Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Тошковски удри по Кривичен за бегството на Рамадани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, се огласи на социјалните мрежи во однос на случајот за Блерим Рамадани:

— реклама —

„Имајќи предвид дека случајот со екстрадиционата постапка за Блерим Рамадани предизвика голем интерес кај јавноста, а денеска од страна на Кривичниот суд беше испратено соопштение во кое одговорноста за бегството на предметното лице се префрла на Министерството за внатрешни работи, сакам да потенцирам неколку факти кои јасно укажуваат каква е вистинската фактичка состојба.

Факт број 1: Кривичниот суд определи куќен притвор за странец кој беше уапсен по меѓународна потерница од Интерпол.

— реклама —

Факт број 2: Согласно член 163 став 5 од Законот за кривична постапка, „судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување“.

Факт број 3: Во овој случај, во решението за куќен притвор на предметното лице, судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР Скопје, ПС ОН Чаир, притоа не определувајќи го начинот на извршување, иако тоа е законска обврска согласно горенаведената одредба од членот 163.

Факт број 4: Во моето повеќегодишно искуство како адвокат, се имам сретнато со решенија за определување на куќен притвор каде прецизно било определено на кој начин да се извршува надзорот од страна на полицијата.

Факт број 5: Согласно досегашната воспоставена пракса, добропозната за Судот, при извршување на мерка “куќен притвор“, полицијата не го обезбедува 24 часа домот каде се извршува мерката, туку повремено, во определени временски интервали, ненајавено го проверува присуството на лицето во неговиот дом. И покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје во повеќе наврати биле вршени проверки, при што последната проверка е извршена на 13.08.2024 година, кога лицето било на предметната адреса, за што од страна на полициските службеници е изготвен и соодветен службен материјал.

Ја повикувам јавноста, особено стручната фела, внимателно да го следи овој случај, бидејќи неговиот исход ќе биде од суштинско значење за воспоставувањето на правдата и довербата во судскиот систем во Македонија.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Настани | пред 3 седмици

media-libraryc4njdlp79atp2skWkOm

„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryitk0hbd9he31bwOhrmG

Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери

Македонија | пред 3 седмици

media-library6b15u79sfgu8eZdKazH

(Фото) Запален камион кај Хиподром по судир со автомобил, сообраќајот во застој од Миладиновци

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања