Промени тема
Контакт

Отстранети 70 хаварисани возила во Центар, одличен одзив на граѓаните за нивна дислокација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
WhatsApp-Image-2024-12-05-at-09.27.50_faf97273

70 напуштени и хаварисани возила досега се отстранети од јавните површини на подрачејто на Општина Центар во рамки на акцијата која општината ја спроведува во соработка со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР.

Општинските служби поставаија опомени на 95 возила, од кои 30 се подигнати од пајак-службата на ПОЦ, 20 се отстранети од сопствениците, а дополнителни 20 возила се дислоцирани по телефонска пријава од граѓаните.

— реклама —

Градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на граѓаните кои покажаа совесност и одговорност и се приклучија на акцијата.

— реклама —

„Целта е да се расчистат јавните простори, паркинг местата, тротоарите и другите површини од возила кои со години скапуваат и пропаѓаат. Апелирам до сите граѓани да ги пријават или сами да ги отстранат возилата кои не се во употребна функција или возна состојба. Возилата ќе бидат бесплатно транспортирани во депото и ќе им биде направена проценка согласно откупната цена за старо железо,“ истакна Герасимовски.

— реклама —

Граѓаните можат да пријават хаварисани возила на бесплатниот телефонски број 076 350 767. Општина Центар информира дека акцијата ќе продолжи со несмален интензитет, ослободувајќи простор за нови паркинг места и создавајќи поуредена и почиста средина за сите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8qnene5bqcr1aHO6zMK

(Фото) Камени мост затворен за пешаци: По години во мрак, се санира осветлувањето

Скопје | пред 5 дена

— реклама —
media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања