Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Screenshot-2023-10-06-at-09.23.34

(Видео) Груби во шах-мат позиција: застана па почна да вергла

Вицепремиерот Артан Груби гостуваше во „Само интервју“. Освен за актуелните прашања, долго зборуваше и за уставните измени. Груби кажа дека ВМРО-ДПМНЕ има план како да ги изгласа уставните измени ако добијат предвремени избори.На забелешката од водителот, зошто во тој случај, не дозволат избори па уставни измени, тој се најде во шах-мат позиција.„Застана па почна да вергла“, искоментираа на „Твитер“.Повеќе во видеото:

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

СДСМ: Ги покачивме платите на наставниците за 55% и обезбедивме подобри услови за работа

„СДСМ соодветно ја вреднува одговорната работа на наставниците и им обезбедува подобри услови за работа. Во изминатите шест години платите на наставниците се покачени за 55 отсто. Тоа е далеку поголемо зголемување, од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за период од 11 години, платите во основното и средното образование биле зголемени само за четири проценти“, велат од СДСМ.„Покрај платите, СДСМ инвестира и во унапредување на условите за работа на наставниот кадар.Досега, реконструирани или

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Малиот Груевски освен блокади друго и не знае“, вели СДСМ

„Малиот Груевски – Мицкоски, освен за блокади друго и не знае. Со блокирање на европскиот пат на државата, ја продолжува политиката на својот претходник, кој 11 години ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО“, соопшти СДСМ.„Малиот Груевски на граѓаните наместо европска иднина и европски вредности, повисоки плати и пензии, пристап до европскиот пазар од 500 милиони жители и европски фондови, им нуди неизвесност и несигурна иднина.Сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2

Македонија | пред 3 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Храната поскапува од денеска: Над 1.000 артикли со нови цени

Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази, објави телевизија Сител.Граѓаните утре повторно ќе се соочат со нов ценовен шок. Владата по итна постапка го донесе Законот за повисоко ДДВ, но листата на производи ја криеше, споменувани беа само перките од ајкула, чија семе

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Цркнаа: Исклучени Блок 1 и Блок 3 во РЕК Битола, не произведуваат струја

Проблем во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем, известија од ЕСМ. – Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК Битола, по што започнаа операции за враќање во функцијата на двата блока. Се очекува во претпладневните часови постројките да бидат повторно на мрежа и да испорачуваат електрична енергија, велат од ЕСМ.Заради сличен пр

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Османи на министерски состанок во рамките на Берлинскиот процес во Тирана

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.На состанокот се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието на оваа клучна иницијатива врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи.На маргини

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Без струја неколку скопски општини

ЕВН Македонија извести дека денеска без електро снабдување ќе останат корисници во неколку скопски општини.– Во период од 10,00ч до 11,00ч без струја ќе биде дел од село Долно Лисиче (делот кон пругата и Драчево) општина Аеродром и општина Кисела Вода;– Во период од 09,00ч со 12,00ч без електрична енергија ќе биде дел од улица Кичевска бр.28 во општина Ѓорче Петров;– Во период од 08,30ч до 15,30ч корисниците на село Средно Коњари (сред село и околните улици) во општина Петровец ќе немаат струја.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Дел од населба Железара денеска без вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје извести дека денеска без вода ќе биде улицата Гемиџиска во населбата Железара.– Поради двоење во шахти на улица Гемиџиска, населба Железара, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, велат од „Водовод“.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ЦУК: Четири активни пожари, 19 изгаснати во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи, согласно информациите од неговиот Сектор за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 23. Од нив, активни се уште четири: во Општина Македонски Брод, во атарот на село Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е речиси невозможно за пристап за лица и за гаснење; во Општина Велес, кај село Нежилово близу месноста „Изворите на Бабуна“ гори букова шума

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Реализирани бројни превентивни и едукативни активности во рамки на СВР Битола и СВР Велес

Во текот на вчерашниот ден од страна на полициските службеници од ОВР Крушево при СВР Битола, беше спроведена едукативна работилница во Основното училиште „Кирил и Методиј“ во село Бучин на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, како дел од превентивниот проект „Безбедно од дома до училиште“, извести МВР.Eдукативната работилница беше спроведена со ученици од прво одделение од училиштето на кои им беше одржана соодветна наменски подготвена презентација за значењето на сообраќајните знаци,

Македонија | пред 3 години

1-1-1

Експлозија, па пожар во Капиштец - горела кафеана

Вчера во 02.15 часот по полноќ, чувар во угостителски објект на улица Народен фронт пријавил во Полициската станица Центар дека околу 01.50 часот во објектот слушнал експлозија, по што настанал пожар, со кој бил зафатен инвентарот на објектот, информира МВР.Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот во скопската населба Капиштец, а повредени лица нема.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, се наведува во полицискиот билтен.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Ковачевски – Варадкар: Северна Македонија треба побрзо да ги почувствува придобивките од членството во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на маргините од третиот Самит на Европската политичка заедница, во Гранада, Шпанија оствари средба со премиерот на Ирска, Лео Варадкар.[embed]Како што соопштува владината прес-служба, на средбата биле потврдени пријателските односи меѓу двете држави, кои се без отворени прашања, како и заинтересираноста за натамошно унапредување на односите и интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и Ирска во сите домени о

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Ковачевски – Санчез: Шпанија силно стои зад Северна Македонија за членство во ЕУ

На маргините на Самитот на Европската политичка заедница, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со домаќинот на Самитот, шпанскиот премиер Педро Санчез. Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во Европа, и во регионот на Западен Балкан.[embed]Како што известува владината прес-служба, премиерот Ковачевски го запознал шпанскиот премиер Санчез со најновите внатрешно-политички состојби во државата и се забл

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Тренчевска: И момчињата и девојчињата треба да ги уживаат човековите права на иста основа без дискриминација

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше дел од панел дискусијата „Стратешко планирање за храбра иднина за телесната автономија на жените и на девојчињата во регионот“ како дел од конференцијата „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња“.Министерката го истакна значењето на телесната автономија посочувајќи дека нашето тело е единствено нешто што ни припаѓа нас и одлуката за тоа што ќе правиме со телото е само наше. Таа посочи дека тоа е осно

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Ковачевски: Да ги усвоиме уставните измени и може да одиме на избори

Терминот за парламентарните и претседателските избори се дефинирани согласно Закон. Барањето на Мицкоски е уште едно барање за ставање на институциите, на процедурите и законите на страна и договарање на некакви маси на нешто што е регулирано со закон. Ние сме имале лидерска средба може да имаме и повторно меѓутоа и тоа прашање е апсолвирано веќе со оглед на тоа дека ние имаме поважен процес во државата од избори кои ќе бидат во својот редовен термин а тоа е носењето на одлуките за продолжување

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Кривична против кумановец, истепал двајца ученици во основно училиште

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 44-годишниот И.С. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, извести МВР. – На 17.03.2023 во основно училиште во село Табановце, пријавениот физички нападнал двајца ученици во училиштето, велат од МВР.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Малолетно девојче нападнато во училиштен двор во Карпош

Вчера попладне во 14.40 часот во СВР Скопје, 47-годишната С.К.А. од Скопје пријавила дека на 03.10.2023 во училиштен двор на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од И.Х. од Скопје, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Двајца скопјани се истепаа во центарот на градот

Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 44-годишниот Н.А. и 66-годишниот К.А., двајцата од Скопје, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Маж ја истепал својата сопруга во скопски Аеродром

Вчера вечер во 22.10 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21.00 часот во домот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг, 40-годишниот Ќ.Г. од Скопје, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Кривична против гостиварец, нападнал полицаец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 44-годишниот Н.А. од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, извести МВР. – На 04.08.2023 во кругот на ОВР Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник и се однесувал агресивно кон останатите полициски службеници кои извршувале службени дејствија, додаваат од МВР.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Експлозија, па пожар во угостителски објект во Капиштец

Денеска, во 02.15 часот во Полициската станица Центар од страна на чувар во угостителски објект на улицата „Народен фронт“ било пријавено дека околу 01.50 часот во објектот слушнал експлозија, по што настанал пожар, со кој бил зафатен инвентарот на објектот, извести МВР. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема, додаваат од МВР. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Полициска службеничка удрена од „бмв“, полицијата го расчистува случајот

Вчера вечер околу 12.40 часот на улицата „Френклин Рузвелт“, едно лице кое управувало патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, удрило во полициска службеничка која извршувала службени дејства, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пронајдени девет мигранти од Сирија во возило со косовски ознаки

Вчера вечер во 19.40 часот на излез од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ забележале две патнички возила „фолксваген“ со косовски национални ознаки, во кои се превезувале лица – илегални мигранти, извести МВР.– Двете возила не застанале на даден знак за запирање, по што едното возило продолжило со движење по автопатот кон Скопје, а другото возило возачот го запрел кај наплатната ста

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

На „Џон Кенеди“ уапсен скопјанец, бил баран по две централни потерници

Денеска околу 13.00 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода 52-годишниот Х.К. од Скопје, извести МВР.– Тој бил баран по две централни потерници врз основа на наредби на Основен кривичен суд Скопје за издржување вкупна затворска казна од една година и седум месеци за сторено кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ по член 236 и член 235 од Кривичниот законик, соопшти МВР.Лицето било предадено

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Кучиња скитници искасаа жена од Ресен и маж од Прилеп

Вчера во ОВР Ресен, 47-годишната Ж.К. од Ресен пријавила дека на улицата „Обиколна“ била касната од куче скитник, извести МВР.Во ОВР Прилеп, вчера, 51-годишниот Р.Б. од Прилеп пријавил дека на патот за село Селце, прилепско, бил каснат од куче скитник, додаваат од МВР.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања