Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

raketi

Нападнат Израел: Истрелани 40 ракети

Околу 40 ракети биле истрелани во текот на утрото од Либан кон Горна Галилеја и Голанската висорамнина, соопшти израелската армија.Некои од ракетите биле пресретнати од противвоздушна одбрана, а засега нема информации за повредени, пишува „Тајмс оф Израел“.Нападот се случи откако израелската армија синоќа нападна складиште за оружје на Хезболах длабоко во либанска територија.Во тој напад е убиен истакнат оперативец на Хезболах, наведува израелскиот портал.

Свет | пред 2 години

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

(Видео) Пожар во Франција: 11 лица повредени, меѓу кои и пожарникари

Во пожар, кој избувна во ноќта меѓу неделата и понеделникот во градот Каен-ен-Русијон во департманот Пиринеи-Ориентал на југот на Франција, полесно се повредени најмалку 11 лица, меѓу кои и двајца пожарникари. Според локалните медиуми, пожарот бил ставен под контрола во текот на ноќта, а повеќе од 3.000 кампери биле успешно евакуирани.„Поради силните налети на северни ветрови со брзина до 80 километри на час, пожарот многу брзо се прошири кон туристичкиот камп Мар Естанг, кој се наоѓа на 100 мет

Свет | пред 2 години

Zemjotres

Силен земјотрес го погоди Пакистан: Населението во паника

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утринава погоди делови од Пакистан и предизвика паника кај жителите, а се уште нема извештаи за штета, соопштија властите.Епицентарот на земјотресот бил во југозападен Кашмир, претежно муслимански регион кој е поделен меѓу Индија и Пакистан, пренесува АП.Според Националниот центар за сеизмички мониторинг во главниот град на Пакистан, Исламабад, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри.Земјотресот бил почувствуван во п

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Откажани летовите на аеродромот во Јапонија поради бизарна причина: Ножици исчезнале од продавница, патниците двапати поминале низ безбедносни проверки

На терминалот на новиот аеродром Читозе во Хокаидо, Јапонија, 36 летови беа откажани, а 201 одложени во текот на викендот, откако исчезнаа ножици од продавница во близина на капијата за качување.Безбедносните проверки на терминалот беа прекинати во саботата наутро на околу два часа, а потоа патниците мораа повторно да поминат низ нив, јавува Би-Би-Си.Ножиците биле пронајдени следниот ден во истата продавница.Иако ножиците не беа пронајдени во саботата, денот кога исчезнаа, безбедносните проверки

Свет | пред 2 години

pukanje-1

Повторно пукање во Скопје

Вечерва повторно имаше пукање во Скопје, според извори на порталот 24ИнфоВо пукањето во скопски Сингелиќ едно лице со повреди е пренесено во Градската општа болница.Според неофицијални извори пукано било во возило во движење во кое имало две лица, а испукани се 7 истрели кон возилото, објави 24 инфо.

Скопје | пред 2 години

Danela-Arsovska-pred-Vlada

Данела Арсовска конечно утре на прес ќе одговара на новинарски прашања

Утре во 11 часот ќе се одржи прес конференција во град Скопје. Денеска, по средбата во Влада, Арсовска на прашање на Скопје1, рече дека по средбата ќе одговори на новинарски прашања или во Влада или во градот. Сепак реши да преспие и пресот е закажан за утре.По долго молчење и криење од јавноста скопската градоначалничка ќе треба да даде одговори за хаосот во градот, но и за четириесетината директорски смени кои уште повеќе ја влошија состојбата.Денешната средба со премиерот и министерот дојде н

Скопје | пред 2 години

arsovska

(Видео) Од Арсовска не било побарана оставка во Влада, но има најава за можна кривична одговорност

Владата не побарала од Данела Арсовска да замине од градоначалничката функција, а министерот за локална самоуправа, Златко Перински најави дека како граѓанин можеби ќе поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување од страна на градската мајка.„Состанокот беше во конструктивна насока, да ги решиме проблемите. Јас сметам дека тоа е едно од решенијата на проблемите. Но меѓутоа, мене ми треба ад-хок решение, системско. Ние имаме проблем во девет јавни претпријатија, кор

Скопје | пред 2 години

Sequence-09.00_04_12_27.Still002

(Видео) Владата уште позагрижена за Скопје по средбата со Арсовска

Владата е уште позагрижена за Градот Скопје по средбата со градоначалничката Данела Арсовска. Министерот за локална самоуправа Златко Пирински, посочи дека Владата можела да стои на страна и да не прави ништо, но посочија дека сакаат да му помогнат на Градот.„Сега сме уште позагрижени од пред состанокот. Сметавме дека од страна на Градот ќе чуеме за некакви реални потреби за планот да се реализира. Не чувме ништо конструктивно. Очајна е состојбата во Градот и јавните претпријатија. Заклучокот е

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски удри по Кривичен за бегството на Рамадани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, се огласи на социјалните мрежи во однос на случајот за Блерим Рамадани:„Имајќи предвид дека случајот со екстрадиционата постапка за Блерим Рамадани предизвика голем интерес кај јавноста, а денеска од страна на Кривичниот суд беше испратено соопштение во кое одговорноста за бегството на предметното лице се префрла на Министерството за внатрешни работи, сакам да потенцирам неколку факти кои јасно укажуваат каква е вистинската фактичка состојба.Факт

Македонија | пред 2 години

vozach

Две деца и маж загинаа кај Лазаревац: Возот налетал на автомобилот во кој се наоѓале, таткото е тешко повреден

Момче (12) и девојче (14) загинаа денеска во сообраќајна несреќа што се случи на ниво на премин во градот Петка во Лазаревац кога во автомобилот во кој се наоѓале удрил воз.Во несреќата загинал и возачот Милан Л., додека таткото на децата Милан Д.(38) е тешко повреден, објави Блиц.Во автомобил „ауди“ удрил воз кој сообраќал на линијата Пријепоље - Белград.Од МВР за Нова.рс потврдија дека во сообраќајната несреќа загинале две лица, а едно е повредено.Железничкиот сообраќај беше во прекин.

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-07-16-at-19.16.33

Ангелов: Благодарение на дождот во моментов нема активни пожари

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов преку видео изјава информираше за состојбата на пожарите низ државата.,,Благодарение на дождот кој што вчера во попладневните часови падна на повеќе места на држават и притоа ги поклопи скоро сите активни пожари, пожарите се целосно изгаснати.Вчера имавме многу тежок ден затоа што имавме неколку многу ризични пожари како што беше пожарот на Кајмакчалан и пожарот во близина на Пробиштип.", вели АнгеловСпоред УХМР нови врнежи од дожд се очекуваат и денес во попл

Македонија | пред 2 години

lavrov

Нови обвинувања од Москва: Без поддршка од САД, Украинците не би можеле сами

Без поддршка од САД, Украинците не би можеле да извршат саботажа на рускиот гасовод Северен тек во Балтичкото Море, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.„Дури и Украинците да учествуваа во ова, јасно е дека не можеа сами. Јасно е дека за да се изврши таков напад, наредбата требаше да дојде од највисоко ниво, и од навистина највисоко ниво, бидејќи Западот е, се разбира, Вашингтон“, рече тој е Лавров, пренесува ТАСС.Тој додаде дека Германија мора да одговори на сите п

Свет | пред 2 години

IMG_6173

Николоски: Ќе направиме се во текот на првиот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ градот Кавадарци да има обиколница

„Денес разговараме за еден голем капитален проект кој треба да го забрза развојот не само на Општина Кавадарци туку на целиот Тиквешки регион. Се работи за изградба на обиколница на градот Кавадарци и треба да помогне во подобрување на условите за бизнис, комуникацијата во растеретување на сообраќајот кој се случува во моментот низ самиот град а во перспектива да отвори и сериозни можности за развој“, истакна министерот за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета на Општина Ка

Македонија | пред 2 години

IMG_6172

Отстранети вкупно 50 кубни метри отпад во текот на викендот, информираат од ЈП Комунална хигиена - Скопје

,,Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за подигнување отпад од диви депонии во повеќе скопски општини.Отстранети се вкупно 50 кубни метри отпад лоцирани на улиците Скупи и Московска - во скопската општина Карпош, улицата Никола Пушкаров (во близина на старата општина) - во општината Ѓорче Петров, како и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) - во општината Чаир.Во тек е и акцијата за собирање кабаст отпад што во моментов се одви

Скопје | пред 2 години

0_THP_CHpP_031118SLUG_1889JPG

Напад со нож во Манчестер: Убиена жена, ранети тинејџерка и маж

Едно лице е убиено, а две се тешко ранети во напад со нож во Манчестер, Англија, денеска нешто по полноќ, пишува Daily Mail.Полицијата и медицинските екипи биле повикани во станбена зона во Гортон околу 12.20 часот по дојава за прободување.Една жена (43) е убиена, додека девојка (17) и маж (64) се пренесени во болница со повреди опасни по живот.Маж (22), за кој се верува дека им е познат на жртвите, е уапсен под сомнение за напад и ќе остане во притвор.Полициската управа на Манчестер денеска пот

Свет | пред 2 години

voz

Страшна несреќа: Воз на релација Белград - Пријепоље удрил во автомобил, се стравува дека има жртви

Страшна сообраќајна несреќа се случи денеска кога воз на релација Белград - Пријепоље удрил во автомобил кој минувал на шините.Корисниците на социјалните мрежи јавуваат дека постои сомнение дека има и настрадани, иако нема официјална потврда за оваа информација.Возот моментално стои на шините и на патниците им е забрането да го напуштаат возот.Полицијата и пожарникарите се на терен.

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Израелските власти соопштија: Експлозијата во Тел Авив во која загина едно лице е терористички напад

Експлозијата во Тел Авив, во која едно лице загина, а друго е повредено, е терористички напад извршен со моќен експлозив, соопштија израелските власти.Во заедничкото соопштение на полицијата и израелската безбедносна агенција Шин Бет, се наведува дека во синоќешниот напад била употребена „моќна експлозивна направа“ - но не е откриен идентитетот на напаѓачот, ниту мотивот на нападот.Во експлозијата загина едно лице, за кое се претпоставува дека е бомбашот. Повреден е само случаен минувач чија здр

Свет | пред 2 години

rusija-ukraina-4

(Видео) Украинците користат дронови за да ги повикаат Русите да се „предадат без контакт“

Дроновите го менуваат војувањето во Украина, а најновиот неочекуван пресврт е таканареченото „бесконтактно предавање“, во кое беспилотно летало со звучник и микрофон им приоѓа на руските војници и ги повикува да го остават оружјето. Војниците потоа го следат дронот назад до украинските позиции каде безбедно се предаваат. И во минатото имало повремени спонтани предавања со дрон, но ова изгледа како организирана кампања.Беспилотните летала претходно биле поврзувани со брутална војна во близина. Бе

Свет | пред 2 години

IMG_6171

Левица: Одењето по невеста е причина повеќе ДПМНЕ да ја изгласа интерпелацијата за Гаши

,,Скандал се случи викендов кога претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово и Метохија, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин.Функционерските привилегии се стимулатор на расипничко однесување на функционерите, без разлика дали се избрани или именувани. Нивната секојдневна злоупотреба беше извор на проблеми во претходната Влада, но истото продолжуваат да го прават и функционерите од новиот владин соста

Македонија | пред 2 години

IMG_6170

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и со заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид ги прими генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт и заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс.На средбата се разговараше за севкупната соработка на нашата држава со Националната гарда на Вермонт, како важен дел од стратешкото партнерство со САД и континуирана поддршка што САД од почетокот на независноста ја дава за евроатлантските интеграции на нашата држава, нејзиниот демократски развој, безбедност и стаби

Македонија | пред 2 години

zdravstvo

Доктор Лазаров удри по Лекарска комора: Раководстовот е избрано со епско местење, зад врати со обезбедување - нема потреба министерот би се гледал со нив

,,На овој начин е избрано актуелното раководството на Лекарска Комора, епско местење избори зад затворени врати со приватно обезбедувањеи навистина не разбирам и гледам потреба министерот со нив/неа да се оди на состанок и било каква средба!Истата особа паралелно беше директор на клиника и претседател на ЛКМ, нема 1% поддршка од фела и репрезент на се што е погрешно, безгласно ги премолче сите катастрофи во здравството на Филипче и тие по него во изминатите 8 години и најмалку што заслужува е се

Македонија | пред 2 години

pozar2

Пожарите во Грција донесоа нови проблеми

Пожарите околу Атина носат и нови недостатоци. На пазарите има помалку производи од самата причина што при првите пожари најмногу настрадаа оранжериите.Каква е моменталната состојба во овој и во другите делови на таа земја? Дали е безбедно да се одмори во Грција?„Според информациите од локалните медиуми, пожарот е локализиран со големи напори, но за жал, временските услови не и се во корист на Грција“, изјави Јасмина Павловиќ Стамениќ, дописник на „Политика“.Урагански ветрови зафатија делови од

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба, немање обезбедување претставува прекршок за санкција

,,Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната ситуација, немањето на придружба и необезбедувањето претставува прекршок за санкција.Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши?Оваа држава има институции. СДС тоа тешко го сфаќа зошто во нивно време министрите во работно време играа фудбалчиња во кабинет, полицајци се удираа во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовс

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-08-at-10.14.06

Тошковски позитивен на Ковид 19

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил информираше дека по изврешно тестирање е позитивен на ковид 19.,,Почитувани,Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни.Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, се до исчезнување на симптомите.", напиша министерот Панче Тошковски.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Се судриле мотоцикл и автомобил во Скопје: Мотоциклистот со тешки повреди

На 18.08.2024 во 07.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(43) од с.Арачиново, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(61) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања