Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

tramp-putin

Украинците преговараат со луѓето на Трамп за крајот на војната: „Киев е подготвен за мир“

Украински функционери водат разговори со администрацијата на Трамп и се обидуваат да ги намалат шансите за постигнување решение за завршување на војната, дури и пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата, пишува Wall Street Journal.Најблискиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, вчера се сретна со Кит Келог, избраниот на Трамп за специјален пратеник за Русија и Украина, и Мајк Волц, идниот советник за национална безбедност, изјавија за

Свет | пред 1 година

aljbin_kurti_i_marta_kos_1

Курти: Одговорните за нападот на критичната инфраструктура на Косово мора да сносат одговорност

Косовскиот премиер Албин Курти на вчерашниот разговор со еврокомесарката за проширување и соседска политика Марта Кос истакна дека одговорните за терористичкиот напад врз критичната инфраструктура на Косово мора да одговараат. Курти преку платформата „Х“ изјави дека со Марта Кос разговарал за односите со Европската унија, за демократскиот и социо-економскиот напредок на Косово.„Ја истакнав важноста на добрососедските односи за регионалната соработка и истакнав дека безбедносните закани мора да з

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-08.55.47

Сириските бунтовници велат дека влегуваат во клучниот град: падот би ги шокирал Русија и Иран

Сириските бунтовници денеска објавија дека почнале да туркаат во Хама, стратешки клучен град каде провладините сили поддржани од интензивни руски воздушни напади се обидуваат да спречат нова победа на бунтовниците и да го запрат нивното молскавично напредување.Командантот на бунтовниците Хасан Абдул Гани денеска на социјалните мрежи објави дека бунтовниците почнале да навлегуваат во Хама. Државните медиуми претходно објавија дека провладините сили го одбиле нападот.Како што јави Ројтерс, бунтовн

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Ќе врне дожд, на повисоките места снег - ова се температурите за денеска

Времето денес (05.12.2024 год.): Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и претежно на северозападот на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.Времето и метеоролошки параметри за Скопје: облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб променлив ветер. T= 8 °

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-13.29.26

Полноќно апсење во Гостивар: три лица со по 20 години завршија со лисици

На 05.12.2024 во 00.10 часот во угостителски објект во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода сопственикот на објектот Б.З.(20), вработениот А.С.(20) и Р.Д.(20), тројцата од Гостивар.При претрес во објектот, во кој биле затекнати тројцата, извршен со судска наредба, во објектот и кај вработениот биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постап

Македонија | пред 1 година

kosovski-bogorodica

(Видео) Градоначалникот Костовски ја видел Богородица во Бутел: Се појави во божјиот храм Св. Никола

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски сподели снимка на која тврди дека ја гледа пресветата Божја мајка, Богородица. Тој ваква објава сподели на социјалните мрежи, тврдејќи дека нејзиниот лик се појавил во Св. Никола во Бутел.„Слава на Господ. На големиот христијански празник Пречиста Богородица, Пресветата Божја Мајка се појави во божјиот храм Св. Никола во Скопје Север, Општина Бутел. Слава на Господ“, напиша Костовски.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Папата Франциско до свештениците: Скратете ги проповедите

Папата Франциско им порача на свештениците дека нивните проповеди не треба да траат подолго од десет минути „бидејќи луѓето ќе заспијат“, пренесува Католичката новинска агенција.Говорејќи на плоштадот Свети Петар за време на аудиенцијата во средата, папата објасни дека целта на проповедта е „да помогне да се оживее Божјото слово од книгата“.„Но, проповедта за тоа мора да биде кратка: некаква слика, мисла, чувство. Нешто што луѓето ќе го понесат со себе. Проповедта не треба да трае подолго од дес

Свет | пред 1 година

bitpazar

Обвинение за уште една узурпација за паркинг во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.Во конкретниот случај станува збор за узурпација на земјиште од 11 катастарски парцели во сопственост на државата, лоцирано до цветниот пазар кај Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар, а кое согласно Деталниот урбанистички план „Саат кула“ во Општина Чаир било наменето за изградба на катна гаража и било предв

Свет | пред 1 година

crna-gora-eu-1-750x430-1

Кај нас за сите пратеници по 2.000 евра, но не и во Црна Гора: само 28 од 81 пратеник добиле волку пари

Црногорските пратеници фасцинирани што дел од нив ќе земаат над 2.000 евра плата, која во Македонија, пратениците ја добиваат секој месец, изминативе скоро две години.Таму пратениците имаат драстично пониски плати од платите кои се исплаќаат на македонските пратеници. Сепак, за разлика од Македонија, во Црна Гора, нема сите пратеници да ја добиваат оваа плата, туку само дел.Од 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора, 28 пратеници во ноември добиле над 2.000 јавија црногорските медиуми.Платите на

Свет | пред 1 година

sdsm-novo-rakovodsvo

Наместо неефикасни мерки со кошнички, ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати докажаните мерки на СДСМ за цените, вели СДСМ

„Вистинската мерка која ќе донесе реална корист за граѓаните и реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, предлог што го достави СДСМ“, вели СДСМ и додава:Со укинување на ДДВ на храната реално и вистински ќе се намалат цените на повеќе од 250 категории на производи, а домаќинствата ќе можат да заштедат и до 2.000 денари месечно.Мерките на Владата, како што е замрзнувањето на маржите кои беа дел од т.н. есенска кошничка, се покажаа како неефикасни и немаа никакво в

Македонија | пред 1 година

kumanovo-zapalen-dukjan-750x430-1

(Видео) Уапсен пироманот кој запали автомобили во Куманово: фатен е на Бит Пазар

Денеска (05.12.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово.Тој се сомничи дека на 02.12.2024 во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект.Ф.А. бил приведен и задржан во Полициска станиц

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Премиерот ќе ја промовира новогодишната потрошувачка кошничка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, како што најави владината прес служба, денеска во свечената сала на Владата, ќе одржи состанок со претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка.Новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци, предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени н

Македонија | пред 1 година

IMG_2960

(Видео) Немањето јавен превоз е мерка за загадување на воздухот, вели доктор Пановски

Докторот и советник во Град Скопје, Никола Пановски, смета дека се спроведуваат мерки за загадување на воздухот од страна на градските власти, а тоа го гледа со фактот што нема редовен јавен превоз.„Краткорочни мерки можат да се донесат, ама да кажете бесплатен превоз, а да нема автобуси - е смешно. Ако го чекам саат и пол и го дишам тој воздух, ништо не сме направиле. Ова е антимерка, за загадување, кога нема јавен превоз. Тогаш сакале или неќеле, луѓето ги вадат автомобилите“, рече Пановски и

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Хорор во Кавадарци: Жена се обидела да ја убие својата мајка додека спиела, удирајќи ја со чекан по глава

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2, а во врска до член 19 (во обид) и во врска со член 12 став 2 (битно намалена пресметливост).Обвинетата на 10 септември годинава, во семејниот дом во Кавадарци, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка со која живееле во иста куќа. Додека жртвата спиела, обвинетата со чекан ја удрила повеќе пати во главата со што и нанела те

Македонија | пред 1 година

bitkoin

Биткоинот за првпат го надмина плафонот од 100.000 долари

Биткоинот за првпат ја проби границата од 100.000. Ова се должи на изборот на републиканецот Доналд Трамп за претседател на САД кој ги поттикна очекувањата дека неговата администрација ќе создаде подобра регулаторна средина за криптовалутите.Биткоинот инаку оваа година се зголеми повеќе од двојно и порасна за околу 45 отсто во четирите недели од убедливата изборна победа на Трамп.Последниот пораст доаѓа откако Трамп го избра Пол Аткинс за шеф на американската Комисија за хартии од вредност, номи

Свет | пред 1 година

zaporozje-pozar-nuklearna-centrala-1-960x504-1

Шефот на британската армија: Започнува третата нуклеарна ера

Началникот на британската војска, адмирал сер Тони Радакин, предупреди дека светот е на работ на „трета нуклеарна ера“. Неговата изјава доаѓа во време кога НАТО со голема загриженост ги следи руските закани со нуклеарно оружје, како и нуклеарните програми на Северна Кореја и Иран.Говорејќи на собирот на Кралскиот институт за одбранбени студии (РУСИ), Радакин истакна дека глобалната рамнотежа на силите драматично се менува.„Почетокот на третата нуклеарна ера е пред нас“, рече тој, додавајќи дека

Свет | пред 1 година

sanja-boz-1

„Енергетска иднина со македонски потпис – Форумот во Бангкок носи нови партнерства“

Македонија ја зацврстува својата посветеност на правичната енергетска транзиција преку учество на 13-от Меѓународен форум за енергија за одржлив развој што се одржува во Бангкок, Тајланд. Форумот, организиран од организиран од петте регионални комисии на Обединетите нации, се одвива под темата „Праведна енергетска транзиција“ и собира клучни носители на одлуки, експерти и организации со цел да ја поттикнат глобалната соработка за енергетска одржливост.Претставник на Министерството за енергетика

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-12-05-at-09.27.50_faf97273

Отстранети 70 хаварисани возила во Центар, одличен одзив на граѓаните за нивна дислокација

70 напуштени и хаварисани возила досега се отстранети од јавните површини на подрачејто на Општина Центар во рамки на акцијата која општината ја спроведува во соработка со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР.Општинските служби поставаија опомени на 95 возила, од кои 30 се подигнати од пајак-службата на ПОЦ, 20 се отстранети од сопствениците, а дополнителни 20 возила се дислоцирани по телефонска пријава од граѓаните.Градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на граѓаните кои покажаа

Скопје | пред 1 година

dnepar

Шокантен пресврт, руски функционери: „Ракетниот напад што го трепери Западот беше само трик во кој Захарова и Путин се главните актери!“

Руското лансирање на експериментална балистичка ракета со среден дострел Орешник - за која се вели дека е способна да носи нуклеарни боеви глави и се вели дека е хиперсонична - во Украина беше пропагандна операција дизајнирана од Кремљ, војската и разузнавачките агенции за повторно разгорување на стравот во Киев и западните престолнини кои веќе се навикнати и отрпнати на руско вербално џавкање со нуклеарно оружје, тврди рускиот независен медиум „Москва тајмс“ во написот што го претстави како сво

Свет | пред 1 година

Vesna-Dameva-2

Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%, вели Лефков

На синоќешното гостување во емисијата „Објектив" на МТВ, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков говореше за оставката на Весна Дамева и појасни дека и Дамева и претходната претседателка, како и Наќе Ѓорѓиев, се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%.„Да ве потсетам, во минатото, Судскиот совет на затворена седница, има одлучено да сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев и ако тоа го споредите со извештаите на ЕК, каде што на најстрог начин беше пренесено да се преземат мерки

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-03-at-21.48.00

Јужнокорејскиот претседател под истрага за вонредна состојба

Јужнокорејските обвинители отворија истрага против претседателот Јун Сук Јеол, неговиот министер за внатрешни работи и сега поранешен министер за одбрана за нивните улоги во обидот за воведување воена состојба, објави новинската агенција Јонхап.Ким Јонг-хјун, кој поднесе оставка како министер за одбрана на Јужна Кореја поради неговата вмешаност во воведувањето на воената состојба во вторникот, исто така се соочува со забрана за патување со очекување на истрага на обвинителството, објави Јонхап.

Свет | пред 1 година

gruzija-protesti

Грузија ќе заврши како Украина или Белорусија

Грузиските власти, обвинети од опозицијата за „проруски“ акции, ги споредија протестите со украинскиот Мајдан и рекоа дека нема да дозволат такво сценарио.Грузискиот премиер Кобахиџе изјави дека „за разлика од Украина во 2013 година, Грузија е независна земја со силни институции и што е најважно, сценариото Мајдан не може да се спроведе во Грузија“. Покрај тоа, тој додаде дека Западот нема да „постигне украинизација на Грузија“.Се разбира, Министерството за надворешни работи на Украина ги критик

Свет | пред 1 година

25589db1-515a-4405-882d-1456cfb139cf

(Видео) Астероид изгоре над Русија, снимена спектакуларна огнена топка

Синоќа, астероид, официјално наречен 2024 XA1, влезе во атмосферата на Земјата и изгоре над Сибир, осветлувајќи го небото со драматична огнена топка. Објектот со дијаметар од околу 70 сантиметри е откриен само 12 часа пред да влезе во атмосферата, а сцената ја снимиле жители на регионот Јакутија.Европската вселенска агенција (ESA) објави на социјалните мрежи дека астероидот влегол во атмосферата во 17:15 часот по средноевропско време.„Астероидот привремена ознака #C0WEPC5 влезе во атмосферата на

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-05-at-09.08.41

Русија ги повлекува бродовите од друга клучна база

Русија ги повлекува бродовите од својата поморска база во Сирија како одговор на бунтот против сирискиот претседател Башар ал-Асад, откако претходно оваа година го пресели најголемиот дел од својата Црноморска флота од базата на Крим. Сириското пристаниште Тартус беше клучна база за руските бродови повеќе од пет децении, а неговото значење порасна од почетокот на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина на 24 февруари 2022 година. Оваа база и обезбедува на Русија стратешко при

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-05-090311

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС се е „како и до сега“, присуството на Филипче на политичката мапа е стратегија за опстојување на кланот Заеви

„Заев го избра Филипче за да ги стави под закрила и под тепих сите криминали кои ги направи изминатите години. Заев го избра Венко Филипче за да му чува место во партија, за да може слободно да му течат бизнисите и зделките дури и по цена на слабеење на партијата и продлабочување на распадот на партијата, до ниво на самоуништување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Заев го избра Филипче и за да ја избегне одговорноста за сите скандали афери и криминални дејствија во изминатите 7 години, за да може кланот Зае

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања