Приведен охриѓанец поради нудење поткуп
Вчера, во 19.35 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 59-годишниот А. Ј. од Охрид, извести МВР.„Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени“, соопшти МВР.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Макфакс
Македонија | пред 3 години