Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

tasevski-kovacevski

Тасевски до Ковачевски: Му бегате на психијатарот од часови? Таче вие не можете ништо да купите, зашто сте докажани распродавачи

Актерот Сашо Тасевски ја искоментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој демантирајќи дека Грци сакаат да го купат МЕПСО, рече: „Доколку тие сакаат да купат дел во некоја наша компанија тогаш и ние сме заинтересирани за купување на солунското пристаниште“.„Онаа дилајлана од СДС, завчера рече откако ќе им дадеме се на Бугарите и влеземе во ЕУ, тогаш на маса ние ќе сме ги уценувале. Ние ќе сме им поставувале барања. Какви ма? Ќа ни остане само главчето внатре? Како тоа? Треба да знаеш, го

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2023-11-04-at-09.40.45

(Видео) Протече снимка од тепачките во „Водовод“: Турканици, влечења, расправии

Влечења и турканици, вербални расправии - ова претходело на викањето полиција во скопски „Водовод“. Членовите на Управниот и Надзорниот одбор, сакале да стигнат до салата за да држат состанок, а ги спречува обезбедувањето. Турканиците се случуваат на скали, но и на последниот кат од зградата. Повеќе обезбедувачи и членови на одборите се пресметуваат меѓусебно, по што настанал општ хаос. „Полека бе ало“, вели жена во ходникот„Смирете се не правете проблеми, Ве молиме немојте. Ова ни е работа, ве

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Скопјанец произведувал марихуана, ОЈО поведе истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 62-годишник, во својот дом на ул. “Влае”, засадил три саксии со растение канабис и ги одгледувал. Во еден од тоалетите во домот направил импровизирана сушара во која сушел 27 гранки со лисја и врвни делови од канабис. При пре

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ЦУК: Изгаснати 14 пожари на отворено, поплавувања, наноси и одрони од поројни дождови

Пожарникарите вчера интервенираа и изгаснаа 14 пожари на отворено што се ширеа со голема брзина, а на терен во исто време имаше поројни дождови, поплавени подруми, наноси по патишта и одрони, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).-Вчера, прогнозата на УХМР се оствари и имаше посилни локални врнежи прво во северниот дел од државата, што потоа се проширија во западниот дел на државата, а во исто време во југоисточниот дел на државата имаше пожари со засилен ветер заради што опасно брзо с

Македонија | пред 3 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Ќе има и поројни дождови - детали за временската прогноза викендов

Времето денеска во земјава ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни (над 40 l/m2), информираат од УХМР. Оттаму велат дека врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.Времето во Скопје исто така ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се сп

Македонија | пред 3 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-9310PM

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница

Поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, соопшти МВР.-Со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до к

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

299 санкционирани возачи во Скопје, 43 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 299 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 27 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, 55 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за управување под дејство на алкохол

Македонија | пред 3 години

vodovod

Драмите во „Водовод“ немаат крај: Избила тепачка за заклучената канцеларија

Обезбедувањето на скопски „Водовод“ и членови на Управниот одбор, се степале поради канцеларија за држење состаноци. Случајот е пријавен и во полиција, од каде велат дека го расчистуваат случајот. И ова не е првпат канцеларијата да биде проблем помеѓу двата табори. И претходно, таа беше заклучена, а состанокот беше воден во ходник. Се сѐ случувало околу пладне.„На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на ‘Водовод’ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на ј

Скопје | пред 3 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Филмски гранеж на сосетка: Сопружници направиле план, ја викнале на вечера, следело маскирање и ограбување

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Мажот направил план заедно со сопругата на сила да одземат златни предмети од нивна 72-годишна сосетка, која често ја посетувале и знаеле за накитот што таа го носи на себе.На 31 октомври осомничената жена ја пови

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Двајца мажи размениле фалсификувани долари во казино во Тетово, полицијата го расчистува случајот

Четириесетгодишниот тетовец Б. В., вчера, во 13 часот, во СВР Тетово пријавил дека претходната вечер во казино на улицата Маршал Тито во Тетово две машки лица кај вработената размениле 900 долари во апоени од 100 долари за кои набргу било утврдено дека се фалсификувани, извести СВР Тетово.Се расчистува и документира случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

На интернет се објавувале експлицитни фотографии од ученик во Берово

Во полицијата во Берово пријавен е случај на училишно насилство врз малолетник. Мајка на ученик пријавила дека од училиштето била информирана дека на интернет биле пуштени експлицитни фотографии од нејзиниот син.„На 02.11.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Берово, жена од Берово пријавила дека од училиштето во кое учел нејзиниот малолетен син била информирана дека на социјална мрежа биле пуштени експлицитни фотографии од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – с

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Уапсен 18-годишник бидејќи живеел во вонбрачна заедница со малолетничка

Денес во 01.35 часот на подрачје на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Ф.С.(18) од Скопје поради сомнение дека живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од Куманово без дозвола и согласност од нејзините родители, информира МВР.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бочварски и Рустеми: Потребен ни е нов модел за изградба на патиштата

Моделот кој моментално се применува при изградба на патиштата не ги дава посакуваните резултати и ги пролонгира финалните рокови, ова го истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој се обрати на вториот ден од Првата Конференција за патна инфраструктура што се оддржува во Охрид.На панел дискусијата насловена како „Нов концепт за ефикасно градежништво“ освен министерот Бочварски се обратија и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, Џош Бејкер, претставник на компанија

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-11-03-at-17.33.25

Водовод за тепачката: Инцидентот е само последен во серијата инциденти со кои се соочуваме, наметнати се од Идриз Орана

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на денешниот ден, повторно се соочи со непријатни ситуации и настани наметнати од страна на претседателот на Управниот Одбор на претпријатието, Идриз Орана, велат од претпријатието по објавата дека имало физичка пресметка.Тие додаваат:„Имено, денешниот инцидент е за сега последен од серијата инциденти со кои менаџментот, но и вработените на претпријатието се соочуваат во изминатиот период.Овој тип на инциденти создаваат непријатна и нездрава средина з

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Битиќи: Преку „Зелениот финансиски инструмент“ 46 милиони евра се ставаат на располагање на бизнисот и граѓаните за воведување технологии од обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на настанот за промоција на финансиски продукти од проектот „Зелен финансиски инструмент“, кој се имплементира во соработка со агенциите на Обединетите нации, УНДП, ИОМ и УНЕЦЕ и ЕБРД.Во своето обраќање вицепремиерот Битиќи рече дека за него овој проект е исклучително значаен бидејќи е начинот на кој можеме да имаме реален импакт кон постигнување на нашите зае

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Лога бара од Пендаровски да свика седница на Советот за безбедност поради состојбата во затворите

Министерот за правда, Кренар Лога, ќе испрати со писмо до претседателот, Стево Пендаровски, во кое ќе побара да свика седница на Советот за безбедност.„На оваа седница министерот Лога ќе побара да се разгледува состојбата во затворите во земјава и состојбата со над 2.800 осудени лица со упатен акт, кои не ја издржуваат казната поради недостиг на простор, а кои преставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застаруваат и со тоа да се охрабрат истите да ги

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Јовески им одржа лекција на пратениците: Заложете се да се обезбеди терапија за сите пациенти, кривичната одговорност не е ваша надлежност

Јавниот обвинител Љубомир Јовески од говорница им одржа лекција на пратениците, кои од него на денешната седница на анкетната комисија за скандалот на Онкологија чекаа сведочење. Јовески им порача на пратениците дека на сите нивни прашања има еден одговор, дека е спротивно на Уставот, законите и на собраниските деловници да изнесува факти и докази од постапувањето на Обвинителството. Апелира да престане злоупотреба на предметот во врска со Онкологија во политички цели и да се остават обвинителит

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за октомври

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2023 година.Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 ноември 2023 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисн

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Битола ќе добие парно греење – почнува да се гради топловодната мрежа

После 40 години очекувања, топловодот од РЕК влегува во Битола со што градот добива топлификациски систем.Денес во Битола, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов заедно со премиерот, Димитар Ковачевски, директорот на ДООЕЛ Топлификација Битола, Горан Козаров и други претставници на Владата и АД ЕСМ, беа дел од настанот со којшто се одбележаа завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа во Битола.„Ово

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Министерството за одбрана распиша Конкурс за стипендирање на студенти за критични специјалности во Армијата

Министерството за одбрана го распиша Конкурсот за стипендирање на студенти за потребите на Армијата на Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година, со што уште еднаш се потврди заложбата на одбраната за поддршка на македонските студенти во области кои се критична специјалност за Армијата.На Конкурсот кој трае 15 дена сметано од денеска, можат да се пријават редовни студенти од областите наведени во Конкурсот, од прва до шеста година на студии кои не се корисници на стипендија од

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Битиќи се сретна со новиот раководител на ЕБОР, Фатих Туркменоглу

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со новиот раководител на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, Фатих Туркменоглу.На работниот состанок се разговараше за портфолиото на проекти на ЕБОР кои се реализираат во државата, а се поврзани со развојот на инфраструктурата, која има клучно значење за севкупниот економски и социјален развој. Ста

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено

„Господине Јовевски, јас не сум правник, ниту адвокат, ниту обвинител, ниту судија, ниту сум од Вашата фела. Меѓутоа како пратеник, а и како човек во одредена држава, се снаоѓам читајќи закони и движејќи се по законите. Е, сега во аналитика дадена од политички аналитичари и луѓе кои што работеле во обвинителство во други држави се вели дека криминалот во државата особено масовниот, организиран криминал го води Владата, а само од 2 до 3% велат од криминалните дејанија можат да бидат неконтролиран

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?

Невообичаено е кога јавен обвинител се однесува како пратеник на власта. Знаејќи го долгото правничко искуство на господинот Јовески ќе си дозволам да го потсетам и коригирам дека не е во право за Анкетната комисија бидејќи член 76 од Уставот го демантира. Членот 76 вели дека Собранието може да формира анкетни комисии за прашања од јавен интерес, изјави пратеникот Антонијо Милошоски на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со Онкологија каде сведочеше јавниот обвинител Љубомир Јов

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Маричиќ: „Проектот на ЕУ – СУПРАЕ исклучително важен во спроведувањето на реформите за европерспективата на Северна Македонија“

Во Секретаријатот за европски прашања се одржа вториот состанок на Управниот комитетот на проектот „Поддршка за реформи на политики, пристапување и ефективност (СУПРАЕ)“, финансиран од Европската Унија, на кој присуствуваа заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, и шефот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефан Худолин.Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето обраќање ја потенцира важноста на ЕУ-проек

Македонија | пред 3 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-9310PM

Сабота и недела посебен режим на движење во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04. и 05.11. (сабота и недела) поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десн

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања