Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

(Видео) „Должничко ропство, сметките од 1.000, стануваат 100.000 денари“ – извршителите да го почитуваат законот побараа собраните на протестот

Почитување на законот за застарување на долговите, изготвување правилник, но и кривична постапка за извршителите кои не ја исполнуваат законската обврска, побараа собраните на денешниот протест „Стоп за ивршителите“ пред Министерството за правда.Демонстрантите носеа транспаренти со написи „Ропството не е завршено, само обликот е друг“ и извикуваа: „Апаши, лопови“.Активистката Ана Глигорова изјави дека живееме во должничко ропство каде од 1000 денари, сметките стануваат 100.000 денари.„Собрани см

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бектеши до Мицкоски: Како може поранешен министер на ВМРО-ДПМНЕ да биде сведок против својата држава

Министерот за економија, Крешник Бектеши, со контра прашање до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за изјавите дека секој министер на ДУИ има компании на кои им ги даваат тендерите.„Јас нема да ви кажувам имиња поради тоа што имаме процеси што се во тек. Но, би ги прашал Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како може нивни претходни министри денеска да бидат сведоци на странски компаниии во судски постапки против државата што ја претставувале. Нема да помине многу, ќе им ги кажеме имињата, само да зваршат судските процеси.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левица: Наместо да го екстрадира, Косово го ослободува Алил Демири за убиството кај Смилковското Езеро

Деновиве, беше објавено дека судот во Приштина, наместо да го екстрадира Алил Демири, одлучил да го пушти на слобода, кој е еден од осудените на доживотна казна затвор за громорозното петкратно убиство кај Смилковското Езеро, потсетуваат од Левица.„Ваквата одлука на косовскиот суд е спротивна на меѓународното право бидејќи Министерството за правда, според нашите информации, нема добиено никаков одговор за барањето за екстрадицијата на Демири, поднесена уште во 2018. Според тоа, екстрадицијата сѐ

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Уставните измени и интеграцијата во ЕУ во фокус на средбите на Османи во Блед

Во рамки на учеството на овогодишниот Бледски стратешки форум, организиран од Министерството за надворешни работи на Словенија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари бројни билатерални средби со високи претставници на повеќе земји.Како што соопштија од МНР, денес Османи реализираше продуктивни средби со министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски, државната секретарка за европски прашања на Франција, Лоранс Бун, државниот секретар за европски прашања на Португ

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„50 села, 50 приказни” – Владата со проект за селски туризам

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за формирање работна група за Реализација на проектот „50 села, 50 приказни”.Проектот има за цел интегриран рурален развој. Ги таргетира селата со потенцијал за агротуризам, рурален туризам, социо-економски развој, културно наследство. А, очекувањата од проектот се: зголемен број туристи; ревитализација на туристичката инфраструктура во руралните средини; зголемен број туристички инвестиции во руралните подрачја; промоција на алтернативни форми на туриза

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Невремето откорна кров од зграда во Тафталиџе, постои опасност да падне

Невреме проследено со град, дожд, силен ветер и електрични празнења попладнево зафати делови од Скопје, особено на територијата во Општина Карпош.[embed]Во Тафталиџе силниот ветер откорнал покрив од зграда.„Од Е-112 добиена пријава дека поради силниот ветер од невремето, откорнат е кров од зграда и постои опасност да падне и да дојде до поголема штета. (Улица Женевска, Тафталиџе- Скопје)“, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.Како што додаде, за состојбата инфор

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски-Лосон: Обединетото Кралство силно го поддржува натамошниот напредок на Северна Македонија во државните стратешки цели

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во земјава, Метју Лосон.На состанокот е изразена силна поддршка од Обединетото Кралство за натамошен развој на нашата земја, согласно државните стратешки интеграциски цели.„Констатирано е дека граѓаните на Северна Македонија имаат конкретна можност, појасна од кога било, за унапредување на квалитетот на живот, а државата за економски напредок и дека ваквите околности

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Се запали возило на Брза помош во Куманово, а во него имало пациент

Возило на Итната помош на Здравствениот дом во Куманово утринава се запалило во кумановска населба додека пренесувало пациент.Во видео објавено на фејсбук-страницата на „Лајм“ се гледа како од предниот дел на возилото излегува чад, а неколку лица го гаснат. На местото е пристигната и противпожарна екипа кои интервенирале во гаснењето.Според очевидци, во запаленото возило нема повредени лица, а во него биле само возачот и пациентот.Повеќе информации околу причините за запалувањето на возилото се

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бектеши за неконтролираното покачување на цените: Доколку се утврди вина, на трговците им се заканува и забрана за вршење дејност

Во текот на неделата ќе имам состанок со Државниоот пазарен инспекторат и тие ќе ги добијат насоките за да постапат во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, одговори министерот за економија, Крешник Бектеши, на прашањето што ќе преземе како надлежен во врска со неконтролираното покачување на цените на производите во државата.„Ако е потребно, секако дека можеме да носиме привремени мерки, но мојот личен став го знаете. Кога се случуваат вакви неконтролирани зголемувања на цените, кои

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

МНР: ВМРО-ДПМНЕ преку шпекулации продолжува да нанесува штета на дипломатијата и на државата

Министерството за надворешни работи во неколку наврати веќе ја информира јавноста дека изборот за изведувач при адаптацијата на салата „Борис Трајковски“ за потребите нa министерскиот состанок на ОБСЕ е направен според критериумот најниска цена, информираат од оваа институција.„Со оглед на пристигнатите понуди, Министерството имаше обврска да ја избере најевтината понуда и од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена во согласност со очекуваните количини

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Со четирицикл се обидел да и избега на полицијата и удрил во возило на МВР: приведен дилер од Грчец, бил баран со потерница

Денеска околу 11.40 часот полициски службеници од Оперативен Тим и ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“, по претходно добиена оперативна информација, во близина на училиштето во с.Грчец, скопско, го лишија од слобода Иљаз Муареми (45) од с.Грчец, баран со меѓународна потерница по наредба на ОЈО за ГОКК, а во врска со член 215 од КЗ на РСМ со определена мерка притвор во траење од 30 дена.Муареми, кој бил со четирицикл, се обидел да избега и притоа удрил во службено возило

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Уставниот суд да нема двојни аршини , вели Лога за Упатството за водење на матични книги

Како министер за правда пред неколку дена се обратив до сите почитувани судии на Уставниот суд во врска со предметот каде е оспорена уставноста и законитоста на Упатството за водење на матични книги, а за кој Уставниот суд на седницата одржана на 05.07.2023 година донесе времена мерка, односно запирање на извршување на поединечни акти кои произлегуваат од конкретното Упатство, се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука во тој случај, вели министерот за правда Кренар Лога.„Од Уставниот суд

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Mаричиќ-Фајон: ЕУ отвора шанса која не се пропушта, Словенија со поддршка за следниот чекор

На маргините на Бледскиот стратешки форум, денеска, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оствари конструктивна средба со заменик претседателката и министерка за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон, на која беше испратена порака дека ЕУ создава позитивен политички моментумот кој е погоден за брз напредок на Северна Македонија на европскиот пат.„Одлучни сме во нашата посветеност да се усогласиме со стандардите, вредностите и политиките на ЕУ и да ги направим

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Уапсен гостиварец, осомничен дека силувал малолетничка

Денеска, околу 10 часот, на улицата Светозар Пеповски во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот гостиварец А. Н., извести СВР Тетово.„Тој се сомничи дека на 26 јуни годинава извршил обљуба врз малолетничка, инаку роднина на сопругата“, соопшти СВР Тетово.Гостиварецoт А. Н. е задржан во Полициската стница Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што против него ќе следува поднесок.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Битолчанец тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и товарно возило од Албанија

Синоќа, во 20.08 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, кај крстосницата пред РЕК „Битола“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд ескорт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г. Д. (48) од Битола, и товарно моторно возило „волво“, со албански национални ознаки, управувано од С. П. (66) од Република Албанија.Во несреќата Г. Д. добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.Увидот на местото извршила екипа

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Три лица нападнале 26-годишник во гостиварски Градец, користеле метален боксирач

Дваесет и шестгодишниот Е. М. од Неготино, Полошко, вчеравечер, во 23.50 часот, во СВР Тетово пријавил дека два часа пред тоа во гостиварски Градец физички бил нападнат од 23-годишниот Д. А. и од уште две други лица од ова село, кои од порано ги познавал, извести СВР Тетово.Според пријавеното, во нападот еден од нив користел и метален боксирач, се додава во соопштението.Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

75-годишен маж тешко повреден кога со возилото излетал од патот во радовишко

Во Полициската станица Радовиш, синоќа било пријавено дека на регионален пат од село Ињево кон село Дедино, радовишко, В.К.(75) од Радовиш управувајќи патничко возило „хјундаи“ со радовишки регистерски ознаки излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.К., констатирани во Медицински центар Штип.Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Двајца уапсени во тетовско, учествувале во намерно предизвикана сообраќајна несреќа

Вчера околу 16 часот и 20 минути на регионалниот пат Тетово-Скопје, на влез во тетовски Групчин, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 44-годишниот Ј.Б. од тетовски Чифлик и 23-годишниот Н.Ф. од тетовски Требош, извести СВР Тетово. – Двајцата се сомничат дека околу 14 часот и 20 минути, по претходни меѓусебни недоразбирања, учествувале во намерно предизвикана сообраќајна несреќа помеѓу „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управуван од Ј.Б. и „бмв“, исто така, со тет

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Уапсен тетовец, агресивно се однесувал кон полицајци

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 12.35 часот, во тетовски Лешок го привеле 43-годишниот тетовец Д. К. затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејства, извести СВР Тетово.Се расчистува и документира случајот по што против него ќе следува поднесок.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Двајца гостиварци искасани од кучиња

Триесет и шестгодишниот Д. П. од Гостивар, вчеравечер, во 22.40 часот, во СВР Тетово пријавил дека на улицата Живко Брајковски во Гостивар бил каснат од куче скитник, извести СВР Тетово.Во истото време и на истото место од куче скитник бил каснат и 27-годишниот Ѓ. Ѓ. од гостиварско Тумчевиште.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Царината: Одземени над 17 тони тутун во лист и товарно возило со полуприколка откога возач од Србија се обидел да ја скрие пломбата

Со одлука на суд одземени се 17,7 тони тутун во лист, товарно моторно возило влекач и полуприколка во вкупна вредност од 7 милиони денари откога возач на товарно моторно возило на пат од Република Грција до Република Северна Македонија се обидел оштетувањата на царинското обележје – сајла со пломба – да ги прикрие со изолир-лента и за тоа не ги известил царинските органи. Оштетувањата на царинските обележја создале услови за отворање на возилото, во кое била сместена стоката, при што постои можн

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Одговорност за двете свирепи убиства во Куманово, бара Левица

Како резултат на несоодветното постапување на институциите и несанкционирање на монструмот Дејан Јовановски од страна на правосудните органи, по десет години тортура врз двете жени, тој останал на слобода и свирепо ги уби  сопругата и мајка ѝ, а осумгодишното синче се криело во собата, велат од Левицата.Овој хорор, како што појаснуваат од партијата, го трпеле двете жени со години, а и покрај тоа што убиецот имал пет кривични пријави, изречени биле само две условни пресуди. Втората пресуда Основ

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Митева: Фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари

„Фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари. Практично, секој министер во ДУИ си има своја фирма. И секој министер преку таа фирма си склучува тендери во четири очи. Најверојатно, внуците на функционерите на ДУИ сите се со силен претприемачки дух“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.[embed]„Овој пат таков е случајот со Бујар Османи, кој како министер за надворешни работи, на фирмата Еуровиа ДООЕЛ ќе и исплати 1,8 милиони евра, пари на граѓаните, за преадаптирање на С

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пендаровски ја започна официјалната посета на Чешка: во фокусот македонските аспирации за членство во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Прага со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, со што започна неговата официјална посета на Чешката Република.Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателот Павел, на која беа потврдени искрените пријателски односи меѓу двете држави. На средбата се разговараше за македонските аспирации за членство во Европската Унија, партнерството во НАТО, како и за состојбите во поширокиот регион, во

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Митева: Изјавите на Макрон и Шарл Мишел се потврда дека нема никакви гаранции, дури и ако Македонија ги направи отстапките

Тоа е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки, Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања, кои сега не може да ги испопни, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на францускиот претседател Макрон дека ЕУ првин треба да се рефомира, па да прима нови членки со разни брзини.Во однос на из

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања