Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

259068971_677029716656830_534188797958348610_n

На Партизанска: Во сообраќајна несреќа тешко повреден возач на тротинет

Вчера, во 8 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницаТА од булеварот Партизански одреди и улицата Никола Парапунов се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот В. Н. од Скопје, и електичен тротинет, управуван од 40-годишниот Д. К. од Скопје, извести МВР.„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на тротинетот, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’“, соопшти МВР.Извршен бил у

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

На Богородица уапсен маж од Косово, на увид дал фалсификувана германска возачка дозвола

Вчера, во 20.30 часот, на граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода 35-годишниот С. А. од Косово затоа што при контролата на увид дал фалсификувана германска возачка дозвола, а македонската дозвола за привремен престој на странец била со изминат рок на важење, извести МВР.Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Го измамил и му украл личен предмет: приведен гостиварец

Вчера, во 15.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот гостиварец С. А.Tој претходно бил пријавен од 42-годишниот гостиварец Х. А. дека го измамил и му одзел личен предмет.Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а против С. А. ќе следува поднесок, соопшти полицијата.

Македонија | пред 3 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-36-4540PM

Два упади во домови во Скопје: едниот завршил со кражба, другиот со кршење и закани

На 19.10.2023 во 23.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека Д.Ф. од Скопје со употреба на сила влегол во куќата на С.Н.(72) на подрачјето на Драчево, по што оштетил дел од покуќнината и упатил закани кон нејзиниот син А.Н.(24), со кого се познавале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (20.10.2023) во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица со употреба на сила влегле во домот на Џ.Н.(47) од Скопје на подрачје на Бит Пазар, физички ја нападнале и ѝ одзеле пари.

Скопје | пред 3 години

43074562_2165386260457477_7180103631398502400_o

Три акции и апсења од полицијата: со лисици завршија четири лица, најмладиот има 20 години

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Т. (20) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.10.2022 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихауна и предмети остатоци од марихуана.СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(36) и Н.А.(35), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за с

Македонија | пред 3 години

tepacka

Избоден малолетник во Чаир од врсник, помогнал и 19-годишник од Скопје

На 19.10.2023 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(19) од Скопје и, во присуство на родител, извршиле службен разговор со малолетник од Скопје.„Тие се сомничат дека на 18.10.2023 околу 15.00 часот пред средно училиште на подрачјето на Чаир физички нападнале друг малолетник од Скопје, при што С.Б. со остар предмет му нанел повреди. С.Б. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде п

Скопје | пред 3 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-52-5250PM

Дете натепано во средно училиште во Ѓорче: го нападнало машко лице, се трага по него

На 19.10.2023 во 18.35 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(52) од Скопје пријавила дека околу 13.20 часот во кругот на средно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Уште еден педофил: Маж од Крива Паланка силувал малолетничка

На 19.10.2023 во 13.45 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во Крива Паланка, А.А. од Крива Паланка извршил полови дејствија врз малолетничка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Министерството за информатичко општество потрошило 6,5 милиони евра на тендери на кои најчесто јавувала само една фирма

Во периодот од јануари 2021 година до јуни 2023 година Министерството за информатичко општество и администрација потрошило 6,5 милиони евра за тендери на кои се јавувала најчесто само една фирма и таа ги добивала. До овој податок дошол независен ревизор анализирајќи 18 договори по случаен избор вредни 6,5 милиони евра. На 14, од вкупно 18 тендери, се јавила само една фирма.  Во голем дел од постапките, сумата што била предвидена во планот за јавни набавки на Министерството за одредена набавка, б

Македонија | пред 3 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-28-1100PM

Морбидно: Дедо се самозадоволувал во воз пред малолетничка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг во согласност со член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејство го извршил пред дете што наполнило 14 години.Патувајќи со воз на 24 јули, 63-годишниот обвинет во еден од вагоните се доближил и почнал да допира малолетно девојче родено 2006 година, кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило на друго седиште по што обвинетиот продолжил к

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Град Скопје почна со санација на патеките на Матка

Подобрувањето на условите и на достапноста за посетителите на природната убавина на Матка е еден од главните приоритети во програмата „За модерно Скопје“. Со цел зголемување на пристапноста до убавините на Кањонот Матка, Градот Скопје почна со санација на пешачките патеки, известува Град Скопје.„Кањонот Матка е една од најубавите и најпосетени туристички атракции во Македонија, затоа одржувањето што било запоставено со децении мора да се подобри бидејќи е клучно за посетителите на оваа природна

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

ЕСМ почна со активности за санација на цевководот кај мостот „Беласица“

Во текот на изминатиот период АД ЕСМ активно работеше на решение за проблемот со цевководот кај мостот „Беласица“, кој е од суштинска важност за парното греење во град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови и за нивно постаувавање веќе се почна со активности на терен, велат од ЕСМ.„Поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок. Додека траат активнос

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Мицкоски за случајот „Делчевски ниви“: Уште една клевета и лага на СДСМ и измеќарите на СДСМ во опозицијата е растурена

Речиси шест години континуирано сум предмет на клевета од страна на клеветничката СДСМ, навреди од страна на СДСМ и нивните измеќари и полтрони. Се обидуваат да го нарушат мојот углед, мојата чест со тоа што континуирано речиси шест години објавуваат лаги, конструираат случаи и на таков начин мисат дека ќе опстојат повеќе на политичката сцена, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Гази Баба која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Петровска: Го реформираме системот за кризен менаџмент, кој ќе ги вклучи и доброволните противпожарни друштва

Местото и улогата на доброволните противпожарни друштва и нивниот развој во една силна, стабилна и одржлива мрежа, чија цел е да го унапредат системот за кризен менаџмент, е темата на која говореше министерката за одбрана Славјанка Петровска на затворањето на конференцијата за развој на мрежа на доброволни противпожарни друштва во Северна Македонија.Министерката Петровска посочи дека пожарникарите доброволци се повеќе од хумани, храбри и несебични и дека борбата со природните непогоди, вклучувај

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левицата: Без ниту еден капитален проект, власта продолжува да крати од средствата за капитални инвестиции

Власта најави уште една прераспределба на буџетот, со која ќе се пренаменат средствата од буџетските корисници со намалена реализација на капитални проекти. Претходно беше извршена прераспределба на средства, кои завршија за повисоки плати на јавната администрација, повисоки пензии и за нов пакет на антикризни мерки. Вицепремиерот Фатмир Битиќи го потврди новиот мини ребаланс, без да соопшти за што се потребни дополнителни пари,велат од Левица.„Мал е бројот на институции што реализирале поголем

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левицата: Без ниту еден капитален проект, власта продолжува да крати од средствата за капитални инвестиции

Власта најави уште една прераспределба на буџетот, со која ќе се пренаменат средствата од буџетските корисници со намалена реализација на капитални проекти. Претходно беше извршена прераспределба на средства, кои завршија за повисоки плати на јавната администрација, повисоки пензии и за нов пакет на антикризни мерки. Вицепремиерот Фатмир Битиќи го потврди новиот мини ребаланс, без да соопшти за што се потребни дополнителни пари,велат од Левица.„Мал е бројот на институции што реализирале поголем

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Мицкоски: Ковачевски води чудна мачо-игра, тој нека одреди ден за средба на работните групи за предвремени избори

Димитар Ковачевски води некоја чудна мачо игра која не ја разбирам навистина. Не знам кој е тој кој што го советува дека сега е моментот да биде мачо и да каже нема предвремени избори, јас кажувам дата. Во ред, еве сѐ нека каже тој. Не сакаше лидерска средба, добро, сакаше работни групи, во ред еве прифаќаме работни групи. Сега ја одолговлекува целата оваа ситуација не знам од кои причини. Првиот момент кога од другата страна ќе добиеме сигнал или од Талат Џафери ќе добиеме сигнал ние сме подгот

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски во населеното место Миладиновци.Свежо цвеќе пред споменикот на Аџиларски положи делегација од Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, претставници на општинските јавни установи, Сојузот на борците, Здружението на пензионерите од општина Илинден и невладини организации и граѓани.Денот на македонската рево

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Спасовски од Велес: Откривачката активност, кога зборуваме за вкупниот криминалитет, бележи зголемување за 11 отсто

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во СВР Велес ја продолжи серијата посети на секторите за внатрешни работи во државата во рамките на проектот на Министерството за внатрешни работи со наслов „Отворен кабинет“  како дел од концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“.„Преку овој проект сакам лично и непосредно да ги слушнам мислењата на граѓаните како полицијата да придонесе за поголемо спокојство на секој поединец бидејќи ние сме тука токму за граѓаните, да се грижиме за нивната безбедност“, ист

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Маричиќ: Регионот ќе оди напред кон ЕУ и ние треба да бидеме во ист чекор, нема непремостливи пречки

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на Конференцијата на меѓупарламентарниот дијалог за понатамошно промовирање на европската интеграција на Западен Балкан, во заедничка организација на Парламентарното собрание на Советот на Европа и Собранието на Република Северна Македонија.Во своето воведно обраќање Маричиќ рече дека оваа и следната година се многу важни за европската перспектива на Западен Балкан и дека регионот ќе оди напред.„Ние сакаме Северна Македонија да

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Народна банка: Годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и од 5,8% на вкупната кредитна поддршка во септември

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,9%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства, известува Народната банка.Годишниот пораст на кредитите од 5,8% произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства, велат од НБ.Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Абдиу-Халили: Новиот закон за органски буџет, дел од реформата во јавните финансии

Денеска во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавјето 33, „Финансиски и буџетски одредби“ дел од Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“.Во Поглавјето 33 се работи за нашата способност и административен капацитет како држава да придонесеме во заедничкиот буџет на ЕУ, кога ќе станеме полноправна земја членка на ЕУ, откако ќе станеме земја-членка. Некои од прашањата кои ќе бидат адресирани во рамките на ова поглавје веќе се обработени на ж билатералните скрининзи за Поглавје – 16 Д

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Од возило за дистрибуција на цигари украл 179 кутии: приведен маж од Струмица

Вчера во 16.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица. Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари. Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Г.П. ќе биде по

Македонија | пред 3 години

toksikologija

Полицијата ја вештачи кобната пита со праз, борбата за живот продолжува на Токсикологија

Се вештачи што било ставено во кобната пита со праз и како отровот завршил во храната. Полицијата покрена истрага координирана од јавен обвинител од Скопје. Додека бабата која го зготви ручекот и нејзниот син се борат за живот и се во кома, а снаата односно сопругата почина, полицијата утврдува како се случило тоа.„Од местото на настанот подигнати се доказни материјали за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 19.10.2023 од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е добиено изве

Скопје | пред 3 години

pendarovski-nato

Пендаровски со една нога во нова претседателска трка

Во интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 претседателот Стево Пендаровски прашан дали ќе ги покани на кафе кандидатите за претседател, одговори дека не може да ги покани.„По нашите прописи во тие 20 дена јас сум кандидат, морам некои работи и како претседател да ги извршувам, но јас сум кандидат повеќе отколку претседател“, рече Пендаровски.Овој став на Пендаровски се сфати како индиректна најава дека на следните претседателски избори ќе биде повторно кандидат за претседател, односно дека ќе бара втор

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања