Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

uapsen

Седум возачи уапсени: возеле без возачка дозвола, меѓу нив и малолетници

Седум возачи биле лишени од слобода на различни локации низ државата во изминатото деноноќие, откако полицијата утврдила дека управувале возила без положен возачки испит. Со уште едно малолетно лице бил извршен службен разговор поради управување мотоцикл без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.Меѓу лишените од слобода се 28-годишниот А.С. и 17-годишник, двајцата од Скопје, 20-годишниот А.А. од Арачиново, 17-годишник од Орешани, општина Зелениково, 24-годишниот Џ.В. од Бит

Македонија | пред 2 дена

media-library49ho9epgdtpi329xDMQ

Неовластено набавиле и продавале над 1,3 тони тутун, избегнале акциза од над 3,4 милиони денари

СВР Куманово поднесе кривична пријава против двајца жители на селото Опае, Општина Липково, на возраст од 56 и 59 години, поради сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според МВР, во текот на 2025 година пријавените неовластено набавиле, чувале и преработиле 1.324 килограми тутун во лист, кој потоа го продавале на други лица.Со ваквите активности, според пријавата, избегнале плаќање акциза во износ од 3.442.400 денари.

Македонија | пред 2 дена

media-library1rt4ahf2o9e897pbJHJ

Повозрасен маж допирал малолетно девојче во автобус во Скопје

Мајка пријавила во полиција дека повозрасен маж ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка додека се возеле во автобус на подрачјето на Центар во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 21 октомври, во 21:40 часот, од страна на 45-годишна жена. Настанот, според пријавата, се случил околу 18:35 часот.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 дена

traktor-1

Загина 66-годишен маж откако со трактор излета од патот кај Пехчево

66-годишен жител на селото Црник го загубил животот откако тракторот со приколка што го управувал излетал од патот во атарот на Пехчево, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата била пријавена на 21 октомври, во 21:30 часот, во ОВР Берово. Според пријавата, тракторот со приколка, со пехчевски регистарски ознаки, излетал од некатегоризираниот пат на местото викано „Мушкови чешми“.Од здобиените повреди, возачот М.П. починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош ја к

Македонија | пред 2 дена

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Ценовен удар и мигранти ниту имало ниту ќе има, тоа што има е дебакл на СДС како последниот во Брвеница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги отфрли обвинувањата на СДСМ за можни поскапувања и ангажирање голем број странски работници, обвинувајќи ја опозициската партија дека шири страв и паника меѓу граѓаните.Во реакција на прес-конференцијата на СДСМ, од владејачката партија наведуваат дека не се оствариле црните сценарија за кои, според нив, предупредувала опозицијата, меѓу кои банкрот на државата, зголемување на јавниот долг и инфлацијата, доаѓање мигранти и недостиг на вода поради изградба на центри

Македонија | пред 2 дена

media-library6bn9954pl8rlbDs7Obw

(Видео) „Мицкоски најавува над 100.000 „економски работници“ – Уставен одбива да постапи за Резолуцијата“, вели Наумоски

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, а од опозициската партија оценуваат дека со тоа се отвора прашањето за слободата на говорот, во период кога власта најавува можност за ангажирање над 100.000 странски работници.На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Александар Наумоски, посочи дека одлуката на Уставниот суд била донесена два дена по најавата на Александар Николоски за ангажирање нови 50.000 странски работници годишно и еден ден

Македонија | пред 2 дена

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Две лица приведени во Куманово, полицијата пронашла бела прашкаста материја

Две лица од Куманово биле лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла бела прашкаста материја, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 21 октомври, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово ги привеле 36-годишната С.Б. и 50-годишниот Р.А.При извршениот преглед кај двајцата била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие биле однесени во полициска станица, а по целосното документирање на случајот

Македонија | пред 2 дена

media-libraryuj2dcbga2kesdusJyX2

„10 милиони евра за фушерај - „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна“, велат од Левица

Левица преку соопштение обвинува дека во студентскиот дом „Стив Наумов“ се појавиле сериозни проблеми помалку од еден месец по вселувањето на студентите, иако за реконструкцијата биле издвоени околу 10 милиони евра.Од партијата велат дека на објавени фотографии се гледа како вода протекува низ ѕидовите при дожд, а до нив пристигнувале и пријави за проблеми со греењето, водата, електричната енергија и интернетот. Според наводите на Левица, во домот нема парно, од чешмите тече заматена вода, делов

Македонија | пред 2 дена

media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија ги насочува напорите кон поврзување на научно-истражувачката дејност со регионалните и глобалните мрежи, откако во изминатиот период беа преземени мерки за зајакнување на националниот иновациски систем. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на министерскиот состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан, што се одржува во Брисел во организација на Европската комисија.Јаневска посочи дека за краток период буџетот за наука бил

Македонија | пред 2 дена

media-libraryiqvfdk32kcb54vVKLoM

(Видео) Хаос во албанскиот парламент: Пратениците се степаа среде седница

Физичка пресметка меѓу пратеници од мнозинството и опозицијата го наруши текот на денешната седница на албанскиот парламент, претворајќи ја собраниската сала во сцена на хаос.Според албанските медиуми, инцидентот започнал за време на гласањето по една од точките на дневниот ред, кога пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока, се упатил кон местата на кои седи мнозинството за да ги земе своите картички за гласање. Во тоа му се придружиле и други пратеници.Тензиите дополнително се зголемиле

Настани | пред 2 дена

market

Лебот, месото и млекото може да поскапат: Се зголемува ризикот од нова криза со храната

Следниот бран поскапувања на храната би можел да започне уште пред производите да стигнат до продавниците. Растот на цените на енергенсите, ѓубривата и транспортот, заедно со воените конфликти и климатските промени, создава ризик од поскапо земјоделско производство и повисоки цени на храната во 2027 година.Според најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), глобалниот индекс на цените на храната во септември достигнал 136 поени, што е зголемување од 1,

Свет | пред 2 дена

media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Вирусот Шамонда што досега ги погодувал животните откриен кај човек во Франција, пациентот починал

Француските здравствени власти потврдија прв случај на зараза со вирусот Шамонда кај човек. Пациентот кај кого бил откриен вирусот во меѓувреме починал, но надлежните уверуваат дека засега нема опасност за поширокото население, пренесува „Ројтерс“.Вирусот Шамонда припаѓа на групата ортобунијавируси што ги пренесуваат инсектите. Првенствено ги погодува животните, особено говедата, а се шири преку ситни мушички. За првпат бил откриен во Нигерија во средината на 1960-тите години, а подоцна повремен

Свет | пред 2 дена

media-librarymhmpm17rjkr61NbeWnF

ЛДП: Додека вие избирате меѓу многудетни семејства и странски работници, светот избира вештачка интелигенција! Време е за состанок со 21 век

Додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ водат дебати за потребата од странски работници во Македонија до 2030 година, Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение предупредува дека во јавната расправа се занемарува прашањето за вештачката интелигенција и автоматизацијата.Од партијата оценуваат дека наместо политички препукувања и лицитирање со бројки за потребната работна сила, на државата ѝ е потребна долгорочна стратегија за развој на технологијата и подготовка на институциите и граѓаните за промен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryc6rt1atou34la3PdQBF

Груевски фотографиран во ресторан во Унгарија, поранешен унгарски пратеник бара да му се одземе азилот

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски бил фотографиран во ресторан во центарот на Будимпешта, тврди поранешниот унгарски пратеник Акош Хадхази, кој утрово објави дека фотографијата ја направил унгарски државјанин.Груевски ја напушти Македонија во ноември 2018 година, пред да започне со издржување на двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“. Оттогаш живее во Унгарија, каде што доби политички азил, а унгарските власти повеќепати одбија да го екстрадираат и покрај меѓународната поте

Македонија | пред 2 дена

media-libraryr8kf65kt8qdpeZmaZAc

Вештак го исклучи Ѓоко Ристов од можноста да ги пишувал ливчињата пронајдени со парите

Обвинетиот Ѓоко Ристов со сигурност е исклучен како автор на ракописите што биле предмет на графолошко вештачење, изјави вештото лице Емилио Фришчиќ, специјалист за испитување спорни документи, при сведочењето пред судот.Фришчиќ објасни дека анализирал пет документи, меѓу кои и три хартиени ливчиња со рачно испишани цифри, кои, според доставените материјали од Обвинителството и дигиталните докази, биле пронајдени во полиетиленски кесички, во три одделни снопа пари.Според вештакот, спорните ракоп

Македонија | пред 2 дена

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Нафтата „Брент“ над 110 долари за барел поради стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Цените на нафтата забележаа раст во четврток, поттикнати од стравувањата од нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, по извештаите дека САД планираат да ги продолжат нападите врз Иран.Цената на суровата нафта „Брент“ порасна за 1,71 отсто, достигнувајќи 110,67 долари за барел, додека американската нафта WTI поскапе за 1,42 отсто, на 98,53 долари за барел.Според „Њујорк тајмс“, американската и израелската војска подготвиле конкретни планови за нови напади врз Иран по среднорочните избори

Свет | пред 2 дена

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Над 55 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против грип, над 60 отсто од пријавените се постари од 65 години

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја прими вакцината против сезонски грип во Институтот за јавно здравје, од каде што започна и вакцинацијата на сите пунктови низ државата.Клековски посочи дека вакцинацијата е најдобра заштита од грипот, бидејќи го намалува ризикот од потешки форми на болеста, компликации и смртни исходи, особено кај лицата од ризичните групи.Од 14 октомври досега за вакцинација се пријавиле 55.535 граѓани, од кои повеќе од 60 отсто се постари од 65 години. Пријави

Македонија | пред 2 дена

media-library7641ju7fbcppbcFyIv2

Специјалците од „Тигар“ меѓу најдобрите 10 снајперски тимови на натпреварот „БОРАН 8“ во Турција

Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ освоија деветто место на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, кој се одржа во Турција, соопшти Министерството за внатрешни работи.На натпреварувањето учествувале 48 тимови од 22 држави. Првите седум места ги освоиле тимови од Турција, додека осмото место му припаднало на тим од Азербејџан.Македонските специјалци постигнале особено добар резултат во дисциплината пиштолско гаѓање, освојувајќи 2.098 поени, значи

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhu1tm870of874UHguzu

Баран со централна потерница: Велешката полиција приведе маж осуден за тешка кражба

Полициски службеници од СВР Велес привеле 35-годишен жител на селото Бузалково, кој се барал со централна потерница за издржување едногодишна затворска казна за тешка кражба.Од МВР информираат дека Б.М. бил приведен на 21 октомври 2026 година, во 23:30 часот, врз основа на наредба од Основниот суд во Велес.Тој бил осуден на една година затвор за кривичното дело „тешка кражба“, предвидено во член 236 од Кривичниот законик.По приведувањето, 35-годишникот бил спроведен во Казнено-поправната установ

Македонија | пред 2 дена

kisev

(Видео) Русија го нападнала Киев со балистички ракети и дронови, загинал еден човек, над 20 се повредени

Руски сили извршиле масовен напад врз Украина во ноќта на 22 октомври, при што главна цел бил Киев. Според украинските власти, во нападот биле употребени балистички ракети и 210 беспилотни летала, а една личност загинала и повеќе од 20 биле повредени.Украинските медиуми објавија дека руските сили го нападнале историскиот центар на Киев со балистичка ракета „Искандер“, опремена со касетна боена глава К5. Информацијата ја потврдил Серхиј Бескрестнов, советник на украинскиот претседател за технолош

Свет | пред 2 дена

media-libraryokshf7tuq6i78WBkMC6

(Видео) Украинските сили поминале 15 километри низ гасовод и се појавиле зад руските позиции

Украинските сили спровеле операција во близина на Купјанск, во Харковската област, при што поминале околу 15 километри низ подземни гасоводи за да се инфилтрираат зад руските позиции. Операцијата, со кодно име „Велес“, ја извел Вториот корпус на украинската Национална гарда „Хартија“, во соработка со други украински единици.Командантот на корпусот, бригадниот генерал Игор Оболенски, изјавил дека украинските сили ги проучувале тактиките на руската војска за користење подземни премини и предвиделе

Свет | пред 2 дена

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Маскирана група демолирала кафуле во Белград, повредени двајца холандски рагбисти

Двајца холандски рагбисти се повредени во напад на група од десетина маскирани мажи во белградската улица Цетињска. Напаѓачите синоќа упаднале на терасата на кафуле во кое престојувале спортистите, го уништиле инвентарот и предизвикале хаос, објави „Телеграф.рс“.Според сведочењата, нападот бил ненадеен и не му претходел никаков конфликт. Маскираните мажи истрчале на терасата и почнале да кршат маси и столови, при што биле повредени двајцата холандски спортисти, на кои им била укажана лекарска по

Балкан | пред 2 дена

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Кремљ ги отфрла мировните предлози на Трамп, Путин не отстапува од воените цели

Додека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да посредува за завршување на војната во Украина, Москва не покажува подготвеност да се откаже од своите барања. Според анализа на Си-Ен-Ен, рускиот претседател Владимир Путин не ги прифаќа понудите за компромис и покрај можните економски придобивки за Русија.Трамп повеќепати тврдеше дека може брзо да стави крај на војната. Таквиот договор би можел да донесе укинување на санкциите кон Москва и нови трговски договори. Сепак, Кремљ продолжув

Свет | пред 2 дена

media-library02i35qhog8thag61W4q

Спорот поради мигрантите во Сеута заврши, Италија и Шпанија ги укинуваат контролите

Италија и Шпанија постигнале договор за укинување на меѓусебните гранични контроли воведени пред три месеци, со што се става крај на спорот што избувна по пристигнувањето на голем број мигранти во шпанската енклава Сеута. Одлуката ја соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи, пренесува Ројтерс.Спорот започнал на 31 јули, кога италијанската десничарска влада еднострано го суспендирала режимот на слободно движење со Шпанија во рамките на Шенген-зоната. Од Рим тогаш образложиле дека це

Свет | пред 2 дена

ujp

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Деловни простори во Прилеп и Струмица, дел од стан во Битола, возила и различна индустриска и градежна опрема се најдоа на новиот оглас за продажба на движен и недвижен имот што го објави Управата за јавни приходи (УЈП).Според огласот број 09/2026, на електронска јавна аукција се нудат деловен простор од 31 квадратен метар во Прилеп, деловен простор од 108 квадратни метри во Струмица и идеална половина од стан во Битола со вкупна површина од 89 квадратни метри, односно 44,5 квадратни метри што с

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања