Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

Напад во Русија, двајца полицајци загинаа, еден повреден

Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет кога неидентификуван напаѓач нападнал руска полициска единица во градот Карачаивск во Карачаевско-Черкезија, во Северен Кавказ, соопшти регионалниот оддел на Истражниот комитет на Русија.Како што се наведува, денеска непознато лице со огнено оружје пукало неколку пати во полициски одред во градот Карачајевск, а потоа напаѓачот го украл службеното оружје и муницијата на полицијата, пренесува Интерфакс.Потрагата по напаѓачот е во тек.

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-04-22-at-10.39.47

Боки 13 алармира дека добива закани и има притисоци поради гостувањето кај Лазаров вечерва

Бојан Јовановски-Боки 13 вечерва ќе го има неговиот прв настап во подкаст, кај јутуберот Стефан Лазаров. На социјалните мрежи Боки 13 објави: „Денеска е денот“, па дополни дека подкастот е во 20 часот.„Пс. престанете со притисоци и закани за вечер“, додава тој во објавата.[caption id="attachment_287043" align="alignnone" width="1183"] Screenshot[/caption]На социјалните мрежи се огласи и Лазаров.„Од денес многу работи ќе се поинакви, 20:00 поткаст со Боки 13… Дознавате работи кои ни во сон не би

Македонија | пред 2 години

sedummina-960x503-1

Кои се и зошто сакаат да го истрчаат маратонот до Вила Водно: професори, лекари, градоначалници

Вечерва на полноќ завршуваат крстосувањата низ Македонија, средбите и митинзите на претседателските кандидати. Од полноќ настапува законскиот изборен молк, а на 24 април е првото измерување на силите.На овие избори има максимален број кандидати. Седум желби и амбиции за влегување во претседателската вила на Водно. Еден актуелен претседател и професор, две професорки, двајца лекари и двајца градоначалници.Стево ПендаровскиСтево Пендаровски ја победи Силјановска Давкова во вториот круг во 2019 и в

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

160 санкционирани возачи викендот на подрачје на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (19/20/21.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на СВР Битола изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 8 мерки за зборување на мобилен телефон, 22 мерки за возење без возачка дозвола.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Тројца повредени во терористички напад во Ерусалим

Три лица се повредени утринава во терористички напад во Ерусалим, извести израелската полиција, пренесува Jerusalem Post.„Утринава околу 8 часот е добиена пријава за сообраќајна несреќа и повредени тројца пешаци на улицата Течелет Мордехај во Ерусалим“, извести полицијата. Терористите со својот автомобил налетале на пешаците, а потоа излегле од возилото и го впериле оружјето кон пешаците, но потоа побегнале и го фрлиле оружјето што го имале.Окружниот командант на Ерусалим нареди мобилизација на

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

113 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 113 возачи.Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 47 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 н

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-04-03-at-10.47.43

Последен ден кампања, од полноќ молк за претседателските избори

Денеска е последен ден од претседателската кампања во првиот изборен круг. Седумината претенденти до полноќ ќе се обидуваат да добијат глас повеќе. Изборниот молк во сила почнува на полноќ и ќе трае до затворање на гласачките кутии на 24 април во 19 часот.Кандидатите и денеска продолжуваат со своите карвани.Граѓанскиот кандидат Стево Пендаровски, подржан од кослицијата ,, За европска Македонија “, предводена од СДСМ, ќе има средба со жителите на Демир Хисар и митинзи во Ресен и Битола.Кандидатка

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Гори огромна фабрика во Русија

Руските медиуми јавуваат за пожарот во електромеханичката фабрика Елмаш во рускиот град Воронеж, изјави Антон Герашченко, поранешен советник на украинското Министерство за внатрешни работи.Тој додава дека локалните медиуми јавуваат дека пожарот зафатил околу 3.000 квадратни метри. Во фабриката се произведуваат менувачи, мотори, сопирачки, индустриски вентилатори и слично. Засега нема извештаи за жртви.https://twitter.com/NOELreports/status/1782301589320987009https://twitter.com/Gerashchenko_en/s

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Се шири пожарот во Шибеник

Пожарот што избувна вчера во близина на Шибеник во Хрватска се прошири поради ветрот и непристапниот терен, а утринава во акцијата за гаснење учествуваа и два канадски авиони, пренесува Index.hr.Во акцијата за гаснење учествуваат и противпожарни единици од Шибеник, а им помагаат и припадници на доброволни противпожарни компании од околните градови.Ангажирани се вкупно 59 пожарникари и 22 возила.Како што соопштија утрово од противпожарната служба во Шибеник, голем број нивни припадници се уште се

Свет | пред 2 години

sdsm-141

СДСМ: Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди евра поддршка во земјоделството

,,СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока финансиска поддршка за земјоделството од 1,35 милијарди евра.Во следните 4 години, една милијарда и триста педесет милиони евра се вложуваат за поддршка на македонското земједелство, за субвенции, инвестиции во модернизација и проекти за рурален развој, грантови за мали винарии од 15.000 евра, за млади земјоделци од 10 и 20.0000 евра, грантови за жени земјоделки од 10.000 евра.СДСМ има конкретен план за да обезбеди рекорно домашно производст

пред 2 години

Нема фотографија

70 санкционирани возачи на територијата на Кочани

Во текот на вчерашниот ден (21.04.2024) во периодот од 12.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Кочани, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.При контролата санкционирани се 70 возачи, од кои 23 за возење без возачка дозвола, седум санкции поради измината важност на сообраќајн

Македонија | пред 2 години

sdsm-pratenici-

СДСМ: Граѓаните се за европска иднина, Македонија нема време за губење

,,Граѓаните се за европска иднина, за подобар животен стандард, повисоки плати и пензии, раст на економијата, европско образование, европско здравство, европско судство, заштита на животната средина, стабилна и предвидлива иднина.Тоа го покажа и вчерашниот голем митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ може да се подобрат состојбите во здравството, во судството, во о

Македонија | пред 2 години

ukraina-vojnici-451

Украина станува моќна за седум дена, се чека Бајден

Пентагон ќе им достави дел од оружјето на украинските сили за помалку од една недела, откако ќе бидат завршени сите процедури за усвојување на соодветната законска регулатива.Американските власти соопштија дека Пентагон е подготвен да обезбеди значителна воена помош за Украина откако Сенатот ќе го одобри нацрт-законот за помош на Украина следната недела и претседателот Џозеф Бајден ќе го потпише, пишува Вашингтон пост.Одделот за одбрана на САД, кој предупреди дека Украина постепено ќе го губи те

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Николоски: Јас работам од 14 години, но од каде пари на Филипче за ауди од 250 илјади евра

„Прилично нервоза го фаќа Стево Пендаровски, свесен е што ќе му се случи, свесен е дека огромна ќе биде разликата по првиот круг во корист на Гордана Силјановска Давкова а јас велам дека таа ќе биде 6 цифрена и затоа тој реши да навредува. Не одговори зошто ги потпиша измените на кривичниот законик со кој што се амнестираше криминал и корупција и не одговори зошто дозволува кампањата да му биде финансирана од криминални пари, од крадени пари, од ваши народни пари, па реши да навредува. Првата ра

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Израел доби зелено светло за продолжување на војната против Хамас

Началникот на израелскиот генералштаб Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната против Хамас во Појасот Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).„Денеска, началникот на Генералштабот, потполковник Херзи Халеви, ја оцени ситуацијата и ги одобри плановите за продолжување на војната во областа на Јужната команда“, се вели во соопштението на израелските медиуми.Израелската армија се обидува да ја прошири својата офанзива во Појасот Газа кон јужниот град Рафах, каде што мно

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 3 отсто минатата недела

На светските пазари минатата недела цената на нафтата падна за повеќе од 3 отсто, бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на економскиот раст, а со тоа и побарувачката на „црното злато“, додека цените се поддржани од тензиите на Блискиот Исток.На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела се лизна за 3,5 отсто, на 87,29 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за нешто повеќе од 3 отсто, на 83,14 долари. Цените се под притисок поради бавниот раст на најго

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Земјотрес во Риека

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е на 3 километри североисточно од Риека. Според првите информации, земјотресот бил со јачина од 3,1 степени, но подоцна бил спуштен на 2,9 степени според Рихтеровата скала.Граѓаните јавуваат дека почувствувале како се тресе тлото, кое не траело подолго од две-три секунди

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-04-21-at-22.27.03

(Видео) Ахмети со закана до Мицкоски? Од плоштадот, лидерот на ДУИ му рече: Не започнувај беља, бирај ги зборовите, уште си млад!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот „Македонија“, упати порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да не започнува беља. Ова од јавноста беше сфатено и како закана која ја упатил Ахмети до Мицкоски. „Не започнувај беља и бирај ги зборовите. Уште си млад и устата млеко ти вади“, рече Ахмети.По ова имаше скандирање среде скопскиот плоштад „УЧК, УЧК“ и „Али Ахмети“.А од говорницата, скандираше и Ахмети.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-04-21-at-20.51.17

(Видео) Бујар сака да биде претседател на цела Македонија, а без ниту едно македонско знаме држи митинг на сред плоштад во Скопје

Куп албански знамиња, но и знамиња на УЧК, на скопскиот плоштад каде митинг има ДУИ за да го промовира Бујар Османи за претседател. Но, ниту едно македонско знаме за кандидатурата на Османи за македонски претседател. Продолжи праксата за непочитување на Македонија, каде Османи сака да стане прв човек.На митингот има и знамиња на Америка, но никој од присутните не понесе државно знаме. Се веат и знамиња од Турција, како и знамиња на Европската Унија.[caption id="attachment_286986" align="alignnon

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-04-21-at-21.48.47

(Видео) Хаотична дебата на кандидатите за претседател: Непознати правила, Ванковска наречена „девица“, караница за време

Дебатата на седумте кандидати за претседател беше долгоочекувана, но според она што се гледа, но и коментира од граѓаните, е хаотична и без концепт. И кандидатите се во недоумица дали да дискутираат, дали реплицираат и кому реплицираат. Но врв на невкусот и недолично за Јавниот сервис е желбата на водителот да биде интересен. Сакајќи да ја претстави кандидатката Билјана Ванковска тој рече: „Стигнувам до политичката девица на овие избори. Зад себе има само професионална професорска кариера”.Освен

Македонија | пред 2 години

Aerodrom-11

Мицкоски: Убеден сум дека она што ќе се случи после 8 мај ќе биде ослободување на Македонија и обединување околу пет важни принципи

Овие избори се референдумско изјаснување на македонските граѓа ни Македонија повторно да биде твоја, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Аеродром при што порача дека прва на 24 април, потоа и на 8 мај следи огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата броејќи 61 пратеник и промена на власта.Мицкоски истакна дека ова ќе се случи не само затоа што на избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат нејзините поддржувачи, туку членовите и симпатизерите на партите на власт, затоа што ти

Македонија | пред 2 години

IMG_3375

Пендаровски: Потребно ни е обединето општество, една од моите заложби беше намалувањето на јазот меѓу етничките заедници

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во предизборното соочување на националниот јавен сервис – Македонска телевизија на седуммината кандидати за претседатели потенцираше дека за жал сè уште живееме во поделено општество и дека една од неговите заложби беше да се обиде да го намали овој јаз кој постои со години.„Едно време постоеше огромен јаз меѓу етничките заедници, особено меѓу Македонците и Албанците. Во изминативе 10, 15 години постои јаз меѓу самите Македонци, меѓутоа за жал

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Пендаровски уверен дека победува

На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

„СДСМ го обезбеди членството во НАТО! СДСМ ги отвори преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Ние докажавме дека нема откажување од европскиот пат“, истакнапретседателот на СДСМ и носител на листата во Изборната единица 1 на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, на денешниот централен митинг, кој симболично се одржа пред седиштето на ЕУ во Скопје.Ковачевски им порача на граѓаните дека членството во ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во нашето општество.„Знаеме дек

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Изборот е меѓу надеж и безнадежност, помеѓу европска иднина и изолација

На овие избори не одлучуваме само која партија ќе ја води државата во наредните четири години туку и избираме помеѓу надеж за подобро утре и нема откажување од Европската Унија од една страна и безнадежност, изолацијаи рампа на патот кон Брисел од друга страна, порача претседателот на СДСМ на денешниот митинг во Скопје, на Коалицијата за европска иднина.„Правото на глас е највредниот симбол на демократијата. Затоа, многу е важно кому ќе му го дадете вашиот глас и правото да ја води државата во н

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања