Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

Педесетмина пациенти од источна Македонија заболени од исклучително ретка и фатална болест ТТР-ФАП

Клиниката за неврологија од денес има апарат кој може рано да ја открие болеста ТТР-ФАП, транстиретинска фамилијарна амилоидна полиневропатија. Се јавува кај возрасни пациенти и нејзини карактеристики се агресивно оштетување на периферните нерви главно на срцето, но и на очите, на дигестивниот систем и на бубрезите. Дејан Бојаџиевски од Здружението за фамилијарна амилоидна полиневропатија вели дека кај ова ретко заболување го имаат вкупно 50 пациенти и сите се од источна Македонија.„Во Македониј

Македонија | пред 3 години

zgrada-stan

Внимавајте: За продаден стан, тетовец земал капар од 6.000 евра

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(50) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.Пријавениот, во текот на 2019 година земал капар од Р.М. во износ од 5.000 евра за купување на стан, кој веќе бил продаден на друго лице, а на 03.03.2023 му побарал уште 1.000 евра да му бидат испратени преку експозитура за брз трансфер на пари за да ја заврши работата со станот.Следниот ден оштетениот телефонски стапил во контакт со пријавениот, кој му испратил смет

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Поразително: Малолетници уапсени од интервентна полиција, две лица настрадале

Денеска во 00.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода тројца малолетници од Скопје, поради тоа што на 09.11.2023 околу 23.15 часот во Градскиот парк во Скопје, со закана со остар предмет од две лица одзеле пари.Со нив бил извршен разговор во присуство на нивните родители, а кај едно од лицата биле пронајдени дел од одземените пари.По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Хисни Исмаили ја напушти Алтернатива: фракцијата формира координативен совет под негово раководство

Пратеникот на Алтернатива, Хисни Исмаили синоќа во Тетово е избран да раководи со Координативниот совет на фракцијата, на состанок на кој присуствувале претставници на 13 ограноци на партијата. „Синоќа во Тетово одвоената фракција од политичката партија „Алтернатива“ која во текот на овие месеци во повеќето ограноци одлучуваше да ги прекине своите внатрепартиски активности, едногласно одлучи да формира Координативен совет.На синоќешната средба на која беа присутни 13 ограноци со свои претставниц

Македонија | пред 3 години

vesna-bejbi

(Видео) Весна Бејби за скопско училиште: Насилник плука и тепа деца, им ги кубе косите и ги остава на катедра кај соучениците, соблекол соученичка во тоалет

Актерката Весна Бејби-Петрушевска тврди дека во скопското училиште „Лазо Ангеловски“, второоделенец малтретира соученици. Таа сподели грозни детали. Според неа, постојат фотографии и докази дека децата се малтретирани и удирани. За профилот на детето-насилник посочува дека има насилничка историја. Според неа, соблекол и врсничка во тоалет, а со алиштата бришел под.„Во скопското училиште ‘Лазо Ангеловски’, подолго време, второодделенци, седумгодишно дете, ги малтретира своите соученици. Ги тепа,

Скопје | пред 3 години

371535419_23992504643726688_7325231590523339090_n-1

(Видео) Скопје е хаос

Скопскиот сообраќај со денови е хаотичен. Гужви, нервози, свирење на сирените, нестрпливи возачи на кои им треба и повеќе од еден час за да стигнат дома. Претходните денови, проблем правеше дождот, но не и денеска. „Скопје е хаос, не се помрднуваат колоните. Буквално се стои во место и по 5-10 минути. Не знам што се случува ама вака е веќе неколку денови“, сведочи возач кој ни испрати снимки направени на потегот од мостот кај Автокоманда кон Аеродром.Утринава, долги колони имало на Партизанска,

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Стојаноски: Власта до крајот на годината ќе се задолжи со нови 500 милиони евра, долгот ќе достигне 8,5 милијарди

Во текот на вчерашниот ден до пратениците беа доставени два закони со европско знаменце со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Со овие средства, како што рече, нема да де изгради ништо ново, туку ќе се покриваат дупките во буџетот кои настанаа со недомаќинско работење. И во самиот материјал кој е доставен до пратениците пишува дека овие заеми се за буџетска поддршка. „Покрај овие две задолжувања, во текот на нареднит

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Османи на амбасадорот Џонгин му посака успешна дипломатска мисија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Република Кореја во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Бае Џонгин. Министерот Османи, на амбасадорот Џонгин му посака успешна дипломатска мисија, со уверување дека со неговото искуство ќе придонесе за понатамошно зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји. На средбата беше разгледана досегашната билатерална и мултилатерална соработка и можнос

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Средба на Османи со Фаисал Ф. Алибрахим, министер за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со министерот за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија, Н.Е. Фаисал Алибрахим. На средбата беше констатиран досегашниот позитивен развој на односите меѓу двете земји и се истакна заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес. Особено внимание беше посветено на економската соработка и трговската размена помеѓу двете земји, пр

Македонија | пред 3 години

maksim-dimitrievski-43

Ние денеска сме сведоци на тоа што тие што најмногу дадоа за оваа држава до 80-тите и 90-тите години ги мерат улиците и протестираат и крај со крај не може да сврзат, алармира Димириевски

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, на вчерашното основачко собрание на политичката партија Движење Знам – За наша Македонија беше избран за претседател на новиот политички субјект Знам ветувајќи дека заедно со сите членови, заедно со граѓаните, ќе ги направи суштинските промени на политичката сцена во Македонија, почнувајќи од воспоставување ред и поредок, казнивост, одговорност и транспарентност и отчетност, кои се суштината и сржта на еден правен поредок во секоја органи

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Костадиновска-Стојчевска на средба со бугарскиот колега Крастев: Културната соработка меѓу двете земји се зацврстува

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на маргините на 42. Генерална конференција на УНЕСКО, која се одржува во Париз, се сретна со својот бугарски колега, министерот за култура Крастју Крастев.Во пријателска атомосфера, на средбата стана збор за традиционално добрата и континуирана соработка меѓу двете држави, која се одликува со размена на голем број проекти и активности. Соговорниците се согласија дека културата е мост на пријателство меѓу двете држави, а во таа насока треба

Македонија | пред 3 години

nesreka-123-4

Тешко повреден скопјанец, со „сузуки“ излетал од пат во Бардовци

Вчера попладне во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Бардовци, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Д.Д. од Скопје, излетало од коловозот, извести МВР.– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додаваат од МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-34-6630PM

Исчезна малолетничка од Тетово - полицијата добила пријава од мајката

Малолетно девојче од Тетово исчезнало од домот.Случајот во полицијата го пријавила мајката на девојчето, која претпоставува дека заминала кај малолетник од тетовско Желино со кого била во љубовна врска.Се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавената малолетничка, велат од СВР Тетово.

Македонија | пред 3 години

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Објавени новите цени на горивата - има корекции

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80% во однос на одлуката од 08.11.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,236%, кај дизелот за 3,669%, кај екстра лесното масло за 4,540% и кај мазутот

Македонија | пред 3 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-5680PM

„Омилената владина веледрогерија била „оќорена“ од тендери на Онкологија, за одредени лекови се правеле залихи, а други биле оставани како дефицитарни“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Власта бега од скандалот со клиниката за Онкологија како ѓавол од темјан. Бегаат затоа што токму оваа власт е дивото месо кое што го уништува здравствениот систем и овозможува некој да се богати на грбот и на сметка на животите на најтешките пациенти во државата. Ова што се случувало во клиниката за Онкологија е дело на една канцер мафија. Таа канцер мафија свесно предизвикала хаос во клиниката со цел во матното да се злоупотребува скапата терапија која чини и по илјада евра од ампула“, велат о

Македонија | пред 3 години

minister-medziti-prv-brifing4

Обвинителството му врати на Меџити: Водиме предистражна постапка и не постапуваме по барања - воздржи се!

Обвинителството во возврати ударот кон министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој денеска на прес-конференција уште еднаш ја повика истражната институција да излезе со информации за скандалот на Клиниката за Онкологија по сомневањата дека на пациентите им бил даван физиолошки раствор место биолошка терапија. Од Обвинителството кажаа дека се работи темелно и одговорно.„Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во

Македонија | пред 3 години

DSC_0718

Насилство во Гостивар: маж нападнал жена среде бел ден на улица

Жена од Гостивар пријавила дека била физички нападната на улица во градот.Мажот, што, според пријавеното, ја нападнал, е приведен, а се работи за 40-годишен гостиварец со иницијали В. Е..„31-годишната Е. Г. пријавила дека околу 12.30 часот, на улицата Беличица во Гостивар физички ја нападнал“, објави СВР Тетово.Се расчистува и документира случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Андоновски: Владата покажа дека Фронтот за ЕУ е лажен, владата е лично одговорна за немањето напредок во Извештајот на ЕК

Има причина зошто Владата не организира помпезни прослави, музички настани, долги прес-конференции и панел дискусии на кои се фали за успесите во своите евроинтеграции, коментира секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.На прес-конференција, Андоновски кажа дека Владата јавно покажа дека Фронтот за ЕУ е лажен фронт. Очигледно е дека во евроинтеграциите, вели тој, поголем проблем стана корупцијата и нефункционалниот систем од билатералните проблеми кои ги има Македониј

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Малолетник со мопед удри во пешак - несреќа во Кисела Вода

Вчера вечер во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Татарчев“ мопед „пијаџио“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје удрил во 47-годишниот Т.С. од Скопје, извести МВР.– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Трагедија во Охрид: Жена е најдена мртва

Вчера во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом во Охрид била пронајдена почината 45-годишната С.П. од Охрид, извести СВР Охрид.„Лекар од Итната медицинска помош од Охрид констатирал смрт без траги на насилство“, велат од СВР Охрид.Увид извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

Кузеска: Изветајот на ЕК потврди дека покрај опструкциите на ДПМНЕ прогрес имаме во 81 отсто од поглавјата

Извештајот на ЕК потврдува дека и покрај опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски Македонија продолжи да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство во ЕУ, објави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.Таа вели дека согласно извештајот, прогрес имаме во 81 отсто од поглавјата, а назадување нема во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90 проценти сме со соодветно ниво на подготвеност.„Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 202

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Приведен криумчар, бил затекнат со група од 11 мигранти

Денеска во 00.50 часот на потегот помеѓу село Свидовица и село Куклиш полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода 63-годишниот А.Д. од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија, извести МВР.За случајот бил известен Јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б, бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, ве

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Лајка: Рекорден број на стерилизирани кучиња за месец октомври

Во месец Октомври во ЈП Лајка беа стерилизирани и кастрирани 134 кучиња, од кои 82 женки и 52 мажјаци, а беа вдомени 37 кучиња. „Со овие спроведени кастрации и стерилизации сме превенирале разможување на 134 кучиња, односно на 134 здрави репродуктивни единки. Со тоа се намалува стапката на бездомни кучиња на улиците, ЈП Лајка продолжува да работи во служба на граѓаните“, објави претпријатието. Ги охрабруваат граѓаните да пријават бездомно куче за стерилизација/кастрација во ЈП Лајка, н

Скопје | пред 3 години

mizrahi

ВМРО-ДПМНЕ бара продолжување на рокот за сослушување експерти и функционери за случајот со Онкологија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за дополнување на Одлуката за основање на Анкетната комисија за скандалот на клиниката за Онкологија, со која се бара продолжување на рокот за дополнителни 30 дена за сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции.Досега се сослушани повеќе од 50 лица, поранешни и сегашни министри и заменици, директори, раководители на сектори, вработени во Министерството за здравство, ФЗО, МАЛМЕД, ДСЗИ, ЈЗУ Универзитетска клиника за радио

Македонија | пред 3 години

onkologija-direktori-medziti-3

Меџити револтиран од Обвинителството, кажа и дека го гушела вратоврската: Крајно време е да излезе со име и презиме за Онкологија

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денес, уште еднаш го повика Обвинителството да излезе со информации за скандалот на Клиниката за Онкологија по сомневањата дека на пациентите им бил даван физиолошки раствор место биолошка терапија. Во емотивен говор, министерот, при посетата на Клиниката за неврологија, каде што компанијата „Моцарт“ донира апарат за рана дијагностика на мултипла склероза, а од каде што и тој доаѓа, рече дека костумот и вратоврската го задушуваат и претпочита да биле лекар

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања