаме на улица, вели Шилегов

Стационарот не е фарма за животни скитници каде што Градот може  да ги чува, откако ќе добијат третман, во рок од 30 дена  мора да ги вратиме од местото каде што се земени -вака градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се правдаше за долгогодишниот проблем со кучињата скитници. Како главни виновници ги посочи сопствениците кои поради негрижа ги оставаат своите миленици на улица, пишува 24 Вести.„Стационарот не е фарма за животни скитници каде што Градот може  да ги чува. Ние според комуналната програма, што во моментот ја имаме,  можеме кучињата-скитници да ги земеме, третираме и должни сме истите по рок од 30 дена да ги вратиме на местото каде што се заловени“, вели Петре Шилегов-градоначалник на Град СкопјеПовеќе од 11 илјади  чипови за домашните миленици веќе се доставени кај сопствениците, со цел полесно да се детектираа и да се спречи приливот на животните на улица-вели Шилегов. Сепак, се поголем е бројот на уличните кучиња кои шетаат низ скопските улици.„Околу 6 до 8 илјади кучиња – скитници има во Скопје. До триесети јуни се регистрирани нови 700 кучиња“, вели Петре Шилегов-градоначалник на Град СкопјеГраѓаните пак кои се жалат дека не се безбедни , со поделени мислења околу тоа како да се реши овој проблем. Сепак и едните и другите ги обвинуваат сопствениците, но и властите.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Слабата точка на стратегијата на НАТО во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп дал дозвола за изградба на американска воена база во Полска.Полска дала големо значење на тој настан. Полскиот претседател Андреј Дуда дури и предложил именување на новата воена база во чест на Доналд Трамп. Меѓутоа, изградбата на воената база "Тврдина Трамп" ќе биде од големо значење, не само за Полска, туку за целиот свет.Полска е транзитна територија на војските на многу народи веќе со векови. Денес Полска повторно е на расед. Варшава е окружена со моќната и "агресивна" Руска Федерација, секогаш незадоволните Балтички држави, нестабилната и забрзано деградираната Украина, и Европа погодена од бегалци. Со американска воена база на својата територија, Полска ќе се чувствува помирно.Русија веќе со години го унапредува својот воен потенција кај Калининградскиот регион. Тој регион, кој е всушност енклава, е многу важен за Русија, а тоа НАТО не може да го сфати. Изгледа дека американската администрација одлучила да изгради воена база во Полска за да ја задржи Русија и да го зголеми своето воено присуство во Европа.

Свет | пред 7 години

maz

Вооружен маж уапсен кај Бакингемската палата во Лондон

На влезот од Бакингемската палата наменет за посетители, денеска бил уапсен маж кој носел оружје, соопшти лондонската полиција.Човекот на возраст од 38 години, чиј идентитет не е откриен, бил уапсен под сомнение дека носел пиштол за електрошокови, објави агенцијата АП.Уапсениот се наоѓа на распит во полициска станица во Лондон, а засега не е обвинет.Осомничениот го уапсило обезбедувањето на палатата, по што и бил предаден на полицијатa.

Свет | пред 7 години

mickoski1

Мицкоски: Никогаш нема да го прифатам преспанскиот договор

Договорот за менување на името е штетен и треба да се отфрли. Тој е против македонските национални интереси, против македонската држава. Тој е „диво месо“ вметнато во здрав организам што не гуши и допрва ќе не влече надолу ако не се спротиставиме, истакна лидерот на ВМРО-ДМПНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето пред учесниците на протестниот марш што опозициската партија го организираше денеска во Охрид.Партискиот лидер пред симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ потсети на некои историски моменти, во кои меѓународната заедница ветувала подобра иднина за земјата преку прифаќање отстапки како привремената референца, менувањето на знамето, Уставот, Рамковниот договор, територијалната реорганизација.- Прифативме се што бараа од нас, и во 90-те, и во 2001 и во 2004. Сега да се одважиме, да го промениме пристапот и ова што денеска ни се нуди да не го прифаќаме, затоа што е против нашите интереси, против она што ни го оставија нашите предци. Затоа што тоа е договор за промена на нас самите, рече, меѓу другото, Мицкоски.Тој уште испрати предупредување до граѓаните на земјата дека доколку помине ова што сега се нуди, како што рече, „со прифатениот договор се губи националниот идентитет и воедно се дава сопирачка во рацете на Грција да го блокира европскиот пат на Македонија кога сака и како сака“.- И доколку ова помине, години потоа ќе дојде момент кога Грција повторно ќе поставува нови услови, а ние тогаш ќе бидеме со сменет идентитет, историја и образование. Ако со референдумот се даде зелено светло на договорот со Грција, практично се вклучува црвено светло за референдумот од 1991 година, рече Мицкоски притоа укажувајќи на нивната содржинска спротивност, дека првиот бил за создавање самостојна, независна, суверена Македонија, а овој за спротивното – промена на името, идентитетот и губење на Македонија каква што е изгласана во 1991 година.Опозицискиот лидер ги посочи законските одредби според кои за успешност на престојниот референдум е потребна излезност од повеќе од 900 илјади гласачи од кои половината да го поддржат договорот, а упати и сериозни критики кон актуелната власт предводена од премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

На пеколните температури им доаѓа крај

На убавото септемвриско време му доаѓа крај, а веќе од почетокот на неделата Европа ќе ја зафати бран од ладен воздух од Арктикот, кога температурите драстично ќе опаднат.Според метео порталите, од север над Европа ќе дојде до силен продор на воздушна маса од Арктикот, која ќе се прошири над поголемиот дел од континентот, а брзо ќе стигне и до Балканот.Големо заладување ги чека и граѓаните на Македонија. Значителна промена на времето со заладување и силен ветер од утре најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Утре во првата половина од денот ќе се задржи топло време со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кој крајот на денот, поради продор на студена воздушна маса од север ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава.Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување во текот на ноќта и во наредните денови, соопшти УХМР.Оттаму најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро, пак, осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

Скопје | пред 7 години

Bujar_Osmani_VP

За Османи, шефот на државата Иванов е господин, но не и претседател

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи коментирајќи ја изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да излезе на референдумот на 30 септември, рече дека шефот на државата „претставува се она од што Македонија сака да излезе на 30 септември“.„Можеби на некој начин ова е добро што вака се случи бидејќи господинот Иванов претставува се тоа што сакаме на 30 да го прекинеме. Се тоа од што Македонија сака да излезе на 30 септември го претставува господинот Иванов со неговото дејствување во наредниот период. Добро е што знаеме што очекуваат граѓаните и јасно го правиме контрастот меѓу тоа што треба да одлучиме“, рече Османи, кој додаде „Одлуката е меѓу нешто што претставува господинот Иванов и нешто што претставува целиот западен цивилизиран свет кој дојде овој месец во Скопје, но што го претставуваат и огромното мнозинство граѓани на Република Македонија, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата и нагласувајќи дека ова е негов личен став“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Од утре поладно време и силен ветер

Значителна промена на времето со заладување и силен ветер од утре најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утре во првата половина од денот ќе се задржи топло време со умерен југозападен и западенветер. Попладне, а особено кој крајот на денот, поради продор на студена воздушна маса од север ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава. Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување во текот на ноќта и во наредните денови, соопшти УХМР. Оттаму најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро, пак, осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

Македонија | пред 7 години

ivanov-3

Иванов ќе бојкотира: Не се откажувам од мојата заклетва

За прв пат отворено и децидно претседателот на Македонија Ѓорге Иванов изјави дека ќе го бојкотира референдумот на 30 септември. Тој ги повика граѓаните да не дозволат некој да им ја контролира совеста, туку самите да одлучат дали ќе излезат да гласаат или ќе бојкотираат. Иванов ова го соопшти за време на говорот пред Обединетата македонска дијаспора во Детроит.Што се однесува до мене, јас сега веќе сум гласал. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година. Јас бев еден од тие што го дадоа својот глас за Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со име и достоинство. Не се откажувам од мојата одлука. Затоа на 30 септември нема да излезам да гласам. Кога ја преземав функцијата Претседател на Република Македонија, се заколнав дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Не се откажувам од мојата заклетва. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам“- рече Ѓорге Иванов , претседател на Република Македонија.Оваа одлука на Иванов е добар пример зошто граѓаните не треба да постапат исто како него, му реплицираше во Скопје вицепремиерот Бујар Османи.За бојкот на референдумот досега официјално се декларирале само неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, потоа Јанко Бачев од партијата Единствена Македонија и претседателот Иванов. Сите останати парламентарни партии и меѓународниот фактор се единствени во поддршка на референдумот за членство на земјата во НАТО и ЕУ, повикувајќи се на договорот за промена на името.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања