Тешко повредена малолетеничка во близина на тетовско училиште
Во 13 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Видоја Смилевски-Бато“, во близина на тетовско основно училишта, патничко моторно возило „фолксфаген голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната А.А. од Скопје удрило во малолетен пешак.Во несреќата, малолетничката се здобила со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Македонија | пред 2 години