Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

IMG_6239

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за идејата за формирање на паралелна Академија за науки и уметности. Во пост на Фејсбук, Филипче остро реагира против ваквиот проект, нагласувајќи дека е категорично против етнички поделби во науката.-Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки и уметности. Преседан е создавање на "етнички чисти" институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена

Македонија | пред 2 години

semejno-nasilstvo

„Ја удирал по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи“, покрената постапка против скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 14 октомври, со умисла при вршење семејно насилство тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка. Двајцата со такси возило се враќале во нивниот дом кога меѓу нив настанала вербална расправија. Во моментот кога дошле во близина домот, осомничениот ја фатил оштете

Македонија | пред 2 години

655-402-zatvor

Фатен бегалец од затвор осуден на затворска казна од 13 години

Вчера полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и полициски службеници од ПС Драчево во 18:30 часот на улицата „Иван Хаџиниколов“ во Скопје го лишија од слобода 43-годишниот Д.Ј. од Скопје, баран со потерница поради бегство од затвор, а осуден на казна затвор во траење од 13 години и еден месец поради сторени кривични дела по чл.237, чл.215 и чл.236 од КЗ на РСМ.Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Македонија | пред 2 години

272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

Студено утро, сончево и релативно топло преку ден

Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.Утре наутро постудено, а преку денот сончево и релативно топло време со

Македонија | пред 2 години

gaza44

САД му постави услови на Израел, ризикува да ја изгуби воената поддршка

САД му дадоа на Израел 30 дена да го подобри протокот на хуманитарна помош во Газа или ризикува да ја изгуби воената поддршка.Меѓу барањата на САД е дека Израел мора да дозволи најмалку 350 камиони дневно да влезат во Газа преку сите четири главни премини, како и да отвори петти.Исто така, мора да спроведе хуманитарни паузи низ Газа за да овозможи хуманитарни активности, вклучително вакцинирање и дистрибуција на помош, најмалку во следните четири месеци.Во меѓувреме, САД наводно добиле гаранции

Свет | пред 2 години

napad-kiev

Русија лансираше 136 беспилотни летала кон Украина

Русија изврши серија напади со дронови и ракети насочени кон Киев и други украински градови во текот на ноќта, предизвикувајќи пожар во индустриска фабрика во западниот украински регион Тернопил, соопштија украинските власти.Русија лансираше 136 беспилотни летала насочени кон Украина и три проектили во текот на ноќта, а украинската противвоздушна одбрана уништи многу, соопшти украинското воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм.Голем дел од Украина беше во состојба на готовност поради

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Голема акција во струмичко и гевгелиско: апсење на полицајци

Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во тек е голема полициска акција во струмичко гевгелискиот регион.Со детали МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-10-15-at-18.26.55

Угина и лавот во ЗОО-Скопје

„Со големо жалење и тага ве информираме дека денеска на 16годишна возраст не напушти нашиот лав Жика, кој во Скопје беше дојден од зоолошката во Белград“, велат од Зоолошката градина-Скопје.Тие додаваат: „Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медици

Скопје | пред 2 години

thumbnail_iformator

​Бизнис информатор за поголема поддршка на деловните субјекти од Кисела Вода

Бизнис информатор од денес е достапен за бизнис заедницата од општина Кисела Вода. Поставен е на општинската веб страница и на едно место, нуди клучни информации за поддршка на бизнисите преку конкретни услуги или иницијативи. Се работи за пилот проект кој го реализираше Општина Кисела Вода заедно со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.Оваа интерактивна алатка на деловните ентитети кои се евидентирани на ГИС порталот, им нуди широк спектар на дигитални

Скопје | пред 2 години

F241015LM16-e1728989287919-640x400-1

(Видео) Хаос на автопат, напаѓач пукал во возила, вознемирувачки сцени од Израел, има загинат

Во пукање на крајбрежниот автопат на југот на Израел, еден маж е убиен, а три лица се ранети.Како што пренесува Тајмс оф Израел, тешко ранетиот починал при транспорт во болница.Нападот се случил во близина на раскрсницата Јавне, северно од Ашдод, а лекарот кој го запрел својот автомобил за да им помогне на повредените бил полесно повреден кога во него удрил друг автомобил.Според првичната истрага, полицијата соопшти дека терористот се приближил до патот пеш, пукајќи во полицаецот, а потоа ги пов

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-10-15-142312

Директорот на Царинска управа Николовски: Пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил

„Со личен пример сакам да покажам дека е потребен многу поголем искрен ангажман. Работиме на менување на свеста на царинските службеници и ќе функционираме по систем „пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил“, вели директорот на Царинска управа во интервју за магазинот за туризам и менаџмент.„Царинските службеници на граничните линии се тие кои се грижат за безбедноста на нашите граѓани штитејќи ги финансиските интереси на државата. За жал во некои одредени сегмент

Македонија | пред 2 години

jsp

ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа, велат од СДСМ

„Извештајот на Европската Комисија го потврди тоа што граѓаните на Скопје секојдневно го чувствуваат: јавниот превоз во Скопје е катастрофален, најлош во Европа. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска успеаја да го донесат Скопје на дното во Европа и во делот на транспортот и во секој можен поглед“, соопшти СДСМ.„Наместо да вложуваат во подобрување на услугите и модернизација, како што ветуваа, сведоци сме на епско потфрлање и тотален хаос во сообраќајот, што дирек

Скопје | пред 2 години

janevska

Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни

Условите во државните студентски домови се стар предизвик што, веројатно поради габаритноста на објектите и сложеноста на зафатот што требало одамна да се реализира, никој не се нафатил да го реши. Сега ние го решаваме тој предизвик, активностите за етапна реконструкција објектите се интензивираат и за четири години сите ќе станат модерни и енергетски ефикасни.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција на која заедно со раководитело

Македонија | пред 2 години

02102024-Mickoski-8

Прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на Мицкоски, премиерот да каже која е алтернативата, прашуваат од СДСМ

„Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. И како опозиција и како власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно и намерно го блокираат европскиот пат на државата. Резултат на тие погрешни политики и дипломатски промашувања го гледаме денеска. Албанија продолжува напред по патот на ЕУ а Македонија влегува во нова неизвесност, без план како да понатаму“, вели СДСМ.„Наместо да биде ден кога сите политички субјекти и граѓаните заед

Македонија | пред 2 години

policija-policisko-vozilo

Четворица уапсени за пукањето во Чаир, двајца од нив издржуваат затвор во Идризово, а излегле поради работен ангажман

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера (14.10.2024) околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“, во близина на општина Чаир, каде што од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје.Веднаш по добиената пријава преземени се опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со „Безбеден град“ Скопје, како и OJO Скопје, при што се утврдени сите учесници во кривично правнио

Македонија | пред 2 години

miteva1

(Видео) Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари

„Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава. Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики“, кажа портпаролката на Владата

Македонија | пред 2 години

80

Средба Филков-Вал: планираните реформи и проекти во правосудството, теми на дискусијата

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.Како што извести Министерството, се дискутирало за планираните реформи и проекти во правосудството во насока на владеење на правото.Посебен осврт беше даден на Предлог законот за кривична постапка за што од страна на амбасадорот Вал беше соопштено дека ОБСЕ финансиски ќе го поддржи преводот, се вели во соопштението.Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Министерството за правда ќе бид

Македонија | пред 2 години

WhatsApp-Image-2024-10-15-at-12.24.07_dd4631cb

Герасимовски: Засилените контроли на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжуваат

Во заедничка акција инспекторите за животна средина на Општина Центар, хигиеничарите од ПОЦ и Министерството за внатрешни работи исчистија и заградија напуштен објект кој пред извесен период бил диво населен и претворен во дива депонија и кој претставуваше извор на зарази. Објектот се наоѓа во непосредна близина на гимназијата Р.Ј Корчагин.Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните да ги пријавуваат вака запуштените објекти.„Овде затекнавме мини депонија која нави

Скопје | пред 2 години

edi-rama

(Видео) Tажен сум што нашите браќа од Mакедонија не успеаја да влезат во оваа фаза, иако беа први, рече Еди Рама

Албанија го отвори првиот кластер, кој се состои од пет преговарачки поглавја, со Европската унија на денешната меѓувладина конференција. Албанија формално ги отвори пристапните преговори со ЕУ, заедно со Македонија во јули 2022 година, но Македонија остана блокирана поради условот да се внесат Бугарите во Уставот.На прес-конференција во Брисел, албанскиот премиер Еди Рама кажа дека е тажен поради тоа што Македонија не продолжи со преговорите.„Се чувствуваме тажни и стотици пати кажувам дека наш

Македонија | пред 2 години

IMG_8162

Од денеска започна грејната сезона

Од денес, 15 октомври, започна грејната сезона 2024/2025 година за потрошувачите што се приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, управуван од АД ЕСМ.Како што е наведено во соопштението на ЕСМ, испораката на топлинска енергија до потрошувачите ќе се врши во периодот од 6 часот до 22 часот, следејќи строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Според овие правила, во октомври и првата половина од ноември, кога временските

Скопје | пред 2 години

15102024_MICKOSKI-1

Мицкоски и Хармс од Германија: Ќе отвориме преговори за можно инвестирање на уште странски компании на македонскиот пазар

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски имаше излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) каде ги презентираше економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар. Освен веќе присутните компании на домашниот пазар во државата, интерес да инвестираат кај нас пројавија и нови ст

Македонија | пред 2 години

mucunski-berbok-2

Муцунски – Бербок: Нагласена силната поддршка за европската интеграција на Северна Македонија и потврдено цврстото пријателство помеѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок, што претставува прва официјална средба на двајцата министри по преземањето на министерската позиција на Муцунски.Фокусот на разговорите на средбата беше за одличните политички и економски односи помеѓу двете земји и цврстото партнерство во изминатите 30 години од воспоставувањето на дипломатск

Македонија | пред 2 години

aleksandar-tamara

Во тешка сообраќајна несреќа во Њујорк загинаа Србинка и Црногорец, се собираат средства за да се донесат телата во нивните држави

Во тешка сообраќајна несреќа во Њујорк, за време на викендот, загинаа Србинката Тамара Лападатовиќ и нејзиното момче, Црногорецот Александар Јокановиќ.Тамара и Александар биле на мотор во неделата кога автомобил налетал на нив во близина на 3-та авенија на Менхетен, објавија српските медиуми.„32-годишен маж и 35-годишна жена загинаа откако мотоциклот со кој се возеле удрил во Toyota RAV4 во близина на 3-та авенија и улицата E. 103 во Менхетен околу 4:43 часот“, соопшти полицијата.Брзата помош пр

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-10-15-124237

Наташа, 25-годишната девојка со македонско потекло, е погребана во Германија, осомничен за убиството е нејзиниот партнер

Наташа Совраноски, 25-годишната жена и мајка на едногодишно девојче, која по 25 дена откако исчезна во Штутгарт, Германија, беше пронајдена мртва во шума, беше погребана пред четири дена. Нејзиното семејство, со македонско потекло, а кое живее во Германија, соопшти дека погребот се одржал во Синделфинген и се заблагодарија на сите кои дошле на последното испраќање на Наташа, објави Фокус.Се огласија и од германското здружение „Frauen helfen Frauen e.V. Calw“ кое им пружа поддршка на жените жртви

Македонија | пред 2 години

Lefkov-4

(Видео) Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата, вели Лефков

„Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европската Унија, а истата уште толку не оддалечи од нејзините врати поради лошите политики на СДС-ДУИ“, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Криминалната коалиција на СДС-ДУИ, наместо како што ветуваа почеток на преговори со Европската Унија, не дистанцираа од неа. Граѓаните препознаа дека зад памфлетите се кријат манипулации за да можат да крадат. Затоа СДС беше казнета на последните избори, пораз кој с

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања